КАФЕ ПАУЗА

Tag: расправија

  • 9 реакции поради кои вие сте подобра личност од останатите

    9 реакции поради кои вие сте подобра личност од останатите

    Се сеќавате ли кога како мали деца ќе се искаравте со вашиот помал брат, помала сестра или другарче од вашето маало и кога вашите родители ќе ви речеа да бидете подобри и поумни, па да им попуштите? Таквите ситуации не им се случуваат само на мали деца.rn

    9-reakcii-poradi-koi-vie-ste-podobra-lichnost-od-ostanatite-kafepauza.mk

    rnСекојдневно се соочувате со луѓе чии мислења и ставови се разликуваат од вашите, постапки и однесувања кои не можете да ги разберете и зборови кои не ни можете да замислите да ги чуете пак. Немојте воопшто да се сомневате во тоа дека и вие го имате истото влијание врз нив. Но она по кое вие се разликувате од нив (и обратно) е реакцијата која ја имате кога ќе се соочите со некоја од овие ситуации. Да се биде подобрата и попаметна личност не е воопшто лесно, но следниве неколку реакции укажуваат дека вие сепак имате храброст да бидете такви.rn

    1. Не дозволувате да ве изнервираат

    rnЛуѓето прават глупави и непромислени работи секој ден. Логичната реакција за нив би била да се изнервирате и да им покажете што вие мислите за тоа. Но она што во тој момент би заборавиле е дека на тој начин вие се спуштате на нивно ниво и всушност се однесувате исто како и тие – глупаво и непромислено. Со тоа што им вртите глава на тие непромислености, вие на луѓето повторно им го покажувате своето мислење, но на многу подобар начин.rn

    2. Се повлекувате од расправија кога не сте во право

    rnИнаетот знае да биде многу поголем од разумот, па сакајќи да го истерате своето, тој може да ве одведе многу подалеку од една обична расправија за тоа дали ви било кажано да купите млеко или не. Почнувајќи од вакви банални примери, па сѐ до оние сериозните, желбата да се биде во право дури и кога знаете дека не сте, може да ви направи многу проблеми. Вие сте подобра личност бидејќи не дозволувате таа желба да владее со вас.rn

    3. Признавате дека сте згрешиле дури и кога тоа не е вистина

    rnИ додека се подразбира дека ова не се однесува на секоја расправија, некогаш едноставно не вреди да се докажувате со некој дека сте во право. Од која и да е причина што таа личност настојува да признаете дека вие грешите, застанете за момент и размислете дали е тоа толку лоша идеја. Да, неверојатно е тешко да речете погрешив дури и кога навистина е така, но во дадена ситуација тоа може да биде навистина добредојдено. Бидете подобрата личност кога тој наспроти вас не е и дадете си себеси повеќе време за оние важните проблеми.rn

    4. Се радувате за други луѓе

    rnСигурно сте се нашле во ситуација кога за некој кој не ви се допаѓа сте слушнале дека му се случило нешто убаво. Но дали разликите помеѓу вас треба да ве спречат да се радувате за таа личност? Дури и ако се работи за некој кој ви е близок и драг, вие сте подобра личност со тоа што не им оставате слободен пат на љубомората и зависта да ве надвладеат. Верувајте, задоволството е многу поголемо кога и вие ќе имате некој со кој ќе можете да се радувате на вашите успеси и со кој ќе можете да ги споделите вашите среќни моменти.rn

    5. Избегнувате конфликти

    rnИзбегнувањето расправија е често погрешно интерпретирано како кукавичлук и бегање од проблемот. Но паметниот човек знае дека конфликтот не е решение за ниту еден проблем. Па, наместо конфликт, вие во тој момент избирате да премолчите, да заминете и да најдете подобро решение за што и да ви стои на патот. Или едноставно знаете дека тој проблем не вреди за вие да се замерувате со некого.rn

    6. Не го очекувате за возврат она кое вие им го давате на другите

    rnЕдна од најголемите човечки особини е способноста да бидете хумани без да очекувате така да се однесуваат и кон вас. Најдоброто кај секој човек произлегува од несебичната желба да им помага на другите, дури и кога за возврат не добива ни благодарам. Овие луѓе сакаат да направат нешто повеќе бидејќи можат, а се подобри затоа што задоволството кое произлегува од тоа е единственото нешто кое очекуваат да го добијат.rn

