КАФЕ ПАУЗА

Tag: позитивни работи

  • 25 нешта што би сакале да ги знаевме порано, а не ни ги кажале никогаш

    25 нешта што би сакале да ги знаевме порано, а не ни ги кажале никогаш

    Искуството и мудроста одат рака под рака. Колку поискусни стануваме толку повеќе се исполнуваме со животни мудрости. Меѓутоа, некогаш за некои работи не сме знаеле без оглед на нашата мудрост и искуство бидејќи никој не ни ги кажал. Многу би било поубаво кога порано би ги знаеле овие работи. Прочитајте и дознајте кои се тие.rnrnrnrn1. Грешки не постојат, тоа се само настани кои нè водат на патот кон успехот.rnrn2. Поважно е да се живее во согласност со себеси отколку да се исполнуваат туѓите барања.rnrn3. Подобро да се обидете и да не успеете отколку никогаш да не се обидете.rnrn4. За да одите по сопствениот пат не ви треба никаква дозвола.rnrn5. Повеќе корист има кога го правите тоа што го сакате отколку кога го правите она што околината наметнува дека треба да се прави.rnrn6. Живеењето во љубов има далеку поголема вредност отколку живеењето во скудна сигурност.rnrn7. Ако нешто сте одбралр и тоа повеќе не ве прави среќни, можете да одберете повторно.rnrn8. Во ред е да се биде поинаков од просекот и да се негува сопствената индивидуалност.rnrn9. Да се ужива во сонување големи соништа бидејќи тие навистина можат да се исполнат.rnrn10. Промената не носи ништо лошо туку отвора патишта кон подобро.rnrn11. Самите сте причина и последица и тоа нема врска со околината.rnrn12. Поважно е тоа што го имате во срцето отколку тоа што го имате во џебот.rnrn13. Не се обидувајте да ги промените другите туку променете се самите.rnrn14. Ако знаете што сакате и каде сте тргнале, ништо не може да ве спречи.rnrn15. Тука сте за да не живеете во страв туку со веселба да правите сè од љубов.rnrn16. Кога ќе се засакате самите, можете искрено да ги сакате и другите.rnrn17. Сè што може еден човек во светот, го може и секој друг.rnrn18. Највредните работи се бесплатни, а воедно и непроценливи како што се воздухот, водата, љубовта…rnrn19. Колку повеќе даваме толку повеќе добиваме.rnrn20. Поважен е сегашниот момент отколку тоа што било вчера или тоа што ќе биде утре.rnrn21. Многу е поважно да верувате во себе отколку другите да веруваат во вас.rnrn22. Во ред е да паднете бидејќи тоа ќе ве научи побрзо да станете.rnrn23. Не е грешка што сте се родиле, вие сте израз на извор од безусловна љубов.rnrn24. Без оглед на сопствените одлуки, никогаш не сте лишени од поддршката од тој ист извор.rnrn25. Што и да се случи, никогаш не се откажувајте од себе, бидејќи ја имате целата слобода и моќ во себе да живеете живот каков што вистински сакате.rnПрочитајте и за следниве 4 нешта што ви се случуваат кога сте повозрасни и се сосема во ред.

  • Добрите и лошите страни на Лондон

    Добрите и лошите страни на Лондон

    Кога се преселувате во некој нов град најчесто адреналинот ве удира од сите страни, па имате премногу желби и планови за тоа што да видите, каде да отидете, и реално, потребно ви е некое време да се соберете и да го согледате новото опкружување во кое се наоѓате. Денес ви откриваме со што се борат, а што сакаат жителите на Лондон.rnrn1-vreme-e-da-gi-doznaete-dobrite-i-loshite-strani-na-london-www.kafepauza.mk_rn

    ЗА

    rnЉубителите на уметноста нема да можат да дојдат при себе од радост кога ќе видат колку многу нуди Лондон. Тој навистина има што да понуди, од ноќни забави во музеите, па до дневни тури, изложби, аукции… Ние ви препорачуваме да го посетите музејот Тејт Модерн и галеријата Сачи, каде што предметите многу често се менуваат, па така ќе имате можност да доживеете нешто ново.rnrnЉубителите на храната ќе може да избираат помеѓу корејска, виетнамска, грузиска и перушка кујна, а храната која ќе можете да ја пробате во центарот на градот, ќе го исполни сонот на секој гурман. Ве советуваме да ги пробате корејските палачинки кимчи, египетските кошари, кинескиот дим сум, и перушките предјадења.rnrnЉубителите на шопингот ќе можат да избираат помеѓу стоковните куќи на „Harrods“, „Harvey Nicols“, „Liberty“, но и фантастичните улични изработки на Пикадили, Спајтлфилдс, како и бројните улични работилници на локалните дизајнери. Ние ве советуваме да отидете на Пикадили за време на викенд и да ја почувствувате вистинската енергија на улиците на Лондон.rnrn2-vreme-e-da-gi-doznaete-dobrite-i-loshite-strani-na-london-www.kafepauza.mk_rn

