Сателитските слики од Земјата навечер ја будат љубопитноста кај луѓето веќе 25 години. Тие покажуваат како луѓето го менуваат изгледот на планетата и ја осветлуваат темнината. Но што ќе се случи ако научниците ги тргнат светлината од Месечината, огнови и другите извори на природна светлина и ги објавуваат овие фотографии секојдневно? Тим истражувачи од НАСА планира да го открие тоа оваа година. Погледнете ги фотографиите што ги имаат направено до сега.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете и како изгледа Централ Парк во Њујорк навечер.
Дејвид Томас Смит е ирски артист кој дипломирал на отсекот за документарна фотографија на Универзитетот Велс во Њупорт. Неговата работа е добро позната насекаде низ светот и тој постојано работи на развивање на неговите фотографски способности, како и туркање на границите на својот медиум.rnrnСмит е креатор на проектот „Anthropocene“ со кој сакал да ја покаже комплексноста на структурите и модерната архитектура. Неговата работа се состои од серија воздушни фотографии кои биле снимени со помош на сателит и потоа детално обработени. rnrn
„Позајмувањето слики за реупотреба е доминантна карактеристика на мојата работа. Сметам дека тоа е соодветен начин на работа во свет кој стана преплавен со фотографии. Јас создавам дела кои се мултидимензионални. Бидејќи имам искуство во документарната фотографија, за мене е многу важно да можам да привлечам внимание кон социо-економските и политичките проблеми, додека истовремено истражувам повеќе метафизички концепти. Мојата работа е естетски задоволителна, богата со детали и со надеж дека набљудувачот ќе може да се огледа во идеите и проблемите кои преовладуваат во животот, додека истовремено ќе добие и подобра смисла за својата позиција во светот“.
rnСиликонската долина, Калифорнија, АмерикаrnrnАнтропоцен е неформален геолошки термин со кој се означува доказот за човековите активности и нивното влијание врз екосистемот на Земјата. Истоимената фотосерија ги рефлектира комплексните структури со кои се одликуваат центрите на глобалниот капитализам. Благодарение на илјадниците дигитални податоци собрани од воздушните погледи на „Google Maps“, секоја фотографија претставува реконструкција која изгледа како неверојатно детално исткаен килим.rnrnМидлтаун, Пенсилванија, Америка rnrn
„Навлегуваме во ера којашто некој ден би можела да се нарекува, да речеме, антропоцен. Сепак, тоа е геолошката ера на нашето човештво“, А. Ревкин.
Ова е поглед на Сонцето какво што досега никогаш не сме го виделе. Овие восхитувачки фотографии ни го прикажуваат внатрешното вриење на нашата ѕвезда на таков начин што човечкото око не би можел да го забележи. Сателитот на Сончевата Динамична Опсерваторија на NASA (SDO) направил слики кои ја покажуваат енергијата што ја ослободува Сонцето во вид на бранови должини, како X-зраци и ултравиолетова светлина. Тоа помогнало за добивање многу нови сознанија за начинот на функционирање на Сонцето.rnrnОвие X-зраци и УВ-светлината им помогнале на научниците да го разберат начинот на кој функционира Сонцето.rnrnЧистината на сликите од SDO-сателитот укажува на тоа дека во NASA ќе пристигнат многу покорисни податоци за разлика од кое било друго вселенско летало. Овој сателит секој ден испраќа околу 1,5 терабајти податоци што е еднакво на 500.000 песни на вашиот мп3 плеер.rnrnСателитот има произведено чудесни слики од Сонцето, набрзо по неговото лансирање во февруари, 2010 година.rnrnНекои слики покажуваат и работи кои никогаш досега не биле видени, детали за сончевиот материјал кој струи околу Сонцето, како и приказ одблизу на активностите кои се одвиваат на неговата површина.rnrnСонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектрум – светлина која е невидлива за човековото око, но која го предизвикува потемнувањето на кожата при сончањеrnrnСателитот бил лансиран во февруари, 2010 година. Неговиот главен научник Дин Песнел, пренесува дека податоците кои NASA ги добива од него ги реобликуваат и менуваат теориите за начинот на кој функционира нашата ѕвезда, но и овозможуваат да се набљудуваат скорешните бурни активности кои се одвиваат на неговата површина.rnrnСонцето сликано во екстремно голем ултравиолетов спектар на бои. Светлите делови се предели на Сонцето со изразена активност кои можат да предизвикаат сончеви бури.rnrnВо текот на 5-годишната мисија, овој сателит ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговата улога во климатските промени на Земјата. Исто така, ќе се детерминира улогата на магнетното после на Сонцето во создавањето на силните соларни, деструктивни појави како соларните ветрови.rnrnСателитот ќе им помогне на научниците во проучувањето на штетата која може да ја предизвика соларната светлина врз работата на комуникациските сателити и напојувањето со енергија.rnrnNASA објавува дневни фотографии и видеа од движењето на СонцетоrnrnСончевата Динамична Опсерваторија на NASA е лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, Америка. Во текот на 5-годишната мисија, се проценува дека ќе се потрошат околу 855 милиони долари за одржување на неговата активност. Ова вселенско летало, орбитира околу Земјата на околу 35.405 км, сончевите панели се големи 6,4 метри и продуцираат струја со јачина од 1.450 вати.rnrnВо текот на 5-годишната мисија на сателитот, тој ќе собере доволно информации за магнетното поле на Сонцето и неговото влијание врз климатските промени на Земјата.rnrnИнструментите кои се наоѓаат во сателитот се дополнително заштитени од радијација, бидејќи тој се наоѓа надвор од радијацискиот појас на Земјата, каде што има високо ниво на зрачење.rnrnКомбинација од три бранови должини на светлина во една слика – од X-зраци до УВ-зраци… Светлиот прстен ги прикажува местата со големо магнетно зрачење.rnrnОва летало има три инструменти кои се задолжени за фаќање слики од Сонцето со ултрависока резолуција.rnrnЦрните точки се сончеви пеги кои се движат по површината на Сонцето.rnrnСателитот, исто така, помага во разбирањето на соларниот притисок кој се генерира на неговата површина.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.