КАФЕ ПАУЗА

Tag: Рајан Гослинг

  • Дали знаете сè за познатите личности? Овие факти може да ве изненадат!

    Дали знаете сè за познатите личности? Овие факти може да ве изненадат!

    За познатите личности секојдневно читаме во весниците, на интернет порталите и на разни други места, но сепак постојат неколку интересни факти кои можеби досега не сте ги знаеле за нив. Кога ќе ги видите можеби помислувате дека се од друга планета, но и тие се луѓе како нас, луѓе кои имаат вистинска љубов, летување со пријателите, секојдневни навики. Ова се 13 интересни факти за нив.rnrn"The Model As Muse: Embodying Fashion" Costume Institute Gala - Arrivalsrnrn1. Оливија Вајлд во еден момент била принцеза. Всушност, симпатичната актерка била во брак со италијанскиот принц Тао Русполија.rnrn2. Бабата на Кара Делавињ била дворска дама на англиската принцеза Маргарет, а познатата актерка Џоан Колинс е нејзина кума.rnrn3. Рајан Гослинг и Сандра Булок, пред 13 години, биле во врска една година. Рајан покасно изјавил дека таа можеби била најдобрата врска што ја имал дотогаш, покрај онаа со Рејчел Мекадамс.rnrn4. Тејлор Свифт напишала роман од 350 страници, но никогаш не го објавила.rnrn5. Џенифер Гарнер не смеела да носи шминка ниту бикини сè додека не наполнила 16 години.rnrn6. Природната боја на коса на Кристен Стујард е руса. За потребите на серијалот „Самрак“ таа ја бојадисала косата во костенлива.rnrn7. Викторија Бекам собира кристали и има обичај да ги поставува низ домот и канцеларијата за да создаде позитивна енергија.rnrn8. Вистинското име на Натали Портман е Натали Хершлаг.rnrn9. Ким Кардашијан го прославила својот 14-ти роденден на имотот „Неверленд“ кој му припаѓаше на Мајкл Џексон.rnrn10. Вера Ванг е тетка на актерката Еми Росум.rnrn11. Гвен Стефани пред да се омажи за Гавин Росдал, имала само една врска и тоа со колегата од бендот „No Doubt“, Тони Канал.rnrn12. Вистинското име на Џенифер Анистон е Џенифер Анатасакис.rnrn13. Ана Винтур својата препознатлива боб фризура ја носи од својата 14-та година. Ако правилно пресметате, ќе сфатите дека истата фризура ја носи скоро 50 години.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Предмети инспирирани од Рајан Гослинг кои можат да се купат

    Предмети инспирирани од Рајан Гослинг кои можат да се купат

    Ако Рајан Гослинг ви се допаѓа до таа мера што сакате да го гледате секаде околу вас, појдете на веб-сајтот Etsy и побарајте ги овие неколку рачно изработени предмети инспирирани од него.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј…

    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј…

    People with Lana Del Rey Lips“ е блог кој го водат бриселскиот уметнички режисер Николас Хикорне и веб-дизајнерот Свен Гроте, на кој можат да се видат ултрасмешни „фотошопирани“ фотографии од познатите личности, на кои им се додадени популарните, истакнати усни на сексапилната пејачка Лана дел Реј. Името на блогот воопшто не разочарува, бидејќи го опишува точно она што очекувате да го видите – холивудските миленичиња и најпосакувани мажи како Рајан Гослинг и Џорџ Клуни, претворени во помалку привлечни мажи со набабрени усни и траен изглед на патка. :)rnrn

    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Рајан Гослинг
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Џорџ Клуни
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Даниел Крег
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Шакира
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Анџелина Џоли
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Џастин Бибер
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Чак Норис
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Стив Џобс
    rnrn
    Кога познатите личности би ги имале усните на Лана Дел Реј...
    Ким Џонг Ил
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)

    Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)

