КАФЕ ПАУЗА

Tag: расправија

  • 5 начини како да ја прекинете расправијата со токсични луѓе

    5 начини како да ја прекинете расправијата со токсични луѓе

    Сосема е нормално да се биде дел од конструктивна дебата во која ниту една од страните не посакува победа, туку двете страни имаат тенденција да научат нешто ново и да ги прошират своите хоризонти.rnrn5 начини како да ја прекинете расправијата со токсични луѓеrnrnНо, карактеристика на повеќето токсични луѓе е и потребата од кавги од кои секогаш сакаат да излезат како победници. Луѓето кои не сакаат да се расправаат и избегнуваат расправии ќе им бидат здодевни, а токсичните луѓе ќе бидат оние што им ја црпат целата енергија. Слично на тоа, голем број луѓе нема да можат да излезат од кавгите и расправиите во кои ги влечат токсичните луѓе. Ако сте меѓу нив, подолу ќе најдете неколку совети што ќе ви помогнат да ги прекинете кавгите со токсичните луѓе.rn

    Што одмага?

    rn

      rn 011

    • Грди зборови, навреди и пцовки
    • rn 011

    • Надвикување
    • rn 011

    • Давање докази и аргументи
    • rn

    rn

    Што помага?

    rnОна што најмногу ќе ви помогне во моментите на расправија со токсична личност е промена на тактиката. Не вовлекувајте се во расправија, не обидувајте се да бидете груби и не натпреварувајте се. За да ги избегнете фрустрациите и да го зачувате мирот, испробајте ги овие тактики.rn

    „Морам да размислам за тоа во мир.“

    rnСо оваа реченица ќе го побарате вашиот мир на љубезен начин, нема да се согласите со лицето кое се обидува да се расправа и ќе можете да размислите што и како сакате да му кажете.rn

    „Можеби си во право.“

    rnОваа реченица ќе го омекне лицето кое се обидува да се расправа, но не мора да се согласувате со него. На пример, ако некој колега од работа ви каже дека не сте направиле нешто како што треба, можете да му кажете дека постои можност да е во право, но дека сепак ќе се придржувате до вашиот начин на работа.rn

    „Жал ми е.“

    rnИзвинувањето е една од најмоќните алатки што ги користиме кога зборуваме. Ако се најдете во ситуација кога токсична личност ви приговара за некој пропуст што навистина се случил, не влегувајте во расправија. Извинете се и нагласете дека гледате каде сте погрешиле и дека веќе нема да ја повторите таа грешка. Извинувањето ќе го донесе потребниот мир.rn

    „Разбирам.“

    rnРазбирањето не значи согласување. Но, ако му кажете некому дека го разбирате, може да ви донесе голем мир вам, но и на личноста која сака да се расправа. Понекогаш е тешко да се изрази тоа разбирање, но тоа е подобра опција од објаснување што не води до ништо.rn

    „Ова ме прави…“

    rnПоследната опција е искреноста. Бидете искрени со вашиот соговорник и кажете како се чувствувате кога тој ќе се обиде да започне расправија. Нагласете дека расправијата ве исцрпува и дека не сакате да се занимавате со непотребни дискусии.rnrnПрочитајте ги овие трикови со коишто ќе победите во секоја расправија.

  • 7 трикови со коишто ќе победите во секоја расправија

    7 трикови со коишто ќе победите во секоја расправија

    Дали сакате да го решите вербалниот конфликт во ваша корист? Користете некои од овие трикови што ќе ја изгаснат експлозивната расправија и ќе ја смират другата страна.rnrn7 трикови со коишто ќе победите во секоја расправијаrn

    1. Потврдете ги чувствата на другата страна

    rnЗа време на жестоката расправија, тешко е да бидете љубезни и да кажете убави работи за личноста со која се расправате. Но, ако сакате да ја смирите ситуацијата, најкраткиот начин да го направите тоа е да ги потврдите чувствата на другата личност.rnrnКажете работи како: „Разбирам зошто се чувствуваш така“ или „секој би се чувствувал така во иста ситуација“. Напнатоста ќе се смири многу брзо затоа што во повеќето случаи луѓето сакаат другите да ги „слушнат“ нивните проблеми и да ги ценат.rn