    ПРОТИВ

    rnНема спонтаност. Лондон е град во кој никогаш со вашиот пријател нема да се најдете на спонтано кафе, па дури и да живеете во иста зграда. Многу е тешко да ги поклопите вашите распореди, далечината е доста голема, метрото полно со гужва, резервацијата во ресторанот е неопходна па така шансата за спонтано гледање е сведена на минимум. Сè се планира со недели однапред, а тогаш тоа знае да ја изгуби својата магија.rnrnНема завршување на повеќе работи во еден ден. Поради далечината многу е тешко во еден ден да завршите неколку обврски, па сето тоа мора претходно да биде испланирано. Доста институции работат до 17 часот, исто како и фирмите, па некогаш е невозможно, а да не се запрашате како луѓето магично успеваат да бидат на две места истовремено.rnrnПреголема гужва. Во Лондон постојано е гужва. Во музеите, галериите и рестораните, туристите излегуваат од зад секој агол, па поради тоа движењето е доста отежнато. Луѓето кои живеат во Лондон за време на викендите избираат времето да го поминат дома, гледајќи серии или пак во некој од околните паркови кои се оази на мирот и зеленилото.rnrn3-vreme-e-da-gi-doznaete-dobrite-i-loshite-strani-na-london-www.kafepauza.mk_

  • Позитивна психологија: Реченици кои поттикнуваат лавина од добри случувања

    Позитивна психологија: Реченици кои поттикнуваат лавина од добри случувања

    Честопати луѓето не се свесни дека некои од речениците кои ги изговараат кога комуницираат со другите, колку и да се банални и попатни, всушност носат негативен набој. „Оваа седмица ќе ми биде тешка“, „Уште од изутрина денов е лош“, „Лошо се чувствувам“, „Сигурно ништо нема да биде толку едноставно“ и ред други.rnrnПозитивна психологија: Реченици кои поттикнуваат лавина од добри случувањаrnrnИ доколку не верувате во законот на привлечноста според кој енергијата со која зрачите при ваквото изразување има негативно влијание врз вашата реалност, ќе го привлечете токму она што не го сакате. Се разбира, животот ќе биде поубав кога своите вибрации ќе ги подигнеме со позитивното изразување. Со тек на време, вели Андреас од „Spirit Science“, тоа предизвикува ефект на лавина на умножување на добрите работи во животот. За поттик, тој издвојува неколку обични, а позитивни фрази кои лесно можете да ги додадете во секојдневните разговори и да го подобрите квалитетот на животот.rnrn1. Денот е прекрасен.rnrn2. Времето е убаво.rnrn3. Обожавам кога ___________.rnrn4. Благодарен/на сум за ___________.rnrn5. Сѐ функционира совршено.rnrn6. Баш е мил/а.rnrn7. Одлично се чувствувам.rnrn8. Толку сум возбуден/а.rnrn9. Тоа е фантастично!rnrn10. Се гордеам со __________.rnrn11. Навистина го/ја/ги сакам ___________.rnrn12. Толку сум среќен/а за ___________.rnrn13. Имам најдобар/најдобра ___________.rnrn14. Тоа баш ме насмеа.rnrn15. Денес беше добар ден.rnrn16. Ти благодарам.rnrn17. Навистина го/ја/ги ценам ___________.rnrn18. Ти си добар/а ___________.rnrn19. Едвај чекам да ___________.

  • Реченици на кои треба да се сетите кога ќе ви се чини дека животот не е фер

    Реченици на кои треба да се сетите кога ќе ви се чини дека животот не е фер

    Не сте задоволни од тоа како ви тече животот и чувствувате како да вложувате премногу труд, а повторно сè ви тргнува наопаку? Сметате дека ништо што правите нема поента и дека среќата постојано ве заобиколува? Секој од нас поминува низ периоди кога ни се чини дека животот е неправеден, но секогаш треба да живееме со помислата дека најдоброто допрва доаѓа. Следниве мисли ќе ви помогнат да размислувате попозитивно и да не губите надеж кога ќе ви се чини дека животот не е фер…rnrnРеченици на кои треба да се сетите кога ќе ви се чини дека животот не е ферrn

    „Понекогаш сè што треба да направите е да поразговарате со 4-годишно дете и 84-годишен старец за да го разберете животот.“

    rn

    „Што и да правите, никогаш не се враќајте на она што ве скршило.“

    rn

    „Кога ќе ви се чини дека немате за што да бидете благодарни, проверете си го вашиот пулс.“

    rn

    „Запаметете дека ситуацијата во која моментално се наоѓате, не е вашата крајна дестинација. Најдоброто допрва доаѓа.“

    rn

    „Кога животот е сладок, кажете ‘благодарам’ и славете. Кога животот е горчлив, кажете ‘благодарам’ и учете.“

    rn

    „Лошите работи кои ни се случуваат во животот понекогаш нè насочуваат на патот кој ќе нè однесе до најдобрите работи што ќе ни се случат во животот.“

    rn

    „Секој ден е нова прилика за да го промените вашиот живот.“

    rn

    „Најдете нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови кога ќе морате малку повнимателно да побарате.“

    rn

    „Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен.“

    rn

    „Најлошото нешто што ќе ви се случи во животот ќе ве научи дека најдоброто нешто никогаш не треба да го земате здраво за готово.“

    rnОвие реченици нека ви бидат првата помисла кога ќе се разбудите наутро, а следниве 5 совети нека ви бидат мисли водилки кога ќе ви треба малку мотивација за да продолжите напред…rn

