КАФЕ ПАУЗА

Tag: презервативи

  • Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

    Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

    Ако ви е непријатно да купувате кондоми, не сте сами. Најновите истражувања покажале дека сѐ уште владеат многу негативни емоции во врска со купувањето контрацептивни таблети и презервативи. За оваа студија биле испрашани 1.000 Американци и 1.000 Европејци, кои требале да одговорат како се чувствуваат кога треба да купат кондоми и какви се нивните навики околу тоа. Резултатите покажале дека сѐ уште ни е незгодно да го правиме тоа, што укажува на голем проблем.rnrnИстражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат презервативиrn

    „Иако се смееме кога ќе чуеме како некој разговара за лубриканти и кондоми на каса, нашата одбивност кон купувањето средства за заштита на сексуалното здравје воопшто не е за смеење. Половина од бременостите се непланирани, а бројката на луѓе заболени од ХИВ се има зголемено дури за 73% во последните 10 години“, објаснил еден од истражувачите.

    rnКолку и да сакаме да се исмеваме поради тоа што зацрвенуваме кога купуваме кондоми, станува збор за сериозен проблем кој може да предизвика сериозни последици. Ова се резултатите од истражувањето:rn

    Купувањето секс играчки не е толку страшно

    rnИстражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептивиrnrnОколу 41% од мажите и жените биле возбудени кога требале да купуваат секси долна облека и лубриканти. Но, на 21% од нив им било непријатно, а 20% се чувствувале засрамено. Неколкумина изјавиле дека тоа им предизвикува анксиозност. Тоа значи дека дури и забавната страна на сексот може да предизвика стрес.rn

    Купувањето контрацептиви е многу пострашно

    rnИстражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептивиrnrnКога станува збор за купувањето контрацептиви, само 20% од жените и 28% од мажите биле возбудени поради тоа. На сите други им било непријатно. 80% од жените и 72% од мажите се чувствувале чудно, засрамено и нервозно. Загрижувачко е тоа што толку многу луѓе се чувствуваат вака во врска со нешто што може да влијае на нивното здравје.rn

    Мажите и жените имаат различни стравови

    rnИстражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептивиrnrnИнтересно е тоа што на мажите им било непријатно да купуваат кондоми од жени, а жените се плашеле од помислата дека ќе треба купат контрацептиви од некој познајник.rn

    На сите им се случило да избегаат од продавниците без да купат контрацептиви

    rnИстражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептивиrnrnЛуѓето на возраст од 45 до 54 години најмногу бегале од продавниците за да го одбегнат контактот со продавачите, но кај сите возрасни групи постојат вакви „бегалци“.rn

    Сите ја користат истата техника за да скријат што купуваат

    rnИстражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептивиrnrn41% од мажите и 46% од жените купуваат кондоми со тоа што ги ставаат на касата со предната страна свртена надолу, за другите луѓе да не можат да видат што купиле.rn

    Луѓето се подготвени да отпатуваат на подалечно место за да купат презервативи

    rnИстражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептивиrnrnНајголем број од хомосексуалците и бисексуалците купувале кондоми од подалечно место за да ја одбегнат можноста да налетаат на некој познајник, од очигледни причини. Но, речиси 20% од хетеросексуалците го правеле истото.rnrnКупувањето презервативи сѐ уште е табу тема, но тоа мора да се смени што е можно побрзо бидејќи соодветната заштита е најважна за нашето здравје. Нареден пат кога ќе купувате кондоми, насмејте се и гордо кренете ја главата.rnrnЗа да имате безбедни сексуални односи, прочитајте ги и овие 10 заповеди за кондомите.

  • Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

    Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

    Во денешно време жените почнуваат да доминираат во многу животни области и почнуваат да се занимаваат со работи кои порано биле незамисливи според општеството. Темите кои некогаш биле табу, сега се секојдневие и сѐ повеќе се зборува за сексуалната рамноправност помеѓу мажите и жените. Иако сѐ уште постојат поделени мислења во врска со ова прашање, денес не е никаква тајна дека и жените уживаат во сексот и истиот редовно го практикуваат. Според тоа, воопшто не е чудно што и тие носат презервативи, туку напротив може да се смета за многу позитивна работа.rnrnМомците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативиrnrnСепак многу млади девојки се срамат да носат кондоми со себе, бидејќи се плашат за тоа каков впечаток ќе остават. Сметаат дека ќе бидат осудени и дека момците ќе се почувствуваат загрозено ако дознаат дека и девојката е исто толку подготвена да има секс колку и тие. Меѓутоа, според една анкета машките реакции се сосема поинакви. Можеби ќе се изненадите, но ова се мислењата на момците за девојките кои со себе носат презервативи…rn

    Тие се самоуверени

    rn

    „Сметам дека тоа е позитивна работа, бидејќи девојката ја признава нејзината сексуалност, не се срами од неа.“

    rn

    Тие се опуштени

    rn

    „Мислам дека тоа е супер. Таа не го гледа сексот како нешто срамно, туку како природна потреба што сите ја имаме.“

    rn

    Се познаваат себеси

    rn

    „Според мене, тоа значи дека таа ги познава нејзините морални и етички вредности и водејќи се по нив донела активна одлука да биде одговорна.“

    rnМомците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативиrn

    Се грижат за себе

    rn

    „Секоја девојка мора да се грижи за себе и своето здравје, така што нема апсолутно ништо лошо во тоа да внимава и да се заштити.“

    rn

    Секогаш се подготвени

    rn

    „Таа практикува заштитен и сигурен секс, што е супер.“

    rn

    Тие се одговорни

    rn

    „Убаво е да се знае дека целата одговорност не ни припаѓа само нам, туку и девојките ја преземаат и носат со себе презервативи.“

    rnОдговорноста за носење презервативи не треба да се дели според полот бидејќи и момците и девојките имаат иста цел: Да имаат сигурен и пријатен секс. Така што, девојки, воопшто не двоумете се дали да понесете презервативи со себе на вашиот иден љубовен состанок, никој нема да ве осудува поради тоа.

  • Кондоми кои ја менуваат бојата кога се во допир со инфекции

    Кондоми кои ја менуваат бојата кога се во допир со инфекции

    Група научници од академијата „Исак Њутн“ во Есекс, Источна Англија, измислиле презервативи кои ја менуваат бојата кога ќе дојдат во контакт со сексуално преносливи инфекции.rnrnkondomi-koi-ja-menuvaat-bojata-koga-se-vo-dopir-so-infekcii-kafepauza.mkrnrnОвие кондоми имаат вграден индикатор за откривање инфекции како што се кламидија и сифилис, а бојата ќе се менува зависно од врстата на присутните бактерии.rnrnКреаторите на ова неверојатно откритие се 14-годишната Даниал Али, 13-годишниот Муаз Наваз и 14-годишниот Чираг Шак.rnrnГенијалноста на оваа група ученици е наградена со Тинејџ наградата за најдобра здравствена иновација.rn

    „Креиравме таканаречено ‘Око’ кое ќе претставува нов начин на откривање сексуално преносливи болести и кое ќе им помогне на идните генерации“ – изјавила Даниал.

    rnТаа додала дека сакале да направат нешто што ќе го олесни детектирањето на сексуално преносливите инфекции во приватноста на сопствениот дом без потреба од инвазивни процедури на лекар.rnrnОвие ученици како награда добиле 1.000 долари и пат до Бакингемската палата.rnrnМеги Филбин, основач и извршен директор на Тинејџ наградите од областа на науката, изјавила дека тие ги поттикнуваат учениците да ги пласираат своите идеи и надвор од училницата. Покрај наградата за овој изум, наградени се и учениците кои измислиле чевли што овозможуваат напојување со електрична енергија додека одат, како и електрична чешма која може да помогне во снабдувањето со вода во земјите во развој.

