КАФЕ ПАУЗА

Tag: пресврт

  • Полна Месечина во Овен: Време е за пресврт!

    Полна Месечина во Овен: Време е за пресврт!

    Денес ќе настапи пресвртница благодарение на движењето на полната Месечина. Тоа значи дека е неизбежна промена. Ќе се разбуди воинот во вас, ќе станете порешителни и ќе си го повратите назад сето она што сте го изгубиле задоволувајќи ги другите. Токму денес нè очекува полна Месечина во знакот на Овен.rnrnПолна Месечина во Овен: време е за пресвртrnrnИмавте можност да осознаете многу нешта при приватните и деловни средби со другите, а во наредните недели време е да се запрашате – каде сум јас во целата таа приказна и што можам да сторам за подобро да се спознаам себеси, а со тоа и другите?rnrnМеркур што се движи напред ви доставува информации што повеќе не можете да ги игнорирате. Понекогаш, најтешко е да си признаете себеси дека правите нешто што не е добро ниту за вас ниту за другите. Со признавање и прифаќање на таквите „пропусти“, започнувате со процесот на лична промена.rnrnАко продолжите да ги игнорирате увидените сознанија и да се однесувате на ист начин, ќе се соочите со тешкотии и проблеми. На тој начин, само би продолжиле да се жалите за другите и за нивното однесување, пропуштајќи ја притоа шансата за некаков пресврт. Ова е идеално време да препуштите дел од одговорностите и обврските што сте ги презеле, а кои не се ваши, на лицето кое е задолжено за нив. Вие сте оние што ги преземаат одговорностите бидејќи само сакате да го сочувате мирот, па затоа во овој период тоа ќе ве направи да се чувствувате уморни, исцрпени и честопати разочарани.rnrnСега е моментот да прозборите за сето она што го чувате во себе. Тоа не значи критикување и напаѓање на другите, туку едноставно споделување на чувствата и мислите. Влијанието на Плутон, од друга страна, може дополнително да ја засили вашата борба за власт. На пример, ако застанете и се борите, а не сте го направиле тоа порано, вашата акција може да наиде на гнев од другата страна. Важно е потиснатите емоции да не водат кон деструктивни модели на однесување и искрено да проговорите за она што ви значи. При процесот можно е да се разбудат некои стравови, па затоа добро би било да ги воочите навреме.rnrnАнализирајте во кои ситуации одите против себе и она што ви е важно. Иако не сте секогаш свесни за таквите ситуации, сепак, кога ќе се најдете во некоја таква или слична ситуација, обидете се да сфатите во која насока одат вашите мисли. Тука лежи клучот за големата, лична промена. Промена што води кон тоа да се прифатите себеси онакви какви што сте.rnrnОткако прочитавте за денешниот феномен и промените што ги носи тој, ви препорачуваме да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат среќа, љубов и благосостојба до 22 октомври.

  • Креативни стрипови со неочекуван и понекогаш мрачен крај

    Креативни стрипови со неочекуван и понекогаш мрачен крај

    Двајцата пријатели Чоу Хон Лам и Рој Ли веруваат дека добрите и забавни стрипови не секогаш мораат да имаат дијалози. Тие направиле своја колекција стрипови наречена „Ту и Тед“ и раскажуваат секојдневни приказни на навистина чуден начин.rnrnЛиковите од нивните стрипови живеат во разни градови и секојдневно среќаваат различни луѓе. Овие луѓе се уникатни. Тие можат да бидат пријателски настроени, забавни, здодевни, чудни, алчни, неучтиви, слатки… Никогаш не можете да знаете што следно ги чека Ту и Тед. Уживајте во малата колекција стрипови.rn

    1. Уште една приказна за трка

    rnКреативни стрипови со неочекуван и понекогаш мрачен крајrnrn rn

    2. Сладолед

    rnКреативни стрипови со неочекуван и понекогаш мрачен крајrnrn rn

    3. Возење ролери

    rnКреативни стрипови со неочекуван и понекогаш мрачен крајrnrn rn

    4. Жирафа на лизгалка

    rnКреативни стрипови со неочекуван и понекогаш мрачен крајrnrn rn

    5. Карма

    rnКреативни стрипови со неочекуван и понекогаш мрачен крајrnrn rn

    6. Овца во лето

    rnКреативни стрипови со неочекуван и понекогаш мрачен крајrnrn rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

    10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказната

    Дали некогаш сте читале книга која на почетокот ви се чини дека е сосема нормална, но во еден момент ќе ве извади од памет со комплицираниот пресврт и чудесниот крај? Одеднаш сфаќате дека неповрзаните карактери и настани на некој начин се многу испреплетени меѓу себе, па не можете да ја оставите книгата сѐ додека не го дознаете крајот.rnrn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnЕве неколку примери за такви книги. Дури и да сте страстен читач и одлични во решавање мистерии, овие приказни дефинитивно ќе ве импресионираат со нивните лажни протагонисти, интригантни флешбекови и брилијантни пресврти.rn

