КАФЕ ПАУЗА

Tag: сетила

  • Луксузно одморалиште за будење на сите сетила

    Луксузно одморалиште за будење на сите сетила

    Луксузното одморалиште „Gaya Island Resort“ е прекрасно место вгнездено во островот Борнео. Одморалиштето располага со 121 вила, идилични златни плажи, опколено е со прекрасна прашума, а погледот е бесценет.rnrnЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаrnrnЛесно е достапно, бидејќи е на половина час возење од интернационалниот аеродром „Kota Kinabalu“, но сепак ќе треба да издвоите поголема сума за да уживате во ова парче рај. На располагање ќе ви бидат голем број услуги како третмани во спа-центарот, сафари, нуркање, посета на помали околни острови и што ли уште не.rnrn Луксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетилаЛуксузно одморалиште за будење на сите сетила
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи за кои забораваме да бидеме благодарни

    Работи за кои забораваме да бидеме благодарни

    Сте рекле „благодарам“ за овие прекрасни работи во кои секојдневно уживате? Благодарам за сонцето, ветрот, виножитото и насмевките. За сетилата, љубовта, падовите и искачувањата…rnrnРаботи за кои забораваме да бидеме благодарниrnrnБиди благодарен/на:rnrn1. Затоа што се будиш наутро, дишејќи. Што и да ти тргне лошо во текот на денот, можеш да се вратиш чекор назад, да земеш здив и да почнеш од почеток.rnrn2. За твоите сетила, со кои можеш да ги гледаш убавините на светот, да ги чуеш капките на дождот по олуците, да го почувствуваш допирот на саканите, да го вкусиш омиленото овошје, да ги мириснеш цветовите…rnrn3. За способноста да зборуваш и да ги искажеш своите мисли.rnrn4. За твоето срце, кое уште од самиот момент кога си се родил/а те одржува во живот.rnrn5. Затоа што имаш чувства, болка која те прави посилен/на, тага за да ја цениш среќата, страв за да ги знаеш твоите можности за успех.rnrn6. За виножитото, кое е најава за сонцето после дождот.rnrn7. За планините, ливадите, нивите и ридовите.rnrn8. Затоа што сонцето, ѕвездите и месечината го осветлуваат твоето небо.rnrn9. За ветрот и воздухот кој го дишеш.rnrn10. Затоа што имаш избор да правиш што сакаш во животот. Да, постојат одредени ограничувања, но тие се пречка само за оние кои не се упорни.rnrn11. За твоите родители, кои ти дале живот.rnrn12. За твоите раце со кои ги допираш луѓето кои ти значат.rnrn13. За твоите нозе со кои се искачуваш до врвот.rnrn14. За падовите и неуспесите кои те направиле упорна личност.rnrn15. Затоа што постојат луѓе кои искрено те сакаат.rnrn16. Затоа што постои некој кој сè би дал за тебе.rnrn17. Имаш дом кој е твое засолниште.rnrn18. Затоа што имаш кревет каде можеш да спиеш.rnrn19. За твоето семејство и пријателите.rnrn20. Заблагодари се и за твоите непријатели.rnrn21. Затоа што можеш да плачеш дур да мине лошото.rnrn22. Можеш да јадеш и да пиеш.rnrn23. Имаш струја, топла вода, храна и облека.rnrn24. Можеш да сонуваш и да ги оствариш своите соништа.rnrn25. За насмевката, која е мелодија на животот.rnrn26. За книгите кои ти даваат мудрост.rnrn27. За обувките кои ги штитат твоите стапала.rnrn28. За музиката која го подигнува твојот дух.rnrn29. За верата која ти дава сила.rnrn30. За твојата работа, која ти ги овозможува потребните средства за живот.rnrn31. За компјутерот кој ти ја олеснува работата.rnrn32. За интернетот кој те поврзува со најблиските.rnrn33. За способноста да оставиш белег со своето постоење.rnrn34. За животот кој го живееш и сè што можеш да направиш со него.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пролетна кафе-позадина за вашиот десктоп (#66)

    Пролетна кафе-позадина за вашиот десктоп (#66)


    rn

    „Напролет, дури и кафето мириса посилно. Препуштете им се на раздразнетите сетила.“

    rnПролетна кафе-позадина за вашиот десктоп (#66)
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Разбудете ја романсата со сите пет сетила

    Разбудете ја романсата со сите пет сетила

    Дали чувствувате дека вашата врска ја губи романсата? Тоа би можело да се случи доколку вие и вашиот партнер меѓусебно не си ги поттикнувате сетилата. За среќа, тоа може лесно да се поправи. Испробајте ги следниве совети и вратете ја романсата во вашата врска.rnrnРазбудете ја романсата со сите пет сетилаrn

    Вратете се на вистинскиот пат

    rnКреирајте плејлиста инспирирана од раните денови на вашата врска и пуштете му ја на партнерот да ја слушне, заедно со чаша вино. Музиката продира длабоко во мозокот и душата, ја враќа возбудата и ќе ве потсети на романтичините моменти кога за првпат сте ги слушнале тие песни. Покрај тоа, музиката ќе ве раздвижи, за потоа  да продолжите со сензуално заведување. Танцот ќе го зголеми вашето задоволство и истовремено ќе ја продлабочи врската.rn

    Прегрнете се

    rnПонекогаш, само прегрнувањето на партнерот и длабокото вдишување се доволни за да ја разбудите страста. Ова објаснување води потекло од ритуалите кои се изведуваат во текот на процесот на размножување, кога спротивниот пол го привлекуваме со феромоните, кои потоа се вклопуваат во нашата природна арома. Прегрнувајте се секојдневно со партнерот и дишете длабоко во неговата прегратка за да ја продлабочите вашата врска преку мирисот.rnrnРазбудете ја романсата со сите пет сетилаrn

    Подгответе незаборавен оброк

    rnАко на вашиот прв состанок сте отишле во некој италијански ресторан, повторно создадете ја истата атмосфера, но на поинаков начин. Подгответе некој италијански специјалитет, послужете вино, а цвеќињата можат да бидат одлична романтична декорација. Заедничката вечера ќе ве потсети на посебната интимност која постоела на почетокот на врската. Јадењето заедно создава поврзување, кое за возврат создава окситоцин, познат како „хормонот на среќата“, а тоа значи и повеќе љубов.rn

    Разголете ја душата

    rnОбидете се да го изненадите партнерот со масажа на стапалата . Се разбира, бидете подготвени и вие да добиете иста таква масажа за возврат. Не само што на тој начин ќе го ослободите партнерот од напнатоста, туку и, според традиционалната кинеска медицина, ќе ги стимулирате виталните органи, преку допирот ќе ја изразите љубовта и повторно ќе се поврзете.rnrnРазбудете ја романсата со сите пет сетилаrn

    Станете поетични

    rnИако можеби звучи чудно, рецитирањето на љубовна поема на партнерот ќе создаде незаборавна врска со вашиот глас, а со тоа вие ќе му покажете колку ви е важно вашето партнерство. На тој начин партнерот ќе ја сфати вашата подготвеност за одржување на врската.rn

    Подобрете ја атмосферата во спалната соба

    rnСоздадете рај од мириси, со избирање на релаксирачки ароми што ви се допаѓаат вам и на вашиот партнер. Испрскајте ја постелата со мирис на лаванда, запалете миризливи свеќи со иста арома, а на вашето тело нанесете неколку капки парфем. Доколку немате парфем од истата мирисна нота, може да употребите етерично масло со мирис на лаванда.rnrnРазбудете ја романсата со сите пет сетилаrn

    Подгответе ја бањата

    rnИзненадете го партнерот во бањата. Подгответе му „ритуално капење“ со морска сол и етерично масло, придушете го светлото (повторно можете да ги искористите свеќите) и подгответе му чиста облека што ќе го чека после капењето. На овој начин ќе му покажете колку се грижите за него, а мирисите кои ќе ги употребите ќе ја зацврстат вашата врска.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за устата

    Интересни факти за устата

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnЛуѓето со потесно непце се посклони кон ‘рчење. Додека спијат, потешко им поминува кислородот преку носот, па затоа доаѓа до оваа непријатна појава.rnrnВо текот на спиењето, еден од осум луѓе ‘рчи, а еден од десетмина чкрипи со забите.rnrnИнтересни факти за устатаrnrnНа храната ѝ се потребни само 7 секунди од устата преку хранопроводот да стигне во желудникот.rnrnПостојат околу 9.000 рецептори во устата. 3.000 од нив се наоѓаат на површината на јазикот. Рецепторите за вкус содржат хеморецептори. Тие реагираат на хемикалии од храна и други супстанци кои се разградуваат во плунката и можат да го задржат вкусот во устата дури до 10 дена.rnrnЖенските имаат повеќе рецептори од машките.rnrnИнтересни факти за устатаrnrn50% од бактериите во устата живеат на површината на јазикот. Кога се бакнувате, може да добиете 265 видови бактерии од вашиот партнер.rnrnИнтересни факти за устатаrnrn85% од луѓето можат да го свиткаат својот јазик во облик на цевка.rnrnСекој човек има единствен отпечаток на јазикот, исто како и отпечатоците на прстите.rnrnАко вашиот јазик е многу сув, вие нема да можете да разликувате вкусови. Затоа пијте доволно вода.rnrnИнтересни факти за устатаrnrnЗа да почнете да зборувате потребно е да активирате 72 мускули.rnrnНајсилниот мускул во човечкото тело е јазикот (во однос на мускулите со слична големина). Тој е единствениот мускул кој е прикачен за телото само со едниот крај.rnrnИнтересни факти за устатаrnrnЛуѓето кои ја користат десната рака, несвесно и храната ја џвакаат на десната страна во устата, а леваците, на левата.rnrnВо устата на еден човек, во текот на животот се лачат околу 37.854 литри плунка или 1,5 литри на ден. Таа е неопходна за да можеме да го почувствуваме вкусот на храната. Додека храната не се разгради во нашата уста, ние не можеме во целост да го почувствуваме нејзиниот вкус и да уживаме во него.rnrnИнтересни факти за устатаСетилото за вкус е најслабото од петте сетила кај човекот.rnrnЛековите, пушењето, недостатокот на витамини, повредите на главата, тумор на мозокот, како и изложеноста на хемиски материјали и радијација може да го оштетат сетилото за вкус.rnrnИнтересни факти за устата
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одмор кој нема да ве чини ни денар

    Одмор кој нема да ве чини ни денар

    Ако мислите дека менталниот одмор не е ништо во споредба со егзотично патување во лето, размислете повторно. Честите ментални одмори се клучни за реставрирање на емоционалната благосостојба. Еве три есенцијални совети кои ќе ви помогнат да го откриете сопственото ментално патување.rnrnОдмор кој нема да ве чини ни денарrn

    1. Повеќе време за себе

    rnПрезафатени сме со исполнување на туѓите желби што сосема забораваме на сопствените. Подзастанете пет минути и размислете за сопствените желби и идеи и сфатете го тоа како депозит кој го вложувате во бакна од кој сите пријатели ќе имаат корист.Одмор кој нема да ве чини ни денарrn

    2. Не дозволувајте ништо да ви го одвлече вниманието

    rnБрзото темпо на живеење направи да биде нормално да работиме повеќе работи во исто време, да бидеме на повеќе места за неколку часа, да комуницираме со мобилни уреди… Од време на време, откачете се од компјутерот и ајфонот: исклучете ги (или ставете ги на тивко) и направете го она што долго време сте го одолговлекувале.rnrnОдмор кој нема да ве чини ни денарrn

    3. Предадете им се на сопствените сетила

    rnЗатворете ги очите и замислете си некоја ситуација која ќе предизвика насмевка на вашето лице. Тоа може да биде плажа, планина или дворот преполн со најблиските пријатели. Потоа, обидете се да го помирисате тоа што го замислувате (морската вода, планинската река, скарата во дворот). Помирисајте, слушнете, видете… се тоа со затворени очи. Така ќе ја  создадете најубавата сцена која ќе ви предизвика внатрешен, ментален и емотивен мир. Тоа спокојство не може да се купи со ниедни пари на светот.rnrnОдмор кој нема да ве чини ни денарrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.