КАФЕ ПАУЗА

Tag: Рис Витерспун

  • Легално русокоса: 10 поучни лекции од непоколебливата Ел Вудс

    Легално русокоса: 10 поучни лекции од непоколебливата Ел Вудс

    Русокосата адвокатка Ел Вудс ги освои срцата на гледачите со својата искреност, оптимизам и вербата во своите цели дури и тогаш кога другите ѝ се потсмеваа поради нив. Оваа омилена филмска русокоса беше отелотворена од страна на актерката Рис Витерспун која денес го слави нејзиниот 42-ри роденден. По тој повод, да се потсетиме на лекциите кои ги научивме од непоколебливата Ел Вудс…rnrn„Легално русокоса“ (Legally Blonde): 10 поучни лекции од непоколебливата Ел Вудсrn

    1. Не му дозволувајте на туѓото мислење да ви застане на патот

    rn„Студиите по право се за здодевни, грди и сериозни луѓе, а ти не си ништо од тоа“. Ова се зборовите што Ел Вудс ги слушна од нејзиниот татко откако им соопшти на родителите дека сака да студира на Харвард. Грижливите родители на Ел, како и другарките од сестринството сакаа да ја премислат, но не успеаја да ја спречат.rn

    2. Опкружете се со луѓе кои ги поддржуваат вашите цели

    rnКога тргна на Харвард, Ел Вудс на почеток не најде пријатели кои ќе ја поддржат во остварувањето на нејзините цели, но затоа најде такви пријатели надвор од Харвард. Таа се спријатели со Паулет кај која одеше на маникир и двете станаа многу блиски, а ја поддржуваа и пријателките од родниот град Маргот и Серена. Секако дека тука беше и Емет, со кого подоцна започна љубовна врска. Таа не им дозволи на злите јазици да ѝ ги уништат студиите се опкружи со луѓе кои ја поддржуваа.rn

    3. Претворете ги лошите ситуации во добри

    rnЕл беше уверена дека Ворнер ќе ја запроси, но тој сосема неочекувано ја прекина врската и многу ја повреди. Многумина знаат како е тоа… Ел некое време беше тажна, но тогаш одлучи да извлече нешто позитивно од целата ситуација и да го следи Ворнер на Харвард. Кога го виде Ворнер со неговата свршеница, сосема оправдано се почувствува вознемирено и шокирано. Но, на крајот, кога беше избрана за најдобар студент во нејзината генерација, таа стана најдобра пријатела со поранешната свршеница на Ворнер и ја пронајде својата вистинска љубов.rn

    4. Не дозволувајте другите да ве обесхрабрат

    rnКога пристигна на Харвард, другите ја доживуваа Ел како типична глупава русокоса и го исмејуваа нејзиниот стил на облекување. Но, наместо да биде непристојна и да се обидува да ги увери во спротивното, Ел и понатаму продолжи да се однесува на истиот начин. Ел беше исмејувана и од страна на колегите приправници со кои работеше на случајот, но само по еден разговор таа успеа да добие алиби за осомничените.rn

    5. Ако нешто ви делува сомнително, тоа значи дека навистина е сомнително

    rnЕдна од пресвртните сцени во филмот е онаа кога професорот Калахан ќе ја викне Ел во својата канцеларија за да ѝ честита. Но, тој се обиде да ја убеди дека ќе мора да спие со него, ако сака да напредува во својата кариера. Ел го одби, разочарана што нејзиниот ментор го откри своето вистинско лице. Сепак, не дозволи тоа да ја поколеба и продолжи понатаму потпирајќи се на своите способности и знаење. Оваа сцена служи како потсетување дека никој не треба да толерира сексуално вознемирување за да успее во кариерата.rnrn„Легално русокоса“ (Legally Blonde): 10 поучни лекции од непоколебливата Ел Вудсrn

    6. Не плашете се да преземете водство

    rnЕл знаеше како да победи во правниот случај, но никој друг не беше уверен во нејзината теорија дека Брук, која беше осомничена за убиството на нејзиниот сопруг, е невина. Сепак, оваа малечка русокоса беше доволно упорна и самоуверена за да преземе водство. Ако знаете дека сте во право, немојте да се откажете и одете напред.rn