  • Презервативи со интересни амбалажи

    Презервативи со интересни амбалажи

    Овие презервативи имаат навистина многу интересни амбалажи. Смешните амбалажи имаат за цел да ги едуцираат и потсетат луѓето зошто е важно да купуваат и користат презервативи, но и да ја зголемат продажбата и профитот на производителите. Во продолжение ќе погледнете дизајни на презервативи од неколку производители кои навистина внимавале на нивниот продукт.Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кондоми потпишани од познатите личности

    Кондоми потпишани од познатите личности

    Некои од светски познатите личности имаат излезено со свои линии кондоми, други само го ставиле своето име на веќе постоечки бренд, а нечии имиња на ѕвезди биле злоупотребени само да се дојде до поголема заработка.rn
    rn

    Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

    rnВо еуфоријата на кралската венчавка во 2011 година, кога можеше да се продаде сè и сешто со ликот на Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, компанијата „Crown Jewels“ пуштила во продажба кондоми со нивниот лик, од едноставна причина што сакала на тој начин да даде придонес во прославата на венчавката.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Кеша

    rnСвојата слава Кеша ја користи за соработка со компанијата „Лајфсталс“. Првите кондоми ги поделила бесплатно на еден од нејзините концерти.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Лудакрис

    rnКомпанијата „Магнум“ барала рапер за да ги промовира своите производи во хип-хоп светот, а изборот паднал на Лудакрис. Тој прифатил кондомите да бидат брендирани со неговото име затоа што сакал да даде некаков придонес во борбата против сидата.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Мадона

    rnВерувале или не, Мадона никому не дала дозвола нејзиното име да се користи за оваа намена. Сепак, една европска компанија решила да ги пушти во продажба без да ја праша. Кондомите се продавале одлично сè додека компанијата не добила тужба и морала да ги повлече од пазарот.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Џулијан Асанж

    rnВеројатно ниту Џулијан Асанж не бил прашан дали може да се продаваат презервативи со неговиот лик на нив, но тој нема покренато судски спор околу ова прашање. Впрочем, овој бренд се појавил во знак на исмевање на слабите и неиздржани обвиненија за силување против Асанж. Нивниот слоган е: „Протекува и повеќе од вистината“.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Џин Симонс

    rnЛикот на Џин Симонс, вокалистот на рок бендот Кис, е првиот што се појавува не само на кутијата, туку и на самиот латекс. Таму стои сликата со неговиот исплазен јазик.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Дафт Панк

    rnПознато е дека ваков бренд постои и дека се вика „Get Lucky“, според нивниот голем хит, но сè уште не се знае дали и кога кондомите ќе излезат во продажба.Кондоми потпишани од познатите личностиrnrn

    Барак Обама

    rnКомпанијата „Say It With a Condom“ на последните претседателски избори во САД излезе со линија презервативи инспирирани од Претседателот Барак Обама. Слоганот беше: „Нема да се скине лесно како неговите ветувања“.Кондоми потпишани од познатите личности
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Методи на контрацепција и заштита од несакана бременост

    Методи на контрацепција и заштита од несакана бременост

    Не постои најдобар метод на заштита од несакана бременост бидејќи секој од нив има свои позитивни и негативни страни. Исто така, самиот избор на соодветна заштита на вашето тело не е воопшто едноставен. Постојат многу работи на кои треба да мислите. За почеток, разгледајте ги сите можности кои ви се на располагање, вам и на вашиот партнер. А потоа добро е да разговарате и со доктор на оваа тема.rnrnМетоди на контрацепција и заштита од несакана бременостrn

    Природен метод на заштита (методот на ритам)

    rnОвој метод вклучува немање секс во одредени денови од месецот (кога се најголеми шансите да останете бремени). Жената која има редовен менструален циклус има околу 9 „критични“ денови секој месец во кои може да остане бремена. Овие плодни денови се околу 5 дена пред и 3 дена по овулацијата, како и за време на самата овулација.rnrnЗа успешно да го употребувате овој метод, мора детално да го познавате вашиот менструален циклус. На тој начин ќе можете да предвидите кои денови сте плодни и тогаш избегнувајте да имате сексуални односи без дополнителна заштита. Но, не сите жени можат да се потпрат на овој метод. Оние кои имаат нередовен и непредвидлив циклус, подобро е да изберат друг начин на заштита.rn
    rn

