КАФЕ ПАУЗА

Tag: предмети

  • Креативни производи инспирирани од Ајфон

    Креативни производи инспирирани од Ајфон

    Колку си со сакате вашиот мобилен телефон? Дали го имате токму оној што го сакате или можеби трагате по нешто подобро и трпеливо собирате пари за да си го купите во блиска иднина?! Во двата случаи, дали би сакале да ве опкружуваат и други предмети кои се инспирирани од дизајнот на вашиот омилен гаџет? Еве некои за кои инспирација бил токму овој Еплов гаџет.rn

    1. Предизвикувачка Ајфон-маица

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОваа маица не ја користи истата технологија како самиот Ајфон, но ефектот што го предизвикува веројатно е многу сличен. Дефинитивно предизвикува да поминете со прстите преку неа :).rn

    2. Подметачи за чаши во вид на Ајфон-икони

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnНавистина уникатен начин да ја заштитите масичката во вашиот дом… Овие подметачи за чаши претставуваат икони кои симболизираат одредени апликации за Ајфон. Штом ја ставите чашата на некоја од нив, нема ништо посебно да се случи, но дефинитивно ќе изгледа интересно за гостите. Овие подлоги за чаши доаѓаат во пакет од 16, а чинат скоро 60 долари.rn

    3. Кафе-масичка во вид на џиновски Ајфон

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОва е одличен спој за љубителите на уникатни масички за кафе, кои се воедно корисници на Ајфон. Оваа масичка е целосно изработена од картон, а најдобрата работа е што иконите можат да се отстрануваат и по потреба да се враќаат на нејзината површина за да се користат како подметачи. Изработена е од страна на неколку читатели на веб-сајтот iLounge.rn

    4. Ајфон-перница

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrniCushion е кул перница во вид на џиновски Ајфон, која дури има и скриено џепче за чување на вистински Ајфон.rn

    5. Ајфон-обетки

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОвие обетки може да бидат интересни или за преголемите обожавателки на овој гаџет или пак за оние кои не можат да си дозволат да го купат, но можат да се помират со ваква евтина замена за него.rn

    6. Ајфон-бележници

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnNotepod претставува бележник за кратки пораки и телефонски броеви кој од едната страна е дизајниран како Ајфон. За 18 долари, се добива пакет од 3 бележници, секој од нив по 100 страни. За жал, изгледа дека производителот повеќе не ги произведува.rn

    7. Ајфон колачиња

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnОвие иконки изгледаат многу вкусно, но зарем не би ви било жал да ги јадете? Ако не ви е, ете една интересна идеја за следниот пат кога ќе појдете во слаткарница за да направите нарачка за колачи.rn

    8. Чаршав за кревет

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnАко веќе ги имате останатите предмети кои се инспирирани од Ајфон, добро е да ја зачините колекцијата и со еден чаршав инспириран од неговиот брат Ајпод тач.rn

    9. Ајфон матарка

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnИако личи како Ајфон на кој му навлегла течност во внатрешноста, всушност се работи за добро дизајнирана матарка, на која копчето за вклучување претставува отвор од каде се излева алкохолот кон устата. Дизајнер на овој концепт е Dhanai Holtzclaw.rn

    10. Огромна Ајфон хај тек маса

    rnКреативни производи инспирирани од АјфонКреативни производи инспирирани од АјфонrnrnАко не можете да се стрпите додека да излезе Ајфон 5, зошто да не набавите една огромна верзија од Ајфон 4, со 40-инчен екран и функции кои можете да ги користите и на оригиналниот Ајфон. Дизајниран од германски инженер, т.н. iTableous е воедно и маса, која може да се сврти вертикално за да се користи полесно. Сепак, пред да се залетате по овој „гаџет“, знајте дека сепак ги нема сите функции како оригиналниот производ на Епл. Неговиот екран не е осетлив на допир и со него не можете да им се јавувате на пријателите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музички ритам создаден од канцелариски предмети

    Музички ритам создаден од канцелариски предмети

    Сигурно до сега ви се има случено, не знаејќи што да правите со сопствените раце, да се заиграте тропкајќи си со некој предмет кој сте го нашле пред вас и изненадени од добриот ритам кој сте го произвеле, да почнете да се занесувате дека ќе снимите музика?! Во најмала рака, сигурно сте пробале да создадете ритам со удирање на дланките, меѓу себе или по вашите бутини. На тој начин филмската компанија Fruit Bonus го создала ова навистина интересно музичко видео, употребувајќи ги интересните звуци кои ги произведуваат разни предмети во нивната канцеларија, како копчиња „on/off“ од техниката која ја користат за правење филмови, телефони, дури и звукот од чкрипавиот звук на стариот лифт во зградата.Музички ритам создаден од канцелариски предметиВидеото во целината, реално го прикажува хаотичниот работен ден на њујорчаните кои работат во отворени канцеларии.rnrn„Soundlapce“ (Звукот што одминува) е во режија на Марк Палмен и Аманда Спева, а музиката ја монтирал Ерик Расмусен. Уживајте во нивната креативност.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 предмети кои можете да ги изработите за помалку од една минута

