Како што се приближува пролетта, градините се полни со цвеќиња, а лалињата меѓу првите нè воодушевуваат со своите цветови и прекрасни ливчиња кои доаѓаат во цела низа привлечни бои, но и во разни форми. Освен нивната убавина, тие се омилена декорација во вазна. Вазна со лалиња веднаш ќе го подигне и осветли целиот простор и, се разбира, ќе ја донесе пролетта во домот. Покрај тоа, лалињата се исто така многу фотогенични, па не е изненадувачки што социјалните мрежи се преплавени со фотографии од овој обожаван цвет кој најавува почеток на пролетта.rnrn
rnrnСо своите богати цветања, лалињата, чие име произлегува од турското име tülbent засновано на персискиот збор турбан, разубавуваат бројни градини и ги претвораат во идилични цветни оази.rnrnЛалињата изгледаат најубаво во живо, но добро направената фотографија може да ја прикаже нивната уникатност и убавина. Подолу погледнете неколку градини каде љубителите на лалињата би се чувствувале како во рајот, а ние веруваме дека сите ќе уживаат во нив бидејќи е докажано дека цвеќето ги охрабрува луѓето да се чувствуваат среќни и задоволни од животот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 15 спектакуларни фотографии ќе ве однесат на патување низ целиот свет.
Tag: рај
-

Градини каде љубителите на лалињата би се чувствувале како во рајот
-

Природен резерват среде океан: Овој остров е вистински мал рај на Земјата!
Единствено по својата убавина, нереалната природа, но и специфична карпа која привлекува многу љубители на скокањето од карпи, островот Вила Франка до Кампо е еден од најубавите острови што нудат ваква можност. Изгледа како мал рај на Земјата.rnrn
rnrnОткако овде првпат било одржано светското првенство во скокање од карпи, многубројни туристи сакаат да скокнат во вода од 20-тина метри високата карпа. Островот Вила Франка до Кампо е вистински мал рај на Земјата за љубителите на летните морски активности. Се наоѓа преку патот на истоимениот град, односно отприлика на 1 километар од брегот на најголемиот остров Азора – Сао Мигел.rnrnОвој вулкански остров е стар околу 4.000 години и претставува најголема туристичка атракција во Сао Мигел. Внатрешноста на островот сокрива речиси совршено кружно природно езеро (кратер на потопен вулкан) кој е поврзан со Атлантскиот океан преку тесен премин.rnrnБлагодарение на богатата флора и фауна која го опкружува островот е класифициран како природен резерват. Таму можете да видите голем број на различни видови птици, а поради богатиот подводен свет сите ги привлекува и сите оние коишто сакаат да нуркаат.rnrnОд јуни до септември од градот Вила Франка до Кампо се организираат редовни бродски тури околу островот, а картата чини неполни 10 евра. Погледнете ги следниве фотографии од ова неверојатно место и уживајте!rnrnrnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnДознајте и кој е најубавиот остров во светот.
-

Сѐ што некогаш сте сакале да знаете за ангелите
Луѓето уште од дамнешни времиња биле фасцинирани од ангелите. Тие се појавуваат во митолошки, религиски и други документи од различни култури и секогаш се опишани со крилја. Исто така и до ден денешен, многу луѓе им се молат на ангелите. Во продолжение прочитајте за некои нови гледишта на оваа тема кои би можеле да ви разјаснат неколку дилеми.rnrn
rnШто се ангелите?
rnАнгелите се суптилни суштества од пониските редови кои постојат уште од создавањето на светот. Тие се гласници на Божествата кои живеат во пониските делови од Рајот. Како што луѓето комуницираат преку јазикот на звукот, така Божествата комуницираат преку јазикот на светлината. Задачата на ангелите е да ја пренесат пораката од Божествата до достојните суштества на разбирлив јазик за нив, а тоа го прават преку ставање мисли во нивниот мозок. За достојни суштества се сметаат луѓето на Земјата и суптилните тела во Чистилиштето кои имаат духовна пракса или се заслужни за водење правичен и несебичен живот. Пораките кои ги пренесуваат ангелите се однесуваат на световни ситуации.rn
Видови ангели
rnПостојат околу 30 видови ангели, а секој вид работи на различна фреквенција. На тој начин се овозможува пренос на пораките до различни карактери на луѓе, зависно од тоа која фреквенција најдобро одговара на конкретниот карактер. Поради тоа постојат повеќе видови ангели.rn
Духовното ниво на ангелите
rnДуховното ниво на ангелите се движи помеѓу 29% и 34%. За одредување на духовното ниво, се користи скалата од 1 до 100, при што 1% одговара на духовното ниво на неживите предмети, додека 100% се однесува на духовното ниво на личностите кои достигнале себеспознание т.е. се соединиле со Бог. Повеќето луѓе денес, во ерата на Раздорот, имаат духовно ниво од 20%. Доколку во денешно време имаме духовна пракса при што шириме духовност, минималното потребно ниво за влез во рајот после смртта е 50%. Доколку практикуваме духовна пракса само за свој личен напредок, минималното потребно духовно ниво е 60%.rnПокрај своето ниско духовно ниво, според Господовата структура, ангелите се наоѓаат во ниските делови од Рајот. На пример, Керубините имаат духовно ниво од 29%. Серафимите имаат духовно ниво од 31%. Архангелите имаат духовно ниво од 32%. Па така како што на Земјата заедно со луѓето живеат животните и растенијата, така во Рајот заедно со Божествата живеат ангелите.rn
Дали ангелите имаат крилја?
rnВообичаено ангелите се прикажуваат со крилја, но едно неодамнешно истражување засновано на духовното знаење ни открива дека само 30% од ангелите имаат крилја. Тие 30% припаѓаат на најнискиот ред ангели и нивната комуникација со луѓето се сведува на исполнување скромни световни желби.rn
Постојат ли ангели чувари?
rnМногу луѓе веруваат во ангели чувари. Но, понекогаш се случува починатите предци да комуницираат со членови од семејството за да влијаат на одредени случувања од нивните животи, па така можат и да бидат погрешно разбрани како ангели чувари.rn
Можеме ли да ги видиме?
rnАнгелите се суптилни суштества и не можеме да ги видиме со голо око. Можат да се почувствуваат само со помош на развиено шесто сетило. Како што и претходно споменавме, ангелите комуницираат со луѓето така што ги хранат со мисли.
-

Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен пар
Овој остров кој плута е најдоброто место за живеење на планетата доколку сакате да избегате од цивилизацијата. Вејн Адамс, 66, и Кетрин Кинг, 59, почнале да го градат ова место во 1992 година и оттогаш постојано го надградуваат.rnrn
rnrnНивниот дом, кои тие соодветно го именувале „Залив на слободата“, се состои од 12 платформи кои лебдат над водата. Тие содржат танцов подиум, уметничка галерија, гостински светилник, студио и 5 стакларници. Целиот објект се протега на површина од 2.000 метри квадратни. Овој пар за време на летото се снабдува со вода од блискиот водопад, додека пак, преку зима собираат од дождовите. Објектот добивал струја од 14 соларни панели, но неодамна се префрлиле на генератор откако тие се расипале. Погледнете како изгледа нивниот живот на следниве неколку фотографии…rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Фотографии поради кои ќе посакате да отидете до Куба
Куба е една од последните земји која успева да одолее на комерцијализацијата на сè и сешто и ги живее веројатно последните денови надвор од консумеристичките општествени текови. Земјата е прекрасна таква каква што е и затоа привлекува многу посетители. Овие фотографии ќе направат и вие да посакате да ја посетите, по можност пред да се отвори целосно и да стане иста како другите карипски земји.rnrn
rnrn -

Белиот храм во Тајланд кој изгледа како да дошол од рајот
Верувале или не, станува збор за вистинско место. „Wat Rong Khun“ или подобро познат како Белиот храм, е будистички храм во Тајланд кој изгледа како богови да го ставиле на Земјата. И покрај тоа што инспирацијата за оваа градба била духовна, архитектот кој се крие зад неа е човек. Артистот Chalermchai Kositpipat го дизајнирал овој храм во 1997 година. Тој за малку ќе бил уништен од огромен земјотрес во мај оваа година, но Коситпипат со голема интернационална поддршка успеал повторно да го изгради.rnrn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Прошетка по скалите кои водат кон рајот
Луѓето преферираат овие скали да ги нарекуваат „Скали кон рајот“ (Stairways to Heaven), но официјалното име им е Хаику. Тоа се 4.000 челични скалила кои водат на прошетка околу долината Хаику на Хаваите. Биле изградени за да ѝ служат на американската армија, па затоа денес е забрането да се користат за прошетка. Сепак, постојат две причини поради кои луѓето честопати се осмелуваат да ги прекршат правилата: прво, забрането е; и второ, нуди спектакуларен поглед над долината и океанскиот брег.rnrn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Монголија – заборавен и изолиран рај
Монголија е деветнаесетта најголема држава во светот, а населена е со само 2,7 милиони жители. Ако се знае дека преку еден милион од нив живеат во главниот град Улан Батор, јасно е дека најголемиот дел од земјата е празен.rnrnТаа празнотија е прекрасна. Може да ве натера да гледате во неа без да ви даде можност да се насочите кон нешто друго.rnrn

rnrnМонголските пејзажи изгледаат како таму никогаш да не живееле луѓе. Тоа веројатно е така затоа што оној мал број луѓе кои се движат по овие прекрасни предели кон нив се однесуваат со почитта која ја заслужуваат. Тоа воглавно се номади – будисти кои живеат во хармонија со природата, а таа им возвраќа на ваков начин…rnrn

rnrn -

Малдиви – стотици острови отцепени од рајот
Малдивските острови се далеку од градскиот живот, а блиску до природата. Тие се тропски рај, во кој имате чувство како да сонувате убав сон. Малдивите се познати по своите природни убавини – син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Освен богатството кое го овозможила природата, на Малдивите има толку луксузни хотели, што ако еднаш ги посетите, нема да сакате никогаш да си заминете оттаму.rnrn
rnrnПриродните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.rnrn
rnrnЕден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.rnrn
rnrnОстровите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи. Секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, како и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.rnrn
rnrnХотелите нудат разни екскурзии и активности: возење со подморница и со хидроавион, риболов, лов на птиците сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најновото луксузно изненадување на Малдивите
„Dusit Thani“ е последното во низата феноменални луксузни одморалишта кои се наоѓаат на Малдивите. Распослано на брегот со бели песочни плажи на островот Mudhdhoo и опколено со богат морски гребен и тиркизна лагуна, ова одморалиште го промовира тајландското гостопримство.
Составен дел од него се 100 луксузни вили и резиденции опремени со најнова технологија и луксузен мебел. Цената за изнајмување соба започнува од 563 американски долари, но вреди за услугата која се добива.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.






























































