КАФЕ ПАУЗА

Tag: решителност

  • 8 особини на истрајните луѓе

    8 особини на истрајните луѓе

    Сигурно многупати сте слушнале за приказните како некој од „тотален аутсајдер“ станал еден од најуспешните луѓе во својата област. Што е тоа што најмногу ви го привлекува вниманието кај таквите луѓе? Дали е фактот дека тие ги оствариле своите соништа иако никој не верувал во нив? Или нивната истрајност да не се откажуваат кога ќе наидат на пораз? Во продолжение прочитајте за особеностите на истрајните луѓе.rnrn8 особини на истрајните луѓеrn

    1. Тие се оптимисти

    rnМотивацијата е една од клучните особини на успешните луѓе. Секако, кога работите се движат во посакуваната насока и не е така тешко да се задржи мотивацијата, но што се случува во спротивниот случај? За да останете мотивирани, треба да дозволите да ве води оптимистичкиот поглед кон иднината, исто како и истрајните луѓе.rn

    2. Тие планираат

    rnДоколку продолжите да се соочувате со предизвици и неуспеси, сосема е нормално да се запрашате дали чекорите во вистинска насока. Исто како и оние кои се истрајни, треба навремено да препознаете доколку чекорите по погрешен пат и да направите план по кој ќе се управувате.rn

    3. Тие се упорни

    rnКолку порано сфатите дека неуспехот е составен дел од животот толку подобро. Сепак, уште поважно е да сфатите дека клучната разлика помеѓу оние кои успеваат и оние кои не успеваат е упорноста. Не е точно дека успешните луѓе не се соочуваат со падови, туку едноставно тие никогаш не се откажуваат.rn

    4. Тие се дисциплинирани

    rnДисциплината претставува способност да го правите она што е неопходно да го направите во моментот кога треба да го направите. За повеќето, дисциплината е една од најтешките работи за совладување. Затоа е толку важно за некој кој е истраен да биде дисциплиниран.rn

    5. Тие се снаодливи

    rnСнаодливоста е показател за тоа колку некој е вешт во решавањето на секојдневните проблеми. Ова не се сведува само на мерење на интелектот и когнитивните способности. Истрајните луѓе можат да ја искористат снаодливоста за да ги обработат добиените информации како на интелектуално така и на емоционално ниво. Истражувањата покажале дека постои поврзаност помеѓу снаодливоста, комуникативноста, креативноста, и истрајноста. Ако сакате да бидете издржливи и истрајни, морате да почнете повеќе да ја користите креативноста за решавање на проблемите.rn

    6. Тие се трпеливи

    rnПроблемот е тоа што повеќето луѓе не се свесни за тоа колку време ќе им биде потребно за остварување на нивната цел. Доволно е да останете разумни и трпеливи во текот на целиот процес, а успесите ќе почнат да се редат лека-полека.rn

    7. Тие се свесни за процесот на растење

    rnИстрајните луѓе се добро запознаени со фактот дека не можете да ги постигнете целите преку ноќ и дека понекогаш не сте доволно созреани за да дојдете до целта која ја посакувате. Само доколку продолжите да вложувате во личниот развој, ќе можете да ги надминете животните предизвици.rn

    8. Тие се искрени

    rnИскреноста е чин на храброст бидејќи бара од вас да го направите она што е правилно, без оглед на околностите. Луѓето кои се истрајни знаат дека не секогаш нивните напори ќе бидат пропратени со љубов и поддршка, но сепак продолжуваат да го прават она за кое веруваат дека треба да се направи. Тие се пред сè искрени кон себе и веруваат во своите соништа. Затоа, најважно е да бидете искрени во поглед на она што сакате да го постигнете во животот и да бидете подготвени за сите можни ризици и предизвици.rnrnОткако ги прочитавте особините на истрајните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и како да останете позитивни доколку сте опкружени со луѓе кои ви предизвикуваат стрес.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Како да бидете понаметливи?

    Како да бидете понаметливи?

