КАФЕ ПАУЗА

Tag: психа

  • „Зарем не сум му доволна?“ – Зошто мажите имаат потреба од друга?

    „Зарем не сум му доволна?“ – Зошто мажите имаат потреба од друга?

    Да ја оставиме настрана приказната дека човечката раса не е предодредена за моногамија и дека флертот не е изневерување. Во реалноста често наоѓаме докази за мажи кои изневеруваат. Притоа не мислиме само на интимниот однос како единствен начин на којшто мажите може да нè изневерат. Што е со сите флертувања, допишувања, размислувања, евентуални излегувања, фразата „таа ми е само другарка“?rnrn1-zar-ne-sum-mu-dovolna-zoshto-mazhite-imaat-potreba-od-druga-www.kafepauza.mk_rnrnМожеби звучи смешно кога ќе ви кажеме дека физичкото изневерување е најмалку болно. Можеби вашиот партнер успева да ви биде физички верен, но психички да ве изневерува со месеци или пак со години. Како да го спречите психичкото изневерување? За жал, тоа не е можно, бидејќи не постои начин да контролираме нечии мисли и желби. Дали треба да ја прекинеме врската, ако започнеме да фантазираме за друга личност? Одговорот најверојатно би бил ДА, но реалната ситуација покажува други опции.rnrnВрската понекогаш опстанува, иако партнерот со месеци води паралелна врска во реалноста и во мислите. Сака една личност, друга го привлекува, со трета одлично комуницира! Прашањето е: „Дали може да пронајдеме една личност за сè и да се заштитиме од изневерувањето?“rnrnИма ли љубовта рок на траење? После неколку години не е чудно, еден од партнерите да посака нешто поразлично бидејќи навиката го направила своето. Конкретно овде станува збор за момците, бидејќи тие по природа повеќе изневеруваат и потешко се врзуваат. Како изгледа таа идеална жена кон која засекогаш ќе бидат верни? Одговорот најверојатно го немаат ниту тие самите, но факт е дека само ретките од нив може да се пофалат дека пронашле жена за цел живот и дека останатите не ги интересираат.rnrn2-zar-ne-sum-mu-dovolna-zoshto-mazhite-imaat-potreba-od-druga-www.kafepauza.mk_rnrnКлучот најверојатно се наоѓа во психата.rnrn„Животот е премногу краток и доколку ја пронајдеш личноста која ти одговара во 70% од работите, ќе се обидеш да ја зачуваш и да ја сакаш секој ден сè повеќе“ – ова е одговорот на едно слатко момче кое планирало да ја запроси својата девојка. Искушенијата постојат за да провоцираат и да се обидат да ни ги заматат мислите и умот, но само одредени личности, т.е. мажите кои знаат што сакаат и мислат на својата партнерка, ќе научат како да одолеат на тоа.rnrnНека не ве залажуваат приказните, бидејќи вистинскиот маж кој навистина ја сака својата поубава половина, не изневерува и нема потреба за друга без разлика каква е неговата природа. Доколку знае дека таа е вредна за неговата љубов, ќе ги чува сета своја љубов, страст и желба само за неа.

  • Како пеењето влијае врз човековото тело и психа?

    Како пеењето влијае врз човековото тело и психа?

    Се чини дека постои одредена магија кога станува збор за влијанието на музиката врз човековото тело и умствените способности. Без разлика дали си ја потпевнувате омилената песна додека возите во автомобилот или пак сте дел од професионален музички хор, пеењето инспирира и буди неверојатни чувства. Всушност, некои луѓе дури ја надминуваат и депресијата благодарејќи токму на музиката и пеењето. Следствено на ова, еве ги најзначителните придобивки од музиката за човековото тело и психа воопшто.rnrnapartment_bond_194(1).jpgrn

    Физички придобивки:

    rn

      rn011

    • Ја подобрува функцијата на белите дробови, меѓуребрените мускули и дијафрагмата.
    • rn011

    • Позитивно влијае врз спиењето и сонот.
    • rn011

    • Ја подобрува работата на срцето и го олеснува дишењето.
    • rn011

    • Ја опушта тензијата на мускулите.
    • rn011

    • Придонесува за правилно држење на телото.
    • rn011

    • Ги отвора синусите и респираторните патишта.
    • rn011

    • Може да го намали `рчењето со текот на времето.
    • rn011

    • Овозможува лачење на ендорфин.
    • rn011

    • Го зајакнува имуниот систем.
    • rn011

    • Го враќа физичкиот баланс на луѓето со Паркинсонова болест.
    • rn

    rn(1) kako-peenjeto-vlijae-vrz-chovekovoto-telo-i-psiha-kafepauza.mkrn

    Емотивни придобивки:

    rn

      rn011

    • Ја зголемува самодовербата.
    • rn011

    • Ги поттикнува пријатните и убави чувства.
    • rn011

    • Ја зголемува концентрацијата.
    • rn011

    • Го подобрува расположението.
    • rn011

    • Ја намалува лутината, стравот и вознемиреноста.
    • rn011

    • Ја стимулира креативноста.
    • rn011

    • Влева позитивна енергија.
    • rn011

    • Ја ублажува осаменоста.
    • rn011

    • Ве прави подруштвени и поприфатливи за околината.
    • rn011

    • Едноставно прави да зрачите однатре.
    • rn

    rn(2) kako-peenjeto-vlijae-vrz-chovekovoto-telo-i-psiha-kafepauza.mkrnrnПеењето е пред сè забавно! А, во животот значи кога добро се забавувате и убаво го поминувате слободното време. Кога се чувствувате убаво, умот работи подобро, емоциите се позитивни, комуникацијата со другите луѓе е полесна, телото е повитално… Со еден збор, сите нешта стануваат подобри. Па, не за џабе се вели дека музиката е лек за сè!

  • Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

    Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

    Живееме во време на социјални медиуми каде без проблем собираме бројни пријатели. Но, зачудувачка е поврзаноста на бројот на Фејсбук пријатели и осаменоста во реалниот живот.rnrnЧовековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?rnrnСоциолошките истражувања покажуваат дека повеќето луѓе не можат интимно да познаваат повеќе од 150 личности, додека бројот на Фејсбук пријатели кај најголемиот дел од корисниците е многу, многу поголем. Зошто толку е важен бројот на пријателства? Да се осврнеме кон модерниот свет каде личноста се оценува според личните достигнувања, богатството, имиџот кој го промовира и начинот на кој ги троши парите. Токму поради ова многумина ги губат социјалните и семејните врски, стремејќи се кон идеалот на себепромовирање и системот на модерно вреднување. Така што воопшто не е изненадувачки фактот што сè повеќе луѓе се чувствуваат осамено и што осаменоста прерасна во најчест елемент на модерниот свет.rnrnЕдна од причините за нашата осаменост е феноменот на социјалните мрежи. Во свет каде времето е пари, сите ние сме под огромен притисок да постигнеме што е можно повеќе па поради ваквата претерана амбициозност, нашиот друштвен живот е изложен на голем предизвик. Токму тогаш на помош ни доаѓа модерната технологија која навидум е навистина примамлива – ни нуди неверојатно лесен начин на склопување пријателства и одржување на истите, како и пронаоѓање на виртуелна романса.rnrnТокму во денешно време кога лесно собираме пријателства како сликички за во албум, го губиме чувството за разлика меѓу квалитет и квантитет. Така значењето на пријателството преминува во онлајн разговори, размена на слики и лајкнувања. Тука се јавува големиот парадокс – создавање голем број пријателства кога во суштина си осамен.rnrnКолку е различен разговорот во живо со разговорот онлајн? Зад сигурната маска на интернетот самите одбираме како ќе се претставиме себеси, и наместо да се фокусираме на склопување пријателства во вистинскиот живот, ставаме акцент на промовирањето и градењето имиџ на интернет. Станува збор за часови минати во уредување на профилот, одбирање на најдобрите слики, селектирање зборови и изрази пред да се испрати што било. Така социјалните мрежи не само што ги менуваат нашите навики, туку нè менуваат нас.rnrnКога човек е осамен се осврнува кон социјалните мрежи кои нудат инстант пријателство, луѓе кои те „ценат“ и „сакаат“, место каде твоето мислење се вреднува. Споделување мисли, искуства, слики, уживање во чувството дека си поврзан со светот и дека не си осамен, кога во суштина спротивното се случува. Така, бидејќи не умееме да бидеме сами и да се носиме со фактот дека сме „одделени од мрежата“, ќе мора да научиме да бидеме осамени.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Малина“ – Ингеборг Бахман

