Сите знаеме дека правилната исхрана е многу важна, а уште како мали ни велеле да се храниме здраво. Да јадеме многу овошје и зеленчук, да пиеме многу вода, да одбегнуваме слатки и брза храна… но не можеме секогаш, нели? Нутриционистите даваат неколку лесни и интересни начини за тоа како можеме секојдневно да се храниме поздраво.rnrn
rn
Банани наместо сладолед
rnИако обожувате да јадете сладолед, ве гризе совест дека не се храните доволно здраво? Не мора да се одрекувате од слаткото задоволство. Замрзнете неколку банани, а потоа подгответе ги во блендер. Ќе го имате истото она чувство дека јадете нешто добро и калорично.rnrn
rn
Спанаќ
rnПравете си ги јадењата кои ги сакате, но додавајте спанаќ во нив. Додадете свеж и добро измиен спанаќ во пилешко, сендвич, омлет… Спанаќот содржи растителни влакна, антиоксиданси, витамин А и носи многу благодети за вашиот организам. Спанаќот е еден од најуспешните борци против рак.rnrn
rn
Семе од лен
rnДодадете семе од лен во вашата плескавица или кога подготвувате палачинки. Покрај тоа што има добар вкус, семето од лен, е вистински пријател на срцето.rnrn
rn
Сечкан зеленчук
rnДодавајте сечкан зеленчук во вашето јадење секогаш кога имате можност, особено во подготовка на сосови за месо или тестенини. Тиквичките, морковите и кромидот одат одлично со сос од домати и плус прават да изгледа подобро.rnrn
rn
Салса сос
rnНаправете си свој салса сос. Многу лесно ќе го направите, преполн е со витамини и има многу здравствени придобивки. Исечкајте ги на коцки следниве состојки: домати, кромид, авокадо, жолти пиперки. Додадете сечкан магдонос, целер, црн пипер, сол и малку исцеден лимон.rnrn
rn
Здрави грицки
rnВо вашата торба носете мало пакување бадеми за кога ќе добиете нагон за закуска. Калорични се и заситуваат, но се многу поздрави за разлика од чипсот или слатките.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.