КАФЕ ПАУЗА

Tag: психа

  • Се борите со стрес и осаменост? Одлични вежби за одмор на телото и умот

    Се борите со стрес и осаменост? Одлични вежби за одмор на телото и умот

    Вежбањето е најдобриот начин да го одржите своето тело во форма, но дали сте размислувале и за ефектите што тоа ги има на вашата ментална рамнотежа? Претераниот стрес е еден од најголемите проблеми на денешницата, кој не бира години, тело и дух. Но, не грижете се. Со соодветните вежби вие можете лесно да го одбраните својот ум од негативноста.rnrnrnrnКога сме физички активни, протокот на кислородот низ нашиот организам се зголемува и во тие моменти тензијата од телото исчезнува. На тој начин полесно се носите со стресот и полесно можете да се опуштите и да почувствувате хармонија. Немојте да се зачудите ако и после најмалата физичка активност имате потреба за дружење и дополнителна мотивација да работите.rnrnПа, ако минувате низ тежок период, тогаш погледнете ги следниве вежби што ќе ви помогнат да го разбистрите вашиот ум, да го разведрите вашиот дух и притоа да си го обликувате телото.rn

    Ако сте под стрес… Кик-бокс!

    rnУдирањето во вреќа може да стимулира ослободување ендорфин – хормонот на среќата, како и да биде најдобриот начин да се ослободите од негативната енергија што ви струи низ телото. Многумина велат дека е уште поефикасно ако пред вас ја замислите личноста што ве нервира или проблемот што не можете да го решите и едноставно да го исфрлите сето незадоволство од вас.rn

    Ако се чувствувате депресивно… Прошетка!

    rnДоколку наутро сте мрзливи и не ви станува од кревет, особено е важно да се натерате да излезете на воздух. Покрај тоа што е одличен начин да си го подобрите расположението, научно е докажано дека шетањето ги зголемува умствените способности за 20% доколку го практикувате барем три пати неделно. Во оваа цел може многу да ви помогне домашното милениче.rn

    Ако сте осамени… Групен спорт!

    rnГрупните спортови како што се кошарката или одбојката им помагаат на осамените луѓе да остварат комуникација и да се почувствуваат како дел од тим. Првиот чекор е најтежок, но морате да се убедите себеси да го направите доколку сакате да се чувствувате подобро. Во овие групи обично владее позитивно расположение што е заразно!rn

    Ако сте анксиозни… Јога!

    rnСигурно барем од една личност сте чуле позитивни искуства од јогата, како и чувството на блаженство што се создава по вежбањето. Тоа е така затоа што со јогата се смалува нивото на адреналин и другите хормони на стрес во вашето тело додека истовремено се подигнува серотонинот, хормонот на среќата, со чија помош лесно наоѓате внатрешен мир.rn

    Ако имате ниска самодоверба… Тренинг за издржливост!

    rnОвој вид тренинг е одличен доколку сакате да ја зголемите самодовербата и конечно да го засакате сопственото тело. На овој начин можете да го следите своите вежбање како и напредокот. Па, колку сте посилни, толку подобро ќе се чувствувате во своето тело, како и во својот ум.rnrnПробајте ги и овие 5 антистрес вежби за прогресивно опуштање на мускулите што можете да ги правите и на работното место.

  • 12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа

    12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа

    Денес навистина се прославува трендот на здрава исхрана. Повеќето луѓе внимателно ги проучуваат состојките на сите намирници што ги купуваат и знаат што е добро, а што не за нивното тело. Но, истражувањата одново и одново докажуваат дека понекогаш е тешко да одредите што е добро за вас, бидејќи многу видови храна содржат и разни хемикалии за кои не сте ни знаеле дека постојат. Во продолжение погледнете ги прехранбените намирници кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа.rnrn12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психаrnrn1. Оризот содржи јаглехидрати кои прават молекулите на гликозата побрзо да влезат во крвта. Поради ова, нивото на шеќер во крвта може драстично да се промени, што пак има негативно влијание врз здравјето на мозокот и нервниот систем.rnrn2. Пуканките содржат протеини, злато, фосфор, железо, силициум и магнезиум кои ја овозможуваат правилната функција на нервниот систем. Покрај тоа, витаминот Б во пуканките помага во борбата против депресијата и стресот.rnrn12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психаrnrn3. Туната содржи многу жива, а големото количество жива во крвта може да предизвика проблеми со меморијата. Исто така, туната содржи полихлориран бифенил, синтетичка хемикалија која има влијание врз хормоните и ја нарушува функцијата на нервниот систем.rnrn4. Свинската маст содржи ретка алкохолна киселина. Таа се наоѓа во ткивото на телото и е незаменлива кога станува збор за нормална функција на мозокот. Исто така помага во борбата против Алцхајмер.rnrn12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психаrnrn5. Житните култури содржат глутен којшто е неопходен за нивниот раст. Антителата во глутенот можат да ги нападнат хемикалиите коишто се важни за нашиот организам. Доколку има недостаток од овие хемикалии, можно е да се појават панични напади и депресија.rnrn6. Темното чоколадо содржи флавоноиди кои се одговорни за активирањето на мозочните клетки. Оваа храна ги зголемува крвните садови, ја стимулира мозочната функција и го снабдува мозокот со кислород.rnrn12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психаrnrn7. Тврдото сирење содржи тирамин кој настанува при разградувањето на протеините. Тираминот може значително да го зголеми крвниот притисок и да предизвика мигрена.rnrn8. Печените компири се богати со калиум кој испраќа кислород до мозокот. Исто така, оваа храна содржи гликоза, витамин Б и аминокиселини кои го снабдуваат мозокот со крв и му ја даваат потребната енергија.rnrn12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психаrnrn9. Гравот содржи танинова киселина. Доколку во телото имате премногу од оваа киселина, ќе го отежнете разградувањето на минералите. Ова може да предизвика проблеми со снабдувањето на мозокот со крв и анемија.rnrn10. Куркуминот, главната состојка на карито, содржи многу антиоксиданси и го забавува стареењето на мозокот. Оваа состојка ги поддржува когнитивните функции, кои обично се влошуваат со текот на времето.rnrn11. Шафранот содржи многу минерали, витамин Б и витамин Ц. Тој ја подобрува функцијата на мозокот, па дури и помага во лекувањето на некои нарушувања.rnrn12. Циметот го прави мозокот поактивен поради состојките како цинамил алкохол и цинамалдехид. Мирисот на циметот помага во решавање проблеми кои бараат многу внимание, визуелна меморија и брзо реагирање.rnrnПогледнете и кои видови храна предизвикуваат живописни соништа.