    Книга: „Малина“ – Ингеборг Бахман

    (1) Книга: „Малина“ - Ингеборг Бахман„Малина“ е објавена 1971 година во Германија и претставува прва книга од трилогијата на Ингеборг Бахман „Видови смрт“, за многумина дело низ кое писателката на исклучителен начин ги истражува „начините на кои може да се умре“ предизвикани од внатрешните пориви и конфликти на еден човек и надворешните влијанија почнувајќи од историјата, религијата, политиката па сè до семејството и односите со другите луѓе. За жал, иако Бахман ги започнала и останатите две книги, трилогијата никогаш не била завршена поради трагичната смрт на писателката во пожар кој избувнал во нејзиниот стан во Рим.rnrnКнигата е пишувана во прво лице и претставува патешествие во потсвеста на една жена, љубовна приказна во која имаме можност да бидеме дел преку нејзините најинтимни мисли и чувства. Психолошки монолог во кој таа ни ја открива нејзината врска со Иван и животот на улицата Унгаргасе, свет заштитен од надворешноста и од другите луѓе, место каде што таа и Иван „живеат и го штитат она што е нивно и не смее да биде допрено од другите“.rnrnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnНиз книгата сепак откриваме дека постои исклучок и од ова правило, трета личност која несомнено е дел од нивното секојдневие и има огромно влијание врз нивните животи. Малина е човекот со којшто таа (нараторот) го дели својот стан, повеќе сенка која успева да исчезне секогаш кога Иван е присутен, а сепак преку константни разговори ги поттикнува нејзините најголеми стравови и сомнежи и на тој начин влијае врз одлуките кои ги носи.rnrnЧитателот го следи овој необичен триаголник и насоката во која се развива нејзината врска со Малина и со Иван. Влијанието на Малина врз нејзината психа најмногу се чувствува кога под негов „притисок“ таа почнува да размислува, да се потсетува и да ги анализира трауматичните искуства од детството кои ѝ ги нанел нејзиниот татко и кои пак ги иницираат нејзините кошмари кои можеби се најтешкиот дел од целото дело. Овие кошмари на некој начин ја откриваат суштината на книгата, смртта на жената во патријархалното општество, но смрт во смисла на губење на нејзиниот глас и уништување на нејзиното право на самостојност.rnrnКнига: Малина - Ингеборг БахманrnrnКако што се одвиваат настаните, станува сè појасно дека овој бизарен триаголник никако не би можел да функционира, и дека таа е растргната помеѓу опседнатоста со Иван кој сè повеќе губи интерес за неа, и Малина кој ја разнишува нејзината психа. rnrnЗа мене, „Малина“ беше исклучително тешка и конфузна книга и на моменти се чувствував дека треба да посветам или целосно внимание и концентрација или пак да прелетам низ речениците и страните додека не го најдам наредното интересно делче кое целосно би го заслужило мојот интерес. Особено ги сакам книгите пишувани во прво лице, но со „Малина“ за првпат се чувствував како да сум заробена во мислите на еден лик кој истовремено не можете да го разберете ниту пак сакате да го напуштите. Но од истите причини, за оние кои ќе се решат да ја земат во раце, но и да ја дочитаат, верувам дека ќе се поврзат со главниот лик на едно неверојатно длабоко ниво. Токму поради ова не ме ни чудеа коментарите на критичарите кои гледаат на книгата како на автобиографско дело со оглед на интимноста на која ќе наидете со секоја нова страница.rnrnЗа крај, како мамка за вљубениците во книгите:rn
    rnrn

    „Читањето е порок, кој може да ги замени сите други пороци или повремено на нивно место да им помогне поинтензивно да преживеат, тоа е бегање од реалноста, зависност која те разјадува. Не, не, не земам никакви дроги, земам книги, се разбира дека има и такви кои ги претпочитам, многу книги не ми годат, некои ги земам само претпладне, други само ноќе, постојат книги кои не ги испуштам од рака, се влечкам по станот со нив, ги носам од дневна во кујна , ги читам стоејќи во ходникот, не употребувам ништо за да означам до каде сум стигнала, не ја движам устата додека читам…“

    rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 26 ноември 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Траги-комедии

    Траги-комедии

    Надвор дожд и грмотевици, тебе и онака денот ти е ужас, сè ти тргнало наопаку, сегде доцниш, ништо не правиш како што треба, па си велиш сценава баш се поклопува со времево надвор, поужасно не можеше да биде. Од друга страна, на исто такво време можеш да бидеш неверојатно среќен/на, сè ти оди како подмачкано, дождот не ти смета, напротив, си велиш, баш добро денес што заврна ќе си шетам надвор по дождот, си ја пееш „Кој си носи чадорче“, ти си најсреќната особа на светов. На времето работа му е да врне, да се менува, да грее сонце, а ние да се поистоветуваме со истото, како да е небаре поврзано со нашата судбина. rnrnТраги-комедииrnrnМногу често времето управува со нас, како лондончаните, се појавува еден од тие ретките моменти кога грее сонце а не истура дожд, и се чувствуваат како преродени. Да се чудиш колку на твоето расположение може да влијае времето, но од друга страна, колку ти можеш да влијаеш врз сопствената психа, како самиот ти ќе ги доживееш тие временски услови. Се рекло, има луѓе кои го чувствуваат дождот, а другите само се наводенуваат“.rnrnИма едно нешто за кое гарантирам дека човек со најсилна психа не може да го издржи. Тој може да учествува на некаков ритуал на секти и да излезе од таму без ментални оштетувања, ама дај му на истиот човек да гледа неколку епизоди од турските серии по ред, ќе се уништи кутриот. Ма нема сега само турски, има и индиски. Музиката те мава во глава, ти зуе во мозокот, ти се чини ќе експлодираш во секој момент. И ние тоа го гледаме. Нашата нација групно се труе во просек 4 часа дневно. Па не сме здрави, кого залажуваме. Сцена на тортура, морам да го дојадам колачот на баба, се трудела жената и плус ми го направила омилениот, со вишни, леле, леле. Во секоја друга прилика би ми дошло прсти да излижам, ама ела да те видам објасни ѝ дека капацитетот ми е толкав, после зелникот, па питата, и уште кога ќе помислам дека слатко ме чека. Капак на сè, мора да сум во иста просторија за да се увери дека јадам. Бабо не можам веќе, е неразбирлив израз. А во таа просторија ечат серии, ти се чини дека после тоа за ниедна психичка функција нема да си способен.rnrnАгата Кристи кажала дека доколку не ги пишувала своите книги, најверојатно ќе била шизофреничар, всушност книгите ѝ помагале да се ослободи од стресот. Па не знам кој таму писател бил по малку „однесен“, некој поет последните денови од својот живот ги минал во лудница… Чекај, значи во многу случаи овие надарениве генијалци биле на работ пред „шизнување“ или веќе биле „шизнати“. Ја паметам книгата „Чекајќи го Годо“, уште една тортура, цела книга го чекаа и мислам дека на крај не дојде. А да не го спомнувам љубовниот триаголник на Шекспир, човеков, барем според мене, бил чист генијалец, ама ако не бил заглавен помеѓу љубовта кон проститутката и згодниот младич, ќе бил само обичен човек без никакво значење за светот.rnrnТогаш Шекспир остро се противел на верувањето дека само белите девојки, со сини очи и плави коси се убави. Изреволтиран пишувал за лажните убавици кои премногу се шминкале за да имаат бело лице. О, Шекспире, дојди живеј во денешно време, пишувај за „тортите“ кои се шетаат по улица. Кај нас денес сè е убаво, црно, плаво, кафено, сè додека е добро нашминкано, можеби не се служиме со корсети, ама мил мој Шекспир, имаме силикони, ха! Тој го згрешил времето во кое живеел, требало покасно да се роди.rnrnАко некој во денешно време сака да ја опише убавината на една девојка, тоа би звучело вака некако:rn
    rn

