КАФЕ ПАУЗА

Tag: режисер

  • 10 цитати од Алфред Хичкок за стравовите и жените

    10 цитати од Алфред Хичкок за стравовите и жените

    Изгледа дека Хичкок бил чуден и непредвидлив исто како и неговите филмови. Имал многу фобии кои настанале од детството, бил крут и за некои бил гениј, а за некои луд и лош човек.rnrn10 цитати од Алфред Хичкок за стравовите и женитеrnrnБил опсесивно врзан за русокоси, кои ги имале главните улоги во неговите филмови. Со цел да го извлече максимумот од нив, понекогаш се служел и со морбидни трикови. Џенет Ли кој ја имала главната улога во филмот „Психо“ (Psycho), изјавила дека Хичкок ѝ ставил змија во кадата за таа да вриска погласно. Неговите изјави и денес се повторуваат и ја оправдуваат неговата репутација, па прочитајте некои од најпознатите.rn

    „Секогаш обидувајте се публиката да пати што е можно повеќе.“

    rn

    „Филм, тоа е живот од кој се исклучени сите здодевни моменти.“

    rn

    „Јас сум филантроп – им го давам на луѓето она што го сакаат. Луѓето сакаат да почувствуваат ужас и страв.“

    rn

    „Во љубовта искуството не значи ништо. Всушност, кога ќе собереме доволно искуство за да можеме да бидеме совршени љубовници, тогаш сме веќе премногу стари за да можеме да го искористиме.“

    rn

    „Љубовта е партија карти каде што сите мамат. Мажите за да добијат, а жените за да не изгубат.“

    rn

    „Човекот не може да живее само од убиства. Потребно му е внимание, одобрување, поддршка, а повремено и по некој оброк.“

    rn

    „Се плашам од јајца, тоа бело тркалезно нешто без дупки… Дали некогаш сте виделе нешто погадно од разбивање јајце и пролевање на неговата жолта течност?“

    rn

    „Никогаш не сум ги сфаќал оние кои толку се занимаваат со сексот. Многу поважен ми е добриот оброк или гурманската вечера.“

    rn

    „Јас сум типичен режисер. Да ја снимав ‘Пепелашка’, луѓето автоматски ќе бараа леш во каучот.“

    rn

    „Должината на филмот треба да биде директно поврзана со издржливоста на човечкиот мочен меур.“

    rnПрочитајте ги и најмоќните цитати на сите времиња.

  • Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли Кјубрик

    Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли Кјубрик

    Легендарниот режисер Стенли Кјубрик, многу пред напредокот на технологијата, создал филмови за иднината, на кои не им се дораснати повеќето од модерните остварувања. Неговиот уникатен стил на режирање го издвојува од толпата и го вбројува во најдобрите. Ви препорачуваме дел од неговите најпопуларни дела, кои според многумина, се задолжителна филмска литература.Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли Кјубрикrn
    rn
    rn

    1. Очи широко затворени (Eyes Wide Shut)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јули 1999rnrnУлоги: Том Круз, Никол КидманrnrnВреметраење: 159 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Шокиран од признанието на неговата сопруга Алис (Никол Кидман) дека пред една година размислувала за неверство, д-р Бил Харфорд (Том Круз) се впушта во опасна ноќна авантура, која ќе го одведе на оргија под маски. Филмот е базиран на книгата „Новела за сонот“ од Артур Шницлер.rn


    rn

    2. Полна воена опрема (Full metal jacket)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: воена драмаrnrnЈазик: англиски, виетнамскиrnrnПремиера: 26 јуни 1987rnrnУлоги: Метју Модин, Адам Болдвин, Винсент Д’ОнофриоrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Во првата половина од филмот е прикажано регрутирањето војници во камп во Јужна Каролина, под команда на наредникот Хартман. Втората половина се одвива во Виетнам. Сега наредник е еден од регрутите, кој известува за случувањата на бојното поле за еден воен магазин.rn


    rn

    3. Сјаење (The Shining)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: хорор, мистерија, трилер, драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 мај 1980rnrnУлоги: Џек Николсон, Шели Дувал, Дени ЛојдrnrnВреметраење: 142 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Една студена зима, во потрага по инспирација, писателот Џек Торенс заедно со неговата сопруга и синот ќе замине на неколку месечен престој во изолиран хотел на планините во Колорадо. За време на престојот, кога големо невреме ќе ги отсече од цивилизацијата, ќе откријат дека хотелот е опседнат со духови.rn