    7. Не сте злопамтило

    rnНе секој е доволно голем човек за да ги остави лошите спомени позади себе. Не секој е подготвен да прости некому и да оди напред. Не секој знае како повторно да биде во добри односи со некој кој му има погрешено. Затоа оние кои го можат ова се подобри од останатите. Да бидеш свесен и да простиш за нешто што се случило многу одамна бидејќи не вреди толку за да влијае на можноста за подобра сегашност, е одлика на големите луѓе.rn

    8. Не земате сѐ при срце

    rnЈазикот често работи побрзо од умот. Некогаш дури и самостојно. Но вие како подобра личност го прифаќате тоа. Свесни сте дека луѓето кажуваат зборови кои не ги мислат, прават работи за чии последици не се свесни и едноставно не се грижат за тоа. А вие, кога доаѓате во директен контакт со тие луѓе, знаете подобро. Не ги земате нивните постапки при срце бидејќи, можеби, тие не знаат како поинаку.rn

    9. Прифаќате мислење различно од вашето

    rnНе секогаш ќе имате до себе личност која го мисли истото што и вие. Многу е поверојатно дека ќе се соочувате со луѓе кои не го делат вашиот став. Она на кое не можете да се потпрете е дека тие луѓе ќе знаат како да се справат со таа ситуација, но затоа вие знаете. Вие сте личност која прифаќа различно и поинакво од она за кое се залага и е подобра бидејќи не дозволува тоа да застане на патот на добрите односи.rn

    „Не однесувајте се со луѓето онолку лошо колку што се тие лоши, однесувајте се кон нив онолку добро колку што сте вие добри.“ – Риту Гатури

  • Како да се справите со силните расправии пред тие да излезат целосно од контрола?

    Како да се справите со силните расправии пред тие да излезат целосно од контрола?

    Сите овие совети се дизајнирани со цел да ги вратат расправиите во безбедната зона и да ни отворат пат кон изнаоѓање заедничко решение. Колку послободно течат информации помеѓу соговорниците, на искрен начин исполнет со почит, толку полесно е да се има здрава комуникација.rnrnКако да се справите со силните расправии пред тие да излезат целосно од контролаrnrnОбрнувајте внимание на знаците на тишина. Тишината е еден од начините на кои се оддалечуваме од значајниот дијалог. Знаците на тишината вклучуваат „повлекување“ (повлекување на тоа што сме го кажале), „избегнување“ (неучествување или неискажување на нашите мисли), како и „маскирање“ (намалување на содржината на пораките).rnrnОбрнувајте внимание на знаците на насилство. Насилството е уште еден начин на коj можеме да се оддалечиме од значајниот дијалог. Знаците на насилство вклучуваат „контролирање“ (влегување во збор), „етикетирање“ (осудување на нештата како добри наспроти лоши), како и „напаѓање“ (користејќи навреди и лични напади).rnrnОбидете се да ги вратите нештата на безбедно. Колку порано ќе ги идентификувате знаците на тишина и насилство (и кај вас и кај соговорникот), толку полесно ќе можете да се справите со нив пред тие да излезат од контрола. Доколку ги забележувате овие знаци, тогаш е време да се врати разговорот во границите на безбедноста.rnrnЗапочнете со нештата со кои се сложувате. Еден од најдобрите начини да ја вратите конверзацијата во безбедната зона е доколку започнете да разговарате за оние нешта со кои и двајцата се согласувате. Почнувајте ги речениците со „Да“ или „Се согласувам“, а не со изјавата „Не си во право.“ Откријте прво што е заедничко во вашата дебата, а потоа додавајте нови информации.rnrnКажете ги фактите позади вашата приказна. Кога почнувате да ја споделувате вашата страна, многу е важно да се држите до фактите, а не само да им одите контра на оние кои го тврдат спротивното. Постои голема разлика помеѓу велењето „Јас забележав чудни сметки на нашата кредитна картичка“ и „Ме изневеруваш!“ Објаснете ја детално и смирено вашата верзија од приказната и зошто мислите и се чувствувате на тој начин.rnrnДозволете му на соговорникот да ја каже својата приказна. Исто како што вие имате потреба да ја кажете вашата верзија од приказната искрено, така и другите сакаат да ја кажат својата приказна. Доколку сме искрени, заедничките точки брзо ќе почнат да се поврзуваат. Но, кога тој/таа зборува многу е важно да се чувствуваат сигурно, па токму затоа не смеете да ги осудувате или исмејувате.rnrnОткријте заедничка цел. Кога сме дел од сериозни караници, ние многу често губиме чувство за вистинската причина поради која започнала оваа расправија и со тоа целосно престануваме да ја гледаме поголемата слика. Токму затоа многу е важно да направите еден чекор назад и да се обидете да најдете заедничка цел која и двајцата ја делите. Што навистина сакате од овој разговор? Што навистина сака другиот? Дали сте фокусирани на она што е навистина важно?rnrnБидете внимателни со играњето улоги на „жртва“ или „злобник“. Многу често луѓето ги трансформираат нивните приказни со цел да докажат дека се во право. Кога ова го прават играјќи ја „жртвата“, тие се преправаат дека ништо не е нивна вина и дека тие се беспомошни, а кога влегуваат во улогата на „злобникот“, тие се преправаат дека другата личност е чисто зло кое се обидува да ги уништи. Најчесто нашите приказни ги покажуваат настаните кои довеле до оваа ситуација во црно-бела боја каде што вистината е заглавена некаде во средината.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 најчести грешки кои ги прават луѓето кои се во врска