    Дали често се чувствувате како жртва? Дали сте членот од тимот кој го изработува целиот проект, а потоа им дозволува на другите да го претстават како сопствен труд? Доколку е така, погледнете ги неколкуте начини на кои можете да се промените и да станете понаметливи.rnrnКако да бидете понаметливи? rn

    Побрзо донесувајте одлуки

    rnКога ќе ве прашаат нешто, потрудете се уште веднаш да го кажете мислењето, без многу да размислувате. Така ќе оставите да ве води интуицијата и сигурно нема да погрешите. На пример, доколку имате многу домашна работа, а некој ви се јави да излезете, уште веднаш кажете дека не можете бидејќи тоа е вистинита и едноставно мора така да биде.rn

    Знајте што сакате

    rnМногумина што се чувствуваат како жртви во животот, всушност не знаат што сакаат, па и затоа им е тешко да се борат за себеси. Најважно е да имате визија за она што сакате да го правите, за да навистина успеете. Па така, доколку имате шанса за унапредување на работното место, покажете му на шефот дека вие сте тие што работат сѐ и дека навистина ја заслужувате позицијата.rn

    Поставете си реални очекувања

    rnЗа да бидете понаметливи, треба точно да знаете што може да очекувате од себеси и од другите. Доколку не се трудите доволно, не очекувајте да бидете најуспешни. Поставете си јасни цели и очекувања и постепено остварувајте ги.rn

    Пребродете ги стравовите

    rnМожеби луѓето не ве забележуваат доволно бидејќи самите сакате да се криете во сенка. Доколку вие сте го изработиле целиот проект, не дозволувајте друг, наместо вас, да го презентира јавно пред останатите. Не срамете се и пребродете го стравот од публика. Запомнете, храброста не значи дека не се плашите, туку дека дејствувате и покрај сите стравови.rn

    Преку говорот на телото покажете самодоверба

    rnИ да не сте доволно самоуверени, не дозволувајте другите да го забележат тоа. Користете го говорот на телото за затскривање на стравовите и за проектирање самодоверба. Држете се правилно, со гордо крената глава и не мрдајте нервозно со рацете.rn

    Зборувајте јасно

    rnКога сте нервозни, зборувате тивко и неразбирливо, грешејќи ги дури и наједноставните зборови. Многу подобро ќе биде доколку се смирите и зборувате бавно, јасно и гласно. Не зборувајте брзо бидејќи токму тоа може да ви ја издаде несигурноста.rn

    Внимавајте на облеката

    rnИзгледот не е пресуден, но сепак влијае на тоа како се чувствувате и како другите гледаат на вас. Потрудете се секогаш да носите чиста, средена и испеглана облека. Тоа ќе ви создаде доза на самодоверба, што ќе ви даде сила да бидете понаметливи.rn

    Променете го жртвениот став

    rnНајважно од сѐ е да го промените сопствениот жртвен став. Борете се за она во што верувате и мислите дека е правилно. На пример, кога некој ќе сака да го презентира проектот наместо вас, иако вие сте го изработиле, истапете и не го прифаќајте предлогот. Соберете храброст и верувајте во себе. Не дозволувајте другите да ве газат и покажете му на светот колку вистина вредите.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 работи кои успешните луѓе ги прават до 8 наутро

    5 работи кои успешните луѓе ги прават до 8 наутро

    Денот по утрото се познава. Ако е така, тогаш потрудете се утрото да ви биде што подобро организирано и почетокот на денот да го минете со што помалку стрес. Успешните луѓе практикуваат некои правила секое утро, па доколку веќе не сте во таа група, би можеле да примените неколку нивни трикови. Ова се неколку работи кои успешните луѓе ги прават секое утро.rnrn5 работи кои успешните луѓе ги прават до 8 наутроrn

    Вежбање

    rnПотрудете се да вежбате секое утро. Нема правило кои вежби треба да ги правите, бидејќи важно е да сте активни. Доколку вашата работа бара од вас постојано да седите, тоа може да ви создаде низа здравствени проблеми. Затоа физичката активност е многу важна. Разбудете се барем 15 минути порано и вежбајте.rn

    Направете распоред на обврските

    rnВажно е наутро да направите план што и како ќе правите во текот на денот. На овој начин ќе бидете многу подобро организирани и полесно ќе ги извршувате задачите. Внимавајте само да не претерате со планирањето и не заборавајте дека сте човек кому му се потребни паузи и одмор.rn