    2. Водете ја расправијата како и секој друг разговор

    rnЕкспертите се согласуваат дека квалитетната кавга е отворен разговор помеѓу две лица. Немојте само да нижете обвинувања и навреди, туку слушајте што ви кажува другата страна. Ако му дозволите на вашиот партнер да се изрази без прекини, нема ни да има експлозивна кавга.rn

    3. Не губете ги нервите

    rnСакате да победите во расправијата? Не губете ги нервите. Иако за време на расправијата е тешко да останете смирени, обидете се да го постигнете тоа. Ако започнете луто да разговарате со другата личност, ќе ја налутите и ќе ја разгорите кавгата до незамислена кулминација.rn

    4. Изнесете факти

    rnПред да се впуштите во расправија, соберете ги сите релевантни факти. За време на расправијата, не сакате да имате неточни информации затоа што на тој начин ќе ги ослабите аргументите и ќе изгубите.rn

    5. Избегнувајте генерализирање

    rnНе користете генерализации затоа што на тој начин нема да победите во расправијата. Другата страна ќе биде многу фрустрирана ако ја обвинете за работи со реченици што започнуваат со „ти секогаш“ или „ти никогаш“.rn

    6. Погледнете ги работите од друга перспектива

    rnНајдобриот начин да ја смирите ситуацијата за време на расправијата е да ги погледнете работите од друга перспектива. Тоа е единствениот начин да дојдете до ефикасен противаргумент чија цел не е понижување, туку решавање на вербалниот конфликт.rn

    7. Не обвинувајте

    rnЛуѓето во кавги често „напаѓаат“ со реченицата: „Ти го направи ова“, што ги тера другите да се бранат, а не да го решаваат проблемот. Наместо тоа, користете јас-реченици за да објасните зошто се чувствувате така како што се чувствувате, без да ја обвините другата страна. Ова е навистина мала, но ефективна јазична тактика што носи одлични резултати.rnrnПрочитајте што може да ви се случи ако си легнете да спиете лути.

  • 3 хороскопски парови што веројатно ќе се расправаат за време на ретроградниот Меркур

    3 хороскопски парови што веројатно ќе се расправаат за време на ретроградниот Меркур

    Комуникацијата може да биде клучот за успешна врска. Но, благодарение на ретроградниот Меркур, некои парови можеби ќе треба да вложат дополнителен труд во текот на следните неколку недели. Иако комуникацијата со партнерот може да биде предизвик за сите, астролозите велат дека овие три хороскопски парови ќе се расправаат повеќе за време на ретроградниот Меркур.rnrn3 хороскопски парови што веројатно ќе се расправаат за време на ретроградниот Меркурrn

    1. Овен и Вага

    rnРетроградниот Меркур ќе предизвика голема тензија, недоразбирања и лоша комуникација во текот на следните неколку недели. Но, тоа не е сè. Марс, планетата на дејствувањето и на агресијата, ќе влезе во Овен и може да предизвика расправиите помеѓу овие хороскопски знаци да бидат уште поголеми. Бидете многу внимателни кога разговарате еден со друг за да избегнете непотребни конфликти.rn

    2. Рак и Рак

    rnРаковите ги очекува многу погрешна комуникација ова лето. Припадниците на овој хороскопски знак може да се потпираат на својата интуиција наместо да комуницираат со партнерот, а тоа може да предизвика расправии. Раковите стануваат дефанзивни кога се чувствуваат нападнати или погрешно разбрани, така што едниот или двата партнери може да се повлечат кога ќе се појави расправија наместо искрено да разговараат. Од суштинско значење е и за двајцата партнери да ги искажат своите емоции за време на ова ретроградно движење на Меркур.rn

    3. Јарец и Риби

    rnЈарецот и Рибите ќе бидат фокусирани на врската за време на ретроградниот Меркур и ќе размислуваат за тоа како навистина сакаат да изгледа нивниот однос. Но, ретроградниот Меркур може да предизвика да се случат многу емотивно нестабилни разговори. Време е да размислите дали двајцата сè уште сте на иста бранова должина кога станува збор за вашата врска.rnrnПрочитајте кои 5 хороскопски знаци треба да бидат особено внимателни за време на ретроградниот Меркур од 18 јуни.

