КАФЕ ПАУЗА

Tag: сеќавање

  • Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

    Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

    Дали се сеќавате на деталите од вашиот прв роденден? Секако дека не. Но, Ребека Шерок се сеќава, затоа што 27-годишната девојка од Бризбејн е надарена со високо супериорна автобиографска меморија. Ова нарушување не им дозволува на луѓето да заборават ништо и се верува дека само 60-80 луѓе во светот го имаат. Како последица на тоа, Ребека може да се сети на секој дел од нејзиниот живот до најситни детали, без разлика дали се работи за нејзините соништа што ги имала кога била 18 месеци стара или за моментот кога била фотографирана во автомобил само 12 дена по нејзиното раѓање!rnrnЗапознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот животrn

    „Моите родители ме однесоа до возачкото седиште во автомобилот (идеја на татко ми) и ме седнаа на него за да ме фотографираат. Како новороденче, бев љубопитна да дознаам повеќе за воланот пред мене и покрај тоа што на таа возраст сѐ уште ја немав развиено способноста да станам и да го истражувам светот околу мене“, изјавила Ребека.

    rnЗапознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот животrnrnАко ова не ве импресионираше, можеби ќе ве фасцинира фактот што таа може да ви го изрецитира целиот серијал на книгите „Хари Потер“ од збор до збор. Моментално таа пишува книга за нејзините искуства со наслов „Мојот живот е сложувалка“ (My Life is a Puzzle).rn

    „Еднаш додека читав весник во 2014 година, налетав на статија која тврдеше дека луѓето не можат да се сетат на нештата што им се случувале пред да наполнат 4 години. Кога завршив со читање, си помислив ’Какви глупости!’. Моментално ја пишувам мојата книга ’Мојот живот е сложувалка’ и сеќавањата на настаните што ми се случувале пред да наполнам 4 години сочинуваат едно многу долго поглавје“, објаснила Ребека.

    rnЗапознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот животrnrnПрочитајте ги и останатите исповеди на оваа девојка со ретко нарушување на следната страница…rnrn

  • 10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

    10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењето

    Сте помислиле ли некогаш како би ви изгледал животот без сеќавања? Тоа не е возможно, нели? Сеќавањата се како мали делчиња од голема сложувалка: Заедно создаваат една голема слика на вашиот живот. Се обидуваме да ги избришеме тажните сеќавања и да ги цениме среќните, но без разлика колку и да се трудиме, нашиот мозок има свој зол план да ги зачувува сите наши сеќавања. Зошто се сеќавате на некои неважни информации, а целосно заборавате на нешто што навистина сте сакале да го зачувате како сеќавање? Во продолжение прочитајте ги овие интересни факти кои ќе ви помогнат да ја разберете логиката на вашиот мозок и ќе ви покажат како да го натерате да заборава и памети некои работи…rnrn10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењетоrn

    1. Можете да се сеќавате на некои работи и настани само затоа што ги заборавате оние непотребните

    rnНашиот мозок е единствениот шеф одговорен за заборавањето и паметењето. Нашиот мозок самиот одлучува кои информации се важни и каде треба да ги зачува. Секако дека ќе се сеќавате на вашата венчавка или на некое стресно искуство што сте го имале и никогаш нема да можете да се ослободите од тие сеќавања. Меѓутоа, многу лесно ги забораваме секојдневните, здодевни настани или рутински активности. Тоа се нарекува ефект на бришење.rn

    2. Можете да го присилите мозокот да запамети нешто

    rnНашиот мозок се обидува да нѐ заштити од сите непотребни информации. Доколку ги паметевме сите мали работи што ни се случуваат секој ден од животот, веројатно ќе полудевме. Меѓутоа, ако навистина сакате да запаметите нешто, можете одвреме-навреме да си ја повторува ситуацијата или настанот, како да му ја кажувате некому. Тоа е одличен трик кој ќе го натера мозокот да мисли дека таа епизода е важна за вас.rn

