КАФЕ ПАУЗА

Tag: ракија

  • Ракија од шипка – одлична за зајакнување на имунитетот

    Ракија од шипка – одлична за зајакнување на имунитетот

    Поради високата содржина на витамин Ц, шипката се користи за зајакнување на имунитетот и ја зголемува отпорноста на инфекции како што се настинки и грип. Таа содржи танини кои имаат способност да стегаат и ги ублажува проблемите со дијарејата, особено ако е предизвикана од треска.rnrnРакија од шипка - одлична за зајакнување на имунитетотrnrnЧајот од шипка се користи за лекување на воспалителните процеси на бубрезите, како и за спречување појава на нови болести. Луѓето кои имаат песок и камења во бубрезите или во мочниот меур, треба да пијат чај од шипка подолго време.rnrnПоради киселиот вкус, чајот од шипка е пријатно освежување ако имате треска. Семките од шипка се користат во народната медицина за лекување болести на бубрезите и на мочниот меур.rnrnМармаладот од шипка е дополнителен извор на витамин Ц во зима, а чајот од шипка нема никакви штетни ефекти и може да се пие подолго време.rn

    Рецепт за ракија од шипка

    rnПотребни ви се 250 грама шипка, 250 грама шеќер и 1 литар лозова ракија со 45 проценти алкохол.rnrnИсечкајте ја шипката и ставете ја во тегла од 1,5 литри. Прелијте ја со ракијата, додајте го шеќерот и оставете да отстои десетина дена на топло место. Повремено протресувајте. Потоа, исцедете ја и турете ја во шише. Пијте околу 40 милилитри дневно за да го зајакнете имунитетот.rnrnПрочитајте како да ги искористите лековитите својства на босилекот.

  • Здравствени проблеми кои ракијата успешно ги лекува

    Здравствени проблеми кои ракијата успешно ги лекува

    „Напиј се малку ракија, па ќе се чувствуваш подобро“ е реченица која речиси секој ја има слушнато барем еднаш во својот живот, а лековитите својства на ракијата се пренесуваат од генерација на генерација. Со оглед на тоа што постои висок процент на алкохол во ракијата, сепак треба да внимавате на тоа колку и како консумирате, но мала количина брзо ќе ви помогне во лекувањето на одредени здравствени проблеми. Погледнете ја оваа листа на тегоби кои нашите предци успешно ги лекувале со помош на ракија.rnrnЗдравствени проблеми кои ракијата успешно ги лекуваrn

    1. Болка во желудникот

    rnСте јаделе тешка и мрсна храна која ви предизвикала болка во желудникот? Напијте се малку ракија и веднаш ќе ја смирите.rn

    2. Болка во забите

    rnНапијте се малку ракија и држете ја истата на болниот заб, протресете, а потоа плукнете ја. Повторете 2 или 3 пати со мала временска разлика, за премногу да не ги раздразните непцата.rn

    3. Болка во грлото

    rnАко имате болка во грлото, односно воспаление предизвикано од бактериска инфекција, ракија со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото. Исто така во ова може да ви помогне и топол чај од билки, со малку ракија.rn

    4. Менструални болки

    rnНеколку голтки од која било слатка ракија може да ги ублажи грчевите и чувството на мачнина во желудникот кои честопати ја придружуваат менструацијата.rn

    5. Болки во грбот

    rnНежно масирајте со малку ракија на болните и вкочанети места на грбот. Повторете ја постапката после неколку часа. За оваа намена се препорачува ракија која се прави од остатокот на грозјето после ферментацијата, но може да се употребуваат и други видови.rn

    6. Вкочанет врат

    rnИсто како и вкочанетиот грб, така и вкочанетиот врат можете да го третирате со ракија на ист начин.rnrnЗдравствени проблеми кои ракијата успешно ги лекуваrn

    7. Болка кај ревматични заболувања

    rnКај заболените од артритис, масажата со ракија често е средство за ублажување на болките во зглобовите.rn

    8. Отоци

    rnРакијата докажано ја лади кожата, па добро влијае на отоците. Со неа можете да масирате на отеченото место или пак, да ставите облога. Имајте на ум дека ракијата после неколку минути може да ја иритира кожата, па затоа, не држете ги облогите премногу долго.rn

    9. Лоша циркулација

    rnНашите баби и дедовци честопати по будењето пиеле ракија за да ја поттикнат забавената циркулација.rn

    10. Уролошки проблеми

    rnРакијата со магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериските инфекции на уринарниот тракт.rn

    11. Мачнина при возење

    rnСекако, овде ракијата им помага на полнолетните совозачи, затоа што возачите не смеат да пијат додека возат. Многу возрасни луѓе сѐ уште се борат со мачнината при возењето, а ракијата има моќ да ви помогне при овој проблем.rn

    12. Дезинфекции на рани

    rnРакијата може да послужи како средство за дезинфекција, како на пример за мала засечена рана или некоја друга, за која би го користеле медицинскиот алкохол.rnrnЗдравствени проблеми кои ракијата успешно ги лекува

