КАФЕ ПАУЗА

Tag: пози

  • 5 јога пози за добар почеток на денот

    5 јога пози за добар почеток на денот

    И покрај тоа што би било идеално доколку секое утро поминувате по еден час во вежбање јога и медитирање, ретко кој има доволно слободно време за да си го дозволи тоа. Токму затоа погледнете ги овие кратки вежби кои траат 10-тина минути со чија помош ќе можете да го започнете вашиот ден со леснотија и со позитивни чувства.rn

    Поза: Дете (Balasana)

    rn5 јога пози за добар почеток на денотrnrnОд седечка позиција, повлечете го вашиот граден кош кон вашите бутини и допрете со челото на земја. Исправете ги рацете нанапред, но ако ви е поудобно потпрете ја главата врз нив. Дишете полека и длабоко низ вашиот нос и обидете се да забележите како вашите гради се прошируваат, а ребрата се стеснуваат. Како што издишувате низ носот, обидете се да го притиснете задникот надоле кон петиците за да можете да го почувствувате ‘рбетот како нежно се движи над вашите бутини.rnrnОстанете во оваа поза од 5 до 10 вдишувања или подолго ако чувствувате дека имате потреба.rn

    Поза: Мачка/Крава (Bidalasana)

    rn5 јога пози за добар почеток на денотrnrnОткако ќе завршите со претходната вежба, исправете се и направете „мост“ со вашето тело така што ќе се држите на колената и на рацете. Притиснете со дланките силно на земјата за да се бидат вашите рамења раширени. Како што ќе вдишувате, погледнувајте пред вас или нагоре кон таванот доколку ви е удобно на вратот. Додека издишувате обидете се да допрете со брадата на вашите гради. Продолжете со ова движење така што ќе му дозволите на дишењето да ве води и на тој начин ќе се чувствувате како да ви го масираат грбот. Обидете се да ги држите лактите постојано свртени кон надвор за да ги заштитите вашите зглобови од притисокот.rnrnПовторете ги движењата барем 5 пати или подолго ако чувствувате дека имате потреба.rn

    Поза: Надолно куче (Adho Mukha Svanasana)

    rn5 јога пози за добар почеток на денотrnrnПоставете ги дланките малку пошироко од ширината на вашите рамења, застанете на прсти и подигнете се во воздух. Движете го градниот кош надоле кон бутините и одржувајте ја главата опуштена, а рацете исправени. Движете ги рамењата оддалечени од ушите, одржувајте ги колената свиткани и почнете да притискате со петите надолу, една по една. Запомнете, многу е поважно да ги одржувате колковите високо, отколку да допирате со целото стапало на земјата.rnrnИ оваа вежба се препорачува да се прави од 5 до 10 вдишувања, но и повеќе ако чувствувате дека има потреба.rn

    Поза: Наведнување нанапред од стоечка позиција (Uttanasana)

    rn5 јога пози за добар почеток на денотrnrnСпојте ги рацете со вашите нозе и опуштете го вашето тело. Главата и вратот исто така треба целосно да ви бидат опуштени, а колената свиткани кога ќе почнувате. Доколку нема притисок во вашиот грб, можете да почнете да ги исправувате нозете. При издишувањето полека движете ја главата кон вашите стапала.rnrnСамо 10 вдишувања од оваа вежба и веднаш ќе се почувствувате како да сте повисоки.rn

    Поза: Триаголник (Trikonasana)

    rn5 јога пози за добар почеток на денотrnrnОд стоечка позиција, раширете ги вашите нозе и свртете се на страна, а притоа внимавајте петата да ви биде во иста линија со средината на левото стапало. Поставете ги рацете паралелно со земјата и потоа посегнете кон десната страна така што ќе ги одржувате и двете нозе исправени. Градниот кош треба да ви остане отворен, а торзото затегнато. Доколку можете и имате доволно рамнотежа, насочете го погледот кон вашиот палец на ногата.rnrnОваа вежба доволно е да трае 5 вдишувања на едната и уште 5 на другата страна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секс пози во текот на бременоста

    Секс пози во текот на бременоста

    Замислете си дека не сте имале секс девет месеци. Но, зошто воопшто би помислувале на нешто такво? Само затоа што на идната мајка ù расте стомачето, не значи дека не смее да има секс. Напротив, голем број жени во текот на бременоста имаат многу поголема потреба за секс, од кога било, а тој е безбеден за неа и за бебето. Не е препорачливо да имате див секс, особено не кога жената ќе влезе во третото тримесечје од бременоста, но сепак, повеќето работи поврзани со сексот се изводливи.rnrnВо продолжение следува извадок од книгата на Хелена Фрит Пауел „Be Incredibly Sexy: A Crash Course in Getting Your Groove On—and Keeping It There“ во која таа ги објаснува шесте секс-пози кои се одлично изводливи во текот на бременоста.rnrnСекс пози во текот на бременостаrn