    Секси слика на профил имаше таа, ах убавино, ах голотио, ах тесни хеланки твои!rnrnЛајкови и коментари се множеа дневно, будно стоев на нејзиниот профил ко ноќна птица,rnrnЧекајќи нова слика да ме осамне, мене, кутриот, мене јадниот, грешна душа!…

    rnФејл, ама мислам дека пораката е јасна, тоа е поентата… Заклучок: прифатете ги промените, нови времиња, тоа е тоа, можеби и супер ни е вака, којзнае што доаѓа во иднина!rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од што најмногу се плашат хороскопските знаци?

    Од што најмногу се плашат хороскопските знаци?

    Стравот е многу битна емоција која настанува уште во текот на набљудувањето и очекувањето стварни или замислени опасности. Тој е најефикасна и најнехумана емоција којашто управува со луѓето и останатите живи суштества. Откријте од што најмногу се плаши секој хороскопски знак.rnrnОд што најмногу се плашат хороскопските знаци?rn

    Овен

    rnИако делува како да не се плаши од никој и од ништо, овенот некаде длабоко во себе чувствува страв од осаменост, изолација и болести од кои се ужасува. Поради тоа, постојано има потреба да почувствува дека има некој на којшто може да се потпре, иако го бие глас дека е храбар авантурист, кој може сам да го прошета целиот свет. Во длабочината на неговата душа, овенот сепак се плаши од она што би можело да се случи кога ќе стигне таму некаде, без разлика дали станува збор за некоја далечна островска земја или прекуокеански град кој е полн со живот. Стравува дека навечер би немал на чие рамо да ја потпре неговата глава.rn

    Бик

    rnБикот се плаши од помислата да остане без пари, бидејќи во тој случај би ја преспал зимата како мечка во својата пештера, сѐ додека времето не се „стопли“, односно додека тој не пронајде излез од финансиските проблеми. Тој се плаши од поедините случаи во кои треба сам да најде начин да ги решава проблемите или да ги сече во корен, бидејќи не го сака ризикот кој би можел да го одведе до губење на имотот или луѓето кои ги сака. На тој начин, тој е свесен дека со кавги и конфликти нема да ги реши, туку напротив само ќе ги поттикне проблемите во неговата околина. Затоа тој по мирен, на изглед помирлив пат, ги штити своите интереси, бидејќи чувствува страв уште при самата помисла дека може некако да ги загрози.rn

    Близнаци

    rnТој вешто го прикрива стравот, токму онака како што вешто прави и сѐ друго, но постојат и работи кои можат да го фрлат во депресија, како што се недостатокот од комуникација со личност за којашто се грижи, болест која го спречува да отпатува некаде каде што сака или чувствување немоќ којашто може да го направи зависен од некоја друга личност, дури и ако станува збор за неговите најблиски луѓе. Вистинските опасности и предизвици обично не му предизвикуваат страв, но стравот од осаменост и тишина, кај близнакот предизвикуваат вистинска паника. Личности кои се обидуваат да им го исперат мозокот или да ги приковаат за едно место или една работа, ги прави близнаците нервозни, што е чекор до стравот.rn

    Рак

    rnРакот е стално загрижен поради нешто, како на пример поради промената на временските услови, поради некои лоши вести коишто ги чул, а може да биде и поради промените во курсната листа. Иако чувствува несигурност покрај неговиот шеф, бидејќи го плаши неговото променливо расположение спрема него, ракот е уште повеќе загрижен за неговата куќа и семејство, особено кога седи во кафена со неговите пријатели (колку и ова да звучи иронично). Кај овој знак е исто така длабоко вкоренет стравот од магија и од непознатото, како и стравот од депресија и последиците кои таа ги остава на неговата психа. Тој интуитивно чувствува дека нешто лошо кога-тогаш може да го стигне, особено доколку мисли дека му згрешил некому со нешто.rn