  • 10 несвесни однесувања на родителите кои предизвикуваат тешки психички последици на децата

    10 несвесни однесувања на родителите кои предизвикуваат тешки психички последици на децата

    Можеби во некои од овие проблеми ќе се препознаете себеси, па нека тоа ви биде лекција за да не го правите истото и на вашето дете. Верувале или не, научно е докажано дека за голем број психички проблеми се одговорни емоциите и искуствата кои се преживеани во детството. Следните проблеми се последица од однесувањето кон децата и одличен пример за тоа како родителите ја уништуваат психата на своето дете.rnrn1-kako-roditelite-ja-unishtuvaat-psihata-na-deteto-10-nesvesni-potezi-koi-ostavaat-teshki-psihichki-posledici-zasekogash-www.kafepauza.mk_rn

    1. Анксиозност, депресија и недостаток на независност

    rnДали вашите родители или вие спаѓате во групата „родители хеликоптери“? Тоа се родители кои постојано го надгледуваат, проучуваат и критикуваат животот на детето. Иако тоа го прават со добри намери, преголемата заштита води кон психолошки проблеми. Според психолозите, ако ви е тешко да донесете одлука без консултирање со вашите родители, вие сте баш така израснато дете.rn

    2. Штетни навики, зависност и екстремни спортови

    rnДоколку родителите постојано им велат на своите деца дека прават многу проблеми, тие со тек на време ќе заклучат дека светот би бил подобар без нив. Резултат се млади луѓе кои несвесно бараат пат за да се уништат самите себеси, обично низ алкохол, пушење, дрога или екстремни спортови.rn

    3. Неспособност на целосен одмор и релаксација

    rn„Стани посериозен“, „Немој да се глупираш“, „Немој да се лигавиш“… Ова се чести, но многу штетни реченици кои се упатени кон децата. Тие креираат премногу сериозни возрасни личности, кои не знаат да се опуштат, не ги разбираат децата и ги презираат детинестите луѓе.rnrn2-kako-roditelite-ja-unishtuvaat-psihata-na-deteto-10-nesvesni-potezi-koi-ostavaat-teshki-psihichki-posledici-zasekogash-www.kafepauza.mk_rn

    4. Недостаток на самодоверба, желба да се биде како некој друг

    rnРодителите кои своите деца често ги споредуваат со „подобрите“ деца ќе добијат премногу самокритичен тинејџер, а потоа и возрасна личност со комплекс на пониска вредност. Тие во животот секогаш ќе се обидуваат да направат нешто подобро, додека истовремено се мразат себеси, бидејќи не се супериорни во однос на некоја друга личност.rn

    5. Тешкотии во приватниот живот

    rnАко како дете добивате инструкции да не верувате на никого, логично е дека ќе израснете во личност која верува дека светот е непријателски настроено место полно со опасни замки, без трошка добрина…rn

    6. Барање на родителите во партнерот

    rnРеченицата „Премногу си мал за тоа!“ е совршен начин да израснете возрасно дете. Ваквото дете најверојатно засекогаш ќе остане „премногу мало“, независно и во партнерот ќе бара родител кој ќе се грижи за него.rn

    7. Потиснување на талентите, недостаток на иницијатива, деструктивна забава

    rnАко родителите често користат фрази како „Немој мене да ми паметуваш“ или „Престани да фантазираш“, ќе израснат дека кое нема свое мислење, иницијатива ниту способност за водство. Кога ќе пораснат, ваквите деца многу често ги потопуваат своите амбиции и таленти во алкохолот и опасните забави.rnrn3-kako-roditelite-ja-unishtuvaat-psihata-na-deteto-10-nesvesni-potezi-koi-ostavaat-teshki-psihichki-posledici-zasekogash-www.kafepauza.mk_rn

    8. Затвореност и потиснување на емоциите

    rnДецата и тоа како забележуваат недостаток на емоции и чувствителност кај родителите. Кога често слушаат дека треба да престанат да плачат или да се жалат, децата се затвораат во себе. Тие потиснати чувства може да прераснат во психосоматски нарушувања.rn

    9. Тешка депресија и чувство на вина

    rnРеченицата „Од сѐ се откажавме за ти да го имаш тоа!“ е класично наметнување вина која ја преплавува душата на детето и која ретко исчезнува. Ист ефект имаат и заканите во врска со оценката во училиште – детето е под константен стрес, што лесно води кон депресија.rn

    10. Неодговорност и незрелост

    rnПостои посебен тип на премногу заштитнички настроени родители, кои не им дозволуваат ништо на децата. „Не ја чепкај мачката, ќе те изгребе“ е само еден од примерите за застрашување на детето да донесе каква било одлука или да испроба нешто ново. Со ваквото растење, задолжително доаѓа пасивност и неодговорност, како и несамостојност.rnrnРодителите прават сè за доброто на своите деца, но овие родителски лекции треба да се преиспитаат.

