КАФЕ ПАУЗА

Tag: ракавици

  • Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

    Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

    Прашањето зошто многу славни цртани ликови носат бели ракавици, потекнува уште од цртаниот филм „An Extremely Goofy Movie“ од 2000 година кога Боби Зимеруски, пријател на главниот лик Макс Гуф, погледнува во своите раце и прашува: „Што мислиш, зошто ние секогаш носиме бели ракавици?“rnrnЗнаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?rnrnТогаш не дошол одговорот, но затоа, неколку години подоцна, Џон Кенмејкер, кој ги проучувал анимациите и е професор на Универзитетот во Њујорк, истакнал дека постојат три причини поради кои многу класични анимирани ликови носат бели ракавици. Еве за кои станува збор.rn

    1. Цртањето ракавици заштедува време

    rnКога била родена анимацијата, уметниците по одредено време сфатиле дека многу полесно им е да нацртаат ракавици, отколку да цртаат раце со сите детали на нив. На тој начин цртањето било и побрзо и поедноставно.rn

    2. Белите ракавици повеќе се истакнуваат

    rnВо црно-белите анимирани филмови, црните раце биле тешко воочливи покрај црното тело на ликовите. Затоа, аниматорите им ставиле бели ракавици за рацете повеќе да бидат истакнати.rnrnЗнаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?rn

    3. Волт Дизни сакал на ликовите да им даде човечки карактеристики

    rnВо својата биографија од 1968 година, „The Disney Version“, самиот Волт Дизни дал одговор на прашањето зошто одлучил Мики Маус, како прв анимиран лик кој го создал, да носи ракавици. Така, тој објаснил дека не сакале овој лик да има раце на глувче, затоа што било замислено да има човечки ракавици, па затоа и така му ги нацртале.rnrnЗнаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?rnrnИнтересно е тоа што многу птици во цртаните филмови не носат ракавици. Но, експертите за анимација посочуваат дека можеби никогаш нема да добиеме објаснување за оваа одлука.rnrnЗнаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?rnrnВо англискиот јазик постои и израз „white glove test“ (тест на бели ракавици), кој означува важност дека нешто е направено беспрекорно, прецизно и без грешки.rnrnЗнаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?rnrnТоа потекнува од практиката која настанала во САД во 1950-тите години, кога се ставале бели ракавици, па потоа со прстите се поминувало по одредена површина за да се утврди колку е истата чиста.rnrnЗнаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?rnrnПогледнете го и видеото за подетално објаснување.rn

  • Слатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедно

    Слатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедно

    Интернет продавницата Talking Gloves на Etsy, со седиште во Истанбул, создава прекрасни и неодоливи ракавици кои кога ќе ги поставите една до друга, формираат неочекувана слика.rnrnСлатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедноrnrnСекој пар од овие ракавици се состои од два дизајни, еден на левата, друг на десната страна.rnrnСлатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедноrnrnНекои парови имаат две идентични половини, така што кога ќе се поврзат заедно создаваат една целина, додека пак други се составени од два различни дизајни кои заедно формираат некаква сцена, така што секој дизајн „има нешто да каже.“rnrnСлатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедноrnrnПокрај ова, овие слатки ракавици се достапни и во повеќе стилови, меѓу кои има и такви кои ви овозможуваат ракување со телефонот.rnrnСлатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедноrnrnТие исто така може да се најдат во сет заедно со капи, беретки и марами.rnrnСлатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедноrnrnСите производи се изработени од високо квалитетна волна, па освен што се естетски уникатни, тие и пријатно ќе ве затоплат.rnrnСлатки плетени ракавици кои откриваат прекрасни слики откако ќе се постават заедноrnrnПреминете на наредната страница за да видите уште уникатни дизајни од овие ракавици.rn

  • Направете сами: Топли ракавици кои нема да ве спречуваат да го користите вашиот смартфон

    Направете сами: Топли ракавици кои нема да ве спречуваат да го користите вашиот смартфон

    Подарокот кој сте го направиле сами е секогаш подобар од оној за кој сте платиле. Тој има многу поголемо значење. За да ви помогнеме во оваа задача, решивме да го споделиме со вас ова одлично видео кое ќе ви покаже како да го направите совршениот зимски подарок за сопствениците на смартфони.rnrnНаправете сами: Топли ракавици кои нема да ве спречуваат да го користите вашиот смартфонrnrnЕдинствениот проблем со кој се соочуваме за време на студените денови е недостатокот на одговор од екраните на нашите уреди додека носиме ракавици. Но, со помош на овој едноставен трик, вие ќе можете без прекин да го користите вашиот смартфон додека истовремено прстите ви се на топло. Сè што ви е потребно се дебели ракавици и метален конец. Погледнете го видеото за подетално упатство.rnrn

  • Како да изгледате секси и на минусни температури?