    Метод на повлекување

    rnОвој метод на заштита подразбира повлекување на пенисот од вагината во моментите пред ејакулацијата. За да биде успешен потребна е огромна самоконтрола кај мажот. Доколку повлекувањето не е совршено темпирано, може дел од спермата да навлезе во телото на жената. Исто така, неодамнешните истражувања покажале дека предсемената течност може да содржи мал процент сперматозоиди, па поради тоа овој метод не се препорачува за време на оние неколку „критични“ денови од месецот.rn
    rn

    Контрацептивен сунѓер

    rnКонтрацептивниот сунѓер е мека и округла направа со врвка за вадење. Тој е направен од полиуретанска пена која содржи спермициди кои ги убиваат сперматозоидите.rnrnПред сексуалниот однос, треба да го намокрите сунѓерот и да го наместите во внатрешноста на вашата вагина така што ќе го покриете грлото на матката. Тој ќе ве заштитува во наредните 24 часа, но не смеете да го вадите барем 6 часа по односот. Исто така имајте на ум дека мора да го извадите во рок од максимум 30 часа по нанесувањето.rn
    rn

    Дијафрагма, капа или штит на грлото на матката

    rnОвие три начини на заштита, исто како и сунѓерот, спаѓаат во методи на бариера, така што ги спречуваат сперматозоидите да стигнат до вашата матка.rn

      rn011

    • Дијафрагмата е плитка „чашка“ направена од латекс.
    • rn011

    • Капата има форма на напрсток која исто така е направена од латекс.
    • rn011

    • Штитот е силиконска „чашка“ која има отвор од едната страна што предизвикува вшмукување и на тој начин го штити грлото на матката.
    • rn

    rnДијафрагмата и капата можат да се најдат во различни големини и поради тоа потребно е да се консултирате со доктор за големината која ќе ви биде потребна. Што се однесува до штитот, тој доаѓа во само една големина и не ви е потребна консултација за употреба.rnrnПред вметнување на овие направи, мора да им додадете спермицид. Исто така, по сексуалниот однос тие мора да останат во вас од 6 до 8 часа за да се заштитите од бременост. Дијафрагмата треба да биде извадена во период од 24 часа, додека пак капата и штитот во период од 48 часа по нанесувањето.rn
    rn

    Женски и машки презервативи

    rnЖенскиот презерватив се вметнува во внатрешноста на вагината. На тој начин се спречува спермата да навлезе во телото на жената. Тој е направен од тенка и флексибилна гума обложена со лубрикант. Овој презерватив може да биде нанесен и до 8 часа пред сексуалниот однос, но веднаш потоа мора да биде отстранет.rnrnМашките презервативи се тенки обвивки кои се местат врз пенисот за да спречат навлегување на спермата во женското тело. Тие се најбезбедни доколку се употребуваат во комбинација со вагинален спермицид. Исто како и во случајот со женските презервативи, потребно е да употребувате нов презерватив после секој сексуален однос.rnrnЧувајте ги презервативите на ладно и суво место, бидејќи во спротивно може да дојде до оштетување на латексот и до нивно кинење. Исто така, овие два начина на заштита не смеат да бидат употребувани во исто време.rn

  • Колку се безбедни кондомите „Дурекс“?

    Колку се безбедни кондомите „Дурекс“?

    Оваа неофицијална реклама за презервативите „Дурекс“ е дело на Шарлот Рабат. Насловот на рекламата е „Durex Water Balloon“ или „Балон со вода Дурекс“.rnКолку се безбедни кондомите „Дурекс“?Иако станува збор за неофицијална реклама, како и секогаш, истакнат е квалитетот на презервативите на многу интересен начин.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудни сексуални соништа и нивното значење

    Чудни сексуални соништа и нивното значење

    Логиката по која се толкуваат соништата е исто толку чудна колку и самите тие. Доколку некогаш сте сонувале некој од овие сексуални соништа, тогаш сами проценете дали толкувачите имале право при нивното толкување.rnrnЧудни сексуални соништа и нивното значењеrnrn1. Доминација во сексот – сакате да се поврзете со бога или да се издигнете спиритуалноrnrn2. Некој се соблекува гол пред вас – сочувствувате со таа личност. Всушност сакате подобро да ја запознаете и разберете таа личност и сакате да ви биде пријатно со неа.rnrn3. Кастрација – ви фали креативност.rnrn4. Оргија – премногу сте оптоварени. Расчистете го вашиот календар.rnrn5. Ерекција – се чувствувате моќни и енергични. Искористете го тоа чувство и започнете некој нов проект.rnrn6. Носите појас на невиност – премногу сте заштитнички настроени. Опуштете се малку…rnrn7. Презервативи – има неколку можни варијанти:rn

      rn011

    • запакуван – треба да почнете да ги оставате луѓето да си го искажат сопственото мислење
    • rn011

    • (за жени) машко носи кондом – се чувствувате емотивно заштитени
    • rn011

    • отворен – сексуално сте фрустрирани
    • rn

    rn8. Инцест – не значи дека ве привлекува некој член од фамилијата, туку дека му простувате за некоја кавгаrnrn9. Мастурбација – себични стеrnrnrn10. Имате односи со личност од истиот пол – не значи дека сте геј, туку дека се прифаќате самите себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Историјата на кондомот

    Историјата на кондомот

    Кондомот е најчесто употребувано заштитно средство кое се користи при сексуален однос. Познато е дека штити од несакана бременост и полово преносливи болести, но колку е познато неговото настанување?Историјата на кондомотrn

      rn011

    • Во периодот помеѓу 13.000 и 10.000 години п.н.е. за прв пат е забележана употребата на кондомот, и тоа на една слика во француската пештера Grotte des Combarrelles.
    • rn011

    • 1.000 години п.н.е. Египќаните носеле таканаречени „ленени обвивки“. Сè уште не е докажано дали тие обвивки служеле како заштита или биле дел од обреден ритуал.
    • rn011

    • Веќе во периодот помеѓу 1300 и 1500 година од нашата ера, започнале да се користат посебен вид кондоми кои ја покривале само главата на пенисот. Овие кондоми ги користеле само членовите на повисоките класи за да се заштитат од несакана бременост.
    • rn011

    • Во 16 век, Габриел Фалопиус открил дека „ленените обвивки“ штитат од француската болест De Morbo Gallico, која била слична на сифилисот.
    • rn011

    • Во 1605 година, католичкиот теолог Леонардус Лесиус го објавил делото „De iustitia et iure“ во кое ги осудил кондомите како неморални.
    • rn011

    • Во 1666 година, Англиската комисија за следење на наталитетот за прв пат го употребила зборот „кондом“ .
    • rn011

    • Кон крајот на 17 век, холандските трговци им го претставиле на Јапонците првиот кондом изработен од фина кожа.Историјата на кондомот
    • rn011

    • Во 18 век, потеклото на зборот „кондом“ сè уште било непознато. Се претпоставува дека постоел извесен доктор со име Кондом, кој го снабдувал кралот Чарлс Втори со обвивки од животинско потекло. Од друга страна, зборот „кондом“ во латинскиот јазик означува „приклучник“ или „кутија“.
    • rn011

    • Во 1708 година, војводата Џон Кемпбел побарал од Парламентот кондомите да станат илегални. Барањето било одбиено.
    • rn011

    • Во 1717 година, англискиот физичар Даниел Тарнер го изразил своето незадоволство од кондомот, така што објавувал аргументи против неговата употреба. Тарнер сметал дека кондомот не штител доволно од сифилис и ги охрабрувал мажите да не користат кондом затоа што тој им го скратувал задоволството.Историјата на кондомот
    • rn011

    • Околу 1774 година, во дневниците на Џакомо Казанова, квалитетот на кондомот бил најважен. Пред употреба, Казанова ги дувал кондомите за да утврди дали имаат дупки.
    • rn011

    • Во 1840 година, во британските весници се појавиле првите реклами за кондоми. Истата година, во сиромашните квартови во Англија и Америка биле поделени упатства за употреба на кондоми.
    • rn011

    • Во 1844 година, компаниите Goodyear и Hancock започнале со масовно производство на кондоми од вулканизирана гума, која истовремено била поцврст и поеластичен материјал.
    • rn011

    • Во 1855 година, бил произведен првиот кондом од гума.
    • rn011

    • Во 1861 година, во Америка за прв пат била објавена реклама за кондоми, во весникот Њујорк Тајмс.Историјата на кондомот
    • rn011

    • Во 1873 година, во обид да се озакони моралот, бил усвоен Законот на моралистот Комсток. Со тоа на поштата ѝ било дозволено да конфискува кондоми продадени преку пошта.
    • rn011

    • Во 1880 година, бил произведен првиот латекс кондом, но не бил наменет за употреба од страна на пошироката јавност.
    • rn011

    • Во 1889 година, во Ирска било забрането рекламирањето на кондоми. Производството и употребата на кондоми во Ирска биле илегални сè до 1970 година. Кон крајот на оваа година, зборот „гумичка“ станал еуфемизам за кондом ширум светот.
    • rn011

    • Во 1890 година, Јулиј Шмид, сопственик на истоимената компанија, бил уапсен во својот дом од страна на викторијанскиот моралист Ентони Комсток, затоа што поседувал повеќе од 700 кондоми во својот дом.
    • rn011

    • Во текот на 1890-тите години, бројот на полово пренослови болести во Америка вртоглаво се зголемил. Според Законот на Комсток, причини за тоа биле Граѓанската војна и избегнувањето на употреба на заштита. Подоцна, кондомот бил познат како „машки штит“ . Феминистките побарале со средствата за контрола на раѓањето да раководат жените, а ги негирале методите што ги користеле мажите, како што бил кондомот.
    • rn011

    • Кон крајот на 1890-тите години, за прв пат и официјално било воведено сексуалното образование. Главна тема биле венеричните болести и начинот на кој тие се пренесуваат. Целта на сексуалното образование била да се активира апстиненцијата од секс, како единствен начин на одбегнување на полово преносливите болести.
    • rn011

    • На почетокот на 20-от век, во Америка била забранета употребата на кондоми. За време на Првата светска војна, ова резултирало со најголема стапка на полово преносливи болести – дури 70%. Затоа пак, веќе за време на Втората светска војна, Владата била таа која ги промовирала кондомите и нивната употреба.Историјата на кондомот
    • rn011

    • За време на Првата светска војна, преку експерименти било докажано дека кондомите го намалуваат ризикот од полово преносливи болести.
    • rn011

    • Во 1918 година, Американскиот суд ја поништил пресудата против Маргарет Сангер, со образложение дека кондомите може легално да се рекламираат и да се продаваат заради превенција од болести.
    • rn011

    • Во 1920 година, кондомите биле рекламирани заедно со цигарите. Англиската црква ги осудила сите „неприродни“ значења на концептуалното избегнување. Подоцна, била приозведена подобрена верзија на кондомите од марката „Тројан“.
    • rn011

    • Во текот на 1930-тите години, британскиот еуфемизам за кондом бил „нешто мало за викендот“. Фред Килиан ја патентирал првата линија на автоматски произведени кондоми.
    • rn011

    • Точно во 1930 година, Англиската црква ги санкционирала средствата за контрола на раѓањето, само за брачните парови.
    • rn011

    • Во 1931 година, кондомите биле задолжителни за секој член на американста војска. Федералниот совет на црквите во Америка почнал да ги следи стапките на Англиската црква. Како одговор на тоа, Римската католичка црква ги забранила сите средства за контрацепција.
    • rn011

    • Во 1932 година, лондонската компанија за гума била прва во Европа која започнала со масовно производство на латекс кондоми. Тоа била познатата марка „Дурекс“.
    • rn011

    • Во 1935 година, биохемичарите тестирале 2.000 кондома, така што ги полнеле со воздух и вода. Дури 60% од кондомите протекувале.
    • rn011

    • Најпосле, во 1937 година, донесена е одлука секој кондом посебно да се тестира пред да биде спакуван.
    • rn011

    • Во 1938 година, во Америка, во повеќе од 300 гинеколошко – акушерски болници кондомите им биле разделувани на сиромашните жени.
    • rn011

    • Во периодот од 1955 до 1965 година, најупотребувано контрацепциско средство бил кондомот.
    • rn011

    • Во 1957 година, „Дурекс“ го претстави првиот лубрикантен кондом.Историјата на кондомот
    • rn011

    • Во првата половина на шеесетите години од 20-от век, Јапонците најмногу го употребувале кондомот, сметано по глава на жител, во споредба со сите останати нации. За време на сексуалната револуција, употребата на кондоми значително се намалила и многу млади практикувале слободна љубов, без употреба на кондом.
    • rn011

    • Во 1965 година, Врховниот суд на Америка укинал еден од законите на Комсток. Судот сметал дека е противзаконски да се одбие пристапот до контрацепциски средства затоа што тоа е право на сопствен избор.
    • rn011

    • Кон крајот на 1960-ите години, квалитетот на секој кондом е загарантиран според светските стандарди.
    • rn011

    • Во 1979 година, започнале да се прикажуваат реклами за кондоми и на ТВ каналите.
    • rn011

    • Во 1981 година, во весникот Њујорк тајмс била објавена првата сторија за случај на заразен со СИДА. Претседателот Роналд Реган продолжил со сексуалното образование според кое, апстиненцијата е единствениот начин за заштита од полово преносливи болести.
    • rn011

    • Во 1983 година, започнале да се делат едукативни материјали по домовите. Поштата ги доставила сите материјали до Врховниот суд и се повикала на Законот според кој, се забранувало доставување на несакани рекламни материјали за контрацепција. Врховниот суд во Америка ја оценил оваа постапка на Поштата како насилно спречување на слободниот говор.
    • rn011

    • Подоцна, во периодот помеѓу 1980-та и 1990-та година, бил идентификуван ХИВ – вирусот, а специјалистите потврдиле дека освен апститненција, латекс кондомот претставува одлична заштита од овој вирус.
    • rn011

    • Започнувајќи од 1990 година, постепено почнале да се појавуваат различни видови кондоми, како што се кондомите во боја, ребрастите кондоми, кондомите со вкус, како и првиот полиуретански кондом.
    • rn011

    • Во 1994 година, рекламите за кондоми од застрашувачки станале хумористични.
    • rn011

    • Во 1997 година, „Дурекс“ била првата марка на кондоми која имала официјална интернет страница.
    • rn011

    • Во 2009 година, Ansell Healthcare, производителот на „Лајфстајл“ кондомите, го презентирал кондомот X2 премачкан со лубрикант за подобрување на ерекцијата.
    • rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчудните производи за 2011 година

    Најчудните производи за 2011 година

    Во денешниот свет, парите ги контролираат сите нешта, па така голем број производители се обидуваат на секаков начин да дојдат до нив. Како и секоја друга година, така и оваа имавме можност да читаме за многу чудни изуми кои се нашле на пазарот. Ова се најчудните 4 производи за изминатата 2011 година.rn.rn

    Конзервиран мирис на штала

    rnОва е дело на еден германски производител. Производот наречен „Stallduft“ (мирис на штала) им нуди единствена можност на купувачите, со себе да си понесат мал дел од миризбата на германските штали.rnНајчудните производи за 2011 годинаrn

    Сладолед од мајчино млеко

    rnСлаткарницата „The Icecreamists“ оваа година го лансираше сладоледот направен од мајчино млеко, познат под името Baby Gaga. Овој производ многу брзо се најде на менито на многумина, па дури и на пејачката Лејди Гага, на која не ù се допадна името.Најчудните производи за 2011 годинаrn

    Презервативи со кралското семејство на обвивката

    rn

    „Легнете и мислете на Англија“ – ова е паролата испишана на амбалажата на овие презервативи на која се наоѓа и младата кралска двојка, Кејт и принцот Вилијам. Производот е наречен „Crown Jewels“.Најчудните производи за 2011 година

    rnrn

    Златно сирење

    rnЕдна британска компанија за производство на сирење, во чест на божиќните празници додала малку злато во сирењето кое чинело 100 долари за едно мало парче. Производот е наречен „Stilton“.Најчудните производи за 2011 годинаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.