    3. Можете да се навратите на некоја информација без воопшто да знаете дека сте ја имале

    rnНа пациент кој страдал од амнезија му била дадена листа на зборови да ги запамети. По неколку обиди, тој не успеал во тоа. Меѓутоа, кога му била дадена листа на реченици со празни места да ги пополни со зборовите што ги видел претходно, тој ги погодил сите! Како е можно тоа? Вистината е дека нашиот мозок памети работи, а ние не го ни забележуваме тоа. Кога ќе ви биде потребна некоја одредена информација, може да останете изненадени од фактот дека вие цело време всушност сте ја имале таа информација.rnrn10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењетоrn

    4. Мозокот ги поврзува новите информации со искуства од минатото

    rnНашиот мозок постојано ги поврзува новите информации со нашите искуства од минатото. Не сте го забележале тоа? Сетете се на последниот пат кога сте читале книга или сте гледале телевизија. Кога ќе видите некоја нова актерка, веднаш се обидувате да се сетите дали сте ја виделе некаде претходно. Или додека читате книга, постојано ги споредувате случките од животот на главниот лик со вашите лични искуства. Колку сте поискусни, толку подобра меморија имате.rn

    5. Доколку ви е тешко да запаметите нешто, користете слики

    rnОваа техника претежно ја користат луѓето со фотографска меморија. Тие ја трансформираат потребната информација во визуелна секвенца од слики. И вие можете да го пробате овој метод, само поврзете го сеќавањето со некоја слика во вашата глава. Ако имате жива имагинација, ќе ви биде лесно да го примените овој метод и ќе видите колку е ефективен.rn

    6. Ако се обидувате да запаметите нешто важно, ставете го светот на нечујно

    rnСекој звук од околината, дури и пријатните звуци, му пречат на мозокот да ви ја даде информацијата која ви треба во моментот. Во такви ситуации мозокот не е сигурен дали треба да ги памети тие звуци или треба да поврати некоја одредена информација. Така што, ако навистина сакате да се сетите на нешто, бидете сами во апсолутна тишина.rn

    7. Мозокот подобро зачувува информации по оброк или ако сте под стрес

    rnГликозата која ја добиваме од квалитетен појадок или ручек ја активира нашата меморија и ни помага полесно да ги запаметиме работите. Истиот ефект може да се добие кога сме под стрес. Емотивните и стресните ситуации се добар поттик за процесот на паметење.rnrn10 важни работи кои треба да ги знаете за заборавањето и паметењетоrn

    8. Доколку во текот на вашиот живот повеќе се занимавате со ментална работа отколку со физичка, веројатноста е дека вашата меморија засекогаш ќе остане свежа

    rnСпоред истражувањата, универзитетските професори лесно можат да се сетат на одреден параграф од нивните предавања дури и кога се во пензија. Од друга страна, пак, луѓето кои се занимаваат со физичка работа имаат проблем да се сетат на работите кога ќе остарат. Никогаш не е доцна да се впуштите во некое научно патување и да ѝ дадете шанса на вашата меморија, нели?rn

    9. Можете да запаметите зборови и броеви со помош на звуци

    rnАвстрискиот лингвист и преведувач, Ханс Еберстарк, користел негов сопствен метод за да запамети зборови и броеви. Тој се концентрирал на тоа како звучат зборовите, а не како се пишуваат. Откако ќе го слушнете зборот, поголеми се шансите дека ќе го запаметите дури и да не знаете што значи. Што се однесува до зборовите, пак, тој успеал да изговори 11.944 последователни бројки кои се содржат во Пи само од сеќавање. Тој подоцна објаснил дека успеал да ги запамети тие работи со тоа што бројките ги заменил со букви. На пример, осмицата може да се запамети како В, бидејќи В-то личи на половина 8.rn

    10. Тешката депресија и постојаниот стрес може да ја уништат меморијата и мозокот

    rnДобро запаметете го ова и следете го следниов совет: Без оглед на тоа каква е ситуацијата, смирете се, земете воздух и помогнете му на мозокот да најде решение. Верувајте дека ќе најде.

  • Како луѓето од вашата професионална средина да ве запаметат за 30 секунди?

    Како луѓето од вашата професионална средина да ве запаметат за 30 секунди?