    1. Откажувањето никогаш не треба да ви биде опција

    rnСекој човек во животот се соочува со тешки периоди, тоа е неизбежно. Во тие моменти замислете си како би било кога животот би ви бил празен, без никакви предизвици. Без тешкотиите и проблемите на кои наидуваме никогаш не би учеле и созревале. Тогаш не би живееле, туку само би постеле со постојано чувство на досада и стагнација. Препреките нè прават живи, нè поттикнуваат на промени. Без нив ние би паднале во замката на искушенијата и задоволствата. Можеби во моментов ви се чини дека животот не е фер, но тоа не значи дека засекогаш ќе остане така. Без оглед на сè, продолжете да гледате спрема сонцето и со текот на времето сенките ќе останат зад вас.rn

    2. Отворете го срцето и умот кон промени

    rnМногу често си го комплицираме животот затоа што се плашиме од промени. Меѓутоа, промените се потребни бидејќи нè прават внимателни и благодарение на нив постојано се развиваме и учиме важни лекции. Промените честопати знаат да бидат тешки и непријатни, но токму во тоа лежи нивната вредност и значење. Најдобрите работи во животот ни се случуваат кога ќе се најдеме на раскрсница, кога сè ни се чини црно и кога не можеме да замислиме дека ќе биде подобро. Кога мислите дека сте дошле до крајот и не можете повеќе, тој очај всушност ви покажува кој пат да го одберете. Добрите работи во животот никогаш не доаѓаат на лесен начин, но токму фактот што тие не ни паѓаат од небо, ни носи толку среќа и задоволство.rnrnРеченици на кои треба да се сетите кога ќе ви се чини дека животот не е ферrn

    3. Не заборавајте дека имате избор

    rnВо секој момент вие имате моќ да го контролирате сопствениот живот. Ниту една виша сила не одлучува за тоа што ќе работите, каде ќе живеете или како ќе се однесувате. Сè е во ваши раце, па наместо да се плашите од таа одговорност или да ја негирате, прифатете ја. Запаметете: Секогаш кога се чувствувате скршено, тоа значи дека треба да донесувате подобри одлуки за самите себеси, па дајте си прилика така и да биде. Заслужувате да бидете среќни, но понекогаш потребно е време за да ја пронајдете таа среќа.rn

    4. Запаметете дека болката нема да трае засекогаш

    rnДа траеше болката засекогаш, никогаш не би знаеле што е тоа среќа. Треба да се запознаеме со чувството на болка и тага, за да бидеме способни да почувствуваме среќа. Соочете се со тие негативни и непријатни чувства, и едноставно пуштете ги да поминат низ вас. Колку повеќе им се спротивставувате, толку подолго тие ќе живеат во вас. Прифатете ја болката и бидете благодарни што ве научила на многу важни лекции. Болката може да биде непроценлив учител, ако ја прифатиме наместо да ја осудуваме и постојано посакуваме да нè остави на мира.rn

    5. Фокусирајте се на сè она што е добро во вашиот живот

    rnЧестопати кога се чувствуваме скршено, се фокусираме само на негативните работи во животот, наместо на позитивните. Ако тоа внимание го сосредоточите само на лошите работи, само нив и ќе ги привлечете. Многу истражувања покажале дека луѓето кои се позитивни, имаат подобри односи со другите луѓе, подобро здравје и оптимистични погледи кон животот. И вие можете да бидете едни од нив, само ако правилно ги насочите вашите мисли.

  • Едноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени животот

    Едноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени животот

    Сигурно повеќе пати сте чуле дека ако сакате да внесете промена во вашиот живот, прво мора да го промените начинот на размислување. Не треба да се фокусирате на негативните работи, да се споредувате со другите, да озборувате и да се жалите. Звучи лесно, нели? Многу луѓе цврсто веруваат дека се оптимисти и дека имаат само позитивни мисли, па според тоа се сметаат за среќни луѓе. Ако вие сте едни од нив, само продолжете така и понатаму! Меѓутоа ако сакате да проверите колку навистина сте ослободени од негативните мисли и по можност да го насочите начинот на размислување во попозитивен правец, пробајте го овој едноставен експеримент.rnrnЕдноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени живототrnrnПредлогот на психологот Вил Боуен е да носите виолетова алка 21 ден без да се пожалите. Секогаш кога ќе се пожалите ќе мора да ја префрлите алката на другата рака и да почнете од почеток. Според многу психолози, виолетовата боја го стимулира мозокот, ја намалува анксиозноста и нервозата, а 21-от ден е доволно време за да воведете нова навика во вашиот живот.rnrnБоуен самиот признава дека успеал да ја износи алката на една рака 21 ден дури по три месеци постојани обиди и неуспеси, а на повеќето луѓе потребни им се 5 до 6 месеци за да ја постигнат целта. Првите неколку недели ќе ја префрлате алката 10 до 20 пати на ден, што потоа ќе се претвори во еднаш дневно, а за неколку месеци во еднаш неделно. Овој метод се покажал како толку успешен што милиони луѓе во светот го пробале.rnrnВо периодот кога ја носеле алката луѓето научиле да ги забележуваат позитивните работи за нив и за светот околу нив. На крајот сфатиле дека животот и не е толку лош и дека секојдневно се опкружени со навистина интересни и позитивни нешта. На почетокот потребно е да се вложи многу труд за да се забележат овие работи, но чекор по чекор намерно ќе почнете да одбирате да ги гледате само убавите работи околу вас.rnrnПоставете си го себеси следново прашање: Подготвени сте да го пробате овој експеримент кој може да ви го промени животот?