    1. „Атлас на облаците“, Дејвид Мичел

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnОва е неверојатна и волшебна новела која ќе ве однесе од средината на деветнаесеттиот век во далечната, постапокалиптична иднина. Се состои од шест приказни за шест не толку случајни луѓе, кои се предодредени да ја делат нивната иднина. „Атлас на облаците“ е еден вид сложувалка и секој кој се обидува да ја реши, завршува со многу различна, но фасцинантна слика на крајот.rn

    2. „Игра на тронови“, Џорџ Р. Р. Мартин

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrn„Игра на тронови“ е првата книга од серијата новели насловена како „Песна за мразот и огнот“. Сигурно веќе сте ја гледале адаптираната телевизиска серија, а ако не сте ја гледале, барем сте слушнале за неа. Приказната се случува на измислениот континент Вестерос, кој долго време е растргнат од долги војни помеѓу различни династии.rn

    3. „Часови“, Мајкл Канингам

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrn„Часови“ е новела од 1999 година, добитник на Пулицерова награда, која ја раскажува приказната за три случајни жени кои ги живеат нивните животи во нивното време и простор. Покрај тоа, тие многу наликуваат една на друга и можеби поради тоа нивните судбини ќе се испреплетат со серија на среќни и не толку среќни настани.rn

    4. „Екстремно гласно и неверојатно блиску“, Џонатан Сафран Фоер

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnТрогателна и искрена новела за деветгодишниот Оскар, кој се обидува да ја расплете мистеријата поврзана со смртта на неговиот татко. Низ приказната тој патува на различни места и се среќава со различни луѓе. Поставувајќи им неколку длабоки прашања, тој се обидува да најде одговори.rn

    5. „Г-ѓа Даловеј“, Вирџинија Вулф

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnВирџинија Вулф на своите читатели им подари невообичаена новела. Оваа магична приказна нè води во нов свет од емоции и случајни настани. Мозаичка структура која во еден единствен ден ги спојува минатото и сегашноста.rn

    6. „Куќа на заспаните“, Џонатан Ко

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnОваа интригантна новела ја открива психологијата на спиењето и проблемите со времето и сопствениот идентитет. Сара, Тери, Грегори и Роберт се група млади студенти кои живеат во блескава викторијанска куќа наречена Ешдаун. Неколку години подоцна, се враќаат во Ешдаун и на некој начин засекогаш се поврзани со нарушувањето на спиењето од кое сите страдаат.rn

    7. „Сага за Форсајтови“, Џон Голсворди

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrn„Сага за Форсајтови“ е фундаментално дело на Џон Голсворди, добитник на Нобеловата награда за литература, кое го опишува животот на три генерации од големо лондонско семејство, заедно со нивните предрасуди и верувања. Авторот одлично ја претставил високата англиска класа од тоа време со сета алчност, љубомора и предавства.rn

    8. „Чекорење по стакло“, Иан Бенкс

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnНовелата се состои од три различни приказни за различни луѓе: уметник кој е лудо вљубен во една таинствена жена, параноичен психопат кој избегал од болница и двајца воени криминалци од спротивната страна на големата војна. На почеток изгледа сосема невозможно тие да делат иста судбина, но подоцна врската помеѓу овие три различни приказни ќе стане поочигледна.rn

    9. „Крвни врски“, Саманта Хејс

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnВо студен зимски ден, женско бебе е киднапирано од кола. Истиот ден, млада жена раѓа машко дете. Тринаесет години подоцна, посвоената ќерка на адвокатот Робет Најт добива место во престижното музичко школо во Лондон. Единствениот проблем е што неговата жена Ерин, не сака девојчето да оди во тоа школо. Еден ден, Роберт наоѓа писма од неговата сопруга во кои открива дека таа лажела за своето минато.rn

    10. „Пржени зелени домати во кафе“ , Фени Флег

    rn10 одлични книги со неочекуван пресврт во приказнатаrnrnКласичниот роман за жените и нивното пријателство, раскажан од Фени Флег, често е опишуван како народна приказна. Некои ја доживуваат и како освежителна и интересна приказна. Без разлика што велат критичарите, во секој случај ќе уживате во приказната полна со љубов и предизвици со кои се соочуваат жените.

