КАФЕ ПАУЗА

Tag: роднини

  • 12 знаци дека сте опкружени со токсични роднини

    12 знаци дека сте опкружени со токсични роднини

    Велат дека не можете да одлучите за тоа какво ќе биде вашето семејство, но можете да одлучите како ќе се однесувате и реагирате во одредени ситуации. Доколку во последно време се чувствувате преоптоварени поради односите со вашите роднини, еве неколку начини за да откриете дали тие се токсични или не.rnrn12 знаци дека сте опкружени со токсични родниниrnrnОва се најчестите особини кои се карактеристични за токсичните луѓе:rnrn1. Тие дејствуваат без да се грижат за вашите емоционални потреби или чувства. Нивните постапки лесно можат да ви предизвикаат чувство на непријатност.rnrn2. Ве осудуваат за вашите животни избори и користат груби зборови за да ве критикуваат.rnrn3. Ве нарекуваат со погрдни имиња или се подбиваат со вас што е еднакво на вербална злоупотреба.rnrn4. Тие не ве почитуваат и честопати знаат да ја преминат границата правејќи ве да се чувствувате бесни.rnrn5. Тие никогаш не прават компромис.rnrn6. Се однесуваат како да се овластени да ви дадат совет и секогаш се во право само затоа што се постари.rnrn7. Поставуваат нефер барања од вас и очекуваат да имате сервилен однос кон нив затоа што сте помлади.rnrn8. Честопати може да ги слушнете како лошо зборуваат за другите и како ги пцујат.rnrn9. Не преземаат никаква одговорност за своите грешки и наместо тоа, избираат да ја префрлат вината на другите.rnrn10. Никогаш не се извинуваат и честопати ги повредуваат вашите чувства.rnrn11. Изразуваат гнев поради вашето однесување, но вие не можете да го изразите чувството на незадоволство кон нив.rnrn12. Ве уценуваат и манипулираат со вас за да ги исполните нивните барања.rnrnОткако прочитавте кои знаци укажуваат на тоа дека сте опкружени со токсични луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и на кои 5 начини можете да ја прекинете расправијата со токсични луѓе.rnrnИзвор: pinkvilla.com

  • 7 неочекувани роднински врски помеѓу славните ѕвезди

    7 неочекувани роднински врски помеѓу славните ѕвезди

    Некои познати личности не ни знаеле дека се во сродство сè додека не се прославиле. Погледнете ги следниве 7 парови познати личности за кои никогаш не би погодиле дека се роднини.rn

    1. Николас Кејџ и Софија Копола

    rn(1)7-neochekuvani-rodninski-vrski-pomegju-slavnite-kafepauza.mkrnrnВистинското име на Николас Кејџ е Николас Ким Копола. Тој има околу 10 роднински врски во Холивуд, и речиси секој од нив е поврзан со кинематографијата. Една од неговите роднини е Софија Копола, режисерот на филмовите „Изгубени во преводот“ (Lost in Translation) и „Марија Антоанета“ (Marie Antoinette). Софија му е братучетка на Николас.rn

    2. Гај Ричи и Кејт Мидлтон

    rn(2)7-neochekuvani-rodninski-vrski-pomegju-slavnite-kafepauza.mkrnrnПознатиот режисер и војвотката од Кембриџ се роднини. Гај дури присуствувал и на венчавката на Кејт и Вилијам.rn

    3. Анџелина Џоли и Хилари Клинтон

    rn(3)7-neochekuvani-rodninski-vrski-pomegju-slavnite-kafepauza.mkrnrnКој би помислил дека Џоли има роднина помеѓу американските политичари? Овие дами се 9-та генерација братучеди.rn

    4. Рајан Гослинг и Џастин Бибер

    rn(4)7-neochekuvani-rodninski-vrski-pomegju-slavnite-kafepauza.mkrnrnСемејството на Бибер е големо и во него можат да се најдат многу познати личности. Една од нив е Рајан кој со Џастин се 11-та генерација братучеди.rn

