КАФЕ ПАУЗА

Tag: Салвадор Дали

  • Техника за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор Дали

    Техника за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор Дали

    Спиењето може да влијае позитивно врз креативноста и продуктивноста, но може и да им наштети. Дали премногу или премалку спиеме може да се види од резултатите во работата. Томас Едисон и Салвадор Дали користеле техники за релаксација за кои верувале дека ја поттикнуваат креативноста.rnrnТехника за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор ДалиrnrnТехниката се одвива за време на состојбата на лесен сон, односно фазата помеѓу будењето и спиењето, кога можеме да сонуваме, но во исто време и да ги слушаме звуците што допираат до нас. Притоа, важно е да не навлеземе во состојба на длабок сон. Дали и Едисон кога се обидувале да се одморат, земале лажица в рака и ја држеле на работ од креветот. Во моментот пред да заспијат, приборот би паднал на подот, па така тие би се разбудиле.rnrnГрупа истражувачи одлучиле да проверат дали техниката е навистина ефикасна. Повеќе од 100 учесници биле поделени во два тима, од кои едниот тим имал време да се одмори, а другиот не. Целта било да се открие дали луѓето биле покреативни и попродуктивни после одмор.rnrnСепак, тешко е да се измери креативноста, па така истражувачите им дале математичка задача на луѓето за која била потребна снаодливост и размислување „надвор од кутијата“ бидејќи решението се криело во прашањето. Од сите испитаници кои немале време за одмор, само 30% ја решиле задачата, додека од оние кои биле на краток одмор дури 83% успешно ја решиле задачата. Според тоа, може да се заклучи дека техниката функционира. Важно е само да не навлеземе во состојба на длабок сон затоа што во тој случај ефектот е послаб.rnrnОткако прочитавте за техниката за одмор што ја користеле Салвадор Дали и Томас Едисон, ви предлагаме да прочитате и за 5-те видови на одмор за обновување на вашата енергија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Дизајн на ентериер инспириран од најпознатите уметнички дела

    Дизајн на ентериер инспириран од најпознатите уметнички дела

    Додека уметниците се инспирираат од надворешниот свет за да создадат дела на кои нема да останете рамнодушни, дизајнерката на ентериер Амалија Бренеман решила да ги искористи четирите најпознати слики во историјата на уметноста како инспирација за нејзините дизајни.rnrnТаа се запрашала како дел од најпознатите сликари вклучувајќи ги Винсент ван Гог, Леонардо да Винчи, Едвард Мунк и Салвадор Дали би можеле да ги украсат своите домови употребувајќи ја истата палета со бои од нивните најпознати дела.rnrnВо соработка со angi.com, дизајнерката работела на ентериерот притоа користејќи ги истите шеми на бои и естетика претставени во дел од најпознатите уметнички дела.rnrnПогледнете ги нејзините преубави дизајни во продолжение.rnrn

    Дизајн на ентериер инспириран од најпознатите уметнички дела
    „Ѕвездена ноќ“, Винсент ван Гог
    rnrn
    Дизајн на ентериер инспириран од најпознатите уметнички дела
    „Долготрајноста на спомените“, Салвадор Дали
    rnrn
    Дизајн на ентериер инспириран од најпознатите уметнички дела
    „Мона Лиза“, Леонардо да Винчи
    rnrn
    Дизајн на ентериер инспириран од најпознатите уметнички дела
    „Крик“, Едвард Мунк
    rnrnДоколку ви се допаднаа овие дизајни, можеби ќе сакате да откриете како да го уредите домот со есенски, шик детали.rnrnИзвор: designyoutrust.com

  • Вештачката интелигенција го „оживеа“ Салвадор Дали

    Вештачката интелигенција го „оживеа“ Салвадор Дали

    Од музејот „Салвадор Дали“ во американскиот град Санкт Петербург, изјавиле дека нивните посетители ќе имаат нов специјален водич – уметникот Салвадор Дали. Односно, новиот водич ќе биде негова копија направена со помош на вештачка интелигенција.rnrnВештачката интелигенција го „оживеа“ Салвадор ДалиrnrnТимот од компанијата Goodby Silverstein & Partners направил копија на славниот уметник користејќи негови снимки. На овој начин ја тренирале машината да ги имитира неговите мимики и изрази на лицето. Потоа таа слика ја ставиле на глумец со сличен изглед како уметникот и успешно го оживеале Дали 30 години по неговата смрт.rnrnНајверојатно виртуелниот Дали ќе одговара на основни прашања за него, но ќе ги коментира и настаните што се случиле по неговата смрт во 1989-та година. Идејата е целото ова искуство да биде „едукативно и надреално“, исто како и делото на Дали.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=16&v=MZ2X-fSIPSUrnrnВо видеата во кои Дали го најавува неговото враќање, тој разговара и за неговиот близок однос со смртта, но истакнува и дека никогаш не поверувал во својата смрт.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=28&v=Okq9zabY8rIrnrnНекои луѓе сметале дека проектот е малку морбиден, но музејот нагласил дека вештачката интелигенција е во согласност со ликот на Дали. Извршниот директор Ханк Хине изјавил дека Дали бил заинтересиран за медиумите и имал изразено чувство за неговата важност, па не би било тешко да се замисли како ужива додека се гледа во дигитална форма.