  • Солениот принт – почетоците на фотографијата

    Солениот принт – почетоците на фотографијата

    Како и сѐ останато, класичната фотографија која ни е денес на сите позната не била отсекогаш таква каква што ја знаеме. Првите почетоци на хартиената фотографија се забележани во 1839 година, кога Вилијам Хенри Фокс Талбот го создал солениот принт.rnrnТалбот бил британски инвентор кој, покрај уметноста, се интересирал и за природните науки, астрономијата, филозофијата и сл. За фотографијата покажал поголем интерес кога, за време на својот меден месец, се разочарал од начинот на кој функционирала тогашната камера луцида. Ова бил уред чиј принцип на работа се засновал на оптичко преклопување на предметот кој се црта и неговата нацртана слика на површината на која уметникот цртал. Според Талбот, кога уметникот ќе ги тргнел очите од призмата низ која сѐ било убаво, хартијата чувала само меланхолични траги оставени од моливот на уметникот.rnrn

    Фотографија на Вилијам Талбот, Големиот брест во Лакок - солен принт на хартија добиен од принт негатив (1843 - 1845 година)
    Фотографија на Вилијам Талбот, Големиот брест во Лакок – солен принт на хартија добиен од принт негатив (1843-1845 година)
    rnrnБазирано на неговата разочараност и прашувајќи се колку би било убаво да постои уред со кој природните слики би оставале фиксни отпечатоци на хартијата, тој почнал да експериментира и да изнаоѓа начини да ја реализира својата идеја. При неговите експерименти, тој користел сол и сребро нитрат кои ги нанесувал врз хартија за пишување која потоа ја оставал да потемни на сонце. За да спречи преголемо потемнување на сликата, тој додавал уште еден, втор слој на сол. На почетокот, експериментирал со растенија кои ги притискал врз сензибилна хартија со помош на парче стакло и потоа ги оставал да отстојат на сонце. По одреденото време за потемнување, го тргал растението од хартијата, а на негово место имало отпечаток од неговиот облик.rnrn
    Фотографија на Феликс Надар, Мариета - солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (околу 1855 година)
    Фотографија на Феликс Надар, Мариета – солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (околу 1855 година)
    rnrnОваа своја идеја, Талбот ја нарекол уметност на фотогенично цртање. Со тек на време, тој го усовршил својот метод и успеал засекогаш да ја промени насоката во која одела фотографијата пред него. Иако на почетокот користел само сребро нитрат при што се добивала доста бледа слика на хартијата, понатаму открил дека се добива многу подобра слика кога на хартијата ќе се нанесе прво солта, а потоа сребро нитратот. Сликите биле меки и делувале исенчани, но успевале да ги доловат сите оние детали кои со претходниот метод на фотографирање не биле достапни. Во поглед на бојата, на сликите се разликувале сепија, лилава, црница, теракота, сребрено-сива и јаглен-црна.rnrn
    Фотографија на Роџер Фентон, Група на хрватски шефови - солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (1855 година)
    Фотографија на Роџер Фентон, Група хрватски главатари – солен принт на хартија добиен од стаклен негатив (1855 година)
    rnrnПрвата изложба на вакви фотографии зазема место во уметничката галерија Тејт Британ во Лондон, под името Сол и сребро: Рана фотографија 1840 – 1860. Техниката на Талбот се раширила многу брзо насекаде низ светот, а за неа се заинтересирале уметници, научници, авантуристи и претприемачи кои во овој метод виделе голем потенцијал.rnrnКористејќи ја техниката на Талбот, биле насликани природни чуда, архитектонски остатоци, разголени тела на луѓе, портрети и улици и сите со различен степен на острина и сенка.rnrn
    Фотографија на Џон Бизли Грин ел Асасиф, Порта на гранитната роза - солен принт на хартија добиен од восочен негатив (1854 година)
    Фотографија на Џон Бизли Грин ел Асасиф, Порта на гранитната роза – солен принт на хартија добиен од восочен негатив (1854 година)
    rnrnСо започнување на викторијанското време на модерни пронајдоци, му дошол и крајот на солениот принт. Тој бил заменет со нови изуми во полето на фотографијата, а тој развој трае и до ден-денес. Сепак, овој пронајдок на Талбот бил и ќе остане точка на пресврт за фотографијата како област, па и покрај нејзината еволуција, може да се забележат жанрови кои останале константни со текот на времето. Овие фотографии се дел од едно неверојатно искуство за секој кој ќе ги погледне, делувајќи како да ќе исчезнат од пред нашите очи во секој момент.rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каков пресврт! Ѝ пишал писмо дека ја остава, но тоа што таа му го одговорила ќе ве шокира

    Каков пресврт! Ѝ пишал писмо дека ја остава, но тоа што таа му го одговорила ќе ве шокира

