КАФЕ ПАУЗА

Tag: сетила

  • Ви се случило да намирисате миризба што не постои? Можеби сте доживеале олфакторна халуцинација!

    Ви се случило да намирисате миризба што не постои? Можеби сте доживеале олфакторна халуцинација!

    Луѓето имаат по 5 сетила кои им помагаат да се снаоѓаат во светот околу нив – сетило за вид, слух, вкус, допир и мирис. Иако голем број луѓе мора да се адаптираат да живеат без некои од овие сетила, повеќето секојдневно се потпираат на нив за да откријат важни информации со цел да се заштитат.rnrn(1)7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-mirizlivata-halucinacija-kafepauza.mk - CopyrnrnНо понекогаш нашите сетила може да нè излажат. Ова се случува кога луѓето гледаат привиденија во пустините кои всушност се оптички илузии. Од друга страна, халуцинациите се нешто што е целосно измислено, односно перципирање на нешто што воопшто не постои. Халуцинациите најчесто се појавуваат во визуелна форма, но постојат и олфакторни халуцинации што влијаат на вашето сетило за мирис.rn

    Што всушност преставува олфакторната халуцинација?

    rnОва се случува кога чувствувате некоја миризба што не постои. Овие халуцинации се многу чести и не треба да бидат причина за грижа. Сепак, понекогаш може да укажува на некаков проблем. Постојат неколку факти и причини за оваа појава. Погледнете за кои станува збор.rn

    1. Миризбата не може да биде објаснета

    rn(2)7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-mirizlivata-halucinacija-kafepauza.mk - CopyrnrnПрвиот чекор за откривање на оваа халуцинација е да го откриете изворот на миризбата која ја чувствувате. На пример, ако чувствувате мирис на пица и се прашувате од каде доаѓа, можеби станува збор за празна кутија од пица. Но, ако почувствувате некоја арома која е необична и не можете да го откриете нејзиниот извор, тогаш станува збор за халуцинација.rn

    2. Миризбата може да биде пријатна или непријатна

    rn(3)7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-mirizlivata-halucinacija-kafepauza.mk - CopyrnrnНема одредени миризби кои се поврзани со оваа халуцинација. Единственото нешто кое им е заедничко е тоа што не постојат. Тоа значи дека можете да чувствувате мирис на рози, како и мирис на корпа за отпадоци. Но тоа што навистина е интересно е дека една од најчестите олфакторни халуцинации е миризбата на чад.rn

    3. Може да трае, но може да биде и кратка

    rn(4)7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-mirizlivata-halucinacija-kafepauza.mk - CopyrnrnОвие „фантомски“ ароми не следат некој распоред. Во некои случаи може да траат само неколку секунди. Но најчесто се појавуваат неколку пати и потоа исчезнуваат.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето не

    5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето не

    Сите љубители на кучињата ќе се согласат дека овие домашни миленици се прекрасни и извонредни суштества. Тие се толку неверојатни благодарение на нивните 5 чудесни вештини што ги издвојуваат од луѓето. Во продолжение дознајте за што станува збор…rnrn5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето неrn

    1. Тие можат да ја намирисаат и најмалата количина на храна без разлика дали се наоѓа блиску или далеку

    rnСетилото за мирис кај кучињата е од 10.000 до 100.000 посилно од она кај луѓето, што значи дека тие можат да намирисаат работи кои ние ни во сон не би можеле да ги намирисаме. Од аспект на видот, тоа би значело дека ако вие можете јасно да гледате на далечина од 500 метри, вашето куче би можело да гледа на далечина од 5 километри. Благодарение на нивното извонредно сетило за мирис, кучињата многу им помагаат на луѓето, како на пример во потрагата по исчезнати лица.rn

    2. Можат да откријат болести кај луѓето со помош на нивните сетила и интуиција

    rnКучињата можат да откријат болести кај нивните сопственици. Тие можат дури и да се дресираат да го предупредат сопственикот пред да добие епилептичен напад, додека, пак, некои кучиња можат да го алармираат човекот за промените кои се случуваат во неговото тело, а се предизвикани од болести. Постојат многу вистински приказни за кучиња кои ги почувствувале биолошките промени во телото на човекот и испаднало дека се работи за рак. Кога ќе почувствува дека нешто не е во ред, кучето ќе се обидува да привлече внимание на тој дел од телото додека сопственикот не сфати дека нешто не е во ред.rn