    Според неколку истражувања, просечниот човек ја губи концентрацијата после 8 секунди. Затоа имаме многу малку време да останеме забележани во неколку конкретни ситуации, како што се разговорите за работа, состаноците, преговорите…rnrnКако да ве запаметат за 30 секунди?rnrnВеб сајтот Levo League ги дава 5-те клучни совети како некому да останете во долго сеќавање.rn

    1. Користете приказни кои поврзуваат

    rn

    „Кога некој ќе ве праша што работите немојте само да рецитирате: ‘Јас сум Петар Петровски и работам како тоа и тоа’. Наместо тоа, користете некоја приказна која ќе ве поврзе со личноста со која разговарате, која ќе му го даде вистинскиот увид во тоа кои сте вие“ – објаснува Аманда Марко, консултант за стратешки комуникации за „Entrepreneur“.

    rn

    2. Исфрлете го службениот жаргон

    rnСѐ се состои во тоа да препознаете која е личноста на која ѝ се обраќате. Немојте да користите технички изрази или изрази поврзани со струката, освен ако личноста не работи во истата индустрија како и вие и ја познава вашата работа. Ако зборувате јасно и разбирливо, вашите реченици ќе останат секому во сеќавање.rn

    3. Додадете некоја анегдота

    rnИстражувањата на „Стенфорд“ покажуваат статистики дека луѓето повеќе време поминуваат во разговор кога ќе додадат некоја анегдота. Хуморот и смеењето ги поврзуваат луѓето, и тоа за 65-70%, пишува „Форбс“.rn

    4. Истакнете ги заедничките работи кои ги имате со соговорникот

    rnДоколку забележите дека со некого имате заеднички познаници, или ако заклучите дека сте оделе во истото училиште или факултет, полесно ќе ви биде да ја запомните таа личност. Заедничките работи вклучуваат и заедничко омилено списание, филм или мислење за некого. Пронајдете ја клучната работа која ве поврзува и ќе бидете на добар пат.rn

    5. Дадете комплимент

    rnНа крајот, да не ја заборавиме реченицата: Луѓето ќе запаметат како се чувствувале покрај вас. Толку е просто и едноставно. Вистинскиот комплимент гарантира топла, пријателска атмосфера. Но, не заборавајте да се држите до комплименти поврзани со работата – „Одлична презентација“ или „Имаше добри коментари на состанокот утрово“.

  • 30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат

    30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат

    Верувале или не…rnrn(1)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn1. Кога сонувате, вашето физичко тело е парализирано.rnrn2. Кога плачете поради тага и болка, првата солза ви потекува од левото око. Кога плачете од радост, првата солза потекува од десното око.rnrn3. Депресијата е резултат на размислување повеќе од потребно, притоа создавајќи проблеми кои никогаш не ни постоеле.rnrn4. Човечкиот ум не може да создава лица, па така, дури и кога мислите дека никогаш во животот не сте ја виделе личноста која ја сонувате, факт е дека тоа се случило, иако можеби било во дел од секунда.rnrn5. 80% од луѓето, до својата 16-та година веќе ја имаат запознаено личноста со која ќе се венчаат.rnrn6. Колку што неуките луѓе имаат тенденција да си ги преценуваат знаењата и можностите, толку и интелигентните луѓе имаат тенденција да се потценуваат.rnrn7. Кога се сеќавате на нешто од минатото, вие всушност се сеќавате на последниот пат кога сте се сетиле на тоа, а не на вистинското случување.rnrn8. 68% од луѓето имаат развиено фантомски синдром на вибрирање што значи дека тие веруваат дека нивниот телефон вибрира дури и кога не е така.rnrn(2)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn9. Луѓето кои се дел од религиозни или духовни групи имаат помало ниво на стрес од оние кои не се дел од вакви групи.rnrn10. Половина од светската популација страда од анксиозност, депресија, некаква зависност или комбинација од овие три.rnrn11. Секој има омилена песна која е директно поврзана со некој емотивен настан од нивното минато.rnrn12. Најдобро е да молчите кога станува збор за вашите амбиции и цели бидејќи откако еднаш ќе ги кажете некому, почнувате да ја губите мотивацијата да ги исполните.rnrn13. Всушност, никој не може совршено добро да работи повеќе работи одеднаш.rnrn14. Максималниот капацитет на луѓе со кои човекот може да биде близок е 150.rnrn15. 80% од сите разговори кои ги водите се однесуваат нa некакво жалење за нешто.rnrn16. Умот е најкреативен кога е најуморен.rnrn(3)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn17. Постојат само 4 вистински емоции, а не 6 – гадењето и изненаденоста повеќе не се сметаат за дел од таа група.rnrn18. Луѓето се поискрени кога се уморни.rnrn19. Најјасните сеќавања кои ги имате се најверојатно погрешни.rnrn20. Човекот е способен да креира илузија на прогрес во што и да прави само за да се мотивира себеси.rnrn21. Интернетот се смета за зависност и можно е да биде додаден во групата на ментални нарушувања.rnrn22. Вашиот потсвесен ум ги гледа и знае работите и пред вие да сте свесни за нив.rnrn23. Чоколадото ја ослободува истата хемикалија во телото како и љубовта.rnrn24. Музиката има директно влијание врз вашата перцепција на светот.rnrnpuzzlernrn25. Чувството е поубаво кога давате отколку кога добивате.rnrn26. Пеењето ги намалува анксиозноста и депресијата.rnrn27. Способни сте да го намамите умот дека доволно сте спиеле и овој ефект е познат како плацебо ефект.rnrn28. Вашиот мозок го перцепира одбивањето како болка.rnrn29. Губењето на телефонот ја поттикнува истата реакција на телото и мозокот како кога би имале блиска средба со смртта.rnrn30. Кога некому му недостасувате, постои веројатност од 80% дека таа личност ќе се појави во вашите соништа.