  • 10 помалку познати факти за Салвадор Дали

    10 помалку познати факти за Салвадор Дали

    Делата на Салвадор Дали, кои ги рушат сите норми и граници на уметноста, секоја година привлекуваат милиони луѓе во уметничките галерии и музеи ширум светот. Овој екстравагантен уметник познат по своите необични мустаќи и ексцентрични убедувања е еден од најзначајните уметници на 20-тиот век. Во чест на неговиот 112 роденден, кој помина вчера, ви претставуваме 10 интересни факти од неговиот живот кои веројатно не сте ги чуле досега…rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    1. Направил филм со Дизни

    rnКога ќе помислите на Дизни, гротескните дела на Салвадор Дали сигурно не ви ни паѓаат на памет. Но, во 1945 година оваа неверојатна соработка навистина се случила кога Волт Дизни го контактирал Дали за да направат продолжение на контроверзниот филм „Фантазија“ (Fantasia). Одговорот на Салвадор бил „Дестино“ (Destino), кој за жал не бил достапен за јавноста сè до 2003 година кога бил објавен од страна на Рој, внукот на Дизни.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    2. Салвадор одбрал да биде избркан од уметничкото училиште

    rnПред последниот испит по историја на уметност, Дали го изјавил следново: „Ни еден од професорите во училиштево не е компетентен да ме оценува, се повлекувам.“ Меѓутоа, вистинската причина била од финансиска природа, бидејќи татко му кажал дека ќе престане финансиски да го издржува кога ќе ја добие дипломата.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    3. Ги збогатил неговите секретарки

    rnСосема ненамерно. Дали не им давал нормална плата на неговите секретарки, наместо тоа им давал процент од вкупната заработка. Тоа не била некоја голема сума на пари на почетокот, но подоцна вредноста ѝ пораснала на милиони.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    4. Дали за малку ќе се згушел додека држел предавање

    rnЗа време на Меѓународната изложба на надреализам во Лондон во 1936 година, Дали држел предавање во стар метален костим за нуркање за да ја истакне идејата дека тој постои на дното од морето на потсвеста. Но, она што го немал предвидено е дека без проток на кислород во костимот нема да може да дише. За среќа, поетот Дејвид Гаскојн бил во близина и го спасил Салвадор со неговиот вешт зафат.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    5. Дали се оженил со сопругата на неговиот пријател

    rnДали ја запознал љубовта на неговиот живот, Елена Ивановна Диаконова, попозната како Гала, во 1929 година. Проблемот било во тоа што таа веќе била омажена со францускиот надреалистички поет Пол Елуард. Не е воопшто чудно што тоа не претставувало пречка за Салвадор и дошло до прилично необична врска помеѓу тројцата додека Гала не се развела од Елуард и се омажила за Дали во 1934 година. Нивниот брак бил далеку од традиционален, бидејќи и двајцата продолжиле да се гледаат со други луѓе, но останале заедно сè до смртта на Гала во 1968 година.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    6. Салвадор Дали умрел пред Салвадор Дали да биде роден

    rn9 месеци пред Салвадор Дали да биде роден, Салвадор Дали умрел. Постариот брат на уметникот го носел истото име и според родителите и самиот Дали, тој се реинкарнирал во него. Дали насликал многу дела инспирирани од оваа мисла, едно од нив е секако и „Портрет на мојот мртов брат“ во 1963 година.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    7. Многу го привлекувале карфиоли

    rn„Сè завршува со карфиолот!“. Ова е единственото објаснување што Дали го дал на изненадената француска публика кога се појавил во бел „Rolls Royce Phantom II“ полн со 500 килограми карфиоли. Како што подоцна му објаснил на американскиот новинар Мајк Валас, тој едноставно не можел да одолее на „логаритамската форма“ на карфиолот.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    8. Дали бил садист во детството

