КАФЕ ПАУЗА

Tag: превентивно

  • Зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе?

    Зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе?

    Вистина е дека некои луѓе имаат поголеми шанси да бидат каснати од комарци за разлика од другите. Но немојте да се грижите. Ако спаѓате во оваа група, добро е да знаете дека има начин како да станете помалку „привлечни“ за овие натрапници.rnrn(1)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gifrnrnБидејќи постојат повеќе од 3.000 видови комарци и научниците сè уште се обидуваат да откријат што е примамливо за секој од нив, важно е да знаете дека постојат многу причини зошто баш вие сте настрадале.rn

    1. Веројатно само се препотувате

    rn(2)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gifrnrnПотта значително ви ги зголемува шансите да се здобиете со убод од комарец. Научниците откриле дека луѓето кои се поактивни додека се надвор поверојатно е да се испотат. Со ова тие испуштаат млечна киселина од нивното тело – а таа ги привлекува комарците. Потта исто така емитува повеќе јаглероден диоксид што е уште едно од омилените нешта на комарците, па вам значително ви се зголемуваат шансите да бидете каснати.rn

    2. Бременост

    rn(3)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gifrnrnИ овде важи емисијата на јаглероден диоксид. Научниците откриле дека бремените жени (и луѓето со поголема тежина) испуштаат повеќе јаглероден диоксид од другите што ги прави поголема мета за бубачките.rn

    3. Немирни сте

    rn(4)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gifrnrnВерувале или не, првата работа која ќе ве „открие“ на комарците е тоа колку мрдате во една точка. Луѓето кои се немирни се полесни мети за комарците. Движењето ги привлекува комарците кои се оддалечени од вас, а вашиот мирис има улога дури кога тие ќе се приближат. Ако сте надвор навечер, застанете до некој кој е немирен. Тогаш комарците ќе го нападнат него, а не вас.rn

    4. Вие едноставно сте неодоливи

    rn(5)zoshto-ve-kasaat-komarcite-kafepauza.mk.gifrnrnСигурно има некоја генетска компонента, па начинот на кој ја преработувате храната произведува одредени бактерии кои во комбинација со мастите и другите работи кои се лачат од вашата кожа ја зголемуваат шансата да бидете каснати. Но ова не е толку едноставно. Додека некои луѓе произведуваат материи кои им се привлечни на комарците, постојат толку многу комбинации од овие материи така што е невозможно да се одреди која материја е привлечна, а која не.rnrnБез разлика дали сте склони кон убоди од комарци, еве неколку совети за да го избегнете тоа. Овие совети гарантираат речиси целосна заштита од комарците и од болестите што тие ги пренесуваат…rnrnЦедење: Тргнете ја целата вода што можете од вашиот двор. Не им олеснувајте на комарците да ви се приближат.rnrnОблекување: Носете блузи со долги ракави и долги панталони и осигурете се да бидат широки. Комарците можат да ве каснат и преку тесна облека.rnrnОдбрана: Нанесете ги правилно средствата против комарци. Треба да ги нанесувате на секои 2 часа или почесто ако се испотите. Исто така нанесувајте ги откако ќе се избањате во базен или во море.rnrnПогледнете и кои растенија ќе ви помогнат да се заштитите од комарците.

  • Очите на вашето дете можат да ви покажат дали тоа ќе биде склоно на депресија во својот живот

    Очите на вашето дете можат да ви покажат дали тоа ќе биде склоно на депресија во својот живот

    Кој би рекол? Никој не сака неговите деца да страдаат, без разлика дали станува збор за физичка или ментална болка. Па, доколку постои релативно едноставен тест кој би можел да го предвиди ризикот од развивање депресија кај вашето дете, дали би сакале да го искористите?rnrnОчите на вашето дете можат да ви покажат дали тоа ќе биде склоно на депресија во својот животrnrnДепресијата е многу тешка психолошка состојба која влијае врз сите области во животот на оние кои страдаат од неа. Таа е една од најголемите причинители за неспособност при одржувањето здрав животен стил кај луѓето на возраст од 15 до 44 години. Депресијата меѓу другото, исклучително влијае и врз одржувањето на врските. Оние кои страдаат од депресија доживуваат интензивни и долготрајни емоции на анксиозност, безнадежност и негативност.rnrnСпоред една неодамнешна студија објавена во журналот „Abnormal Psychology“, постои релативно едноставен тест кој може да предвиди дали вашето дете е изложено на ризик од развивање депресија. Овој тест воглавно се состои од набљудување на реакциите на зениците додека тоа гледа во различни видови фацијални изрази. Нашите зеници реагираат на многу нешта, вклучувајќи ги и светлината и темнината, алкохолот, возбудата, одредени невролошки состојби и уште многу други нешта. Нивното движење е неверојатно прецизно и може да ни открие многу нешта доколку внимателно ги погледнеме.rnrnНаучниците можат да детектираат и нешта како поспаност, различни видови емоционални состојби, сексуална заинтересираност, расизам, морално осудување, шизофренија, сеќавања, внимание, па дури и аутизам со едноставно набљудување на проширувањето на зениците. Тие исто така можат да направат и психолошки предвидувања на истиот начин. Брендон Гиб, професор по психологија при Универзитетот Бингамптон, открил дека детските зеници кои се прошируваат како одговор на гледањето одредени емоционални слики може да го откријат нивниот ризик од развивање депресија.rnrnВо оваа студија учествувале 47 мајки и деца. Сите мајки имале историја со тешко депресивно нарушување. Нивните деца биле замолени да гледаат одредени ликови кои биле или тажни или лути и среќни.rn

    „Моменталните откритија ни сугерираат дека психолошката реакција на тажниот стимул може да послужи како потенцијален знак за ризик од депресија кај децата кои имаат депресивни мајки“, вели Буркхаус, еден од авторите на студијата.

    rnКако што децата гледале во ликовите, така се мерело нивното проширување на зениците. Истражувачите потоа го следеле нивниот развој и ги интервјуирале за моменталната ментална состојба на секои 6 месеци во период од 2 години. Овие тестирања им овозможиле на истражувачите да откријат колку време им било потребно да развијат знаци на депресија.rn

    „Ние сметаме дека овој вид истражување може со тек на време да доведе до универзални тестови во канцелариите на педијатарите со цел да се намали ризикот од развивање депресија кај децата“, вели Гиб.

    rnДоколку овие тестови можат да ја предвидат депресијата кај децата, сигурно би можеле да се откријат и превентивни третмани со цел полесно да се справат со оваа застрашувачка болест.

  • Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ и други зеленчуци со зелени лисја

    Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ и други зеленчуци со зелени лисја

    Сите знаеме дека зеленчукот е добар за нас, но дали знаевте дека јадењето само една порција зеленчуци со зелени лисја дневно може да ве заштити од деменција? Истражувачите од Универзитетот Раш во Чикаго ја испитувале поврзаноста помеѓу диетата и менталната способност на 950 постари луѓе, секои 2 години во период од 10 години. Учесниците, чија просечна возраст била 81 година, поминувале низ 19 теста со цел да се идентификува нивната ментална функција, а потоа одбирале од листа со 144 видови храна и пијалаци од што се состои нивната диета.rnrnНеверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќrnrnОние постари возрасни кои јаделе зеленчук со зелени лисја како спанаќ и кељ, еднаш или два пати дневно, покажувале помало намалување на когнитивните способности за разлика од оние кои немале навика да ја јадат оваа храна. Дури и во оние ситуации кога едукацијата, вежбите и историјата во фамилијата за деменција биле вклучени како фактори.rnrnВо просек, учесниците кои јаделе зелени зеленчуци, со нив го одложувале своето когнитивно влошување за околу 11 години. Главниот истражувач Марта Клер Морис вели:rn

    „Губењето на меморијата или намалувањето на когнитивните способности се едни од најголемите стравови на луѓето кои стареат. Бидејќи намалената когнитивна способност е клучна за Алцхајмеровата болест, зголеменото внесување на зеленчук со зелени лисја може да ви понуди едноставна и евтина превентива од оваа застрашувачка состојба.“

    rnСе претпоставува дека овие придобивки настануваат поради високото ниво на витамини и хранливи вредности, како витаминот К, лутеинот и бета каротинот со кои изобилуваат зелените зеленчуци. Друга студија од Шведска покажала и дека спанаќот ја подобрува силата на мускулите. Можеби е време да почнеме да го слушаме Попај за исхраната…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

    Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

    Како и повеќето жени, сигурно и вие се имате соочено со проблемите кои можат да настанат од габичните инфекции. Но, и покрај сè постојат неколку начини на кои можете да ја одржувате ситуацијата под контрола.rnrnНеколку начини да ги спречите габичните инфекцииrnrnГабичните инфекции најчесто ги предизвикува габата која се нарекува Кандида и таа живее во секое тело, а напаѓа кога се нарушува рамнотежата на киселоста во женскиот полов орган, претежно во матката и токму поради тоа се јавува иритација и чешање. Ситуацијата не е толку страшна колку што ви изгледа на почетокот и доколку ги следите овие совети ќе можете лесно да се заштитите од повторна габична инфекција…rn

    Правилна исхрана

    rnЕкспертите препорачуваат дека недела дена пред менструацијата треба да се консумираат пробиотици, а да се избегнува шеќерот и јаглехидратите. Јогуртот и кефирот треба да се пијат во поголемо количество, но и да се додадат повеќе лук и супи во секојдневната исхрана кои служат како превентива од габичните инфекции. Благите работи се вистинска замка во исхраната бидејќи тие го поттикнуваат развојот на габите.rn

    Избор на гардероба

    rnГабичните инфекции знаат да бидат досадни, но тие не се нешто со што не можеме да се справиме. Тие најчесто се размножуваат во топла и влажна околина и тоа значи дека тесната облека е одлично место за нивно развивање. Секогаш одбирајте облека која е направена од природни материјали и пеглајте ја долната облека со цел да ги уништите бактериите кои може да се нашле врз неа.rn

    Лична хигиена

    rnГабичното воспаление создава силна иритација, чешање и бело прање, па токму затоа има и непријатна миризба. Многу е важно редовно и правилно да ја одржувате вашата интимна хигиена. Никогаш не користете жешка вода за миење на интимната област и избегнувајте ги сапуните, особено оние кои се парфимирани. Исто така не се препорачуваат ниту миризливите тампони и влошки, барем не додека имате инфекција.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рани симптоми на рак кои не смеете да ги игнорирате

    Рани симптоми на рак кои не смеете да ги игнорирате

    Луѓето често забележуваат необични здравствени симптоми со месеци пред да се одлучат да одат на лекар, бидејќи се плашат да не бидат доживеани како хипохондрици, чекаат да поминат сами од себе, не им веруваат на докторите или пак, свесно одложуваат поради страв од болест. Но, одложувањето е најлошото нешто што можете да го направите, бидејќи денес поголемиот број од карциноми можат целосно да се излечат доколку се откријат во рана фаза.rnrnРани симптоми на рак кои не смеете да ги игнориратеrnrnСпоред една студија која вклучувала над 1.700 личности кои страдаат од некаков вид рак, постојат неколку основни симптоми кои доколку ги почувствувате (особено ако сте постари од 50 години), мора веднаш да го посетите вашиот доктор:rn

      rn011

    • Упорно кашлање кое не е поврзано со настинка, а трае подолго од 3 недели
    • rn011

    • Необјасниво губење на телесната тежина
    • rn011

    • Рана која не заздравува
    • rn011

    • Крвавење – без разлика дали е во урината, столицата или нередовно крвавење помеѓу циклусите
    • rn011

    • Тапа и необјаснива болка
    • rn011

    • Бемки со неправилен облик или сомнителна боја
    • rn

  • Почитувајте ги следниве неколку правила за да се заштитите од срцев удар

    Почитувајте ги следниве неколку правила за да се заштитите од срцев удар

    Професорката Андреа Чомистек од Универзитетот во Индијана спровела истражување чии резултати покажале дека во 75% од ситуациите срцевите удари можеле да се спречат. Токму затоа таа создала 6 правила според кои секој треба да се придржува со цел да го намали ризикот од срцеви болести и срцев удар.rnrnПочитувајте ги следниве неколку правила за да се заштитите од срцев ударrnrnОвие правила се особено од голема помош кај жените во 30-тите и 40-тите години, а се темелат врз набљудувањето на животните навики на околу 70.000 медицински сестри во текот на 20 години од нивниот живот. За време на истражувањето, скоро 500 жени доживеале срцев удар, а повеќе од 30.000 се здобиле со некаков вид срцева болест. Но, жените кои ги имале следниве 6 заеднички навики останале здрави во над 90% од случаите…rn

      rn011

    1. Не пушете
    2. rn011

    3. Одржувајте здрава телесна тежина
    4. rn011

    5. Вежбајте минимум 150 минути неделно
    6. rn011

    7. Не гледајте телевизија повеќе од 7 часа неделно
    8. rn011

    9. Не пијте повеќе од еден алкохолен пијалак дневно
    10. rn011

    11. Хранете се здраво
    12. rn

    rnОвие совети се особено важни за младите кои сакаат да се поштедат од непотребни болести, но важни се и за оние кои веќе имаат некаков вид срцева болест или доживеале срцев удар, со цел да го подобрат нивното општо здравје и да си го продолжат својот живот.

  • Примарни причинители на рак на дојката кои треба да ги знаете

    Примарни причинители на рак на дојката кои треба да ги знаете

    За да знаете како да го превенирате ракот на дојка треба само да бидете добро информирани. Научете колку што е можно повеќе информации за ваше добро, па потоа споделете ги и со другите жени во вашиот живот.rnrnПримарни причинители на рак на дојкиrnrnУпотребата на антиперспиранти за некои личности е секојдневна рутина. Но, она што повеќето не го знаат е дека треба да се избегнуваат оние антиперспиранти кои содржат алуминиум во својот состав, бидејќи на тој начин се зголемува ризикот од рак на дојка.rnrnАнтиперспирантите функционираат така што ги затвораат порите кои отпуштаат пот под вашите пазуви со помош на алуминиумот. Ова не само што ја блокира способноста на вашето тело за детоксикација (испуштање токсини преку потта) туку и им дозволува на овие метали да патуваат насекаде низ вашето тело.rnrnНеодамнешна студија ја покажала поврзаноста помеѓу ракот на дојката и редовната употреба на антиперспиранти. Ризикот се зголемува уште повеќе доколку тој се нанесува веднаш по бричење.rnrnПорано се верувало дека дезодорансот е многу побезбеден од антиперспирантите, но неодамнешни студии покажале дека постои поврзаност помеѓу парабените (состојки во дезодорансите) и ракот на дојката. Еден едноставен пример за ова е аутопсијата на една жена која починала од рак на дојка каде што во ткивото на нејзините гради биле најдени огромни количини на парабени.rnrnДали и градниците предизвикуваат рак на дојка?rnrnМногу доктори и истражувачи се согласуваат дека носењето градници кои се претесни можат да ја сопрат лимфната дренажа, а токму тоа може да доведе до развивањето рак на дојка поради фактот што вашето тело не е способно да ги исфрли сите токсини кои е потребно во текот на еден ден. Алуминиумот од антиперспирантите е само еден потенцијално опасен начин кој предизвикува насобирање на токсините доколку вашата лимфна дренажа е нарушена.rnrnПостојат голем број цврсти студии кои го поврзуваат носењето градник со ракот на дојката, но најголемата од нив била спроведена од страна на медицинските антрополози Сидни Сингер и Сома Грисмајлер (автори на книгата „Dressed to Kill: The Link Between Breast Cancer and Bras“). Тие спровеле студија од над 4.000 жени и откриле дека оние кои не носат градници се изложени на помал ризик од рак на дојка. Нивните откритија ги вклучуваат следните резултати:rn

      rn011

    • Жените кои ги носат своите градници 24 часа на ден, имаат 3 од 4 шанси да развијат рак на дојка.
    • rn011

    • Жените кои ги носат своите градници повеќе од 12 часа на ден, но не и додека спијат, имаат 1 од 7 шанси да развијат рак на дојка.
    • rn011

    • Жените кои ги носат своите градници помалку од 12 часа на ден имаат 1 од 52 шанси да развијат рак на дојка.
    • rn011

    • Жените кои носат многу ретко градник или пак, никогаш имаат 1 од 168 шанси да развијат рак на дојка.
    • rn

    rnПостои огромна разлика во ризикот од заболување помеѓу жените кои носат градник 24 часа и оние кои не носат воопшто. Според овие резултати, поврзаноста помеѓу градниците и ракот на дојка е околу 3 пати поголема од поврзаноста помеѓу цигарите и ракот.rnrnИ покрај тоа што оваа студија немала целосна контрола врз останатите ризик фактори кои можат да влијаат на резултатите, постојат и други студии кои откриле слични поврзаности. На пример, една група јапонски истражувачи откриле дека носењето градник може да го намали нивото на мелатонин во вашето тело за околу 60%. Хормонот мелатонин е тесно поврзан со контролата на вашите циклуси за спиење, а голем број студии покажале и дека е огромен борец против ракот.

  • 7 здрави навики за да ги избегнете настинките

    7 здрави навики за да ги избегнете настинките

    Колегата до вас цел ден кашла, а децата, само што ги земавте од градинка почнаа да киваат. Дали е возможно да не ги прeфатите нивните бактерии? Комбинацијата од неколку превентивни мерки може да ви помогне да се заштитите од сезонските вируси и настинки.rnrn7 здрави навики за да ги избегнете настинкитеrnrnРацете постојано нека ви бидат чисти. Сите го знаеме ова, но навистина успева. Бидејќи несвесно постојано го допираме лицето со нив, честото миење на рацете ќе ги заштити очите, устата и носот од бактериите. Рацете задолжително треба да се мијат пред јадење или пред подготвување храна, после допирање на некој канцелариски уред, земање работи од шкаф или полица, подигање пари од банкомат или пиење кафе од кафемат. Важно е рацете да се мијат и доколку допрете места кои дневно ги допираат многу луѓе, како што се копчиња од лифт или кваки од врати. Навиката треба да се создава од најмали години, па штом си дојдат вашите деца дома од градинка или училиште, веднаш измијте им ги рацете.rnrnПри миење раце не треба да се брза, па така многу луѓе не ги тријат рацете доволно. Мијте ги рацете барем 20/30 секунди, а задолжително внимавајте на задниот дел од рацете и просторот помеѓу прстите. Сапунот помага да ги отстраните бактериите и маслата од клетките на кожата. Употребувајте топла вода, бидејќи помага сапунот повеќе да се распени. Практикувајте течен сапун, бидејќи на обичниот можно е да бидат насобрани бактерии.rnrnУпотребувајте течност за дезинфекција на рацете. Миењето со вода и сапун е подобро, но течноста за дезинфекција е многу ефективна доколку не се наоѓате во близина на тоалет. Чувајте едно шишенце на вашето биро за да ве потсетува често да го употребувате во текот на денот. Не штедете го, сипете поголема количина и убаво тријте на целите дланки, додека не ви се исушат. Влажните марамчиња исто така се опција, но со нив не можете да ги отстраните сите бактерии.rnrnИзбришете ги површините со кои сте во допир во поголемиот дел од денот. Како прво нешто наутро, со крпа и антибактериско средство избришете ги работното биро, тастатурата и глувчето од компјутерот, телефонот и останатите уреди во канцеларијата особено доколку ги делите со колегите. Бидејќи ги шириме бактериите пред да покажеме симптоми дека се разболуваме, ваквата заштита претставува едноставна мерка на претпазливост.rnrn7 здрави навики за да ги избегнете настинкитеrnrnНе опуштајте се, дури ни дома. Иако сите имаме тенденција, кога сме дома да не внимаваме многу на овие работи, сепак домот е едно од главните места каде што се шират болестите. Дома сме во поблизок контакт со луѓето, поминуваме многу повеќе време на едно место, па дури и често не ги бришеме површините од сопствените бактерии. Но, во домот многу лесно некој друг може да донесе бактерија, а вие лесно да ја добиете преку рачката од фрижидерот, преку далечинскиот управувач, тастатурата од компјутерот и од многу други места.rnrnУпотребувајте проверени работи. Не секој продукт што го употребувате може да има еднаков ефект. Доколку сакате да ги уништите бактериите, вас ќе ви бидат потребни средства за дезинфекција регистрирани од „EPA“ (Агенција за заштита на средината). На етикетата на средствата проверете дали тие имаат регистрациски број од агенцијата.rnrnБидете добри со вашето тело, вежбајте, јадете и спијте доволно за да го одржите имунитетот силен. Исто така, одлично би било доколку ги откажете цигарите. Пушењето ги зголемува шансите да се разболите, бидејќи создава, структурални промени во респираторниот тракт и го нарушува имунолошкиот систем. Дури и седењето во задимена просторија ви ги зголемува шансите за разболување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.