  • Зошто исчезнуваат нашите најрани сеќавања од детството?

    Зошто исчезнуваат нашите најрани сеќавања од детството?

    Постојат многу причини зошто забораваме, но суштината е во тоа што новите спомени ги потиснуваат старите. Сепак, вистинска мистерија е зошто немаме никакво сеќавање за првите 2 години од нашиот живот, кога е добро познато дека нашиот мозок тогаш бил во состојба да прими поголема количина на информации отколку кога било подоцна во животот.rnrnDreaming of a big sky.rnrnКерол Петерсон, професорка по психологија на Универзитетот Меморијал во Њуфаундленд, која најголемиот дел од својата кариера го поминала во истражување на детската меморија, смета дека е потполно погрешно вражено мислењето дека децата до 3 и пол години не се во состојба да создаваат спомени.rn

    „Децата имаат многу развиен систем на меморирање. Ако разговарате со нив тие ќе се присетат и ќе ги поедностават работите кои се врзани за периодот кога имале 20 месеци. Сепак, од четвртата до седмата година овие сеќавања избледнуваат ако тие не се поврзани со некоја јака емоција или со својот систем од важни сеќавања“, го објаснува овој феномен Петерсон.

    rnОд друга страна пак, Стивен Резник од Универзитетот Чапел Хил во Северна Каролина, тврди дека сржта на овој проблем лежи во различните видови интелигенција со кои детето ѝ пристапува на реалноста. До втората година од животот бебето функционира по принцип на познати ситуации, и така веќе од 6 месеци јасно ги препознава лицата со кои често е опкружено и покажува одредени причинско-последични реакции на светот околу себе. Подоцна, во текот на развојот преовладува семантичката меморија и во нашиот систем на помнење ги вклучуваме имињата на работите кои нè опкружуваат.rnrnLittle Girl on a SwingrnrnПоради тоа, на пример, може до детали да се сетиме на некој поважен настан кој ни се случил кога сме имале 3 и пол години, бидејќи и денес го користиме истиот систем за именување на работите кои се составен дел од тие спомени. И тогаш значењето на мама ни значело исто како денес, тато исто значело тато, воз го има повторно денешното значење на воз итн. Не можеме да го кажеме истото за дете на млада возраст, бидејќи тоа користело потполно други називи од стандардизираните или пак уште порано, пред изговорот на првите зборови, воопшто не ја ни артикулирало својата перцепција.rnrnЧеста е појавата на таканаречени лажни сеќавања, но таа се врзува за постара возраст. Освен тоа што децата сакаат да измислуваат одредени работи, понекогаш се случува и да имаат потреба да ја пополнат целата таа празнина во сеќавањето, па едноставно го довршуваат она што им фали.rnrnВо оваа категорија делумно спаѓаат и додатните сеќавања кои се создадени после првата средба со старите фотографии. Доколку на 5-годишна возраст се видиме себеси на некоја стара фотографија, таа едноставно ќе ја ставиме во нашиот систем на спомени, па набрзо ќе изгубиме од вид дека не се сеќаваме на тој настан туку само на фотографијата.rnrnТокму поради овие наведени причини ги губиме нашите најрани сеќавања, а тоа се факторите поради кои чувствуваме неодолива привлечност кон потполно непознатите работи или места кои биле дел од нашиот свет пред да ја развиеме семантичката меморија.rnrn3-zoshto-ischeznuvaat-nashite-najrani-sekjavanja-na-detstvoto-www,kafepauza.mk_

