КАФЕ ПАУЗА

Tag: раменици

  • Подгответе се за „најжешкиот“ летен тренд!

    Подгответе се за „најжешкиот“ летен тренд!

    Ако ова лето забележите дека сообраќајот се забавил, мажите се застанати во некој ред, а за сето тоа нема некоја реална причина, ниту пак некое физичко попречување, слободно можете да си помислите дека станува збор за девојка која со својот изглед сосема ги „полудела“ сите околу себе. А еве со што… Станува збор за еден од трендовите кои веќе подолго време е присутен во светот на модата, но сега го доживеа својот врв. Голите раменици станаа задолжителен тренд кој не се заобиколува во модните комбинации на атрактивните девојки, а сега доаѓа нивното вистинско време за носење, па затоа ви даваме совети како да го стилизирате овој тренд кој ја истакнува вистинската и најсовршената женска сексапилност.rnrnrnrnБлузите и кошулите со спуштени рамена се совршени за најразлични комбинации и прилики. Можеби нема да можете да ги носите на деловен ручек, професионален состанок или општо во текот на работното време, но сето останато време ќе биде одлично за едно вакво парче облека. Во комбинација со кратки здолништа, со шорцеви, со фармерки во кој било облик, овие парчиња кои ги откриваат вашите раменици се најсовршениот избор за ова лето. Не е важно дали станува збор за некои лежерни или елегантни прилики, ваквите блузи или кошули ќе ви дадат навистина убав и занимлив изглед.rnrnrnrnПостојат многу прилики кога можете да ги носите и начини кои се добри за комбинирање на ваквите парчиња облека. Секако, секојдневно и во текот на денот најдобро ќе се чувствувате доколку ваквата блуза ја комбинирате со тексас шорцеви, бидејќи со само две парчиња кои се сосема едноставни ќе постигнете изглед кој моментално е доста популарен. Тука се и фармерките со висок струк што посебно ја нагласуваат целата сексапилност, која во допир со голите раменици, понежната блуза или кошула, создава најдобра комбинација за заведување и оставање без текст на сите кои ќе ве здогледаат.rnrn5-podgotvete-se-za-najzheshkiot-leten-trend-kako-da-go-nosite-najseksapilniot-trend-za-ova-leto-www.kafepauza.mk_rnrnНо, не само блузите и кошулите, туку и фустаните со спуштени рамена ќе ви го дадат посакуваниот изглед. И тогаш кога тие изгледаат сосема едноставно, рамената кои се откриени ќе функционираат како прекрасен моден детаљ за некои дневни прошетки, вечерни излегувања, но дури и за некои елегантни и свечени прилики кога ќе посакате да привлечете внимание со своето појавување.rnrn4-podgotvete-se-za-najzheshkiot-leten-trend-kako-da-go-nosite-najseksapilniot-trend-za-ova-leto-www.kafepauza.mk_rnrnНајдобрата страна на овој тренд е тоа што може да се вклопи во најразлични стилови без никаков исклучок и без страв дека ќе направите грешка. Елегантно, опуштено, бохо, без разлика како ќе посакате да изгледате, голите раменици ќе направат да изгледате тренди и модерно.rnrnrnrnКлучот лежи во добрите материјали, кои би требало да бидат лежерни и разлетани за да влијаат на тоа да изгледате женствено, нежно и романтично, но внимавајте да не одберете силни бои. Овие парчиња ќе ги најдете во бела, црна, светло сина боја, но и во пастелни нијанси. Секако, воопшто нема да погрешите доколку се одлучите за некоја впечатлива боја, но важно е да ја вклопите во вашиот личен стил и на целата комбинација да ѝ дадете личен печат. Подгответе се на време, дождот и ветрот ќе поминат, а потоа нè чека летото во кое сакаме да изгледаме најубаво што можеме.rnrnrnrnПогледнете ги и овие ретро шик аксесоари за коса кои ќе бидат најголемиот тренд во 2017-та година!