    Лав

    rnТој е роден да владее, но не стравува толку многу од губењето на позицијата на професионално или на друштвено поле, туку она што навистина го плаши е некој да не помисли дека тој е кукавица или дека пријателите или луѓето на коишто им верува ќе го остават на цедило. Понекогаш е погрешно разбран од страна на пријателите, пред кои обично сака да ја покаже својата дарежливост, па многу му завидуваат и гледаат како да му наштетат зад грб. На лавот му се подига гривата на главата при помислата дека некој би можел јавно да го исмее, без разлика дали станува збор за ситници или битни работи. Доколку имате нешто да му кажете на некој лав, најдобро е тоа да го направите во четири очи.rn

    Девица

    rnДевицата не се плаши толку многу од болести, како што смета нејзината околина. Таа во главно, само сака да води сметка за нејзиното здравје, без разлика дали станува збор за начинот на исхрана, животните навики или редовната посета на забар. Нејзиниот вистински страв се однесува на губењето контрола врз себе и нејзините најблиски, бидејќи на тој начин би го изгубила она што го смета за нејзина должност – да биде дежурен надзорник. Никој не умее подобро од девицата да забележи сѐ, да ви изреагира превентивно и да ви одржи лекција како чистотата е половина здравје. Исто така, неа ѝ е сосема сеедно, дали во текот на сето ова, вие ќе ѝ превртувате очи.rn

    Вага

    rnВагата секогаш се труди да биде внимателна, бидејќи се плаши дека нема доволно да ви се допадне или дека можеби нема да ја забележите. Навикната на постојано привлекување внимание и восхит од страна на луѓето во нејзината околина, вагата најмногу се плаши од скандали или јавен потсмев. Неа исто така, ѝ се згрозува од разговори за болести, резултати од лабораториски испитувања (којзнае што сѐ ќе ѝ пронајдат), па знае да биде уште поголем хипохондрик и од девицата, но тешко си го признава тоа на себе. Честопати фантазира за препуштање на сите животни задоволства, без ограничувања и грижа на совеста, но пред другите ќе глуми личност, која својот живот го држи цврсто под контрола.rn

    Скорпија

    rnИако од многу малку работи се плаши, бидејќи е многу храбра и спремна да истрпи болка и тешкотија, сепак и скорпијата има своја Ахилова пета. Можеби повеќе од кој било друг знак се плаши од сопственото стареење, губењето на интересот за неа/него од страна на спротивниот пол и чувствување сексуална немоќ. Ја ужасува помислата дека личноста којашто ја сака може да ѝ биде неверна и тоа да го дознае од други луѓе или дека таа личност би можела да ја напушти. Каков било облик на зависност од некој или помислата дека некој може да ѝ наметне некаква забрана, предизвикува страв кај скорпијата, па ако треба свесно ќе трпи и ќе се измачува себеси, но нема да дозволи да падне во туѓи јасли.rn

    Стрелец

    rnСтрелецот се плаши од издавање, сплетки и интриги кои можат да му го згорчат животот, а ова особено се однесува на работното место, па затоа е многу внимателен, повеќе отколку што можеби изгледа на прв поглед. Загрижен е и за однесувањето и емоционалниот свет на неговиот партнер, па затоа секогаш по малку се сомнева во него. Се грижи поради таинственоста и неискажаните намери на неговиот партнер, бидејќи стравува од сознанијата до коишто може да дојде, доколку малку прочепка низ неговото/нејзиното минато. Стрелецот исто така, се плаши од неправди и секаков вид насилство, па потсвесно чувствува несигурност од високите функционери и униформирани луѓе, но ретко ќе го покаже тоа.rn

    Јарец

    rnЈарецот се плаши од губењето на неговата чест, која според него не може да се мери со ништо друго на светот, бидејќи не постои цена со која може да се плати. Повеќе од кој било друг знак се плаши за здравјето на неговиот партнер или партнерка, до таа мера што за него/неа ќе се жртвува, дури и на сметка на сопствената енергија и издржливост. Јарецот секогаш по малку се плаши од сето она што доаѓа од друга средина, земја или град, бидејќи тешко е да го наговорите на нешто коешто не го видел со сопствени очи или за кое нема мислење добиено врз основа на сопственото искуство. Бидејќи најчесто го знае или чувствува она што другите не го знаат, јарецот се плаши и од магии и од пораките кои ги добива во неговите сонови.rn

    Водолија

    rnВодолијата најмногу се плаши да се чувствува просечно, во средина или од тоа да биде споредена со некоја друга личност, бидејќи водолијата е, ако случајно сте заборавиле – единствена. Иако делува недопирливо, по малку арогантно и препотентно, како никој ништо да не ѝ може, водолијата и тоа како стравува од губењето на професионалниот углед, почитта од страна на нејзиното семејство и статусот во друштвото. Страв ѝ е од понижување од каков било облик или осиромашување (особено доколку имала пари, па сега нема). Се плаши од приврзување за куќните љубимци, без разлика колку ги сака, бидејќи тешко поднесува доколку ги изгуби.rn

    Риби

    rnРибите се едни од најамбициозните знакови, па најмногу се плашат од губењето на авторитетот, но повеќе во професионална смисла, отколку во кругот на неговото семејство. Рибите тешко се откажуваат од кариерата, особено доколку еднаш се заблажат со чувството на моќ, влијателност и финансиски можности, бидејќи сето тоа им овозможува да ги проголтаат помалите риби од нив. Стравот дека некој би можел да ги претекне во нешто или да биде подобар од нив, во момент кога се одлучува за неговото/нејзиното унапредување во фирмата, е поголемо од кои било други чувства кај рибите. Меѓутоа, без разлика колку е голема опасноста којашто им се заканува, рибите сепак секогаш знаат да „испливаат“ на површината.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 40 прашања кои се плашиме да си ги поставиме

    40 прашања кои се плашиме да си ги поставиме

    Созревањето и здравиот ментален живот подразбираат бескомпромисно преиспитување на состојбите во нашиот живот. Тоа не е лесно, бара голем напор и храброст, па затоа следните четириесет прашања сите се плашиме да си ги поставиме. Прочитајте ги и обидете се да си ги одговорите, а штом го добиете одговорот некои заблуди и стравови можеби ќе исчезнат од вашиот живот.rnrn40 прашања кои се плашиме да си ги поставимеrnrn1. Ако денес беше последниот ден од твојот живот, ќе сакаше ли да го правиш она што планираш да го правиш денес?rnrn2. Кој дел од иднината најмногу те загрижува?rnrn3. Дали упорно се надеваш на нешто кое мораш да го оставиш зад себе?rnrn4. Да имаше пријател кој ќе ти зборуваше онака како што понекогаш самиот си зборуваш со себе, колку долго ќе се дружеше со него?rnrn5. Која е разликата меѓу живеење и постоење?rnrn6. Ако учиме од грешките, тогаш зошто се плашиме да ги правиме?rnrn7. Какво влијание сакаш да имаш врз околината?rnrn8. Нешто ти е вон дофат? Или само не се истегна доволно кон тоа?rnrn9. Што забораваме да видиме во секојдневното брзање?rnrn10. Ако животот е толку краток, зошто и понатаму правиме многу работи што не ги сакаме и зошто сакаме толку многу работи кои не ги правиме?rnrn11. Ако можеш да ѕирнеш во срцето на твојот непријател, што е тоа што очекуваш да го видиш, а е различно од она што се наоѓа во твоето срце?rnrn12. Животот е премногу краток за да се толерира ___________?rnrn13. Ако сè уште ништо не си добил, што имаш да загубиш?rnrn14. Како знаеш кога да продолжиш да се надеваш на нешто, а кога да го оставиш тоа зад себе?rnrn15. Зошто си ти важен/а?rnrn16. На колку пријатели безрезервно им веруваш?rnrn17. Дали си задоволен/а со себе?rnrn18. Имаш ли некој страв за кој си свесен/а дека ти пречи во остварувањето на целите?rnrn19. Како го трошиш најголемиот дел од твоите пари?rnrn20. Имајќи ги предвид твојата секојдневна рутина и навиките, каде се гледаш по пет години?rnrn21. Би сакал твоето дете да биде помалку привлечно и повеќе интелигентно или повеќе привлечно и помалку интелигентно?rnrn22. Си направил ли нешто со кое не се гордееш?rnrn23. Освен пари, што друго си стекнал од работата која ја работиш?rnrn24. Дали понекогаш се преправаш дека разбираш работи кои всушност не ги разбираш?rnrn25. Која е првата промена која ти е потребна во следните дванаесет месеци?rnrn26. Дали некогаш си молчел кога требало да зборуваш?rnrn27. Која обврска ја одложуваш во овој момент?rnrn28. На кој начин си наштетуваш себеси?rnrn29. Посакуваш ли да не знаеше нешто?rnrn30. Од што си се откажал?rnrn31. Која лекција можат другите да ја научат од твојот живот?rnrn32. Кои грешки постојано ги повторуваш?rnrn33. Како се однесуваш кога не ти е возвратена љубовта?rnrn34. Што ја уништува твојата среќа?rnrn35. Што најмногу сакаш да постигнеш пред да умреш?rnrn46. Што ти вели оној глас во твојата глава во последно време?rnrn37. Што е полошо од смртта?rnrn38. Колку краток би требало да биде твојот живот за да направиш некаква промена уште денес?rnrn39. Како се однесуваш кога не им се допаѓаш на другите?rnrn40. Кој е најлесниот начин да се потроши животот?

  • Внимавајте што посакувате … секако дека ќе ви се оствари!

    Внимавајте што посакувате … секако дека ќе ви се оствари!

    За да ни биде полесен, а воедно и појасен животот, треба да сфатиме две работи:rnrn1. Доколку вистински сакаш нешто, истото ќе го добиеш.rnrn2. Тоа што си бараш, тоа и ќе си најдеш.Внимавајте што посакувате ... секако дека ќе ви се оствари!Прво и основно – сè е психа. Доколку знаеш да управуваш со неа – супер, си имаш целосна контрола над себеси. Работите се онакви какви што ги гледаме, сè зависи од тоа како ги доживуваме нештата, и доколку самите се мотивираме и насочиме кон целта, ќе ја достигнеме. Само штета што човековата упорност не е секогаш толку силна. Лесно знаеме да се откажеме, обесхрабриме или едноставно да мрчиме, зашто секогаш е полесно да кренеш раце и да обвиниш некој друг. Нема сила која може да ме разубеди дека доколку нешто вистински посакуваш ќе го добиеш. Ако желбата е силна, тогаш целосно се насочуваме кон остварување на целите и го освојуваме посакуваното. И нема изговори од типот: „ Не ме бива“, „Не сум роден/а за тоа“, „Не сум јас за таа работа“… сето тоа во превод значи НЕ САКАМ ДА СЕ ПОТРУДАМ ДОВОЛНО.rnrnМојата теорија дека го наоѓаш тоа што си го бараш, во милиони случаеви се има потврдено. Без разлика дали станува збор за кариера, пријатели или партнер, луѓето кои се задржуваат во нашиот живот, тука се со причина. Тоа значи дека нив сме ги барале, такви луѓе ни биле потребни. Еве најпрост пример, размислете за паровите кои ги познавате. Едноставно си одговараат еден со друг, колку и на прв поглед да не се забележува тоа, си се надополнуваат и се компатибилни. ТОЈ е мачо, силен, висок и на прв поглед јак човек кој нема стравови, ама во суштина е мек, па затоа му треба ТАА, која можеби навидум е женствена и мека, но секогаш гласно ќе ги кажува своите ставови и грубо ќе му противречи на она што не ù се допаѓа. Едноставно, луѓето околу нас сме ги избрале со причина, а зависно од тоа како ќе се поставиме со нив, ист однос ќе добиеме за возврат…rnrnВнимавајте што посакувате, дали искрено го сакате тоа и колку сте подготвени да се жртвувате за истото. Не бидете дел од монотоната шема, заслужувате да целите на високо, бидејќи оној кој нема цел, не знае ни каде оди. Но не целете високо доколку не сте подготвени за борба.rnrnЌе ве поздравам со изрека на Алберт Ајнштајн: „Сите се генијалци, но ако ја терате рибата да биде добра во качување по дрво, ќе го помине целиот живот мислејќи дека е глупава.“ Сите се генијалци на свој начин, само треба да се насочат кон она што го прават добро до перфекција. Во што сте добри? Што е тоа што го работите со силна страст? Кои се вашите цели? Што би сакале да имате? Како може да си го подобрите животот? Нема универзални одговори на овие прашања, затоа мора самите да ги најдете за себе.rnrnНа здравје неделно кафе,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашите психолошки бариери

    Астрологијата и вашите психолошки бариери

    Интимноста може да претставува проблем за некои луѓе. Не е едноставно да им ги ставите на послужавник вашите емоции, на луѓето кои ви значат во животот и ако нешто тргне во лош правец, да се чувствувате ранливо и разочарано што сте дозволиле тоа да се случи. Обидувајќи се да се заштитат од таквите чувства, некои хороскопски знаци одлучуваат да стават бариера пред себе, на тој начин не дозволувајќи им на луѓето да им ги повредат чувствата. Но, тоа не е баш добра одлука, бидејќи во некоја точка од животот ќе сфатите дека тие бариери ве кочат вас, кон патот до успехот. Научете како да формирате искрени интимни врски со вашите блиски и партнерот, со помош на астрологијата.rnrnАстрологијата и вашите психолошки бариериrn

    Овен

    rnВие сакате да ги правите работите онака како што вас ви одговара. Имате силно чувство за независност, кое се плашите дека ќе го изгубите во врските со другите луѓе. Бидејќи сами можете да се справите со сите работи, вие може да избегнете да им покажувате на луѓето кои ви значат, колку во суштина ви се потребни во животот. Научете како да им дозволите на другите да се зближат со вас и истовремено да ја задржите вашата независност во одлучувањето и справувањето со животните ситуации. Исто така, немојте уште одма да почнете премногу да барате и очекувате од другите луѓе.rn

    Бик

    rnКога еднаш ќе решите да стапите во љубовна врска, тоа е нешто што ќе трае многу долго, ако не и засекогаш. Затоа, вам ви е потребно повеќе време додека да ја одберате вистинската личност. Кога еднаш сè ќе се среди, сакате работите да останат такви засекогаш и тврдоглаво одбивате да направите некаква промена. Најголемата бариера на вашата интимност, е стравот да ја напуштите вашата комфорна рутинска зона. Морате да почнете да верувате дека промените во животот се убава работа. Пречекувајте ги со раширени раце, за да ù дозволите на љубовта да почне да цвета.rn.rn

    Близнаци

    rnВие сте како птица в лет. Никогаш не можете да останете на едно место доволно долго, за да пуштите „корења“. Стравот дека набрзо ќе ви здодее од таа работа што во моментот ја правите, ве одржува секогаш на површината, не дозволувајќи ви да се чувствувате обврзани за некој или нешто. Воедно, во вас постои и страв дека љубовниот партнер еден ден ќе го види „мрачниот“ близнак во вас, кој вие толку многу се трудите да го сокриете. Дозволувањето на некоја драга личност да ја осветли таа ваша темна страна со љубовен жар, е вистинскиот пат кон целосна интимност.rn

    Рак

    rnВие се плашите дека ќе ја откриете вашата слаба точка пред другите луѓе, а бидејќи вашите емоции се секогаш многу блиску до површината, тоа ви се случува почесто отколку што сакате. Кога еднаш ќе решите да ги покажете вашите емоции пред луѓето што ги сакате, се чувствувате како после тоа да сте оставени на милост и немилост од нивна страна. Бидејќи вие се чувствувате поудобно кога се грижите за другите, отколку кога другите ја покажуваат грижата и љубовта кон вас, вашата способност да се растроите, да се расплачете и да бидете ранливи е всушност добро за вас. Воедно, желбата да ги откриете емоциите, ја прави вашата поврзаност со другите луѓе, уште помоќна.rn

    Лав

    rnВас ви е проблем да се откажете од контролата врз работите. Потребата да ја играте главната улога во секоја ситуација, може да ги држи другите луѓе на дистанца од вас. Бидејќи делувате толку способни, луѓето со задоволство ви дозволуваат да го водите „шоуто“. Не гледајте го ова како добра работа. Споделувањето на моќта со другите луѓе, е клучот за градење искрена конекција. Доколку ги откриете областите во кои не сте компетенти да се натпреварувате, ќе им дозволите на луѓето кои ги сакате, да ве запознаат вистински, онакви какви што сте. Исто така, може да ги оддалечувате луѓето од вас со вашата избувливост, затоа почнете да си ја тренирате трпеливоста.rn

    Девица

    rnЧувството дека вашето постоење на овој свет не е доволно значајно, е коренот на вашите психолошки проблеми со другите луѓе. Вие се плашите дека ако ги откриете вашите несовршености, луѓето ќе избегаат од вас. Всушност никој не очекува од вас да бидете толку совршено прецизни и внимателни во сè што правите. Напротив, вашите пријатели повеќе би сакале да излезете надвор со нив и да се забавувате, наместо постојано да се грижите и да ги заштитувате. Не дозволувајте му на вашиот остар ум и аналитички способности да доминираат врз вашите чувства, во кои лежи магијата на вашата интимност.rn

    Вага

    rnВие секогаш се трудите да внесете хармонија и убавина во оние ситуации кои не се толку пријатни. Токму затоа вие се трудите проблемите во врската да ги сокриете под чергата, каде што тие ќе избледат и ќе се дистанцираат од вас. Интимноста е реално нешто, па токму затоа преправањето дека сè е во ред, кога не е, може да биде лоша работа. Исто така, вашиот вешт ум е способен да се справи со некои чувства без притоа воопшто да ги почувствува. Она што вас ве плаши е впуштањето во нерешлив хаос од чувства, но токму тоа е клучот за интимноста.rn

    Скорпија

    rnПонекогаш луѓето се чувствуваат загрозено од вас, што може да ви создава бариера кон зближувањето. Не е дека вие ја избегнувате интимноста. Вие секогаш успевате да нурнете длабоко во вашите чувства и да им се спротивставите на проблемите. Но, вашата жестина и сурова директна искреност, може да биде премногу за луѓето околу вас. Тие може да чувствуваат дека барате премногу од нив. Сепак, од друга страна, вие можете да ги сокриете вашите најдлабоки чувства, доколку се плашите дека ако се отворите некому, тој ќе ве предаде. Треба да научите повеќе да им верувате на луѓето.rn

    Стрелец

    rnВашиот знак симболизира вечно ергенство. Вие сакате да си ја заштитите вашата слобода и бегате кога луѓето сакаат да ви се доближат. Вашата најголема интимна бариера е мислењето дека приврзувањето со луѓето е права замка, која ќе ве одведе кон досада и едноличност. Решение за ваквиот проблем е партнер кои ќе ви дава поголема слобода, но за возврат ќе мора да бидете тука во „досадните“ моменти од врската.rn

    Јарец

    rnВие секогаш сакате да изгледате како силен знак. Бегате од емоциите кои ги чувствувате, бидејќи не сакате да излезат на површина вашите слабости. Другите се навикнати да се потпираат на вас, но што се случува кога вам ви е потребна поддршка? Треба да научите како да им дозволите на останатите околу вас да ве сакаат и да ве бранат. Штом ќе ја урнете илузијата дека сте неранливи, грижата ќе стане обострана помеѓу вас и останатите и вистински ќе ја почувствувате интимноста.rn

    Водолија

    rnВие секогаш барате логика во секое ваше чувство. На вас сите гледаат како независен, дури и ладнокрвен човек кој има проблеми да си ги изрази чувствата. Но бидејќи вие имате побистар и побрз ум од другите, сметате дека треба да се грижите само за вашите потреби. Се плашите дека ќе ја загубите слободата доколку им дозволите на останатите да дознаат што ви се случува однатре. За да ја избегнете вербата во осаменост, потребно ќе ви биде поголемо отворање кон другите и истражување на она што го носите во вашето срце.rn

    Риби

    rnВашата најголема бариера кон интимноста, претставува недостатокот од себепознавање. Вие сте како камелеон, способни да бидете сè што останатите ќе побараат од вас да бидете, што понекогаш заборавате да се запрашате што вие сакате. Доколку поминете одреден период сами, настрана од чувствата и потребите на останатите, можете да создадете подобри граници и да ја изгубите потребата за спасување на сите што ги сакате или да дозволувате тие да ве искористуваат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.