    rn

    4. Бери Линдон (Barry Lyndon)

    rn

    Ретро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: авантура, драма, романса

    rnЈазик: англиски, германски, францускиrnrnПремиера: 18 декември 1975rnrnУлоги: Рајан О’Нил, Мариса Беренсон, Патрик МегиrnrnВреметраење: 184 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Во 18 век, во мало село во Ирска, живее Редмонд Бери, млад коцкар и кариерист, кој е лудо заљубен во неговата роднина Нора. Откако ќе го предизвика и ќе го победи на двобој нејзиниот вереник, Бери бега во Даблин. На патот ќе биде ограбен и немајќи друга алтернатива ќе ѝ се приклучи на Британската армија, а подоцна и на Пруската. Таму ќе остане сè додека не ја сретне богатата вдовица Линдон, со која ќе се ожени и ќе се пресели во Англија.rn


    rn

    5. Пеколен портокал (A Clockwork Orange)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: криминална драма, научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 2 февруари 1972rnrnУлоги: Малколм Мекдауел, Патрик Меги, Мајкл БејтсrnrnВреметраење: 136 минутиrnrnНаша оценка: 10rnrnКратка содржина: Дејството се одвива во футуристичка Британија. Алекс е млад и исклучително насилен човек кој отслужува казна затвор за убиство и силување. Тој е дел од експериментална владина програма, чија цел е да ги натера затворениците да го презираат насилството. Неговата казна ќе биде намалена и многу порано од очекуваното ќе се врати на улиците. Но, не оди сè по планот на владата…rn


    rn

    6. 2001: Одисеја во вселената  (2001: A Space Odyssey)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: авантура, научна фантастикаrnrnЈазик: англиски, рускиrnrnПремиера: 6 април 1968rnrnУлоги: Киер Дулеа, Гери Локвуд, Вилијам Силвестер, Дениел Рихтер, Леонард Роситер, Даглас РејнrnrnВреметраење: 141 минутаrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Филмот е приказна за еволуцијата. Човештвото забележува мистериозен објект закопан под површината на Месечината и со интелигентниот компјутер H.A.L. 9000 тргнува во потрага…rn


    rn

    7. Д-р Стрејнџлав (Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: комедијаrnrnЈазик: англиски, рускиrnrnПремиера: 29 јануари 1964rnrnУлоги: Питер Селерс, Џорџ К. Скот, Стерлинг ХајденrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Лудиот и параноичен генерал Мевосек започнува процес на нуклеарен холокауст, којшто група политичари и генерали во воената соба во Пентагон очајно ќе се обидува да го спречи.rn


    rn

    8. Лолита  (Lolita)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: драма, романсаrnrnЈазик: англиски, францускиrnrnПремиера: 12 јуни 1962rnrnУлоги: Џејмс Мејсон, Шели Винтерс, Сју ЛионrnrnВреметраење: 152 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Хамберт Хамберт е разведен британски професор кој заминува во мал американски град да предава француска литература. Тој започнува љубовна врска со вдовицата Шарлот, со којашто и ќе се ожени само за да може да биде блиску до нејзината ќерка, 14-годишната Лолита, во која лудо ќе се заљуби.rn


    rn

    9. Спартак (Spartacus)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: акција, авантура, биографијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 октомври 1960rnrnУлоги: Кирк Даглас, Лоренс Оливие, Жан СимонсrnrnВреметраење: 184 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Во 73 година п.н.е, тракискиот роб Спартак поведува бунт во гладијаторско училиште управувано од Лентулус Батиатус. Бунтот, на кој му се приклучуваат илјадници робови, набрзо се шири низ цела Италија. Планот е да се снабдат со доволно средства за да ангажираат бродови, кои ќе ги транспортираат во земји во јужниот дел на Италија.rn


    rn

    10. Патеки на славата (Paths of Glory)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: воена драмаrnrnЈазик: англиски, германски, латинскиrnrnПремиера: 25 октомври 1957rnrnУлоги: Кирк Даглас, Ралф Микер и Адолф МенжуrnrnВреметраење: 88 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Командант во Француската армија мора да се справи со бунтот на неговите луѓе и со болниот за слава генерал, откако дел од неговата единица влегува во оган без можност да го возврати нападот.rn


