Маж и жена отишле на одмор на едно убаво езеро, меѓу другото познато и како добро место за риболов. Мажот сакал да лови риби штом ќе се раздени, но неговата жена сакала во тој момент во мир да чита книги.rnrn
rnrnЕдно утро, мажот, после неколку часа ловење риби, се вратил и одлучил малку да отспие, додека сопругата решила сама да го однесе чамецот на езерото. Таа го запалила моторот, го пронашла совршеното мирно и осамено место, го пуштила сидрото и ја земала книгата со цел да ужива читајќи во тишината. Брзо потоа дошол риболовниот инспектор со неговиот чамец, кој ѝ пришол на жената велејќи:rnrn„Добро утро, госпоѓо. Што правите?“rnrn„Читам книга“, му одговорила таа.rnrn„Вие сте на делот од езерото кој е резервиран за спортски риболов!“rnrn„Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам во чамецов и читам книга.“rnrn„Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој ви е потребен за риболов и што се однесува до мене, можете да почнете да ловите риби во секој момент. Ќе морам да ве одведам со себе до станицата и да поднесам пријава против вас“, ѝ рекол тој луто.rnrn„Ако вие навистина го направите тоа, тогаш и јас ќе поднесам пријава против вас, но за силување“, му одговорила смирено жената.rnrn„Но, јас не ве ни допрев“, извикал инспекторот.rnrn„Да, но вие го имате целиот потребен прибор за да го направите тоа и што се однесува до мене можете да почнете да ме напаѓате во секој момент.“rnrn„До гледање госпоѓо. Уживајте во овој убав ден…“, рекол тој и заминал.rnrnПоука: Не се расправајте со жена која чита. Многу е веројатно дека таа знае и да мисли. А, ако веќе се расправате со жена која чита и мисли, тогаш сфатете дека не можете да ја надмудрите!
Tag: риболов
-

Поучна приказна: Пазете се од жените кои читаат книги!
-

Малку поинаков одмор
Времето за одмор е драгоцено. Затоа заборавете на многубројните туристички замки и поминете го одморот на места кои никогаш не би ви текнало да ги посетите…rnrn
rnХималаите, Тибет и Непал
rnПатувањето во Непал и Тибет може да биде напорно заради надморската височина, невообичаената храна и лошиот пат. Но ова патување истовремено ќе ви понуди древна култура и спектакуларен пејзаж, кои се загрозени од страна на политичките конфликти и немилосрдниот притисок на модерното време.rnrnРутата води преку високи планински премини и длабоки клисури, од античкиот град Ласа во Тибет до базниот камп на Монт Еверест и понатаму до Катманду, Непал. По патот може да се посетат палати, манастири и храмови, вклучувајќи го и комплексот што некогаш беше дом на Далај Лама.rnrn
rnКостарика
rnАко имате вишок енергија и сте зависник од адреналин, Костарика нуди места за активности кои го зголемуваат адреналинот, како што е возењето велосипед по стрмни и тесни патеки, спуштање со јаже преку река или рафтинг длабоко во џунглите. Доколку ви здодеат ваквите активности, може да се релаксирате на песочните плажи покрај бистрата вода на Карибите.rnrn
rnГолемите Атласи, Мароко
rnВозењето велосипед по сувите речни корита и патеките од чакал е вистински предизвик за љубителите на велосипедизмот. Патеката поминува низ планините познати како Големи Атласи и Анти Атлас. Пејзажот е разновиден, од древни берберски села до бујни оази.rnrnОстрите планини и длабоките клисури ќе го направат искачувањето долго и тешко, а симнувањето брзо и лесно. Доколку сакате оваа авантура да ја доживеете за осум дена, ќе треба да поминувате во просек по 28 милји дневно.rnrn
rnКилиманџаро, Танзанија
rnАфриканската планина Килиманџаро е висока 5.895 метри со што претставува највисока планина на континентот. И покрај оваа висина, Килиманџаро нуди спектакуларен поглед и од места кои се не само пониски, туку и полесни за искачување.rnrnДоколку тргнете кон врвот рано наутро, веќе во попладневните часови ќе успеете да го освоите. Ова е така затоа што, за разлика од Алпите и Хималаите, Килиманџаро е опкружен со рамно земјиште што овозможува и прекрасен поглед.rnrn
rnКикладите, Грција
rnКикладите се одлична дестинација за одмор за сите кои уживаат во пливањето. Местоположбата на овие острови ќе ви овозможи да пливате од еден до друг остров покрај чамците за безбедност. Поискусните пливачи може да ги истражуваат подводните карпи и камените плажи, додека оние кои го преферираат копното може да ги истражуваат древните села.rnrn
rnЗападна Словенија
rnИдеално место за одмор за страсните риболовци е западниот дел на Словенија. Кристалните реки и потоци кои се создаваат со топење на снегот од Алпите, се дом на различни видови риби, како што се Дунавскиот лосос, кафеавата и мермерната пастрмка. Ако се одлучите за западна Словенија, задолжително посетете го градот Медводе (чие име значи „меѓу водите“), кој се наоѓа меѓу реките Сава и Сора.rnrn