    Неверојатно е како некогаш работите можат толку многу да се променат што воопшто не изгледаат како што делувале на прв поглед. Оваа приказна, која претставува преписка помеѓу двајца поранешни сопружници, е показател баш за таквите ситуации.rnrnkakov-presvrt-i-pishal-pismo-deka-ja-ostava-no-toa-shto-taa-mu-go-odgovorila-kje-ve-shokira-kafepauza.mkrnrnОвој човек решил да ја остави жена си, па ѝ напишал писмо, но потоа добил одговор кој ни на крај памет не го очекувал.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„Драга жено,rnrnТи го пишувам ова писмо за да те известам дека засекогаш те оставам. Бев добар сопруг 7 години, но ништо не добив за возврат. Последниве две недели беа особено ужасни. Капката која ја прели чашата беше повикот од твојот шеф, кој ми соопшти дека си дала отказ од работа. Минатата недела се врати дома и не ни забележа дека си ја имав поткастрено косата поинаку од вообичаено, дека ти го подготвив омилениот оброк за вечера и дека дури облеков нова свилена долна облека. Ти сè изеде за две минути, си ја изгледа серијата и одма отиде на спиење. Одамна не сум те чул да ми кажеш дека ме сакаш, не сакаш да правиш ништо што поврзува еден маж и една жена. Или се гледаш со некого или веќе не ме сакаш. Како и да е, јас те оставам!rnrnТвојот поранешен сопруг.rnrnП.С. Не се ни обидувај да ме пронајдеш. Јас со твојата сестра се преселив во Западна Вирџинија, засекогаш.rnrnЧао!“rnrn[/message_box]rnrn???????????????????????rnrnБи очекувале дека одговорот на неговата поранешна жена ќе биде полн со жалење и патетики, но напротив. Еве што му пишала таа:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn„Драг бивши мажу,rnrnОдамна ништо не ме израдувало така како што ме израдува твоето писмо. Во право си, во брак сме 7 години. Што велиш – добар сопруг? Ха-ха, далеку од тоа, далеку… Серијата ја гледам бидејќи ми се смачи од твоето постојано кукање. Всушност, во последно време ни тоа не помагаше. Ја забележав твојата нова фризура минатата недела, и сè што сакав да ти кажам беше: ‘Изгледаш како некоја баба!’ Бидејќи мајка ми ме учеше да кажувам добри работи или да молчам, се определив за второто. А кога го подготви моето омилено јадење, ти сигурно си ме помешал со сестра ми, јас не јадам свинско месо веќе 7 години. Потоа, за твоите нови свилени гаќи… Ги забележав, ама немав никаков коментар кога видов дека на нив сè уште виси етикетата со цена од 49.99 долари. Веројатно е случајност, ама баш тоа утро сестра ми од мене позајми 50 долари… Без разлика на сè, јас уште те сакав и мислев дека ќе ги решиме сите наши несогласувања. Затоа, кога добив на лото 10 милиони долари, дадов отказ од работа и купив две кати за Јамајка. Но, кога се вратив дома го пронајдов твоето писмо. Па, што да кажам, ништо не се случува без причина… Се надевам дека ќе бидеш среќен во својот живот. Мојот адвокат ми кажа дека благодарејќи на твоето писмо, нема да извлечеш ни денар од мене. Така што… Чао!rnrnТвојата поранешна жена, богата и слободна!“rnrn[/message_box]

  • Еве како промената на лозинката може да ви го промени животот

    Еве како промената на лозинката може да ви го промени животот

    Во момент на најголемата животна пресвртница, збунетост и изгубеност, Маурисио Естреја се сетил на советот од својот поранешен шеф – избрал нова лозинка за да си го промени животот. И успеал…rnrneve-kako-promenata-na-lozinkata-mozhe-da-vi-go-promeni-zhivotot-kafepauza.mkrnrnМаурисио еден ден дошол на работа нервозен, нервен и испотен. Доцнел, имал само 20 минути до состанокот. Во главата му се повторувала само една мисла: „Како можеше тоа да ми го направи?“ Се наоѓал во болен процес на развод. Во тој момент на компјутерот добил порака дека лозинката му истекла. Имал малку време до состанокот, а пред себе ја имал таа пречка – непотребно губење време. Секако, за на работа морал да користи лозинка со минимум 8 знаци, од кои една голема буква, бројка и специјален знак и не смеела да се повторува со ниедна претходна.rnrnТогаш тој се сетил на советот од својот поранешен шеф: Користи лозинки за да си го промениш животот. Бил болно свесен за целта што треба да ја постигне, бидејќи се чувствувал емотивно изгубен. Тогаш му светнало – новиот пасворд ќе му биде: Forgive@h3r (Опрости ѝ).rnrnОваа лозинка тој морал да ја впишува по неколку пати на ден, секој ден кога ќе му се заклучел компјутерот, цел еден месец. Овој едноставен чин му го променил начинот на кој дотогаш размислувал за својата поранешна сопруга, за својот брак и депресијата во која сѐ повеќе тонел. Расположението драстично му се подобрило, а веќе на крајот на втората недела почувствувал дека лозинката станува помалку ефективна. Му се чинело дека навистина ѝ опростувал секојпат кога ќе пишел Forgive@h3r.rnrnПосле тоа сфатил дека лозинката, односно мантрата која ја повторувал секој ден може да влијае на неговиот живот, да го промени она што отсекогаш сакал да го промени, а не бил доволно силен, да излечи болка, да постигне нови цели.rnrnПосле месец дена користење на лозинката Forgive@h3r, ја променил во Quit@smoking4ever (Престани да пушиш засекогаш). Престанал да пуши речиси преку ноќ.rnrnОва се уште неколку негови пасворди од кои дел успешно му го промениле животот:rn

      rn011

    • Save4trip@thailand (Штеди за патување на Тајланд) – Отишол таму после 3 месеци.
    • rn011