  • 20 прекрасни работи кои ви се случуваат кога имате деца

    20 прекрасни работи кои ви се случуваат кога имате деца

    Сите велат дека животот станува поубав кога ќе добиете деца. Оние кои имале можност до сега да уживаат во тоа ви порачуваат дека овие дваесет прекрасни работи ве чекаат и вас кога ќе се решите на ваков чекор.rnrn20 прекрасни работи кои ви се случуваат кога имате децаrnrn1. Ќе станете похрабри. Овозможување удобност за мало детенце бара напор и успехот во тоа ќе ве направи похрабри.rnrn2. Сексот станува подобар.rnrn3. Ќе ви зајакнат рацете поради носењето на децата в раце или туркањето на количката.rnrn4. Ќе научите многу подобро да управувате со времето, затоа што ќе го немате во големи количини.rnrn5. Станувате повеќе продуктивни. Се трудите да завршите што е можно повеќе обврски во што е можно помал период.rnrn6. Повеќе се смеете.rnrn7. Повеќе плачете.rnrn8. Повеќе се трудите за работите кои ви значат, како на пример сигурноста на детето, излегувањето со сопругот или сопругата или квалитетен сон.rnrn9. Ќе престанете да се грижите за работите кои не се важни како оние од претходната точка.rnrn10. Ако вашите родители ви помагаат, ќе ги цените уште повеќе.rnrn11. Излегувањата со партнерот ќе бидат многу поинтересни затоа што се и поретки.rnrn12. Ќе почнете повеќе да се грижите за своето здравје затоа што на вашето дете му треба жив и здрав родител.rnrn13. Но тоа не значи дека животот ќе ви стане здодевен. Има многу интересни работи кои можете да ги правите со вашето дете.rnrn14. Домот ќе ви биде полн со сите бои. Такви се детските играчки.rnrn15. Ќе сфатите дека мултитаскингот е многу тежок, но ќе го совладате.rnrn16. Одеднаш ќе бидете воодушевени од сè што е мало: мали обравчиња, мали прстиња, мали очиња…rnrn17. Ќе сфатите дека нема ништо лошо во тоа да побарате помош.rnrn18. Ќе видите кои ви биле вистински пријатели. Некои ќе сфатат дека немате доволно време за нив сега кога имате деца за одгледување, а други нема да сфатат. Но тоа ќе направи повеќе да ги цените оние кои ќе останат покрај вас.rnrn19. На моменти ќе се чувствувате како пак да сте дете и одново да го преживувате вашето детство.rnrn20. Но ќе почувствувате и дека сте пораснале.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 работи на кои треба да се сетите кога мислите дека не сте доволно добри

    7 работи на кои треба да се сетите кога мислите дека не сте доволно добри

    Живееме во општество кое нагодува одредени норми и начин на живеење. Како да се однесуваме, колку би требало да заработуваме, на која возраст е соодветно да започнеме да градиме семејство… Сите овие правила предизвикуваат голем број од луѓето да се чувствуваат како да не припаѓаат во средината од која се дел, се наоѓаат надвор од признаените граници на прифатливото, постојано споредувајќи се со оние кои се внатре во нив. Тоа прави да се чувствуваме лошо во врска со себе, да посветуваме внимание само на нашите недостатоци, кои забораваме дека се релативна работа, па ги минимизираме сите убави и уникатни особини кои ги поседуваме.rnrn(1)-7-raboti-na-koi-treba-da-se-setite-koga-mislite-deka-ne-ste-dovolno-dobri-kafepauza.mkrn

    1. Луѓето со кои се споредувате исто така се споредуваат со други луѓе

    rnСекој се споредува со некој друг на еден или друг начин. И тоа за најразлични работи почнувајќи од најбаналните – физичкиот изглед, до оние малку поделикатните – карактерните особини. Но колку и да се чини дека другата личност има многу повеќе од вас, навистина не мора да значи дека тоа е така. Очите знаат да лажат и она што нам ни изгледа како реалност, може да е само рефлексија на некои моментални случувања. Никој не е ниту премногу добар ниту најпаметен, а уште помалку најубав. Сите сме човечки суштества со свои доблести и мани и како такви сме совршено несовршени во секоја смисла на зборот.rn