    rnКога бил мало момче, Салвадор експериментирал со болката и тоа не само на себе. Еднаш кога одел по мост со неговиот пријател, Дали забележал празнина во безбедносната ограда. Без многу двоумење, тој го турнал пријателот од мостот. Момчето паднало од 5 метри височина на камењата долу и завршил со сериозни повреди. Додека мајката на момчето во паника побрзала да му помогне на синот, Салвадор си седел на страна и мирно ја гледал целата драма јадејќи цреши.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    9. Многу сакал пари

    rnПонекогаш уметникот бил нарекуван Авида Доларс, прекар кој е анаграм од Салвадор Дали и се однесува на неговата љубов спрема парите. Приказната вели дека Јоко Оно, вдовицата на Џон Ленон, му понудила 10.000 долари за едно влакно од неговите мустаќи. Тој ја прифатил понудата, но наместо да ѝ прати негово влакно, тој ѝ испратил тревка, затоа што се плашел дека Јоко ќе го искористи влакното за да му фрли магија.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Далиrn

    10. Тој е еден од најпродуктивните познати уметници во историјата

    rnЗа време на неговата кариера тој создал повеќе од 1.500 уметнички слики, а тука не спаѓаат неговите илустрации, краткометражни филмови, скулптури, цртежи, настапи и уште многу други дела.rnrn10 помалку познати факти за Салвадор Дали

  • Не плашете се од совршенството

    Не плашете се од совршенството

    „Не плашете се од совршенството – никогаш нема да го достигнете.“ – Салвадор Дали

    rnНе плашете се од совршенствотоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни фотоманипулации во надреалистичен стил

    Прекрасни фотоманипулации во надреалистичен стил

    Серијата фотоманипулации на полскиот фотограф Дариуш Климчак со сигурност ќе ве потсети на делата на најпознатиот надреалистчен сликар, Салвадор Дали. Во своите фотографии, Климчак пустите, напуштени пејзажи ги пополнува со бизарни и надреални ликови и предмети и успева да ја долови атмосферата, толку својствена за делата на Дали.rnrnПрекрасни фотографии во надреалистичен стилrnrnЦелта на неговите фотоманипулации е преку користењето на универзални симболи, да се раскаже приказна, која ќе допре до луѓето, ќе ги поттикне на размислување или барем ќе успее да ги насмее. Инаку, Климчак за себе вели дека повеќе ја преферира црно-белата фотографија и дека ретко практикува да работи во боја. Тој е познат фотограф, со повеќе од 30 години искуство, кој зад себе има многу успешни изложби.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали

    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали

    По илустрациите на Алиса во земјата на чудата во 1946 и на есеите на Монтејн во 1947, Салвадор Дали, во 1967 ги илустрира дванаесетте знаци на зодијакот, во уште посовршен, надреалситичен стил. Уживајте.rnrn

    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Овен
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Бик
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Близнаци
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Рак
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Лав
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Девица
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Вага
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Скорпија
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Стрелец
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Јарец
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Водолија
    rnrn
    Хороскопските знаци илустрирани од Салвадор Дали
    Риби
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Салвадор Дали нè води во земјата на чудата на Алиса

    Салвадор Дали нè води во земјата на чудата на Алиса

    Малкумина знаат дека генијалниот надреалист Салвадор Дали го илустрирал лимитираното издание на детската класика „Алиса во земјата на чудата“, на англискиот писател Луис Керол. Книгата е отпечатена во Њујорк, во 1969 година од „Maecenas Press-Random House“. Во неа се наоѓаат 12 илустрации за секое поглавје и една за почетната страница, на која стои и неговиот потпис.rnrnСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаrnrnБлагодарение на галеријата „Вилијам Бенет“ во Њујорк, илустрациите се дигитализирани и изложени. Инаку, ова издание на книгата денес е едно од најбараните предмети меѓу колекционерите, познавачите и почитувачи на уметноста на маестралниот Дали.rnrnСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на АлисаСалвадор Дали нè води во земјата на чудата на Алиса
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Реални мисли од „надреалниот“ Салвадор Дали

    Реални мисли од „надреалниот“ Салвадор Дали

    Прочитајте дел од цитатите на легендарниот шпански сликар и протагонист на надреализмот Салвадор Дали, кои ја потврдуваат неговата генијалност, но и ексцентричноста…rnrnРеални мисли од „надреалниот“ Салвадор Далиrn