    6 најчести грешки кои ги прават луѓето кои се во врска

    Се сакаме, па се мразиме, потоа ни е пак убаво, па се караме, се лутиме и си кажуваме сѐ и сешто, за на крајот повторно гушнати да лежиме на каучот. Ова се само дел од сосема нормалните и очекувани работи кога ќе се спојат луѓе со различни карактери и ќе започнат врска. Поминуваме и низ многу убави и низ многу лоши моменти, при што убавите се обидуваме да ги запомниме, а од лошите да научиме нешто и да ги смениме.rnrn(1)-6-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koi-se-vo-vrska-kafepauza.mkrnrnСите парови имаат свои проблеми кои, поединечно гледано се различни. Но дури и покрај тоа што самата тема на расправија е различна, старите имаат поговорка дека сите врски се исти. Зошто е тоа така? Бидејќи претежно сите ги правиме истите грешки, само на свој начин. Односно, позадината на тие проблеми може да се смести во 6 најчести грешки кои ги прават партнерите во врската.rn

    1. Го земаат партнерот здраво за готово

    rnДодека да влезат во врска, луѓето прават сѐ што можат за да го привлечат вниманието на личноста која им се допаѓа, а откако ќе успеат во тоа грешат сметајќи дека повеќе нема потреба да ја освојуваат. Но факт е дека врската, како и сѐ друго, е нешто на кое постојано треба да се работи. Токму затоа на освојувањето никогаш не треба да му дојде крај. Наместо да го земаат партнерот здраво за готово, малите знаци на внимание ќе завршат убава работа во искажување на чувствата. Бидејќи колку и да било тешко да се влезе во врската, верувајте дека раскинувањето на истата може да биде многу полесно. Тоа што партнерот е сега тука не значи дека и покрај сѐ ќе продолжи да биде таму.rn

    2. Стануваат посесивни

    rnСето она кое припаѓа во некои нормални граници на дозволеното, е прифатливо. Со други зборови, секое однесување во врската е во ред сѐ додека се почитуваат поставените граници на слобода, уживање и почит. Со преминување на овие граници настануваат проблеми. Токму затоа, оние претерани и посесивни реакции ќе создадат одбивност кај партнерот. Убаво е да сакате некого со цело срце и душа, нормално е да се грижите за тој некој и очекувано е да постои доза несигурност. Но откако ќе влезете во врска, тоа би требало да значи дека веќе почнувате да работите на меѓусебната доверба и разбирање, односно почитување на туѓата слобода и отворање на сопствените видици бидејќи повеќе не станува збор за една личност, туку за двајца.rn