  • Моќта за предвидување на секој хороскопски знак

    Моќта за предвидување на секој хороскопски знак

    Секој од нас се сомнева дека има некој вид моќ за предвидување. Некои луѓе знаат кога да бидат на вистинското место, во вистинското време, додека другите ги познаваат луѓето подобро од самите себе. Погледнете која е вашата моќ според хороскопскиот знак.rnrnpsihickata-mokj-na-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен: Вистинско место, вистинско време

    rnВашата способност е да го пронајдете следното големо нешто. На пример, додека се шетате, наидувате на забава и откривате артист кој настапува пред мала публика, што го вклучува семејството и пријателите. Но токму тој, следната година ќе продаде карти за концерт во вредност од милиони. Вие сте вистински магнет за таленти.rn

    Бик: Ја чувствувате невидливата граница

    rnБикот длабоко ги разбира границите. Вие ја избегнувате напнатоста бидејќи никогаш не ја преминувате границата на некоја личност. Можете да почувствувате кога некој сака да ја помине вашата и ја браните пред тој некој да стигне предалеку.rn

    Близнаци: Ги наоѓате вистинските зборови

    rnБлизнаците се поврзани со сите 5 сетила, и тоа толку многу што не им е потребно 6-тото. Близнаците природно ги кажуваат вистинските зборови. Многу често и ги прашуваат од каде знаат нешто, а тие скоро никогаш нема да можат да дадат конкретен одговор.rn

    Рак: Му верувате на инстинктот

    rnПричината за тоа што постојано знаете што ќе се случи е бидејќи вие ги чувствувате работите кои другите не ги чувствуваат.rn

    Лав: Тајмингот е сè

    rnВие сте поврзани физички, и речиси магнетно со ритамот на животот. Секогаш знаете кога треба да се појавите. Знаете кога да пристигнете, кога да зборувате и кога да преземете акција.rn

    Девица: Претчувствувате можности и закани

    rnВашата способност да знаете некои информации пред да бидат кажани ве прави да изгледате како генијалец. Оваа моќ ви помага да знаете кога да се вселите во соседство кое е добро за вас.rn

    Вага: Ги знаете другите подобро од себе

    rnВашата способност е да ги „читате“ другите луѓе, да ги разбирате нивните мотиви и да знаете кое е нивното следно движење. Но имате и слепа точка, а тоа сте вие самите.rn

    Скорпија: Го филтрирате горниот слој

    rnВашиот глад за внимание и љубов има интензивен психички израз. Зборовите ви пречат кон вашето одење кон страста. Способноста да ја читате страста е вашата моќ, а можете да кажете и кога некој е заинтересиран за ваш пријател/ка.rn

    Стрелец: Одење кон успех

    rnВие сте природни оптимисти бидејќи знаете каде лежат можностите. Додека другите гледаат табели и графици, вие знаете каде да вложите, дури и кога станува збор за љубовта.rn

    Јарец: Ја знаете брзината

    rnНекои луѓе едноставно престануваат да работат. Даваат отказ и се преселуваат. Ја продаваат куќата. Јарците ја знаат брзината на животот. Кога е време за созревање, вие почнувате пред да добиете каква било информација. Вие правите радикални промени во животот и се движите кон успехот.rn

    Водолија: Читате мисли

    rnСпособноста да го добиете она што го сакате е ваш талент и вие сте вистински уметник со него. Можете да прашате за што било, но веќе знаете што ќе ви одговорат.rn

    Риби: Ја гледате целата слика

    rnРибите се знак со најразвиена психа. Големата слика е ваша специјалност. Знаете каде се наоѓаат сите делчиња од сложувалката.rnrnПрочитајте и за 4-те најголеми заблуди за хороскопот.

  • Психосоматски болести: Зошто не треба да ја потценуваме врската меѓу психичкото и физичкото здравје?

    Психосоматски болести: Зошто не треба да ја потценуваме врската меѓу психичкото и физичкото здравје?

    Сите луѓе се плашат од помислата дека има можност да се разболат. Дури и најобичните настинки прават да се чувствуваме ранливо, бидејќи целосно сме препуштени на милост и немилост на нашите тела. Уште пострашно е тоа што во такви ситуации немаме друг избор освен да го послушаме докторот и да ги земаме лековите што тој ни ги препишал.rnrnПсихосоматски болести: Зошто не треба да ја потценуваме врската меѓу психичкото и физичкото здравје?rnrnНо, замислете си колку е страшно да страдате од некоја тешка болест, а вашите доктори да ве уверуваат дека сѐ е во ред со вас и дека не сте воопшто болни. Како би реагирале? Сѐ уште ја чувствувате истата болка, и покрај тоа што симптомите не се присутни на рендгенските снимки и крвни слики. Како ќе продолжите понатаму со животот ако се чувствувате болни, но не постои никаков доказ за вашата болест?rnrnМилиони луѓе ширум светот бараат терапија за медицински необјаснети симптоми секоја година. Овој загрижувачки проблем детално се разгледува во книгата на доктор Сузан О’Саливан со наслов „Дали сѐ е во вашата глава? Вистински приказни за измислени болести“ (Is It All In Your Head?: True Stories of Imaginary Illness).rnrnСигурно познавате луѓе кои ви ги откажале договорените планови во последен момент поради тоа што чувствувале неподнослива болка во грбот или колеги кои постојано се жалат на необјасниви болки во зглобовите. Доколку вие никогаш не сте го доживеале истото, веројатно не сте сочувствувале многу со нив. Нивните болки сте ги објаснувале како „психосоматски“ што е модерен назив за реченицата „Од главата си патиме“.rnrnВистината е дека станува збор за нешто исто толку сериозно колку и „вистинските“ болести. Според истражувањето на доктор Саливан, која е познат невролог во лондонската државна болница, дури една третина од луѓето кои одат на доктор секој ден имаат симптоми кои не можат да бидат медицински објаснети.rnrnПсихосоматски болести: Зошто не треба да ја потценуваме врската меѓу психичкото и физичкото здравје?rnrnВо 1997 година, Светската Здравствена Организација (СЗО) спровела истражување во 15 различни градови ширум светот за да открие колку често матичните лекари се соочуваат со психосоматски симптоми кај нивните пациенти. Конечните резултати покажале дека 20% од пациентите покажале најмалку 6 медицински необјасниви симптоми, што е доволно за да се наруши нивниот секојдневен живот и нормално функционирање. Станува збор за навистина големи бројки кои не треба да се игнорираат. Не се работи за луѓе кои се преправаат дека се болни само за да добијат внимание. Ова е нешто вистинско.rnrnДоктор Саливан во нејзината книга се обидува да објасни зошто светот треба да го промени начинот на размислување за врската меѓу нашето физичко и психичко здравје. Зборот „психосоматски“ подразбира „физички симптоми што се појавуваат од психички причини“. Но, тоа не значи дека овие симптоми не се вистински. Доколку сте доживеале нешто слично, многу добро знаете дека болката е вистинска, исцрпеноста е вистинска, непријатноста е вистинска. Сепак, ваквите симптоми не може да се објаснат со тестови и прегледи и затоа многупати се игнорирани. Тестовите на пациентите се уредни, но тие сѐ уште се чувствуваат болни. Докторот не може да ја најде причината за нивната болка, па тие почнуваат да се сомневаат во нејзиното постоење или ја објаснуваат како „психосоматска“ што за жал со себе повлекува многу предрасуди.rnrnПоимот го содржи префиксот „психо“ поради што пациентот се чувствува виновно. Смета дека може да направи нешто и да ја спречи болката, но ваквите состојби не функционираат на тој начин. Тоа не значи дека симптомите не се вистински, туку дека треба да бидат лечени од психички аспект, а не од физички.rnrnПсихосоматски болести: Зошто не треба да ја потценуваме врската меѓу психичкото и физичкото здравје?rnrnВо нејзината книга, доктор Саливан има собрано голем број случаи на пациенти кои биле обележани со етикетата „психосоматски“. Таа раскажува за Паулин, амбициозна млада жена која целата нејзина младост ја поминала во болки и непопустливи напади. Таа почувствувала значително олеснување на симптомите откако почнала да оди на психијатар.rnrnПотоа, таа го објаснува случајот на Метју кој бил убеден дека има мултипла склероза сѐ додека доктор Саливан не го уверила дека потиснатиот стрес ги попречува пораките што мозокот им ги испраќа на неговите нозе. Психичките терапии значително ја подобриле неговата состојба.rnrnПостојат уште илјадници вакви случаи. Сите се уникатни и тешки за дијагностицирање, но вистински се.rn

