За овој пронајдок е заслужна компанијата Нетфликс, а добро е тоа што овие чорапи може да ги изработи секој. Нетфликс веќе го промени традиционалното гледање телевизија, а со својот нов пронајдок оди уште еден чекор понапред. Имено, популарната компанија во соработка со агенцијата „Deeplocal“, направиле чорапи кои можат да детектираат дали сте заспале додека гледате некоја содржина на Нетфликс, по што автоматски го паузираат тоа што сте го гледале. На тој начин луѓето нема да пропуштаат ништо важно од своите омилени емисии, ТВ серии или филмови.rnrnrnrnСистемот за детекција на заспивањето се базира врз популарен метод кој се нарекува актиграфија. Во овие чорапи има вградено детектор за забрзување кој забележува кога подолго време не се движите и кој потоа испраќа сигнал до телевизорот за автоматско паузирање на тоа што го гледате. Пред да се случи тоа, се вклучува црвена ламба на работ од чорапите, сигналирајќи ви дека наскоро ќе биде паузирана програмата. Сигналот може да биде спречен со каков било вид движење. Детекторот за забрзување е осетлив и на најмалите движења, што значи дека прави разлика помеѓу тоа дали сте заспале или само седите мирно додека гледате нешто на Нетфликс.rnrnrnrnПогледнете го следново комплетното упатство за изработка на овие чорапи кои Нетфликс го објави на својот веб-сајт.rnrn
Веројатно никогаш не сте помислиле дека ви се потребни, но постојат неколку предмети коишто можат да ја подобрат вашата бања. Погледнете ги овие неколку нешта со чијашто помош ќе го направите вашето следно одење во бањата многу полесно.rn
1. Помагало за подигање на капакот од веце-шолјата
rnВашата врска не мора да заврши токму поради ова. Морате да признаете дека тоа е проблем, но овде го имате решението.rnrnrn
rnДоколку не сте на плажа, барем можете да завршите со топла, сончева удобност доколку ја користите оваа закачалка којашто ќе ги затоплува вашите крпи.rnrnrn
4. Подлога за потпирање при бричење
rnЗатоа што одржувањето баланс на една нога додека држите сечило, никогаш не е добра идеја!rnrnrn
6. Предмет што прска вода и прави меурчиња во кадата
rnОва посебно ќе ги израдува мајките, коишто веќе не ќе мора да се грижат за своите малечки додека се бањаат. Не дозволува влегување сапуница во очите.rnrnrn
7. Помагало за миење на вашата коса
rnИзбегнете ги кавгите – за ова мажите ќе ви бидат вечно благодарни!rnrnrn
8. Магнетен држач за сапун
rnСапунот е лизгав, затоа ставете го на безбедно и избегнете го лизгањето.rnrnrn
9. „Жива“ черга за во бања
rnБидете секогаш во допир со природата. Ставете ги мокрите стапала на оваа черга и погледнете како растенијата растат. Едноставно прекрасно!rnrnrn
10. Чистачи за огледалото во бањата
rnПонекогаш сте нестрпливи за да се видите во огледало. Па, не дозволувајте во тоа да ве спречи кондензацијата.rnrnrn
11. Држач за фен
rnЗатоа што тешко е да направите совршена коса. Не ви треба само едната рака. Ви требаат и двете!rnrnrn
12. Истиснувач на пастата за заби
rnПопулацијата расте, а ресурсите се ограничени. Трошете рационално.rnrnrn
Како и сѐ останато, класичната фотографија која ни е денес на сите позната не била отсекогаш таква каква што ја знаеме. Првите почетоци на хартиената фотографија се забележани во 1839 година, кога Вилијам Хенри Фокс Талбот го создал солениот принт.rnrnТалбот бил британски инвентор кој, покрај уметноста, се интересирал и за природните науки, астрономијата, филозофијата и сл. За фотографијата покажал поголем интерес кога, за време на својот меден месец, се разочарал од начинот на кој функционирала тогашната камера луцида. Ова бил уред чиј принцип на работа се засновал на оптичко преклопување на предметот кој се црта и неговата нацртана слика на површината на која уметникот цртал. Според Талбот, кога уметникот ќе ги тргнел очите од призмата низ која сѐ било убаво, хартијата чувала само меланхолични траги оставени од моливот на уметникот.rnrnФотографија на Вилијам Талбот, Големиот брест во