    3. Се жалат на сите други, освен на партнерот

    rnАко постои правило дека тоа што се случува во семејството останува во семејството, тогаш истото важи и за врската. Проблемите настануваат меѓу партнерите, па логично е дека само тие можат да си ги решат. Иако е разбирливо да зборувате со пријател за да побарате совет, воопшто не е во ред да очекувате проблемот да се реши сам од себе ако не сте се ни обиделе да зборувате со вашиот партнер. А она што можеби најмногу ќе го погоди партнерот е фактот дека не сте му се обратиле нему туку сте се жалеле прво на некој друг. Клучот на успешната врска е комуникацијата меѓу партнерите. Скоро сeкој проблем во врската може да се реши со разговор, но само доколку разговарате со партнерот.rn

    4. Постојано ја преиспитуваат врската

    rnКога сте подготвени за тоа дека врската нема да ви успее, веројатноста дека тоа навистина ќе се случи се зголемува. Ова доста едноставно се објаснува со тоа што кога мислите дека нешто нема да трае, посветувањето себеси и обврзувањето на тоа се малку веројатни. Тоа понатаму води кон проблеми бидејќи не постои прилагодување кон потребите на партнерот, ниту пак размислување за врската како единство од двајца, а тоа сигурно ќе води кон поголеми проблеми или раскинување. Постојаното преиспитување за тоа дали врската е долготрајна и дали вреди не е воопшто здраво за неа.rn

    5. Не го ставаат партнерот на прво место

    rnШто и да прават луѓето, свесно или не, го прават на база на приоретизирање. Во даден момент тие одлучиле да прават нешто или да бидат со некого на база на тоа што тоа или тој некој им биле поважни во споредба со нешто или некој друг. Земајќи го ова предвид, може многу брзо да видите на кое место на вашата скала на приоритети се наоѓа партнерот. Многу често, за жал, токму поради фактот дека партнерот го земаме здраво за готово и очекуваме да биде тука без разлика на сѐ, тој и не ни е баш меѓу поважните приоритети. А кога одбирате нешто друго наместо личноста која треба да ви биде на прво место (во поголем дел од случаите), очекувајте проблеми.rn

    6. Се откажуваат од врската

    rnБез разлика на сѐ, кога некого сакате, не се откажувајте туку така од него. Секоја врска се става некогаш на тест и во секоја врска има предизвици кои парот треба заедно да ги надмине. А кога едниот се откажува, тогаш ни на другиот нема да му треба многу време да го направи истото, бидејќи врската не може да опстане кога постои константно давање од едната страна и константно земање од другата. Врската треба да е борба кога станува збор за некој за кој вреди да се борите, па затоа прераното откажување од неа може само да донесе негативни поени. А кога нешто навистина се сака, тогаш и целото однесување се насочува кон негово постигнување. Без сомневање, ова ќе важи и во спротивна насока.rnrn(2)-6-najchesti-greshki-koi-gi-pravat-lugjeto-koi-se-vo-vrska-kafepauza.mkrnrnВрската претставува прилагодување и полно компромиси зачинети со многу, многу љубов. Сите грешки кои ги правиме додека сме во врска се поради тоа што сите сме свои личности, со свој карактер и свои размислувања кои дотогаш функционирале бидејќи не сме имале потреба да размислуваме и за некој друг. Но во врската сѐ што правиме влијае на партнерот и обратно. Па доколку сакаме таа да опстои, потребно е да работиме на неа заедно во пар, односно да се обидеме да ги избегнеме овие најчести грешки кои сите ги правиме, помалку или повеќе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 чекори кои ќе ви помогнат во решавање на проблемите во врската

    5 чекори кои ќе ви помогнат во решавање на проблемите во врската

    Колку и да постои љубов во врската, невозможно е да се избегнат расправиите. Сосема нормално е да има судир на ставови и размислувања, па во тие моменти малку треба за да започнете да се карате. Тоа се некогаш лесни расправии, но некогаш знаат да прераснат во големи и наизглед нерешливи. Но, иако во тие моменти делува како да е крај на светот и како да не постои решение за вашиот проблем, факт е дека доколку и двајцата сакате да го најдете, тоа е секогаш пред вашиот нос.rnrn(1)-5-chekori-koi-kje-vi-pomognat-vo-reshavanje-na-problemite-vo-vrskata-kafepauza.mkrn

    1. Дајте си време да оладите

    rnНиту еден проблем не се решава додека сте лути и нервозни. Дури и да се обидете да разговарате во тие моменти, ќе забележите дека тој разговор брзо ќе премине во уште поголема расправија. Но доколку си оставите себеси, а и на партнерот, време и простор да ги избистрите главите, убаво да размислите за целата ситуација, за тоа кој што рекол и дури потоа да седнете да разговарате, ќе видите дека многу полесно ќе се разберете и ќе успеете да дојдете до заеднички компромис.rn