    • Eat2times@day (Јади 2 пати на ден) – Во ова не успеал, сѐ уште има проблем со килограмите.
    • rn011

    • Sleep@before12 (Легнувај да спиеш пред полноќ) – Успеал.
    • rn011

    • Ask@her4date (Покани ја на состанок) – Успеал и повторно се заљубил.
    • rn011

    • No@drinking2months (Немој да пиеш 2 месеци) – Успеал и се чувствува многу подобро.
    • rn011

    • Get@c4t! (Набави мачка) – Успеал, има прекрасна мачка.
    • rn011

    • Facetime2mom@sunday (Разговарај со мама преку Фејстајм во недела) – Успеал, разговараат секоја недела.
    • rn011

    • Save4@ring (Штеди за прстен) – Ова е неговата последна лозинка за која бил сигурен дека ќе му го промени животот. На 21 јуни, таа рекла „да“.
    • rn

    rnМаурисио сфатил дека пасвордот навистина може да му го промени животот ако тоа го „одигра“ како што треба. Сега нестрпливо чека секој месец за да направи промена во лозинката со цел да си постави нов предизвик пред себе. Овој метод го користи веќе 2 години. Се работи за мали навики, кои можат да имаат големо влијание врз неговиот живот. Затоа одлучил да го сподели со светот.

  • Книга: „Бруклински будалаштини“ – Пол Остер

    Книга: „Бруклински будалаштини“ – Пол Остер

    Книга: „Бруклински будалаштини“ - Пол ОстерНе е лесно да си од оној тип страсни читатели кои после секоја добра книга се желни со часови да зборуваат за неа, особено ако не наидат на соодветна публика за своите излагања, а уште помалку ако не добијат повратно мислење. Среќа, секогаш наоѓам „жртва“ (освен вие, секако) расположена барем за слушање,па овој пат кафе-сеансата со другарка ми за кратко се претвори во „book club“, а тема на денот беше кој друг ако не легендарниот Пол Остер. Од тоа колку бил згоден на времето до тоа колку воодушевуваат неговите залагања за слобода на говорот за на крајот да се осврнеме на најважниот момент – неговиот неоспорен талент за пишување, факт поткрепен со моето последно четиво „Бруклински будалаштини“.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrn


    rnИ така, на сред моето кратко излагање по повод ова дело, другарка ми гордо изјави дека книгата наместо „Бруклински будалаштини“ требало да се вика „Бруклински трагични животни приказни“ (не е многу креативно, признавам). Но, сфатив дека можеби е во право и дека без живото, комично па на моменти и сатирично раскажување на Остер приказната би претставувала едноставно трагично живуркање на неколку напатени ликови без некоја крајна поента или порака. Далеку од тоа, Пол Остер има неверојатна способност ваквите животни приказни да ги поврзе и да ги испреплетка со милион мали случајности за на крајот да открие една гола вистина – и најмалата одлука може да влијае и да ни го обликува животниот пат.rnrnГлавниот лик е педесет и девет годишниот Нејтан Глас, кој после лошиот брак и уште полошиот развод, од периферијата се сели во Бруклин, барајќи „мирно катче за умирање“. Нејтан е пензиониран продавач на полиси за животно осигурување, кој преживеал рак на бели дробови и е во лоши или во никакви односи со членовите на своето семејство. Инспириран од секојдневните „будалаштини“ кои го наоѓаат од смешни до трагични (Нејтан е магнет за такви случки), како и од оние кои ги изнаслушал додека продавал полиси, се решава да пишува книга во која ќе бидат сместени сите негови и туѓи животни приказни. Случките се множат откако успева да ги обнови односите со неговиот омилен внук Том, кој од постдипломец на студии за американска книжевност станал таксист и продавач разочаран од животот.Книга: „Бруклински будалаштини“ - Пол ОстерБидејќи Пол Остер обожува случајности, Нејтан и Том ги спојува нивната заедничка љубов – книгите. Се среќаваат случајно во локалната книжарница каде што Том работи, а Нејтан сака да купува книги и оттогаш стануваат најдобри пријатели. Нивното друштво го надополнува екстравагантниот сопственик на книжарницата – Хери кој со своите екстремни погледи и контроверзно животно искуство совршено ја надополнува малата боемска дружина. Но, нивните долги интелектуални разговори залиени со неколку флаши вино и ручеците во омилениот ресторан се нарушени откако на Том му се појавува на врата неочекуван гостин – малечката Луси, ќерката на неговата проблематична сестра Аурора. Додека се обидуваат да откријат што се случувало со Луси и Аурора во изминатите години, што е уште повеќе отежнато од фактот дека девојчето одбива да зборува, Нејтан и Том неизбежно мора да го променат нивниот начин на живот. Решени да ја остават Луси кај далечна роднина во друг град, тројцата тргаат на пат кој засекогаш ќе им ги измени животите.rnrnКако едно погрешно свртување, едно ѓаволесто девојче и еден напуштен хотел можат да им ги изменат животите? Неповратно.rnrnПочетокот на книгата е малку бавен но никогаш здодевен, кон средината веќе насетувате феноменална приказна, а последната страна ќе ве натера никогаш да не ја заборавите. Ликовите, иако скршени, деструктивни и изгубени, на моменти неизбежно ќе ви прираснат за срце со својата човечност, а Нејтан Глас со својата проникливост и интелигенција има огромен потенцијал да ви стане омилениот дедо во книжевната литература.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 12 неомври 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Книга: „Домаќинка од Бога дадена“ – Софи Кинсела