Лакок – солен принт на хартија добиен од принт негатив (1843-1845 година)rnrnБазирано на неговата разочараност и прашувајќи се колку би било убаво да постои уред со кој природните слики би оставале фиксни отпечатоци на хартијата, тој почнал да експериментира и да изнаоѓа начини да ја реализира својата идеја. При неговите експерименти, тој користел сол и сребро нитрат кои ги нанесувал врз хартија за пишување која потоа ја оставал да потемни на сонце. За да спречи преголемо потемнување на сликата, тој додавал уште еден, втор слој на сол. На почетокот, експериментирал со растенија кои ги притискал врз сензибилна хартија со помош на парче стакло и потоа ги оставал да отстојат на сонце. По одреденото време за потемнување, го тргал растението од хартијата, а на негово место имало отпечаток од неговиот облик.rnrnФотографија на Феликс Надар, Мариета – солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (околу 1855 година)rnrnОваа своја идеја, Талбот ја нарекол уметност на фотогенично цртање. Со тек на време, тој го усовршил својот метод и успеал засекогаш да ја промени насоката во која одела фотографијата пред него. Иако на почетокот користел само сребро нитрат при што се добивала доста бледа слика на хартијата, понатаму открил дека се добива многу подобра слика кога на хартијата ќе се нанесе прво солта, а потоа сребро нитратот. Сликите биле меки и делувале исенчани, но успевале да ги доловат сите оние детали кои со претходниот метод на фотографирање не биле достапни. Во поглед на бојата, на сликите се разликувале сепија, лилава, црница, теракота, сребрено-сива и јаглен-црна.rnrnФотографија на Роџер Фентон, Група хрватски главатари – солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (1855 година)rnrnПрвата изложба на вакви фотографии зазема место во уметничката галерија Тејт Британ во Лондон, под името Сол и сребро: Рана фотографија 1840 – 1860. Техниката на Талбот се раширила многу брзо насекаде низ светот, а за неа се заинтересирале уметници, научници, авантуристи и претприемачи кои во овој метод виделе голем потенцијал.rnrnКористејќи ја техниката на Талбот, биле насликани природни чуда, архитектонски остатоци, разголени тела на луѓе, портрети и улици и сите со различен степен на острина и сенка.rnrnФотографија на Џон Бизли Грин ел Асасиф, Порта на гранитната роза – солен принт на хартија добиен од восочен негатив (1854 година)rnrnСо започнување на викторијанското време на модерни пронајдоци, му дошол и крајот на солениот принт. Тој бил заменет со нови изуми во полето на фотографијата, а тој развој трае и до ден-денес. Сепак, овој пронајдок на Талбот бил и ќе остане точка на пресврт за фотографијата како област, па и покрај нејзината еволуција, може да се забележат жанрови кои останале константни со текот на времето. Овие фотографии се дел од едно неверојатно искуство за секој кој ќе ги погледне, делувајќи како да ќе исчезнат од пред нашите очи во секој момент.rnrn
Колку пати ви се случило на излегување од дома да забележите дека вашиот мобилен има нешто помалку од 7% батерија? Во такви ситуации сигурно сте многу нервозни и постојано се прашувате дали ќе издржи батеријата додека да се вратите дома. Но, благодарение на иновативните луѓе, овој проблем може набрзо да стане минато.rnrnrnrn„GoPlug“ торбите во себе содржат вградена батерија која ви овозможува преку стандарден или УСБ кабел да го полните вашиот мобилен телефон, фотоапарат, компјутер и таблет без разлика на вашата локација. Батеријата ќе го наполни вашиот мобилен 6-8 пати, таблетот 2 пати и двојно ќе му го продолжи животот на вашиот лаптоп пред да треба повторно да го полните. Овој пронајдок е совршен за оние кои постојано патуваат, а особено од корист може да ви биде за по аеродроми, конференции и сл. Постојат неколку различни видови торби, во зависност од намената, од мали торбички за таблет, торби за лаптоп и за фотоапарат, па сѐ до големи куфери.rnrnrnrnПроектот се финансира преку Кикстартер, а преостануваат уште само неколку дена пред официјално да се најде на рафтовите во продавниците.rnrnrnrn
Од денешна гледна точка, можеби првиот мобилен телефон, првиот компјутер и првата фотографија ни изгледаат смешно. Сепак, после нивното откривање светот нема да биде ист. Погледнете ги следниве интересни пронајдоци како изгледале кога биле откриени.rnrnПрвиот мобилен телефон е Motorola DynaTAC 8000X. Го изработила компанијата „Моторола“ во 1983 година.Во 1946 година, научниците од универзитетот Пенсилванија, го комплетирале првиот електронски компјутер ENIAC.Првиот фрижидер за домашна употреба изгледал токму вака! Го измислил Фред В. Волф во 1913 година.Овие дами, вработени во познатиот нуклеарен истражувачки центар CERN, ја имаат честа да бидат на првата фотографија испратена на интернет во 1992 година. Таткото на вебот, Тим Бернерс-Ли, со помош на програмерот Силвано де Џенаро, ја обработиле во Фотошоп и ја поставиле на интернет.rnrnПрвото видео на Јутјуб е ставено во 2005 година. Го снимил Јаков Лапитски, а на него е прикажан еден од основачите на Јутјуб, Џод Карим во Зоолошката градина во Сан Диего.rn
rnrnМерлин Монро позира за првото издание на магазинот „Playboy“ во 1953 година.Првиот хард диск го лансира компјутерскиот гигант IBM во 1956 година. Тежел околу еден тон, а на него можело да се складираат 5 мегабајти со податоци.Во Франција во 1826 година, Жозеф Ниепс, ја направил првата фотографија во светот. На истата се доловени згради од фарма. За да ја направи оваа фотографија, на Ниепс му биле потребни 8 часови!Системот на пакување во уникатни стаклени шишиња, придонесе Кока-кола да се развие и да стане еден од најуспешните светски брендови. Кога била произведена во 1886 година, се продавала за 5 центи за чаша. Ова е првото шише дизајнирано за Кока-кола.rn
Понекогаш е навистина тешко науката да се одвои од магијата, а тоа особено важи за тимот научници од Универзитетот Аризона на чело со д-р Антонио Гарсија, кои направиле нож со кој капка вода може да се пресече на два дела. Без растекување, без неред – само чисто и едноставно пресекување на водата.Ножот е направен од мешавина на цинк и бакар. Пред употребата бил исчистен со ацетон, дејонизирана вода и етанол, а потоа бил исушен со нитроген. Се верува дека овој пронајдок може да воведе револуција во испитувањето на течностите, а дотогаш останува само да се восхитуваме на фактот што конечно може да сече и водата.rn
Дел од откритијата заради кои денеска животот ни е поедноставен и полесен, скапо ги чинеле нивните пронаоѓачи. Платиле со животот…rnrnrn
1. Мајкл Дакре – летечко такси (2009)
rnДакре загинал тестирајќи го сопствениот изум – летечко такси. По три неуспешни обиди за полетување, на четвртиот конечно се искачил на височина од 200 метри, но ја изгубил контролата врз еден од моторите и се урнал во град во Малезија. Дакре е единствениот загинат во ужасната несреќа.rnrnrn
2. Тан Ченгнијан – ултралесен авион (2007)
rnЧенгнијан е кинески фармер кој креирал ултралесен авион. Неговиот изум се урнал во селото во кое живеел, во провинцијата Шандонг во Источна Кина.rnrnrn
3. Карел Соучек – водена капсула (1985)
rnСоучек креирал нов тип капсула. Со неа успешно ги поминал Нијагарините водопади, но на вториот тест, на специјално изработениот водопад „Астродоум“ во Тексас, се случила неочекувана незгода. Капсулата прерано била пуштена и започнала неконтролирано да се врти. Наместо да се спушти во центарот на резервоарот со вода, таа удрила во неговиот раб. Соучек се здобил со тешки повреди, на кои им подлегнал наредниот ден.rnrnrn
4. Хенри Смолински – летечки автомобил (1973)
rnСмолински заедно со Харолд Блејк се обиделе да летаат со автомобил. При полетувањето се удриле во возило на крајот од пистата, по што избувнал силен пламен во кој и двајцата загинале. Несреќата се случила во Калифорнија, а проектот ги чинел два милиони долари и нивните животи.rnrnrn