  • Имате проблеми со помнењето? Погледнете што може да ги предизвикува!

    Имате проблеми со помнењето? Погледнете што може да ги предизвикува!

    Сигурно многу пати ви се случило да тргнете некаде и на пола пат да заборавите каде сте тргнале. Дали секогаш можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите од станот или автомобилот? Дали повремено не се сеќавате на важни датуми, како мозокот да ви се блокирал?rnrnrnrnКога помнењето почнува да ве издава, прва помош се разнобојните ливчиња кои ги лепите насекаде околу вас – така што секогаш ги имате обврските на дофат. Но, ако состојбата не се поправа, проблемите можеби потекнуваат од недостаток на сон, секојдневна изложеност на стрес, па дури и некои болести. Човечкиот мозок може да се моделира т.е. под влијание на одредени стимули од околината тој може да се менува за да стане подобар. Еве што е она што негативно влијае врз нашата меморија.rn

    1. Недостаток на сон

    rnЕкспертите постојано предупредуваат дека недостатокот на сон може значајно да влијае на извршувањето на секојдневните задачи. Намалената концентрација, забавените реакции и уморот не само што лошо влијаат на активноста на работа или на училиште, туку и на паметот. Последново не може да се наруши после непреспана ноќ, туку кога личноста има долготраен проблем со спиењето.rn

    2. Тироидна жлезда

    rnОваа жлезда нема некое одредено влијание на мозокот, но влијае на сите метаболитички процеси во телото и затоа нејзината функција добро треба да се провери, особено ако се јават проблеми со губење на памтењето.rn

    3. Пушење

    rnПушењето го оштетува мозокот затоа што негативно влијае на снабдувањето со крв на овој орган. Може да предизвика заборавање, повреда на мозочните функции и значајно да го намали фонтот на зборови кој се користи. Истражување во кое учествувале 7.000 мажи и жени, покажало дека постарите пушачи имале намалена функција на мозокот за разлика од нивните врсници непушачи.rnrn1-imate-problemi-so-pomnenjeto-poglednete-shto-mozhe-da-gi-predizvikuva-kafepauza.mkrn

    4. Топлотни бранови

    rnГолемо влијание на памтењето имаат и топлотните бранови со кои се соочуваат голем број жени за време на менопаузата. Колку повеќе вакви бранови – толку поизразени проблеми со помнењето, а особено се јавуваат тешкотии околу сеќавања поврзани со нечие име или настан. Сепак овие бранови топлина не оставаат трајна последица на функцијата на мозокот. Женското тело за време на менопаузата поминува низ период на хормонски промени и штом тоа заврши, памтењето се враќа во нормала.rn

    5. Депресија и анксиозност

    rnСпоред експертите, анксиозноста и депресијата ја нарушуваат нервната структура која влијае на сеќавањето. Меѓутоа, ако зад губењето на меморијата се наоѓа нарушување на расположението, постои шанса сеќавањето целосно да се врати. Како што се поправа расположението на личноста – така се подобрува и нејзината меморија.rn

    6. Исхрана

    rnИстражувањето кое е спроведено врз возрасни глувци покажало дека глодарите кои добивале мрсна храна, после осум недели набљудување имале полоши резултати од оние кои добивале поинаква храна. Друга анализа покажала дека исхраната богата со масти влијае на хипокампусот – дел од мозокот кој е одговорен за краткотрајното помнење.rnrn2-imate-problemi-so-pomnenjeto-poglednete-shto-mozhe-da-gi-predizvikuva-kafepauza.mkrn

    7. Стрес

    rnХормонот на стресот влијае на делови од мозокот кои го контролираат памтењето. Хроничниот или повторувачкиот стрес значително му штетат на мозокот.

