КАФЕ ПАУЗА

Tag: рани

  • Како брзо да се ослободите од херпесот?

    Како брзо да се ослободите од херпесот?

    Ако страдате од херпес на усните, веројатно знаете дека тоа е непријатен феномен кој не само што влијае на вашиот изглед, туку и боли и предизвикува непријатност.rnrnКако брзо да се ослободите од херпесот?rnrnМеурчињата, чешањето, печењето и пукањето на раните се доволни за да ви го уништат изгледот, но тие се и многу заразни. Сепак, нема потреба да го криете херпесот бидејќи постојат начини да го спречите.rn

    Што ги предизвикува раните од херпес?

    rnХерпесот на усните се мали меурчиња исполнети со течност, што можат да се појават насекаде на лицето. Најчесто се појавуваат на усните и обично се покриени со кора.rnrnМеурчињата се појавуваат кога повторно ќе се разбуди заспаниот вирус херпес и може да се појават ранички кои изгледаат како плускавци. Екстремните температури и ветрот можат да ги дехидрираат и да ги оштетат усните.rnrnИсто така, докажано е дека УВ-светлината го активира вирусот. Покрај тоа, дури и хормоналните промени како менструација или бременост може да бидат причина за честа појава на херпес.rnrnХерпесот може да се појави на усните, кожата околу устата, носот, образот и брадата. Исто така, треба да се напомене дека херпесот на усните понекогаш може да остави пигментација. Обично не остава лузни, но херпесот на усните може да предизвика хиперпигментација ако меурчињата се отворат со триење, агресивно миење, гребење или стискање.rnrnЗатоа е важно да се избегне нивното иритирање колку што е можно повеќе.rn

    Како да ги спречите раните од херпес на усните?

    rnХерпесот не може да се излечи. Откако сте биле изложени на вирусот, тој останува во вашето тело цел живот. Иако раните обично исчезнуваат по 10 дена, постојат докажани начини за забрзување на процесот на заздравување.rnrnКремовите може да се купат во аптеките без рецепт и содржат антивирусна состојка што спречува понатамошно ширење на инфекцијата. Нанесувајте ги нежно за да не ги иритирате раните.rnrnВо однос на ублажување на болката, кремовите што содржат лидокаин, бензокаин и бензил алкохол можат да бидат многу ефикасни во решавањето на непријатните симптоми на херпесот. За да се спречи сушењето и пукањето на меурчињата, кремовите кои содржат каламин, масло и цинк оксид можат ефикасно да ги омекнат и да ги заштитат кожата и усните.rnrnИсто така, фластерите со лек ја ублажуваат болката од раните на усните и штитат од штетните фактори од околината. За кремовите да бидат ефикасни, тие мора да се нанесуваат во раната фаза на воспалението, пред да се појават меурчиња, односно штом почувствувате чешање, болка, пецкање или печење.rnrnПогледнете што откриваат знаците на усните за вашата здравствена состојба.