    2. Променете ја околината

    rnСѐ влијае на нас и на нашето расположение. Дури и само промена на собата во која се наоѓате може многу да влијае на вас и вашето размислување. Некогаш тоа може да биде промена на атмосферата. Не реагирајте веднаш колку и да сте тажни, лути или бесни. Пронајдете што влијае на вас за вие да се смирите и поубаво да размислите од различна перспектива и применувајте го тоа кога и да се наоѓате во тешка расправија со партнерот.rn

    3. Дишете длабоко

    rnКога се карате со некого тоа предизвикува одредено ниво на лутина кај вас, па сигурно сте забележале дека тогаш срцето ви чука забрзано, а некогаш дури и мислите дека ќе ви излета од градите. Дури и кога не се карате повеќе, ако сте сѐ уште нервозни, вашиот мозок работи забрзано и без престан, па не ретко се случува да се сетите на проблеми и расправии кои се случиле одамна, и повторно продолжувате со кавгите. Тоа е така бидејќи мозокот несвесно тежнее да ја задржи таа состојба на возбуденост, па за да се смирите треба да му испратите одредена порака. Дишете длабоко и полека за да го смирите нервниот систем и така ќе му дадете на мозокот до знаење дека треба да успори.rn

    4. Проширете ги видиците

    rnИако во моментите на расправање делува дека само вашата страна на приказната е онаа вистинската, најчесто не е така. За секоја врска се потребни двајца, па така и за секоја расправија се потребни двајца. Без разлика кој ја започнал расправијата, факт е дека штом се карате, тогаш постои нешто што не му се допаѓа и на партнерот. Застанете за момент и споделете ги вашите чувства и верзии на проблемот, па обидете се да слушнете и да разберете што навистина сака партнерот да ви каже. Кој знае, можеби ќе излезе дека тој е повеќе во право.rn

    5. Спојте ги приказните

    rnВеројатно е дека во моментите кога конечно ќе почнете да разговарате и да ги споделувате емоциите и вашите размислувања, ќе сфатите дека има доста слични работи кои ви пречат. Во склоп со оние различните и доза добар разговор ќе успеете да ги споите приказните во една, односно да најдете заедничка средина и да дојдете до некој компромис, така што крајниот резултат да биде во полза и на двајцата.rnrnКолку и да е расправијата голема и тешка, доколку навистина ја сакате личноста која се наоѓа спроти вас, тогаш не смеете да дозволите да направите ништо помалку од буквално сѐ за да ја задржите до себе. Терањето инает и правењето сѐ по свое и само како што на вас ви одговара нема да ве одведе никаде. Овие 5 чекори можат да ви помогнат да ги победите лутината и бесот и да преминете преку разликите со кои се соочувате. Сѐ што треба е да го сакате тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 лоши ситуации во кои свесно се доведуваме себеси

    7 лоши ситуации во кои свесно се доведуваме себеси

    Некогаш, без разлика на фактот дека го знаеме крајниот резултат на некои наши постапки, свесно решаваме да се ставиме себеси повторно во исто сценарио. Ова го правиме од најразлични причини, меѓу кои на прво место е дефинитивно надежта дека крајот, сепак, ќе биде различен. А кога нешто што не треба го правиме свесно повеќе пати, тогаш веќе не станува збор за правење грешка, туку за избор повторно да ја направиме истата глупост.rnrn(1)-7-loshi-situacii-vo-koi-svesno-se-doveduvame-sebesi-kafepauza.mkrn

    1. Се обидуваме да останеме пријатели со бившиот/ата

    rnНе е возможно. Иако филмовите прикажуваат секакви сценарија на бивши партнери кои сѐ уште комуницираат, па дури и живеат заедно, во реалноста такво нешто не постои. Со таа личност сме споделиле многу нешта, сме поминале многу среќни и тажни моменти, сме се расправале за сѐ и сешто и што е најважно, таа личност сме ја сакале. А штом врската завршила, тогаш имало и причина за тоа. Колку и да била одлуката заедничка и за доброто на двајцата, сепак постои период на преболување низ кој мора да се помине. Никој не ги оспорува Здраво и Како си, но дали навистина би можеле со бившиот партнер да разговарате за некој нов потенцијален?rn

    2. Предвреме правиме договори за претстојниот викенд

    rnУбаво е да се има план на случувања и обврски со цел да имаме идеја кога и како сме слободни и подобро да си го организираме времето. Но договори за претстојниот викенд, а уште е понеделник не се паметни. Иако сега можеби мислиме дека нема да имаме никакви обврски, секогаш ни излегува нешто поважно или неодложно, па потоа мораме да ги одложуваме плановите. За жал, најчесто во последен момент. Тоа ни го расипува расположението не само нам, туку и на личноста со која сме договорени. Затоа, најубаво е да оставиме работите да си течат по свое, па кога ќе дојде викендот да го искористиме најубаво што може без да се расипат нечии планови.rnrnDepressed Man On Benchrn

    3. Одиме на забава на која знаеме дека нема да се забавуваме

    rnЌе ни се јават пријателите или некој познаник и ќе нè поканат на забава која воопшто не одговара на нашиот карактер ниту, пак, познаваме некого таму. И не сакајќи да им откажеме, се согласуваме да одиме на оваа забава знаејќи од самиот почеток дека нема да ни биде убаво. Си кажуваме себеси дека важно е со кого си, а не каде и дека ако самиот не си ја направиш забавата, никој друг нема, па фаќаме пат под нозе. И сето ова со пола срце. Втората половина е таму каде што навистина сакаме да бидеме и каде што на крајот најверојатно и ќе завршиме бидејќи нашето искуство си го прави своето. Кога знаеме дека нешто нема да ни се допадне, нема потреба да го правиме.rn

    4. Прашуваме дали можеме да помогнеме кога всушност не можеме

    rnИ што ако одговорот биде Да? Кога се нуди помош, тоа треба да биде од срце и со желба и надеж дека можеме да помогнеме некому. Празните зборови болат многу. Дури и кога не е дека сакаме да изгледаме фини, туку се нудиме од жал, сепак е подобро да кажеме некому дека би се обиделе да најдеме некој кој можеби би можел да помогне отколку да понудиме помош која не можеме да ја пружиме. Бидејќи што кажува за нас фактот дека сме кажале нешто што не можеме да го поддржиме со дела? Таа личност никогаш повеќе нема да нè гледа со исти очи.rn

    5. Започнуваме расправија која немаме намера да ја завршиме

    rnИзнервирани сме и бесни и имаме потреба да ја испразниме од нас целата негативна енергија. Најчесто, тоа го правиме на личноста која нема ама баш никаква улога во нашата нервоза. Ја чекаме и најмалата причина за да избувнеме, па се расправаме и кажуваме сѐ и сешто, за на крајот само да се свртиме и да продолжиме со обврските во денот. Тоа воопшто не е фер ни кон личноста ни кон нас самите. Можеби моментално ќе ни биде подобро, но што потоа кога ќе сфатиме дека ни крив ни должен некој друг ги трпел последиците на нашиот гнев и уште повеќе, сега имаме уште еден проблем кој ни стои над глава? Затоа, заштедете си време и нерви и немојте дополнително да предизвикувате проблеми каде што нема место за нив.rnrn(2)-7-loshi-situacii-vo-koi-svesno-se-doveduvame-sebesi-kafepauza.mkrn

    6. Се обидуваме да наместиме двајца пријатели да излезат на состанок

    rnПредложете, но никогаш не организирајте ја целата работа. Така, ако испадне добро ќе ни бидат благодарни, а ако не испадне ништо нема ние да бидеме виновни. Сепак не станува збор за мали деца и колку и да сакаме да помогнеме во нивното зближување, не е на нас да дејствуваме и да влијаеме повеќе од што треба. Доволно е да ја начнеме идејата дека можеби би си одговарале и евентуално на едниот или на другиот да му дадете телефонски број, но потоа веднаш на сигурна дистанца како љубопитен набљудувач.rn

    7. Кажуваме тајни на луѓе кои не се способни да ги чуваат

    rnКога знаеме дека на некоја личност не можеме да се потпреме да чува тајна, треба да сме навистина непромислени за да ја споделиме со неа. Ова секако се подразбира под услов навистина да не сакаме содржината на тајната да се расчуе. Кога имаме потреба да разговараме со некого и да споделиме некој товар или убава вест, тука се пријателите или семејството кои нема да нè издадат. Нема никаква потреба да кажуваме на луѓе кои нашата тајна само ќе ја рашират понатаму. Свесно си правиме поголеми проблеми себеси, а можеби и на некој друг ако е дел од тајната. А знаете како велат – кажуваш на еден човек, но очекувај дека веќе знаат единаесет. Народот секогаш сака да зборува, па наместо да знаат двајца, знаат 11, па 111 итн.

  • Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

    Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

    Сите ние сме се довеле до ситуација во која треба да се справиме со спротивни мислења од нашите, некакви негодувања, несогласувања и слично. Кавгите настануваат постојано, и во ред е, како инаку ќе се изборите за своите ставови и мислења? Најважно е да не кажете или направите нешто за што ќе се покаете.rnrnНешта кои треба да ги одбегнете во кавгаrnrnНе навредувајте – Во момент на голема нервоза и револт можеме да кажеме многу работи кои не ги мислиме. Нормално дека ќе излета и по некој лош збор во текот на кавгата, но постојат зборови кои многу повредуваат и остануваат запаметени. За нешто што ќе го кажете во револт може да се покаете подоцна, но не можете да го намалите ефектот на повредата. Секогаш избројте до десет пред да кажете нешто во кавга и трудете се колку што е можно повеќе да ги одбирате зборовите.rnrnНе исмевајте ги слабостите на луѓето – Доколку знаете дека нешто му/ù е слаба точка на личноста со која сте стапиле во конфликт, не го спомнувајте во кавгата. Ако се карате со колега од работа поради тоа што не си ги сфаќа обврските сериозно, не е во ред да го спомнете неговиот нос или тешкото раскинување низ кое поминал. Останете во контекст на главната тема која предизвикала конфликт, докажете го вашето мислење со аргументи, не играјте нечесно.rnrnНе користете нечија искреност – Ако личноста со која сте во кавга, пред извесно време ви се доверила за некаков проблем, не е во ред тоа да ù го извадите низ нос. Доколку била искрена и побарала ваша помош за некаков проблем, не го спомнувајте тоа во текот на кавгата.rnrnНе уценувајте – Без разлика дали знаете некоја негова/нејзина тајна, или на одредено поле имате моќ над него/неа, не го користете како уцена во кавгата со цел да го добиете она што го сакате. Не е чесно и со сигурност нема да донесе решение на проблемот.rnrnНе ги потиснувајте вашите барања – Ако сте стапиле во конфликт со вашиот претпоставен на работа, а чувствувате дека сте во право, не дозволувајте да ве засени неговиот/нејзиниот авторитет. Искажете ги вашите мислења, но внимавајте на тонот и начинот на кој се изразувате.rnrnНе спомнувајте го минатото и грешките кои се случиле тогаш – Кога ќе настане кавга во љубовна врска, не е во ред да го спомнувате минатото и личностите кои биле дел од него. Грешките кои тој/таа ги направил/а во минатото, би требало да бидат заборавени или барем оставени настрана, а вие да се фокусирате на решавање на проблемот. Спомнување грешки и личности од минатото може само да донесе поголемо несогласување кога и спротивната страна ќе ги спомне вашите грешки.rnrnНе стремете се кон ваша победа – Кога нештата ќе се вжештат, трудете се да го зачувате добриот однос и да ја прекинете кавгата. Кога и двете страни се на крајот од своето трпение, не одете кон добивање на посакуваното, туку кон решение кое ќе одговара за двете страни и кое ќе стави крај на недоразбирањето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Милион ружи за лутата сопруга

    Милион ружи за лутата сопруга

    Дека луѓето можат да изнајдат безброј начини само да го решат недоразбирањето со својот партнер, говори и овој пример во кој мажот во знак на извинување на својата сопруга ѝ подарил 1 милион ружи. Човекот доаѓа од Казахстан, па откако се скарал со својата сопруга решил да ја изненади на сосема неочекуван и досега невиден начин.Милион ружи за лутата сопругаТој навистина се намачил за да го направи ова изненадување. Бидејќи тие живеат на југот од Казахстан, за да најде соодветна цвеќарница која ќе ги набави цвеќињата, морал да појде во најголемиот град во државата, Алмати.rn
    rn

    Веќе ги нарачавме ружите од Холандија. Сите ќе бидат црвени и со иста големина. На сите купувачи кои нарачуваат поголема бројка на цветови им даваме голем попуст, ама досега никогаш не се случило некој да купи олку многу цветови“,  – изјавил продавачот од цвеќарницата.