    „Нема смисла да ја игнорирате оваа појава. Болестите кои се јавуваат од психолошки причини се насекаде околу нас и навистина постојат. Станува збор за многу чест проблем што може да се појави кај секого – кај нас и кај луѓето што ги познаваме и сакаме“, објаснува доктор Саливан.

    rnСите ние треба да покажеме поголема емпатија за медицински необјаснивите нарушувања и да не ја потценуваме можноста дека физичките симптоми имаат психичко потекло. Ако размислите подобро, ние постојано се соочуваме со ваквите симптоми на пример, кога се смееме, кога црвенееме од срам, кога плачеме… Па, зошто не можеме да го прифатиме истото објаснување за физичката болка што не може да се објасни со постоечка болест?rnrnПотребно е да се подигне свеста кај луѓето за неоспорливата врска меѓу нашето физичко и психичко здравје. Треба да се потсетиме дека само затоа што болеста не може лесно да се објасни, не значи дека не треба да се сфати сериозно.

  • Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

    Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравје

    Сите уживаме во прекрасниот поглед на езеро, море, океан, река. Често знаеме да кажеме дека чувствуваме некаква посебна смиреност кога сме покрај вода. Одморите покрај големи води се најпопуларните низ светот и асоцираат на релаксација и квалитетно поминато време. Поради тоа, не сме зачудени од резултатите на неодамна спроведената студија, којашто потврдува дека водата е добра за психичкото здравје на човекот.rnrn(0) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnСтудијата, објавена во магазинот „Health and Place“, укажува на тоа дека луѓето кои живеат блиску до вода имаат подобро ментално здравје од оние кои немаат водени површини во својата близина. Иако досега се веруваше дека оние кои се опкружени со шума имаат поголеми предности во зачувувањето на психичкото здравје, студијата тврди оти водата ги „победува“ дрвјата. Што е толку значајно во водата и како таа влијае врз нашата психа?rn

    1. Водата е поголема од вашите проблеми

    rn(1) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnИако студијата опфатила луѓе кои живеат покрај мориња и океани, истото може да се однесува и на оние кои животот го минуваат покрај езера или реки. Има нешто особено во гледањето и слушањето на водата, нејзиното бранување и движење, како и звукот што го испушта во нејзината постојана промена. Тоа е нешто многу поголемо од луѓето, од нивните проблеми, од нивниот стрес. Тоа овозможува да добијат појасна слика за својата позиција и улога. Многу често луѓето, додека ја гледаат и слушаат големата вода, не се ни свесни за перспективата којашто ја добиваат, но длабоко во нив нештата стануваат појасни.rn

    2. Можеби е до воздухот?

    rn(2) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnУште многу одамна, пациентите кои имале одредени психички проблеми биле упатувани на места што се наоѓале покрај океани. Се сметало дека единствено подолг престој покрај океан можел да ги излекува болките кај некои пациенти. Можеби не успевало кај сите, но кај голем дел, воздухот покрај океаните бил единствениот и последниот спас. Денес таквиот начин на лекување ретко се применува, но затоа пак, многу почесто луѓето одат на летување и минуваат барем неколку дена од годината покрај море и езера. Научниците не се сигурни што точно го подобрува менталното здравје на луѓето. Можеби тоа е специфичниот воздух на тие прекрасни места.rn

    3. Брановите влијаат позитивно на човечката психа

    rn(3) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnКога се вели бранови, се мисли на сиот природен процес што се случува во морињата и океаните. Без оглед што се случува во вашиот живот или воопшто во светот, бранувањето и постојаната промена во големите води никогаш не престанува. Плимата и осеката се случуваат постојано. Брановите удираат во бреговите, некогаш посилно, некогаш сосема нежно, без оглед на случувањата во водата и надвор од неа. Можеби таа сериозност на големите води го полни човекот со сила и енергија да продолжи понатаму и кога е најтешко. Во надоаѓањето и повлекувањето на водата се крие мудроста на постоењето.rn

    4. Што доколку не можете да си дозволите живот покрај вода?

    rn(4) Научниците потврдија: Живеењето покрај вода го подобрува менталното здравјеrnrnНо, за жал, колку и да е убаво и здраво да се живее покрај вода, голем дел од луѓето не можат да си дозволат живот покрај море, океан, езеро, река. Огромен број луѓе живеат далеку од водени површини. Но, и тие можат да направат нешто со кое ќе си го подобрат менталното здравје.rnrnЕден од предлозите се одмори покрај вода. Не мора тие да бидат во луксузни туристички центри, туку можете да најдете прекрасен мир и во мали и не толку развиени места. Исто така може и да изнајмите некоја мала куќичка покрај река, езеро или море на подолг временски период и секое слободно време да го минувате таму. Доколку во местото каде што живеете има мала река или вода, често посетувајте го нејзиниот брег. Секогаш кога ќе ви се отвори можност да престојувате покрај вода, дури и на еден час, искористете го тоа, ќе се зачудите колку многу ќе помогне во подобрувањето на вашето ментално здравје.