  • Дали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врската

    Дали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врската

    Ако веќе неколку недели сте во изолација со партнерот, можно е да почне да се појавува нетолеранција кај вас дури и за најмалите проблеми. Поради оваа причина, сексологот Грејс Хазел сподели неколку совети за оние парови кои се препознаваат во ова и кои минуваат низ тешки времиња.rnrnДали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врскатаrnrnТаа објасни дека комуникацијата треба да биде искрено изразување на мислите и на чувствата, но дека треба да ги слушате и потребите на партнерот, дури и ако тоа што го кажува звучи како напад или критика.rnrnКога чувствуваат дека следува расправија, паровите треба да ја пробаат оваа петминутна вежба за комуникација.rnrnАко навистина сакате да решите некој проблем, двајцата треба да имате околу пет минути да го искажете она што ве мачи. Не треба да го прекинувате партнерот додека зборува, дури ни со превртување на очите. Кога партнерот ќе заврши, личноста што слушала треба да каже дека слушнала сè што кажал партнерот, дури и пред навистина да размисли за неговите зборови. Потоа, слушателот станува оној што зборувал дотогаш, па така може да се менувате сè додека двајцата не почувствувате дека другиот ве чул и ве разбрал.rnrnЕкспертот за односи, Шенон Смит, забележува дека кога двајцата сте дома по цел ден, понекогаш може да биде тешко да поставите граница помеѓу работата и времето за вас двајцата. Затоа, таа советува дека најдобро е да имате пауза каде ќе направите нешто заедно за што не ви е потребна технологија.rnrnПокрај тоа, таа советува да се обидете да го подобрите „природниот“ разговор: ако подготвувате вечера, на пример, искористете го тоа време како можност да разговарате за вашите омилени јадења или за тоа кои се најдобрите ресторани што сте ги посетиле.rnrnИскористете го овој период за да испробате некои нови работи затоа што и тоа може да биде шанса да разберете како се чувствува другиот. Но, треба да знаете дека понекогаш и тишината е во ред и можете да уживате во друштвото на вашиот партнер без да кажете збор.rnrnПогледнете ги овие 6 начини како да се зближите со партнерот додека сте во карантин.

  • 5 хороскопски знаци што секогаш први започнуваат расправија во врската

    5 хороскопски знаци што секогаш први започнуваат расправија во врската

    За жал, понекогаш во врските едниот партнер е постојано иницијатор на расправиите. Ако сте некој што избегнува конфронтација, ќе направите сè што е можно за да ги зачувате мирот. Но, ако сакате да бидете слушнати и ако ви е потребен издувен вентил, ќе започнете расправија. Дали се расправате затоа што сте загрижени или едноставно уживате да се расправате и да ја покажувате својата интелектуална супериорност? Некои личности се постојано подготвени за создавање конфликт, а астрологијата посочува кои се тие хороскопски знаци.rnrn5 хороскопски знаци што секогаш први започнуваат расправија во врскатаrn

    1. Овен

    rnАко Овенот чувствува дека нема толку контрола во врската колку што сака, тој ќе започне расправија. Овие личности се секогаш подготвени за расправија кога станува збор за добивање на она што го сакаат. Тие не се многу трпеливи, така што често се случува да започнат расправија и потоа да сакаат да ја завршат колку што е можно побрзо.rnrnАко припадниците на овој хороскопски знак утврдат дека тие и партнерот сакаат различни работи во врската, нивните дискусии може да доведат до постојано расправање.rn