    Здрав појадок

    rnСигурно многу пати сте чуле дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Затоа појадувајте нешто здраво и обезбедете енергија за работниот ден.rnrn5 работи кои успешните луѓе ги прават до 8 наутроrn

    Визуелизација

    rnНаутро е добро самите да го визуелизирате денот пред вас. Тоа е вештина на ментално програмирање и претставување на целите кои сакаме да ги оствариме.rn

    Бидете одлучни и бестрашни

    rnНајверојатно секое утро сте свесни дека дента морате да направите некои работи кои ги одлагате и кои баш и не ви се прават. Меѓутоа, секогаш е најдобро веднаш да ги направите работите кои ви се најтешки.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

    Инспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограми

    Оваа инспиративна приказна одлично ќе им дојде на сите кои сакаат да ослабат, а немаат инспирација за тоа. Ова е приказната на Виктор Цветиќ, 21-годишно момче од Скопје кое успеало со труд и дисциплина да намали 70 килограми од својата телесна тежина за само 11 месеци.rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnИако до четиринаесетгодишна возраст бил спортски активен како голман во еден скопски фудбалски клуб, поради сплет на околности, Виктор почнал утехата да ја бара во храната и за само 4 години достигнал 150 килограми. Тогаш решил да каже стоп и да преземе нешто за своето здравје и за својот изглед.rn
    rn

    „Големо предупредување добив кога бев да ми земат крв за испитување. Резултатите беа катастрофални, имав покачен крвен притисок, холестеролот ми беше на високо ниво, ми беа замастени виталните органи. Тогаш докторот ми рече – ‘Дечко, ако продолжиш вака нема да доживееш 40 години.’“

    rnrnПокрај здравствените проблеми и предупредувањата од докторите имало уште еден интересен момент кој за Виктор претставува пресврт и поттик да промени нешто во начинот на живеење.rn
    rn

    „Како капак на мојата одлука, дојде и моментот кога запознав една девојка и нормално машко како машко го фаќа инат. :)“

    rnrnНеговото дневно мени цели 11 месеци се состоело од чаша свежо исцеден сок од портокали за појадок и две чаши јогурт за вечера. За ручек, три дена во неделата јадел месо и риба, а останатите денови во неделата 1 килограм диња. Покрај тоа, секојдневно пиел и по огромни количини вода.rnrnНо, одењето по овој трнлив пат не било воопшто лесно, бидејќи лошите навики не е лесно да ги промениш. Сепак, за ништо не се кае и се гордее на својата одлука и решителност.rn
    rn

    „Дефинитивно најтешко ми беше да се откажам од брзата храна, бидејќи имав создадено лоша навика да ја јадам секојдневно. Секогаш гледав да јадам брзо зготвена храна, којашто најчесто се состоеше од греење или подготвување на секаков вид тестенини и месо во микробранова печка.rnrnТоа беше голгота од 11 месеци, којашто беше исполнета со секојдневни напори. Најголемиот проблем беше да се уништат старите навики кон исхраната. Добри 4-5 пати ми дојде да се откажам, но секој пат, кога и да ми дојдеа такви мисли, се потсетував на една стара изјава на легендарниот боксер Касиус Клеј (подоцна Мoхамед Али) – ‘Го мразев секој момент од моите тренинзи, но секој пат си викав во себе, страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион’.rnrnМожам да кажам дека откога почнав да вежбам, апсолутно за ништо не зажалив. Од самиот момент кога одлучив, работите тргнаа на подобро. Тоа беше мојата најважна животна одлука, зад којашто стојам до ден-денеска и до која ќе стојам до крајот на животот.“

    rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnПокрај режимот на исхрана, Виктор секојдневно вежбал, а вежбите и интензитетот се зголемувале како што се намалувале килограмите. Покрај тоа внимавал и на спиењето.rn
    rn

    „Почетокот како почеток – започнав од нула, односно само со одење по кејот на Вардар по 5 километри на ден. Кога стигнав до 130 килограми, малку по малку почнав да се пренасочам на возење велосипед. Тренирав секојдневно, а кардио вежбите ми беа приоритет. Како слабеев сѐ повеќе и повеќе, применував вежби со повисок интензитет, за на крајот да успеам да извозам тури со велосипедисти од над 100 километри во еден ден.“

    rnrn

    „Спиев минимум 6 часа на ден. Строго легнував најкасно во 1 часот и се будев секое утро во 7 часот, за да го започнам денот со добра прошетка на планина или на кејот на Вардар.“

    rnrnНа прашањето колку му се променил животот за време на овој процес и отпосле, тој најмногу се осврнува на промената на погледите во животот и поместување на границите и лимитирањата.rn
    rn

