КАФЕ ПАУЗА

Tag: право

  • Совети од Абрахам Линколн за младите правници

    Совети од Абрахам Линколн за младите правници

    Пред да стане претседател на САД, Абрахам Линколн имал успешна адвокатска кариера, која ја работел 25 години. Неговиот добар углед натерал многу млади правници да се обратат кај него за совет како да станат подобри адвокати. На четири од нив им ги испратил следните одговори.rnrnСовети од Абрахам Линколн за младите правнициrn

    Писмо до Ајшам Ривис, 5 ноември 1855 година

    rnПочитуван господине,rnrnШтотуку стигнав дома го најдов Вашето писмо од 23-ти од минатиот месец. Јас поминувам премногу време надвор од канцеларијата за да бидам од корист за еден млад човек кој сака да научи за правото. Ако сте цврсто решен од себе да направите адвокат веќе сте завршиле половина од работата. Не е битно дали ќе читате со некого или не. Јас не читав со никого. Земете ги книгите, читајте, проучувајте ги додека не ги сфатите нивните носечки принципи, тоа е најважно. Не е битно дали сте во голем град додека читате. Јас читав во Њу Салем, место во кое никогаш немало повеќе од 300 жители. Книгите и вашиот капацитет да ги разберете се исти каде и да сте. Господин Дамер е многу умен човек и одличен адвокат, така што немам сомнение дека тој со задоволство ќе ви покаже кои книги да ги прочитате, а веројатно и ќе ви позајми некои.rnrnСекогаш имајте на ум дека вашата решеност да успеете е побитна од што било друго. Искрено Ваш,rnrnА. Линколнrn

    Писмо до Вилијам Григсби, 3 август 1858 година

    rnПочитуван господине,rnrnВашата пријава за место во мојата адвокатска канцеларија од 14 јули беше примена пред неколку дена. Мојот партнер, г-н Херндон, е задолжен за овие работи и во последните три месеци веќе има одбиено дузина пријави како Вашата.rnrnАко сакате да станете адвокат, не дозволувајте на Вас да влијае местото каде што се наоѓате или луѓето со кои сте опкружени. Земете книги, седнете некаде и читајте. Тоа ќе ве направи адвокат побрзо од што било друго.rnrnИскрено Ваш,rnrnАбрахам Линколнrn

    Писмото до Џејмс Торнтон од 2 декември 1858 година

    rnПочитуван господине,rnrnГо примив Вашето писмо испратено на 29-ти во име на г-н Видмер. Јас премногу сум отсутен за да можам да бидам соодветен ментор на студент по право. Кога човек ќе дојде до возраста на која е г-н Видмер, сметам дека треба да почне да чита без надгледување од ментор. Јас токму на тој начин влегов во правната професија. Дајте му на г-н Видмер да ги прочита коментарите на Блекстон, застапувањата на Чити, за докажувањето на Гринлиф, за правичноста и застапувањето во име на правичноста на Стори, нека земе лиценца, нека почне да работи и нека продолжи да чита и потоа. Според мене тоа е најбрз, најевтин и најдобар начин за г-н Видмер да направи адвокат од себе.rnrnИскрено Ваш,rnrnА. Линколнrn

    Писмо до Џон Брокман од 25 септември 1860 година

    rnПочитуван господине,rnrnВашето прашање „кој е најбрзиот начин да се стекне длабоко знаење за правото“ е примено. Начинот е многу едноставен, иако макотрпен и едноличен. Тоа е да земете книги, да читате и внимателно да ги проучувате. Почнете со коментарите на Блекстон, и откако внимателно ќе ги проучите, би рекол два пати, прејдете на застапувањата на Чити, докажувањето на Гринлиф, а потоа прочитајте за правичноста од Стори. Најбитно е да се работи, работи, работи.rnrnИскрено Ваш,rnrnА. Линколнrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Костуми (Suits)

    ТВ серија: Костуми (Suits)