    5. Фарел Вилијамс и Тимбаленд

    rn(5)7-neochekuvani-rodninski-vrski-pomegju-slavnite-kafepauza.mkrnrnОвие талентирани продуценти се всушност братучеди.rn

    6. Мет Дејмон и Бен Афлек

    rn(6)7-neochekuvani-rodninski-vrski-pomegju-slavnite-kafepauza.mkrnrnПријателите од детството се исто така и роднини. Мет и Бен се 10-та генерација братучеди.rn

    7. Принцот Чарслс и Ралф Фаинс

    rn(7)7-neochekuvani-rodninski-vrski-pomegju-slavnite-kafepauza.mkrnrnРалф открил дека неговото семејно стебло има и кралски корени. Тој и Чарлс се 8-ми братучеди.rnrnНикогаш не би ги погодиле ни предците на овие славни личности!

  • 11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

    11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели

    Постојат луѓе за кои братучедите претставуваат далечни роднини што ги гледаат само за време на семејните собири. Но, има и такви што своите братучеди ги сметаат за најдобри пријатели. Ако и вие сте едни од нив, тоа е одлично бидејќи на тој начин секогаш имате со кого да се забавувате за време на здодевните фамилијарни ручеци и со кого да разговарате кога ќе ви дојде преку глава од вашите родители и браќа и сестри. Најважно од сѐ е што знаете дека тие секогаш ќе бидат тука за вас. Ова се 11-те работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријатели…rnrn11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријателиrn

    1. Знаете дека ќе бидат тука за време на секој празник

    rnСо вино или пиво во рака се одвојувате од останатите и си ги раскажувате сите сочни детали од семејната драма. Никогаш не ви е здодевно, а другите не можат да сфатат зошто не можете да престанете со смеење.rn

    2. Скришно си праќате пораки под маса за време на семејните собири

    rnАко се случи нешто урнебесно смешно за време на семејниот ручек, најпрво ќе го искоментирате тоа со вашите братучеди и тоа преку тајни СМС пораки за никој да не дознае дека му се смеете на чичко ви поради тоа што се опијанил и зборува глупости.rn

    3. Ќе присуствувате на вашите венчавки и тоа нема да ви претставува обврска

    rnМожеби дури и ќе му бидете кум на вашиот братучед или старосватица на вашата братучетка. Ќе се забавувате и со задоволство ќе присуствувате на овој голем ден од животот на вашите братучеди.rn

    4. Сепак, постои голема веројатност дека се карате како браќа и сестри

    rnВашите братучеди воопшто не се двоумат да ве прекорат доколку забележат дека сте станале на лева нога, а вие не се плашите да им кажете дека новата фризура им е катастрофа. Ќе бидете заедно до крајот на животот, така што најдобро е да бидете искрени едни со други.rnrn11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријателиrn

    5. Тие биле сведоци на чудниот тинејџерски период од вашиот живот

    rnИ воопшто не се плашат да ве потсетат на тоа. Тоа подразбира потсмевање на вашите стари фотографии од средно училиште, шегување на сметка на вашиот лош стил на облекување и чудни хобија.rn

    6. Можете да разговарате со нив за вашите проблеми

    rnДали сестра ви е неподнослива во последно време? Братучедите се секогаш тука за да ви дадат паметен совет. Дали партнерот на братучетка ви се однесува лошо со неа? Со задоволство ќе разговарате за тоа и ќе го најдете вистинското решение.rn

    7. Луѓето секогаш ви велат дека многу си личите

    rnИ вам тоа воопшто не ви пречи, баш напротив! Се гордеете што толку многу си личите! На крајот на краиштата, сепак сте крвно поврзани и нема бегање од гените.rn

    8. Ги разбираат и сочувствуваат со вашите семејни проблеми

    rnСепак, се работи за дел од нивната фамилија и тие знаат колку незгодни можат да бидат одредени членови од семејството. Добро е да имате некој на ваша страна кога баба ви ќе ве праша кога ќе си „фатите дечко“.rnrn11 работи што ќе ги разберете само ако братучедите ви се најдобри пријателиrn