    „Мојот живот не се смени толку, колку што ми се смени погледот кон животот. Промената најмногу ја почувствував во мојот карактер, бидејќи успеав да си докажам на себеси дека не постои пречка којашто ќе ме оддалечи од успехот.rnrnМи се поместија границите во животот, а тоа мислам дека беше најголемата награда после целиот процес на слабеење. Ако до вчера бев личност за којашто успех беше да изигра добра партија на компјутер со пријателите, денеска успех ми е да пренесам порака којашто ќе ги смени животите на многу луѓе.“

    rnrnОткако успеал да се врати на нормална тежина, тој не прекинал тука. Виктор постојано внимава на исхраната и вежбањето. Не само што го одржува својот изглед, туку и секогаш цели на едно скалило повисоко.rn
    rn

    „Се разбира кога нели ќе ја исполните целта станувате гладен за поголем успех. Па така до 2013 година се ориентирав кон чистење од масти, бидејќи тоа е процес којшто е макотрпен и долг. Пред сѐ, главен проблем е храната, бидејќи треба да се привикнете на алкалната диета односно јадење исклучиво суров зеленчук и овошје. Вака успеав да го симнам присуството на масти во моето тело на 7 проценти.rnrnПоследниве шест месеци, сакав успехот да го кренам на малку повисоко ниво, па се придржував на исхрана за зголемување на мускулната маса, односно консумација на многу месо и јаглехидрати и секојдневно посетување на тератана. Ја зголемив мојата телесна маса од 80 килограми на 94 килограми, а последниве 2 недели сум на чистење односно намалување на мастите во моето тело. Моментално тежам 89 килограми, а до 10 ти август според планирањето, со соодветни тренинзи би требало да стигнам до 85 килограми со 6-7 проценти присуство на масти.“

    rnrnИнспиративна приказна: Виктор Цветиќ, момчето кое ослабнало 70 килограмиrnrnОвие неколку збора за крај, можат да ви бидат инспирација за успех на секое поле од животот. Виктор успеа, зошто да не и вие?rn
    rn

    „Здравјето е најважното нешто што човекот може да го поседува во текот на животот. Ако вие не се грижите самите за себе, не очекувајте луѓето околу да се грижат за вас. Луѓето се обесхрабруваат најмногу од туѓите мислења. Само одлучете дека сакаат да ослабнете… нема причина зашто не би ја постигнале целта ако цврсто се решите. Општо за сите работи во животот, треба да ја жртвуваме сегашноста за иднината.rnrnДодека јас бев во процесот на слабеење, имав многу критики од домашните, од пријателите, од познаници… секоја можна критика ја примив, секоја можна препрека ја поминав … многу работи ми кажаа само една не ми кажаа – како да се откажам. Сфатете ја вредноста на животот, затоа што животот нема реприза.“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

    30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

    „Вчера е историја, утре е мистерија, а денес е подарок кој го нарекуваме сегашност.“ – Бил Кејн.