rnПатагонија, Аргентина
rnПатагонија се смета за едно од идеално студените дестинации кои нудат природна убавина, див свет и бескраен простор. Турата започнува со едно урбано искуство – возење велосипед или пешачење од Буенос Аирес. Јужно од Буенос Аирес е предвидена посета на Националниот парк. Патагонија изобилува со мраз, глечери, борови шуми, тревни рамнини и див свет за кој е специфична патагониската лама.rnrn
rnМонголија
rnВеќе илјадници години коњите имаат централно значење за културата на номадски народи во Монголија. Со помош на монголското пони може да ја посетите татковината на древното племе Tsaatan, каде што ќе искусите шамански ритуали, јавање и молзење ирваси и спиење во шатори.rnrnИсклучок за туристите има само во однос на седлата за јавање. Секој посетител има право да одбере руско фино изработено седло од кожа, наместо традиционалното дрвено седло.rnrn
rnАнтарктик
rnБританскиот истражувач Сер Ернест Шеклтон и двајца членови на неговиот екипаж влегоа во историјата во 1916 година, кога го преминале Антарктикот и стигнале до Јужна Грузија, барајќи помош за спасување на 22 членови од Транс-антарктичката експедиција, кои биле целосно беспомошни кога нивниот брод бил уништен од санта мраз.rnrnПочнувајќи од 2010 година, секоја година се реализира тура на Антарктикот, во вид на експедиција, составена од 12 ски-истражувачи кои го следат патот на Шеклтон, поминувајќи 20-километарски опасен, покриен со снег и стрмен терен.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Рибарски селца над вода
Живот над вода и меѓу карпи. Ова е најкусиот и најдобар опис за секојдневието на жителите од рибарските селца, кои се наоѓаат во близина на брегот од виетнамскиот остров Кат Ба. Нивните домови буквално лебдат над вода. Тие научиле да живеат од она што можат да го најдат во нејзините длабочини, од растенијата и од животинскиот свет во морето. Главно заработуваат и опстануваат од риболов.

Животот во специфичните „лебдечки“ селца е интересен, необичен, но ни малку лесен. Освен неколкуте мали плодни делови почва на островот, останатиот дел од теренот е карпест и неповолен за какво било земјоделие. Затоа, изреката „Водата живот значи“, за овие луѓе е животно мото. 
Во моментот, на ваков начин живеат речиси 4.000 жители. Нивниот број порано бил значително поголем, но во текот на 70-те и 80-те години, тешкиот живот ги натерал да заминат оттаму и да побараат подобра егзистенција. Со нивното заминување, се намалила рибарската флота, односно столбот на необичните села.
Но, овие Виетнамци-печалбари не го заборавиле нивниот роден крај, се вратиле и инвестирале во сиромашното копно. Направиле вистински хотелски бум и развиле туризам во јужниот дел од островот. Никнал град, кој од 1997 година, почнал рапидно да расте и набрзо станал туристички центар. Таму денеска живеат 13.000 жители. Со ова, од сиромашно место, островот се трансформирал во омилена летна атракција за домашните туристи. Во текот на годината, тој бележи и голем број посети од странски туристи, кои пак, се повеќе заинтересирани за неговите помалку истражени делови.
Кат Ба е најголемиот и засега единствен населен остров во архипелагот Халонг Беј, во северниот дел на Виетнам. Останатите 336 острови се всушност пусти и високи карпи. Во 1986 година, половина од Кат Ба и 90 квадратни километри од водената површина, биле прогласени за национален парк. Целта е да се заштити уникатниот еко-ситем, кој вклучува зелени суптропски шуми, слатководни мочуришта во подножјето на ридовите, крајбрежна мангрова шума… Иако, поголемиот дел од крајбрежјето се состои од карпести гребени, постојат и неколку песочни плажи, скриени во малите заливи.
И покрај заштитата на овие природни убавини, островот сепак, се соочува со бројни проблеми во однос на животната средина. Во последните неколку години, со забрзаниот развој и зголемувањето на туризмот, се зголемил и незаконскиот лов, прекумерниот риболов и загадувањето на водата…
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Народите на Сибир
Малубројните нации во Северна Азија заедно претставуваат богат и стар збир од народи и култури. Се создале под влијание на вековните миграции и инвазии од сите страни, вклучувајќи ги Персијците, Турците, Русите и Кинезите. Денешните политички поделби не секогаш се сообразени со историјата на тамошните народи, но, сепак, им го даваат новото чувство на национален идентитет, покрај, изворниот, етничкиот.