  • Изберете карта и откријте која емоционалната рана треба да ја излечите

    Изберете карта и откријте која емоционалната рана треба да ја излечите

    Секој има емоционални рани од минатите негативни искуства што влијаат врз животот. Без оглед колку се стари тие рани, сепак можат да влијаат врз вас. Ако не ги знаете вашите емоционални рани, овој тест може да ви помогне да ги откриете. Изберете една од картите прикажани на сликата и откријте која емоционална рана треба да ја излечите.rnrnИзберете карта и откријте која емоционалната рана треба да ја излечитеrnrn1. Вашата најголема траума е емоционалната нестабилност.rnrnМожеби не сте имале здрава емоционална врска со вашите родители уште од детството и тоа ве претвори во личност која тешко се носи со чувствата и често создава нездрава приврзаност кон другите, така што на тој начин си го обезбедувате тоа што ви недостасувало во детството.rnrnМожеби не сте имале добро емоционално искуство и тоа навистина може да ви пречи во вашиот сегашен живот, но не дозволувајте да живеете со тие ограничувања засекогаш.rnrnПостојат многу добри луѓе на овој свет што ќе ве сакаат како што треба, ќе ви посветат внимание и ќе се грижат за вас.rnrnПобарајте помош за лекување на раните од минатото и научете да живеете во хармонија со другите.rnrn2. Вашата емоционална болка што треба да се лекува е вината.rnrnМожеби сте биле задушени во текот на целиот живот од советите и од барањата на вашето семејство.rnrnМожеби се бараа многу работи од вас: добри оценки, покажување талент, интелигенција, добра спортска изведба, добра работа итн., а тој притисок сè уште трае и понекогаш ви го прави животот неподнослив.rnrnНе можете да ја изградите вашата среќа затоа што секогаш чувствувате дека нешто недостасува или дека нешто треба да се поправи. Мора да ја излекувате оваа траума за да научите да се сакате себеси такви какви што сте и да уживате во животот, и покрај вашите неуспеси.rnrnВие сте добра личност, научете да се прифаќате такви какви што сте.rnrn3. Предавството и огорченоста од минатото се вашата најсериозна рана.rnrnНе успеавте да се справите со сите разочарувања од минатото и наместо да ги лекувате, едноставно изградивте ѕид околу себе за да избегнете разочарувања. Проблемот е што овој ѕид не го спречува само лошото да влезе во вашиот живот, туку и доброто.rnrnДури и ако некој ве навредил, тоа не значи дека сите ќе го направат истото.rnrnОслободете се од вашиот одбранбен став и бидете поотворени кон она што ви го нуди животот. Дајте им шанса на другите, верувајте им и ќе се изненадите колку може да биде поинаков вашиот живот – среќен и полн со прекрасни луѓе.rnrn[message_box title=”Изберете слика и откријте што ве чека овој ноември” color=”yellow”]Изберете слика и откријте што ве чека овој ноември[/message_box]rn

    Извор: Atma.hr

  • Ако нешто морате да платите со својот мир, тогаш тоа е премногу скапо!

    Ако нешто морате да платите со својот мир, тогаш тоа е премногу скапо!

    Понекогаш, најтешките рани не се оние кои ги добивате од другите, туку оние со кои вие самите си наштетувате. Тоа се оние бројни рани во кои ги откривате своите болни сеќавања, рани во кои се присетувате на своите стари разочарувања и го задржувате во мислите сѐ она што ви го руши мирот. Најтешки се оние рани од кои ништо не учите и кои не ви даваат никаква животна лекција, а секогаш повторно се појавуваат. Но, за тие сами сте си криви, затоа што повторно им се враќате и тие повторно се причината за вашето страдање.rnrnАко нешто морате да платите со својот мир, тогаш тоа е премногу скапо!rnrnНајтешки се оние рани за кои немате сила да си опростите, иако знаете дека другите веќе го направиле тоа, зашто мислите дека така ќе ја подобрите сликата која ја имате за себе. Ваквите рани не ви овозможуваат да се помрднете од место, а настануваат тогаш кога се грижите за тоа што другите мислат и зборуваат, па ги оставате на страна сите оние соништа кои ги носите со себе. Најтешки се оние рани кога не правите граница помеѓу себе и другите, оние рани кои настануваат кога им дозволувате на останатите да се однесуваат кон вас онака како што тие посакуваат, наместо самите да им одредите граници до каде може да одат, а до каде не. Тешки се раните кои настануваат кога премногу им верувате на луѓето, иако безброј пати ве разочарале, мислејќи дека овој пат ќе се однесуваат поинаку, а тие повторно, по стоти пат ве повредуваат. Тие повеќе не се поединечни рани, туку стануваат постојана состојба во која веќе немате моќ да се борите за себе.rnrnАко нешто морате да платите со својот мир, тогаш тоа е премногу скапо!rnrnСето тоа се случува затоа што го жртвувате вашиот мир поради некоја лажна надеж и ветување, го жртвувате својот мир сакајќи да ги задоволите другите, оние кои тоа не би го направиле за вас. А потребно е само едно, да бидете свесни колкава е вредноста да имате свој мир, да не трчате по другите, да не се залагате за работи кои не ве прават среќни, да имате своја цел и да верувате во идеалите. Сѐ помалку од тоа значи дека самите си нанесувате рани.