    rn30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕrnrn1. Кога ќе се разбудите во нов ден, БИДЕТЕ благодарни што добивате нова шанса.rnrn2. Кога другите си поминуваат по полесниот пат, вие БИДЕТЕ оние што ќе одат по вистинскиот.rnrn3. Кога нешто мора да се направи, БИДЕТЕ проактивни.rnrn4. Кога ќе ви се појават повеќе прилики, БИДЕТЕ решителни кон она што ви е приоритетно.rnrn5. Кога ви е важно да успеете во нешто, БИДЕТЕ отворени за тоа и настојувајте да успеете.rnrn6. Кога вашата работа ви создава притисок, БИДЕТЕ загрижени само за вашиот следен мал чекор.rnrn7. Кога сте загрижени, БИДЕТЕ фокусирани на она што можете да го контролирате.rnrn8. Кога ќе ви се појават вистински проблеми, БИДЕТЕ спремни однапред да ги дочекате.rnrn9. Кога се прават грешки, БИДЕТЕ ОК со нив и учете од нив.rnrn10. Кога имате нешто да кажете, БИДЕТЕ подготвени да го кажете тоа што го мислите.rnrn11. Кога нешто што е направено во минатото сè уште не функционира, БИДЕТЕ вие промената која треба да се случи за тоа да се промени.rnrn12. Кога другите имаат поинакво мислење, БИДЕТЕ отворени за нови идеи.rnrn13. Кога сомнеж го јаде вашиот мозок, БИДЕТЕ сигурни во своите способности.rnrn14. Кога другите инсистираат работите да се направат на одреден начин, БИДЕТЕ оние кои ќе ја следат својата интуиција.rnrn15. Кога сте тажни, БИДЕТЕ доволно храбри да се смеете и без разлика на тоа.rnrn16. Кога чувствувате дека се натрупувате со стрес, само паузирајте за момент, БИДЕТЕ вие и дишете.rnrn17. Кога ќе се случи нешто неочекувано, БИДЕТЕ флексибилни и прилагодливи.rnrn18. Кога нешто нема логика, БИДЕТЕ скептични, барајте докази и поставувајте прашања.rnrn19. Кога некој ќе ве повреди, БИДЕТЕ желни да простите и да сакате повторно.rnrn20. Кога во врската сте постојано повредувани, БИДЕТЕ желни да ја оставите зад себе и да ја рефокусирате љубовта и почитта кон себе.rnrn21. Кога некој има нешто што вие го сакате, БИДЕТЕ среќни за него.rnrn22. Кога сите се натпреваруваат, БИДЕТЕ си вие сами на себе конкуренција – победете ги сопствените рекорди.rnrn23. Кога сте присилени да БИДЕТЕ некој што не сте, само бидете тоа што сте.rnrn24. Кога не сте сигурни што имате да понудите, БИДЕТЕ искрени и понудете ја вашата искреност.rnrn25. Кога ќе наидете на непознат на улица, БИДЕТЕ причина за неговата насмевка.rnrn26. Кога се чувствувате дека сте го освоиле светот, БИДЕТЕ рацете кои ќе ги повлечат и останатите нагоре.rnrn27. Кога на некој кој ви е близок сте му потребни, БИДЕТЕ таму без прашања и колебање.rnrn28. Кога некого вистински сакате, БИДЕТЕ полни со љубов, и преку зборови и преку дела.rnrn29. Кога е време за одмор со вашето семејство, заборавете на сè друго и БИДЕТЕ целосно присутни во моментот.rnrn30. Кога денот конечно ќе заврши, БИДЕТЕ спокојни знаејќи дека сте дале сè од себе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Начини на самоодбрана за жени

    Начини на самоодбрана за жени

    Многумина мислат дека доколку стојат подалеку од темни улички и лошо друштво, нема да им се случи ништо страшно. Неточно! Злочин може да се случи секаде, во кое било време. Насилниците, своите жртви ги одбираат најчесто според надворешниот изглед, а неретко тоа се девојки кои изгледаат слабо, плашливо, неподготвено.rnrnНачини на самоодбрана за жениrnrnУличниот криминал е честа појава, а во најголем број случаи жртвите се девојки и жени. Затоа важно е секоја девојка да ги знае основните потези за самоодбрана. Ноел Џаиро, заедно со својот сопруг држи часови за самоодбрана и издава дивидија со вежби. Многу важно е тоа што напаѓачот најчесто не очекува жртвите да се бранат и затоа мора да биде изненаден.rnrnЛесни жртви се оние кои паничат и губат контрола врз ситуацијата. Клучно е да останете свесни и прибрани, да изгледате како да сте подготвени на сè, само да се одбраните. Комуницирајте со напаѓачот, пробајте да дознаете што сака од вас и без закани пробајте да го залажете и да му го одвлечете вниманието.rnrnЖените можеби се физички послаби, но клучот е во брзото и паметно размислување, а не во силата. Погодете ги неговите најслаби точки. Очите, вратот и препоните често се оние места каде што противникот е најосетлив. Напаѓањето на стомакот и колената можеби нема да нанесат тешка повреда, но со сигурност ќе ви помогне во напаѓањето на слабите точки. Во овие три видеа, ќе научите неколку основни потези за самоодбрана.rn

    Како да му зададете силни удари?

    rnrn

    Како да избегнете напад со нож?

    rnrn

    Како да се ослободите кога некој ве дави?

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Боите во сонот и нивното значење

    Боите во сонот и нивното значење

    Понекогаш сонуваме во боја, а понекогаш црно-бело. Секоја боја што ја сонуваме има свое значење. Обрнете внимание која боја доминира во вашите соништа и дознајте што таа симболизира.rnrnБоите во сонот и нивното значењеrn

    Црна

    rnЦрната боја во сонот симболизира нешто непознато, неизвесно, опасност, темнина, мистерија, тага, смрт, омраза или злоба. Бојата во сонот поттикнува човек несвесно да се преиспита себеси, што доведува до подобро разбирање на самиот себе. Понекогаш може да значи дека ви недостасува љубов, поддршка и разбирање, но  не секогаш црната боја означува нешто лошо. Таа може да претставува потенцијал и можности, а доколку во сонот сте среќни, тогаш црната боја означува духовност и божественост.rn

    Жолта

    rnАко сонувате убав сон, жолтата боја значи енергија, мудрост, склад и среќа, но ако сонувате кошмар тогаш таа означува предавство, срам, измама или болест.rn

    Сина

    rnСината боја во сонот претставува вистина, мудрост, рај, верност, вечност и спокојство. Присуството на оваа боја во сонот го симболизира духовниот водач и оптимизмот за иднината, но може да значи и желба да отпатувате некаде. Сината боја во сонот, исто така може да означува и тага. Доколку во сонот сте облечени во сина облека, тоа е одраз на вашата креативност.rn

    Златна

    rnЗлатната боја е одраз на духовност, богатство, усовршување, напредок. Таа исто така ја означува и вашата решителност и непопустливост.rn

    Сива

    rnСивата означува страв, депресија, болест и збунетост. Многу е веројатно да сонувате сивило бидејќи се чувствувате емоционално дистанцирани и изолирани. Во некои случаи, оваа боја може да симболизира изразена индивидуалност.rn

    Зелена

    rnЗелената боја означува позитивни промени, добро здравје, плодност, надеж, снага виталност, мир и спокој. Таа е симбол на вашата тенденција да постигнете сопствена независност. Оваа боја честопати се поврзува со пари, богатство и љубомора. Темно зелената симболизира материјализам и измама.rn

    Бела

    rnТокму како и во реалниот живот белата боја симболизира чистота, совршенство, невиност, достоинство, свест, нов почеток и мир.rn

    Светло виолетова

    rnАко ја сонувате оваа боја, тоа значи дека треба да го очистите својот ум од негативните мисли и да почнете да размислувате позитивно.rn

    Виолетова

    rnОваа боја значи духовност, прочистување, љубов, нежност и мир. Имате чувство на интуитивно разбирање и посебна блискост со луѓето во вашето опкружување.rn

    Портокалова

    rnПортокаловата боја означува надеж, љубезност, пријателство, дарежливост и дружељубивост. Кога ја сонувате оваа боја потсвесно сакате да ги проширите своите видици и да стекнете нови знаења.rn

    Розова

    rnОваа боја во сон симболизира љубов, радост, среќа и добрина. Другото значење на оваа боја е незрелост или слабост, особено ако е во прашање љубовта.rn

    Црвена

    rnЦрвената боја означува енергија, сила, интензивна страст, агресивност, храброст и импулсивност. Оваа боја има длабока емоционална и духовна конотација. Во негативен контекст, црвената боја укажува на недостаток на енергија, па веројатно се чувствувате уморно или летаргично. Во одредени ситуации може да значи и предупредување дека треба да престанете да се однесувате така како што се однесувате, или дека не можете да го имате тоа што го сакате.rn

    Црно-бел сон

    rnЦрно-белиот сон навестува дека ви е потребна поголема објективност во донесувањето одлуки. Веројатно сте тврдоглави и контрастот на црно и бело покажува дека треба да воспоставите баланс помеѓу спротивставените погледи и мислења кои ги имате за животните прашања. Црно-белите соништа понекогаш можат да бидат знак на депресија и тага, но може да укажуваат и на тоа, дека во животот ви недостасува малку возбуда.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.