    9. Вашиот шкаф е полн со нивна облека

    rnПостојано си разменувате и позајмувате парчиња облека, но никогаш не си ги враќате назад, бидејќи сепак сте семејство и сметате дека нема потреба за тоа.rn

    10. Вашите родители постојано ве споредуваат

    rnПонекогаш дури и ги мешаат вашите имиња. Но, ова не ве нервира, туку го сфаќате како комплимент.rn

    11. Не би ја менувале вашата врска за ништо друго на светот

    rnВие не сте само роднини, туку и најдобри пријатели. Има ли нешто подобро од тоа?rnrnДоколку можевте да се пронајдете во овој текст, прочитајте ги и 9-те причини поради кои братучедите ви се добри другари.

  • Книга: „Ништо“ – Кармен Лафорет

    Книга: „Ништо“ – Кармен Лафорет

    Приказна за созревањето на една млада девојка во пост-воена Шпанија, која нема да ве остави рамнодушни

    rn

    Книга: „Ништо“ – Кармен ЛафоретНаша оценка: 7/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnАко ви кажеме дека „Ништо“ се наоѓа на светската листа од 1001 книга кои мора да ги прочитате во текот на вашиот живот, ќе ве заинтригираме ли доволно? Ако не, дајте ни друга шанса. Станува збор за едно од најмоќните и најважните книжевни дела од пост-воена Шпанија, напишано кога самата авторка имала само 23 години. Она што на литературните критичари не им е јасно, е тоа како оваа млада изолирана девојка успеала да создаде нешто што може да стои на исто рамниште со светските книжевни класици? Сепак, да не забораваме дека имагинацијата не познава граници. Постојат и слични примери во литературата, како оние на сестрите Бронте, кои иако не виделе ништо од реалниот свет, создале еден посебен и неповторлив имагинарен свет, плод на нивната фантазија.rnrnИздадена околу 5 години по граѓанската војна во Шпанија, „Ништо“, баш како што кажува и самиот наслов, е типична книга за пост-воен период, срушени надежи и идеали, готска атмосфера и мрачни гледишта, слично како „Пуста земја“ на Елиот. Сепак, самото раскажување на младата девојка, кое патем навестува автобиографски тон, дава една нова свежа перспектива, зрачи со смиреност, едноставност и енергија која нема да ве остави рамнодушни.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnПо смртта на нејзината мајка, Андреа, исто како и самата авторка, го напушта родното огниште на 18-годишна возраст за да се пресели во големата Барселона и да студира книжевност. Мрачната атмосфера во станот на нејзиното семејство во Барселона, ни одблизу не ѝ навестува можност за остварување на нејзините соништа во големиот град на можности. Во станот живеат бабата на Андреа која ретко спие, постојано е загрижена и многу заборава, нејзините двајца вујковци, една католичка тетка која сака да ѝ држи предавања, жената на нејзиниот вујко Хуан, нејзиното синче, една слугинка и едно смрдливо куче. Еден од нејзините вујковци, Роман, е музичар кој бесцелно лута по светот и патува како типична изгубена боемска душа. Другиот вујко Хуан, е сликар кој ја тепа својата жена и секојдневно ја опсипува со пцости. Глорија пак, пред да му стане жена на Хуан била љубовница на неговиот брат, додека ликот на слугинката е опишан како типична љубопитна слугинка која се сити на несреќите на своите газди.rnrnАндреа е чудна и повлечена девојка која во училиштето ја запознава Ена, единствената девојка која ја прифаќа. Андреа има чуден, но волшебен карактер кој ќе ве натера да ја анализирате и будно да ги следите нејзините постапки. Својот месечен надомест го троши така што живее како цар првите три дена, за во остатокот од месецот да живее како голтар. Таа воглавно ги троши парите на цигари, слатки и цвеќиња за мајката на Ена.rnrnКнига: „Ништо“ – Кармен ЛафоретrnrnАндреа е прекрасен наратор. Лафорет напишала бројни дела во текот на нејзиниот живот, и како што самите критичари велат, тие биле подобро напишани, попрецизни и поправилни од „Ништо“, но ниедно не успеало да ја надмине неговата генијалност. Книгата ни опишува една многу јасна слика од Шпанија во пост-воениот период. Воглавно гради спротивности и контрасти како оној меѓу сиромашните семејства со изгладнети членови и богатите кои можат да си дозволат раскош.rnrnНека не ве плаши мрачната и морничава атмосфера на романот, бидејќи чистата интелигенција, остриот јазик, дозата радост и надеж во раскажувањето на Андреа е воздигнувачко чувство. „Ништо“ е модерна приказна на срушени соништа, илузии и идеали по војната, филозофска книга која ќе ве поттикне на размислување и истовремено стилски воздигната.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 3 декември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Не плашете се да побарате помош

