Дали некогаш сте посакале да бидете дел од некоја од новогодишните прослави низ светот, проследени со одлична забава, огномети и светлосни шоуа? Во продолжение ви ги споделуваме најубавите локации на светско ниво за дочек на новата година.rnrn
rn
1. Париз
rnПариз е на првото место на нашата листа со новогодишни прослави не само поради магичната Ајфелова кула туку и Триумфалната капија на Елисејските полиња која го одзема здивот! Колкумина од вас посакале овде да ја дочекаат новата година со чаша вино во раце?rnrn
rn
2. Лас Вегас
rnЗа време на новогодишната ноќ, центарот на Лас Вегас е исклучен за сообраќај што обезбедува голем простор за илјадниците посетители. Градот познат ширум светот како „градот на гревот“ навистина знае како да се забавува на најлудата ноќ. Спектакуларните огномети на полноќ ја доловуваат еуфоричната атмосфера, а забавата продолжува во безбројните казина и ноќни клубови.rnrn
rn
3. Тајмс Сквер, Њујорк
rnСигурно ви е познато како изгледа прославата на новогодишната ноќ во Њујорк: сцени од истата се дел од безброј филмови и реклами. Овде новогодишната прослава е сè што би помислиле дека може да биде: забавна, возбудлива, гласна и фантастична! Иако зимата во Њујорк знае да биде навистина ладна, сепак ладното време не го намалува чувството на еуфорија и возбуда за време на новогодишниот пречек бидејќи сте опкружени со илјадници луѓе чија позитивна енергија се шири насекаде околу вас.rnrn
rn
4. Сиднеј
rnСо причина новогодишниот пречек во Сиднеј е еден од најспектакуларните ширум светот. Секоја година се организира шоу со фантастичен огномет и светлосни инсталации околу сиднејското пристаниште, сиднејскиот заливски мост и сиднејската опера. Иако за нас новогодишната ноќ претставува студена зима, топли џемпери, топло чоколадо и шампањ, овде можете да ја дочекате облечени во летна облека! Сигурно ќе биде поинакво искуство за оние од нас навикнати да го славиме почетокот на новата година со замрзнати прсти.rnrn
rn
5. Лондон
rnЛондон е една од најпримамливите европски метрополи кога станува збор за новогодишниот дочек. Во целата еуфорија невозможно е да се пропуштат шарените огномети над Биг Бен, а претпоставуваме дека чувството да се биде овде станува уште помагично кога камбаната ќе заѕвони на полноќ!rnrn
rn
6. Рио де Жанеиро
rnРио де Жанеиро е град кој плени со својот шарм и енергија, не само на новогодишната ноќ туку и преку целата година. Сепак, сигурни сме дека новогодишниот дочек во бразилскиот град би бил посебно и незаборавно искуство. Слично како во Австралија, и овде времето во овој период од годината е топло, идеално да облечете кратка облека и да се забавувате. За време на новогодишната прослава, придружете им се на илјадниците домашни и странски посетители на плажите Копакабана, Ипанема и Леблон, уживајте во огнометот и танцувајте, следејќи го ритамот на музиката!rnrn
rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со најспектакуларните локации за дочек на новогодишната ноќ, ви препорачуваме да прочитате и кои се 5-те најдобри онлајн-дочеци на Нова година што можете бесплатно да ги следите од вашиот дом.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

Првите асоцијации на Рио секогаш се карневалот, Копакабана и фудбалот, но ова видео покажува дека градот дише со живиот бразилски темперамент во секој ден од годината. Го претставува градот како збир на плажи, море, планини и специфична архитектура, сите заедно обземени од латино-американскиот дух, а покрај тоа додал и неколку кадри од живописните водопади 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn

Карневалот во Рио де Жанеиро започнал да се одржува пред повеќе од 150 години, кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на европска музика, како полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.
Карневалската парада ја сочинуваат дванаесет претходно избрани училишта за самба, а целиот настан всушност е натпревар помеѓу нив. Училиштата за самба можат да бидат вистински училишта за изучување на танцот или групи од пријатели или соседи кои сакаат да учествуваат. Секое училиште одбира тема која ја претставува преку костимите, танцот и музиката. На крајот од карневалот, жирито го избира победникот, кој добива право уште еднаш да го изведе своето шоу.


Училиштата за самба се составени од повеќе групи кои излегуваат по строго одреден редослед. Прво настапува предното крило, составено од десет до петнаесет луѓе чија цел е преку танц да раскажат кратка приказна со која ќе ги најават главната група и темата. Потоа на ред доаѓа главната група, поставена на движечка платформа. Во неа најважна е кралицата. Таа стои на видно место и го држи знамето со симболот на училиштето, а друштво ù прави уште еден член од групата чија задача е да го привлече вниманието на посетителите кон кралицата. Покрај нив танцуваат останатите членови, облечени во екстравагантни костими кои често се многу тешки. Останатиот дел од училиштето за самба, во кој има барем сто девојки, танцува покрај платформата.
Поворката од дванаесетте избрани училишта поминува на „Самбадром“, огромна улица околу која се поставени трибини за гледачите. Гламурозниот настан започнува околу девет часот навечер, а завршува дури следното утро.

Покрај на „Самбадромот“, забавата се случува буквално на сите улици и плажи во градот. За разлика од главната карневалска поворка, на уличните фестивали учествуваат буквално сите кои се наоѓаат во Рио. На улиците низ градот има безброј бендови кои свират во живо, а посетителите танцуваат и ја создаваат најголемата улична забава што може да се замисли.
rnrn


„Casa Folha“ (куќата лист), која е дело на архитектите 
Наместо стандардни врати, просторот го делат стаклени шибер врати, што му дава на домот широчина и топлина и овозможува да се оствари интеракцијата помеѓу човекот и природата. Ако ги отворите вратите, мирисот на морето ќе навлезе насекаде низ просторот.
Во овој дом сè е во знакот на природата и летниот период, кога сите грижи собрани во текот на годината, одеднаш исчезнуваат.
Ентериерот, исто како и листовите, е инспириран од природата. Мебелот, ѕидовите, подот, завесите и сè останато е искомбинирано во различни нијанси на земјени тонови, кои создаваат чувство како да живеете на некоја тропска плажа.





Осветлувањето во „Casa Folha“ е многу интересно, бидејќи сокриените светилки, успеваат да му дадат вистински карактер на овој дом, во вечерните часови.
Во секој случај, оваа куќа не изгледа ни малку полошо и во текот на денот, кога нејзиниот природен акцент, блеска со највисок сјај. 
rnrn






