    2. Стрелец

    rnСтрелецот не ужива во расправиите, но може да биде многу директен и да каже нешто што ќе ги повреди чувствата на партнерот. Целта на овие личности не им е да ви нанесат болка, но понекогаш работите излегуваат од контрола и она што Стрелецот смета дека е филозофска дискусија станува лично.rnrnСтрелецот само сака своите надежи и соништа да се совпаднат со тие на партнерот, а кога тоа нема се случи, многу често ќе има расправии.rn

    3. Девица

    rnДевиците сакаат да бидат љубезни и да помагаат, но понекогаш тие може да ве критикуваат, да ве осудуваат и да бидат малку груби кон вас. Овие личности обично не сакаат да се расправаат и не ги започнуваат расправиите своеволно, но ако сметаат дека не се слушати или дека не го земате предвид нивното мислење, тие ќе започнат расправија.rnrnДевиците не сакаат да живеат во илузија. Ако имаат проблеми во врската, тие ќе сакаат да ги решат колку што е можно побрзо, дури и ако тоа значи дека дискусијата ќе се претвори во расправија.rn

    4. Скорпија

    rnСкорпиите ја ценат чесноста, но тие не се секогаш отворени кога треба да кажат што им се случува и може да ве фрустрираат со својата мистерија. Ако мислат дека нивниот партнер не е доволно искрен со нив, тие ќе започнат расправија.rnrnПрипадниците на овој хороскопски знак не сакаат да прават компромис со партнерот поради своите вредности, а тоа може да доведе до одредена тензија и негативност во врската. Од друга страна, расправиите може да им помогнат на овие личности да ги решат проблемите отворено.rn

    5. Бик

    rnБикот може да биде тврдоглав и за него е полесно да започне расправија отколку да направи компромис. Овие личности може да заборават дека и нивниот партнер има свое мислење, па кога ќе наидат на отпор, тоа може да предизвика тие да се налутат и да започнат расправија.rnrnЛичностите родени во овој хороскопски знак се упорни и нема да попуштат за да ја спасат врската. Поголемиот дел од времето, партнерот на Бикот е тој што треба да прави отстапки за да го зачува мирот.rnrnПрочитајте кои се 5-те хороскопски знаци што можат да се справат со стресни ситуации.

  • Како да победите во расправија со секој хороскопски знак?

    Како да победите во расправија со секој хороскопски знак?

    Најдобар начин да победите некого е да влезете во неговата глава. А најдобар начин да влезете во нечија главата е преку нивната дата на раѓање. Кога ќе ја откриете најголемата слабост, можете да ја искористите за да победите. Дозволете ѝ на астрологијата да се придружи во вашата „борба“ и да ве научи како да победите против секој хороскопски знак.rnrnkako-da-pobedite-vo-raspravija-so-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnДржете се до вашето мислење. Кога Овните се налутени користат силеџиство. Ќе „експлодираат“ кога ќе сфатат дека нивната лутина не влијае на вас, но тоа што се уште полути не значи дека победиле.rn

    Бик

    rnИзненадувачки напад. Со среќа со Биковите. Најдобар начин да ги оттргнете од нивната тврдоглавост е да ги заслепите. Дозволете им да помислат дека победиле и потоа вратете се на расправата кога најмалку очекуваат.rn

    Близнаци

    rnИгнорирајте ги. Близнаците се очајни за публика, па ако се расправате со нив и си заминете, тоа што ќе немаат кој да ги слуша ќе ги полуди. Ќе го променат тонот на гласот само за да имаат со кого да разговараат.rn

    Рак

    rnНаправете ја расправата емоционална. Тие многу лесно ќе сочувствуваат со емотивна молба и ќе ви дозволат да победите. Раковите се многу подобри кога се сојузници отколку кога се противници.rn