    8 предмети кои можете да ги изработите за помалку од една минута

    За уредување на домот, не се секогаш потребни многу пари. Со евтини материјали и малку креативност, можете да изработите кул предмети кои можат да имаат специфична функција и интересен дизајн.rnrn8 предмети кои можете да ги изработите за помалку од една минутаrnrnВо видеото во продолжение, Пјер Лота презентира 8 проекти кои можат да се направат за помалку од една минута, а за нивната изработка се користат рециклирани предмети. Идеите се одлични: вазна од шише и обична бела хартија, кафе-масичка од дрвена плоча и стаклени шишиња, картонска ламба…rnrnrnrnИмате ли вие направено нешто вакво?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уникатна фотелја

    Уникатна фотелја

    Автор: Ивана ЛазороскаrnrnАко досега многупати ви се случило да ги губите секојдневните предмети, кои се расфрлени во вашата дневна соба, оваа премногу функционална, но и естетски добро дизајнирана фотелја е создадена само за вас.Уникатна фотелјаУникатна фотелјаДизајнирана од страна на Daisuke Motogi, а презентирана на настанот за дизајн, Дизајнтајд Токио 2010, со димензии 900 x 700 x 700 мм, сега фотелјата е достапна за секого.Уникатна фотелјаВо неа би можеле да вметнувате многу поситни секојдневни предмети кои често ги користите додека се релаксирате во својот дом. Обично тоа би биле книги, далечински управувач, пенкала, односно сè она што би можеле да го вметнете во празнините меѓу тапацираните коцки кои меѓусебно поврзани ја создаваат фотелјата.Уникатна фотелјаУникатна фотелјаНа овој начин, сите работи кои ви се потребни за добра релаксација во вашиот дом, секогаш ви се достапни на дофат на рака.Уникатна фотелјаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секојдневни предмети изработени од употребена хартија

    Секојдневни предмети изработени од употребена хартија

    После разгледувањето на овие интересни креации, добро ќе размислите дали следниот пат ќе ги фрлите старите списанија, разгледниците, картонските обвивки од разни производи или детските книги и боенки. Можеби ќе се решите да ги претворите во уметност, како што прави феноменалната Џенифер Кулиер. Таа ги собира сите хартиени продукти и ги претвора во реплики на секојдневни предмети.Секојдневни предмети изработени од употребена хартијаЏенифер секој проект го започнува со внимателно одбирање на хартијата, која потоа ја претвора во материјал за креирање. Таа собира различен вид хартии од супермаркети, добротворни организации, пазари, антикварници и од други места, сè додека не собере сè што ù е потребно. Потоа преку склопување, лепење, сечење и хефтање создава работен материјал, кој подоцна го користи за првање на овие интересни имитации.Секојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартијаСекојдневни предмети изработени од употребена хартија

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Минималистички постери за познатите филмови

    Минималистички постери за познатите филмови

    Ема Батлер е креаторка на овие минималистички постери за неколку познати филмови. Постерите ги карактеризираат препознатливи предмети, реквизити и облеки користени во неколку филмови, кои ù се нејзе омилени.Минималистички постери за познатите филмовиМинималистички постери за познатите филмовиМинималистички постери за познатите филмовиМинималистички постери за познатите филмовиМинималистички постери за познатите филмови

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Предмети распрскани на милион парчиња

    Предмети распрскани на милион парчиња

    Алан Сејлер е фотограф и инженер кој живее во Камарило, Америка. Работилницата му е сместена во гаража и тоа е неговото место каде што твори. Сите овие прикажани предмети, Ален ги распукал со помош на пушка и во моментот кога тие се распрснуваат на милион парчиња, тој создава неверојатна фотографија, фатена токму во тој магичен момент.Предмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчињаПредмети распрскани на милион парчиња

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Колекција од грижливо подредени предмети

    Колекција од грижливо подредени предмети

    Серија на мали колекции е насловот на овој проект чиј автор е Џесика Нејплс. Таа на еден чист и софистициран начин презентира конкретни предмети на одредени личности. Сите предмети се лични и се буквално извадени од скриени полици и заклучени кутии. Заедно предметите претставуваат временска капсула која одбележува одредено време, лични интереси и приоритети. Погледнете го овој кул проект:Грижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предметиГрижливо подредени колекционерски предмети

  • Игра на неделата: Пронајди го излезот

    Игра на неделата: Пронајди го излезот

    На почетокот на оваа авантуристичка и логичка игра, вие се наоѓате затворени во еден тоалет и треба да најдете начин да излезете. Низ текот на целата игра треба да собирате предмети кои можат да ви помагаат во играњето, како и за да го следите дејството внимателно.Игра на неделата: Пронајди го излезот Управувајте на маусот, предметите земајте ги со клик, а употребувајте ги од делот Inventory.rn

  • Оживеани силуети

    Оживеани силуети

    Ликови полни со детали, и тоа, деликатно исечени од црна хартија… Џо Бегли сигурно е трпелив уметник кој на овие ликови и предмети како да им вдахнал живот. Сите негови дела се достапни за продажба преку веб-сајтот Etsy. Погледнете:Оживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиОживеани силуетиАко се заинтересиравте малку повеќе за оваа необична уметност, погледнете како изгледа животот низ призма на минијатури преку креативните дела на Terada Mokei.