    2. Умот може да биде многу вешт измамник

    rnНе може да верувате во сѐ што ќе помислите. Мислите знаат така вешто и брзо да нè излажат, што многу лесно можеме да поверуваме во работите кои поминуваат низ нашиот ум. Но како што ништо не е така како што изгледа, така и за нашите размислувања не мора да значи дека се точни. Наместо да решиме да веруваме во негативните и обесхрабрувачки мисли, на кои непотребно им доделуваме преголемо значење, нели би било поубаво да размислуваме позитивно и да се цениме малку повеќе?rn

    3. Кај вас има многу повеќе добри отколку лоши работи

    rnПочесто човекот има тенденција да ги согледува мааните кај себе, додека позитивните работи ги остава на страна. А тоа не само што влијае на нашето моментално расположение и начинот на кој се замислуваме, туку делува и на подолг план. Ова резултира во тоа повеќе да се критикуваме себеси и споредувајќи се со други секогаш да сме полоши, наместо да се цениме какви што сме и постојано да се надградуваме. Вистината е дека има многу повеќе убави работи кај нас отколку лоши. А за жал, уште поголема вистина е дека другите луѓе ги согледуваат тие убави нешта кај нас многу порано отколку самите ние. Толку убави особини поседуваме, што е штета да го губиме времето мислејќи само на нашите маани.rn

    4. Љубовта ви е најпотребна токму кога мислите дека најмалку ја заслужувате

    rnИстражувањата покажуваат дека луѓето најтешко прифаќаат љубов и разбирање кога се лути, засрамени, депресивни или кога мислат дека не го заслужуваат тоа. Но наспроти моменталните чувства кои ги имаме и колку и да сме погрешиле, љубовта и негата од некој наш близок се двете работи кои ни се неопходни во тие моменти. Колку и да сметаме дека не заслужуваме некој така да се однесува со нас, потребни ни се разбирање и поддршка за да бидеме подобро.rn

    5. Потребно е целосно да ја прифатите сегашноста за да успеете да посегнете по она што допрва треба да дојде

    rnЗаглавување во минатото и нешто што било е главниот виновник поради кој не можеме да ја прифатиме ситуацијата во која сега сме, поточно да не ја цениме сегашноста и личноста, која сакале или не, веќе сме станале. А како тогаш би можеле да продолжиме понатаму и да направиме нешто повеќе? Како можеме да очекуваме дека сме подготвени за нешто повеќе, ако сѐ уште не сме помирени со тоа што веќе сме? Сите прават грешки и никој не водел безгрешен живот, ниту, пак, ќе води. Прифаќајќи сѐ себеси и стоејќи цврсто и свесно зад сѐ што ни се случило е единствениот начин да одиме понатаму и да бидеме задоволни со тоа.rn

    6. Фокусирајте се на напредокот наместо на совршенството и на тоа колку многу сте постигнале наместо уште колку имате пред себе

    rnГолема маана на човекот денес се постојаната ненаситност и посегнувањето по што повеќе и повеќе. Ретко се среќава човек кој е задоволен со тоа што го има и со тоа што го постигнал, а многу почесто некој што сака уште многу дури и не согледувајќи колку далеку веќе дотуркал. А кога не сме свесни колку многу навистина сме направиле, како може да знаеме дека сме многу повеќе од тоа што мислиме? Осврнувајќи се на тоа што сѐ уште чека на нас, а ретко зависи единствено од нас, одбиваме потсвесно да видиме кои сме и што сме, па мислиме дека сѐ уште не е доволно.rn

    7. Мразејќи се себеси нема да се натерате да се засакате

    rnКритиката е убава работа, но само во дозволените граници. Сè што е претерано не чини, па така ни постојаната самокритика. Сѐ додека овие работи влијаат позитивно на нас така што се подобруваме и надградуваме како личности истакнувајќи што не чини, тогаш е во ред. Така полека стануваме личност која ни се допаѓа и која ја сакаме. Но факт е дека е многу поверојатно на овој начин да станеме личност незадоволна со себе и тоа што е, па постојано да бараме маани и недостатоци. Секогаш можеме да бидеме подобри, но не постои само еден начин да го постигнеме тоа.rnrnСекој е успешен на свој начин, во една или друга работа и секој се одликува со различни особини кои го прават да биде личноста што е. Па наместо да се осудуваме и да мислиме дека не сме доволно добри, би било убаво кога би нашле начин барем еднаш дневно да се потсетиме себеси на убавите и добри работи кај нас. Зборовите треба и мора се однесуваат различно на сите, бидејќи секој функционира на свој начин, а она што е прифатливо за други, не мора да значи дека е прифатливо за вас. Секако дека сѐ си има свои граници, но како е можно истите работи да важат за сите луѓе кога сите луѓе се различни?

  • Како да бидете посреќни?

    Како да бидете посреќни?