    Како да изгледате секси и на минусни температури?

    Автор: Зорица ТодороваrnrnТешко е да изгледате привлечно кога од глава до пети сте покриени со слоеви и носите гломазен капут. Но со овие паметни потези, ќе го избегнете ефектот на „мумија“, а вашиот стил на облекување ќе остане запазен.rnrnOlivia Palermo leaving a breakfast at the Crosby Hotel, New York, America - 11 Jan 2012rn

    Избалансирајте го големиот волумен

    rnМега големите шалови се вистински тренд оваа зима. Неутрализирајте ја нивната големина со кожно палто и тесни фармерки.rnrn1-kako-da-izgledate-seksi-i-na-minusni-temperaturi-kafepauza.mkrn

    Вметнете топол зимски детаљ

    rnВо потоплите денови не мора да носите палто, облечете дебела ролка во црна боја која ќе ја искомбинирате со полукожен-полукрзнен елек и имате одлична алтернатива за здодевниот капут.rnrn2-kako-da-izgledate-seksi-i-na-minusni-temperaturi-kafepauza.mkrn

    Преобразете ги вашите нозе

    rnРаскинете им на чизмите за снег без облик – прават да изгледате уште пониски. Освен доколку не се наоѓате во снежна виулица, облечете пар високи кожни чизми кои ги издолжуваат вашите нозе.rnrn3-kako-da-izgledate-seksi-i-na-minusni-temperaturi-kafepauza.mkrn

    Истакнете ја половината

    rnДури и во дебело зимско палто повторно можете да ја истакнете вашата половина во облик на песочен часовник – едноставно ставете тенок ремен во свежа боја.rnrn4-kako-da-izgledate-seksi-i-na-minusni-temperaturi-kafepauza.mkrn

    Додадете рокерски акцент

    rnИмаме само три збора: ракавици без прсти. Нивниот непослушен, разигран изглед ќе му внесе свежина на вашиот стил многу подобро од обичните плетени ракавици.rnrn5-kako-da-izgledate-seksi-i-na-minusni-temperaturi-kafepauza.mk

  • Направете верверичка од обична ракавица

    Направете верверичка од обична ракавица

    Автор: Зорица ТодороваrnrnРакавиците (слично како и чорапите), иако создадени да бидат дел од пар, честопати знаат да завршат сами и неупотребливи. Кога веќе сте загубиле некоја ракавица, размислете повторно пред да ја фрлите другата: од неа може да направите прекрасна играчка која би била совршен новогодишен подарок за некој од вашите најмили најмали. :)rnrn1-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mkrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • 1 кафеава ракавица
    • rn011

    • Памук за полнење
    • rn011

    • 2 чистачи за цевки (едниот исечете го на половина)
    • rn011

    • Конец за везење или волница (кафеав, темно-кафеав, бел, портокалов, црн)
    • rn011

    • 1 дрвено монистро
    • rn011

    • Фломастер или маркер
    • rn011

    • Ножици
    • rn011

    • Игла
    • rn

    rn

    Постапка:

    rnПревртете ја ракавицата од обратната страна, со фломастерот одбележете ги линиите за сечење како на сликата. Секој дел посебно фатете го со игличка, зашијте го по рабовите на одбележаната линија околу 3 мм со кафеав конец.rnrn2-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mkrnrnСега секој од зашиените делови завртете го повторно од другата страна. Трите цевки свијте ги на половина во U облик, притоа двете пократки ставете ги во нозете, а подолгата во опашката. Потоа нозете и опашката наполнете ги со памук, исто така и телото, главата и рацете. Не ги полнете ушите.rnrnСо подебел конец зашијте ги телото, рацете и опашката оставајќи 5 мм простор од отворот за главата. Рабовите на отворот навлечете ги навнатре и сега зашијте го (со тоа го затворате).rnrn3-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mkrnrnЗадниот дел на главата свиткајте го во следниот редослед: лево, десно, долу, горе и зашијте го да се затвори.rnrnОтворените делови на ушите стиснете ги заедно и ставете ги на задниот дел на главата. Зашијте ги.rnrn4-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mkrnrnНа опашката, со двоен убод направете линија од белиот конец. На истиот начин употребете ги и портокаловиот и темно кафеавиот конец, со растојание помеѓу линиите помалку од 1 см.rnrnЗашијте ги главата, рацете и опашката на телото. Употребете црн конец за очите, а дрвеното монистро ќе ви биде нос. За крај, свиткајте ги нозете за да направите стапала. Свиткајте ја и опашката.rnrn5-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mkrnrnВашата верверичка е готова!rnrn6-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mkrnrnA eве какви други животинки може да направите на истиот начин од чорапи и ракавици.rnrn7-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 8-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 9-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 10-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 11-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mk 12-napravete-ververichka-od-obichna-rakavica-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инјектирајте весели бои во плакарот за повесела зима