    3. Можат да предвидат што ќе направите без да кажете ни збор

    rnКучињата се вистински експерти за читање на човечкиот говор на телото, поради што можат да предвидат како ќе реагирате. Кучињата го користат контактот со очи за да откријат што мисли нивниот сопственик. Нема да морате да кажете ни збор! Вашето куче веднаш ќе знае што ќе направите следно.rnrn5 чудесни вештини што кучињата ги имаат, а луѓето неrn

    4. Можат да предвидат природна катастрофа

    rnПо секоја природна катастрофа, многу луѓе раскажуваат како нивните домашни миленици ги предупредиле дека нешто не е во ред со нивното необично однесување. Науката сѐ уште не успеала со сигурност да докаже како животните можат да почувствуваат дека ќе се случи природна катастрофа, но постојат неколку теории за ова.rnrnНекои веруваат дека животните можат да ги почувствуваат промените што се случуваа во подземните води пред земјотрес, додека, пак, други веруваат дека тие се способни да го чујат татнежот на екстремно ниски фреквенции што се јавуваат како резултат на природните појави, како земјотресите и вулканите на пример. Постојат и многубројни истражувања кои докажуваат дека кучињата благодарение на нивното силно сетило за мирис можат да ги намирисаат промените во воздухот што се појавуваат пред да се случи катастрофа.rn

    5. Можат да го пронајдат патот до дома и од најдалечни непознати места

    rnВо вакви ситуации луѓето користат GPS, но на кучињата доволни им се нивните сетила и природниот инстинкт. Кучињата можат да го пронајдат патот дури и кога се наоѓаат на целосно непозната територија, односно дури и ако никогаш претходно не го поминале истиот пат. Тука повторно им помага нивното сетило за мирис, бидејќи кога ќе помирисаат познат мирис тие можат да го следат сѐ додека не го пронајдат патот до дома.rnrnДоколку сте љубители на овие прекрасни животни, сигурно ќе ве интересираат следниве помалку познати факти за кучињата.

  • Научниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењето

    Научниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењето

    Со најновите истражувања, научниците откриле дека губењето на едно сетило може да биде прв знак за Алцхајмерова болест, а не губењето на памтењето. Истражувачите од општата болница во Масачусетс развиле метод кој може да го идентификува ризикот за Алцхајмерова болест кај личноста, на основа на способноста да препознаваат и чувствуваат непријатни мириси.rnrnНаучниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењетоrnrnИако ова не е прв пат мирисот да биде истражуван како симптом на оваа болест, сепак, нуди најмногу докази. Главниот истражувач, доктор Марк Алберс, отишол толку далеку што изјавил дека Алцхајмеровата болест би можела да се открие и една деценија порано, пред личноста да почне да го губи паметењето, со помош на сетилото за мирис.rn

    „Постојат докази дека невродегенерацијата која стои зад Алцхајмеровата болест, почнува да се развива најмалку 10 години пред појавата на симптомите на меморијата, односно губењето на памтењето“, вели Алберс.

    rnСтудијата била спроведена на 183 пациенти за кои се сметало дека имаат зголемен ризик за развој на оваа болест и било докажано дека лицата со првите знаци на Алцхајмерова болест имале помали шанси да идентификуваат и лесно да препознаат мириси. Кај нив прво била тестирана способноста за препознавање мирис, така што им било дадено да помирисаат 10 ароми: Mентол, каранфилче, кожа, јагода, крин, ананас, чад, сапун, грозје и лимон.rnrnПо мирисањето, секој бил прашан дали му е позната некоја од аромите и на што ги потсетува. Како резултат на тоа било докажано дека раните, односно првите знаци на Алцхајмерова болест, може да бидат поврзани со сетилото за мирис, односно со постепеното губење на истиот.