    rn

    11. Убиство (The Killing)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикrnrnЖанр: трилерrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 јуни 1956rnrnУлоги: Стерлинг Хајден, Колин Греј, Винс ЕдвардсrnrnВреметраење: 85 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Откако ќе излезе од затвор, Џони Клеј планира да го изврши својот последен грабеж и со тоа да стави крај на неговата криминална кариера и да се ожени со Феј. Ќе се обиде да украде два милиони долари од обложувалница на трки со коњи, додека трае една од трките.rn


    rn

    12. Бакнежот на убиецот (Killer’s Kiss)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: криминална драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 октомври 1955rnrnУлоги: Френк Силвера, Ирина Кејн, Џејми СмитrnrnВреметраење: 67 минутиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка содржина: 29-годишниот боксер од Њујорк, Дејви Гордон (Џејми Смит) се вљубува во својата сосетка, танчерката Глорија Прајс (Ирина Кејн). Љубовната врска им ја комплицира нејзиниот насилен шеф, Винсент Рапало (Френк Силвера), кој ќе се обиде да го убие Дејви и ќе ја киднапира Глорија.rn


    rn

    13. Страв и желба (Fear and Desire)

    rnРетро филмски маратон со култните дела на Стенли КјубрикЖанр: воена драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 април 1953rnrnУлоги: Френк Силвера, Пол Мазурски, Кенет ХарпrnrnВреметраење: 72 минутиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка содржина: Приказна за војнички тим чиј авион се урива во непријателска зона, во фиктивна војна. Групата предводена од потполковникот Корби бара начин безбедно да премине на пријателска територија.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Македонски филмски хроники

    Македонски филмски хроники

    Да се потсетиме на почетоците на македонската кинематографија. Што се случуваше на ова поле од 1905 до 1952 година, односно од амбициозните обиди на Манакиевци, па сè до смелиот потег на Воислав Нановиќ, да го создаде „Фросина“…Македонски филмски хроникиПрвите подвижни слики на браќата Јанаки и Милтон Манаки (првите филмски сниматели на Балканот), во кои нивната 114-годишна баба Деспина преде во дворот во родната Авдела, ја означија ерата на македонскиот филм. Емотивните кадри во нивниот пионерски подвиг, се направени во 1905 година, со 35 мм филмска камера „Bioscope Но.300“, во производство на Charles Urban Trading Co.rn

    rnТие продолжиле да снимаат панаѓури и свадбени и верски обреди, а три години подоцна, во 1908-та, на филмската лента ја ставиле и Младотурската револуција. На оваа тема изработиле три црно-бели документарци: 4-минутниот „Парада по повод Хуриетот“, 2-минутниот „Манифестации по повод Хуриетот“ и „Манифестации по повод Младотурската револуција“, кој исто така, трае само две минути.rnrnПокрај важните историски моменти, Манакиевци правеле снимки и од народните обичаи во земјата, танците, сцените од секојдневието… Во 1911 година, тие снимиле и три репопртажи. Првата е за посетата на турскиот султан Мехмед V Решад на Солун и Битола, втората за доаѓањето на романската делегација во Битола, Гопеш и Ресен, и третата за погребот на гревенскиот митрополит Емилијанос. 10 години подоцна, во 1921-та, браќата ја направиле и првата филмска проекција во дворот на нивното кино „Манаки“ во Битола…Македонски филмски хроникиВо 1923 година, македонската историја на филмот продолжува со Арсениј Јовков, по чие сценарио е снимен 10-минутниот документарец „Македонија“, финансиран од Илинденската организација. Филмот е поделен на два дела, а неговата цел била одбележување на 20-годишнината од Илинденското востание. За жал, сочуван е само првиот дел. Тој содржи фотографии и информации за македонските револуционери и за нивните родни места. На 2-ри август, снимено е пренесувањето на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од куќата на Михаил Чаков кон катедралната црква Света Недела во Софија, каде тие биле погребани.rn