    Дали постои универзална формула за среќа? Ако постои, од каде да го најдеме рецептот? Да се биде среќен не е некоја сложена работа и тешка задача. Светот е онаков каков што ние го гледаме. Низ призмата на сивилото е сив, низ призмата на розовото е розов, ништо тешко, ниту пак комплицирано. Хранете се со позитивност, убавина, спокој и насмевки. Уште веднаш бидете посреќни!rnrnКако да бидете посреќниrn

    Како да бидете посреќни?

    rn

      rn011

    • Гледајте помалку телевизија, читајте многу книги.
    • rn011

    • Бидете упорни и не откажувајте се лесно.
    • rn011

    • Не работете премногу напорно, работете малку повеќе од она што е доволно.
    • rn011

    • Верувајте во чуда и случајности.
    • rn011

    • Бидете организирани.
    • rn011

    • Престанете секаде да барате логика, не размислувајте претерано за нештата.
    • rn011

    • Спортувајте.
    • rn011

    • Научете да се сакате себеси, онакви какви што навистина сте.
    • rn011

    • Престанете сè да планирате однапред, едноставно оставете некои работи да се движат по природен тек.
    • rn011

    • Бидете блиски со вашето семејство.
    • rn011

    • Верувајте во себе, имајте самодоверба.
    • rn011

    • Сакајте го она што го работите.
    • rn011

    • Не обидувајте се да бидете нешто што не сте.
    • rn011

    • Помагајте им на другите.
    • rn011

    • Гласно кажувајте го вашето мислење, не потиснувајте ги своите емоции.
    • rn011

    • Ослободете се од личностите и работите кои негативно влијаат на вас и ве прават несреќни.
    • rn011

    • Оставете некои работи да бидат несовршени.
    • rn011

    • Научете како да најдете инспирација во сè, секогаш бидете инспирирани.
    • rn011

    • Не завидувајте на туѓ успех, но туѓиот успех нека ве поттикне да работите понапорно.
    • rn011

    • Не ситете се со туѓиот неуспех.
    • rn011

    • Ценете ги работите кои не се купуваат со пари и нештата кои можете да ги дадете и кога немате пари.
    • rn011

    • Кога работите ќе тргнат наопаку, пронајдете инспирација за борба.
    • rn011

    • Кога ќе добиете критика, од инает работете понапорно.
    • rn011

    • Бидете благодарни, многу благодарни за сè што имате и за сите работи во кои можете да уживате.
    • rn011

    • Пофалете се за нешто за што сте навистина добри.
    • rn011

    • Смејте се многу, дури и тогаш кога не ви е до смеење.
    • rn011

    • Не вреднувајте ги премногу парите и материјалните средства, но немојте ни да ги потценувате.
    • rn011

    • Изградете свој сопствен стил на работа, движење, смеење, пиење кафе, имајте си свои ритуали и нешта по кои ќе бидете препознатливи.
    • rn011

    • Престанете да се измачувате и скратете ги нештата кои ви ја одземаат енергијата и ве прават несреќни.
    • rn011

    • Не омаловажувајте никого, но не дозволувајте ни вие да бидете потценети.
    • rn011

    • Препуштете им се со целото срце на животните задоволства!
    • rn011

    • Научете да ги цените убавините на животот и знајте како секаде да го пронајдете убавото.
    • rn011

    • Вашите маани кажувајте ги како да ви се доблести.
    • rn011

    • Радувајте се на ситници и мали нешта.
    • rn011

    • Бидете свесни дека животот е краток, па не ви се исплаќа да чувствувате злоба, омраза, притисок, здодевност и алчност.
    • rn011

    • Секогаш стремете се кон остварување на соништата.
    • rn011

    • Не срамете се да признаете дека за нешто сте различни.
    • rn011

    • Размислувајте позитивно, очекувајте добри работи.
    • rn011

    • Танцувајте, играјте и скокајте, не потиснувајте ги во себе чувствата кои ви ги носат убавите ритми.
    • rn011

    • Смејте им се во лице на поразите.
    • rn011

    • Сакајте си ги непријателите за да им докажете дека сте поголема личност од нив.
    • rn011

    • Љубете, бакнувајте и гушкајте… дооолго, слатко и страсно. 🙂
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Годишен хороскоп за 2012

    Годишен хороскоп за 2012

    Оваа година ќе донесе некои позитивни промени во животот на скоро сите знаци во Зодијакот. Тоа може да се однесува на кариерата, љубовта или на животот и животните ситуации воопшто, но важно е тоа што влијанието ќе биде позитивно во поголемиот број случаи. Погледнете каква ќе биде 2012 година за секој од хороскопските знаци.Годишен хороскоп за 2012rnrn

    Овен

    rnИзминатата година беше по малку хаотична и стресна за родените во знакот овен, но во 2012 г. се очекува подобрување на сите полиња. Оваа година ќе биде помалку стресна, а ќе се елиминираат и некои потешки проблеми и оптоварувања. Финансиските проблеми ќе се надминат, а за многумина се очекуваат и позитивни промени на овој план. На работното место може да се очекува унапредување или зголемување на платата, но исто така е можно и да ја пронајдете работата од соништата која ќе ја извршувате со задоволство.rn
    rn