  • Времето не ги лечи раните, но нѐ учи како да преживееме

    Времето не ги лечи раните, но нѐ учи како да преживееме

    Кога некому ќе кажеме дека времето ги лечи сите рани, всушност не правиме голема разлика и не нудиме толку добар совет колку што мислиме, иако секој ќе разбере дека ние сакаме само да помогнеме и немаме лоши намери. Да сакаме да утешиме некој кој ни е близок пријател, познаник или семејство е нешто човечно и искрено и е она што докажува дека хуманоста никогаш нема да исчезне. Нам ни се потребни туѓи раце кон кои ќе можеме да ги подадеме нашите и слободно да кажеме дека сме тука ако сме некому потребни.rnrnВремето не ги лечи раните, но нѐ учи како да преживеемеrnrnНо, времето не ги лечи сите рани и, колку и да простува, тоа нема да дојде како еден магичен лек кој трајно ќе ги израмни сите ментални нерамнини и ќе ги избрише грешките. Ако повредата била длабока, тогаш ќе остане како лузна. Времето не е лек, но тоа не значи дека нема една важна намена. Поради него, ние учиме како да продолжиме да се движиме напред. Да застанеме на вистинскиот пат, иако претходно малку сме го изгубиле правецот. Но, движењето нанапред не е исто со бришењето на минатото.rnrnДвижењето нанапред е откривање на начинот на кој можете да ја препознаете и да научите да ја почитувате вашата болка и повторно да ги пронајдете добрите делчиња од животот. Можеби изреката дека она што нема да ве убие ќе ве направи посилни не е толку веројатна како што сака нашата психа, но сигурно ќе нѐ научи како да преживееме. Ќе нѐ научи како да ја трансформираме нашата тага во нешто конструктивно или како да ја прифатиме таква каква што е и да се соочиме со неа, бидејќи и таа е во ред. Не треба да заборавиме дека и вака можеме да ја покажеме нашата сила.rnrnМантрата е едноставна: Преживувајте и кога е возможно, стремете се.“ Успехот доаѓа од распознавањето на сопствените чувства и препознавањето на правилните и вистинските моменти кога треба да ризикуваме и да се осмелиме да се стремиме кон повеќе, како и оние моменти кога само треба да останеме во позадина и да продолжиме да преживуваме.rnrnКога ќе поминете низ некоја голема загуба или болка, не можете да очекувате дека времето ќе дојде и ќе замавне со своето магично стапче, иако тоа може да изгледа како полесниот начин за справување со ситуацијата. Држете се до сеќавањата, дури и до ние кои болат. Носете ги со себе и спознајте ја нивната вредност. Вашата болка е исто толку важна како и радоста и времето не ви е потребно за да се ослободите од неа. Само треба да продолжите напред, да се стремите и пред сѐ да живеете.

  • Емоционално злоупотребените луѓе сакаат поинаку. Еве како…

    Емоционално злоупотребените луѓе сакаат поинаку. Еве како…

    Емоционалните рани оставаат траги кои засекогаш го обележуваат животот на злоупотребената личност. Никогаш не се забораваат, никогаш не се преминува преку нив, никогаш човекот целосно не продолжува понатаму. Тешко е и некогаш невозможно да се биде со други луѓе бидејќи стравот дека повторно постои можност да се изложат себеси на таква болка е поголем од сè. Но, животот продолжува и тие мораат да научат да живеат со тој страв, прилагодувајќи се на околностите најмногу што можат. А кога и доколку бидат подготвени, ќе сакаат повторно. И ќе сакаат поинаку…rnrn(1)-emocionalno-zloupotrebuvanite-lugje-sakaat-poinaku-eve-kako-kafepauza.mkrn