    Инјектирајте весели бои во плакарот за повесела зима

    Ладните месеци ја црпат целата енергија од нас, а и инспирацијата за носење весели бои. Така, започнуваме да носиме црно од глава до петици, темно сина, кафеава и други темни бои чиј единствен опис е „неутрално“. Ако се пронајдовте во овие зборови, тогаш погледнете како да ги инкорпорирате веселите бои во плакарот, а со тоа да го подобрите и вашето расположение.rn

    1. Носете палто во весела боја

    rnАко постои само едно нешто што треба да го додадете во вашиот плакар тогаш тоа е палто во јака боја. Одберете палто во вашата омилена нијанса кое секогаш можете да го носите врз кое било друго парче.rnrn1-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    2. Искористете го „колор блокинг“ трендот

    rnАко преферирате повеќе бои, тогаш инвестирајте во јакна (или кое било друго парче облека) кое има колор блокинг. Розовата капа одлично ја надополнува розовата линија на нејзиниот капут.rnrn2-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    3. Ризикувајте со смели обувки

    rnОбувките во силна боја дефинитивно ќе ја истакнат вашата комбинација и ќе направат да се издвоите од масата.rnrn3-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    4. Комбинаторика од темни парчиња со чанта во пастелни тонови

    rnАко претходниот совет не ви се допаѓа, тогаш обувките заменете ги со чанта. Ова е фантастична опција за оние кои сакаат да се држат до темните бои во текот на целата зима. Чантите во пастелна боја додаваат доволно боја за комбинацијата да не биде монотона, а не е премногу за да се чувствувате како целофан од бонбонче.rnrn4-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    5. Употребете ги основните бои

    rnДодека пастелните и флуоресцентните тонови треба да се поседуваат, примарните бои се основна инспирација во зимскиот период. Изгледаат одлично покрај неутралните бои и се надополнуваат меѓу себе. Црвена и сина, жолта и зелена, портокалова и виолетова. Одберете комбинација од две бои и така градете ја комбинацијата.rnrn5-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    6. Обоено крзно

    rnИзгледа исто како да носите јакна во силна боја, но освен што ќе направи да блеснете, крзното и ќе ве стопли. Плус, можете да го носите со темни нијанси без да изгледате здодевно.rn6-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    7. Пантолони за силен впечаток

    rnАко крзното и обувките ви се премногу ризични, тогаш одберете пантолони. Со нив ќе оставите силен впечаток. Интересен микс е фушиа со црно или бело и спојот помеѓу кобалт сината и ловечко зелената.rnrn7-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    8. Клучот е во ракавиците

    rnАко навистина сакате да покажете дека владеете со контрастните бои, тогаш носете црно-бела комбинација и додадете ракавици во храбра боја. Таа може да биде црвена, виолетова, жолта или која било богата нијанса. Вака, вашите раце ќе зборуваат сами за себе.rnrn8-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrn

    9. Од глава до пети во силни бои

    rnАко не можете да се справите со комбинацијата од две силни бои тогаш креирајте изглед кој ќе биде целиот во силни бои. Експериментирајте. Зимската облека има тенденција да биде неверојатно здодевна и понекогаш ви е потребна промена. Мешајте материјали и бои и дознајте што вам ви одговара.rnrn9-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кожни ракавици со машнички за елегантен и шик изглед

    Кожни ракавици со машнички за елегантен и шик изглед

    Ракавиците се основен зимски аксесоар. Низ годините, како што модата еволуираше, така добивавме можност да избираме сè покарактеристични и повпечатливи модели кои многу можат да влијаат на впечатокот кој секоја жена го остава додека чекори по градските улици.rnrnКожни ракавици со машнички за елегантен и шик изгледrnrnОмилени за многумина се ракавиците со машнички, па денес ви нудиме селекција од неколку одлични модели кои се модерни и штосни. Машничките даваат елеганција која ја потенцира женственоста, но во зависност од големината, формата и позицијата, можат да изгледаат и многу младешки и шик. rnrnКожни ракавици со машнички за елегантен и шик изгледrnrnИнспирирајте се од моделите во галеријата и побарајте нешто слично во локалните продавници или на интернет, но бидејќи кожните ракавици може да бидат доста скапи, не заборавајте дека сега е ера на „направи сам“ креациите. Ако веќе имате постар модел, со малку интервенции, можете да му дадете нов изглед на стариот пар.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир

    Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир

    Со помош на каков било пар ракавици и спроводлив конец, можете да направите ракавици со кои ќе можете да го користите вашиот мобилен телефон или таблет без да морате да ги соблечете. Постапката е многу едноставна и нема да ви треба ничија помош.rnrnНаправете сами: Зимски ракавици за екран на допирrnrnСè што треба е да сошиете неколку паралелни линии на делот од ракавиците каде што влегуваат прстите кои најмногу ги користите при ракување со уредите. Откако ќе го направите ова пробајте ги и ако не фаќаат добро, зашијте уште конец. Во суштина, сè додека конецот го допира вашиот прст внатре и екранот од надворешната страна, би требало да имате функционални спроводливи ракавици.rnrnНаправете сами: Зимски ракавици за екран на допир Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

    Направете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемпер

    Овој „направи сам“ туторијал е одличен за девојките кои сакаат од нешто старо да направат ново, но притоа не се многу вешти во шиењето. Со ова лесно упатство ќе видите како можете од вашиот износен џемпер да направите 3 нови модни парчиња за студената зима: ракавици без прсти, капче и стегач за околу глава со панделка.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrn

    Потребни ви се:

    rn

      rn011

    • Еден голем џемпер кој повеќе не го носите
    • rn011

    • Машина за шиење или игла и конец
    • rn011

    • Шпенадли
    • rn011

    • Креда или сапунче за обележување
    • rn011

    • Ножици
    • rn011

    • За почеток, превртете го џемперот наопаку.
    • rn

    rn

    1. Ракавици без прсти

    rnЗа да ги направите ракавиците, потребни ви се ракавите од џемперот. Поставете ја раката врз ракавот и исцртајте со кредата околу прстите и палецот, притоа оставајќи доволно простор за порабување. Исечете по линијата. Спојте ги со шпенадлите двете парчиња и потоа зашијте ги. Превртете ја ракавицата и пробајте ја на себе. Доколку е потребно, направете корекции, а ако е добра, превртете ја повторно наопаку и искористете ја како шаблон за да ја нацртате другата ракавица. Повторете ги сите чекори.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrnrnОва е одличен начин да си ги затоплите рацете во студените денови и тие да останат навистина топли додека сте изложени на студ. Ако сакате, можете да додадете копченца или некој друг украсен материјал за да направите уште поуникатен дизајн.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrn

    2. Капче

    rnСигурно имате друго плетено капче дома, па земете го она кое ви е најточно и употребете го како шаблон за по него да го исцртате џемперот. За овој моден додаток ќе го користите долниот широк дел од џемперот. При исцртувањето не заборавајте да оставите и доволно простор за порабување, а потоа исечете и зашијте ги деловите. Свртете го капчето наопаку и готово, веќе можете да го носите.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrn

    Стегач за околу глава со панделка

    rnИсечете долг правоаголен дел од градниот дел на џемперот. Доколку сакате подебел стегач, лентата што ќе ја сечете нека биде околу 12 см широка. Должината треба да биде колку обиколката на вашата глава. Спојте ги двете парчиња и зашијте ги. Со прстите превртете го стегачот и избуткајте го докрај. Зашијте ги внимателно уште кратките страни.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrnrnПотоа, можете да исечете уште едно парче кое ќе го протнете во стегачот за да ставите машничка или цвет. И сега сте готови. Имате 3 нови топли и удобни модни додатоци за оваа зима.rnrnНаправете сами: 3 модни зимски додатоци од еден стар џемперrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ракавици – незаменлив зимски аксесоар

    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар

    Ракавиците се задолжително парче облека во зимските денови и тоа не само затоа што ни ги штитат рацете од ладното, туку тие можат да бидат и фантастичен моден додаток.rnrn

    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Dsquared2
    rnrnОваа сезона кожата е главен тренд, па токму затоа сите големи модни брендови во своите зимски колекции вклучија интересни модели на кожни ракавици, иако некои се одлучија и за малку поинакви материјали. Како на пример Шанел ги претстави своите долги мрежести ракавици без прсти кои изгледаат фантастично доколку сте облечени во елегантен стил.rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Lanvin
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Balenciaga
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Cacharel
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Chanel
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Christian Dior
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Lanvin
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Chanel
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Christian Dior
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Gaultier
    rnrn
    Ракавици – незаменлив зимски аксесоар
    Givenchy

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.