    rn1935-тата, на сцена стапува доајенот на македонската документаристика и фотограф, Благоја Дрнков, со аматерскиот документарец „Католичка процесија“. Станува збор за црковен чин, претставен во шест филмски кадри. Процесијата се движи од Плоштадот кон Железничката станица во Скопје. Во кадрите, меѓу другото, се гледаат и Ристиќевата палата и Офицерскиот дом. Во овој период е снимен и филмот „Борба со петли“, на Никола Хаџи-Николов во соработка со Дрнков. Не е зачувана ниту една копија од него.rnrnТри години подоцна, дел од македонската филмографија стануваат и прилепчанецот Кирил Миноски и охриѓанецот Благоја Поп-Стефанија. Во 1938 година, двајцата пријатели реализирале три кратки филмови со 8 мм камера „Мовекс“. Миновски е заслужен за „Противпожарно друштво во Прилеп“ и „Деца крај езерскиот брег“. Првиот негов филм се состои од 53 кадри, а вториот од 8. Поп-Стефанија пак, го снимил филмот „На плажа“, составен од само 4 кадри.rnrnИстата година, Дрнков го изработил аматерскиот филм „Свадбата на Ферчо Стојанов и Вера Глигорова“. Преку 7 кадри, во него е прикажана типична свадбарска прошетка на младенци и сватови во Штип. Во еден од нив се појавува и поранешниот претседател Киро Глигоров, чија сестра е невестата во филмот.Македонски филмски хроники1939 е исто така, година на Благоја Дрнков. Тогаш ги реализирал филмовите „Едриличарски митинг“ и „Бомбардирана Битола“. Првиот е филмски запис за едриличарскиот митинг одржан 1939 година на Зајчев рид, Скопје. Тој содржи стотина кадри од целата манифестација. Вториот документарец, изработен во 20 филмски кадри, зборува за последиците од бомбардирањето на Битола, преку траорна слика од урнатини, потиштени лица кои чекаат во редици за парче леб…rnrnВо периодот помеѓу 1939 и 1940 година, македонската кинематографија станува побогата за уште еден авторски документарец. Снимен е 11-минутниот колор филм „Галичник“ на познатиот кумановски фотограф, Сифрид Миладинов. Во овој филмски запис, прикажано е како се враќаат печалбарите, претставени се убавините на Галичник и обичаите на Галичката свадба.Македонски филмски хроникиВо 1940 година охриѓанецот Поп-Стефанија снима уште еден аматерски филм со 8 мм камера „Мовекс“. Станува збор за насловот „Слет“. Во него низ 13 кадри прикажан е фискултурен слет на кејот покрај Охридското езеро.rnrnВо 1942-та, Дрнков изненадува со два нови филма: „Фудбалски натпревар меѓу Левски и Македонија“ и „Воен коњички натпревар“. Оваа година и пријателите Кирил Миноски и Благоја Поп-Стефанија уште еднаш ги здружуваат силите и го реализираат краткиот филм „Скијачи на Буково“.rnrnПо три години пауза, во 1945-та повторно доаѓа времето на Дрнков. Тој ги реализира филмовите: „Првомајска парада во Скопје 1945“, „Второто заседание на АСНОМ“, „Пречекот на Димитар Влахов во Куманово и Скопје“, „48-ма дивизија“ и „Свечено пуштање во употреба на железниот мост во Скопје“.Македонски филмски хроники1947 – реализирани се првите македонски документарни филмови во производство на „Филмско Скопје“. Во режија на Трајче Попов снимен е „Жито за народот“. Во него, тема е стопанството во Македонија во тој период. Вториот филм е „Во избори за нови победи“ на Дрнков, по сценарио на Коле Чашуле. Станува збор за првите избори за народни одбори во Македонија. Документарецот ја третира повоената изградба и  културниот, просветниот и стопанскиот живот во земјата.rnrnГодина подоцна, во 1948-та се случува „Сточарството денес“, во продукција на „Вардар филм“. Тој е 8-минутен документарец режиран од Киро Билбиловски, за процесот на одгледување овци, преработката на млекото и производството на сирење и кашкавал. „Вардар филм“ застанува и зад „Идните чувари на народното здравје“ и „Пред октомвриските фестивали“ на Дрнков, „Низ Пиринска Македонија“ на Трајче Попов и „Илинден 1948“ на Ацо Петровски.Македонски филмски хроники Во 1949 година „Вардар филм“ продолжува со документарните филмови. Снимени се „Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија“ на Трајче Попов и „11 Октомври“ на Благоја Дрнков.rnrnВеќе наредната година, следуваат документарците „Радосно детство“ на Дрнков, „Народна техника“ и „Памук“ на Кочо Недков, „Пет години НРМ“ на Киро Билбиловски и „По долината на Вардар“ на Трајче Попов. Филмот на Дрнков, во 23 минути го претставува процесот на воспитување и начинот на забава кај децата. 14 минути покусиот филм „Народна техника“ на Недков, зборува за техничката култура и знаењето по ослободувањето. Во неговиот втор наслов, режисерот го прикажува производството на памук во Македонија, во работната задруга на селото Градошарци. Билбиловски пак, во 40 минути, ги обработува темите: здравство, образование, социјална грижа, земјоделско стопанисување, сточарство, односно сите достигнувања на земјата по добивањето на државноста, а во три минути подолгиот документарен филм на режисерот Попов, прикажан е развојот на регионот по течението на реката Вардар.Македонски филмски хроникиВо 1951 година, македонската филмска индустрија брои нови 4 наслови. Снимен е документарецот „Културен живот во Македонија“, за кој режисерот Билбиловски добива награда за режија и камера, од страна на Владата на НРМ. Во 9 минути е прикажано одбележувањето на петгодишнината од Македонскиот народен театар и други културни институции и збиднувања. Оваа година е реализирано уште едно дело на Дрнков. Снимен е филм за изградбата на хидроцентралата Маврово, насловен „Маврово се гради“. И Трајче Попов изработува филм на иста тема. Во неговиот „Нашите први искри“ прикажани се активностите околу хидроцентралата во селото Тресонче, на реката Радика. Оваа година се појавува и „Свилен конец“ на Јово Камберски, филм за одгледување и индустриската преработка на свилениот кожурец.Македонски филмски хроникиИ 1952 – една од најважните години во историјата на македонската кинематографија. Продуцентската компанија „Вардар филм“ го сними првиот игран филм „Фросина“, во режија на Воислав Нановиќ, а по сценарио на Владо Малески. Во 79 минути, претставена е тешката судбина на македонската печалбарска жена, која ќе остане без своите деца… Во главните улоги се: Мери Бошкова, Петар Вељановски, Ацо Јовановски, Наѓа Подерегин, Петре Прличко и Илија Џувалековски. Филмот премиерно е прикажан на 28 јуни во скопското кино „Култура“.rn