  • 21 знак дека доживувате „губење на душата“

    21 знак дека доживувате „губење на душата“

    Во нашето општество се појавува еден таинствен феномен кој е познат како „губење на душата“. Го доживуваат луѓе од сите старости, полови, раси и потекла.rnrnГубењето на душата е појава која на домородците им е позната илјадници години и тие ја сфаќаат како резултат на внатрешната фрагментација предизвикана од незнаењето, трауматичните искуства, односно од интензивниот шок на телото и психата.rnrnКога доживуваме губење на душата, дел од нашата душа – или животната есенција, се крие или се исклучува, спречувајќи нè да го изразуваме и доживуваме нашиот потенцијал и целесообразност на човечкото битие.rnrn1-21-znak-deka-dozhivuvate-gubenje-na-dushata-kafepauza.mkrnrnЧестопати, цели аспекти на нашата психа се целосно блокирани. Иако, на многумина „губењето на душата“ може да им звучи непријатно познато, тоа искуство е обично привремено и со правилна духовна работа, изгубените елементи на нашето сепство можат да се реинтегрираат во нашите животи.rn

    Што претставува губењето на душата?

    rnВо филозофијата на шаманизмот, основното разбирање за губењето на душата е објаснето на следниов начин: делови од нашата душа патуваат во други сфери или алтернативни реалности, а понекогаш можат да бидат и опседнати со духови. Од шаманистичка перспектива – ако тие делови од нашата душа не се вратат назад, тогаш нема да можеме да ги пронајдеме внатрешната исполнетост и целосност. Пред настанокот на психологијата, ова објаснување било единствениот начин на кој првобитните култури можеле да си ја објаснат ваквата невообичаена појава, за да го пронајдат нејзиниот лек – што било возможно.rnrnГубењето на душата е всушност правило, а не исклучок. Како поединци, освен ако не станеме разбудени души, ја губиме душевната енергија секогаш кога се идентификуваме со нашето его; секогаш кога бараме чувство на исполнетост преку зависност, стимулација, догматски уверувања, условени односи и работохоличарство.rnrnОсвен нашата неспособност да се чувствуваме целосно, кога доживуваме губење на душата почнуваме да доживуваме и чувство на слабост, умор, депресија, тегоба и празнина. Ние само знаеме дека нешто недостасува во нашиот живот – но многумина од нас не знаеме што е тоа.rnrnРазбирањето на губењето на душата како губење или делење од највиталните делови од себството, во психологијата се нарекува „дисоцијација“ – корен на многу ментални болести.rnrn2-21-znak-deka-dozhivuvate-gubenje-na-dushata-kafepauza.mkrn

    Психолошка позадина на губењето на душата

    rnВо оној момент кога ќе ја спознаеме нашата душа (или свест) како сила на енергијата, сѐ што создава редукција на таа енергија ќе резултира со безволие и депресија. Да се направи дисбаланс во внатрешната психа значи да се дозволи делови од карактерот да станат независни и така да излезат од контролата на свесноста.rnrnПсихологот Карл Јунг го сфаќал овој процес како врска со нашето „психичко либидо“. Јунг сметал дека нашите психолошки особини се составени од различни „комплекси“ (или делови од нашиот поим за себеси), а главниот комплекс, кој е одговорен за контрола врз нас, е нашето „его“, кое претставува ментална слика која ја имаме за себе и за она што мислиме дека сме. Нашата свесна енергија може да биде ослабена поради тоа што еден од тие комплекси ја губи контролата врз егото и станува автономен, при што ја впива целата енергија од нашето психичко либидо и создава психолошка нерамнотежа која ја разнишува нашата природна целост.rnrnШто го предизвикува ваквото еманципирање на некој наш комплекс, кој станува тиранин што ја узурпира нашата свест? Одговорот е често таков што како „виновници“ за ваквиот феномен се наведуваат идентификувањето со нешто штетно и преживувањето на некој вид траума.rnrn3-21-znak-deka-dozhivuvate-gubenje-na-dushata-kafepauza.mkrn

    Пример кој може да ни помогне подобро да разбереме

    rnЗамислете едно мало дете кое е злоставувано и малтретирано. За да го поднесе ваквото страшно искуство, детето бега на тој начин што се дистанцира и живее во некој свој свет. Во процесот на самозаштита, детето создава различни алтер-ега или целосно различни личности внатре во себе, како еден вид одбранбен механизам.rnrnВо психологијата ова се смета за „нарушување на повеќекратна личност“ (познато и како растројство на дисоцијативен идентитет). Лесно е да се разбере зошто племенските култури тоа го сметале за губење на душата. Меѓутоа, во суштина, психолошката дисоцијација (одвоеност) е природен начин на заштита на нашиот психички организам против силните трауми преку блокирање на тие ситуации.rnrnСепак, на крајот на краиштата, наша одговорност е да го штитиме нашиот организам, нашата душа. Меѓутоа, губењето на душата или психолошката дисоцијација не е ограничена на тие екстремни случаи и може да се најде во различни животни ситуации.rnrnЗависноста, нарушувањата во исхраната, растројствата во идентитетот, посттрауматскиот стрес, депресијата, нарцисоидното однесување, ниската самодоверба и проблемите со неприлагодувањето се сѐ почести предизвикувачи на губењето на душата во нашето површно, брзо, материјално, модерно општество кое е лишено од секое чувство на светост.rnrnМладата жена која сонува да стане уметник, но мора да ги оствари очекувањата на своите родители и да стане доктор, ќе изгуби дел од својата душа, игнорирајќи еден есенцијален дел од своето битие. Претпоставете дека младата жена ќе продолжи напред и ќе го следи својот сон да стане уметник, но длабоко во себе и понатаму ќе зависи од одобрението на своите родители. Тогаш таа или ќе ги обвинува родителите или ќе избегнува да преземе одговорност за реализирањето на својот сон, или пак ќе развие ниска самодоверба бидејќи не е прифатена од страна на своите родители. Оваа приказна може да ви се чини позната. За среќа, постојат многу начини како одново да ја најдете целоста и да го поттикнете развојот на автентичноста, самоистражувањето, љубовта кон себеси и себетрансформирањето.rnrn4-21-znak-deka-dozhivuvate-gubenje-na-dushata-kafepauza.mkrn