    Еден настан и последиците кои ги чувствуваат повеќе генерацииrnrnФилм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Режија: Дерек СајанфрансrnrnУлоги: Рајан Гослинг, Бредли Купер, Ева Мендес, Емори КоенrnrnВреметраење: 140 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 19 април 2013rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Местото зад боровата шума“ (The Place Beyond the Pines) е драма чии 140 минути се поделени на три различни делови, при што секој од нив ги опфаќа животните патеки на различни ликови, кои се испреплетуваат и си влијаат една на друга. Покажува како настаните кои некогаш се случиле оставаат последици кои се чувствуваат многу подоцна, пренесувајќи се и на идните генерации.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Почнува со сцените во кои каскадерот Лук Глентон (Рајан Гослинг) изведува разни опасни точки со мотор за еден патувачки циркус. Кога тој дознава дека Ромина (Ева Мендес) пред една година му родила син, останува во нејзиниот град со желба да направи сè што може за своето дете. Се вработува кај еден автомеханичар кој откако ќе ги забележи возачките способности на Лук му предлага заедно да ограбуваат банки, сметајќи дека со таков виртуоз на мотор никогаш нема да ги фатат. Размислувајќи што може да направи со тие пари за иднината на својот син, Лук прифаќа. Новиот „бизнис“ оди добро, сè додека по еден грабеж каскадерот не налета на полицаецот Ејвери Крос (Бредли Купер). Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Ејвери Крос е млад полицаец кој сака брзо да напредува во полициската хиерархија. Неговата амбициозност ќе го впушти во бескомпромисно извршување на полициската должност, така што кога ќе стигне до Лук, прави максимум за да го запре. Тоа се моменти кои засекогаш ги менуваат нивните животи и животите на нивните идни поколенија.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Ова е филм кој ги опсервира причините и последиците од настаните во еден подолг временски период, дава добар преглед врз нив и пренесува своја порака. Почетокот не е премногу забавен затоа што е малку бавен и може да не ви е јасно за што се работи во филмот. Тој полека ве воведува во проблематиката, така што треба малку трпение додека се внесете во него. Но, со почетокот на вториот сегмент од приказната добивате јасна слика за она што се случува и веќе оттука целосно ќе уживате во неговата непредвидливост.>Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Целата приказна е добро склопена и одлично изрежирана, дури делува многу реално, како да не се случува на филм. Покрај режисерот, и актерите имаат голема заслуга за тоа. Рајан Гослинг е импресивен во глумењето на мрачниот и енигматичен Лук Глентон, многу потсетувајќи на неговиот лик во „Возење“ (Drive). Подеднакво добар е и Бредли Купер, одлично претставувајќи ги сите дилеми и борби со самиот себе низ кои поминува младиот полицаец. Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Сè на сè, „Местото зад боровата шума“ е извонреден филм. Тој е еден од подобрите што се појавија во последните неколку месеци и вреди да се погледне. Ако сте расположени да посветите повеќе од два часа на не баш лесен, но доста гледлив филм, ова е добар избор.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • И познатите прават смешни гримаси

    И познатите прават смешни гримаси

    Зад совршената маска од насмеано и совршено негувано лице којашто познатите мораат да ја носат секаде со себе, сепак зад неа тие се само луѓе, со човечки емоции, реакции и гримаси. Папараците ги уловиле на дело најсмешните фаци коишто ги направиле познатите пред камерите, кои со сигурност ќе ве расположат.rnrn

    Рајан Гослинг
    Рајан Гослинг
    rnrn
    Меган Фокс
    Меган Фокс
    rnrn
    Ема Стоун
    Ема Стоун
    rnrn
    Џорџ Клуни
    Џорџ Клуни
    rnrn
    Адел
    Адел
    rnrn
    Кети Пери
    Кети Пери
    rnrn
    Никол Кидман
    Никол Кидман
    rnrn
    Аманда Сејфрид
    Аманда Сејфрид
    rnrn
    Бен Афлек
    Бен Афлек
    rnrn
    Блејк Лајвли
    Блејк Лајвли
    rnrn
    Мадона
    Мадона
    rnrn
    Кристен Стјуарт
    Кристен Стјуарт
    rnrn
    Зои Дешанел
    Зои Дешанел
    rnrn
    Кристина Агилера
    Кристина Агилера
    rnrn
    Леа Мишел
    Леа Мишел
    rnrn
    Сандра Булок
    Сандра Булок
    rnrn
    Пинк
    Пинк
    rnrn
    Рејчел МекАдамс
    Рејчел МекАдамс
    rnrn
    Ријана
    Ријана
    rnrn
    Селена Гомез
    Селена Гомез
    rnrn
    Џулија Стајлс
    Џулија Стајлс
    rnrn
    Џејсон Сигел
    Џејсон Сигел
    rnrn
    Џеси Џеј
    Џеси Џеј
    rnrn
    Џенифер Гарнер
    Џенифер Гарнер
    rnrn
    Џим Кери
    Џим Кери
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.)

    Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.)

    Филм за тоа колку љубовта може да биде слатка, но понекогаш и горчлива и за справувањето со длабоките емоции кои притоа го облеваат човечкото срцеrnrnЛуда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Режија: Глен Фикара и Џон РекваrnrnУлоги: Стив Карел, Рајан Гослинг, Џулиен Мур, Ема Стоун, Анали Типтон, Џона БобоrnrnВреметраење: 118 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 јули 2011rnrnЖанр: романтична комедија, драмаrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnМожеби на прв поглед ќе помислите дека „Луда, глупава љубов“ е уште една романтична комедија, со неколку заплети и расплет со среќен крај. Но, овој филм не само што на неколку пати добро ќе ве изнасмее, тој и ќе ве натера да размислите и да ги „разбудите“ вашите најдлабоки љубовни емоции. Интересно е тоа што филмот е многу модерен и ги прикажува видовите на љубовно однесување на современите луѓе (стабилни врски, секс за една вечер, среќни бракови кои завршуваат со развод, афера со колега од работа, дете вљубено во постара девојка…)rnrnСекој од нас си мисли дека вистинската љубов треба да е едноставна, да не боли, туку само да лекува, но да бидеме искрени, тоа е сепак невозможна реалност, нели?! Овој филм ја прикажува токму таа комплексност на љубовните врски, справувањето со љубовните разочарувања, но и задржувањето на љубовните успеси. Овој филм е по малку машки, бидејќи повеќе ја прикажува емотивната состојба на мажите кога тие се чувствуваат немоќни да ја спасат нивната љубовна врска со саканата, што го прави уште поинтересен, бидејќи сме навикнати да гледаме романтични комедии претставени од поженска перспектива. rnrnНајдоброто од сè, е што филмот не е толку лесно предвидлив, па уживањето во „рипањето“ од еден на друг фокус и на крајот совршено склопената целина, е големо.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rn Кратка содржина: На четириесет и кусур години, правичниот Кал Вивер смета дека живее совршен живот. Има добра работа, убава куќа, одлични деца и е женет со неговата љубов од средно училиште. Но кога тој дознава од жена му дека таа го изневерила со заводливиот колега од работа и бара развод, неговиот „совршен“ живот станува пекол. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Плус, тој не бил сингл две декади и не знае ни како да се однесува со други жени. Поминувајќи ја секоја вечер во локалниот бар, осамен, очаен и намуртен, го запознава неодоливиот триесет и нешто годишен Џејкоб, секси маж, кој ќе го учи како да брка женски и да ја врати мажественоста во себе. Со цел да му помогне на Кал да ја преболи жена му, Џејкоб му ги отвора очите кон многу можности: како да заведува згодни девојки, да пие „машки“ алкохолни пијалаци и да оформи сопствен имиџ. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Кал и неговата жена Емили не се единствените кои ја бараат љубовта на погрешно место. Нивниот тринаесетгодишен син Роби е лудо заљубен во неговата седумнаесетгодишна бебиситерка Џесика, која пак е вљубена во татко му, Кал.Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Глума: На смееме да изоставиме да ја споменеме глумата на Рајан Гослинг, кој покажа дека умее совршено да се вклопи во улогата на ладнокрвен криминалец во „Drive“, да биде непоправлив романтичар во „The Notebook“ и да биде нескротлив и дрзок женкар во „Crazy, Stupid, Love,“ кој може да ја освои секоја девојка што ќе посака. Тој очигледно умее да ги одбере вистинските улоги за него. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Веднаш зад него е Стив Карел кому одлично му прилега улогата на маж во години, кој е „изгубен во вселената“ откако жена му го остава за друг. Останатите актери во филмот, како Џулиен Мур, Ема Стоун, Анали Типтон и четиринаесетгодишниот Џона Бобо, одлично си ја донесуваат нивната улога, исто така.Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Кога и како да го гледате: Може да се каже дека овој филм е наменет за секој тип луѓе, во кој било дел од денот и во какво било друштво. Бидејќи тој изобилува со една искреност, емоционална длабочина, ненаметлив хумор кој повеќекратно ќе ве изнасмее до солзи и ја анализира човековата љубовна состојба, прикажана преку различни карактери и во различни ситуации, нема причина зошто да не одвоите два часа и да се релаксирате гледајќи го.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Возење (Drive)