    rnПокрај „Фросина“, оваа година се снимени и документарните филмови „Бели мугри“ на Трајче Попов и „Со бродот Македонија од Риека до Њујорк“ на Благоја Дрнков.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

    Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

    Дознајте нешто повеќе за легендарниот комичар Чарли Чаплин, за кого досега имавте прилика да прочитате што ја советувал ќерката Жералдин, како се почувствувал на својот 70-ти роденден или по кои зборови останал запаметен. Следуваат интересни факти за Чарли и неговиот бурен живот.rnrnФакти за фантастичниот Чарли Чаплинrnrn1. Чарли Чаплин е роден на 16 април, 1889 година, во Валворт, Лондон, само 4 дена пред германскиот диктатор, Адолф Хитлер. Фирерот му завидувал на огромната популарност која тогаш ја уживал Чарли, па решил да израсне мустаќи како неговите, за да биде подобро прифатен од луѓето.rnrn2. Во 1925 година, тој станал првиот актер кој се појавил на насловната страница на списанието „Time“.rnrn3. Чарли се пријавил на натпревар за човек кој најмногу личи на него и замислете освоил трето место.rnrn4. Отпечатоците од неговите стапала и дланки биле отстранети од Булеварот на славните во Холивуд, поради сомнежите дека е комунист. Подоцна истите биле изгубени.rnrn5. Украински астроном именувал астероид во чест на големиот актер. Го нарекол „3623 Чаплин“. Се наоѓа меѓу планетите Јупитер и Марс.rnrn6. Во 1985 година, неговиот лик за прв пат се појавил на поштенска марка во Англија. Девет години подоцна и американската пошта започнала да печати поштенски марки со неговата карикатура. Во Вотервил, Ирска пак е поставена бронзена статуетка со неговиот лик, а во музејот Мадам Тисо, Чаплин доби восочна фигура.rnrn7. Британските медиуми често го критикувале, бидејќи не се пријавил во војска за време на Првата светска војна. Вистината е дека Чарли се обидел да стане војник, но го одбиле со облазложение дека е премногу слаб и ситен.rnrnФакти за фантастичниот Чарли Чаплинrnrn8. Заслужен е за едни од најпрофитабилните филмови во ерата на немиот филм. Класикот „Златната треска“ (The Gold Rush, 1925) е на петтото место, со заработка од 4,25 милиони долари, а „Циркус“ (The Circus, 1928) на седмото, со 3,8 милиони.rnrn9. Компонирал преку 500 мелодии за своите филмови, а последниот филм што го гледал е „Роки“, во 1976 година.rnrn10. Неговиот ривал на професионално поле, американскиот комичар и режисер, Бастер Китон, во своите мемоари напишал дека Чаплин е најголемиот комичар кој некогаш се родил и најдобриот режисер на комедии.rnrn11. Тој се женел 4 пати во својот живот, а од браковите има вкупно 11 деца. Неговата ќерка Жералдин се појави на филмското платно во биографијата „Чаплин“ (Chaplin, 1992), во улога на мајката на легендарниот комичар, односно нејзината баба, Хана. По стапките на Чарли тргнале и ќерката Џозефин и синовите Ерл и Мајкл. И тие, исто така се актери. Ќерката Викторија пак, е циркузант.rnrn12. Во 1975 година, кралицата Елизабета Втора го одликувала со титулата витез.rnrn13. Чарли бил протеран од САД во 1953 година, откако одбил да земе американско државјанство. Живеел во Швајцарија сè до смртта. Починал во сон, на 88-годишна возраст, на 25 декември, 1977 година.rnrn14. Посмртните останки на Чарли Чаплин биле украдени во 1978 година, од страна на швајцарски механичари. Тие два месеци го уценувале неговото семејство. Барале откуп од 600 илјади долари. Но, набрзо биле уапсени, а неговите посмртни останки биле пројандени на 20 километри од гробиштата, закопани во ливада. Ги пронашол селанец, единаесет недели по кражбата. После овој инцидент, тие биле забетонирани два метри под земјата, со цел да се спречат нови обиди за кражба.rnrn15. Еден од неговите бастуни е продаден за 150 илјади долари, на аукција во 1987 година.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 познати фаци родени на петок 13-ти

    13 познати фаци родени на петок 13-ти

    Погледнете кој од познатите имал среќа да се роди на еден од „најнесреќните“ денови во годината 🙂 :rnrn

    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    1. Нејтан Бедфорд Форест – петок, 13 јули, 1821 година (поранешен американски генерал, трговец со робови и еден од лидерите на Кју Клукс Кланот)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    2. Боб Крејн – петок, 13 јули, 1928 година (американски актер, познат по неговата улога како полковник Кол Хоган во ТВ серијата „Хероите на Хоган“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    3. Диди Кон – петок, 13 јули, 1951 година (американска актерка, најпозната е по нејзината улога како Френчи во филмот „Брилијантин“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    4. Фидел Кастро – петок, 13 август, 1926 година (поранешен претседател на Куба и генерален секретар на Комунистичката партија на Куба)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    5. Алфред Хичкок – 13 август, 1899 година (британски режисер)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    6. Стив Бушеми – петок, 13 декември, 1957 година (американски актер, писател и филмски режисер)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    7. Кристофер Пламер – петок, 13 декември, 1929 година (канадски актер)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    8. Џулија Луис-Драјфус – петок, 13 јануари, 1961 година (актерка, најпозната по нејзината улога како Елејн Бенес во ТВ серијата „Сајнфилд“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    9. Питер Торк – петок, 13 февруари, 1942 година (музичар, актер и член на поп-групата „The Monkees“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    10. Семјуел Бекет – петок, 13 април, 1906 година (ирски писател, драматург и поет)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    11. Буч Касиди – петок, 13 април, 1866 година (познат американски гангстер)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    12. Дон Адамс – петок, 13 април, 1923 година (американски актер, најпознат по неговата улога како Максвел Смарт (Агент 86) во ТВ комедијата „Get Smart“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    13. Дариус Рукер – петок, 13 мај, 1966 година (американски музичар, фронтмен на рок групата „Hootie & the Blowfish“)

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куса турнеја низ холивудската историја

    Куса турнеја низ холивудската историја

    „Прошетајте“ низ Холивуд и откријте што се случувало зад филмското платно, како легендарните актери ги снимале познатите сцени, односно што сè се крие зад беспрекорниот филмски свет. Можеби ќе прочитате и по некој факт за вашиот култен филм, на кој досега не сте налетале…Куса турнеја низ холивудската историја1. Прв холивудски филм е „Во старата Калифорнија“ (In Old California, 1910), на режисерот Д. В Грифит. Станува збор за биографска мелодрама за млада шпанска девојка (Мерион Леонард), која има вонбрачен син со идниот гувернер на Калифорнија. Филмот е снимен за само два дена.rnrn2. Кога Хорас и Дајида Вилкокс во 1887 година го основале Холивуд се надевале дека тој ќе прерасне во религиозна заедница. Го искористиле времето на прохибицијата, кога со забраната на алкохолот, властите почнале да нудат бесплатно земјиште за оние што ќе изградат религиозни објекти.rnrn3. За снимање акции со коњи, на почетокот бил користен ефектот „Running W“, односно сопнување со жица. Начинот се покажал како нехуман, бидејќи голем број од животните завршувале со скршеници. Тоа е веќе одамна забрането.rnrn4. Најфилмуван автор е Вилијам Шекспир, со најголем број филмски верзии и адаптации на неговите дела.rnrn5. Најчесто портретиран лик во хорор филмовите е грофот Дракула, создаден од ирскиот писател, Брам Стокер (1847-1912).Куса турнеја низ холивудската историја6. Најстариот познат американски порнографски филм е „Free Ride“, снимен во 1915 година.rnrn7. Првиот Афроамериканец кој добил главна улога во игран филм е Сем Лукас (1850-1916), во „Колибата на чичко Том“ (1914). Првиот Афроамериканец пак, кој направил богата кариера во филмската индустрија е Нобл Џонсон (1881-1978).rnrn8. Холивудска ѕвезда со најмногу главни улоги во играни филмови е Џон Вејн. Се појавил во 153 филмски остварувања. Актер пак, со најмногу појавувања на филм, без разлика на улогата, е Џон Кередин (1907-1979). Добил дури 230 улоги.rnrn9. Во познатата филмска сцена од „Кум“ (1972), врисокот на актерот Џек Волц е спонтан, бидејќи тој не знаел за отсечената коњска глава во неговиот кревет, која пак била вистинска. Главата од животното била позјамена од страна на компанија за производство на кучешка храна. Ваквата пракса за потребите на филмот, во тој период била легална.rnrn10. Анет Келермен (1887-1975) е првата актерка која се појавила гола во филм. Станува збор за филмот „Ќерка на боговите“ (A Daughter of the Gods, 1916).Куса турнеја низ холивудската историја11. Во 1923 година е поставен првиот знак „HOLLYWOODLAND“ (подоцна скратен само во „HOLLYWOOD“). Знакот чинел 21.000 американски долари.rnrn12. Во филмот „Денот на мртвите“ (Day of the Dead), снимен во 1985 година, зомбијата всушност јадат мисиркини нозе на скара, специјално направени да изгледаат како човечко месо.rnrn13. Тројцата главни актери во „Бунтовник без причина“ (Rebel Without a Cause, 1955) починале прерано. Џејмс Дин загинал во сообраќајна несреќа, Натали Вуд се удавила, а Сал Минео бил избоден до смрт.rnrn14. Првите слики во движење ги направил Томас Едисон. Тој првично се противел на нивното прикажување на големото платно, бидејќи сметал дека гледањето „еден на еден“ би било многу попрофитабилно.rnrn15. Првата Афроамериканка – добитник на Oскар е Хејти Мекданиел, наградена во 1939 година, за најдобра споредна женска улога во филмот „Однесено од виорот“ (Gone with the Wind).