    7. Пренесувајте го своето знаење

    rnВо последната сцена од филмот, Ел се сети на своите почетоци на Харвард и го сподели нејзиното искуство со другите студенти. Секогаш наоѓајте начин да го пренесете своето знаење на другите.rn

    8. Уживајте во успехот, но не губете желба за напредок

    rnПрвичната цел на Ел беше да се запише на Харвард за го импресионира поранешното момче, Ворнер. Кога ѝ успеа тоа, таа мислеше дека го постигнала тоа што го посакувала, но набрзо сфати дека тоа не е доволно.rn

    9. Бидете им благодарни на луѓето кои ви помогнале да го остварите својот сон

    rnСобирањето и споделувањето информации е од клучно значење кога треба да дознаете нешто или сакате да напредувате во кариерата. Откако ќе ја постигнете својата цел, што треба да направите? Заблагодарете им се на луѓето кои ви помогнале, исто како што Ел ѝ се заблагодари на Паулет.rn

    10. Секогаш бидете што е можно подобри пријатели

    rnВо некои моменти од филмот се чини дека Ел Вудс е девојка која ги минува деновите прогонувајќи дечковци. Но, во реалноста, Ел секогаш најпрво се грижи за своите пријателки. Таа е претседателка на нејзиното сестринство и сите девојки ја почитуваат и ја признаваат нејзината титула. Таа ѝ помогна на Паулет да го освои поштарот во кој беше заљубена и да го земе своето куче од поранешниот сопруг.rnrnПрочитајте ги и следниве 17 животни лекции што ги научивме од чик-флик филмовите.

  • Лекции за безвремена убавина

    Лекции за безвремена убавина

    Дали би сакале да имате совршена холивудска шминка? Следете ги следниве инструкции и лесно ќе ги совладате лекциите за безвремена убавина.rn

    Густи трепки како Кетрин Рос

    rnЗапочнете со виткање на трепките, почнувајќи од коренот кон врвовите. Повторете го виткањето неколку пати така што ќе добиете изглед на природно извиткани трепки. Потоа нанесете два слоја маскара за издолжување на трепките. За да добиете ефект на мачкини очи, нанесете подебел слој маскара на трепките кои се наоѓаат на надворешниот агол од окото. Вишокот маскара избришете го со хартиено марамче. На крај, поминете ги трепките уште еднаш со посебно чешле за да одделат едни од други.rnrnЛекции за безвремена убавинаrn

    Веѓи како Синди Крафорд

    rnЗа да постигнете природен изглед на веѓите, користете молив за веѓи во боја која е најслична со бојата на влакната. Исклучок од ова правило може да направите ако имате премногу светли веѓи. Во тој случај дозволено е да користите молив за веѓи кој е за нијанса потемен од бојата на влакната. Со моливот поминете покрај горниот раб на веѓите, а потоа пополнете ги само проретчените делови. Потезите треба да бидат кратки и брзи. За беспрекорен финиш, поминете ги веѓите со четка која ќе го апсорбира вишокот молив.rnrnЛекции за безвремена убавинаrn

    Мачкини очи како Софија Лорен

    rnНајлесен начин да го постигнете ефектот на мачкини очи е да користите туш за очи во вид на молив. Содржината на ваквиот туш е иста, разликата е само во тоа што тушот во вид на молив е полесен за употреба. За прецизно исцртување на окото, најдобро е да го потпрете лактот на стабилна површина. Започнете да го цртате окото од внатрешниот агол, поминувајќи покрај трепките. Завршете ја линијата така што ќе ја задебелите и ќе ја закосите на крајот од надворешниот агол на окото.rnrnЛекции за безвремена убавинаrn

    Румени образи како Кристи Бринкли

    rnКога се работи за руменило, постои само едно правило – посветлиот тен бара посветли розови нијанси на руменило. Не заборавајте дека какво руменило и да користете, секогаш избегнувајте ги руменилата кои содржат блескави пигменти затоа што тие не изгледаат природно. Пред да нанесете руменило, добро дефинирајте ги образите. Погледнете се во огледало, насмевнете се и ќе ги забележите контурите на образите. Руменилото нанесете го со брзи и кратки движења, во насока од центарот кон надворешниот дел на образите. Најдобро е да користите четка со средна големина и меки влакна.rnrnЛекции за безвремена убавинаrn