    Книга: „Домаќинка од Бога дадена“ – Софи Кинсела

    Одлична книга која ќе ве насмее до солзи и ќе ве потсети дека може да бидете сè што ќе посакате во животот и дека никогаш не е доцна за промена.rnrn„Домаќинка од Бога дадена“ – Софи КинселаНаслов на оригиналот: The Undomestic GoddessrnПо серијата „Купохоличарка“, Маделин Викам, повторно под псевдонимот Софи Кинсела, им подарува на своите читатели уште еден урнебесно смешен бестселер. Живото раскажување, беспрекорното опишување на низата настани и честиот хумор уште еднаш им потврдуваат на вљубениците во добрите новели, дека станува збор за неповторливата Софи Кинсела. И овој пат не нè изненади, дело кое ќе нè натера макар за момент повеќе да ги сакаме книгите отколку филмовите, е токму она што го очекувавме од Кинсела.
    rnrn

    Синопис

    rnСаманта Свитинг е 29-годишна адвокатка во познатата адвокатска фирма Картер Спинк во Лондон. За разлика од главниот лик од серијата книги „Купохоличарка“, Беки Блумвуд, овој пат Кинсела носи нова хероина, за која слободно би кажале дека има сосема спротивни карактеристики. Саманта е воркохолик и нема социјален живот. Нејзината работа можеби повеќе ѝ носи стрес отколку што ја исполнува, но таа не обрнува внимание на тоа, бидејќи е зафатена со извршување на своите обврски и спасување на своите клиенти изразено во милионски суми. Мерејќи го слободното време во минути и секунди, Саманта нема време за љубов, после една кратка романса, речиси без никакви чувства, и лош тајминг со еден од нејзините колеги, сè што ѝ преостанува е работата.rnrnКога станува збор за домаќинството, не знае ама баш ништо поврзано со тоа. Кога нејзината постара сосетка ќе ја искритикува поради фактот што не знае да го сошие скинатото копче, Саманта луто возвраќа: „Можеби не знам да сошијам копче, но можам да спасам финансиски договор вреден 30 милиони фунти! Тоа е она што јас го правам!“„Домаќинка од Бога дадена“ – Софи КинселаГолемиот пресврт во нејзиниот живот се случува кога еден ден конечно ја избираат за партнер во фирмата. Но, истиот тој ден, Саманта на своето неуредно биро наоѓа документ за кој заборавила да се погрижи. Избезумена поради фактот што направила грешка, ја напушта канцеларијата и трча кон железничката станица качувајќи се на првиот воз без никакво размислување. Одбегнувајќи ги телефонските повици, Саманта пристигнува во едно мало предградие на Лондон. Неверувајќи дека направила таква глупава грешка се соочува со огромна паника. Барајќи насоки, пристигнува во една голема куќа каде несвесно е заменета со кандидатка за куќна помошничка.rnrnТука наголемо почнува смеата, Саманта не знае да ракува ни со рерната, а не пак да ги прави сите сложени јадења што им ги вети на сопствениците на куќата, Триш и Еди, кои не се ни свесни дека нивната куќна помошничка има диплома по право и коефициент на интелигенција повисок од 140. Дали Саманта ќе успее да се снајде во улогата на куќна помошничка? Дали ќе пронајде вистинска љубов? И доколку ѝ се даде шанса да се врати на стариот живот, дали ќе прифати?rn
    rn

    Лична критика

    rnНе би сакала да ви откривам ништо повеќе од содржината со цел да разбудам љубопитност во вас и желба да ја најдете книгата и да ја прочитате. Сеедно, дури и да ви ја откријам целосната содржина, а и крајот, секој кој прочитал макар една книга од Кинсела, сепак ќе сака да ја прочита бидејќи знае дека станува збор за урнебесен тек на настани и раскажување кое ќе ве насмее до солзи. Просто заборавате на вашиот живот и сè она што ве мачи, и станувате дел од светот на главниот лик.rnrnОна што сепак не ми се допаѓа баш најмногу, е можеби фактот што книгата и не е толку реална. Саманта не знае ни да свари јајце, а за неколку недели ќе научи да ги прави сите комплицирани работи во кујна. Плус, главниот лик е ставен пред свршен чин, или да продолжи да биде куќна помошничка, или да се врати во фирмата. Наспроти овој нереален црно-бел свет, вистинскиот живот не е избор од една крајност до сосема друга. Но, настрана од тоа, целото раскажување, ќе направи да ги занемарите овие ситници, затоа топло ви ја препорачувам.„Домаќинка од Бога дадена“ – Софи КинселаМакедонски превод нема (или барем сè уште не е излезен), но би можеле да најдете примероци на српски. Сепак, би ви препорачала доколку сте во можност да ја прочитате во оригиналната, англиска верзија, за да ги доловите урнебесните моменти и неповторливото раскажување.rn
    rn