5. Доналд Кемпбел – глисер „Сината птица“ (1967)
rnКемпбел со „Сината птица“ соборил осум светски рекорди. Последната цел му била со глисерот да развие брзина од 480 километри на час. На 4 јануари 1967 година, обидувајќи се да ја постигне целта, „Сината птица“ се превртела и се распаднала во водата. Кемпбел не ја преживеал несреќата.rnrnrn
6. Марија Кири – радиум (1934)
rnДобро ви е познато дека Марија и нејзиниот сопруг се заслужни за откривањето на радиумот. Епруветите со радиоактивни изотопи на овој елемент таа ги чувала во џебовите и во нејзиното биро. Долготрајното изложување на радијација било причина да се разболе од рак, од што подоцна и починала.rnrnrn
7. Александар Богданов – трансфузија на крв (1928)
rnРусинот Богданов трагал по вечна младост и открил дека може да се подмлади преку трансфузија на крв. Одлучил да вбризга крв од негов студент, незнаејќи дека тој е болен од туберколоза и од маларија. Богданов починал како резултат на овие заболувања. Претходно, во 1925 година, основал Институт за трансфузиологија и хематологија, кој подоцна го добил неговото име.rnrnrn
8. Томас Џуниор Ендрјус – Титаник (1912)
rnТој е креаторот на бродот Титаник, во кој загинаа 1.517 луѓе. На кобното патување на 14 април, во 1912 година, кога Титаник удрил во залутан глечер, на бродот бил и Ендрјус.rnrnrn
9. Вилијам Булог – машина за печатење (1867)
rnБулог е изумител на ротациона машина за печатење. Додека се обидувал да направи корекција на својот пронајдок, тој во него ја заглавил ногата и заработил тешка повреда. По неколку дена добил гангрена. Починал додека лекарите му ја ампутирале ногата.rnrnrn
10. Хенри Винстенли – Светилник (1703)
rnАнглискиот инженер Винстенли е конструктор на првиот светилник „Eddystone“, кој бил уништен во големата бура, во 1703 година. Таа ноќ, Винстенли ја очекувал бурата, но останал во светилникот за да ги доврши работите околу него. Верувал дека неговиот изум е толку многу добар што може да ја издржи и најсилната бура. За жал, не било така.rnrnrnrn rnrn
Во поодамнешните времиња, кога не постоеле компјутерите и интернетот, луѓето се труделе да го потрошат своето време правејќи некои креативни пронајдоци со кои си го олеснувале животот.rnОвие луди пронајдоци наменети за пушачите, никогаш не ни почнале масовно да се произведуваат, но сепак мора да се каже дека се доста креативни и интересни.rn.rn
rn011
Овој концепт ја заштитува вашата цигара да не се изгаси за време на дожд.
rn
rn.rn
rn011
Само за страсни пушачи – запалете ја целата кутија цигари одеднаш.
rn
rn.rn
rn011
Специјално само за парови кои сакаат да споделуваат…
rn
rn.rn
rn011
Не дозволувајте да ви падне пепелта. Казните денеска се доста високи.
rn
rn.rn
rn011
Одличен додаток за во друштво. Овој пат никого нема да гушите.
Автор: Мирослава СимоновскаrnrnКој би помислил дека козите се виновни за пронаоѓањето на вкусот што секое утро го буди светот?Според една распространета легенда, уште во 9-от век, едно козјо стадо во Етиопија, во местото Кафа, привлечено од жар црвената боја на плодовите, се доближило до грмушките кафе вкусувајќи го задоволството што ги расонува пилотите и доставувачите на пица.Овчарот што го чувал стадото, откако го забележал возбуденото однесување кај животните, ги однел плодовите во некој манастир кај група познати монаси. Тие ги свариле чудните „бобинки“ и го испиле напитокот, веднаш чувствувајќи ја возбудливата сензација. Од Етиопија, кафето се ширело до Египет и Јемен и до 15-от век стигнало до Персија, Турција и северниот дел од Африка.Денес, Бразил е лидер во извозот на кафе, а годишното производство е 110-120 милиони кесички. Магијата на ова „црно злато“, го обиколува светот со 50 билиони шолји, сварени во кафулињата и домовите. Секако, изворниот вкус ја задржува својата свежина поради тоа што зрнцата се чуваат во речиси вакуумска амбалажа и на ладно место.Кафето, после нафтата, е втор најизвезуван производ. По сé изгледа, козите „имаат нос“ за бизнис, нели?rnrn