КАФЕ ПАУЗА

Tag: работодавец

  • 3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

    3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

    Интервјуата за работа се настан при кој што оној кој вработува сам себе се поставува во позиција да бара да биде импресиониран од кандидатот. Ако потенцијалниот работник биде доволно умешен и изигра како што обично очекува потенцијалниот работодавец, овој вториот ќе предвиди дека тој е вистинскиот работник за неговата компанија и ќе го прими пред оние кои не успеале да импресионираат или излажат во тие неколку минути. При тоа, работодавецот предвидува исклучиво според одговорите дадени на прашањата за кои смета дека се оние кои за неколку мигови ќе му дадат слика за тоа што може да очекува од кандидатот во следните неколку години.rnrnЛиз Рајан, менаџер за човечки ресурси и автор за магазинот Форбс, смета дека прашањата кои најчесто се поставуваат на интервјуата за работа се глупави и дека нормален човек никогаш не би ги дал одговорите кои работодавците сакаат да ги чујат за да бидат воодушевени. Еве како според неа би изгледало едно интервју за работа помеѓу работодавач кој поставува глупави прашања и кандидат кој дава искрени и остроумни одговори.rnrn3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работаrnrnПрашање: Покрај сите други талентирани кандидати, зошто би требало да ве вработиме токму вас?rnrnСтандарден глупав одговор: Затоа што сум паметен, многу вреден работник и им помагам на оние на кои им треба помош.rnrnНестандарден човечки одговор: Одлично прашање! Тоа всушност е целта на ова интервју, да сфатите зошто треба да ме вработите токму мене. Јас не сум разговарал со другите кандидати со кои што вие сте разговарале или ќе разговарате, а како врв на сè вие сте експертот во ова поле и културата на компанијата. Да бидам искрен, не знам зошто треба мене да ме вработите. Би било неодговорно од моја страна да дадам нелогичен одговор на ова прашање. Но, ако работиме заедно во иднина, сигурно ќе сфатите зошто требало баш мене да ме изберете пред другите кандидати.rnrn3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работаrnrnПрашање: Која е вашата најголема слабост?rnrnСтандарден глупав одговор: Перфекционист сум, понекогаш и премногу самокритичен и воркохолик.rnrnНестандарден човечки одговор: Порано сметав дека имам слабости, во смисла дека постојат нешта кои не ги правам многу добро и би требало да се подобрам во врска со нив. Со текот на времето сфатив дека треба да се фокусирам на работите кои умеам да ги правам добро затоа што нема смисла да се подобрувам за еден или два проценти за работи кои не ме интересираат. Затоа не се занимавам со одредени работи, како на пример (нешто што не ве интересира), туку повеќе се фокусирам на она што сакам да го правам, како на пример (нешто што ве интересира). Сметам дека тоа е многу подобар начин да се потроши енергијата.rnrn3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работаrnrnПрашање: Каде се гледате себеси после пет години?rnrnСтандарден глупав одговор: Ако имам среќа, ќе работам овде на некоја повисока позиција.rnrnНестандарден човечки одговор: Животот се живее многу брзо и е многу неизвесен. Не правам долгорочни планови затоа што тоа ми ги ограничува новите можности кои излегуваат во меѓувреме. (Нешто што ви е страст и е поврзано со работното место) ми е страст и сигурно ќе работам нешто што ми е страст и после пет години, ако сум сè уште жив. А вие?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работа

    Бидејќи конкуренцијата за вработување е поголема од кога било, многу е важен впечатокот кој ќе го оставите кај потенцијалниот работодавец. Резимеата и интервјуата се само дел од можностите кои кандидатите за работа можат да ги употребат во своја корист. И покрај тоа што не ви гарантираме дека ќе ја добиете работата која ја посакувате, овие 10 клучни зборови со сигурност можат многу да ви помогнат доколку правилно ги употребите во вашето резиме или пак на интервјуто за работа.Клучни зборови во вашето резиме кои ќе ви помогнат да најдете работаУпорност – Потенцијалните кандидати за работа би требало да нагласат дека упорноста им е една од најдобрите карактеристики. Најмувањето интелигентни личности е добра бизнис-практика, но интелигенција без упорност и доследност ретко води кон долготраен успех. Упорните вработени не се откажуваат така лесно и со време продуцираат подобри резултати.rnrnПризнание – Многу е важно во резимето да ги нагласите претходните достигнувања за кои имате добиено признанија. Запишете ги сите специјални награди од работа или од професионалните асоцијации во кои сте членувале. Работодавците сакаат да вработат некој кој претходно бил сметан за „ѕвезда.“rnrnРезултати – На крајот, работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе ја завршат работата како што треба и поради тоа многу е важно да се употреби зборот „резултати“ во секое интервју. За да ја добиете работата, мора да го убедите оној кој го одржува интервјуто дека со сигурност ќе завршите на време сè што се очекува од вас. За да ја поддржите ваквата изјава, бидете подготвени да покажете дека ги имате потребните способности и карактеристики врз база на вашето досегашно искуство.rnrnВлијание – За време на интервјуто, работодавците сакаат да слушнат каков вид позитивно влијание би можеле вие да имате во нивната компанија. Тие се заинтересирани за вредноста која може потенцијалниот кандидат да ја донесе во организацијата и начините на кои позитивно ќе влијае, посебно помеѓу вработените.rnrnКомпетентност – Овој збор е клучен, но малкумина од потенцијалните кандидати го употребуваат. Секој работодавец сака да слушне дека новиот вработен ќе може да ги исполнува задачите согласно работното место кое ќе му биде доделено.rnrnДиректност – Комуникацијата е критична за успешен бизнис и поради тоа работодавците сакаат да слушнат колку директни можат да бидат нивните потенцијални вработени. Во денешно време комуникацијата на работа е „бојно поле“ од емоции, правни работи и технологии. Способноста да се помине преку сите овие работи и при тоа да се завршат добро обврските е нешто што секој работодавец го посакува од своите вработени.rnrnСпособност за учење – Работодавците сакаат да се сигурни дека нивните вработени нема да ги прават истите грешки од минатото. Сите ние имаме неуспеси позади нас, но важно е да ги сфатиме како лекција и да не ги повториме во иднина.rnrnПосветеност – Повеќе од кога било, работодавците бараат од своите вработени да бидат посветени на нивната работа и на компанијата. Поради тоа многу е добро да ја нагласите таа ваша намера во интервјуто за работата. Размислете добро на што сте посветени и како таа посветеност ќе ù помогне на компанијата – тој одговор со сигурност ќе ви ги зголеми поените за работното место кое го посакувате.rnrnФлексибилност – Во денешната работна околина, каде што сè се одвива премногу брзо, многу е важно да ја нагласите својата флексибилност. Работната околина константно се менува и воопшто не е важно со какви способности ќе влезете во компанијата, туку потребно е да можете лесно да се адаптирате.rnrnРешенија – Работодавците сакаат да знаат дека нивните нови вработени ќе можат да бидат способни да ги решат сите проблеми на кои ќе налетаат. Тие честопати се привлечени од личности кои „зборуваат“ со јазикот на решавањето проблеми.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните места

    5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните места

    Ова истражување го има направено „Центарот за менаџерска и организациска ефективност“ кој соработува со секаков тип организации од светот, кои вршат консултантски услуги, истражувања или нудат решенија за разни проблеми. Нивната цел е реално да се прикажуваат проблемите, за да им се овозможи на компаниите да си ги увидат грешките и да ја подобрат својата стратегија на разни полиња. Погледнете ги добиените резултати од истражувањето за причините поради кои компаниите ги губат своите најталентирани работници.rnrn5 причини зошто талентираните работници ги напуштаат работните местаrn

    1. Неподнослив шеф

    rnНајголем дел од вработените го напуштаат своето работно место, бидејќи нивниот шеф е неподнослив. Никој не сака да работи со агресивен, арогантен и нечовечен шеф. Нив ги има многу, а поради начинот на кој се однесуваат, никој не сака да работи за нив. Некои остануваат бидејќи немаат избор. Дури 31% од испитаниците одговориле дека нивниот шеф не им одговара на барањата (ги игнорира) повеќе од 1 година.rn

    2. Недостаток на овластувања

    rnДури 31% од вработените велат дека би сакале да имаат поголема одговорност на работните места. Луѓето не сакаат да дојдат на работа, да седат 8 работни часа и да не мрднат „подалеку“ од редовните работни задачи. Тие сакаат да влијаат, да бараат решенија, да развиваат стратегии и да носат одлуки.rn

    3. Внатрешна политика

    rnСамо 35% од испитаниците одговориле позитивно на прашањето за тоа дали нивните компании се добри или ефективни во унапредувањето на вработените. Во војната за придобивање талентирани работници, никој не сака да се впушти во работен однос каде што не гледа иднина за искачување кон врвот. Прикажувајќи квалитетно резиме, секој очекува дека патот кон врвот треба да му биде полесен. Во спротивно, тоа работно место не е предизвик за талентираниот работник.rn

    4. Признание и пофалби

    rnСекој за себе мисли дека работи премногу, но не е доволно платен за тоа. Можеби покачување или бонус не доаѓа предвид, но една пофалба од типот: „Добро завршена работа“ во комбинација со тапкање по раме или бесплатен ручек, и тоа како можат да придонесат кон дополнителна мотивација и понатамошна посветеност на работата. Според податоците од истражувањето, 43% од вработените на средни менаџерски позиции чувствуваат дека ја вршат целата работа, а не добиваат признание за тоа.rn

    5. Компанијата тоне надолу

    rnНикој не сака да биде последниот патник на брод кој тоне. Вработените можат да ја почувствуваат напнатоста и паниката кај работодавците кога нешто не е оди како што треба. Кога еден од нив нема да издржи и ќе си замине, сите ќе тргнат по него. Само оние кои влечат добар дел од финансиските средства на компанијата остануваат до самиот крај. Дури 23% од испитаниците одговориле дека во ваква ситуација, паралелно бараат друга работа.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Историјата и традицијата на кафе паузата

    Историјата и традицијата на кафе паузата

    Не се потребни никакви истражувања за да дознаеме колку корисна може да биде кратката кафе пауза за работниците, но и општо за целиот бизнис. Добрите работодавци отсекогаш знаеле дека паузата за време на работните часови, делува врз продуктивноста на работниците. Сепак, никој не е точно сигурен кога првпат во историјата паузата на работниците станала поврзана со кафето. Историјата и традицијата на кафе паузатаЕдна приказна вели дека токму пронајдокот на првата еспресо-машина е почетокот на оваа секојдневна традиција. Имено, тоа се случило во 1901 година, кога италијанскиот сопственик на една фабрика, Луиџи Безера, барал начин како да им ја намали паузата на неговите работници. Му текнало дека доколку најде начин како побрзо да прави кафе, неговите работници побрзо би го испиле и веднаш би се вратиле на своите работни позиции. Така му дошла идејата да употребува пареа под притисок за побрзо да направи свежо кафе со топла вода. Неговата идеја давала дури и подобри резултати одошто очекувал, а токму овој момент вовел еден нов начин на правење кафе низ светот.Историјата и традицијата на кафе паузатаСкоро во истиот период фабриката „Barcolo Manufacturing“ од Бафало, Њујорк официјално ја направила кафе паузата дел од бенефициите кои вработените можеле да ги уживаат за време на работните часови. Според приказните од неколку стари весници, во 1902 година вработените преговарале за кратки паузи наутро и напладне, а еден од нив доброволно се пријавувал да го грее кафето на плотна загревана од керозин. Сепак, кој точно ја направил првата официјална кафе пауза сè уште е збунувачка приказна. Една друга компанија од Бафало, прикажува запис од 1901 година, според кој се гледа дека било одлучено да им се дава бесплатно кафе на вработените.Историјата и традицијата на кафе паузатаНо дури во 1964 година, кафе паузата стана национален проблем во САД. Според магазинот „Time“, во јуни 1964 година, обединетите автомобилски работници започнале преговори со големата тројка (General Motors, Ford и Chrysler) за 15-минутно исклучување на машините за да можат да уживаат во кафе паузата. Иако во тие преговори биле вклучени и други работи како здравствено осигурување, покачување на платите и бенефиции за пензионерите, сепак проблемот со кафе паузата за малку не довел до штрајк и затворање на погоните.Историјата и традицијата на кафе паузатаДенеска во скоро секој договор за вработување пишува дека во работна смена од 8 часа, работникот може да направи барем една пауза. Исто така, голем број работодавци се одлучуваат да нудат бесплатно кафе за своите вработени, бидејќи за мал трошок може да извлечат многу поголема корист. Според професорот Кери Купер од универзитетот во Ланчестер, кога вработените бараат на работното место да им се обезбеди бесплатно кафе, всушност му викаат на својот работодавец „Цени ме“.rnrnКакво е вашето искуство? Ја добивате ли својата заслужена кафе пауза на работното место? Кој плаќа за вашето кафе?rn———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 знаци дека треба да најдете друга работа

    4 знаци дека треба да најдете друга работа

    Без разлика дали сте моментално вработени, барате работа или утре одите на интервју за работа, прочитајте на што треба да внимавате кога сте во работното опкружување.rn

    1. Ви поставуваат чудни прашања

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnВнимавајте на прашањата кои имаат за цел да откријат интимни делови од вашиот живот. Која е вашата сексуална определба, кое ви е омилено кафуле, дали некогаш сте се сликале за фотосесија во списание и сл. се прашања кои не треба да се очекуваат од идниот работодавец (освен ако прашањата се директно поврзани со местото за работа за кое аплицирате). Дури и прашањата да не ви се чинат лични, верувајте дека тие се премногу интимни за да ви ги поставува работодавецот за време на интервјуто за работа или после некое време од работењето во неговата компанија.rn

    Еден вработен бил викнат во канцеларијата на неговиот работодавец каде бил прашан: „Дали се навредуваш кога некој упатува пцости спрема тебе?“ Вработениот одговорил: „Не, понекогаш и јас пцујам. Не е тоа ништо“. Потоа, кога разговорот продолжил, вработениот сфатил дека секоја реченица на работодавецот била со пцости. Ги употребувал дури и во деловната комуникација преку е-mail. Вработениот се почувствувал навреден и дал отказ.

    rn

    2. Никој не изгледа среќно во компанијата

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnКога одите на разговор за работа, погледнете ги луѓето кои работат во компанијата. Ако се насмеани, среќни, позитивни и весели, тоа е добар знак. Тоа значи дека ја сакаат работата која ја работат и дека условите во кои работат се одлични. Но, ако човекот кој ќе ве пречека на рецепција не ви се насмевне, тоа е знак дека во компанијата работите не се баш како што треба. Едноставно, набљудувајте го однесувањето на оној кој ве интервјуира. Ако тој му „зборува на носот“, постојано проверува електронска пошта, одговара на телефонските повици кои ги добива во текот на разговорот, тоа е знак дека тој нема доволно почит спрема вас и вашата работна позиција за која аплицирате.rn

    3. Вашата работна позиција нема звање

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗа време на интервјуто за работа, оној кој ве интервјуира размислува едно, а вие друго. Вас ви е важно да ве примат на работа, а на другиот му е важно да пополни место во компанијата. За време на интервјуто, покажете интерес и прашувајте прашања за тоа што точно е вашата работа и кое е звањето кое ќе го имате. Ако на почеток не го знаете вашето звање, потоа е потешко истото да го добиете. Дајте му до знаење на работодавецот дека вам ви значи која позиција ќе ја имате во неговата компанија.rn

    4. Верувајте му на внатрешното чувство

    rn4 знаци дека треба да најдете друга работаrnrnЗборуваме за интуиција – чувството кое ви кажува што да направите. Понекогаш, дури и сè да ви изгледа убаво и совршено, внатрешниот глас е посилен и не треба да се занемарува. Послушајте се самите себе кога нешто „не ви штима“. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, тоа веројатно е така. Затоа, верувајте во самите себе.