  • 5 причини зошто секој ден треба да пиете ракија

    5 причини зошто секој ден треба да пиете ракија

    Овој традиционален пијалак што го обожаваат сите странци кога ќе ја посетат нашата земја, никого не остава рамнодушен, а познато е дека се користи за повеќе намени. Нашите баби и дедовци ја користеле ракијата како лек за сѐ и таа навистина има здравствени придобивки, секако доколку не се претера со количината. Наредниот пат кога некој ќе ве нападне поради тоа што сте љубител на ракија, изнесете некој од следниве аргументи…rnrn5 причини зошто треба да пиете ракија секој денrn

    1. Го продолжува животниот век

    rnПреголемата количина ракија и кој било друг алкохол дефинитивно ќе ви го скрати животниот век, но умерената количина би можела да ви го продолжи. Најмногу поради тоа што ракијата содржи антиоксиданси кои помагаат во борбата против радикалите – кои се главните виновници за стареењето.rn

    2. Ослободува од стрес

    rnДоколку ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем и може да ве опушти. Уште еднаш ќе повториме: само доколку ја консумирате во умерени количини!rn

    3. Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар

    rnКај ракијата е одлично тоа што го спречува таложењето на наслаги од холестерол во кардиоваскуларниот систем, односно помага да се намали нивото на холестерол. Сето тоа драстично го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.rn

    4. Ја спречува појавата на настинка

    rnМожеби сте слушнале дека ракијата може да послужи како одличен сируп против кашлање. Исто така алкохолот ги убива сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете доколку ја помешате ракијата со топла вода и лимон.rn

    5. Не дебелее

    rnУште еден одличен аргумент: за разлика од газираните и густите сокови, ракијата е алкохол со многу мал број калории. Ако пиете ракија ќе го намалите холестеролот во крвта и нема да добиете вишок килограми.

  • Домашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летото

    Домашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летото

    Започна сезоната на вишните, а ова неверојатно овошје со кисело-сладок вкус може да се користи за подготовка на слатки, компот, сирупи, но и на вкусен ликер – сладок аперитив, којшто сите го сакаме. Доколку досега не сте подготвувале ликер од вишни или пак, ако сакате да испробате некоја нова техника, овој наједноставен рецепт, е создаден како за вас!rnrnДомашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летотоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Вишни
    • rn011

    • Ракија
    • rn011

    • Шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги вишните и извадете ги рачките и листовите. На дното од поголема тегла ставете ред вишни, a потоа врз нив посипете подебел слој шеќер. Над шеќерот наредете втор ред вишни, а потоа уште еден слој шеќер. Повторувајте ја оваа постапка сè додека теглата не се наполни речиси до врвот. Теглата со ова прекрасно овошје, ставете ја на место каде што има многу сончеви зраци и затворете ја со мала чинија (никако со капак за тегла). Кога шеќерот целосно ќе се стопи, теглата до самиот врв наполнете ја со ракија, нежно измешајте и затворете ја со капакот. Оставете го ликерот да отстои на темно место барем еден месец. Потоа, тој е подготвен за дегустација.

  • Домашна маска од киви која има моќ да го сопре опаѓањето на косата

    Домашна маска од киви која има моќ да го сопре опаѓањето на косата

    Кивито е овошје кое е богато со витамини А, Ц, К и Е, како и со калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк. Тоа е одлично за вашиот организам, но исто така може да има и силен ефект врз цврстината на вашата коса. Токму затоа ако сте забележале дека во последно време таа ви опаѓа, пробајте ја оваа домашна и едноставна маска од само 2 состојки.rnrnДомашна маска од киви која има моќ да го сопре опаѓањето на косатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 киви
    • rn011

    • 1 лажица ракија или квалитетна вотка
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и употреба:

    rnИзлупете го кивито, пасирајте го со помош на виљушка и потоа додајте ја ракијата или вотката. Мешајте ги состојките сè додека не добиете густа смеса.rnrnНанесете ја смесата нежно на вашата коса и масирајте го коренот неколку минути, а потоа ставете пластична капа или кеса и оставете ја да делува 15 минути. Измијте ја косата со топла вода и благ шампон.rnrnМожете да ја користите оваа маска еднаш, до два пати неделно и за само месец дена ќе бидете воодушевени од резултатите.

  • Греана ракија на британски начин

    Греана ракија на британски начин

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnТопол и добредојден, токму навреме за празниците, „Hot Toddy“ е класичен зимски пијалак. Слободно пробајте го со вашите омилени видови чаеви, а ако не сте некој обожавател на чај, може да го подготвите и без него. Најчесто, но не и задолжително, се употребува црн или зелен чај, разблажен со слаткиот вкус на медот и со лимон.rnrnГреана ракија на британски начинrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 мл бренди, виски или рум
    • rn011

    • 1 лажиче мед
    • rn011

    • ¼ лимон
    • rn011

    • 1 шолја топла вода
    • rn011

    • 1 кесичка чај
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    • Прекријте го со мед дното на чашата (се препорачува посебна чаша за ирско кафе).
    • rn011

    • Додадете го алкохолот и сокот од лимон.
    • rn011

    • Настрана подгответе го чајот (се препорачува едно до две лажичиња шеќер, доколку сакате да го засладите).
    • rn011

    • Турете го чајот во чашата со алкохолот и мешајте.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.