КАФЕ ПАУЗА

Tag: рециклирање

  • Од свеќник до полица: 7 неверојатни идеи за искористување на лимените конзерви

    Од свеќник до полица: 7 неверојатни идеи за искористување на лимените конзерви

    Знаете ли дека од конзерва можете да направите часовник или полица за накит? Наместо да ја фрлите во канта, одлучете да направите нешто убаво од неа – не само што ќе ѝ олесните на нашата планета туку и ќе го декорирате домот. Вин-вин ситуација.rnrnЛимените конзерви се дел од сечие секојдневие, но после нивната употреба ги доживуваме како отпад. Ако имате квалитетен отворач и знаете да ги избрусите нивните остри рабови, од конзервите можете да направите што сакате. Измијте ја конзервата, добро исушете ја и внимателно избрусете ги нејзините остри рабови за на крај да се посветите на креативното создавање.rn

    1. Свеќник

    rnНалијте восок, додадете фитиљ и создадете ваш сопствен свеќник.rnrn1-od-svekjnik-do-polica-7-neverojatni-idei-za-iskoristuvanje-na-limenite-konzervi-kafepauza.mkrn

    2. Полица за накит

    rnПрекрасна идеја и нов начин за чување накит.rnrn2-od-svekjnik-do-polica-7-neverojatni-idei-za-iskoristuvanje-na-limenite-konzervi-kafepauza.mkrn

    3. Елегантни садови за сол и зачини

    rnДајте ѝ грациозен и елегантен изглед на вашата трпезарија со вакви убави садови.rnrn3od-svekjnik-do-polica-7-neverojatni-idei-za-iskoristuvanje-na-limenite-konzervi-kafepauza.mkrn

    4. Прстени за прибор за јадење

    rnМногу внимателно свиткајте го алуминиумот од конзервата и направете прстени за приборот за јадење.rnrn4-od-svekjnik-do-polica-7-neverojatni-idei-za-iskoristuvanje-na-limenite-konzervi-kafepauza.mkrn

    5. Перниче за игли

    rnОд обична конзерва и малку материјал и сунѓер ќе добиете супер перниче за игли.rnrn5-od-svekjnik-do-polica-7-neverojatni-idei-za-iskoristuvanje-na-limenite-konzervi-kafepauza.mkrn

    6. Минијатурни полици

    rnЗалепете разни лименки на ѕидот и користете ги како полици.rnrn6od-svekjnik-do-polica-7-neverojatni-idei-za-iskoristuvanje-na-limenite-konzervi-kafepauza.mkrn

    7. Абажур за столна ламба

    rnУште една одлична идеја е од старата ламба да си направите абажур.rnrn7-od-svekjnik-do-polica-7-neverojatni-idei-za-iskoristuvanje-na-limenite-konzervi-kafepauza.mk

  • Нема да поверувате на кој начин може да ги искористите пластичните шишиња. Погледнете!

    Нема да поверувате на кој начин може да ги искористите пластичните шишиња. Погледнете!

    Грижата за животната средина и нејзина заштита не се нешто ново. Луѓето сè повеќе смислуваат различни начини за да се намали штетата што ѝ се предизвикува на планетата со некои креативни идеи за рециклирање и повторна употреба на одредени предмети. Затоа погледнете ги овие 9 необични употреби на пластичните шишиња. Овие проекти се едноставни, корисни за секојдневниот живот, но и за заштита на животната средина. Многу е важно да запомните дека на едно пластично шише му се потребни 700 години за да започне со процесот на распаѓање и повеќе од еден век за целосно да исчезне од животната средина.rnrn1-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    1. За чување храна

    rnИскористете 2 пластични шишиња за да направите садови за чување храна како ориз, грав, тестенини и шеќер. Потребно е да ги исечете шишињата во различни димензии: подолго (тоа ќе биде основата) и покусо (кое ќе биде капаче), па спојте ги заедно.rnrn2-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    2. За кофи за наводнување

    rnМногу лесно може да го претворите пластичното шише во кофа за наводнување. Сè што треба да направите се неколку дупчиња на капачето со помош на клинец и чекан. Бидете внимателни! Ако патувате, а немате никого да се грижи за вашите цвеќиња, тогаш шишето навалете го надолу кон саксијата. Или пак, може да го закачете над саксијата, со клинец на капачето, а водата ќе тече пополека и ќе спречи вашето цвеќе да се исуши.rnrn3-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    3. За организирање на вашата работна површина

    rnКористете пластични шишиња за да создадете држачи за моливи и различни организатори за вашата работна површина. Искористете го долниот дел од шишето и декорирајте го по ваша желба. Може да искористите само едно шише или пак повеќе со тоа што ќе ги залепите заедно со лепило. Искористете ја вашата креативност и направете различни димензии и „поплава“ од бои. Украсните селотејпи се супер за украсување на вашите организатори.rnrn4-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    4. За хранење птици