    Не плашете се да побарате помош

    Во себеподобрувањето, постои мит коj укажува на тоа дека треба „сè да направите сами“. И покрај тоа што ова размислување се одликува со огромна самостојност и самодоверба, сепак понекогаш на секој од нас ни е потребна мала помош од најблиските. Не плашете се да побарате помошНашите врски и луѓето со кои сме секојдневно опкружени често нè дефинираат кои сме во нашите мисли и тела. Пријателот кој нè поддржува и кој ни помага, на крајот од денот нè прави подобар човек. И токму тоа е тоа што треба да се прифати и почитува. Најуспешните и најсреќните луѓе во светот ја сфаќаат едноставната важност на овие позитивни врски. Тие сфаќаат дека сите во светот имаат проблеми, но само оние кои се подготвени да признаат дека имаат потреба од помош, се оние кои најдобро се снаоѓаат со предизвиците на животот.rnrnНе смеете да се плашите да побарате помош кога работите ќе почнат да ви бегаат од контрола. Секогаш постојат граници, ние едноставно не можеме да посветиме бесконечно време и енергија на сè и поради тоа понекогаш навистина ни е потребно барем уште една „рака“ од најблиските. Дали вие барате помош од пријатели, роднини или соработници кога ви е потребна? Дали тие се подготвени да ви помогнат или ве одбиваат? Дали ја возвраќате помошта која ви била овозможена?rnrnСекој од вас мора да си ги постави овие прашања. Тие ќе ви помогнат да ги идентификувате оние врски во вашиот живот кои ви се најпотребни. „Помошта“ игра огромна улога во нашите односи со другите луѓе. Доколку повеќе го почитувате вашиот круг на најблиски, ќе сфатите дека тоа ќе влијае при подобрување на вашата работа, личните цели и општото задоволство од животот. Има некои работи кои едноставно никогаш не би ги постигнале доколку сте сами.rnrnСите ние сме заслепени од илузијата на самостојноста и независноста, па поради тоа мораме да бидеме многу внимателни на тоа поле. Кога животот ќе стане хаос, понекогаш барањето помош од другите може да биде најдобриот извор на созревање и цврстина. Доколку имате силна и здрава „социјална мрежа“ тогаш ќе имате поголем избор на ресурси кога ќе ви биде потребно насочување или помош. Но, не заборавајте. Потребно е и вие да бидете достапни за нив, исто толку колку што и тие се достапни за вас кога најмногу ви требаат.rnrnИ за крај, не потценувајте ја важноста на врските кои ви пружаат поддршка и помош. За многу луѓе, тоа претставува одлучувачки фактор помеѓу шансата за растење и стагнацијата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Срам (Shame)

    Срам (Shame)