    Лав

    rnНатерајте ги да помислат дека сте на иста страна. Сè што посакува еден Лав е да се чувствува како „алфа“. Тие можеби нема да се согласат со нешто со цел да контролираат, но ако направите да изгледа дека она што го сакате е нивна идеја, тие ќе се сложат со вас.rn

    Девица

    rnОтстапете. Девиците се логичари, па ако ги имате сите факти и добро ја претставите вашата страна тие самоволно ќе ја прифатат.rn

    Вага

    rnОсигурете се дека сте во право. Водолиите не сакаат расправии, бидејќи тие се задоволувачи на луѓе. Како и да е, сепак тежнеат кон фер однос и секогаш ќе ја разгледаат страната на другите. Погрижете се да имате добар аргумент, откако ќе размислите за сè, бидејќи во спротивно нема да можете да ги победите.rn

    Скорпија

    rnБидете внимателни. Скорпиите можат да ве натераат да помислите дека победувате, бидејќи тие на тој начин ве придобиваат. Претпоставете дека тие се немаат откажано бидејќи кога ќе сфатат дека сте ја научиле нивната стратегија, ќе попуштат.rn

    Стрелец

    rnПочекајте, но не се предавајте. Стрелците ќе се „борат“ со вас, но нивното внимание не трае доволно долго. Евентуално ќе им досади и ќе продолжат натаму, па ова ќе биде ваша победа.rn

    Јарец

    rnИграјте според нивното его. Од каква помош ќе им биде да се согласат со вас? Ако направите да изгледа дека вашето мислење ќе им помогне во иднина, ќе победувате секој пат.rn

    Водолија

    rnНаправете да се чувствуваат како да се глупави. Ако ја прикажете вашата страна како просветлување, тие ќе се согласат со вас. Ништо не може да ја скрши Водолијата како помислата дека не е „кул“.rn

    Риби

    rnКако што сакате. Рибите не се грижат многу што понекогаш може да биде досадно. Речиси и не се чувствува како победа бидејќи тие никогаш не притискаат.

  • Важна психолошка лекција: Изберете да бидете љубезни наместо да докажувате дека сте во право

    Важна психолошка лекција: Изберете да бидете љубезни наместо да докажувате дека сте во право

    Докторот по психологија и еден од најистакнатите писатели на современа мотивациска литература, Вејн Даер, открива зошто никогаш не треба да се расправате околу тоа дали сте во право. Вие едноставно знаете која е вистината, а туѓото мислење не е ваша работа.rnrn(1) Важна психолошка лекција: Изберете да бидете љубезни наместо да докажувате дека сте во правоrnrnД-р Даер посочува дека кога ќе се најдете во ситуација во која треба да избирате дали да се докажувате дека сте во право или едноставно да бидете љубезни, секогаш изберете ја љубезноста, а еве и зошто:rn

    Единствената работа што треба да ја запаметите е дека треба да се ослободите од потребата да ја одржувате својата лична репутација. Има една прекрасна реченица од којашто можете многу да научите за животот, запомнете ја и повторувајте си ја кога ќе добиете негативни критики. Таа гласи: Тоа што го мислите за мене, не е моја работа. Не ме интересира што мислат другите и дали се оптоварени со тоа мислење“, порачува д-р Даер.

    rnТој додава и дека луѓето имаат потреба да бидат во право.rn

    Често сум зборувал дека кога имате избор да бидете во право или да бидете љубезни, секогаш одбирајте ја љубезноста. Изберете ја таа опција. Затоа, кога се наоѓате среде некоја расправија, потрудете се, наместо да се докажувате и да ја обвинувате другата страна, што особено се случува во љубовните врски, малку да подзастанете и да размислите: Што би било добро да кажам сега? Што можам да кажам за оваа личност пред мене да се почувствува подобро?“.

    rnПостојаното докажување создава голем притисок, додека љубезноста ве ослободува од непотребната негативна енергија. Затоа, не губете ја енергијата на постојаното докажување. Понекогаш изберете ја насмевката и пријатниот тон на вашиот глас, со што ќе си помогнете првенствено себеси, а потоа и на другата страна.