    Бик

    rnБожицата на среќата и успехот, Фортуна ќе им се насмевнува на луѓето родени во знакот бик во оваа година поради присуството на планетата Јупитер во нивниот знак. Тоа ќе влијае на сите полиња во животот на биковите. Судбината ќе им биде многу наклонета на луѓето од овој знак, многу добри нешта наидуваат и им се нуди голем потенцијал. Биковите треба да ја искористат оваа година и максималната предност, бидејќи вакво нешто за нив се случува само еднаш во дванаесет години. Сите свои соништа можат да ги остварат во оваа година.rn
    rn

    Близнаци

    rnОсобено возбудлива година ги очекува родените во знакот близнаци. Многу нешта можат да се случат во нивниот живот. Ќе се појават нови луѓе, нови контакти, патувања во странство, а можна е промена и на работното место. Сите овие случувања и раздвиженост можат да доведат до потполна внатрешна и надворешна трансформација, што всушност ќе претставува фантастична промена на личноста на близнаците.rn
    rn

    Рак

    rnЛуѓето родени во знакот рак конечно можат да се смират, бидејќи 2012 г. ќе биде особено мирна и тивка за нив. Нема да има вознемиреност, загриженост и стрес. Сите актуелни прашања и проблеми ќе бидат организирани и решени, а нестабилноста во животот од минатата година ќе се врати во својот нормален тек. Не морате да се грижите поради некакви загуби, бидејќи во економска смисла работите среќно ќе се завршат, па дури е можно да се очекува поголема количина пари до крајот на годината.rn
    rn

    Лав

    rnЛавовите ќе имаат цела година пред себе во која ги очекува неверојатен бран на среќа. Токму кога ќе помислат да се откажат од својот сон, ќе дојде до неочекувани случувања, идеи или средби кои ќе ги доближат до реализирање на тој сон. На лавовите им претстои интересна и разнолика година, но можеби ќе биде потребно да се ослободат од некои стари нешта, за да ослободат простор за нешто сосема ново.rn
    rn

    Девица

    rnПочетокот на оваа година можеби ќе биде малку досаден за девиците, бидејќи нема да се случува ништо возбудливо, но кон средината на годината наеднаш сè ќе се смени. Ќе се случуваат толку промени што едвај ќе можете да ги следите. Можно е ново вработување или унапредување кое ќе ви овозможи нови предизвици, а некое признание кое сте го очекувале или промена на одредени околности ќе ве исполни со целосно задоволство.rn
    rn

    Вага

    rnЗа вагите 2012 година ќе биде година на тестирање. Многу е можно да дојде до провокативни ситуации кои ќе ги натераат да донесат одредени одлуки. Новата година ќе ги извлече од некои ситуации во кои се заглавени веќе некое време, што всушност може да претставува големо олеснување за нив. Оваа година, за вагите ќе биде година на донесување одлуки, при што ќе имаат чисти, јасни и недвосмислени ситуации. Тие не смеат да ги одложуваат работите ниту нивниот тек, туку треба да се посветат на следниот чекор.rn
    rn

    Скорпија

    rnОваа година е многу значајна за скорпиите, бидејќи ќе започнат некои големи и значајни нешта кои ќе го одредат понатамошниот тек на нивниот живот. Многу од припадниците на овој знак ќе почнат радикално поинаков живот од тој што го имале пред тоа. Тоа би можело да биде професионална промена, промена на начинот на живеење или ставовите, но важно е тоа што овие промени ќе имаат позитивен ефект.rn
    rn

    Стрелец

    rnГолемата желба за слобода кај стрелците се јавува истовремено со желбата и потребата да бидат во врска. Во исто време тие и работата и партнерството ќе ги сфатат сериозно. Среќни промени може да им се случат на работното место и на тој начин може да се очекува подобрување на финансиската ситуација. Кон средината на годината можни се некои егзотични патувања.rn
    rn

    Јарец

    rnВо оваа година се очекува финансиски успех и за јарците. Тешкотиите и проблемите од изминатите години ќе завршат и ќе дојде до видливи резултати на вложувањата. Јарците кои имаат сопствен бизнис ги очекува стабилна година со многу клиенти и големи порачки, а оние кои се вработени ги очекува унапредување. Оваа година ќе имате поголеми приходи, а и некои работи што сте морале да ги одложите на подолго време би можеле да се вратат во вашиот живот.rn
    rn

    Водолија

    rnВодолиите во 2012 г. ќе поминуваат низ големи внатрешни промени. Конечно ќе се пронајдат себеси и ќе успеат да ја пронајдат професијата која ќе ги усреќи, а воедно и ќе им обезбеди соодветен приход. Ова секако ќе бара и дополнително учење и развој, но тоа ќе биде успешно поради целосната посветеност. Новата професија ќе ги направи водолиите навистина среќни.rn
    rn

    Риби

    rnНа рибите ќе им се случуваат многу чуда во оваа година. Мистични случувања и искуства ќе ги следат во текот на целата година. Тоа кај нив ќе предизвика длабоки внатрешни промени кои можат да бидат позитивни во сите сфери на животот. На крајот ќе го пронајдат своето вистинско „јас“ и тоа ќе им даде доволно енергија и храброст за промени. Промените може да се однесуваат на работата или на врската, но секако рибите ќе имаат прилика да се ослободат од улогата на жртва.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се справите со работата која ја мразите