    Црвени усни како Лорен Бекол

    rnМногу е важно нијансата на црвениот кармин да одговара на тенот на кожата. Ако имате потемен тен, одберете темно црвен кармин, а ако на вашата кожа се забележуваат жолти нијанси, тогаш одберете кармин кој ќе биде мешавина од црвена и портокалова боја. Пред да го нанесете карминот, ставете балсам на усните и почекајте неколку минути додека да се впие. Ова посебно важи за сувите и испукани усни. Потоа нанесете го карминот и почекајте уште неколку минути додека и тој да се апсорбира. На крај отстранете го вишокот кармин со хартиено марамче.rnrnЛекции за безвремена убавинаrn

    Зачадени очи како Ракел Велч

    rnЗа да постигнете ефект на зачадени очи, нанесете сива сенка за очи на целиот очен капак, која постепено ќе станува побледа кон веѓите. Со помош на тенка четка за очи нанесете јагленесто-сива сенка покрај горните и долните трепки. Наместо сенка за очи, во овој случај може да употребите и црн молив за очи. Со четка поминете неколку пати преку целиот очен капак. На тој начин ќе ги измешате нијансите и ќе создадете зачаден, маглив ефект.rnrnЛекции за безвремена убавинаrn

    Розови усни како Рис Витерспун

    rnАко се одлучите за розов кармин, важно е да одберете нијанса која ќе додаде топлина во целокупниот изглед. Најдобро е розовиот кармин да се искомбинира со шминка во бели нијанси. За да делува поромантично, со помош на прстите натапкајте го карминот на усните. Комплетирајте го изгледот со малку руменило на образите.rnrnЛекции за безвремена убавинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вода за слонови (Water for elephants)

    Вода за слонови (Water for elephants)

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnОна што ви се чини премногу далечно, може за миг и вам да ви затропа на вратата. Подгответе се за неочекувана животна бура.rnrnВода за слонови (Water for elephants)Режија: Френсис Лоренс („I am Legend“; „Constantine“)rnrnУлоги: Роберт Патинсон, Рис Витерспун, Кристофер ВалцrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 април 2011rnrnЖанр: љубовна драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn—————————————————————————————————————————————————rnСтанува збор за филм кој ќе ве остави без здив и со „грутка“ во грлото. Романтична драма базирана на истоимената новела на Сара Груел… Ќе ве однесе во ерата на прохибицијата и на депресијата, карактеристични за триесетите години на минатиот век. Но, ќе ви покаже и како да истраете во вакви тешки периоди и да зачекорите по нов животен пат.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Во квалитетни 120 минути е претставена судбината на Џејкоб (Роберт Патинсон), млад студент по ветерина кој по смртта на неговите родители е принуден да го напушти факултетот. Неговиот удобен и исполнет живот, за кус период се претвора во буквална борба за опстанок.rnrnОткако ќе му ја одземат куќата, тој без „скршена“ пара во џебот се приклучува на патувачки циркус кој сонот за успешен доктор по ветерина, ќе му го замени со кошмар. Џејкоб, ќе се соочи со немилосрдно дресирање и злоупотреба на животните.rnrnПреку симпатиите и особениот интерес за новиот слон кој ќе пристигне во циркусот, како замена за дотогашната главна атракција, тој ќе ја пронајде вистинската, но во моментот и забранета љубов, Марлена (Рис Витерспун). Таа е главен изведувач во циркусот, но во исто време и сопруга на неговиот злобен сопственик, Август (Кристофер Валц).Вода за слонови (Water for elephants)Вода за слонови (Water for elephants)Режисерот, преку глевиот лик во филмот испраќа недвосмислена порака за ненадејниот пресврт кој може да му се случи на секој од нас, во кој било момент од животот. Младиот Џејкоб храбро и подготвено чекори низ ужасот, кој ќе му го приреди лицемерниот и алчен Август. Во ниту еден момент нема да се откаже од љубовта која исто така, одненадеж ќе го „здрма“.Вода за слонови (Water for elephants)Вода за слонови (Water for elephants)Кога и како да го гледате филмот: Оваа драма е одлична, со неа да го завршите денот. Сеедно е дали ќе ја гледате со вашите пријатели или сами, бидејќи и во двата случаи, приказната ќе ве натера добро да размислите и да ги преиспитате вредностите и целите што сте ги поставиле во животот.Вода за слонови (Water for elephants)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.