    rnАко имате градина и сакате во неа да летаат птици, тогаш интересна идеја е да поставите храналка за птици. За тоа може да искористите пластично шише. Една од идеите е да искористите две лажици вметнати во шишето. Направете мали дупчиња и ставете ги лажиците од страна. Наполнете го шишето со храна за птици и овозможете таа да истекува на лажиците. Може наместо лажици да искористите стапчиња за јадење, но мора да се погрижите дупчињата да бидат поголеми за птиците полесно да доаѓаат до храната. Сега само ви останува да ја закачите вашата храналка за птици на дрвото и да чекате тие да дојдат.rnrn5-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    5. За сад за грицки

    rnДолниот дел од шишето може да се искористи за да се направи супер сад за грицки. Исечете го долниот дел од шишето и користете пегла за алишта за да ги поправите несовршеностите (притиснете го нежно горниот дел од садот неколку секунди). Искористете го садот за кикиритки, грицки, чипс и слично.rnrn6-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    6. За лажица во итни ситуации

    rnАко кампувате далеку од цивилизација или пак на место каде што е многу тешко да најдете лажица, тогаш може лесно да ја направите од пластично шише. Може да ја направите ако го исечете шишето како што е покажано на сликата подолу, со тоа што ќе го искористите долниот заоблен дел за да го добиете делот за црпење. Супер и лесен трик во итни ситуации.rnrn7-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    7. За распрскувач

    rnАко имате голема градина, а немате доволно време за да ја наводните, тогаш користењето на распрскувач е одлична идеја. Може да направите домашен распрскувач од пластично шише. Направете неколку поголеми дупчиња со клинец и употребете селотејп за да го прицврстите цревото внатре. Сега само пуштете ја водата и дозволете таа да ја наводни вашата градина. Запомнете, користете ја водата само тогаш кога ви е потребна.rnrn8-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    8. За држач на тоалетна хартија

    rnДали имате деца и секогаш ви е потреба тоалетна хартија за да исчистите нешто? Интересна идеја е да направите држач за тоалетна хартија од пластично шише. Исечете го долниот дел со иста должина како тоалетната хартија и горниот дел кој ќе служи како капаче. Отстранете го делот за капачето на шишето и извлечете ја хартијата. Лесно и корисно.rnrn9-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_rn

    9. За организатор на весници

    rnСовршен за чекални и канцеларии. Отстранете го горниот дел и шишињата залепете ги на пластична или на дрвена површина. Исто така, може да го поставите на подот, со тоа што ќе го прицврстите со јаже. Во канцелариите оваа идеја може да послужи како организатор за поштата и слично.rnrn10-nema-da-poveruvate-na-koj-nachin-mozhe-da-gi-iskoristite-plastichnite-shishinja-poglednete-www.kafepauza.mk_

  • Прекрасна рециклирана уметност од стари клучеви и парички

    Прекрасна рециклирана уметност од стари клучеви и парички

    Дури и фрлените клучеви и парички може да се претворат во прекрасна уметност доколку постои креативност и соодветно знаење. Мајкл (Moerkey) од Австралија го прави токму тоа – ги претвора фрлените клучеви и парички во шишиња, абажури и други преубави рециклирани метални структури.rnrn10-tprekrasna-reciklirana-umetnost-od-stari-kluchevi-i-parichki-kafepauza.mkrn

    „Кога требаше да ја расчистам мојата барака налетав на неколку стари бакарни цевки останати од претходното реновирање. Ги исеков на прстени и почнав да ги поврзувам во сфери“, вели Мајкл. „Првите беа малку груби, но штом ја научив техниката станав креативен. Јас сум колекционер и многу барав наоколу за сите тие клучеви и бакарни жици, кои не се повеќе потребни, а потоа станав креативен и со нив“, додава тој.

    rn11-tprekrasna-reciklirana-umetnost-od-stari-kluchevi-i-parichki-kafepauza.mkrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни употреби на старите светилки

    Креативни употреби на старите светилки

    Кога вашата светилка ќе престане да работи, не мора веднаш да ја фрлите. Доволни ви се само малку креативност и труд и оваа светилка ќе добие втора шанса за живот. Постојат најразлични начини на кој можете да го претворите овој предмет во нешто корисно. Започнувајќи од вазни и садови за бонбони, па сè до најразлични декорации, светилките имаат огромна функција во естетските проекти.rnrn