    ТВ серија за професионалните предизвици и за секојдневната борба да се биде најдобар во она што се работи rnrnТВ серија: Костуми (Suits)Главни улоги: Патрик Џеј Адамс, Габриел Махт, Рик ХофманrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnКреатор: Арон КоршrnrnПремиера: 23 јуни 2011rnrnБрој на сезони: 2rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnОдамна не сме препорачале ТВ серија која е толку добра за да заслужи сериозна 9-ка. За ваква оценка, не е доволно таа да е само интересна, забавна и заразна, потребно е да биде сплет од овие неколку работи, но и да има нешто плус. Во „Костуми“ тоа е инспиративноста – чувството кое ви се создава додека ја гледате, кое ве држи кога ќе престанете и спонтано ги менува вашите погледи за професионалниот живот.ТВ серија: Костуми (Suits)Харви Спектор е успешен адвокат во престижна адвокатска компанија, кој е познат по својот остроумен шарм и по тоа дека секогаш победува. Неговите обврски наложуваат да најми асистент, чие место случајно го пополнува Мајк Рос. Мајк никогаш не завршил правни студии, но многупати полагал правосуден испит за други. Има неверојатна способност за помнење, доволно е само еднаш да прочита нешто за тоа да остане запаметено во неговата глава. Импресионирајќи го Харви на интервјуто за работа, тој ја добива шансата да го живее својот сон.ТВ серија: Костуми (Suits)Нека не ве одбива правниот аспект во приказната. Навистина, сè во серијата се базира на правото, но случаите се интересни, а нивното вешто решавање проследено со неуспеси и надмудрувања, „местенки“ и финти ќе направи да посакате да ја работите оваа работа, дури и ако вашиот сон е нешто друго. Хуморот во серијата е стегнат, вплеткан во куси интервали помеѓу редици сериозни правни дијалози. Просто, немате време да се изнасмеете кога ќе се случат.ТВ серија: Костуми (Suits)И глумата во серијата е фантастична. Ќе биде невозможно да не го сакате Харви Спектор, без разлика дали како љубовник или како ваш идол, да се воодушевувате на држењето на неговата шефица Џесика – сопственичката на фирмата, да го презирате неговиот опонент Луис, да посакате да имате колешка како неговата асистентка Дона и да сочувствувате со Мајк, кога се сопнува на интригите кои му ги приредуваат поискусните.ТВ серија: Костуми (Suits)Најсилно од сè е што во секоја епизода градуално се зголемува елементот на емотивност кој ги поврзува карактерите и прави да се чувствувате како да сте дел од нивниот живот.ТВ серија: Костуми (Suits)ТВ серија: Костуми (Suits)Досега се излезени вкупно 22 епизоди организирани во 2 сезони, но ако почнете да гледате „Suits“, брзо ќе сфатите зошто продолжението закажано за јануари, 2013 изгледа толку далечно.ТВ серија: Костуми (Suits)
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што открива ракописот за вашиот карактер?

    Што открива ракописот за вашиот карактер?

    Вашиот ракопис говори за вашата личност повеќе отколку што мислите. Ова го тврдат графолозите, кои се бават со анализа на ракописите. Па затоа земете лист и пенкало, напишете една реченица и дознајте дали тие се во право.rnrnШто открива ракописот за вашиот карактер?rn

    Закосеност на буквите

    rnДоколку буквите во вашата реченица се закосени кон десно, најверојатно вие сте екстравертна личност која обожава да се дружи и има многу пријатели.rnrnДоколку буквите во вашата реченица се закосени на лево, тогаш вие сте личност која ужива кога е сама и која понекогаш е голем бунтовник, особено доколку пишувате со десна рака.rnrnДоколку буквите во вашата реченица се потполно прави, вие сте практична личност, која не сака многу да ги покажува своите емоции и се води по својата логика.rnrnШто открива ракописот за вашиот карактер?rn

    Големина на буквите

    rnДоколку вашиот ракопис е крупен, вие сте многу самоуверена личност која сака да биде во центарот на вниманието. Докажано е дека славните личности имаат крупен ракопис.rnrnДоколку пишувате ситно, тогаш вие сте помалку срамежлива личност, но точно знаете што сакате и знаете да се концентрирате на приоритетите во животот.rnrnДоколку сметате дека големината на вашите букви е средна, тогаш вие сте многу снаодлива личност која знае да се прилагоди на сите ситуации.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.