КАФЕ ПАУЗА

Tag: превртено

  • Филм: Превртено (Upside Down)

    Филм: Превртено (Upside Down)

    Романтична приказна сместена во свет од фантазијатаrnrn (1) Филм: Превртено (Upside Down)Режија: Хуан СоланасrnrnУлоги: Кирстен Данст, Џим Старџис, Тимоти СполrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 април 2013rnrnЖанр: романса, фантазија, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Превртено“ е романса која има два силни адути за накратко да ве изнесе од реалноста: дејството кое носи беспоштедна борба за љубов и беспрекорните визуелни ефекти со кои е изграден нереалниот свет во кој тоа се одвива. Иако за овој жанр не се карактеристични компјутерски шминкања на сценографијата од ваков размер, нивното присуство на филмот му давааат бајковитост која не сме ја гледале во романтичните драми и може да ве заглави во „другиот“ свет во оние 100 минути.(2) Филм: Превртено (Upside Down)Лесно ќе го разберете тој свет од фантазијата затоа што филмот почнува со кратка лекција по физика за да знаете што ќе гледате. Тој се состои од две планети споени една со друга преку зградата на големата компанија Трансворлд, а секоја од планетите има своја гравитација која што дејствува само врз сопствените жители. На едната планета, во Горниот свет, луѓето живеат во изобилие, а оние од Долниот свет се сиромашни.(3) Филм: Превртено (Upside Down)Адам (Џим Старџис) е сираче од Долниот свет кој играјќи си еден ден ќе се искачи на планина која е многу блиску до Горниот свет. Таму, но на горната страна, првпат ќе ја сретне Идн (Кирстен Данст). По неколку години на истото место ќе се вљубат еден во друг и ќе почнат тајно да се гледаат затоа што љубовта меѓу луѓе од два различни света е забранета. Ќе создадат своја сопствена вселена на местото каде што првпат се сретнале и ќе уживаат во неа. Тоа трае сè додека граничните служби не ги откријат, кога во обидот да побегнат секој на својата страна Идн ќе падне назад на Горниот свет и ќе остане да лежи неподвижно.(4) Филм: Превртено (Upside Down)Адам не знае што се случува со неа. Поминуваат години, тој продолжува со животот, добива ретка можност да работи за Трансворлд, но сè уште не знае ништо за неа. Работите се менуваат кога случајно дознава дека таа работи во истата компанија, но во делот кој припаѓа на Горниот свет. Поради оживувањето на спомените добива полетност која го тера што побргу да се види со неа, но кога тоа конечно ќе се случи Идн не се сеќава на него. Од дамнешниот пад ја загубила меморијата и знае само за животот после тоа. Адам останува разочаран, но има нешто кое не му дава да седи настрана и започнува да се бори за да си ја врати назад најголемата љубов во неговиот живот.(5) Филм: Превртено (Upside Down)Веќе насетувате дека приказната се врти околу стереотипот за момче од сиромашниот општествен слој и девојка од високата богата класа кои љубовта ги тера да ги прекршат општествените правила за да го најдат мирот во сопствените прегратки. И не сте далеку од вистината, иако приказната на моменти го избегнува тоа клише благодарение на тоа што тој нереален свет од фантазијата наметнува некои елементи кои ѝ даваат необичност.(6) Филм: Превртено (Upside Down)Како и да е, тој многу веројатно ќе успее да ве обземе со обвивката од брилијантни визуелни ефекти кои бездруго ќе ве однесат во вселената која ја замислил режисерот и сценарист Хуан Соланас, сакале вие да ја гледате таа иста приказна и во овој филм или не. Кога таа би била пооригинална ова би бил фантастичен филм, но и вака е необична романтична драма која вреди да се погледне.(7) Филм: Превртено (Upside Down)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Превртено (Flipped)

    Превртено (Flipped)

    Филм за тоа како работите можат да бидат сјајни на површина, а скапани во сржта (и обратно), за семејството и за детската невина љубов, која не е ни за грам помалку вредна од “возрасната”rnrnПревртено (Flipped)Режија: Роб РајнерrnrnИграат: Меделин Керол, Келан МеколифrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 10 септември 2010rnrnЖанр: комедија, драма, романсаrnrnВеб-сaјтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrn—————————————————————————————————————————————————-rnПонекогаш, за еден филм атрибутите „добар“ или „лош“ како да не важат и едноставно можеш да кажеш „сладок“. Од онаа слаткост што несвесно ти прави насмевка на лицето и малку ти ги разводенува очите. Не дека гледаш нешто тажно, не дека има патетика или трогателни „Титаник“-сцени, туку успеале да ти ги притиснат вистинските емотивни копчиња и по малку да те направат разнежнет глупак, кој се ѕвери во екранот. Кога би прочитале за содржината на „Превртено“ на IMDB, филмот ќе ви заличи на серија од каналот Дизни, но режисерот Роб Рајнер (The Bucket List, The Story of Us) креира филм, во кој своја длабочина и приказна би пронашол секој, без разлика на возраста. —————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Приказна: Џули Бејкер е креативно девојче кое живее во мало преградие, со часови се губи уживајќи во погледот додека седи на големото јаворово дрво во соседството, а за викендите сака да го гледа татко ѝ додека црта. Нејзиното тивко секојдневие комплетно се превртува откако спроти нивната куќа ќе се досели, како што таа вели – момчето со најубавите очи, Брајс Лоски. Тој е човекот на нејзиниот живот. Ќе биде нејзин и тоа е тоа. Но, нарацијата во овој филм не ја води само Џули, туку и Брајс така што секоја случка ја гледаме „дупло“, и низ очите на едниот и низ очите на другиот, што на секоја случка и дава сосема поинаква перспектива. Брајс нормално не е заинтересиран и на Џули гледа како на чудно опседнато девојче, поради кое му се смее целото училиште.Превртено (Flipped)Нешто што тргнува како приказна за детската љубов, пополека станува мудра „надвор од фокус“ анализа на семејствата, на односите, на пропаднатите соништа, на фрустрациите… Семејството на Брајс изгледа совршено однадвор, додека она на Џули е трн во окото на „перфектните“ набљудувачи. Но, кога малку ќе се загребе под дијамантската или пак калливата површина, сè изгледа поинаку. Покрај брзото сценарио, константно исполнето со по нешто ново, без момент на стагнација, приказната ја надополнуваат и младите актери Меделин Керол и Келан Меколиф. Фантазерско чувствително девојче кое знае дека треба да се бори за тоа што го сака, наспроти прагматично покорно момче кое смета дека единствен начин да се игра е според правилата.Превртено (Flipped)Кинематографија: Приказна сместена во американско преградие во 50-тите години и веќе знаете дека се пие Kока-кола во шишенца, фармерките се носат со подвиткани ногавици и се возат оние убави велосипеди со големи рачки. Атмосферата е светла, а времето пролет или евентуално лето. Некако како „Превртено“ да е сместено во истото маало каде што живееше Веда Салтенфус во „Мојата девојка“ (My girl).Превртено (Flipped) Кога и како да го гледате: Ова е филм за кој било дел од денот, кога сте малку поразжештени, па барате нешто за да ве омекне. Еве го! Се чини дека на повеќето машки, особено мачо-момци, кои бараат мистерии и брзи случувања, нема воопшто да им се допадне, но за останатите е одлично бајадерче. Инаку, не гледајте го сами, повеќе ќе уживате во друштво, со пријатели или пак со момчето/девојката, не ви се мешаме во изборот. Превртено (Flipped)