Внимавајте на знаците кои ви ги дава животот…rnrn
Режија: Дејвид О. РаселrnrnУлоги: Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт Де НироrnrnВреметраење: 122 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 декември 2012rnrnЖанр: романтична комедија, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rn„Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) е брилијантна романтична комедија. Колку и да изгледаат чудно овие зборови во една иста реченица, тие најсоодветно го опишуваат овој филм. Не е многу различен од останатите во поглед на контурите на приказната – и овде се работи за маж и жена меѓу кои уште од почетокот се чувствува хемија и го чекате моментот кога можеби ќе завршат заедно, но оваа приказна е обвиткана со многу други елементи кои филмот жанровски го доближуваат до драма. Емоционалните проблеми, менталните нарушувања, односите во семејството, важноста на шансите кои постојат само во сегашноста толку убаво се прелеваат едни во други, создавајќи позитивен амбиент што овој шармантен филм го прави вистински прирачник за оптимисти.
Тоа што најпрво паѓа во очи е фактот што и двата главни лика имаат проблеми со психичкото здравје. Пет (Бредли Купер), кој има биполарно нарушување, речиси до смрт го претепал љубовникот на сопругата и затоа поминал 8 месеци во болница за ментални болести. Излегува оттаму само благодарение на снаодливоста на својата мајка, по што се враќа да живее кај родителите. Набргу ќе оди на вечера кај пријатели каде што ќе ја сретне Тифани (Џенифер Лоренс), млада вдовица која се обвинува себеси за смртта на својот сопруг. Таа веднаш ќе пројави интерес за Пет, но тој не е заинтересиран да се гледа со неа.rnrn
Пет: „Изгледаш убаво“.rnrnТифани: „Благодарам.“rnrnПет: „Не флертувам со тебе.“rnrnТифани: „О, не ни помислив дека флертуваш.“rnrnПет: „Гледам дека си се потрудила, а јас сакам да се подобрам поради мојата сопруга. Работам на тоа. Сакам да ѝ дадам до знаење дека е убава. Никогаш не го правев тоа. Сега само вежбам. Како почина Томи?“
rn
Пет е полн со некаков ирационален оптимизам за животот, сметајќи дека сопствената волја му е доволна за да си ги врати назад сопругата, работата и целиот претходен живот. Не може веднаш да го постигне тоа затоа што судот му наредил да не ѝ се доближува на неговата сопруга, и тоа на нејзино барање. И покрај тоа, тој упорно се спрема за големиот момент кога сè ќе се врати на свое место. Секој ден тренира за да ја импресионира сопругата, чита многу книги и оди на психијатар каде што учи да ги контролира емоциите. Обидите некако да дојде во контакт со сопругата нема да престанат, а надежта дополнително ќе му ја подгрее Тифани. Таа ќе му ја вети својата помош, но зад тоа се кријат мотиви кои само таа ги знае.
Покрај двајцата главни протагонисти, филмот изобилува и со многу други ликови. Сите тие се преправаат дека живеат совршен живот, а всушност се дават во емоционални проблеми. Неверојатно суеверниот татко на Пет (Роберт Де Ниро) или пријателите кои не уживаат во бракот изгледаат како да се уфрлени во приказната за да се направи паралела со Пет и Тифани и да ја доловат хипокризијата со која околината им приоѓа на нивните проблеми.
Во тоа придонесува и брилијантното сценарио. Моќните дијалози ќе почнат да го освојуваат вашето внимание уште од првата сцена. Одлично се пренесени преку извонредната глума за која Бредли Купер, Роберт Де Ниро и Џенифер Лоренс добија номинации за Оскар за нивните улоги, а последната успеа и да го добие покрај останатиот куп награди.rnrn
Пет Сениор: „Да ти кажам нешто. Мора да обрнеш внимание на знаците. Кога животот ќе ти подаде рака во еден ваков момент, грев е да не му возвратиш… ти велам.“
rn
„Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) ја заслужува сета врева која се крева околу него. Ја прикажува љубовта како совршена состојба на која не ѝ се потребни совршени луѓе според општо прифатените стандарди за да биде таква и сигурно ќе ве остави со позитивно расположение откако ќе заврши. Кога само ваквите филмови би се нарекувале романтични комедии, овој жанр не би имал углед на некој кој цели на женската публика и служи за привремено лечење на нивните рани или за градење илузии. „Прирачник за оптимисти“ е филм кој одлично обработува секојдневни човечки теми и затоа вреди да се изгледа.
rnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn


rn
Режија:
Еден шеик од Оман го киднапира неговиот ментор Хантер (Роберт де Ниро), знаејќи дека тоа е единствениот начин да го привлече неговото внимание. Станува збор за мисија вредна 6 милиони долари и ослободување на Хантер, во која Дени мора да го одмазди шеикот за убиствата на неговите три синови. Најтешкиот услов што мора да го исполни е убијците да го признаат делото на камера, а потоа да бидат убиени на начин кој ќе изгледа како несреќа за никој да не се посомнева.

Приказната станува комплицирана, бидејќи синовите на шеикот се убиени од страна на британска тајна служба. Од другата страна, Спајк (Клајв Овен) е водач на здружение чија мисија е да ги заштити агентите кои ги имаат извршено тие убиства. Два спротивставени тимови со различна мисија за исти луѓе…
Кога и како да го гледате:
rn
rnrnГлавни ликови: Џонатан Прајс,rnrnРоберт де Ниро, Кетрин Хелмонд, Јан ХолмrnrnРежисер: Тери ГилиамrnrnЖанр: драма, фантазија, научна фантастикаrnrnВреметраење: 132 мин.rnrnПремиера: 18 декември 1985rnrnЈазик: англискиrnrnМузика: Ари БаросоrnrnНаша оценка: 10/10rnrn
rnrnКинематографија: Бразил е помеѓу првите пет од 20те најдобри филмови со научно-фантастична тематика, како и меѓу првите 10 на листата од 50 култни филмови. Изгласан е за најдобар филм во 1985 година. Филмот го има визуелниот стил и имагинацијата што го прави прекрасен за гледање, но и неговите идеи кои го прават филмски класик.rnrn
rnrnКога и како да го гледате? Филмот е „измислен“ да биде гледан во оние моменти кога знаете дека сакате да видите нешто квалитетно, легендарно, нешто од што ќе можете да научите многу и нешто што ќе ве натера да размислувате. Тој можеби засекогаш ќе го смени начинот на кој ги резонирате работите околу вас.rnrnСлични филмови: „Дванаест мајмуни“ (Twelve Monkeys), „Имагинариумот на доктор Парансус“ (The Imaginarium of Doctor Parnassus), „В за Вендета“ (V for Vendetta)