  • Колку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досега

    Колку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досега

    Уште од рана возраст нѐ учат дека човекот има 5 сетила кои му служат за истражување на светот: Допир, вкус, мирис, слух и вид. Лесно е да се разберат овие сетила, бидејќи секое од нив е претставено со соодветен сетилен орган: Прсти, уста, нос, уши и очи. Меѓутоа, вистината е дека постојат уште 3 дополнителни сетила кои не се толку очигледни, но сепак се од огромно значење за снаоѓање во животот. Потешко е да се објаснат и да се претстават визуелно за разлика од основните сетила, па можеби и затоа не се дискутираат во училиштата. Но, сега сме веќе возрасни така што редно време е да станеме свесни и за следниве дополнителни сетила.rn

    1. Терморецепција

    rnКолку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досегаrnrnКако што открива и самото име, терморецепција е сетило за правење разлика меѓу температурите. Секој организам со нервен систем има терморецептори, така што ова сетило не се однесува само на луѓето. На прв поглед можеби ви се чини дека терморецепцијата треба да спаѓа во основното сетило за допир. Меѓутоа, сосема е возможно да се има сетило за допир кое помага при распознавањето на мазни и нерамни површини, без да постои способноста да се почувствува топлината или студот на истата површина. Според тоа, станува збор за две различни сетила. Терморецепцијата се јавува благодарение на посебните неврони во мозокот кои имаат улога на терморецептори и кои се вклучуваат и исклучуваат при детекција на различни температури со цел да се поттикне соодветна реакција на организмот. Тоа значи, дека овие неврони ни праќаат сигнали да одиме кон топлото ако ни е ладно и обратно, кон ладното ако ни е топло.rn

    2. Проприоцепција

    rnКолку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досегаrnrnПроприоцепцијата е способност да се контролираат делови од телото на соодветен начин во просторот без да се гледа во нив. Ова е многу корисно, бидејќи на тој начин нашето сетило за вид е слободно да прави други работи. Без проприоцепцијата не би можеле да си подаваме топка, да возиме велосипед или да користиме алати. За разлика од терморецепцијата, не постојат посебни делови од телото кои служат за проприоцепција. Имено, станува збор за повеќе информации кои доаѓаат од различни мускули и зглобови и кои истовремено пристигнуваат во мозокот. На тој начин, во мозокот се создава целосна слика за тоа што прави човечкото тело во моментот и местото каде што се одвива тоа. Повторно, ова сетило е поврзано со сетилото за допир, но не станува збор за истата работа. Човекот може да биде способен да ги почувствува нештата на кожата без да има поим каде му се наоѓаат екстремитетите во просторот. Веројатноста е дека кај несмасните луѓе постои мал недостаток на проприоцепција.rn

    3. Сетило за рамнотежа

    rnКолку сетила има човекот? 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досегаrnrnОва сетило ни помага да одржуваме рамнотежа, без која постојано би паѓале и би се повредувале. Покрај мозокот, внатрешното уво игра голема улога во одржувањето рамнотежа. Имено, ситните делови од внатрешното уво содржат течност која се движи во согласност со нашето движење и на тој начин обезбедува информации за ориентацијата на телото во просторот. Сетилото за рамнотежа е многу деликатно, па дури и најмали повреди или нарушувања на внатрешното уво можат лесно да доведат до губење на ова сетило. Добро е да се знае дека луѓето не се најдобри кога станува збор за одржување рамнотежа. Мачките, на пример, имаат опашки кои испраќаат повеќе информации до мозокот во врска со рамнотежата и имаат поголема способност да ги поправат неправилностите.rnrnДознајте повеќе за овие сетила во следново видео…rnrn

  • Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

    Како функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?

    „Една единствена мисла нѐ дели од среќата, но една единствена мисла нѐ дели и од тагата“ – Сид Бенкс