  • Најубавото писмо за Пролет

    Најубавото писмо за Пролет

    Автор: Александар Димитровrnrnnajubavoto-pismo-za-prolet-kafepauza.mkrn

    (Волјата на времето е безусловна.)

    rnО, Време,rnНавидум кротко, а проклето сето,rnод каде извира твојот гласен молк?rnrnНаслушнувам како вреска твојата нова рожба. И пак ќе ја крстиш Пролет. И твојата радост никој нема да ја расколеба. Но, додека се радуваш на животот кој го даруваш, душава ми се нажалува и тропа однатре за да те потсетам на оние што ги заборави.rnrnОбјасни ми! Зарем не ти е трула утробата кога ја проголта и неа? Како успеа да ми ја одземеш кога очиве и рацеве беа оков за неа? А јас никогаш не те пријавив за киднапирање…rnrnТоа што ја познаваш од првиот нејзин ден не ти дава право да ја сокриваш од мене. Та нели заедно ги мирисавме деновите од нејзиното детство? Та нели заедно ги пречекувавме пеперутките кои слетуваа во нејзината коса… онаа иста коса во која засолниште си наоѓаа пролетните ветрови? Та зарем… почекај, некој тропа на прозорец…rnrnДождот беше. Ме прашуваше пак за неа. Ме утешува дека ја бара. Јас, како по обичај, му велам да почека, да испечам нешто и ѝ испратам, ако наиде на неа. Не знам дали ќе ја нахранат солзите – жешки, честопати прегорени, но тој, дождот, го чувствувам како им се радува. Понекогаш дури се сомневам во неговата чесност… што ако на пола пат застанува и ги голта лакомо, пред да стигнат до неа?rnrnКажи ѝ Време, кажи ѝ дека не мириса ниту оваа пролет, трета по ред. Прати ѝ го писмово што ќе го свиткам како куферче со зборови, макар што зборовите не знам да ги здиплам по оној војнички ред. Пренеси ѝ дека не научив како се заборава. Секогаш кога се погледнувам во огледало, таа доаѓа одзади, ми го топли вратот, шепотејќи ги забира рацете околу мене, а нејзиниот стисок не ги гуши, ами ги буди копнежите. И кога се свртувам, таа исчезнува. Живее само во одразот во огледалото.rnrnИ тогаш те проколнувам. Душата за соговорник каменот го наоѓа. А, таа, сирота, секогаш те спомнуваше по добро. Еднаш, додека топев од медот на устето ѝ, ми прошепоти: „Ќе дојде Време, ќе ти облечам бело…“rnrnЦрнеат тие сеќавања. Срам да ти е! Злосторнику! Ја штитиш ли барем од болести, од погледи, од уроци? Ја храниш ли? Колку да знаеш, љубовта ѝ беше омиленото јадење. Затоа со писмово ти праќам и сронета трошка љубов за неа. Да живее за мене.rnrnИ навечер носи ѝ по едно јаболко. Најмногу ги сакаше оние од градината на баба ѝ, во кои ги мешавме нашите заби и се смеевме на фигурите што ги правевме. Кога ќе дојдевме до срцевината на јаболките, велеше дека ѝ наликуваат на анорексични манекенки со афро фризури и широко разиграни кратки фустанчиња околу колковите. Смеејќи се на забелешката, го затворавме преминот на сончевите зраци меѓу нашите тела, допирајќи си ги носевите, галејќи си ги усните, мешајќи си ги срцата… и сонцето немаше друг излез, освен да продре во нашите срца.rnrnИ вети ми дека ќе изградиш градина онаму каде што е таа… онаква како нашата – да заспива меѓу птиците, а ако таму не никне трева, дозволи да ја галат облаците.rnrnО, Време, ти што вечно постоиш, ти што сведок и крадец си на сè, па и на мојата недоречена биднина, однеси ѝ го ова писмо. Колку да ја потсетиш за моето постоење; да ја потсетиш дека моето постоење е и нејзино живеење. И барем на мигови, кратки, делумно постоечки, навраќај ја нејзината вечност во моето сеќавање. Навраќај ги годините. Само, те молам, пролетта не ја навраќај.rnПролет беше и тогаш…rn