  • 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

    6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубре

    Резултатите од едно истражувањето спроведено во Велика Британија ни покажуваат дека брачните и љубовните партнери кои живеат заедно, често знаат да се расправаат за нередот во домот. Собирањето непотребни предмети во домот, знае да биде искра што може да прерасне во бурна расправија. Анкетата спроведена на 2 илјади испитаници, покажува дека партнерите, најмалку 30 пати во годината се расправаат за нередот во домот. Очекувано, состојбата во која се наоѓа животниот простор, повеќе ги загрижува жените, кои без двоумење би исфрлиле многу предмети кои им припаѓаат на мажите. Во продолжение погледнете ја листата на работите кои жените не можат да ги гледаат во своја близина.rn

    1. Стари кабли

    rn(1) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубреrnrnКуп заплеткани жици, расипани УСБ кабли и компјутерски „глувчиња“, полнач за одамна изгубениот фотоапарат… Не постои жена која нема нервозно да погледне во неговата залиха од прастари кабли коишто веќе со години не се користат.rn

    2. Блузи со дупки

    rn(2) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубреrnrnТој тврди дека ги чува за работа низ домот, а потоа ќе ги „прокриумчари“ на семеен ручек, а работата по дома и онака секогаш ја остава за некој друг викенд. Но, жената мисли дека таквите стари парчиња облека не треба да зафаќаат место во шкафот и обично преку ноќ тие исчезнуваат.rn

    3. Видео касети

    rn(3) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубреrnrnКутија полна со видео касети, обично поставена покрај запрашен расипан видеорекордер. Оваа слика може да се види во многу домови, а мажите се особено чувствителни кога станува збор за тие предмети, затоа што ги врзуваат за многу убави моменти од минатото – снимани прослави или преснимувани филмови, фудбалски натпревари, концерти… Објаснете му на партнерот дека сето тоа зафаќа многу простор, а не служи за ништо. Преснимете ги материјалите, а останатото право в ѓубре. Сепак, седум пати преснимената епизода од омилената серија од почетокот на 90-тите години на минатиот век не е којзнае колку важна содржина.rn

    4. Стари компјутери и расипани мобилни телефони

    rn(4) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубреrnrnДали вашиот партнер е еден од оние кои сè уште го чуваат својот првиот мобилен телефон без оглед на тоа што е расипан уште во 2000-тата година? Тоа се предмети од кои на жените им се крева косата на главата. Компјутерите со непоправливи хард дискови и мобилните, за кои повеќе ниту можете да најдете соодветна батерија треба да одат на рециклажа.rn

    5. Стари весници и списанија

    rn rnrnКупот од прастари списанија, што со години собира прашина под креветот, под масата или на дното од шкафот е непријател на чистиот и уреден дом. Мажите сакаат да собираат весници, а жените не поднесуваат кога тоа им го оптоварува нивниот дом.rn

    6. Некористена опрема за вежбање

    rn(6) 6 „машки“ предмети кои жените сакаат да ги фрлаат в ѓубреrnrnКупил тегови пред неколку години одлучен да се претвори во домашен Арнолд Шварценегер, но по неколку дена заборавил на нив? Кога жените ќе почнат да се нервираат поради присуството на теговите, справите за истегнување, домашните велосипеди… Тие не се двоумат да ги стават на продажба.

  • Правила за комуникација: Претворете ја караницата во размена на мислења!

    Правила за комуникација: Претворете ја караницата во размена на мислења!

    Понекогаш караницата, вистинската бесна караница, со викање, наредби и поставување ултиматуми е единствен начин за да ги канализираме бесот и фрустрацијата, кои сме дозволиле да се насоберат. Но, тоа е само понекогаш. Глупаво е да дозволиме постојано да бидеме толку бесни, да не умееме поразлично да се расправаме и да се соочуваме со ставовите, да изнесуваме барање и да бараме внимание, освен со викање и драма. Некои луѓе веднаш се расправаат, а некои веднаш се навредуваат и ја прекинуваат комуникацијата – механизам на самоодбрана, но многу деструктивен. Сè уште никој на овој начин не успеал навистина да го реши проблемот или пак донел некоја важна одлука. Затоа, за добар однос, партнерски, работен, родителски, пријателски, треба што е можно повеќе да се придржуваме до златните правила на комуникацијата, да разменуваме мислења и да ги согледуваме можните решенија, па дури и да ја разгледаме опцијата дека нечиј став, кој воопшто не ни се допаѓа, можеби е исправен и треба да го прифатиме. Кога на овој начин ќе го промениме нашето мислење, не сме лабилни, туку сме стекнале увид.rnrn1-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Прилагодете го тонот

    rnПовишувањето на тонот не е опција. Размислувајте за својот глас како за музички инструмент кој треба да се вклопи или јасно да се усклади со композицијата чија импровизација следи. Создавајте музика која не е напорна за слушање.rn

    2. Критикувајте педагошки

    rnАко сте во позиција да упатите критика, немојте тоа да го правите со осуда. Кажете дека не сте задоволни со резултатот, дека тоа не ви се допаѓа и дека мислите дека таа личност може подобро. Прашајте ја личноста дали ги увидува недостатоците на кои укажувате, подобро отколку да ја терате да ви објасни зошто го направила тоа – ќе ја заобиколите потребата за предавање и ќе ја свртите критиката во правец кон барање на подобро решение или поправање на последиците од лошото решение.rn

    3. Сетете се дека не влегувате во битка во која морате да победите

    rnКажете си го тоа себеси, потсетете се. Ако енергијата од караницата започнува да ве вовлекува, вдишете длабоко, издишете и кажете си дека ова не е борба до победа, туку прилика за проблемот да се реши. Можеби другата страна е дефанзивна, бидејќи има проблем за кој не зборува, во нешто што можете да ѝ помогнете. Потребно е да ги разберете мотивите на другата личност, за да остварите комуникација, а кога ќе се појави разбирање, бесот се намалува и исчезнува. Онолку колку што караницата е борба, толку е и комуникацијата разоружување.rn

    4. Барајте ја заедничката вистина

    rnВистината е субјективна и ако секој се држи до својата точка на гледиште, ќе останеме на скарани страни, докажувајќи дека сме во право. Не е важно кој е во право, бидејќи најверојатно секој од својата позиција до некаде е. Важно е што е вистина за нас и за оној другиот и откако ќе сфатиме дека тоа се 2 различни вистини, најважно е да побараме некоја со кој ќе се сложиме, која ќе важи за двата наши различни системи на вредности – а човечките односи изобилуваат со такви вистини, наспроти сите поделби на кои подлегнуваме.rnrn2-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_rn

    5. Зборуваме со различен јазик

    rnНие се служиме со различни зборови за нешто да изговориме, опишеме, објасниме, и често се случува некој да не нè разбере баш тогаш кога сме се обиделе да бидеме совршено прецизни. Зборувајте во свое име (јас чувствувам, јас мислам, мене ме прави), барајте повратна информација од соговорникот, дали тој ве разбрал и барајте објаснување секој пат кога нешто не ви е јасно. Немојте да мислите дека изговореното мора да подразбира исто значење како во вашиот речник.rn

    6. Препознајте ја проекцијата

    rnНие ги стартуваме нашите чувства, мисли и осуетените стремежи на соговорникот и тој ги проектира на нас. Научете да ги препознавате тие проекции и да не дозволите да влијаат на вас во текот на комуникацијата.rn

    7. Препуштете ја на својата агресија личноста која е агресивна

    rnКога комуницирате со агресивна личност, не смеете да ја преземете целата одговорност за комуникацијата, само затоа што таа не е способна за мирен разговор. Ваше е да го дадете својот дел за ненасилна комуникација (мирен тон, пристап без осудување, потрага по заедничката вистина и конструктивни решенија, јасно изнесување на мислење и предлози) и да го препознаете моментот кога треба да излезете од комуникацијата и да го затворите каналот за разбирање и внимание кон агресивната личност.rnrn3-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_rn

    8. Свртете се кон личноста со која разговарате

    rnОва е енергетска техника, за која не ви е потребен никаков зен, само будно внимание и фокус. Сè што изговарате упатете го право кон суштината на таа личност, во нејзината душа, во нејзината личност, бидејќи на тоа ниво нема погрешни сфаќања. Обраќајте се на соговорникот како да е рамен на вас, создавајќи атмосфера на комуникација на две зрели, свесни личности во потрага за конструктивни решенија.rn

    9. Завршете го разговорот на пријатен начин

    rnКажете дека ви е драго што сте поразговарале, заблагодарете се на времето и трпението, изразете надеж дека повторно ќе се видите или нешто слично на тоа, примерно за ситуацијата, возраста и положбата на личноста со која го завршувате разговорот.

  • 14 апсурдни нешта што ги прави секоја девојка кога ќе му се налути на своето момче

    14 апсурдни нешта што ги прави секоја девојка кога ќе му се налути на своето момче

    Факт е дека ниедна врска не е совршена и дека во секоја има по некоја караница, но кога жените се лутат, мажите веројатно и не знаат каде да бегаат, а оваа листа е веродостоен индикатор зошто.rnrn0-14-apsurdni-neshta-shto-gi-pravi-sekoja-devojka-koga-kje-mu-se-naluti-na-svoeto-momche-kafepauza.mkrnrn1. Ќе ви испрати цел реферат – И додека ѝ возвраќате одговор таа ќе ви прати уште еден. Затоа што никој, повторуваме, НИКОЈ не пишува побрзо од налутена жена.rnrn2. Ќе ви го искрши она што најмногу го сакате – Иронично, никогаш не би скршила нешто што таа го купила. Претпоставуваме дека чувството не ѝ е доволно исполнувачко.rnrn3. Ќе ве почести со „тивок третман“ – А вие, бидејќи сте најголемиот „среќник“ на планетава, сигурно ќе ја прашувате што не е во ред сѐ додека не експлодира и не го истури својот акумулиран гнев врз вас.rnrn4. Ќе ви ги дупне гумите – Всушност, иако самата помисла е навистина интересна, многу мал број жени успеваат во ова, бидејќи е многу потешко отколку што звучи, но, како и кај подароците за роденден – важна е намерата.rnrn5. При караница, таа жестоко ќе дебатира и ќе се расправа – Но кога ќе стигне до најчувствителните теми тогаш сигурно ќе се расплаче.rnrn6. Ќе ви ја изгребе колата со помош на клуч – На таа најубавата кола што ја купивте пред година дена. Со клучот кој ВИЕ ѝ го дадовте.rnrn7. Ќе спомне нешта од пред 11 години 7 месеци и 4 дена – Жените се како Википедија – тие знаат и се сеќаваат на апсолутно сѐ.rnrn8. Ќе се дере колку што ја држи грлото – Исто како да видела летачки пајак. Спремете се да оглувите.rnrn9. И потоа ќе излета како фурија и ќе ја тресне вратата – Затоа што трескањето врати опива со моќ.rnrn10. Ќе ве избрише од сите социјални мрежи – Кратко потоа и ќе ве блокира. Кога ќе воспоставите добри односи, тогаш повторно ќе ве додаде.rnrn11. Ќе се преправа дека сѐ е во ред – И ќе ви остави доволно долго јаже за да може да се обесите.rnrn12. Ќе фрла со предмети по вас – Верувале или не, не секоја девојка сака да се кара. Некои обожуваат да фрлаат предмети. Од оние најскапите и најскапоцените.rnrn13. Ќе се разбудите наутро, ќе го проверите телефонот и ќе најдете уште еден реферат – Во кој ќе раскинете, ќе се смирите, па повторно ќе раскинете и на крај повторно ќе се смирите.