    rnДа замислиме за момент дека егото не постои, дека не постои потсвеста, емоциите, душата. Што ни преостанува кога го нема тоа? Остануваме само на чувствата и мислите кои ни се движат низ главата. Со некои мисли поттикнуваме телесни сензации кои со своето размислување сме ги научиле и сме ги прифатиле како обрасци на однесување во одредени ситуации.rnrnКако функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?rnrnТие обрасци се главно создадени за полесно да ги поднесеме несаканите искуства и да имаме моментни и брзи одговори на нив. Ни се чини дека ваквите обрасци функционираат сами, дека ние немаме влијание на тоа однесување, дека тоа е посилно од нас и е предизвикано како реакција на она што ни ги пренесува чувствата во тој момент.rnrnНие не комуницираме само со своите зборови, гестови, изгледот и облеката туку и со вибрации односно енергија за која обично не сме свесни. Нашето срце е орган кој има повеќе невронски отколку мускулни делови и е постаро од мозокот. Првите информации кои ги примаме од надворешниот свет ги примаме со срцето.rnrnВо повеќето ситуации не сме свесни за информациите кои ги прима срцето, а тие информации се сведуваат на она што е добро за нас, а што не е. Информациите за тоа што не ни одговара ги презема мозокот и така настануваат размислувањето и заплетот.rnrnМоменталните мисли се поттикнувач, со нив ги задржуваме обрасците на однесувањето, но само со мислите можеме моментално да ги запреме тие обрасци. Датотеките на нашето искуство не се мали и оние кои моментално ги избираме стануваат примарни.rnrnКако функционира процесот на размислувањето и како да го совладате?rnrnКога ќе се сетиме на некој пријатен настан – состојба, и автоматски се поттикнуваат телесни сензации додека не помислиме на нешто друго. Истото се случува кога ќе се присетиме и на некое лошо искуство. Во реалниот живот се случуваат разни ситуации и само нашето промислување за нив ги привикува обрасците.rnrnШто ќе избереме во сегашниот момент е само наша одлука и нема врска со она што се случува надвор, бидејќи сме во можност сами да избираме. Кога ќе се поттикнат обрасците, телесните сензации спречуваат да ги разбереме енергетските информации кои и понатаму ги примаме. Тоа значи дека не сме свесни за моментот во кој се наоѓаме, туку комуницираме несвесно во афект. Нашето однесување зависи од тоа што и на кој начин размислуваме, дали нешто ќе прифатиме, негираме или е неважно.rnrnКога ќе ја освестиме можноста за одлучување и прифаќањето, животот станува лична креација и тогаш сме свесни дека во која било ситуација имаме избор. Мислите кои ни доаѓаат ја имаат само онаа тежина која сами им ја даваме, ниту помалку ниту повеќе.rn

    „Постигнувањето ментална стабилност и мир на умот е една мисла подалеку од сите на земјата, само ако тие можат да ја пронајдат таа мисла.“ – Сид Бенкс

  • Како да бидете поприсутни во својот живот?

    Како да бидете поприсутни во својот живот?

    Има безброј придобивки од тоа да се биде „активно присутен“ во вашиот живот, односно да се обрнува внимание на светот околу вас, како на пример, намалување на стресот, зголемување на продуктивноста, поквалитетни врски, односи и комуникација. Но, понекогаш тоа што е едноставно може да биде многу тешко во пракса. Во тој контекст, прочитајте ги следниве 5 совети како да живеете во сегашноста и никогаш повеќе да не ги губите моментите.rnrnКако да бидете поприсутни во својот живот?rn

    1. Правете ги работите по ред, една по една

    rnВо теорија, мултитаскингот е фантастичен, но во праксата тоа обично значи дека вниманието ви е поделено на многу работи и на ниту една од нив не се задржува доволно. Истражувачите од Универзитетот Стенфорд по низа студии откриле дека луѓето кои прават повеќе работи истовремено не обрнуваат толку внимание, не ја контролираат својата меморија и се преместуваат од една работа во друга за разлика од оние кои преферираат да ги завршуваат своите обврски една по една.rn

    2. Користете ги сите свои сетила

    rnОва можеби ќе ви звучи малку модернистичко, но следниот пат кога ќе јадете, немојте само да ја вкусите храната, туку обидете се и да забележите како изгледа и како мириса пред да ја изедете. Ова ви дозволува да бидете целосно посветени на тоа што го правите во моментот и е еден нов, интересен начин да ѝ пристапите на храната.rn

    3. Поминете 5 минути од денот не правејќи ништо

    rnБарем 5. Доколку можете да си дозволите и 10, уште подобро. Вежбањето свесност е одличен начин да бидете присутни во моментот. Ќе се фокусирате само на дишењето и нема да се грижите за ништо друго. Ова е фантастична можност да се опуштите.rn

    4. Оформете вистински врски

    rnОбидете се да не комуницирате само преку социјалните мрежи, туку и да остварите директен контакт. Гледајте во очите кога разговарате со другите луѓе. Доколку живеете со своето семејство или своите пријатели и сакани, прашајте ги како го поминале својот ден. Лесно е и ќе се чувствувате исполнето и весело без некоја посебна причина.rn

    5. Контролирајте го користењето на технологијата

    rnМодерниот свет е преполн со секакви информации кои ве тераат да го проверувате својот телефон на секој половина час. Но, тоа не мора да биде така. Одредете конкретно време во кое ќе го проверувате телефонот, на пример секоја ноќ, веднаш пред вечерата. И обидете се остатокот од вечерта да го поминете без да ги користите вашите електронски апарати како таблетот, компјутерот, телефонот… Со нивното ограничено користење навечер, ќе станете многу поефикасни во извршувањето на задачите и обврските и ќе научите да ги цените активностите кои ви се случуваат во моментот.

  • 7 секојдневни навики кои го уништуваат сетилото за вкус

    7 секојдневни навики кои го уништуваат сетилото за вкус

    Сетилото за вкус, како и останатите сетила, со текот на годините слабее, но некои фактори на кои секојдневно сме изложени можат да предизвикаат прерано исчезнување на рецепторите за вкус на јазикот, резултирајќи со негово слабеење. Дознајте кои 7 навики се заслужни за тоа.rnrn7 навики кои го уништуваат сетилото за вкусrn

    1. Прејадување

    rnЕдно истражување покажало дека луѓето кои често се прејадуваат, послабо ги распознаваат вкусовите (благо, кисело, солено и горко).rn

    2. Консумирање премногу сол и преработена храна

    rnАко постојано додавате сол во јадењето или често јадете преработена храна во која има премногу сол, рецепторите за вкус со текот на времето ќе се навикнат на неа и ќе мора да додавате сè повеќе и повеќе за да ја почувствувате. Затоа наместо сол, во храната додавајте некаква нејзина замена, како што се растителните зачини.rn

    3. Изложеност на пестициди

    rnТоксините од околината, како што се арсенот, бензолот и пестицидите можат да ги нарушат сетилата за вкус и мирис. Храната загадена со пестициди исто така може да ги ослаби нашите рецептори за вкус на јазикот.rn

    4. Пушење

    rnПокрај тоа што пушењето е штетно за белите дробови и воопшто за здравјето, оваа зависност не само што го уништува сетилото за вкус, туку и предизвикува намалување на бројот на рецептори за вкус. Пушењето е една од најчестите причини за намалување на осетливоста на вкусовите.rn

    5. Премногу шеќер

    rnСамо два пијалаци во денот, кои дополнително ќе ги засладите со шеќер, можат во рок од 4 недели да го ослабат сетилото за вкус и да го намалат уживањето во благите работи, а истовремено да ја зголемат и желбата за благо. Тоа е затоа што нашите сетила копнеат за благ вкус, а не можат во целосност да го почувствуваат. Со други зборови, колку повеќе шеќер јадете и пиете, толку потешко ќе го чувствувате и повеќе ќе го посакувате.rn

    6. Лекови

    rnСетилата за вкус и мирис исклучително се преплетуваат: 65 до 75 проценти од сетилото за вкус, всушност го сочинува сетилото за мирис. Со оглед на тоа дека некои лекови дејствуваат на сетилото за мирис, со тоа дејствуваат и на сетилото за вкус. Умерената употреба на лекарства нема да ги наруши овие сетила, но секојдневната може многу негативно да влијае.rn

    7. Лоша орална хигиена и недостаток на витамини

    rnАко не ги миете забите редовно и доволно долго (двапати во денот по 2-3 минути) или ако имате расипан заб, може да се случи вкусот на храната да го чувствувате многу послабо од претходно. Исто така, недостатокот на некои витамини во организмот, како на пример железото и витаминот Б, може да резултира со слабеење на сетилото за вкус.

  • 10-те главни карактеристики на емпатите

    10-те главни карактеристики на емпатите

    Главната карактеристика на сите емпатични луѓе е нивната способност да ги чувствуваат и апсорбираат емоциите и физичките симптоми на другите луѓе, бидејќи се многу сензитивни. Тие го гледаат светот низ нивната интуиција и имаат потешкотии да ги интелектуализираат своите чувства. Но, кога ќе научат како да се центрираат и стабилизираат себеси, емпатите не мора премногу да чувствуваат и да сочувствуваат со другите. Првиот чекор е да се препознае и прифати фактот дека сте емпатични, па затоа во продолжение прочитајте ги и 10-те главни карактеристики на емпатите и погледнете дали и вие спаѓате во оваа група луѓе.rnrn10-те главни карактеристики на емпатитеrn

    1. Емпатите се многу сензитивни

    rnЕмпатите се духовно отворени, дарежливи и природно сакаат да ги слушаат другите. Тие секогаш ќе ве поддржат и ќе бидат вашето рамо за плачење, дури и во најтешките моменти. Но, нивните чувства можат да бидат лесно повредени, па затоа често се советувани да бидат поцврсти.rn

    2. Ги апсорбираат чувствата на другите

    rnЕмпатите се прилагодуваат на расположението на другите, независно дали тоа е добро или лошо. Тие чувствуваат сѐ, понекогаш и до екстреми. Ако се во негативно опкружување, тие се чувствуваат лути и анксиозни. Ако се опкружени со љубов, мир и позитивна атмосфера, нивните тела го апсорбираат тоа и се чувствуваат добро и смирено.rn

    3. Емпатите се интровертни

    rnЕмпатите стануваат пречувствителни во гужви, бидејќи тоа им ја зголемува емпатијата. Тие сакаат да бидат интровертни и повлечени и попрво би сакале да се социјализираат со помали групи луѓе. Дури и ако некои од емпатите се поотворени и подруштвени, тие сакаат да го ограничуваат времето што ќе го поминат на некоја забава или со поголеми друштвени кругови.rn

    4. Емпатите се високо интуитивни

    rnЕмпатите го искусуваат светот преку нивната интуиција. Ним им е важно да ги слушаат своите инстинкти и претчувства за другите, бидејќи тоа им помага да создаваат подобри односи.rn

    5. На емпатите понекогаш им е потребно да бидат сами

    rnКога се помеѓу луѓето, енергијата на емпатите полека им исчезнува, па одвреме-навреме им е потребно да бидат сами и да ги наполнат батериите. Дури и малиот краткотраен одмор може да биде од огромно значење за нивната емоционална состојба.rn

    6. Емпатите можат да станат пречувствителни во интимните врски

    rnПремногу комуникација и поминување време со партнерот може да биде тешко за емпатите, па затоа тие понекогаш ги избегнуваат интимните врски. Длабоко во себе тие се плашат да не го изгубат својот идентитет и да не се чувствуваат „згушено“. За односот да биде подобар и самата врска поуспешна и функционална, за емпатите, традиционалните парадигми за љубовните врски треба да бидат предефинирани.rn

    7. Емпатите се цел на луѓето кои ја црпат енергијата

    rnЧувствителноста на емпатите ги прави лесна цел за луѓето кои ја црпат физичката и психичката енергија како што се нарцисоидните личности. Ним им недостасува емпатија и често се грижат само за себе и со ова нивно однесување ги прават да се чувствуваат безвредно и бескорисно.rn

    8. Емпатите уживаат кога се во природата

    rnБрзото темпо на секојдневниот живот може да биде премногу за емпатите. Затоа природата ги исполнува, им помага да се ослободат од сиот свој товар и им овозможува за момент да избегаат од реалноста во зеленилото и дивината.rn

    9. Емпатите имаат засилени сетила

    rnНервите на емпатите можат да бидат вознемирени од звуците, мирисите и претераното зборување.rn

    10. Емпатите имаат големи срца, но понекогаш се премногу дарежливи

    rnЕмпатите се личности со големи срца и секогаш се обидуваат да ја намалат болката на другите. Независно дали се работи за бездомник, за повредено дете или за вознемирен пријател, тие секогаш ќе сакаат да помогнат.