    1. Подолго ќе се држат на дистанца

    rnКолку и да им се допаѓа некој, факт е дека претпазливоста е неодминлив дел во секоја нивна комуникација. Ова значи дека зголемениот интензитет со кој тие внимаваат со кого зборуваат, каде одат и кога се гледаат ќе предизвика тие подолго време да се држат на дистанца која им ја обезбедува потребната сигурност. Со други зборови, ќе им биде потребно долго време да се опуштат и да бидат со некого.rn

    2. Ќе молчат повеќе отколку што ќе зборуваат

    rnЗборувањето значи откривање повеќе за себе, а тоа го прави човек ранлив пред останатите. Секој кажан збор кажува нешто за личноста која го изговара, а кога сте биле емоционално злоупотребени, веројатноста е дека ќе бидете претпазливи што зборувате и уште повеќе, колку зборувате. Овие луѓе нема да споделуваат многу со останатите, дури и кога станува збор за некој кој навистина им се допаѓа и тоа поради едноставна причина дека така се чувствуваат побезбедно.rn

    3. Нема да брзаат

    rnЕмоционалните повреди оставаат лузни и оние кои биле повредени ќе сакаат да се заштитат себеси од можноста и во иднина да се здобијат со такви рани. Тоа најверојатно ќе значи дека врската ќе оди побавно од која било друга врска. Емоционално, умствено и физички, овие луѓе нема да брзаат и ќе си го дадат себеси сето време кое им е потребно.rn

    4. Ќе се сомневаат повеќе од нормално

    rnНека не ве чуди доколку сосема вообичаени ситуации бидат сомничави за нив. Нивниот страв и претераната претпазливост потсвесно ќе ги натераат да се сомневаат дури и кога нема никаква причина за тоа. Тие биле злоупотребувани и изложени на коментари поради кои се чувствувале како да не вредат доволно, а тоа значи дека ќе бидат несигурни во себе и во другите. А значи и дека ќе се сомневаат во тоа дека некој сака да биде со нив.rn

    5. Ќе се двоумат дали да ги запознаат вашето семејство и пријатели

    rnЕдноставно, запознавањето на блиските значи дека врската влегува во посериозна фаза, а тоа е страшно само по себе. Нив им требало долго време да научат да бидат сами и да живеат со сите незгоди кои им се случиле, но истовремено успеале повторно да се чувствуваат безбедно. Токму затоа, многу е веројатно дека долго време ќе го одложуваат моментот на запознавање на семејството на личноста со која се. Нивниот живот е веќе доволно искомплициран со тоа што пуштиле еден човек во него.rn

    6. Ретко ќе се галат

    rnВообичаените врски се често такви што паровите постојано се гушкаат и бакнуваат, се галат и се држат за раце, не се одвојуваат едни од други ни во јавност ни во приватноста на својот дом. Но, врската со некој кој бил емоционално злоупотребуван е поинаква. Таа личност ретко ќе ги изразува своите чувства физички, а и нема да се чувствува најпријатно кога партнерот ќе се обиде да го направи тоа. Дали од страв или бидејќи не знае како, ќе биде потребно повеќе време за да ја развие блискоста на тоа ниво.rn

    7. Ќе го претпоставуваат најлошото, потајно надевајќи се на најдоброто

    rnТие виделе и почувствувале полошо, биле понижувани и омаловажувани, контролирани и манипулирани по волја на некој друг. Биле доведени во ситуација да се чувствуваат безвредни, ја изгубиле самодовербата, слободата и довербата во луѓето. Може да ја имаат најдобрата личност до себе, но долго време ќе веруваат дека таа врска нема никакви шанси бидејќи тоа го знаат како логично и тоа го очекуваат. Тие ќе го претпоставуваат најлошото бидејќи не сакаат да бидат повторно повредени.