  • 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите

    5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите

    Позната ни е изреката дека една слика вреди илјада зборови, која во денешно време може да се интерпретира со илјада лајкови. Но, кога станува збор за фотографиите на кои сакате да се појавите цели, од глава до петици, проблем може да биде вашата висина, поради што пониските девојки го избегнуваат таквото фотографирање кога не носат високи потпетици. Еве неколку трикови, како без потпетици да изгледате повисоко на фотографиите на кои ќе се гледа вашето убаво тело.rn

    1. Поставете рака над главата

    rn(1) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnОва е еден супер и лесен трик со кој ќе направите оптичка измама и ќе изгледате повисоко на фотографиите. Раката можете да ја поставите над челото, во делот на косата или над шапката, која ја носите во топлите летни денови. Тоа ќе ја прикаже вашата силуета во издолжено издание. Но, да бидеме искрени, тоа не значи дека раката треба да ви биде вашето „оружје“ на секоја фотографија.rn

    2. Поткренете се на прсти

    rn(2) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnОвој трик можеби изгледа детски и малку наивно, но успева. Тоа дури добро влијае и на изгледот на вашите нозе и задник, затоа што на тој начин ги затегнувате мускулите. Само внимавајте да не ја поставувате главата високо, затоа што може да испаднете како на фотографиите од градинка.rn

    3. Поставете ги рамениците наназад

    rn(3)5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnЗа да изгледате повисоко, треба и убаво да се исправите. Замислете си дека на врвот од вашата глава има жица која ве влече нагоре и рамениците ќе се вратат наназад. Едноставен трик, кој секогаш успева.rn

    4. Поставете ја едната нога врз другата

    rn(4) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnПоставете ја едната нога врз другата и ќе добиете оптичка илузија којашто ќе направи да изгледате повисоко. На овој начин, вашето тело на фотографијата ќе изгледа повисоко и повитко.rn

    5. Поставете го фотоапаратот пониско

    rn(5) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnПоставете го фотоапаратот пониско, под нивото на вашата глава, со што во фокус ќе биде вашето торзо. Така ќе добиете на висина, а и нозете ќе ви изгледаат подолго.

  • Љубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографии

    Љубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографии

    Самоукиот фотограф Фабио Сабатини прави фантастични фотографии од неговата жена Алесандра, докажувајќи ја љубовта кон неа во една прекрасна артистичка форма. Со нејзината убава руса коса и блескави сини очи, Алесандра е совршена за пред објективот, поради што и не е така чудно што Сабатини има направено повеќе од 500 фотографии со неа.rnrnЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииrnrnНеговите највоодушевувачки фотографии се дел од фотосеријата насловена Shoulders (Раменици). Патувајќи низ светот и посетувајќи места како Грција, Шпанија, Бали и Тајланд, Сабатини ја фотографира Алесандра, и тоа не само однапред, туку и одзади. Во некои фотографии таа ги набљудува историските знаменитости пред неа, додека во други, фокусот е ставен на нејзината долга руса коса, која драматично се вее во воздухот како на филмското платно. После гледањето на сите негови фотографии, се добива чувство дека Сабатини визуелно ја изразува неговата љубов кон сопругата, давајќи ни на нас можност да ѕирнеме во светот во кој тој милува да живее.rnrnЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!

    Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!

    Секоја девојка има различен вкус за мажи. На некои им се допаѓаат момци со бебешко лице, други мечтаат за партнер кој има чоколаден тен. На некои најбитна им е бојата на неговите очи, на други неговото убаво тело, на трети стилот на облекување. Секој човек несвесно испраќа голем број невербални сигнали, кои доколку научите да ги препознавате ќе ви бидат од голема полза во секое животно поле. Па така додека „плакнете очи“ гледајќи во некое згодно момче, истовремено можете да дознаете доста информации за него: каков е неговиот карактер и што навистина чувствува за вас.rn.rn