    Креативни употреби на старите светилки
    Декоративни балони на воздух
    rnrn

  • Паметна и креативна употреба на стари конзерви

    Паметна и креативна употреба на стари конзерви

    Рециклирањето е одличен начин не само да ја заштитите околината туку и да го збогатите декорот во вашиот дом. Сè што ви треба е трпение, доза креативност и желба за „направи сам“ авантура. Земете куп конзерви кои наместо да ги фрлите во корпата за отпадоци ќе им најдете место во вашиот дом.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrnЕве што сè може да направите со старите конзерви.rnrn1. На една дрвена даска со помош на шајки закачете неколку конзерви кои ќе ви послужат за чување дрвени лажици, ножеви и сличен кујнски прибор. Доколку етикетата на конзервата се совпаѓа со боите на вашата кујна воопшто не мора да ја одлепувате.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn2. Исто, конзервите може да ги искористите како држачи за шишиња вино во кујната. Обојте ги во бои по ваш избор, исечете го задниот дел и добро прицврстете ги една со друга.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn3. Или пак, одберете една даска и 6 конзерви со еднаква големина. Обојте ги и даската и конзервите во една боја и прицврстете ги конзервите за даската со помош на шајки, како што е прикажано на сликата. Може да додадете држач за приборот како и налепници на секоја од конзервите зависно од тоа дали тука ќе чувате лажици, виљушки, ножеви и др.rnrn4.1-pametna-i-kreativna-upotreba-na-stari-konzervi-www.kafepauza.mk_rnrn4. Средете го приборот на вашите деца со помош на стари конзерви. Прикачете ги конзервите со магнет на метална површина и селектирајте го приборот за боење или играчките на вашите деца. Креативно, нели?rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn5. Со помош на ниски конзерви, уредете ја вашата работна фиока, категоризирајќи го приборот што го употребувате секојдневно.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn6. Конзервите може да ви послужат и за уредно чување на вашите аксесоари. Прицврстете неколку конзерви една за друга и со помош на дебел конец или парче материјал заврзете ги и прикачете ги на вратата или плакарот. Во секоја од конзервите може да ги чувате вашите марами, на пример.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn7. Откако средивте сè во вашиот дом, време е да ѝ се посветите на вашата градина. Доколку сте љубители на цвеќиња, зеленчуци и овошја и ги одгледувате во вашиот двор, конзервите може да ви помогнат уредно да ги чувате семињата и коренчињата.rnrnПаметна и креативна употреба на стари конзервиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од стари палети до нов модерен мебел

    Од стари палети до нов модерен мебел

    Дали по дома ви се наоѓаат неколку палети на кои не знаете што да им правите? Во ниту еден случај не треба да ги фрлите. Постојат голем број начини на кои можете да ги реупотребите и да направите нешто убаво и оригинално од нив. Ова се само неколку примери кои можат да ви помогнат. Импровизирајте и не плашете се да ја употребите вашата имагинација.rnrnОд стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебел Од стари палети до нов модерен мебелrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеа

    Колоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеа

    Британскиот артист Брус Манро е фасциниран од светлосни дизајни и инсталации. Оваа необична страст е очигледна во голем број од неговите надворешни масивни дела. Тој во својата работа употребува светлина за да создаде енергетско поле од среќа која сјае. Во биографијата на артистот можете да прочитате:rn
    rn

    „Манро има цел да ја сподели позитивната енергија; ништо поинтелектуално од тоа. Неговата најголема цел и задоволство е да ги натера посетителите да го почувствуваат топлиот сјај на насмевката.“

    rnКолоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеаrnrnОвие колоритни „водни цвеќиња“ кои тој ги составил од 65.000 рециклирани цедеа се наоѓаат во Градините Лонвуд, Кенет Сквер, Пенсилванија. Тие плутаат во текот на денот во Големото Езеро од каде што рефлектираат зраци во сите бои од виножитото од сончевата светлина. Манро вели:rn
    rn

    „Убавината на Градините Лонгвуд ме инспирира на многу начини. Да се создаде нешто кое истовремено се поврзува со пејсажот и ја зголемува неговата природна убавина е возбудлив артистички предизвик.“

    rnКолоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеаКолоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеаКолоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеаrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 креативно рециклирани авиони

    5 креативно рециклирани авиони

    Кога еден огромен Боинг 747 Џамбо Џет ќе биде доволно стар за да не се употребува повеќе, се создава навистина голема количина отпад на која треба да ѝ се најде место. За среќа, има луѓе кои се сетиле дека целото тоа железо може да се рециклира и од него да се добие нешто ново. Ова се петте најкреативни реупотреби.rn
    rn

    Џамбо хостел

    rnОвој Боинг 747 е изграден за компанијата Сингапур Ерлајнс, потоа го користела Пан Ам, а дотрајал како сопственост на шведската Трансџет. Останал во Стокхолм, но не како старо железо, туку како хостел. На местото на 450 седишта биле поставени 76 кревети, нов мебел, безжичен интернет и ЛЦД телевизори. Најатрактивен е апартманот кој се наоѓа во пилотската кабина, каде што сé уште стојат уредите за управување со авионот. Во хостелот доаѓаат патници од целиот свет, но е отворен и за оние кои не отседнуваат во него. Тие можат да дојдат да јадат, а храната им се служи исто како во авион кој што е во употреба, само што овде таа е многу поскапа.5 креативно рециклирани авиони5 креативно рециклирани авиониrn

    Симулатор за летање во спалната соба

    rnЕден од најкреативно рециклираните авиони е овој Боинг претворен во симулатор за летање. Сопственикот Џон Дејвис од Ковентри, Англија, поминал цели осум години во неговото дизајнирање. Во спалната соба ги донел оригиналните делови од Боингот, додал неколку ЛЦД монитори и софтвер за симулирање летови, за денес да има импресивен симулатор за кој наплаќа по 65 фунти на час, односно 420 фунти за шест часа.5 креативно рециклирани авиониrn

    Еколошки дом

    rnФранси Рехвалд од Калифорнија успеала на аукција да купи делови од урнат авион од коишто изградила целосно нова еколошка куќа. Ниту еден дел од Боингот не бил оставен да ‘рѓосува. Сè било употребено во изградбата. Крилата се претвориле во необичен покрив, трупот е употребен како гостинска соба и уметничко студио, а од носот е создадено совршено катче за медитација.5 креативно рециклирани авиониrn

    Боинг 747 ресторан

    rnОвој огромен авион денес веќе е целосно напуштен. Стои во корејскиот град Намјангџу-Си да сведочи дека овде некогаш имало необичен ресторан кој се простирал во цел авион.5 креативно рециклирани авиониrn

    Експонат во музеј

    rnВашингтонскиот музеј Смитсонијан сакал да ги импресионира посетителите со нос на авион кој направил револуција во летањето, и тоа во оригинална големина. Но, токму кога сакале да почнат со изградба на реплика од Нортвест Ерлајнс го добиле цел авион, и тоа првиот кој воопшто го користела оваа компанија. Носот денеска стои во музејот, а посетителите кои ќе влезат во него можат да ја истражуваат добро зачуваната пилотска кабина. За жал, останатиот дел од авионот е оставен да ‘рѓосува на еден мал аеродром во Северна Каролина.5 креативно рециклирани авиони
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Артист црта фацички на празни лименки најдени на улица

    Артист црта фацички на празни лименки најдени на улица

    Кога уличниот уметник My Dog Sighs ќе пронајде фрлена празна лименка на улица, тој ја користи ситуацијата за да ја претвори во вистинско уметничко дело. Артистот црта фацички на разни видови смачкани конзерви, давајќи им карактер и личност. Тој за себе вели дека магнетски го привлекуваат необични работи и обожава да допре со срцето на луѓето кои се фасцинираат од неговата уникатна работа.rnrnАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаrnrnЗа да ги создаде портретите на смачканите конзерви, Дог прво го мачка дното на конзервата со сива боја, која служи како боја на кожа. Потоа ги црта среќните, тажни или намуртени фацијални експресии и притоа му дава нова свежина на она што некогаш било отпад. Кога ќе го заврши уметничкото дело, ја остава лименката истакната на некое пешачко шеталиште, со цел некој да ја здогледа и да си ја однесе дома.rnrnАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаrnrnОвој проект претставува ретка форма на уметност, а воедно и инвентивен начин за рециклирање на отпадот.rnrnАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаАртист црта фацички на празни лименки најдени на улицаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни огромни риби од пластични шишиња

    Прекрасни огромни риби од пластични шишиња

    Прекрасната уметничка инсталација која прикажува три огромни риби е поставена на плажата Ботафого во Рио де Жанеиро, Бразил. Скулптурите се направени со цел да го привлечат вниманието на јавноста на неодамна одржаната конференција Рио +20.Прекрасни огромни риби од пластични шишињаНа оваа конференција се сретнаа светските лидери и илјадници други учесници од владиниот, приватниот и невладиниот сектор со цел да најдат начини да ја намалат сиромаштијата, да го подобрат квалитетот на општествениот живот и да ја заштитат природата од брзорастечкиот пораст на популацијата на земјата. Слоганот кој ги придружува овие величествени скулптури од рециклирана пластика гласи: „Препознајте го нивното место“.Прекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишињаПрекрасни огромни риби од пластични шишиња
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.