КАФЕ ПАУЗА

Tag: ренесанса

  • Шармантниот Рафаело Санти: 5 занимливости за животот на познатиот италијански сликар

    Шармантниот Рафаело Санти: 5 занимливости за животот на познатиот италијански сликар

    Кога станува збор за најголемите уметници на италијанската ренесанса, невозможно е да не се спомене Рафаело Санти. Роден во Урбино во 1483 година, за време на својот релативно краток живот (починал во 1520 година), Рафаело успеал да стане еден од највлијателните уметници на сите времиња. Неговите дела како „Атинската школа“, „Сикстинска мадона“ и „Триумфот на Галатеја“ предизвикуваат восхит и до ден денес, а неговото име стои рамо до рамо со Микеланџело, Леонардо да Винчи, Јан ван Ајк и други ренесансни мајстори во историјата на уметноста.rnrnШармантниот Рафаело Санти: 5 занимливости за животот на познатиот италијански сликарrnrnВо продолжение одбравме за вас 5 занимливости за животот на овој сликар кои можеби и не сте ги знаеле.rn

    1. Неговиот татко бил сликар

    rnТаткото на Рафаело, Џовани Санти, исто така бил уметник. Тој бил дворски сликар во Урбино и имал задача да слика портрети на членови на дворот како и религиозни слики. Џовани починал кога Рафаело имал 11 години, така што не е голема веројатноста дека научил многу работи за сликарството од својот татко. Од друга страна, несомнено е дека уште од мали нозе научил да ја цени вистинската уметност.rn

    2. Учителот на Рафаело бил сликар на раната ренесанса

    rnНа 17-годишна возраст, Рафаело имал доволно вештини за да отвори свое ателје. Сепак, во тоа време младите уметници извесно време работеле кај познати и постари сликари. Од таа причина, во 1498 година Рафаело се преселил во Перуџа каде што во следните две години работел кај најпознатиот сликар во овој град, Пјетро Перуџина. Интересен е податокот дека токму Перуџина ја добил задачата од папата Јулиј II да ги наслика одаите во Ватикан, но на крајот сепак морал да му ја препушти работата на својот ученик, чиј стил папата го претпочитал.rn

    3. Микеланџело бил негов голем ривал

    rnДо моментот на пристигање на Рафаело во Рим во 1508 година, Микеланџело веќе работел за папата Јулиј II. Младиот сликар бил задолжен за фреските во Ватикан во исто време кога Микеланџело го сликал таванот на Сикстинската капела. Тоа предизвикало големо ривалство меѓу овие двајца уметници. Микеланџело не бил воодушевен што неговиот помлад колега добил толку големо признание за својата сликарска техника и сметал дека тој го копира неговиот стил. Друг занимлив податок е дека Рафаело го насликал Микеланџело на неговата фреска „Атинска школа“.rn

    4. Рафаело бил многу шармантен

    rnЗа време на детството поминато со својот татко на дворот во Урбино, Рафаело научил како да се однесува во општеството. Тоа многу му помогнало подоцна кога добивал нарачки од луѓе од елитните кругови, но му овозможил и добра соработка со другите уметници. Неговиот шарм се покажал и како успешно средство за пронаоѓање љубовници. Рафаело никогаш не се оженил, но бил во долга врска со Маргерита Лути која позирала за неговиот познат портрет „Ла Форнарина“.rn

    5. Рафаело имал многу асистенти

    rnВо сликарското ателје на Рафаело биле вработени дури 50 асистенти. Тие завршувале голем дел од неговите слики, а неретко и сликале врз основа на неговите цртежи. Тоа било вообичаена практика во тоа време што му овозможувало на Рафаело да прима нови нарачки од богати поединци како и црковни лица.rnrnОткако ги прочитавте овие занимливости за Рафаело, можеби ќе сакате да ја прочитате и возбудливата животна приказна на Леонардо да Винчи сè уште покриена со мистериозни тајни.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Најоригиналната техника на сликање: Уметнички дела изработени со вино