    1. Жената одозгора

    rnЗа да се изведе оваа секс позиција жената треба да биде врз партнерот, исправена со грбот или малку наведната, свртена спрема неговото лице или обратно, гледајќи накај неговите стапала. На повеќето жени брадавиците им се многу осетливи во текот на бременоста, така што ако е свртена со лицето кон партнерот, уживањето ќе биде обострано ако тој ù ги бакнува за време на сексуалниот однос.rn. rn

    2. Прилагодена мисионерска поза

    rnКласичната мисионерска поза очигледно не одговара кога жената има големо стомаче. Затоа пробајте ја прилагодената мисионерска поза за трудници. Жената треба да лежи на грб, да ги повлече колениците кон себе и стапалата да ги потпре на градите на партнерот или да ги исправи нозете сосема и да ги потпре стапалата на неговите рамена. Мажот треба да клекне помеѓу нејзините нозе со колената потпрен на креветот. Ваквата секс поза не врши притисок врз стомакот, а за да ù биде на жената уште поудобно, може да си стави перниче под задникот.rn. rn

    3. Странична, со лицата еден кон друг

    rnВо оваа поза двајцата партнери лежат на страна, свртени со лицата еден кон друг. Жената може да ја свитка ногата на којашто не лежи, околу телото на партнерот. Оваа поза не е многу практична во третото тримесечје од бременоста, бидејќи големината на стомакот го попречува природното пенетрирање.rn. rn

    4. Поза: лажица

    rnЖената лежи на страна подвиткана во телото, а партнерот лежи исто така настрана, зад неа и нежно влегува одзади. Пенетрацијата е плитка, така што оваа поза е удобна за жената и во нејзината доцна бременост.rn. rn

    5. Влез одзади

    rnЖената треба да застане на сите четири екстремитети како куче, ставајќи перници под неа за да не се измори, а партнерот да клечи на колена зад неа. Друг предлог е жената да се приближи до креветот, потоа да легне со горниот дел од телото на него, потпирајќи се на неколку перници за да не ù пречи стомакот, а партнерот да стои зад неа и да пенетрира во неа. Оваа поза е медицински наречена максимална пенетрација, така што жената треба да му реагира на партнерот ако почне да чувствува болка.rn. rn

    6. Седење

    rnЗа оваа поза, мажот треба да седи на цврст и удобен стол или на крајот од креветот, додека жената со расчекорени нозе е седната врз него и го гледа в лице. Друг предлог за секс-поза за идните родители, е жената да биде седната во фотелја, со исправен грб или наведната малку наназад, со нозете свиткани околу нејзиниот партнер, кој клечи на подот на колена и пенетрира во неа.rnrnСекс пози во текот на бременостаrnrnНекои партнери сметаат дека сексот во текот на подоцната бременост претставува непочитување спрема бебето. Но, тоа е сосема погрешно размислување. Хемикалиите кои се ослободуваат во текот на оргазмот кај жените, релаксираат и создаваат чувство на среќа, а кога мајката е среќна и бебето е. Својот внатрешен мир мајката го пренесува на бебенцето кое го носи во стомакот, а тоа сака да биде дете на родители кои имаат добра љубовна врска, која е „жива“ во секоја смисла на зборот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Преслатки кучиња вежбаат јога

    Преслатки кучиња вежбаат јога

    Видовме како животните вежбаат јога, па веќе не е ни чудно доколку видиме како кучињата стануваат мајстори во оваа дисциплина.Преслатки кучиња вежбаат јогаЅвездите во ова шоу се од Сојузот за заштита на животните, меѓународна организација, која се бори за правата на животните со цел да стави крај на нивната експлоатација и злоупотреба.Преслатки кучиња вежбаат јогаКреаторот на оваа серија од фотографии, Ден Борис, вели дека се потребни години за тренирање и посветување на кучињата за да станат јога-кучиња. Но, успехот да се постигне тоа за помалку од 16 недели и вистинско кучешко чудо. Преслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаПреслатки кучиња вежбаат јогаИнаку фотографот Ден Борис ја има издадено ултрапопуларната книга „Јога-кучиња“, која претставува колекција од обработени фотографии на кои 45 кучиња позираат во различни јога-позиции. Не грижете се, кучињата не биле малтретирани во процесот на фотографирање. Екстремната флексибилност кај кучињата е постигната со дигитална фотообработка.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • И животните вежбаат јога

    И животните вежбаат јога

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnФатени во правиот момент, овие животни покажуваат дека и тие знаат да вежбаат јога. Секое во поза која му е природна, тие не само што се интересни, туку прават дури човек да им подзавиди.rnrnrnИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јогаИ животните вежбаат јога