Картичките изработени од FINCHandHARE на паметен начин ја измамуваат и изненадуваат личноста која ги добива. На прв поглед, пораката на секоја картичка е премногу навредлива. Но по отворањето, среќниот примател ќе биде и повеќе од пријатно изненаден. Зборовите во секоја од пораките кријат преубави мисли наменети за таа личност кои со сигурност ќе ја расположат и ќе ѝ го разубават денот.rnrnТвојот живот е завршен.rnrnТвојот нов живот тукушто започна. Ова е еден голем настан и една љубов која трае засекогаш. Честитки!rnrnКартичките се со повеќе преклопувања, па мора целосно да се отворат за да се открие вистинската порака која ја носат. FINCHandHARE специјализираат во вакви двосмислени пораки чија единствена цел е да ве насмеат.rnrnОва претставува многу забавен начин некому да кажете како навистина се чувствувате, да го поканите да ви биде кум или деверица, или пак да честитате роденден, брак или нечие доаѓање на свет. Па доколку сте меѓу оние креативци за кои класичниот пристап е незамислив, со овие слатки двосмислени пораки нема сигурно да погрешите.rnrnТи си ужасен/на.rnrnТи си импресивен/на и прекрасен/на.rnrnТи си луда мајка.rnrnТи си толку добра и разумна, што некој би требало да е луд за да не сфати дека си одлична мајка.rnrnМоже да се измочам врз тебе.rnrnМоже да барам да ми го држиш фустанот додека мочам, да ми завршуваш смешно непотребни работи или целосно да ти одам на нерви. Но се надевам дека ќе прифатиш. Ќе ми бидеш ли деверица?rnrnУбиј ме веднаш.rnrnДобрина, расположение… кажи дека сум луд/а, но обожавам што празниците го будат најдоброто кај луѓето.rnrnТато, ти стар човеку.rnrnТато, ти си најдобар, јас сум среќен/на што те имам за родител.
Марамите се одличен аксесоар за коса. Со нивна помош може да постигнете секаков изглед, од слатко до секси. Еве неколку интересни идеи за фризури со марама.rn
Марама и пунџа за женственост
rnВрзете ја косата во неуредна пунџа. Потоа врзете ја марамата така што врзаниот јазол ќе го поставите на врвот на главата. Зацврстете ја фризурата со неколку шноли.rnrnrn
Рок девојка
rnИзвиткајте ја косата во брановити кадрици. Свиткајте ја марамата во триаголна форма, потоа превиткајте ја неколку пати во зависност од тоа колку сакате да биде широка. Поставете ја марамата на челото врзувајќи ја во задниот дел од главата. Зацврстете ја со шноли.rnrnrn
Ретро изглед
rnВрзете ја косата во ниска пунџа. Превиткајте ја марамата како триаголник и поставете ја на вашата коса така што краевите на триаголникот ќе дојдат напред. Едниот крај извлечете го под другите два, а потоа другите два краеви врзете ги во јазол на врвот на главата.rnrnrn
Хипи девојка
rnИзвиткајте ја косата во брановити кадрици или врзете ја во неуредна пунџа. Потоа врзете ја и марамата, може да ја превиткате неколку пати, всушност, колку понеуредно, толку повеќе го доловувате изгледот.rnrnrn
Слатка и романтична
rnВрзете ја косата во коњско опавче или извиткајте ја брановито. Извиткајте ја марамата, но гледајте да биде што потенка. Потоа врзете ја со панделка на страна.rnrn
Иако живееме во време во кое парите предизвикуваат многу стрес, уметниците успеваат да најдат начин од нив да создадат нешто кое што ќе го привлече човечкото око, ќе ги задоволи естетските потреби и ќе предизвика задоволство.rnrnrnrnМанигами е токму таква уметност која се изработува со пари. Тоа е варијанта на добро познатата традиционална јапонска уметност на превиткување на хартијата во различни форми наречена оригами. Поимот оригами доаѓа од зборовите „ору“ (превиткување) и „ками“ (хартија), а името манигами значи оригами од банкноти.rnrnrnrnЗа разлика од вообичаените манигами-дела, примероците на јапонскиот уметник Хасегава Јосуке се издвојуваат со својата инвентивност и оригиналност. Тој банкнотите ги превиткува на начин што од нив создава портрети на лидерите чии ликови се наоѓаат на нив, а притоа секој од нив носи шапка соодветна на земјата од којашто доаѓа.rnrnrnrn
Вообичаено е лаптопите да се превиткуваат на средина, помеѓу тастатурата и екранот. Лаптопот Feno го крши тоа правило, па додава уште една оска на превиткување, и тоа по средината на екранот.
rn. rn
„На почеток, инспирација ми беше примената на леснина и елеганција во уредите за комуникација. Како можете да направите помал производ, но не и помалку практичен?“
rn
Feno е концепт на дизајнерот Нилс ван Хоф. Благодарение на новата технологија на флексибилни OLED екрани, лаптопот е компактен, а димензиите што ги добива кога е превиткан, го прават ултрапрактичен за во движење. Згора на сè, во самиот лаптоп е содржано глувче, кое „скокнува“ од страна по потреба на корисникот. Благодарение на отсуството на стандарден тач пад, површината на тастатурата целосно се користи за ергономично искуство при типкањето.