    Најоригиналната техника на сликање: Уметнички дела изработени со вино

    Што ги спојува љубителите на виното и артистите? Одговорот е очигледен: Виното. Уметноста на виното не ја претставува уметноста на пиењето, туку создавањето на една од најуникатните и најнепредвидливите уметнички форми кои постојат.rnrn

    Најоригиналната техника на сликање: Уметнички дела изработени со вино
    Вино Лиса – Леонардо да Винчи
    rnrnОвие слики се различни и го привлекуваат вниманието не само поради широкиот спектар мотиви од историјата и популарната култура, туку и поради ферментацијата и оксидацијата на виното кои прават бојата да оди од црвена во виолетова до бледо кафеава. Виното е единствениот „алат“ за сликање со кој може да се постигне „ефектот на стареење“ во уметноста, во кој бојата поминува низ неколку транзиции во пигментот и тонот. Оваа техника на сликање започнала да се користи во ренесансата и уметниците најчесто користат квалитетни вина. Исто како Сања Јанкович, артистката зад овие уметнички дела.rnrn
    Балерина
    Балерина
    rnrn

  • Ренесанса на душата

    Ренесанса на душата

    Знаете што не е фер? Цела недела куќата да ти мириса на највкусни велигденски специјалитети, а ти да не смееш да пробаш ништо од тоа. Се работи за јак карактер или фактот што ќе добиеш по рака со дрвената лажица ако посегнеш по нешто предвреме? Па доаѓа Велигден и се давиш во руска салата… или што и да е тоа што ти е омилено. Јас сакам да предложам еден договор. Ќе бидам умна, послушна, а за возврат сакам да можам да јадам сè и сешто без да накачам некое килце плус, нека биде како договор со Дедо Мраз за Нова година. Само не знам каде да се обратам и да го предложам договоров, ама во секој случај мислам дека е добра идеја…Ренесанса на душатаКога станува збор за празниците, не мора да излегувам од дома за да најдам инспирација или да соберам податоци. Тука е мајка ми. Експерт за сè живо и неживо, за сè што лета, оди, се јаде… Детален познавач на секоја област, секогаш подготвена да даде подробни информации, и најважно од сè – секогаш е во право, а спротивното е невозможно да се докаже. Не, сериозно, за нејзините познавања од областа на верата и духовноста ѝ симнувам капа.

    rnПо разговорот со жената која мора да ме сака каква што сум бидејќи таква ме родила, се прашувам колку сите ние вистински се концентрираме на светоста на празникот? Во целата збрка да се исчисти домот, секоја да се покаже колкава домаќинка е, да се вапсаат јајцата, да се оди по гости и во црква бидејќи таков е адетот, кој колку обрнува внимание на сржта на овој ден?rnrnСтанува збор за ден кој е симбол на вечниот живот, на надежта и бесмртноста. Јас лично го доживувам како ренесанса на душата. Нова шанса, нов почеток, повторно раѓање. Ден кога те обзема сета светост и кога се ежиш од биењето на камбаните или кога Џокси ја пее „На Велигден“. Кога кршењето со јајца е толку забавно и предизвикува во тебе да се разбуди натпреварувачкиот дух – твоето јајце да биде кршалче. И плус, секогаш е во пролет, уште една поврзаност со симболите за преродба. Колку е прекрасно тоа?rnrnСега се прашувам, дали вербата денес е потценета? Во денешно време, со таков напредок на технологијата и медицината, со такви достигнувања, дали да се бара од нас да веруваме во нешто што не го гледаме е премногу? Но да ве прашам нешто, ја гледате љубовта? Не, но сепак верувате во неа, бидејќи ја чувствувате кон семејството, пријателите, сопругот или сопругата. Нели тие нешта кои не се гледаат, не може да се допрат, но се чувствуваат, се најсвети и најмили?rnrnМожеби треба да престанеме да бидеме самобендисани, да се доживуваме себеси како да сме семоќни и како да никој не ни може ништо. Вистината е сепак, дека времето лета, дека вербата ѝ е потребна на душата, дека треба да постојат вакви денови кога ќе се сетиш на твоите пријатели и роднини, поблиски или подалечни. На некој на кого му треба помош, на некој на кого одамна или воопшто не сте му кажале што чувствувате. Нека овој ден биде поттик за сите нас да ја покажеме нашата љубов и верба.rnrnСрцата се кршат и луѓето се забораваат поради зборови кои остануваат некажани. Кога последно сте му се јавиле или сте го посетиле вашиот стар дедо и сте му кажале колку го сакате и почитувате? Кога последно сте ја прегрнале вашата мајка или вашата пријателка и сте ѝ кажале колку ви е мило што ја имате во својот живот? Мислам дека сите ние би требало да го сториме тоа што поскоро. Нам не ни текнува додека нештото не го изгубиме и не почне страшно да ни недостига. Тоа е проблемот со нас луѓето…rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Запознајте се со прекрасниот француски дворец Шамбор

