КАФЕ ПАУЗА

Tag: рефлексија

  • 15 илустрации кои покажуваат во што се претвора светот

    15 илустрации кои покажуваат во што се претвора светот

    Елија Колумбо е уметник чии дела се со многу подлабока порака отколку што изгледа на прв поглед. Ако подобро ги погледнете, ќе ви стане јасно – овие илустрации се вистинската рефлексија на нашиот свет.rn

    1. „Тепање“ време

    rn(1)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrn

    2. Социјално вежбање

    rn(2)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrn

    3. Затвореници

    rn(3)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrn

    4. Жолта внатрешност

    rn(4)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrn

    5. Вработување

    rn(5)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Мистеријата е разоткриена: Зошто огледалата се толку морничави?

    Мистеријата е разоткриена: Зошто огледалата се толку морничави?

    Сигурно ви се случило да се разбудите во ниедно време во ноќта кога сите светла биле исклучени затоа што ви се одело во тоалет. Доколку имате големо огледало во соба или во ходник, веројатноста е дека со брзина на светлината сте претрчале за да го одминете без да се погледнете во него. Можеби сметате дека вашата реакција е таква поради големиот број хорор филмови каде што задолжително има некоја страшна сцена со огледало, но вистината е дека огледалата се сметале за неверојатно морничави уште пред да постои хорор жанрот. Нема ништо повознемирувачко од помислата дека одразот во огледалото е малку изместен. Причината лежи во тоа што иако современите огледала даваат кристално јасна рефлексија на личноста која набљудува, сликата што ја претставува огледалото сепак може да биде лесно манипулирана. Огледалата се како соништа, хипер-реалистични и неверојатно лажни истовремено.rnrnМистеријата е разоткриена: Зошто огледалата се толку морничави?rnrnЛуѓето отсекогаш биле фасцинирани со огледалата. Оние кои се направени од добро обработена бронза најпрво биле дел од древната египетска култура, а суеверието за скршените огледала потекнува од антички Рим. Според ова суеверие, доколку скршите огледало, сте ја уништиле душата која се рефлектира во него. Според римската култура, душата се обновувала на секои седум години, па затоа толку време било потребно за нештата да се вратат во нормала. Оттаму потекнува верувањето дека ако скршите огледало, седум години ќе имате несреќа. Неретко, луѓето верувале дека огледалата не биле одраз на физичкиот изглед, туку на душата и токму поради тоа вампирите немаат одраз во огледалото. Но, да се има душа не е секогаш добро, бидејќи според некои верувања, душите на луѓето можат да бидат заробени во огледалата засекогаш.rnrnСо оглед на сите овие суеверија кои кружат околу огледалата, не е никакво изненадување што тие се главна тема на голем број приказни од митологијата, како што е легендата за Нарцис или злобната кралица од „Снежана и седумте џуџиња“. Но, зошто всушност огледалата се толку фасцинантни и морничави истовремено?rnrnОгледалата го претставуваат светот околу нас, но сепак тие слики не се вистински. Психологот Марко Бертамини ги споредил огледалата со виртуелната реалност.rn

    „Предметите во огледалото се виртуелни, но за нашите очи тие се вистински бидејќи ги перципираат како и секој друг предмет“, објаснува тој.

    rnМистеријата е разоткриена: Зошто огледалата се толку морничави?rnrnОва можеби не ви звучи како голема работа, но ако некогаш сте играле „Крвава Марија“ знаете дека нашите мозоци почнуваат да се однесуваат чудно ако гледаме премногу долго во огледало. Во 2010 година бил спроведен експеримент од страна на Џовани Капуто при Универзитетот во Урбино, и тој открил дека кога луѓето зјапаат во нивниот одраз во просторија со згушено светло подолго време, многумина од нив доживуваат „илузија на изместено лице“. За помалку од една минута, учесниците во истражувањето почнале да гледаат други лица, неправилности на нивното лице, дури и им се појавувале чудовиштни суштества во огледалото пред нив. Според Капуто, некои од овие „други“ лица ја преземаат формата на „архетипови“ како што се старица или дете, па затоа постои веројатност дека вие и вашиот пријател можете да видите слични застрашувачки рефлексии, па оттаму се раѓаат и урбаните легенди. Ова се нарекува Капуто ефект и ако сакате и самите да го испробате, можете да прочитате повеќе за него овде.rnrnНие сме свесни дека одразите не се такви какви што изгледаат, но како што е случајот со сите други илузии, тешко е да го усогласиме теоретското знаење со она што се наоѓа пред нас. Со сите тие суеверија што се провлекувале низ вековите и фактот што мозокот излегува надвор од контрола кога се гледаме подолго во огледало, чудно е што огледалата не се уште поморничави.

  • Самоук фотограф пронашол уникатен начин да фотографира венчавки рефлектирани на прстени

    Самоук фотограф пронашол уникатен начин да фотографира венчавки рефлектирани на прстени

    Некои од вас сигурно ќе се сетат на Питер Адамс-Шон, чии неверојатни свадбени фотографии рефлектирани на површината на очите од гостите даваат една посебна перспектива кон самата веселба. Овој пат, тој смислува уште една креативна и уникатна техника на фотографирање и ги направил овие свадбени фотографии рефлектирани од површината на венчалните прстени на младоженците.rnrnСамоук фотограф пронашол уникатен начин да фотографира венчавки рефлектирани на прстениrn

    „Проектот еволуираше прилично многу во последниве неколку месеци, до нови предизвици и композиции. Сфатив дека свадбените фотографии рефлектирани на прстените ќе станат многу чести, па сакав да ги однесам работите уште подалеку“, објаснува Питер.

    rnПитер ја нарекол оваа негова галерија „Ringscapes“ и експериментирал со неа уште од 2012-тата година, а како следен проект, вели дека има план да прави фотографии рефлектирани на површината на меурчиња од сапуница.rnrn

  • Редок небесен феномен кој се формира само на ниски температури

    Редок небесен феномен кој се формира само на ниски температури

    Престојувањето во ладни области можеби не звучи како идеалната ситуација во која би можеле да се најдете, но токму поради ниските температури кои таму владеат можат да се формираат неверојатни атмосферски феномени на небото кои со себе носат непроценливо прекрасни погледи.rnrnРедок небесен феномен кој се формира само на ниски температуриrnrnКога термометарот покажува бројки кои се блиску до точката на замрзнување, во воздухот се формираат рамни, хексагонални кристали од мраз. Во оној момент кога ќе се создадат доволно вакви кристали од мраз, тие можат да рефлектираат силни извори на светлина (како сонцето или уличните ламби) и последователно да формираат светлосни столбови на небото.rnrnВо текот на денот, светлосните столбови можат да се појават кога сонцето заоѓа и тогаш се нарекуваат сончеви столбови. Навечер, овој феномен изгледа уште поинтересно и помагично, што би ги објаснило многуте пријави за НЛО од луѓето. Но, иако изгледаат малку чудно, светлосните столбови се всушност една многу ретка појава и совршено ја покажуваат убавината на нашата атмосфера. Погледнете.rnrn

  • Еве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домот

    Еве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домот

    Првото нешто што може да се каже за огледалата, а е очигледно, е дека тие рефлектираат. Тоа значи дека го прикажуваат одразот на сè она што се наоѓа во нивната непосредна близина. Затоа тие се важен елемент кој се користи при фенг шуи.rnrnЕве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домотrnrnКога избирате огледало треба да земете предвид неколку фактори. Прво, треба да го утврдите местото на кое ќе го поставите, и второ, функцијата која треба да ја има.rnrnОгледалата во фенг шуи се користат за да се зголеми просторот или енергијата, да се надомести недостатокот на агол во некоја просторија, да се сврти текот на позитивната енергија во саканиот правец или да се одбие негативната.rn

    Забрането поставување

    rnОгледалата го зголемуваат тоа што го прикажуваат, така што ако создаваат одраз на нешто што е неповолно за добар фенг шуи, тогаш тоа уште повеќе ќе го потенцира. Всушност постојат повеќе забрани кога станува збор за огледалата.rnrnНикогаш не смеат да бидат сместени така што ќе создаваат директен одраз на влезната врата, бидејќи така ја испраќаат надвор сета позитивна енергија која сака да влезе во вашиот дом.rnrnНе смеете да ги поставувате така што ќе создаваат одраз на вецето, бањата или кујната.rnrnНе смеат да прикажуваат канти за ѓубре, неред или нечистотија во која било смисла.rnrnВо спалната соба, тие создаваат кавги и недоразбирање меѓу сопружниците и поттикнуваат на вонбрачни излети. Без разлика дали се на таванот, на ѕидот или на плакарот покрај креветот, тие создаваат одраз на луѓето кои таму спијат. Симболички тоа изгледа како луѓето да се мртви, па така настанува штетна енергија која произведува болести, а ако веќе постои болест и ако се поклопи со уште некој негативен фенг шуи фактор, може опасно да го загрози животот. Ако не можете да ги отстраните, покривајте ги со непроѕирна ткаенина пред спиење.rnrnКога станува збор за изборот на положбата мора да знаете дека огледалото е воден елемент и според тоа никогаш не смее да се најде на јужната страна во домот.rnrnСето ова звучи малку страшно, но ако се придржувате до фенг шуи правилата, огледалата всушност може да ви донесат среќа и напредок.rnrnЕве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домотrn

    Поволно поставување

    rnОгледалото поставено во трпезаријата (не во кујната), така што создава одраз од храната која е поставена на трпезариската маса и семејството кое овде се обединува за оброците, ќе ви донесе благосостојба и хармонични семејни односи.rnrnМожеби сте забележале во многу продавници дека огледалата се поставуваат така што создаваат одраз од местото за наплата. Огледалото симболички ја удвојува количината на пари кои влегуваат во касата и со тоа носи позитивна енергија која привлекува поголемо богатство.rnrnДоколку поставите големо огледало во мала просторија, тоа ќе ја направи да изгледа поголема одошто е.rnrnОгледалото може да надомести за недостатокот на агол во просторија со неправилен облик. Потребно е да се постави на оној ѕид кој го нарушува правилниот облик и симболички, тоа ќе го продолжи просторот во оној правец каде што е тоа потребно.rnrnВо ходниците кои имаат таков облик што енергијата интензивно и брзо тече директно само во една просторија, занемарувајќи ги останатите, огледалото може да послужи за да се смени насоката на енергијата и кон другите делови од домот.rnrn3-eve-shto-kje-se-sluchi-ako-na-ovie-mesta-chuvate-ogledala-vo-domot-kafepauza.mkrn

    Одбивање на негативната енергија

    rnВо случај кога некоја негативност од вашата околина ја погодува директно вашата влезна врата, таа енергија може да ја одбиете поставувајќи огледало надвор од домот, директно на или над влезната врата.rnrnОва вака делува едноставно и ефикасно, но доколку отспротива имате соседи, таа одбиена енергија со голема брзина и со засилен интензитет ќе се упати кај нив, што носи несреќа, болести и загуба. Ако не сте во најдобри односи со соседите, ова можеби ќе ви изгледа како добра идеја, но имајте на ум дека ако правите некому зло, си правите зло и на самите себеси.rnrnЗатоа овој вид контролирање на енергијата воопшто не се препорачува.rnrn4-eve-shto-kje-se-sluchi-ako-na-ovie-mesta-chuvate-ogledala-vo-domot-kafepauza.mkrn

    Избор на огледала

    rnПрвото нешто што треба да го имате на ум кога станува збор за изборот на огледалото е дека оние кои се составени од делови создаваат исцепкана слика од нас или од она што го одразуваат, што влијае многу непогодно.rnrnПремалото огледало ќе создаде впечаток дека ни фали дел од лицето или главата, а тоа може неповолно да делува на нашата слика за себе. Огледалото би требало да е доволно големо за да во него се гледа целата ваша глава барем до градите, поточно делот до под висината на вашето срце.rnrnВалканите, скршени или стари огледала исто така се лоши.rnrnТреба да имате едно големо огледало некаде во домот во кое сите домашни можат одеднаш да се видат од глава до пети.rnrnГолемината на огледалата кои ги користите за корективни цели ќе зависи од големината на просторот во кој ги поставувате, како и од големината на она што го коригирате.rnrnОпштото правило е дека огледалото со дијаметар од 20 см енергијата ја рефлектира 1 м назад во просторот, огледалото од 40 см рефлектира 2 метри назад во просторот.rnrnУште еден аспект во врска со огледалата е нивниот облик.rnrnТриаголни огледала не смеете да поседувате во никој случај, бидејќи триаголникот е симбол на огнот, а огледалото припаѓа на водените елементи.rnrnПравоаголните и квадратните огледала се јанг, а овалните и кружните јин. Кружните и овалните огледала се попогодни за простории во кои се живее од квадратните и правоаголните. Бидејќи се направени од стакло, тие имаат остри рабови и мора да бидат врамени или фацетирани за да не создаваат негативна енергија.rnrnЕве што ќе се случи ако на овие места чувате огледала во домотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 луѓе кои требало да научат како функционираат огледалата пред да ги постават своите фотографии на интернет

    30 луѓе кои требало да научат како функционираат огледалата пред да ги постават своите фотографии на интернет

    Огледалата можат да им дадат посебен впечаток на фотографиите, па дури и да ве направат да изгледате покул на нив. Но, другата работа во врска со огледалата е дека тие рефлектираат. Ако вие не го гледате не значи дека и огледалото не гледа. Сепак, ако ништо друго, ова нè тера да ја повториме добро научената лекција од поодамна – СЕКОГАШ ПРОВЕРУВАЈТЕ ШТО ОБЈАВУВАТЕ НА ИНТЕРНЕТ ПРЕД ДА СТИСНЕТЕ PUBLISH! Овие момци и девојки тоа го научиле на најлошиот можен начин.rnrnНе мора сите да знаат што сè чуваш на твоето лавабоrnrn

  • Неверојатни фотографии кои ќе ви го превртат светот наопаку

    Неверојатни фотографии кои ќе ви го превртат светот наопаку

    Фотографиите кои вклучуваат отсликување знаат да бидат голем предизвик за фотографите. За тие да бидат успешни, потребно е да се најде совршениот агол и перспектива со цел да се направи фотографија која за само неколку секунди може целосно да ја промени вашата перспектива за оние објекти кои секојдневно ги гледате… Погледнете ги наредниве 25 фотографии кои се само неколку примери за убавината и моќноста на овој вид фотографии.rnrnНеверојатни фотографии кои ќе ви го превртат светот наопакуrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни пејзажи отсликани во огледало

    Неверојатни пејзажи отсликани во огледало

    Фотографот Коди Вилијам Смит го отсликува светот преку овие неверојатни рефлектирачки пејзажи. Серијата фотографии наречена „A moment’s reflection“ вклучува огромно тркалезно огледало кое е сместено на земја, во песок или во море. Стоејќи исправено и делумно закопано, огледалото создава пречка во типичниот пејзаж рефлектирајќи друг предел кој се наоѓа во близина.rnrnНеверојатни пејзажи отсликани во огледалоrnrnПрекрасниот аранжман создава хармонична рамнотежа помеѓу неколку реалности кои се поврзуваат на неочекувани начини. Некои кружни формации се истакнуваат во однос на потемното опкружување и го покажуваат светлото небо во далечините, додека пак, други природно се поврзуваат во оптичка илузија предизвикана од различните форми.rnrnНеверојатни пејзажи отсликани во огледало
    rn

    „Мојата намера е да создадам нови врски помеѓу познатите форми така што воведувам спектакуларни отсликувања во околина каде што тие не би требало да постојат. Огледалата служат како фокална точка во рамките на секоја сцена, но исто така имаат и функција на прозорец кој овозможува сосема уникатна перспектива на истата локација,“ вели Смит.

    rnНеверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало Неверојатни пејзажи отсликани во огледало
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите

    Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите

    Lucid Stead“ (Луцидно место) е архитектонска инсталација креирана од артистот Филип К. Смит III, кој за овој неверојатен проект избрал стара колиба лоцирана во пустинските предели на Џошуа Три во Калифорнија, која ја оживеал со огледала, ЛЕД светла и наменски креирана технологија за да ја истакне убавина на неверојатниот пејзаж околу неа.rnrnХипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боитеrnrn70 години старата колиба со искршени стакла е преобразена во воодушевувачка глетка од која ќе се запрашате дали она што го гледате е возможно да биде реално или пак можеби халуцинирате.rnrnХипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боитеrnrnВо проектот се имплементирани 4 идеи: светлина и сенки, рефлектирана светлина, проектирана светлина и менување.rnrnПрвиот дел се однесува на промена на изгледот на колибата во зависност од позицијата на сонцето во текот на денот и начинот на кој тоа влегува во интеракција со огледалата кои се дел од структурата. Рефлектираната светлина се однесува на одразот на пустината во огледалата кои претставуваат дел од фасадата на колибата. Проектираната светлина пак, се случува ноќе и доаѓа однатре, кога светлата кои се во внатрешноста почнуваат да ја откриваат структурата на колибата, додека силно обоените прозорци и врати постепено и скоро незабележливо ја менуваат бојата.rnrnХипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боитеrnrnПроектот има за цел да нè потсети дека понекогаш треба да го забавиме темпото. Ако појдете во пустината имате можност да го запазите тоа темпо на бавна промена, да запрете за момент и да бидете тивки за да можете вистински да видите и да слушнете.rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Oчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нив

    Oчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нив

    Очите кажуваат многу за личноста, но фотореалистичните цртежи на Вери Апријатно откриваат многу повеќе од нејзината околина. Тие рефлектираат силна емотивна приказна сместена на малата рожница на окото. Секоја од овие креации е резултат на комбинирана употреба на материјали за сликање, како јаглен, молив и акрилни бои.rnrnOчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нивOчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нивOчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нивrnrnСликите се толку богати со детали, што изгледаат како да се фотографии, но специјалниот фотореалистичен ефект кои тие го имаат е надополнет со експресивните сцени насликани како рефлексии во емотивните очи. На овој начин, очите откриваат многу повеќе од проста рефлексија на она што ги опкружува.rnrnOчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нив Oчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нив Oчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нив Oчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нив Oчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нив Oчи кои гледаат многу повеќе од сè што е околу нив
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.