    Од Александар,rnтвојот минувач

  • Едноставен психолошки трик кој ќе ви помогне веднаш да започнете со физичка активност

    Едноставен психолошки трик кој ќе ви помогне веднаш да започнете со физичка активност

    Една нова студија открила дека доколку размислувате за последниот пат кога сте вежбале, дури и ако не ви било толку интересно, вие ќе се мотивирате да почнете повторно.rnrnЕдноставен психолошки трик кој ќе ви помогне веднаш да започнете со физичка активностrnrnВо ова истражување, кое доаѓа од Универзитетот во Њу Хемпшир, испитаниците биле поделени во 3 групи. Од едната група било побарано да се потсетат на позитивно сеќавање поврзано со вежбањето, од другата на негативно, додека пак третата група, која била контролна, не добила никакви инструкции.rnrnТие откриле дека оние кои се сетиле на позитивно нешто поврзано со вежбањето имале поголеми шанси повторно да почнат со овој вид физичка активност во иднина. За разлика од оние кои немале никакви инструкции, дури и оние кои се сетиле на нешто негативно во врска во вежбањето биле повеќе мотивирани да започнат повторно.rnrnСо оглед на тоа што оваа студија била скромна, резултатите кои се откриле се едноставно неверојатни. Замислете што сѐ би можеле да постигнете доколку вложите само малку повеќе психолошки труд.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Амстердам“ – Јан Мекјуан

    Книга: „Амстердам“ – Јан Мекјуан

    Погребот на Моли – признат критичар за ресторани, ги собира на едно место угледните личности на Лондон, а Клајв Линли и Вернон Халидеј не можат да ги избегнат љубопитните погледи и трачеви предизвикани од нејзиниот возбудлив живот но и прераната, трагична смрт. И двајцата не можат да замислат како е праведно Моли – блескава шегаџика, одличен фотограф и омилена помеѓу важните фаци од џет сетот, да го заврши својот живот уништена од сурова болест, неспособна да се грижи сама за себе и под постојан надзор од нејзиниот опсесивен сопруг.rnrnКлајв Линли е британски композитор со блескава кариера и со задача да ја напише симфонијата на милениумот, Вернон Халидеј е главен уредник на познат дневен весник кој се труди да го одржи тиражот и сопственото работно место – двајцата се стари пријатели кои дел од својот живот го посветиле на љубовта кон Моли. Иако се обидуваат да се вратат на своите животи после загубата и двајцата сфаќаат дека се длабоко погодени и почнуваат да размислуваат за она што ги чека доколку некогаш доживеат слична судбина. Како најстари пријатели склучуваат пакт – доколку едниот од нив некогаш се најде во слична ситуација, другиот нема да дозволи да страда и ќе му ги скрати маките.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnВо меѓувреме Вернон добива одлична и скандалозна приказна за својот весник и тоа токму од сопругот на Моли. Во негови раце се наоѓаат компромитирачки фотографии кои ги направила Моли додека била во љубовна врска со министерот за надворешни работи и кои можат преку ноќ да му ја уништат кариерата. Ако се земе предвид дека министерот има голем потенцијал да стане новиот премиер на државата, Вернон во рацете ја држи политичката иднина на сопствената земја. Воден од верувањата дека министерот би бил ужасен премиер и дека би ја одвел неговата земја во пропаст, Вернон е спремен да ги објави фотографиите но претходно се обраќа кон Клајв за совет кој пак строго се противи на неговата намера. Тој верува дека Вернон го сквернави сеќавањето на Моли па несогласувањето помеѓу двајцата пријатели се претвора во конфликт кој не можат да го надминат, Моли повторно игра огромна улога во нивните животи, но овој пат сеќавањето за неа на некој начин ги уништува. Без нејзиното присуство да го одржува пријателството, Клајв и Вернон сфаќаат дека нивното пријателство било само површно.rn
    rn

