КАФЕ ПАУЗА

Tag: рефлексија

  • Рефлексија на тагата во човечките очи

    Рефлексија на тагата во човечките очи

    Манчестерскиот артист Мартин Линч-Смит умее експертски да го нацрта човечкото око, доловувајќи го секој најмал детаљ. Од совршено превитканите трепки, детално пресликаните брчки под очите, до фасцинантната текстура на рожницата, артистот изведува совршено хиперреалистично пресликување на тагата во човечките очи.rnrnОвие монохроматски креации од колекцијата на 32-годишниот артист наречена „Рефлексии“ (Reflections), се дело на неговата вешта рака и цел сет од разни видови моливи. Погледот во внатрешноста на овие влажни, црно-бели светкави очи, нè одведуваат кон некоја друга сцена, како некои видови надреални пејзажи.rnrnРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очиРефлексија на тагата во човечките очи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одблесокот на Париз

    Одблесокот на Париз

    Повеќето луѓе кога го посетуваат Париз, ги прават истите фотографии од познатите обележја на градот како што се Ајфеловата Кула, Музејот Лувр и Триумфалната порта. Живеејќи 4 години во Париз, историчарката на уметност, Џоана Леманска, го гледа градот во едно сосема поинакво светло. И покрај тоа што и таа ги фотографира истите популарни знаменитости, Џоана сепак успева да ги прикаже на еден свеж и уникатен начин. Служејќи се со нејзиниот фотоапарат и Ајфон 4, таа пронаоѓа вирови или предмети кои прават отсјај како огледала, стакла и метали и ги употребува за да создаде неверојатно убави рефлексии.rn
    rn

    Уживам во секакви видови рефлексии и немам некои особени преференции кон градот Париз. Нив може да ги пронајдам и во Лондон, Берлин или во Њујорк. Но, живеам во Париз, па затоа е сосема природно тоа што повеќето од моите фотографии се направени овде. Она што јас го гледам во рефлексиите, е перфектна композиција и естетско задоволство. Понекогаш рефлексиите ни даваат уникатен, акварелен изглед на фотографиите. Другпат, тие прават фотографијата да изгледа футуристички. Фотографирањето рефлексии за мене е како забавување во детско игралиште, бидејќи јас навистина уживам пронаоѓајќи поточиња и лизгави површини, само за да видам каков различен ефект на фотографијата, можат да понудат.“

    rnДоколку го разгледате нејзиното портфолио, ќе забележите дека таа навистина ужива во фотографирањето елементи коишто се повторуваат, како и симетрија пронајдена во архитектурата или природата. Фокусирајќи се на сите овие квалитети, таа ни дава една обновена почит кон сето она што овој магичен град има да ни го понуди.
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На кој начин работи едностраното огледало?

    На кој начин работи едностраното огледало?

    Сигурно сите сте виделе сцена од криминалистички филм каде што детективите набљудувале испрашување на осомничен преку прозорец кој од другата страна изгледа како сосема обично огледало…rnrnНа кој начин работи едностраното огледало?rnrnОгледалото кое тие го употребуваат има тенок слој делумно рефлектирачка обвивка. Но, само околу 80% од светлината се одбива, додека останатите 20% поминуваат низ него. За да се надокнади за овој процес, собата за испрашување, односно страната каде што се гледа огледало, е околу 10 пати посветла за да им овозможи на набљудувачите од другата соба добро да го видат осомничениот.rnrnБидејќи собата за набљудување е многу потемна, количината на светлината која поминува од светлата соба не е доволна да создаде слика од темната страна. Поради тоа, колку и да се трудите, доколку сте во просторијата за испрашување, не можете да видите ништо од она што се случува од другата страна на огледалото.

  • Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?

    Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?

    Лоцирана на околу 3,7 км над морското ниво, Салар де Јони е мистична солена рамнина која се наоѓа во Алтиплано, Боливија. Во врнежливиот период, кога солената пустина е покриена со вода, таа создава неверојатна природна рефлексија, како еден вид џиновско огледало, при што создава илузија како луѓето кои газат по неа, да чекорат по вода.rnrnПостојат луѓе кои можат да чекорат по вода?rnrnИ покрај тоа што солената рамнина е убава сама по себе, сепак во комбинација со водата создава еден неверојатен надреален резултат. Таа е особено извонредна во облачните денови, кога изгледа како нејзините посетители да се упатиле на прошетка накај небесните широчини.rnrnПостојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?rnrnПрекрасната метаморфоза која се случува на соленото земјиште долго 10.582 квадратни километри, кое воедно претставува и најголема солена рамнина на светот, е навистина една вчудовидувачка природна појава, која е прекрасно да се доживее и види. Во неа се крие мистериозна убавина кога ќе се искомбинираат навидум бесконечната мокра солена пустина, со синото небо со пувкасти облачиња. Посетителите, никогаш не изумуваат да ја документираат ваквата рајска сцена, позирајќи на различни интересни начини пред фотоапаратот.rnrnПостојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магична рефлексија во ситни капки вода

    Магична рефлексија во ситни капки вода

    Макрофотографијата нуди големи можности за разубавување на предметите кои се пред нас и чекаат да бидат фотографирани. Кога оваа техника на фотографирање одблизу ќе се искомбинира со техниката на фотографирање капки вода, односно капки роса, се добива вистински магичен ефект.rnrnТајната е во поставување некаква позадина зад капката, која се рефлектира на неа, па кога ќе се направи фотографијата, изгледа како предметот да е замрзнат внатре во неа. Магично… Еве селекција на неколку прекрасни макрофотографии со капки вода од различни артисти во кои преовладуваат цветови замрзнати во минијатурни кружни водени форми:Магична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаМагична рефлексија во ситни капки водаВи се допаднаа овие фотографии? Погледнете ги и фотографиите на Брајан Валентајн во кои тој претставува разни предмети во капки вода, притоа користејќи списанија како подлога.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.