Куса турнеја низ холивудската историја16. Првиот филм со заработка од над 100 милиони долари е „Ајкула“ (Jaws, 1975).rnrn17. По тешка битка со цензурата, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (1966) станал првиот филм со забрана за публика под 18 години.rnrn18. Во „Птици“ (The Birds, 1963) на Хичкок, истренирани птици биле фрлани директно во актерката Типи Хедрен. За секвенца, неколку од птиците биле врзани за неа со најлонски врвки за да не одлетаат. Снимањето било неколку пати прекинувано за да ù насликаат крв на нејзиното тело и да ù ја искинат облеката.rnrn19. Најпознатата сцена во „Егзорцист“ (The Exorcist, 1937), кога Реган (Линда Блер) ја врти главата за 180 степени, е снимена со кукла. Звукот на кршење на вратот бил произведен со виткање на стар кожен паричник околу микрофон.rnrn20. Адолф Хитлер на неговата „листа за истребување“ го ставил и Џек Ворнер (еден од директорите на студиото „Ворнер брадерс“), заради филмот „Исповеди на еден нацистички шпион“ (Confessions of a Nazi Spy, 1939).Куса турнеја низ холивудската историја21. „Планетата на мајмуните“ (Planet of the Apes, 1968) е филм со најголем буџет за филмска шминка. Изнесува дури 1 милион долари и претставува речиси 17% од вкупните трошоци.rnrn22. Филмот „Светлата на градот“ (City Lights, 1931) во режија на Чарли Чаплин, содржи најмногу, односно 324 филмски кадри во една сцена, со што засега го држи рекордот.rnrn23. Најдолгата филмска сцена е во „Blue Movie“ (1996) на Енди Ворхол, која содржи 35-минути непрекинато водење љубов меѓу Вива и Луис Валдон.rnrn24. Во „Рој“ (The Swarm, 1978) е собрана досега најголемата филмска екипа. Станува збор за 22 милиони пчели „вработени“ од страна на Ирвин Ален.rnrn25. Најскапиот црно-бел филм е „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (Who’s Afraid of Virginia Woolf, 1966). Вкупните трошоци за него изнесуваат 7.500.000 долари. Причина за тоа биле високите хонорари на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.Куса турнеја низ холивудската историја26. „Викинг“ (Viking, 1931) е филм со најмногу жртви во историјата на Холивуд. При неговото снимање загинале 27 лица, вклучувајќи ги режисерот и кинематографот. Несреќата се случила кога бродот на кој снимале, експлодирал од силен удар во глечер, во близина на Њуфаундленд.rnrn27. Во филмот „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz, 1939) биле ангажирани 124 џуџиња. Едно од нив пропаднало во тоалетот на студиото и таму било заробено сè до моментот кога го забележале неговото отсуство.rnrn28. Планетата Вулкан во „Ѕвездени патеки“ (1979) е всушност националниот парк „Јелоустоун“.rnrn29. Сага на самракот: Нова месечина (The Twilight Saga: New Moon, 2009) е филм кој најбрзо стигнал до заработка од 100 милиони долари.rnrn30. Оригиналниот наслов на филмот „Истерувачи на духови“ (Ghost Busters, 1984) бил „Судир со духовите“ (Ghost Smashers).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажба

    Сликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажба

    Филмот „Титаник“ засекогаш ќе остане запишан во историјата со златни букви поради неговите неоспорни успеси. Доколку паметите, тој беше номиниран во 14 категории на Оскарите одржани во 1998 година, а од нив победи во дури 11.rnСликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажбаЕдна од незаборавните сцени во филмот е кога Џек Досон, чија улога ја толкуваше Леонардо Дикаприо, ја слика Роуз, која е тотално разголена и легната на софа, а на нејзе го носи дијамантскиот ѓердан наречен „Heart of the Ocean” (Срце на океанот). Сликата всушност ја има нацртано режисерот на филмот Џејмс Камерoн.rnСликата со голата Кејт Винслет од „Титаник“ на продажбаТаа ќе се најде на аукцијата, која ќе ја организира фирмата „Premiere Props“ кои се многу среќни и задоволни што парче од легендарниот филм ќе се појави на нивната манифестација. Тие очекуваат сликата да достигне цена од околу 16.000 американски долари.

  • „Ритамот на Њујорк“ во 3 минути

    „Ритамот на Њујорк“ во 3 минути

    Двајца германски режисери (Tim Hahne и Thomas Noesner), кои биле во Њујорк за да снимаат реклама, направиле и еден неверојатен краток филм насловен „Ритамот на Њујорк“, а како музичка подлога за видеото употребиле аудио од настапот на еден тапанар во градското метро. Уживајте во видеото, повеќе пати.rn.rnrnrnrn rnrn