    Што значи кога тој е свртен со неговите раменици и гради накај вас?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Без разлика дали е свртен со горниот дел од телото кон вас, кон вашата пријателка или кон големата боца со пиво во кафулето во кое сте седнати на пијачка – бидете сигурни дека тоа му е најдрагото нешто во просторијата. Па доколку вие сте таа среќница кон која сексапилното момче е свртено, тогаш со сигурност ќе знаете дека му се допаѓате.rn.rn

    Што сака да каже кога ве гледа долго во очи?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Прво нешто кое ќе ви падне на ум, е дека тој е „луд“ по вас, но бидете внимателни – тој можеби само си поигрува со вас. Одржувањето поглед во очи подолго од 5 секунди не е нешто кое му доаѓа природно, затоа што сте му привлечни. Можеби употребува некоја техника на заведување, со која сака да ве наведе да имате секс со него.rn.rn

    Што мисли кога ви се насмевнува со пола уста?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Постојат големи шанси ова момче да сака малку да флертува, без притоа да има некакви сериозни намери со вас. „Насмевка со доза на иронија и потсмев е знак дека тој не е доволно искрен со вас“ – истакнува експертот за говор на телото, Пети Вуд. „Тоа е половична гестикулација. Со двете половини од неговото лице, тој ви кажува две различни приказни“ – додава таа.rn.rn

    Зошто ги поткрева веѓите кога ќе ве погледнува?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ова е добар знак. Кога маж гледа во жена која го привлекува, тој автоматски ги поткрева веѓите и притоа го збрчкува челото. Тоа трае кратко, па затоа вие ќе треба повеќе да се потрудите за да ја забележите оваа фацијална експресија.rn.rn

    Зошто ги потпира рацете на коланот?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ако го допира коланот, ги става палците во предните џебови, тој потсвесно сака да ви го сврти вниманието кон неговата „машкост“.rn.rn

    Тој стои со раширени нозе

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Момче кое често стои пред вас со раширени нозе и карлица, е дефинитивно „загреано“ за вас. Тоа е примитивен, биолошки инстинкт, за кој повеќето мажи не се свесни дека ја издава нивната намера.rn.rn

    Стои или седи со неговите стапала свртени едно кон друго

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ова значи дека тој се чувствува малку несигурно во ваша близина. Па затоа ако забележите згодно момче кое ја прави оваа поза додека гледа во вас, значи дека е заинтересиран, но му треба некаков знак дека интересот е обостран.rn.rn

    Што значи кога ви се смешка срамежливо, со затворена уста?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Со сигурност може да се каже дека му се допаѓате, но не сака да ви ги открие неговите чувства прерано. Тој е најверојатно малку срамежлив, а можеби и несигурен кога е во ваша близина.rn.rn

    Зошто ја врти главата на страна или надолу секогаш кога ќе ви се сретнат погледите?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Наведнувањето на главата надолу или вртење на погледот на страна, е потсвесен секси знак дека машкото има чувства за девојката. Па доколку некое момче секогаш кога ќе го сретнете, срамежливо го оттргнува погледот од вас, а е повеќе од очигледно дека ве погледнувал, тоа е вашиот знак дека треба да му пријдете и да му се претставите, па дури и да му пуштите пијачка преку келнерот.rn.rn

    Што значи кога тој ви се насмевнува, поткревајќи ја неговата горна усна нагоре и притоа малце му се ѕиркаат забите?

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Оваа фацијална експресија е учтив знак дека нему му е убаво во ваше друштво, но нема романтични чувства за вас. Но, не грижете се. Ова не значи дека неговите чувства не можат подлабоко да се развијат.rn.rn

    Прстите му се потпрени на устата, ве гледа директно во очи и ѓаволски ви се потсмевнува. Хммм…

    rnДекодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!На ваков тип на маж ќе морате да му глумите недостижна девојка доколку сакате да ја придобиете неговата љубов. Тој сака да биде ваш предизвик, за да види колку сте спремни да се борите за него. Фатете го ако можете. 🙂