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчесто употребуваните „бели“ лаги

    Најчесто употребуваните „бели“ лаги

    Откривањето дека некој близок човек не излажал е ужасно чувство. Но, белите лаги обично поминуваат небаре се вистини, а за волја на вистината, на сите така ни е поубаво. Обидот да си поминеме полесно во одредени ситуации, често го зачинуваме со по некоја бела лага и многупати тоа ни успева. Сепак, иако навидум лесни и незначителни, во даден момент и тоа како можат да нанесат голема штета. Ова се неколку од најчесто користените бели лаги.rnrnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    1. Бели лаги во вашето CV

    rnНабројувањето способности и јазици кои не ги говорите се најчестите злоупотреби во пишувањето на вашето резиме. Секако, сметате дека работодавецот ќе се воодушеви од долгата листа на набројани работи и дека нема да му текне да се заморува проверувајќи ги. Но, не надевајте се дека секаде туку така ќе си пројдете, во иднина некаде со сигурност ќе се сопнете.rn

    2. „Еве идам! За 5 минути сум таму…“

    rnОва со сигурност е најкористената лага од сите. Навиката да се излаже во ситуација кога доцните некаде, доаѓа природно од проста причина што сакате оној кој ве чека да се чувствува посмирено во тој период. Секако, доколку не стигнете во тие 5 минути само му ја зголемувате лутината уште повеќе, бидејќи несвесно сте го извисиле и по вторпат. Доколку често ви се случува да ја кажувате оваа бела лага, во друштвото засекогаш ќе бидете етикетирани како човекот кој никогаш не стигнува во договореното време.rn

    3. „Во средно бев многу популарен…“

    rnДоколку за време на средното образование сте биле помирна и не толку забележителна личност, најверојатно раскажувајќи потоа, ќе си додадете некој детаљ за да изгледате покул отколку што сте биле. Тоа нема да го промени минатото и она што сте биле, но во сегашноста и во муабетот сигурно ќе изгледате поинтересни. Во секој случај, секој преувеличува одредени ситуации од својот живот, но претерувањето само покажува дека потиснувате нешто од што не сте задоволни.rnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    4. „Мммм, многу е вкусно…“

    rnКога некој ќе вложи труд приготвувајќи ви нешто со голема љубов, едноставно срцето не ви дава да му кажете дека не го направил баш како што треба. Понекогаш знаете дека е подобро да одглумите дека уживате, само за да не ги повредите чувствата на вашиот близок.rn

    5. „Супер ти стои фустанот…“

    rnНиту една девојка не би излегла облечена во нешто за што смета дека не ѝ стои убаво, па токму затоа и не цени кога некој ќе ја излаже и нема да и признае искрено дека нешто не е во ред. Не мора да кажете директно што мислите, но во секој случај оваа навидум невина бела лага, може навистина да предизвика посериозен проблем. Ова важи и за момчињата, но не во толкава мерка колку за девојките и секако не за фустан.rn

    6. „Ти си најзгодниот/та со кој/а сум бил…“

    rnОва се препорачува да се кажува само во случај кога искрено се мисли, бидејќи не може да се вброи во оние „добри“ бели лаги. Луѓето ја кажуваат оваа реченица најчесто за да избегнат конфликт, бидејќи ако одговорат поинаку од она што сака да го чуе другата страна, ќе следи неколкучасовна расправија.rnrnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    7. „Се обидов да ти се јавам, ама зафатена беше линијата…“

    rnСите понекогаш забораваме нешто. Тоа се случува и воопшто не е чудно доколку заборавите да му се јавите или да му пишете порака некому. Тој од другата страна, „заборавениот“, со сигурност ќе ви прокоментира нешто следниот пат кога ќе ве види или кога тој ќе ви се јави, а вие како и сите останати луѓе, ќе пробате да се извлечете на полесниот начин. Со тоа само си оставате простор наредниот пат повторно да изумите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.