  • 25 нешта без кои не смеете да дозволите да помине летото

    25 нешта без кои не смеете да дозволите да помине летото

    Додека на некои места на Земјата, луѓето можат да уживаат во сонцето преку текот на целата година, ние преостанатите имаме само неколку месеци кои мораме да се потрудиме да ги искористиме до максимум. Ова се 25 нешта кои ќе ви овозможат да го почувствувате летото со сите сетила.rn

    1. Спијте до покасно

    rn1-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    2. Одете боси

    rn2-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    3. Направете си леден чај

    rn3-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    4. Не грижете се за облеката

    rn4-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    5. Налакирајте ги ноктите во светли бои

    rn5-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    6. Поведете го вашиот миленик на авантура во природа

    rn6-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    7. Пливајте голи

    rn7-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    8. Берете диви овошки

    rn8-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    9. Направете си сопствени третмани за убавина

    rnOLYMPUS DIGITAL CAMERArn

    10. Исфарбајте ја косата во луди бои

    rn10-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    11. Организирајте денско журче во дворче

    rn11-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    12. Посадете различни билки во тегли и направете си своја градина

    rn12-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    13. Направете сладолед од нула

    rn13-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    14. Прочитајте барем една книга

    rn14-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    15. Закопајте ги нозете во песок

    rn15-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    16. Изградете песочен замок

    rn16-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    17. Пробајте нов летен спорт

    rn17-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    18. Помирисајте ја свежо искосената трева

    rn18-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    19. Направете кратко викенд патување надвор од градот

    rn19-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    20. Направете си цветно венче

    rn20-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    21. Летајте змеј

    rn21-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    22. Кампувајте

    rn22-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    23. Кажете му „здраво“ и „чао“ на сонцето

    rn23-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    24. Останете навечер на отворено за да ги гледате ѕвездите

    rn24-24-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mkrn

    25. Најважно од сѐ, вдишете го летото со сите сетила

    rn25-25-neshta-bez-koi-ne-smeete-da-dozvolite-da-pomine-letoto-kafepauza.mk

  • Креативни цитати за храната

    Креативни цитати за храната

    Едно е сигурно – сите сакаме добра храна! Магијата и миксот на вкусови од најдобрите кујни во светот секогаш биле инспирација за најголемите гурмани. Кога запознаваме ново место најдобро го запознаваме преку традиционалната храна која засекогаш се врзува за нашите сетила. А кога ни доаѓаат дома гости најважно е да им понудиме вкусна храна на софрата, зашто тогаш се чувствуваат најпријатно во нашиот дом. Колку пати ви се случило да помирисате печени колачиња и да ве преплават спомени од детството?rnrnДобрата храна е задоволство кое го прави животот побогат, па во нејзина чест, следат низа интересни мисли во комбинација со креативни илустрации.rnrn

    Креативни цитати за храната
    „Луѓето коишто сакаат да јадат се секогаш најдобрите луѓе“. – Џулија Чајлд
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Готвам со вино. А понекогаш дури го додавам и во храната“. – В.Ц. Филдс
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Сите јадеме и би било тажно да не ја искористиме можноста да јадеме добро“. – Ана Томас
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Не можеш да купиш среќа, но можеш да си купиш мафини, а тоа е горе-долу истата работа“.
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Балансирана диета е кога имаш по едно колаче во секоја рака“. – Барбара Џонсон
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Храната е важен дел од балансираната исхрана“. – Фран Лебовиц
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Ветувања и кората од пита служат за да бидат прекршени“. – Џонатан Свифт
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Секогаш додавајте премногу топол крем на сладоледот. Тоа ги прави луѓето презадоволни и така тие стануваат ваши должници“. – Џудит Олни
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Животот е комбинација од магија и тестенини“. – Федерико Фелини
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Човек не може добро да размислува, да љуби и да спие доколку добро не вечерал“. – Вирџинија Вулф
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Најзначајното нешто во врска со мојата мајка е тоа дека 30 години на семејството му принесуваше само остатоци од храна. Оригиналниот оброк никогаш не беше пронајден“. – Калвин Трилин
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Карфиолот не е ништо повеќе од зелка со факултетска диплома“. – Марк Твен
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Сирење – тоа е скокот на млекото кон вечноста“. – Клифтон Фадимен
    rnrn
    Креативни цитати за храната
    „Сакам ориз. Оризот е супер кога си гладен и сакаш да изедеш 2.000 парчиња од нешто“. – Мич Хедберг
    rnrnОвие симпатично илустрирани цитати се дел од книгата Готвачите за храната, јадењето и готвењето, која можете да ја набавите некому за подарок за 7,95 долари.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.