    „.. Заедничка им беше само Моли, се нанижаа години, а тука беа и навиките на пријателството, но во срцевината на тоа пријателство всушност немаше ништо…“

    rnrnrnВо меѓувреме Клајв минува низ сопствена морална сага и Вернон дознава дека не е баш морален лик како што се претставува што пак уште повеќе го разјадува нивниот веќе нарушен однос. Склопот на околности ја сели приказната во Амстердам каде што двајцата „пријатели“ сепак ќе го одржат ветувањето, морничавиот пакт.rnrnКнигата е навистина возбудлива но исто толку и необична, се чита брзо и со уживање. Помеѓу сите бизарни ситуации и ликови со сомнителни морални вредности ќе пронајдете навистина длабоки мисли кои ќе ве допрат. Сигурно ќе се запрашате како би постапиле вие и на чија страна би застанале, а што е добра книга ако нè онаа која не тера да откриеме нешто повеќе за себе?rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 25 декември 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rn

  • Направете секој момент да се важи!

    Направете секој момент да се важи!

    Имам огромен мерак да споделам нешто со вас. Нешто што навистина ми го стопли срцето, а бога ми, ми отвори и тема за размислување и пишување. Одамна ништо ме немаше толку развеселено, како едно 5-годишно девојче. Девојчето продаваше свои цртежи, ме сопре на улица и ме праша дали сакам да купам нешто. А како може да не сакам кога и јас бев таква на нејзина возраст. Па се навратив 15 години наназад, и се видов себеси во ликот на тоа мало девојченце. Се видов како продавам панделки кои сама сум ги изработила, исто како што ова девојче продаваше цртежи со срциња и цветчиња.Направете секој момент да се важи!Во истиот момент застана многу „јака“ типка со добра кола, излезе од колата, а кога девојчето ù понуди цртеж, типкава толку се занесе во некоја си филмска улога, како да не можеше културно да одбие. Баш сакам да знам, дали секогаш била таква вообразена со кренат нос или и таа некогаш била малечко девојче полно со надеж.rnrnСекогаш кога надежта за голем успех и важно достигнување ќе ми спласне, се потсеќам на многу примери од мојот живот, на луѓе кои немале ништо, а добиле многу, оние кои почнале од нула, а се искачиле до сто. Па кога моите врсници ќе почнат да мрчат дека општеството е за нигде, дека немаат доволно пари за да си живеат комфорен живот, дека за бадијала учат факултет кога нема да си најдат работа, јас само се сеќавам на девојчето кое си го собра својот неделен џепарлак продавајќи цртежи. Можеби кон различни цели се стремиме, но таа си ја оствари својата. Зошто? Зашто во неа гори онаа детска надеж, страст, желба за живот, убеденост дека ништо и никој нема да ја запре. Срамота е што дозволуваме таа надеж да ни спласне во дваесеттите години од животот!rnrnСте размислувале за тоа колку успевате во животот? Дали го извлекувате најдоброто, дали давате сè од себе, дали доволно се борите? Дали понекогаш ве фаќа страв од неостварени соништа? Во тој случај преземете нешто. Во животот треба да имаме други цели освен тоа да си ја истераме стандардната кафе-шема. Животот нуди многу, само што има луѓе кои ќе го зграбат тоа „многу“ и други кои ќе чекаат да им падне од небо.rnrnСветот е буквално во наши раце, не постои човек кој може да ме убеди во спротивното! Не сакам на моиве години да ме замараат за нешто што било и завршило пред двесте години, за тоа како било во времето на Тито, едноставно нејќам да ми трошат време додека уживам во сегашноста и вложувам во иднината.rnrnПрашувате до кога ќе се трудите, до кога ќе се борите? Одговорот е СЕКОГАШ. И тоа е добро. Па што ќе биде ако сè ви е подредено под конец, ако сè е совршено? Сè додека се бориш знаеш дека имаш некаква цел со своето постоење. Не дозволувајте да се разбудите еден ден со помислата дека не сте ги оствариле своите соништа. Никогаш нема да бидете помлади од овој момент, со тек на време шансите ќе се намалуваат и полека ќе сфаќате дека сè што лета не се јаде. Ќе дојде момент кога нема да можете да речете: „Ма сеедно, сè уште сум млад/а!“ Не дозволувајте да се случи тоа. Дадете сè од себе, зграбете го најдоброто, извлечете го најголемото искуство и направете секој момент да се важи!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.