    Кој и кога да ја чита?

    rnКнигата спаѓа во лесна литература, па е совршена за да ве опушти во слободно време и секако, добро да ве насмее. Станува збор за слатка и романтична книга со хумористични случувања, која исто така носи и поука. Бидејќи е чик лит, совршена е за младите девојки и жени, особено оние оптоварени со работа и обврски, но не значи дека не им би се допаднала и на мажите. Во ладните зимски ноќи, направете си кафе, земете ја книгата и подгответе се да се смеете на случувањата на Саманта, онака како што не би се смееле ни на филм. Да успееш толку сликовито да прикажуваш ситуации со зборови, е голем успех, можеби токму поради тоа, Кинсела е автор на добар дел од најбараните бестселери изминативе неколку години.„Домаќинка од Бога дадена“ – Софи Кинселаrn

    Други самостојни дела од Софи Кинсела:

    rn
    rn

      rn011

    • „Знаеш ли да чуваш тајна?“
    • rn011

    • „Ме паметиш?“
    • rn011

    • „Девојка во дваесеттите“
    • rn011

    • „Го имам твојот број“
    • rn011

    • „Свадбена вечер“ (во исчекување)
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

    Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

    Одлична преработка на класичната приказна за Снежана и седумте џуџињаrnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Режија: Руперт СандерсrnrnУлоги: Кристен Стјуарт, Крис Хемсворт, Шарлиз ТеронrnrnВреметраење: 127 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 јуни 2012rnrnЖанр: акција, авантура, драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо пресвртот на бајката, каде што ловецот имаше наредба да ја однесе Снежана во шумата, да ја убие и да го врати нејзиното срце на кралицата, овој пат тој е пратен во шумата за да ја пронајде, каде што по сплет на околности ќе стане нејзин заштитник и ментор во мисијата да се победи кралицата. И покрај тоа што се работи за Снежана, има неколку големи промени во приказната кои ја прават непредвидлива и „освежувачка“ за гледање. Најинтересниот дел е што во моментите кога ќе помислите дека знаете точно што ќе се случи – ќе бидете (не)пријатно изненадени… Токму тоа е тоа што ја прави оваа преработка одлична и незаборавна.rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnСè започнува со желбата на кралицата да има девојче кое e бело како снег, со усни црвени како крв и коса црна како крилја на гавран. Набрзо нејзината желба се остварува и добива девојче кое го нарекува Снежана. Таа како што растела била сè повеќе сакана од народот, како заради нејзиниот дух, така и заради надворешната убавина. Снежана отсекогаш имала посебна поврзаност со животните и поради тоа мајка и ѝ велела дека има неверојатна внатрешна убавина која ќе ѝ помогне во иднина кога ќе биде кралица.Кога Снежана ќе биде сè уште млада, мајка ѝ ќе почине. Тоа многу ќе го погоди неутешливиот крал. Токму во тие најтешки периоди ќе се појави мистериозна војска која ќе сака да ја употреби тагата на кралот против него. Во необичната битка кралот и неговите луѓе ќе успеат да победат и откако сè ќе заврши ќе најдат само еден преживеан – девојка која била заробена од темната војска. Но, тоа што следува е многу потемно од што било досега. Кралот, маѓепсан од нејзината убавина, уште наредниот ден ќе ја земе за жена и за првпат по смртта на неговата жена ќе заборави на неговото скршено срце… Но, работите не се воопшто така како што изгледаат – новата кралица на првата брачна ноќ ќе го убие кралот и ќе го заземе неговото место на престолот.rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnРавена (Шарлиз Терон), лошата кралица била толку „отровна“ што природата околу замокот изумрела, луѓето се свртеле едни против други и сите живееле под константен страв. Додека таа владеела, Снежана (Кристен Стјуарт) била заробена во високата северна кула од замокот. Снежана конечно успева да избега, откако огледалото ќе ѝ каже на кралицата дека тој ден е поубава од сите и дека доколку го земе нејзиното срце ќе може да биде млада засекогаш.rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnОчајна за да ја пронајде, кралицата го праќа ловецот (Крис Хемсворт) во шумата по неа, но тој наскоро дознава дека бил изигран и се врти против нејзе и нејзините луѓе, притоа спасувајќи ја Снежана. Во меѓувреме најдобриот пријател од детството на Снежана дознава дека таа е жива и тргнува во потрага по неа…rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnЛикот на Шарлиз Терон дефинитивно ќе се памети долго време. Таа совршено го доловува застрашувачкиот карактер на кралицата која ја прави можеби најзлобната негативка на филмското платно досега, но истовремено ви покажува и една слаба, човечна страна поради која сфаќате таа е само жена со многу проблеми и поради тоа не можете да ја мразите како во останатите интерпретации на класичната бајка. Сите се согласуваат дека најслаб дел е ликот на Кристен Стјуарт, можеби зашто некако немаше доволно време и простор за нејзино развивање. На некои периоди изгледаше како да е нафрлано сè она што Снежана го поминуваше во филмот. Што се однесува до Ловецот, тој исто така добро си ја заврши својата работа и покрај тоа што имаше сосема нова и досега непозната улога во приказната за Снежана.rnrnСнежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)rnrnЗа овој филм мора да бидете послободни и во многу добро расположение. Бидејќи изобилува со многу силни емоции, и покрај тоа што се работи за ваков вид приказна – не ви препорачуваме да го гледате кога сте лошо расположени или нервозни.

  • Пронаоѓачот (The Finder)

    Пронаоѓачот (The Finder)

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnТВ серија за еден несекојдневен детектив…rnrnПронаоѓачот (The Finder)Креатор: Харт ХенсонrnГлавни улоги: Џеф Сталтс, Мерцедес Мејсон, Мајкл Кларк Данкан, Меди ХеснrnЖанр: криминалистика, драмаrnЈазик: АнглискиrnПретставена на: 21 април 2011 (во ТВ серијата „Коски“)rnПремиера: 12 јануари 2012rnБрој на сезони: 1 (во тек)rnВреметраење: 43 минутиrnНаша оценка: 9rnВаша оценка: [ratings]
    rn


    rnИмате нешто изгубено? Нешто што премногу ви значи? Нешто без кое можеби не би можеле да живеете? Не грижете се… Волтер ќе го пронајде. Мислите дека тоа е невозможно? Погледнете ја оваа ТВ серија и ќе ви стане јасно за што станува збор.rn



    rn

    rnПриказна: Волтер Шерман (Џеф Сталтс) е ветеран, кој во војната со Ирак се здобил со оштетување на мозокот од експлозија. Оштетувањето на мозокот предизвикало чудна потреба кај него, потреба да го пронаоѓа она што другите го изгубиле. Волтер гледа конекции кај навидум неповрзани настани, предмети или луѓе. Честопати повторува дека ќе го пронајде тоа што се бара од него или ќе умре барајќи го.Пронаоѓачот (The Finder)Лео Нокс (Мајкл Кларк Данкан) е неговиот најдобар пријател, легален советник, телохранител, сметководител… Волтер и Лео имаат свој бар кој се вика „Крајот на светот“ во кој работи и Вила Мандеј (Меди Хесн). Таа е на условно поради кражба и доколку ја загуби работата, поради каква било причина, може да се врати повторно во затвор. И покрај нејзиното противење на работата и обидот да избега од таму, таа набрзо ќе го промени своето мислење бидејќи конечно ќе се почувствува дека припаѓа некаде.Пронаоѓачот (The Finder) Изабел Замбада (Мерцедес Мејсон) е заменик маршал, но навечер таа оди на предавања за да стане правник. Изабел многу често соработува со Волтер со кој има малку специфичен однос, нешто сосема спротивно од она што го гледаме во денешните романтични драми и комедии. Најинтересен момент е тоа што тие имаат детално составен договор за „пријатели со бенефиции“, кој може да се стави на „пауза“ во ситуации кога еден од нив ќе пронајде некој посебен, па другиот ќе мора да го прифати тоа без коментар.Пронаоѓачот (The Finder)Пронаоѓачот (The Finder)Оштетувањето на мозокот кое му ја активирало оваа посебна дарба на Волтер, во исто време го направило многу параноичен и му влијае на некои други ментални способности. Но и покрај сите психички проблеми, тој сепак одбива да оди на операција, бидејќи се плаши да не ги загуби своите пронаоѓачки способности. Продолжувајќи да живее на малку поинаков начин од останатите, тој секојдневно се обидува максимално да ја искористи дарбата и да им помогне на што поголем број луѓе. Со Лео покрај него, постојано се соочуваат со крадци, мафијаши, убијци и секаков вид други криминалци. Но, тоа претставува најмал проблем за нив. Она што е најважно е да се пронајде изгубеното.Пронаоѓачот (The Finder)Пронаоѓачот (The Finder)Кога да ја гледате: Совршено време за гледање на оваа ТВ серија е кога ви е потребен краток одмор од секојдневните обврски. Таа ќе ве расположи, насмее и ќе ве натера да се задлабочите во приказната со неверојатните пресврти. А што се однесува до Волтер, тој нема да престане да ве изненадува.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.