    Како да се справите со работата која ја мразите

    Автори: Кристина Шумадиева и Виктор Милевски rnrnОдлично би било доколку сите имаме креативна работа која максимално нè исполнува и каде што шефот и колегите се фантастични. Сепак во реалноста, голем број луѓе не ја работат нивната работа од соништата, ниту пак можат да ги поднесат условите во кои работат. Најчесто луѓето се прилагодуваат на условите, па така колку и да не си ја сакаат работата, сепак ја вршат поради една единствена причина, парите и егзистенцијата.Како да се справите со работата која ја мразитеНо, прашањето е дали можете да преземете нешто околу овој проблем? Овој пат нема да добиете совет дека ќе биде потребно да си ја пронајдете сопствената пасија, ниту пак да си го следите сонот, бидејќи тоа нема да ви помогне многу. Затоа е подобро самите да се обидете повеќе да си ја засакате вашата работна позиција или ако ништо друго барем да направите обид да се чувствувате поудобно додека ја вршите. Ова се два важни чекори кои можат да ви помогнат да го направите ова.rn.rn

    Чекор 1: Запишете ги сите нешта кои ви се допаѓаат кај вашата моментална работа

    rnНаправете список на сите поволности и позитивни работи кои ги имате и ги добивате на оваа работна позиција. Како на пример:rn.rn

      rn011

    • Имам климатизирана канцеларија.
    • rn011

    • Одлично се сложувам со колегата/колешката до мене.
    • rn011

    • Здравствено сум осигурен.
    • rn011

    • Со платата можам да си дозволам многу нешта.
    • rn011

    • Секој петок попладне, со колегите одиме на пијалак.
    • rn

    rnЕдноставно потрудете се да се фокусирате на позитивното, а тоа ќе ви помогне повеќе да си ја сакате работата. Ваквиот список може да ви даде идеја како да ги подобрите нештата. Па така, доколку се сложувате со колегите, можеби тоа ви отвора можност за поблиско пријателство со нив надвор од работното место.Како да се справите со работата која ја мразитеrn

    Чекор 2: Запишете ги сите нешта кои сакате да ги промените во врска со вашата работа

    rnОткако позитивно ќе ги насочите вашите мисли, доаѓа моментот кога треба да станете поконструктивни. Грабнете уште еден лист хартија и нацртајте една мапа на вашиот ум. Запишете ја секоја ситница или поважна работа, која сметате дека ќе ја направи работата која ја работите, позначајна и поинтересна во вашиот мозок. Не грижете се околу прашањата дали тоа навистина ќе се случи или не и дали е возможна мисија. Едноставно, запишете ги вашите мисли на хартија. Еве неколку идеи:rn. rn

      rn011

    • Да почнам да одам порано на работа за да можам и порано да се приберам дома.
    • rn011

    • Наместо да се досадувам додека патувам цел час накај работа и потоа накај дома, можам да го искористам времето слушајќи аудио книги или релаксирачка музика, која ќе ме инспирира да го издржам напорниот ден.
    • rn011

    • Да побарам од шефот префрлување во друга канцеларија, бидејќи не можам да поднесам да работам во иста со колегата кој ме нервира.
    • rn011

    • Да ги натерам моите надредени да ме ценат и пофалат за секоја добра работа која ќе ја завршам за фирмата.
    • rn011

    • Кога ќе сметам дека имам сработено повеќе проекти успешно, да побарам покачување на платата од шефот.
    • rn

    rnМногу е веројатно дека некои од точките кои сте ги запишале на вашата листа, ќе бидат тешки за реализација. Можеби се надевате дека шефот и без да побарате, ќе ви ја покачи платата после Нова година и знаете дека можете да си најдете некаква секојдневна занимација додека патувате до работа и назад. Но, бидејќи немате магично стапче за реализирање на сите идеи одеднаш, одберете едно нешто од листата кое можете веднаш да го промените и уште едно кое ќе се потрудите да го реализирате во текот на наредниот месец.rnrnПронајдете начини да ги ставите вашите идеи под контрола. „Да се чувствувате ценето“ можеби е малку тешка задача, бидејќи не можете туку-така да ги натерате луѓето да ви даваат комплименти за добро завршената работа. Но, она што можете да го сторите, е да ги препрочитате старите имејл пораки од клиентите и да се присетите на нивните позитивни коментари и задоволство од добрата соработка која ја имале со вас. Ако и тоа не ви е доволно, разгледајте ги старите успешни проекти на кои сте работеле и потсетете се колку енергично и мотивирано сте се чувствувале тогаш. Можеби во моментов се чувствувате тотално бескорисно, но мотивот повторно ќе ви се врати. Треба само малку повеќе да поработите на себе.rnrnБез разлика дали вашата работа е ужасна, просечна или прилично задоволителна, можете да ги употребите горенаведените чекори за да ја направите уште подобра. Почнете да ја пишувате листата уште денес и потоа известете нè како напредувате.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.