    Знаци на губење на душата

    rnПостојат многу физички, психолошки и духовни симптоми поврзани со губењето на душата. Кога го доживуваме овој феномен, резултатите ќе се гледаат во губењето на душевната енергија или самата виталност на нашиот живот. Ова губење на енергија ни го оневозможува живеењето на здрав, исполнет и креативен живот. Понекогаш губењето на душата може да трае цел живот што резултира во развој на самодеструктивна личност која често колоквијално ја нарекуваме „изгубена душа“. За да ги обновиме изгубените делови од себеси и одново да воспоставиме рамнотежа, да имаме цел и да бидеме фокусирани, мораме да ги идентификуваме симптомите на изгубените души во себе.rnrnСледуваат некои од најчестите симптоми:rn

      rn011

    1. Некои сеќавања и делови од вашиот живот се блокирани.
    2. rn011

    3. Поминувате низ периоди на депресија.
    4. rn011

    5. Се чувствувате како некои делови во вас да недостасуваат или се скршени.
    6. rn011

    7. Чувствувате општа парализираност во животот.
    8. rn011

    9. Ве преплавуваат чувства на страв и анксиозност.
    10. rn011

    11. Поминувате низ долги периоди на несоница.
    12. rn011

    13. Се чувствувате изгубени или нецелосни.
    14. rn011

    15. Се чувствувате како „друга личност“ после некоја шокантна или трауматична случка.
    16. rn011

    17. Се чувствувате неспособни да решите некои проблеми во вашиот живот.
    18. rn011

    19. Се чувствувате разочарани од животот.
    20. rn011

    21. Се чувствувате како да постојат повеќе „личности“ во вас.
    22. rn011

    23. Се обидувате да побегнете од проблемите, свртувајќи се кон алкохолот, телевизијата или претераната зафатеност.
    24. rn011

    25. Се чувствувате недостојни за љубов.
    26. rn011

    27. Ја доживувате темната страна на душата.
    28. rn011

    29. Сакате да си ја најдете својата цел и смисла во животот.
    30. rn011

    31. Се чувствувате како вашиот секојдневен живот да е бесмислен.
    32. rn011

    33. Избегнувате да се чувствувате ранливи и ги држите другите подалеку од вас.
    34. rn011

    35. Посакувате целосност и чувство на припадност.
    36. rn011

    37. Понекогаш се чувствувате како да немате контрола над себе.
    38. rn011

    39. Постојано чувствувате психичка и физичка премореност без за тоа да постои медицинска причина.
    40. rn011

    41. Копнеете по автентичност и целосно прифаќање на себеси.
    42. rn

    rnЗа да ги пронајдете изгубените фрагменти од вашата душа и да го обезбедите нивното враќање во вашиот живот, најпрвин треба да научите да го живеете животот во рамнотежа и да се сакате и почитувате себеси.rnrnДа научите да ги реинтегрирате изгубените елементи од вашата душа преку вежбање инволуција, значи да живеете живот кој е промислен, со фокусирано срце и совршен баланс на психата и телото.

  • Ако сте психички силна личност, тогаш сигурно не ги кажувате овие работи

    Ако сте психички силна личност, тогаш сигурно не ги кажувате овие работи

    Сите би сакале да бидат психички силни луѓе кои би преживеале секаков пад во животот. Колку и да ни се чини на моменти убав и лесен, животот е исполнет со падови, мали и големи, кои на еден или друг начин влијаат на нас. Некогаш не сме ни свесни дека дадена ситуација за нас претставува загуба, слегување на подолно морално ниво и сл. И додека секој функционира индивидуално справувајќи се со животните падови на свој начин, постојат одредени нешта кои можат да ви укажат колку всушност сте подготвени да се справите со тие падови во зависност од вашата психичка состојба.rnrnako-ste-psihichki-silna-lichnost-togash-sigurno-ne-gi-kazhuvate-ovie-raboti-kafepauza.mkrn

    „Заслужувам да бидам среќен/на“

    rnИако можеби се чини како добра мотивација кон доаѓање во состојба во која би биле среќни, ваквата изјава, како и сите изјави од сличен карактер, можат всушност да ја оддалечат уште повеќе таа цел. Како? Многу лесно може да се најдете себеси како ја очекувате таа среќа на погрешни места и од погрешни луѓе. Кога наместо помислата дека заслужувате среќа би поминале повеќе време посветувајќи се на луѓето и работите кои ги сакате и кои ве исполнуваат, среќата која ја барате ќе дојде сама по себе.rn

    „Побрзо би молел/а за прошка отколку да барам дозвола“

    rnИ додека самите зборови нагласуваат дека станува збор за нешто што веројатно не би требало да го правите, она што треба да се запрашате е дали тоа што имате намера да го направите вреди за последиците кои ги носи со себе? Уште повеќе, кои точно последици се тие? Дали влијаат на вас или на вашите сакани, дали некому ќе предизвикаат проблеми, дали ќе го означат крајот на нешто? Правејќи нешто што уште на самиот почеток ве тера да мислите дека ќе треба да барате прошка на крајот е нешто што не треба да го направите, барем не во тој момент. Ако ништо друго, можеби би било подобро убаво и детално да ги разгледате околностите, така што кога конечно ќе се решите да го направите првиот чекор, ќе бидете сигурни во себе знаејќи зошто навистина го правите тоа.rnrn(1)-ako-ste-psihichki-silna-lichnost-togash-sigurno-ne-gi-kazhuvate-ovie-raboti-kafepauza.mkrn