    Филм за зависноста од секс, за неприродните односи, за срамот кој ти го обликува живототrnrnrnСрам (Shame) Режија: Стив МекквинrnrnУлоги: Мајкл Фесбендер, Кери МулиганrnrnВреметраење: 101 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 септември 2011rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnИако најчесто филмовите се конструирани така што кристално јасно ни се објаснува приказната, повремено налетуваме на парче кое ù остава еден дел на нашата имагинација. Не до толку големо за комплетно да се исфрустрираме и да се загубиме во спојувањето на коцките, туку ни го дава целото јаболко, а едноставно фали семката. Е, тука на ред е гледачот кој треба уште малку да ја надополни сторијата за да премине преку финиш-линија. Таков е „Срам“ на Стив Мекквин, кој беше прикажан минатиот петок во киното „Фросина“ во Скопје во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“. rnrnЦелото дејство се врти околу еден неискажан момент, причината за срамот и за тоа зошто еден брат и сестра се такви какви што се, психички оштетени личности. Режисерот Мекквин секако дава насоки за можното решение, но не ти го нуди на чинија. Така што, на тебе ти останува да го одговориш последното прашање.rn————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Брендон (Мајкл Фесбендер) живее сам во Њујорк и покрај тоа што однадвор изгледа сосема прибрано, тој е секс-зависник. Неговиот живот е исполнет со завршување на секојдневните обврски и мастурбирање пред компјутер, под туш, во тоалетот на работа како и постојани контакти со проститутки, стриптизети, секс-контакти на интернет и што ли уште не.rnrnНеговите пријателски контакти се сосема ограничени и иако додека е во локалниот бар изгледа како кој било човек, неговиот поглед на моменти прави да те полазат морници. Комплетно болното, осаменичко секојдневие на Брендон го нарушува неговата сестра Сиси (Кери Мулиган) која нема каде да престојува, па доаѓа во неговиот стан.Срам (Shame) Тие се целосно различни луѓе. Брендон е ладен и недостапен, додека Сиси трага по нежност и таму каде што треба и каде што не треба. Сепак, она што боде очи во нивниот однос не е тоа, туку неприродноста. Отпрво потребно ти е време да сфатиш дека тие се роднински поврзани, а не пар со некакво љубовно минато, сегашност или иднина.rnrnАко јас треба да ја надополнам приказната би рекла дека токму тоа е стегата меѓу нив, сизифовиот камен кој при секој, дури и минимален обид да го подобрат својот однос, повторно ги враќа назад. Дури и би се осудила да кажам дека имало некоја инцестуозна епизода која придонела Сиси да има самоубиствени моменти, а Брендон постојано да се врти кон бесмислениот секс наместо да си дозволи блискост со некого. Но дали е така?Срам (Shame) Глума: Фесбендер и Мулиган се целосно убедливи играјќи ги Брендон и Сиси. Секој од нив е на свој начин одличен во својата улога. Сепак, можеби и еден од негативните аспекти на главниот машки лик во „Срам“ е преголемата сличност со оној на Кристијан Бејл во „Американски психо“. Ако ги тргнеме убиствата настрана, Патрик во многу аспекти потсетува на Брендон.Срам (Shame)Музика: Музиката има голем удел во приказната во „Срам“, како и во комплетната атмосфера. Од класика до диско на која ти доаѓа да цупкаш. Сепак, иако е доволно нагласена за да ја забележиш, не пречи воопшто во филмскиот тек. Но, и поради доминантно присуство на музиката, „Срам“ по малку наликува на „Американски психо“.rnrnШто се однесува до кинематографијата, во најголем дел се судруваме со ладниот и суров Њујорк.Срам (Shame) Кога и како да го гледате: Вистинското прашање е: „Дали ќе успеете наскоро да го гледате „Срам“? Филмот сè уште има фестивалски премиери, па така дојде и во Скопје. А, публиката во кино „Фросина“ беше предупредена да не се обидува да направи пиратска снимка, што значи не може да се најде ниту за симнување.rnrnТака што се надевам дека наскоро ќе се најде или на интернет или уште подобро во кино салите во земјава, па ќе можете да го погледнете. Инаку ова е возрасен филм и треба да се проследи навечер. Пожелно е да не го гледаат лица под 18 години зашто секс и голи сцени има во изобилство.Срам (Shame)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук