Сè повеќе и повеќе жени порано влегуваат во менопауза која се јавува околу 40-тата година од животот. Изгледа дека пилулите за контрацепција не се виновни за ова, но едно истражување покажало дека постои поврзаност со пушењето. Имено, чадот од цигарите ги убива јајце клетките.rnrn
rnrnИсто така, сиромашните жени се изложени на поголем ризик од рана менопауза поради лошата исхрана и недоволната грижа за здравјето. Во некои случаи виновна е и генетиката.rnrnСепак, доколку вашата мајка прерано влегла во менопауза, тоа не значи дека истото ќе ви се случи и вам. Раната менопауза може да биде и одговор на телото поради некоја закана. Репродуктивниот систем се „затвора“ како реакција на стрес, лоша исхрана и траума, а во некои случаи менструацијата воопшто не се враќа.rnrnНаучниците сметаат дека пораното започнување на пубертетот значи и порана менопауза. Некои резултати покажале дека можна е и поврзаност помеѓу датумот на којшто сте ја добиле менструацијата и датумот на којшто ќе влезете во менопауза.rnrnДури и да се докаже ова, би било тешко да се утврди точната причина, бидејќи секоја жена е различна и има различен број јајце клетки, како и различен начин на живот. А сето ова влијае на менопаузата и нејзиниот почеток.rnrnДруги причини за раната менопауза се лошата исхрана и стресот. Кога постојано сте под стрес, во општество каде што помалку се вежба и повеќе се пие, сосема нормално е менопаузата да настапи порано. Некои научници сметаат дека можно е да сведочиме и на епидемија на рана менопауза.rnrnВлијанието врз жената и нејзиното здравје е навистина големо. Главниот проблем е што жената може да остане неплодна бидејќи ќе остане без јајце клетки. Дополнителен проблем може да претставува остеопорозата и ракот на дебелото црево или јајниците.rnrnЖените со рана менопауза исто така имаат 2 пати поголеми шанси за инфаркт или кардиоваскуларни болести. Исто може да се појават и катаракта и губење на забите.rnrnПостојат многу други несакани последици од раната менопауза, како депресија, променливо расположение, раздразливост, сувост на кожата и вагината, недостаток од желба за секс, како и инфекции на мочниот меур. Заедно со сето ова се намалува и квалитетот на животот и виталноста, а се појавуваат проблеми и со менталното здравје.rnrnОва ни кажува дека жените кои имале рана менопауза, можно е после 10 години да развијат некоја хронична болест, како дијабетесот.rnrnКога започнува менопаузата, женското тело престанува да лачи естроген, хормон кој штити од заболувања како остеопороза и кардиоваскуларни болести. Повеќето жени влегуваат во оваа фаза во 50-тата година од животот, но оние кај кои менопаузата започнала порано, ќе живеат без овој хормон 10, па дури и 20 години повеќе.rnrnПрочитајте и за знаците на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил.
Tag: рана
-

Што ја предизвикува предвремената менопауза?
-

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил
Изостанувањето на менструалните циклуси и ненадејното чувство на жештина во телото, не се единствените симптоми дека преминувате во фаза на менопауза. Постојат и други суптилни знаци, за коишто веројатно не сте свесни, а треба да им обратите внимание. Еве кои се тие…rn
1. Влакна на брадата
rn
rnrnМалку е ироничен фактот што во текот на менопаузата, косата може да започне да ви се изретчува, а нови несакани влакна, да се појават на вашата брада, горна усна или на образите. Ова се случува поради промените во односот помеѓу андрогените и естрогените нивоа во телото. Додека нивото и на двата хормони се намалува во периодот на менопауза, тоа се случува со различна стапка на интензитет. Нивото на естроген паѓа акутно, а нивото на андроген опаѓа постепено, со текот на времето.rn2. Прекумерно потење
rn
rnrnОпаѓањето на нивото на естроген, предизвикува реакција во мозочниот дел хипоталамус, при што телото мисли дека сте прегреани и му сигнализира да се поти повеќе, за да се намали телесната температура.rn3. Слабеење на коските
rn
rnrnНамалувањето на густината на коските, настанува како резултат на опаѓањето на нивото на естроген во телото. Во текот на првите пет години од менопаузата, можете да изгубите до 20% од густината на вашите коски. Ова може да доведе до ризик од заболување од остеопороза или слабеење на коските.rn4. Уринарна неодложност
rn
rnrnСлабите мускули во долниот дел од карлицата, коишто честопати се резултат на вагиналното породување, во комбинација со тенката уретрална мембрана, предизвикана од ниското ниво на естроген, доведува до стресна уринарна инкотенција. Тоа е чувство на итност за одење по мала нужда, проблеми со воздржувањето, како и неконтролирано испуштање урина при мал напор, како кивање или кашлање.rn5. Проблеми со помнењето
rn
rnrnХормоналните промени коишто се случуваат во телото во текот на менопаузата, може да ви предизвикаат стрес и проблеми со спиењето. Тоа може да доведе до намалена концентрација и проблеми со помнењето.rn6. Несоница
rn
rnrnХормонот прогестерон има смирувачка функција, па кога неговите нивоа опаѓаат, тоа предизвикува чувство на анксиозност, којашто може да доведе до проблеми со спиењето и несоница.rn7. Појава на нови алергии и влошување на постоечките
rn
rnrnНашите хормони и имуниот систем функционираат со заеднички сили. Жените коишто поминуваат низ фаза на менопауза, се подложни на посериозни реакции предизвикани од алергиите коишто ги имаат, а може да се дојде и до појава на сосема нови алергии. Ова се случува како резултат на намалениот имун систем, којшто слабее поради природната флуктуација на хормоните, во текот на овој период од животот.rn8. Ненадејни промени во видот
rn
rnrnХормоните регулираат многу различни телесни функции, коишто можат да влијаат и врз вашите очи, па кога тие се менуваат, може да се промени и вашиот вид. Намалените хормонски нивоа кај жените во текот на менопаузата, може да предизвикаат разни промени во видот. Така на пример, некои жени може да преминат од кратковиди, во далековиди.rnrnМожеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 симптоми на кожата во менопауза и како да се справите со нив? -

Конвенција за повредените во љубовта
Испровоциран од тоа што наместо да се спречат војните, се носат правила за нивна практика, големиот писател и вљубеник во животот Пауло Коелјо решил да пропише правила со кои ќе ги заштити бројните повредени во љубовта. Користејќи го своето огромно животно искуство, составил прекрасна конвенција од неколку правила чие почитување ќе доведе до побрзо зараснување на љубовните рани.
rn

rnrn
Општи одредби
rnА – Имајќи предвид дека изреката „во љубовта и војната сè е дозволено“ е сосема исправна;rnrnБ – Имајќи предвид дека ја имаме Женевската конвенција од 22 август 1864 која пропишува правила за оние кои се повредени на бојните полиња, но досега немаме конвенција за оние што останале повредени во љубовта, иако се многу побројни;rnrnСе пропишува дека:rnrnЧлен 1rnrnСите вљубени од двата пола се предупредуваат дека љубовта, покрај тоа што е најголемиот благослов, исто така може да биде многу опасна, непредвидлива и може да предизвика сериозна штета. Затоа, секој што сака да љуби мора да биде свесен дека своето тело и душа ги изложува на разни видови повреди и дека за тоа не треба во ниту еден момент да го обвинува партнерот, затоа што ризикот паѓа на двајцата подеднакво.rnrnЧлен 2rn
Штом некој почувствува дека е погоден од стрелата на Купидон, мора веднаш да побара од него истата стрела да ја испрати и во спротивната насока, за да не дојде до повредата позната како „невозвратена љубов“. Ако Купидон одбие да го стори тој чин, Конвенцијата пропишува дека повредениот мора веднаш да ја извади стрелата од своето срце и да ја фрли в ѓубре.
rn
Со цел да го осигура ова, тој мора да ги избегне сите телефонски повици и пораки преку интернет, да избегне да праќа цвеќиња кои никој нема да сака да ги прими или која било друга форма на заведување, со оглед на тоа што тоа ќе даде резултати на краток рок, но секако ќе заврши на непосакуван начин после извесен период.
rnКонвенцијата пропишува повредената личност задолжително да побара друштво од блиски луѓе за да ја избегне опсесивната мисла: „вреди да се борам за оваа личност“.rnrn
Член 3rnrnАко повредата е предизвикана од трети лица, или со други зборови, ако саканата личност станала заинтересирана за некој кој не се појавува во претходниот член, одмаздата е строго забранета. Во ваков случај, дозволено е да се плаче додека солзите не пресушат, да се удира по ѕидови и перници, да се напаѓа поранешниот партнер во разговорите со пријателите, да се исмее неговиот/нејзиниот невкус, но без да се повреди нивната чест.rnrnКонвенцијата пропишува повторна примена на правилото од членот 2: да се побара друштво на блиски лица, по можност на места каде што не може да се сретне поранешниот партнер.rnrnЧлен 4rnrnВо случај на полесни повреди, и тоа мали предавства, краткотрајни изливи на страст или сексуален интерес кој бргу поминува, мора брзо и нежно да се нанесе лекот „извини“. Штом еднаш се нанесе овој лек, повредениот никогаш повеќе не треба да ја разгледува одлуката на другиот, а случката мора да биде заборавена и никако да не се искористи во караница.rnrnЧлен 5rnrnВо случај на постоење на повредата „раскинување“, единствено лекот „време“ покажува резултат. Нема корист од барањето утеха во претскажувачи на иднината (кои секогаш велат дека љубената личност ќе се врати), романтични книги (кои секогаш имаат среќен крај), телевизиски сапуници и слични нешта. Повредениот мора да си дозволи интензивно да страда, без притоа да употреби дрога, лекови за смирување или молитви до светците. Се толерира само употреба на алкохол и тоа максимум две чаши вино на ден.rnrnЗавршни одредбиrnrnОние кои останале повредени во љубовта, за разлика од повредените во вооружен конфликт, не се ниту жртви ниту мачители. Тие избрале нешто што е составен дел од животот, па затоа мораат да ги прифатат и задоволството и болката од нивниот избор.rnrnОние кои никогаш не биле повредени во љубовта никогаш не ќе можат да кажат: „Го живеев животот“. Затоа што никогаш не го живееле.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Боли
Автор: Al_ex_an_drarn(поднесено преку „Предложи содржина“)
Боли кога од мене без збор си заминуваш,rnболи кога срцето крваво в дланка ми го враќаш.rnБоли…rnЈас срце ти давам твое да биде,rnболи… но, не сфаќаш!rnБоли кога ќе поминеш покрај менеrnи ме оставаш без здив,rnболи кога си студен и не си повеќе Ти…rnБоли кога ми даваш лажна надеж,rnболи зашто подоцна знам, се каеш.rnБоли додека од очи солзи лијат,rnболи, тие три години љубовна рана кријат.rnБоли, зашто се повредувам самата себе,rnболи, но не толку колку што сум повредена од Тебе!rnБоли, зашто не верувам во СРЕЌЕН КРАЈrnболи… боли до очај!rnБоли кога ги спомнуваш годините,rnболи кога ми ги набројуваш причините.rnБоли, и се научив да живеам со оваа рана,rnболи зашто во оваа љубов јас останав сама.rnДенес боли…rnНо, утре далеку ќе бидам јасrnќе си спомнеш за мојата љубов,rnќе ти недостига мојот глас…rnтогаш ќе знаеш колку Боли…rnи колку сум те сакала!rnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.