    „Животот е само еден“

    rnИзговори. Изјави како оваа се доказ дека барате изговор во животот да направите нешто што разумот во вас не би ви го дозволил во која било друга околност. Убедувајќи се себеси дека животот е еден, вие всушност си давате дозвола да направите нешто нетипично за вас. Да, некогаш тоа е добра работа бидејќи на тој начин пребродувате некои стравови, доживувате нешто возбудливо и различно од вашето секојдневие, запознавате нови луѓе. Но многу почесто, се наоѓате себеси уверени дека ова важи и за сите останати гранки во вашиот живот. На тој начин, вие сигурно ќе се најдете во ситуација кога ќе направите нешто што не е во ред, често дури и несвесни дека е така.rn

    „Само сум искрен/а“

    rnМожеби ве учеле како мали дека секогаш треба да бидете искрени, но факт е дека искреноста не е секогаш најдоброто решение (барем не во целост), а уште помалку изговор во секој аспект од вашиот живот. Искреноста е навистина во поголем дел од случаите подобро решение во споредба со премолчувањето (никогаш со лажењето), но често свесно или не, луѓето ја користат како добар изговор да повредат некого или да направат нешто што не е во ред. Така, наместо искрени, поверојатно е дека ќе делувате како груби и безобразни луѓе кои немаат почит кон нечии чувства.rn

    „Не се грижам што мислат другите“

    rnОва во целост ве карактеризира како сосема бесчувствителна личност која не се грижи за туѓите мисли, чувства или ставови и која се обидува да се убеди себеси дека е подобра од сите останати. Иако има вистина во тоа дека постојаното согласување и удоволување секому не е здраво, постои уште поголема вистина во тоа дека секој човек треба да има обѕир кон луѓето околу себе. Нема потреба да се согласите со нечие мислење ниту, пак, да правите нешто што не го сакате, но покажете почит кон личноста со која зборувате на тој начин што барем ќе ја ислушате докрај. Никогаш не можете да знаете што тој/таа има да ви каже и како тоа на крајот може да влијае на вас.

  • Секојдневно ги правите: Навики кои ги уништуваат расположението и психата

    Секојдневно ги правите: Навики кои ги уништуваат расположението и психата

    Депресијата не мора да се јави само за време на големи животни промени: губење на работното место или пак саканата личност, смрт, лоша финансиска ситуација… Чувството на тага, осаменост, беспомошност може да се појави и како последица на многу работи кои секојдневно ги правите. Погледнете кои 8 навики го саботираат доброто расположение и менталното здравје.rnrn1-sekojdnevno-gi-pravite-naviki-koi-gi-unishtuvaat-raspolozhenieto-i-psihata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Премногу фотографии

    rnФотографиите се одличен начин да ги зачуваме моментите за да не ги заборавиме. Меѓутоа, една студија објавена во списанието „Психолошка наука“ покажува дека фотографирањето може да ја намали нашата меморија. Некои од учесниците во истражувањето биле замолени да фотографираат одредени објекти, додека други требало само да ги набљудуваат. Учесниците кои само ги набљудувале објектите ги запомниле подобро за разлика од оние учесници кои ги набљудувале и фотографирале.rnrnОбјективот е всушност ѕид помеѓу нашите очи и спречува мозокот да ги запомни работите. Кога ќе забележите нешто интересно и занимливо, наместо веднаш да го дофатите фотоапаратот или пак телефонот, најнапред уживајте некое време во таа убавина за убаво да го запомните тој момент, а потоа сликајте (ако навистина морате).rn

    2. Малку сте активни во текот на денот

    rnДоколку сте активни 3 пати во текот на неделата, ризикот за појава на депресија е само 19%, потврдува една нова студија. Колку е вежбањето важно, не само за физичкото туку и за психичкото здравје, потврдува и Универзитетот во Лондон, каде што истражувачите пронашле врска помеѓу физичките активности и првите симптоми на депресија.rnrnЗапомнете: секој пат додека вежбате или додека сте активни, шансите да паднете во депресивна состојба се многу мали. Фатете ја среќата: сè што треба да направите е да се поместите и да пронајдете каква било активност. Возете велосипед, правете вежби, трчајте, качувајте се по скали…rn

    3. Токсични врски

    rnМногу луѓе не сфаќаат дека причината поради која се депресивни е нивната токсична врска, која не им годи. Врската која не ги задоволува сите потреби ја црпи енергијата и остава простор за тага и депресија. Доколку забележувате дека во врската не сте среќни како порано, пронајдете ја причината. Убаво размислете кога тргнало на лошо и дали има надеж дека тоа ќе се поправи. Доколку мислите дека само губите време, раскинете побрзо, пред депресијата да зачука на вашата врата.rn

    4. Малку смеа

    rnПоставете голема насмевка на вашето лице додека ги читате следните редови. А знаете ли поради што? Бидејќи насмевката е најдобар лек за психичкото здравје. Секојдневно пружајте си доза смеа. Дали тоа ќе биде предизвикано од вашата најдобра пријателка или пак од комедија, изборот е ваш. Најважно е да се смеете.rnrn2-sekojdnevno-gi-pravite-naviki-koi-gi-unishtuvaat-raspolozhenieto-i-psihata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Малку сон

    rnМожеби звучи како клише, но сонот и смеата се најдобри лекови за сè! Сонот е неопходен за мозокот да се регенерира, а телото да се одмори. Секогаш кога ќе почувствувате тага, анксиозност или депресија, обидете се да отспиете барем еден час и веднаш ќе забележите подобрување.rn

    6. Никогаш не сте сами

    rnВерувале или пак не, понекогаш преголемата група пријатели и метежот може негативно да влијаат на нашиот нервен систем. Затоа, 10 минути самотија ќе делуваат како мелем за вашата психичка состојба.rn

    7. Не можете да живеете без мобилен телефон

    rnСетете се кога последен пат сте биле без електронски уреди. Не се сеќавате? Мора да ве предупредиме дека ова не е добар знак. Доколку сте константно во допир со своите уреди, вашето тело и ум немаат можност да се регенерираат и да се опуштат. Иако мобилниот телефон и интернетот ни овозможуваат изобилство на информации и олеснувања, преголемото користење може да предизвика депресивна состојба.rn

    8. Мултитаскинг

    rnДенес речиси секој од нас има мултитаскинг вештини: јадеме на работната маса, го проверуваме Фејсбук профилот додека гледаме телевизија… Едно истражување покажа дека всушност не сме попродуктивни ако извршуваме неколку работи истовремено. Мултитаскингот може да предизвика стрес поради кој не можеме да комуницираме нормално. Исклучете ги телефонот и телевизорот и обидете се да се сконцентрирате само на една работа или на работите кои се случуваат околу вас. Верувале или не, ова можеби ќе биде најдобрата работа која може да ја направите во текот на денот за своето ментално здравје.

  • 7 ефективни начини на кои психички силните луѓе се справуваат со стресот

    7 ефективни начини на кои психички силните луѓе се справуваат со стресот

    Кога стресот ќе ги замеша рацете во вашиот живот, постојат само две опции од кои може да изберете: да му дозволите да ве уништи или, пак, да најдете начин да се справите со него уште пред да се појави. Уште тука е јасна разликата меѓу психички силните и слаби личности. Во која група припаѓате вие? Бидејќи силните луѓе всушност…rn

    1. Прифаќаат дека стресот е дел од животот

    rnНевозможно е никогаш да не се најдете во стресна ситуација, а колку повеќе се нервирате во тие моменти или се убедувате себеси дека вие не го заслужувате тоа, толку полошо си правите себеси. Како што има моменти кога ќе бидете под огромен стрес, така ќе има и моменти кога ќе бидете опуштени знаејќи дека работите ви се под контрола. Прифаќањето дека стресот е неизбежен дел од секојдневието само ќе ви помогне полесно да поминете низ стресните периоди и побрзо да најдете начин да продолжите понатаму.rnrn(2)-7-efektivni-nachini-na-koi-psihichki-silnite-lugje-se-spravuvaat-so-stresot-kafepauza.mkrn

    2. Не ги преувеличуваат проблемите

    rnВо животот постојат проблеми за кои нема смисла да се нервирате. Зошто? Бидејќи некогаш едноставно не постои нешто што би можеле да го направите за проблемот да исчезне. Некогаш, проблемот и не е толку голем како што изгледа. Ако сте психички силна личност вие сте свесни за тоа. Не дозволувате работите кои не се во ваши раце или се целосно безначајни да влијаат на вашето расположение, а дури и кога се соочувате со навистина голем проблем, вие се обидувате тој да опстане барем во својата реална големина сѐ додека не успеете да најдете решение за него.rn

    3. Се грижат за своето физичко здравје

    rnЗдравото тело е подготвено да се избори со секој проблем и секоја стресна ситуација. А ако се прашувате каква врска има тоа, тогаш одговорот е многу едноставен – здравото тело има сила која му е потребна на мозокот кога се соочува во стресни ситуации. Психички силните луѓе се свесни дека слабото и изнемоштено тело нема да има ни волја ни моќ за да ги поднесе проблемите, па затоа тие се грижат за себе, се хранат здраво, вежбаат и никогаш не кратат од потребниот сон.rnrn(3)-7-efektivni-nachini-na-koi-psihichki-silnite-lugje-se-spravuvaat-so-stresot-kafepauza.mkrn

    4. Одбираат здрав начин за ослободување од стресот

    rnСтресот, нервозата и гневот кои се собираат во луѓето се неверојатно опасни состојки во сечиј живот. Наоѓањето вистински начин да се справите со овие чувства и состојби е од витално значење. Секој функционира различно и на свој начин, но она кое е заедничко за силните луѓе е фактот дека секогаш одбираат здрав пристап за соочување со проблемите. Првиот чекор е секогаш прифаќање на проблемите, а потоа соочување со нив при што паралелно ја празнат негативната енергија со зборување за нив или практикување на некое здраво хоби.rn

    5. Го балансираат социјализирањето со самотијата

    rnОдвојувањето време да бидете сами е подеднакво важно како и времето поминато со пријателите. Секогаш и секому му е потребен период во кој ќе може да си ги организира мислите, да прочита некоја книга, да направи нешто само за себе. А кога тој некој си дал себеси време да ги согледа и организира работите во својата глава, особено кога станува збор за проблемите, тогаш тој некој ќе успее со помалку стрес и да ги реши. Истовремено, дружењата се од голема помош бидејќи придонесуваат кон опуштање и забава, како и свеж поглед кон работите. Од оваа гледна точка, рамнотежата помеѓу овие две точки е многу важна.rnrn(1)-7-efektivni-nachini-na-koi-psihichki-silnite-lugje-se-spravuvaat-so-stresot-kafepauza.mkrn

    6. Не бегаат од изборот кој го направиле

    rnЖивотот постојано нè носи на крстопати на кои сме приморани да избереме по кој пат ќе продолжиме да одиме. Она што многу луѓе го прават е каење доколку излезе дека тој пат не бил вистинскиот. Но она кое тие го забораваат е дека во тој момент, постоела одредена причина зошто сепак се одлучиле да го направат изборот кој го направиле и веројатно повторно би го избрале истото кога повторно би се нашле во таа ситуација без да ги знаат последиците. Психички силните луѓе не бегаат од изборот кој го направиле, тие го признаваат и на тој начин си го намалуваат себеси стресот кој потекнува од непотребното оптеретување со прашања од типот на Што ако… ?rn

    7. Секогаш ја бараат позитивната страна дури и кога се чини како да не постои

    rnДури и во најлошите моменти и ситуации постои нешто што може да ви даде надеж и волја да продолжите да се борите. Способноста да ја најдете таа светла точка лежи во вашата желба да го направите тоа. Лесно е да се откажете, уште полесно да дозволите да потонете во светот на нема решение за проблемот, а најлесно е воопшто да не се ни обидете. Но тоа само кажува дека сте слаби и без волја. Од друга страна, ако сте психички силни, вие ќе го гледате светот каков што реално е, но никогаш не заборавајќи дека во сѐ постои малку надеж, дека секоја стресна ситуација може да роди нешто убаво и позитивно. А на тој начин, вие станувате само посилни и поодлучни.