  • 7 најефикасни методи за третирање на плускавци

    7 најефикасни методи за третирање на плускавци

    Новите чевли и сандалите често предизвикуваат плускавци кои не само што можат да ви причинат болка и непријатност во наредните неколку дена, туку може и да ви упропастат некој од најважните настани во вашиот живот. Третирајте ги ефикасно со некои од овие природни ублажувачи на болката со антивоспалителни и лековити својства.rnrn7-najefikasni-metodi-za-tretiranje-na-pluskavci-kafepauza.mkrn

    1. Алое вера

    rnИако во денешно време можат да се најдат многу производи кои содржат екстракти од алое вера, најдобро е да се користи живата билка. Изгмечете лист од алое вера и од сокот намачкајте врз плускавецот. Болката би требало бргу да ја снема.rn

    2. Кантарион

    rnМаслото од кантарион е познато по своите антивоспалителни својства. Тоа ќе го смири воспаленото место и ќе поттикне побрзо зараснување на ткивото.rn

    3. Кисел трн

    rnДоколку дошло до инфекција на меурчето, најефикасно би било да посегнете по кисел трн. Сокот од оваа билка се става во многу мала количина, точно на плускавецот.rn

    4. Кромид

    rnКромидот има антибактериско својство. Може да се користи за да се лекува убод од инсект или плускавец. Добро распоредете половина главица кромид врз местото или пак преврзете парче кромид и оставете да делува преку ноќ.rn

    5. Лук

    rnОва е здрава намирница која помага во борбата со брадавиците и плускавците. Едноставно протривајте лук на местото 3-4 пати на ден, сѐ додека потполно не зарасне.rn

    6. Мелем и вазелин

    rnАко после целодневно пешачење ви се појавиле плускавци на стапалата, едноставно намачкајте ги со некоја од овие две состојки кои ја смируваат кожата и помагаат во процесот на залечување.rn

    7. Чуварот на куќата

    rnСвежиот сок од месестите листови на ова растение, зимзелена билка кои многумина ја садат во дворовите како украс, содржи антибактериски својства заради кои е ефикасна во лекувањето на плускавците.rnrnМаст за ублажување на болките и залечувањето на раните од плускавци можете да направите сами:rn

      rn011

    • Сомелете 2-3 листа чуваркуќа и ставете ги на газа за да го исцедите сокот.
    • rn011

    • Помешајте го со еднаква количина бадемово масло и ставете на плускавецот да делува барем неколку минути.
    • rn011