rnrn
Евенки
rn
- rn011
- Население: 33.000 во Русија, 34.000 во Кина
- Јазик: евенски (тунгунска гранка од алтајската група, сродни со јазикот маџу во Кина), руски, монголски, јакутски
- Вера: шаманизам
rn011
rn011
rn
rn
Евенките живеат насекаде низ тајгите на Сибир, Монголија и Кина. Кинеските Евенки се фармери кои одгледуваат овци, а речиси половина од руските Евенки се занимаваат со традиционалното стопанство, засновано врз одгледувањето ирваси, со лов (заради храна и крзно) и со риболов. Тие одгледуваат припитомени ирваси кои им служат за влечење и добивање млеко. Тие се мали ирваси, па затоа се јаваат седејќи на нивните рамена, а не на грбот. Евенките не ги јадат своите ирваси бидејќи ги сметаат за многу вредни во нивната култура. Шаманизмот е нивната религија (зборот шаман потекнува од евенскиот јазик) и има големо влијание.
rnrn
Јакути (Саха)
rn
- rn011
- Население: 380.000
- Јазик: јакутски (од групата северни туркиски јазици), руски
- Вера: руска православна црва од преобратувањето во 17 век
- Место: Република Јакутија, Русија
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Јакутите или Саха, како што сакаат самите да се нарекуваат, се најголема автохтона група од народите во Сибир. Ја населуваат Јакутија – најголема административна единица во Русија, огромен појас во источен Сибир, кој ја опфаќа и областа Верхојанск т.н. Студен пол, каде температурата се спушта и под -60. Се населиле во 13 век, веројатно со ширењето на турските народи кон север. Со себе ги донеле знаењата за одгледување добиток, посебно коњи, кои ги приспособиле на живот при ниски температури. Нивната култура цветала благодарение на трговијата со Русија, но економијата под власта на Сталин им била насилно колективизирана.
rnrn
Ненци
rn
- rn011
- Население: 34.000
- Јазик: ненецки (сроден со финскиот и лапонскиот), руски
- Вера: ненецка вера со примеси на анимизам и шаманизам
- Место: Артичка Русија од двете страни на Урал
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Ненците живеат во зоната на поларниот круг и претставуваат најсеверни жители на Европа (бидејќи живеат и на европската страна на Урал). Нивната татковина е Јамалскиот полуостров (Јамал, значи „крај на светот“). Тие самите се нарекуваат Ненет што значи „исконски човек“ и тие се дел од поголема група наречена Самоеди. Благодарение на својата изолираност, ненеската култура им одолеала на руските христијански мисионери, а потоа и на колективистичките амбиции на советските власти. Тие се номади, не населуваат трајно некоја област, туку се селат два пати годишно со своите ирваси. Нивната древна вера е анимистичка (секој предмет во природата, жив или нежив, има свој дух).
rnrn
Чукчи
rn
- rn011
- Население: 15.000
- Јазик: чукотски (еден од чукотско-камчатските јазици на рускиот далечен Исток), руски
- Вера: руска православна црква, шаманизам, анимизам
- Место: североисточен Сибир
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Според надворешниот изглед, облеката и културата, Чукчите многу личат на автохтоните артички народи на Северна Америка. Повеќе Чукчи живеат во својата автономна област на Чукотскиот Полусотров. Крајбрежните и континенталните Чукчи имаат различен начин на живеење.
Континенталните се полуномади и одгледуваат ирваси, а крајбрежните се рибари и ловци на морски цицачи. Тие имаат слична традиција со народите на Алјаска. Чукчите во текот на 20-от век му давале оружен отпор на советскиот режим, па затоа земјата им била одземена и загадувана од индустријата и нуклеарните проби.
rnrn
Тувинци и Алтајци
rn
- rn011
- Население: 240.000 тувинци и 69.000 алтајци
- Јазик: тувински, алтајски, руски, кинески
- Вера: будизам, бурханизам (микс на будизам со шаманизам), ислам, христијанство
- Место: Тувинска Република, Монголија и Алтајска Република, Русија
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Тувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија.rn
Алтајците се извор на шаренило од јазици. Тие се полуномадска заедница на сточари, но повеќето од нив Русите ги натерале на постојан живот. Дури некои од Алтајците, кои не се номади, чуваат јурт (традиционален номадски шатор).