    Запознајте се со прекрасниот француски дворец Шамбор

    Еден од најпознатите и најубавите замоци во долината Лоара или позната како „градината на Франција“, замокот Шамбор е познат по совршената и уникатна француска ренесансна архитектура.Запознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборЗамокот бил изграден за време на владеењето на кралот Франсоа I, а целта на изградбата била всушност кралот да биде блиску до неговата љубовница. Подоцна кралот го користел замокот и како свое одморалиште кога одел на лов. Идејата за изгледот и конструкцијата на замокот произлегла од средбата на кралот и Леонардо да Винчи, кој работел за него истовремено на повеќе проекти. За жал Леонардо да Винчи починал во периодот пред изградбата на замокот, а плановите кои тој ги имал нацртано, подоцна биле земени како основа за градба.Запознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборЗапознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборЗапознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборИако дворецот сам по себе претставува неверојатна глетка, сепак својата слава ја должи на двете архитектонски чуда: скалите и терасата. Во центарот на замокот се наоѓаат скалите во вид на двојна спирала и дефинитивно претставуваат необична замисла, особено за тоа време. Секако, најголем дел од експертите сметаат дека ги има дизајнирано токму Леонардо да Винчи. Овие паралелни скали се замислени на тој начин што овозможуваат двајца да се качуваат нагоре и надоле истовремено без притоа воопшто да се сретнат.Запознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборЗапознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборОна што е можеби најатрактивно за посетителите е фактот дека е дозволено да се видат поголемиот број од собите, вклучувајќи ја и спалната на кралот. Моментот којшто ниту еден вљубеник во историјата на француските романси не смее да го пропушти е изгравираната порака на креветот на Франсоа I која вели:rn
    rn

    „Секоја жена е непостојана, а оној кој ù верува на жената е будала.“

    rnЗапознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборТерасата, очигледно инспирирана од италијанската архитектура, претставува огромен простор, неверојатно декориран, каде што кралското семејство поминувало поголем дел од времето. Од тука, тие го набљудувале доаѓањето и заминувањето на ловците, вежбите на војската, како и разните фестивали, забави и натпревари кои што биле организирани во бескрајниот двор.Запознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборЗапознајте се со прекрасниот француски дворец ШамборФрансоа I не доживеал да го види замокот завршен, тој починал во 1547 година, а тогаш зданието сè уште било во изградба. Неговиот син Хенри II ја продолжил неговата работа за на крај Луј XV конечно да ја заврши монументалната градба од 440 соби. Секако невозможно е да не се спомене паркот во којшто е сместен замокот и којшто денес претставува најголем национален парк во светот. Опфаќа површина од неверојатни 52,61 km2, но само 6,07 km2 се отворени за посетителите. Реката Косон тече пред дворецот, а нејзиниот правец е намерно сменет со помош на канали.Запознајте се со прекрасниот француски дворец Шамбор
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајстори

    Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајстори

    Цветанка Арнаудоваrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnАвтопортретот е претстава на уметникот. Може да е цртеж, слика, фотографија или пак скулптура изработена од самиот автор. Првите автопортрети чии автори можат да бидат идентификувани се појавуваат во раната ренесанса во средината на XV век. Уметниците се портретираат како главна фигура или пак го наоѓаат своето место како дел од настани, или пак како дел од групни портрети. Знаевте ли дека Човекот со турбан од 1433 година, чиј автор е фламанскиот сликар Јан Ван Ајк се смета за најстар автопортрет на западното штафелајно сликарство?Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториПонатаму во историјата на уметноста, автопортретите стануваат значаен дел од творештвото на многумина автори. Италијанскиот сликар Сандро Ботичели, кој ни е познат по неговите Раѓање на Венера и Пролет, се насликал во десниот агол, во своето дело од 1475-1476 – Обожување на магите.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториЕден од најплодните автопортретисти кој припаѓа на ренесансата е германскиот графичар Албрехт Дирер. Неговото прво дело, автопортретот кој го изработил на 13 години, како што и се вика, Автопортрет на 13 години. Во 1493 го насликал Автропортретот со бодликав цвет, дело кое се наоѓа во Лувр во Париз со кое бил прв нормандиски сликар кој се насликал самиот себе, не како член на една заедница, туку како поединец. Овој автопортрет ù го пратил на својата вереница Агнес Фрај. На дното на сликата може да се прочита и мотото „Мојот живот тече кон желбите на небото“. Со ова тој не искажал воодушевување, туку помирување со она што го очекува, бракот кој го прифатил од почит кон татко му.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториОд 1498 година е Автопортретот со ракавица во Прадо, Мадрид на кој сликарот е во облека на елегантен господин. Две години подоцна на почетокот на новиот век, Автопортретот со крзно го претставува Дирер во ликот на Христос. Занимливо нели? 🙂 Сепак нема ништо безбожно во тој став, единствено само значење дека Бог го просветлува уметникот.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториДирер го гледаме и во склоп на композицијата Поклонување на мудреците каде мудрецот Мелхиор е самиот Дирер. И ова дело е дел од колекцијата на галеријата Уфици во Фиренца.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториФламанскиот сликар Рембрант кој ни е најмногу познат по неговата Ноќна Стража, исто така во својот опус има голем број на автопотрети. Овде го гледаме Автопотретот од 1632, каде ужива голем успех како моден портретист и Автопортретот од 1640, каде е претставен целосно во костим од еден век порано.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториЕден од виртуозите на високата ренесанса пак, пред сè скулптор, а потоа и сликар Микеланџело, се насликал во сцената Страшен Суд која зафаќа цел ѕид на Сикстинската капела во Ватикан (1536- 1541). Претставен е како кожа која виси во раката на светецот Бартоломеј.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториОд овој период би го посочиле и  автопотретот на Рафаел Санти, изработен во 1506 година, кој се наоѓа во галерија Уфици во Фиренца. Тука е и автопортретот на Тицијан, неговиот прв автопортрет кој го насликал тек во постари години – Автопотретот од 1567 година, кој е дел од колекцијата на музејот Прадо во Мадрид. Интересен е и автопортретот на Ел Греко од 1604 година.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториПитер Пол Рубенс се насликал пак со својата прва сопруга Изабела, дело од  1609 година. Шпанецот Диего Веласкез познат по неговите Las Meninas, го гледаме со Автопотретот од 1645, кој денес се наоѓа во галеријата Уфици во Фиренца.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториИ за крај, не смее да се заборави еден од најголемите сликари на барокот – шпанецот Франциско Гоја, кој е предвесник на модерната уметност. Него го гледаме не само како главна фигура во своите дела, туку и како дел од друга портретна композиција.rnrnГоја си се вклучил себеси во Портрет на фамилијата на Чарлс IV, изработен во периодот 1800-1801. Интересен е  неговиот автопортрет од 1795-1797, кога оглувел и поради тоа себеси се претставил со подолга разбушавена коса.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториИ како за крај, дело од 1820, – Гоја и неговиот доктор Ариета, Ретко интимна слика на Гоја, како сведоштво за нивното пријателство.Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајсториСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познатите фаци заробени во ренесансата

    Познатите фаци заробени во ренесансата

    rn

    Сте се запрашале некогаш како би изгледале познатите фаци кога би живееле во периодот на ренесансата? Познатите фаци заробени во ренесансатаОвие слики се толку реални што ликовите изгледаат како да се фотографирани во тоа време. Погледнете:Познатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансатаПознатите фаци заробени во ренесансата

    rn