    • Залепете фластер и истата постапка повторувајте ја 3 ноќи по ред.
    • rn

  • Книга: „Соголена пред тебе“ – Силвија Деј

    Книга: „Соголена пред тебе“ – Силвија Деј

    „Еден на друг си станавме немилосрдно огледало во кое се појавуваа одразите на нашите најдлабоки рани но и најскриени страсти…“rnrnКнига: „Соголена пред тебе“ – Силвија ДејНе обидувајте се да пронајдете некакво метафорично значење во насловот, дека таа е соголена со чувствата или нешто слично. Не, таа е буквално соголена, така што решив денешната рецензија да ја наречам „рецензија за возрасни“, што воедно поттикнува едно многу интересно прашање: треба ли и на книгите да стои натпис над 18? Шала на страна, ви претставувам книга која не се чита со шолја кафе туку можеби со нешто жестоко.rnrnГлавните компоненти на оваа книга се: секси и мажествен херој, хероина која лесно ќе ја засакате, интересни случувања и многу секс. „Кога станува збор за жестока и сурова сексуална хемија во литературата, Силвија Деј е тешко да се надмине.“rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnСтанува збор за два доста комплицирани ликови со длабоки и болни трауми од раната младост. Помеѓу Ева и Гидион се јавува силна привлечност, хемија која не може да се игнорира, многу испреплетени чувства и желба за поседување на другиот.rnrnЕва е млада и привлечна девојка која заедно со својот пријател, бисексуалецот Кери, се сели во Менхетен каде го почнува животот од почеток. Добива работа како асистент во голема фирма каде го запознава секс-богот Гидион. Ева има мрачни сеќавања од детството бидејќи била злоупотребувана и со петни сили се обидува да го надмине тоа. Токму кога ѝ се чини дека може да се ослободи од своето минато, во нејзиниот живот влетува Гидион Крос кој навидум е совршен, но крие тајни кои го уништуваат. Поради болното минато, мајката на Ева е целосно опседната со нејзината безбедност што дури оди во крајни граници. Додека Гидион пак, поради своите трауми изгледа дека не е во можност да има здрава љубовна врска, да се отвори целосно и да прими некој во својот живот.rnrnНо Ева и Гидион не се единствените со трауматизирано детство. Пријателот и цимер на Ева, Кери, поради односот со својата мајка е цврсто уверен дека не заслужува љубов и среќа и е навикнат да ги оттргнува од себе добрите нешта, па дури и да ги казнува и повредува оние кои го сакаат.rnrnОвој роман ги обработува овие три лика изнесувајќи ги на виделина можните последици од болната младост. Сепак, главно се фокусира на ликовите на Ева и Гидион кои мора многу да работат на нивната врска ако сакаат да им успее. И двајцата се опседнати еден со друг и се болни од љубомора. Потиснатите чувства од нивното минато полека излегуваат на виделина и ѝ се закануваат на сегашноста. И двајцата имаат проблем со сериозното врзување за некоја личност. Поради своето минато Ева не дозволува да биде поседувана или управувана, додека Гидион чувствува болна потреба да поседува и владее.rnrnДали и двајцата ќе ги победат демоните од минатото? Може ли да имаат здрава љубовна врска и покрај сè? Што ќе се случи кога жените од минатото на Гидион непрестајно ќе се појавуваат во неговата сегашност? Ќе се отвори ли Гидион пред Ева дозволувајќи ѝ да влезе во неговиот живот? Се чувствува ли Ева безбедна покрај човек кој по сè изгледа дека не може да ги контролира демоните од своето минато?rnrnКнига: „Соголена пред тебе“ – Силвија ДејrnrnКнигава во повеќе наврати е споредувана со ултрапопуларната серија книги „50 нијанси на сиво“, што јас искрено не би можела да го коментирам бидејќи иако многу прашина се крева околу тие „сиви нијанси“, не сум прочитала ни една книга од серијалот. Сепак да се задржиме на „Соголена пред тебе“, за што уште би надополнила дека можеби е подобро да не ја читате ако сакате нежна романтика, но ако сакате силна страст и секс исткаени низ зборови (што, да бидеме искрени, не е лесно да се напише), тогаш ова е вистинската книга за вас.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЕдно е сигурно, ќе ви ги загрее претстојните студени ноќи. :)rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 3 декември 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • 5 проблеми кои можат да ги предизвикаат високите штикли

    5 проблеми кои можат да ги предизвикаат високите штикли

    Плускавци, болки и рани на стапалата се проблеми со кои се соочува секоја сопственичка на високи потпетици. Доколку сте една од оние кои носат високи штикли само за посебни прилики и потоа трпат болки уште два дена потоа, лоцирајте го вашиот проблем и обидете се да го решите со следниве совети.rnrn5 проблеми кои можат да ги предизвикаат високите штиклиrn

    1. Траги од претесни чевли

    rnПроблемот со претесните чевли и каишите кои оставаат траги на стапалата, може да биде навистина неподнослив. Доколку чевлите се кожни, после неколку носења ќе се прилагодат на вашите нозе, но постои и трик кој ќе ја забрза постапката. Сипете обична вода во боца со распрскувач и малку пропрскајте ги новите чевли. Облечете ги и носете ги низ вашиот дом, додека не се исушат.rn

    2. Плускавци на стапалата

    rnКога носите чевли со високи потпетици, мекиот дел од стапалата, веднаш под прстите може да биде многу болен, бидејќи е оптоварен од целата тежина на телото. За да ја ублажите болката, користете силиконски влошки за чевли или перничиња. По маркетите побарајте и сунѓерести самолепливи влошки, исечете ги во потребниот облик и залепете ги на предниот дел од чевлите, за поголема удобност.rn