    „Рајот не е горе на небото, туку во срцето на човекот.“

    rn

    „Кога жената на мажот му купува кошула, тогаш таа е заљубена во него. Кога ја пегла, тоа значи дека е мажена. Ако пак, за време на пеглањето пее, тогаш таа е и едното и другото.“

    rn

    „Интелигенција без амбиција е птица без крилја.“

    rn

    „Постојат денови кога помислувам дека ќе умрам од предозирање со задоволство.“

    rn

    „Има само една разлика помеѓу мене и луд човек. Лудиот мисли дека е нормален, јас знам дека сум луд.“

    rn

    „Оние кои не сакаат ништо да имитираат, тие ништо и не прават.“

    rn

    „Секое утро кога ќе се разбудам, најмногу му се радувам на сознанието дека јас сум Салвадор Дали.“

    rn

    Реални мисли од „надреалниот“ Салвадор Дали
    „Не плаши се од совршенството, бидејќи никогаш нема да го достигнеш.“
    rn

    „Или е лесно или е невозможно.“

    rn

    „Луѓето разбираат многу малку работи, особено оние образованите. Им недостасува култура. Ја сум самоук.“

    rn

    „Иронијата е неопходна естетска компонента на мислењето.“

    rn

    „Термометарот на успехот е завидливоста на злонамерните соперници.“

    rn

    „Почитувам секакви убедувања, пред сè оние кои не се совпаѓаат со моите.“

    rn

    „Уметник не е оној којшто се инспирира, туку оној кој инспирира.“

    rn

    „Политиката е вицот на историјата.“

    rn

    Реални мисли од „надреалниот“ Салвадор Дали
    „Јас не земам дрога, јас сум дрога.“
    rn

    „Надреализам, тоа сум јас.“

    rn

    „Скромноста не е мојата најголема доблест.“

    rn

    „Не мачете се да бидете модерни. За жал, тоа е нешто, кое што и да правите, не можете да го избегнете.“

    rn

    „Разликата помеѓу лажните и вистинските сеќавања е иста како кај накитот. Оној што изгледа најреално, најбрилијантно, секогаш е лажен.“

    rn

    „На шест години сакав да бидам готвач, на седум Наполеон. Оттогаш мојата амбиција постојано расте.“

    rn

    „Ми се допаѓа вкусот на парите. Тој не е ништо помалку од мистицизам. Парите се слава.“

    rn

    „Јас не сум чуден. Јас само не сум нормален.“

    rn

    „Чесноста во уметноста е цртањето. Таму не постои можност за мамење. Или е добро или е лошо.“

    rn

    „Дали е бесмртен, тој никогаш нема да умре.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музејот Салвадор Дали

    Музејот Салвадор Дали

    Музејот Салвадор Дали во Сент Петерзбург, Флорида официјално ги отвори вратите на новата неверојатна зграда во близина на водите на Тампа Беј. Новиот музеј ја замени старата зграда, која повеќе од 30 години чуваше огромна колекција на дела направени од Салвадор Дали, но сепак не беше во склоп со дивата имагинација на артистот.Музејот Салвадор ДалиНовиот музеј е распослан на 6.320 метри квадратни, а во него можат да бидат видени стотици слики и други дела на авторот во најразлични големини. Новиот дизајн на зградата е дело на компанијата HOK Florida. Благодарение на нив, таа сега го претставува креативниот дух на Дали и е соодветно место за чување на делата на најпознатиот надреалистичен сликар во историјата.rnМузејот Салвадор ДалиМузејот Салвадор ДалиСепак, градбата не е направена само за да се истакне духот на авторот, туку и за да се заштитат неговите дела од елементарни непогоди. Иако ураганите се ретка појава во Тампа Беј, зградата е направена да може да издржи бура и од трета категорија, притоа да не се оштети нејзината геодетска стаклена фасада. Делот во кој се чуваат делата на Дали е ограден со бетон со дебелина од најмалку 30 сантиметри во сите правци. Оваа зграда е направена толку издржлива, така што доколку денеска би била погодена од ураган, утре би можела нормално да функционира за посетителите.Музејот Салвадор ДалиМузејот Салвадор ДалиДоколку некогаш се најдете во овој регион, посетата на овој музеј е задолжителна. Обемноста на складираната колекција на ремек дела на авторот, предизвикува големо задоволство за сите негови обожаватели и посетители. Оваа нова градба на музејот претставува огромен напредок во поврзувањето со визијата на големиот уметник.Музејот Салвадор ДалиМузејот Салвадор ДалиМузејот Салвадор ДалиМузејот Салвадор ДалиМузејот Салвадор ДалиМузејот Салвадор ДалиМузејот Салвадор Далиrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.