    Возење (Drive)

    Филм за несебичното преземање секаков ризик за да ù се помогне на саканата, за неочекуваните пресврти кои животот најчесто и ни ги носи, за емотивноста, но и за суровостаrnrnrnВозење (Drive)Режија: Николас Виндинг РефнrnrnУлоги: Рајан Гослинг, Кери Мулиган, Алберт БрукrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 мај 2011rnrnЖанр: акција, драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnНе знаеш дали е ангел-серафим или пак лудак, кој во зенитот на лутината може да расчепи човечки череп со кожената чизма. Дали сето ова го прави затоа што мора или пак во некои делови малку повеќе ужива и е предобар? Само што ќе те повлече на едната страна и во главата ќе ти се сврти мислата „Сепак само се обидува да ја спаси девојката“, веднаш те враќа малку наназад. Тоа е тој. Безимениот возач. Човек со малку зборови кој игра единствено по сопствените правила. rnrnВака опишан можеби ви изгледа како уште еден акционен херој во серијата на Стивен Сигал, Арнолд Шварценегери и Силвестер Сталони, но ликот на Рајан Гослинг е далеку потемен и повеќеслоен од кој било од нив. Толку многу е кажано со толку малку текст. А поради комплетната филмска композиција, „Возење“ е далеку поуметнички, попоетичен филм од која било акциона „пуканки и кока-кола“ приказна.rn————————————————————————————————————————————————–rnrn

    rnПриказна: Возачот нема име. Го запознаваме додека е зад воланот во текот на една кражба. Тој им остава на крадците пет минути за да ја завршат својата работа, не носи оружје и не зборува многу. Само така и работи.rnrnНо возачот во текот на денот работи и како филмски каскадер, а и во авто-механичарска работилница. Само пет минути се потребни за да видиме сè што е потребно иако тој кажува едвај една реченица. Целиот негов живот е врзан со автомобилите, а она што останува и не е многу. Но, целата таа негова фасада почнува да се рони откако ја запознава сосетката Ајрин (Кери Мулиган), која е сама со нејзиниот син додека сопругот ù е во затвор. Иако меѓу нив не гледаме никакви љубовни сцени, ниту пак некакви допири, толку добро е портретирано суптилното градење на еден нежен, чист однос. Но ова не е среќна приказна и треба само да видите зошто.Додека минуваат минутите во „Возење“, речиси во секој момент имате барем по едно мало неодговорено прашање кое ве „копка“, па од пасивен, се трасформирате во љубопитен гледач и чекате одговор на некое „зошто“ и „како“.rnrnРајан Гослинг својот лик го гради и зацврстува меѓу вербалните паузи, а верувајте дека ги има многу. И иако во периодов е пред сè познат како момчето по кое тинејџерките лудуваат или едноставно кажано „poster boy“, Рајан почнува паметно да гради и сериозен актерски багаж, кој со сигурност ќе го одвои од трупата холивудски глумци кои самите себеси се заглавуваат во еден актерски калап и постојано одбираат ист тип улоги. Веднаш до него во „Возење“ е Кери Мулиган. Со оглед дека Гослинг го крева нивото во филмот, оваа млада актерка е веднаш до него и според емоцијата и според точните реакции.Возење (Drive)Кинематографија и музика: Данскиот режисер Николас Виндинг Рефн работи на холивудска продукција, но во повеќето аспекти не прави некои особени уметнички компромиси. Светлото на моменти го употребува како да се работи за театарска претстава, а тоа во практика функционира совршено. Музиката е толку забележливо присутна, но толку не пречи, туку само убаво го акцентира и засилува моментот, особено главната песна, Under your spellна Desire.Возење (Drive)Кога и како да го гледате: Мора да напоменеме дека на моменти во филмот има и исклучително насилни сцени така што одлучете дали имате доволно нерви да го погледнете. Сепак, ова е филм кој оди од плус во минус, од убивање до најнежната сцена на целиот свет. Секако подобро е ноќно време и гледајте го сами. Ако го даваат во некое кино, големото платно е одличен избор.Возење (Drive) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбукrn

    653A33