    3. Наклон кој не одговара на вашите стапала

    rnДоколку средниот дел од вашите стапала е потполно во воздух и не го допира газиштето на чевлите, тоа значи дека сте одбрале несоодветен калап за вашите стапала. И покрај тоа што овој проблем не може да се реши и голема е веројатноста дека после првото носење ќе почувствувате голема болка во стапалата, сепак можете барем малку да ја ублажите.rnНајдете влошки со подебел среден дел и ставете ги во чевлите. Тие делумно ќе го поткренат вашето стапало и ќе го пренесат притисокот на задниот дел. Како и да е, доколку уште при купувањето на чевлите во продавница, забележите дека стапалото не е правилно легнато во потпетицата, воопшто не го ни купувајте тој пар.rn

    4. Потење на стапалата

    rnДоколку вообичаено не сте склони на претерано потење на стапалата, причината поради која сепак доаѓа до оваа појава, е најверојатно носењето на претесни чевли или неквалитетниот материјал од кој се направени. Тесните чевли ги притискаат прстите на нозете, кои пак меѓусебно се греат и на тој начин го зголемуваат потењето. Исто така, материјалите во кои кожата не може да дише, го предизвикуваат истиот проблем. Гумата и вештачката кожа треба да бидат резервирани само за ладните денови, додека пак природната кожа и платното, се добар избор за потоплите годишни времиња.rn

    5. Преголеми чевли

    rnИ покрај тоа што премалите и претесни чевли најчесто предизвикуваат плускавци и нагмечувања, истото може да го предизвикаат и преголемите чевли, а тој проблем ќе го препознаете според петите. Доколку стапалото константно се лизга низ чевелот, голема е веројатноста дека ќе предизвика болки во петиците и надразнувања на кожата, особено доколку чевлите ги носите на боси нозе или со хулахопки.rnНо и овој проблем е решлив. На делот од чевелот кај петата залепете од споменатата самолеплива сунѓереста влошка или фластер за плускавци. Тие ќе го спречат лизгањето на стапалата во чевлите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како поинаку да го употребите медот?

    Како поинаку да го употребите медот?

    Медот е најстариот трик за убавина. Уште во далечното минато, Клеопатра се бањала во млеко и мед за да ѝ даде мекост на својата кожа, а Попеа, жената на римскиот император Нерон, со медот го одржувала својот младешки изглед. rnrnИ денеска медот се користи за повеќе намени, а најдоброто е што е евтин и го има буквално секаде. Сепак, секогаш треба да се внимава тој да е органски, без никакви адитиви, а пчелите кои го создале да не биле изложени на пестициди и вештачки ѓубрива. Еве неколку интересни употреби кои некогаш можат да ви бидат корисни.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Замена за хидратантен крем

    rnМедот е природен хидратант, што значи дека ја привлекува и задржува влагата, па така, иако лепливо, сепак претставува одлично решение за сува кожа. Доколку сакате природна маска за лице, можете да измешате 2 лажички стопен мед со 2 лажички јогурт. Смесата нанесете ја на лицето и почекајте 15 минути. Потоа измијте се само со вода.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Гел против акни

    rnМедот помага и за обновување на мртвите клетки на кожата, бидејќи е полн со антиоксиданси кои помагаат во борбата со оштетената кожа. Исто така, медот има антимикробни својства, што значи дека ги чисти затнатите пори, не дозволувајќи создавање на акни.rn
    rn

    Омекнувач за коса

    rnМедот е добар за косата од истите причини поради кои е добар за кожата. Во една чаша измешајте 3 големи лажици мед и една лажица маслиново масло. Смесата нанесете ја на вашата коса и оставете ја 20 минути. Потоа убаво измијте ја вашата коса, а по сушењето таа ќе биде мека и свиленкаста како никогаш досега.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Лекувач на рани

    rnСо векови наназад медот бил користен како лекувач на рани. Токму поради антимикробните и хидратантните својства, медот може да и помогне на кожата побрзо да закрепне.rn
    rn

    Освежувач на здив

    rnЗагрижени сте за вашиот здив? Во чаша со вода ставете една лажица со мед, a опционално додадете цимет и процедете лимон. Потоа направете гаргара. Исто така за сладок и свеж здив, секогаш кога пиете чај додавајте една лажичка мед.rnrnКако поинаку да го употребите медот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn