Совршена комбинација од мажественост, сексапил и нежност. Жешки лоши момци со срца од злато. Љубители на животните со челични мускули. Постојат многу начини на кои можете да ги опишете австралиските пожарникари… Но, факт е дека ти се секојдневни херои што спасуваат животи, не ги тргаат своите пожарникарски униформи дури ни кога огнот е изгасен и поставуваат пример за тоа како треба да се живее животот.rnrnОваа година, како и претходните досега, пожарникарите од Австралија се инспирирани да освојат многу срца со нивните нови календари за 2020 година. Овие календари вклучуваат најразлични животни, од слатки мачиња и кучиња до животни од фармите и дивина – секако покрај момците кои ги покажуваат нивните совршено обликувани тела. Најдобриот дел? Тие сето ова го прават за добротворни цели!rnrnПогледнете дел од нивните фотографии и подгответе се да бидете оставени без зборови!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на втората страница…rn
Tag: пожарникар
-

Австралиските пожарникари позираат за новиот календар, а нивните фотографии можат да предизвикаат пожар!
-

Австралијански пожарникари позираат со животни за новиот календар и фотографиите се огнени!
Професијата на пожарникарите е благородна по природа, но момците од Австралија решила да направат чекор плус за добра цел. Од 1993 година, тие се фотографираат за календар кој потоа се продава за добротворни цели, како на пример, Фондацијата за детската болница.rnrnПо 17-дневно ригорозно фотографирање, финалните фотографии конечно се објавени и мора да признаеме дека календарот со австралијанските пожарникари за 2019 година е најжешкиот досега! Фотографиите се толку огнени што можат самите да започнат пожар. Погледнете…rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rn -

Супер бабичка наполни 105 години: Посакала пожарникар со тетоважи да ѝ донесе торта
Госпоѓата Ивена Смаилес неодамна го прославила својот 105-ти роденден, но на еден сосема необичен начин. Оваа бабичка живее во дом за стари лица во Велика Британија, а таму се случило големо изненадување за неа.rnrn
rnrnВработените во домот пред роденденот ја прашале дали има некоја посебна желба за нејзиниот подарок, а таа без двоумење им рекла дека сака тортата да ѝ ја донесе „пожарникар со тетоважи“. И, погодете што? Тетка Ајви, како што ја нарекуваат во домот, го добила најневеројатниот подарок.rnrn
rnrnНа денот на нејзиниот роденден, пожарник се качил по надворешни скалила до третиот кат и со тортата в рака влегол преку прозорецот во собата на оваа супер бабичка.rnrn
rnrnДебра Картер, една од вработените во домот каде што живее госпоѓа Ивена, вели дека оваа жена има неверојатна смисла за хумор. Таа објаснува дека секоја година им дава по некој предизвик на вработените во домот кога станува збор за нејзиниот роденденски подарок.rnrn
rnrnСупер бабичката ја посетиле не еден, туку петмина пожарникари.rnrn
rnrnСреќен роденден тетка Ајви! -

10 најсексапилни машки професии
Еротските фантазии најчесто се врзани со некои необични места за водење љубов, но има и голем број машки професии на кои повеќето жени паѓаат. Пожарникарот ќе ја распали женската фантазија, а пилотот ќе ја одведе дамата во небесната широчина. Погледнете кои машки професии го имаат тој икс-фактор, со кој го привлекуваат понежниот пол.rnrn
rn10. Фитнес инструктор
rnЧасовите поминати во теретана резултираат со извајано тело, кое жените несомнено го забележуваат и го набљудуваат со насмевка на нивното лице.rn
9. Готвач
rnСе вели дека љубовта оди преку стомакот, а вистинскиот избор на храна може и тоа како да побуди страст и возбуда. Овој маж ќе ве оттргне од шпоретот и ќе ви ја приготви романтичната вечера од вашите соништа.rn
8. Позната личност
rnАктерите и пејачите се чест предмет на фантазирање за жените ширум светот. Без разлика дали сонувате за нежна душа, непослушно момче или за груб и силен маж, во оваа професија има доволно избор за сечиј вкус. Многу жени велат и дека актерите се доста интересни и интелигентни соговорници.rn
7. Градинар
rnМлад, згоден градинар со јака снага е сон на секоја жена. Дали за тоа се одговорни филмовите во кои богаташките мечтаат за секси младич кој го одржува нивниот дом, како на пример во ТВ серијата „Очајни домаќинки“ или едноставно самата нивна појава ја буди женската фантазија, проценете сами.rn
6. Адвокат
rnСо правниците се поврзуваат поимите успех, интелигенција и сигурност, кои во комбинација со елегантно одело, уредна брада, фина фризура и дебел паричник, го ставаат ова занимање на цврстата 6-та позиција.rnrn
rn5. Доктор
rnУниформите секогаш биле плод на женската фантазија и до ден-денес тоа остана така. Господата во бели мантили се симбол на контрола и моќ, што за жените понекогаш е поважно од самиот физички изглед.rn
4. Пожарникар
rnОва занимање отсекогаш предизвикувало воздишки кај жените. Снажниот, испотен маж кој може да ве заштити, е сон на речиси секоја жена.rn
3. Полицаец
rnЧуварите на редот, особено оние кои работат во специјалните единици, се избор на жените кои сакаат да се чувствуваат сигурно и заштитено покрај авторитетен човек. Иако во 21 век жените сакаат самостојност, сепак повеќето ќе се согласат дека понекогаш е исклучително пријатно да знаат дека покрај себе имаат некој кој ќе ги пази и гали.rn
2. Спортист
rnСпортистите, нивното мускулесто тело и мотото „во здраво тело, здрав дух“, се неодоливи за многу девојки. А особено кога станува збор за моќните фудбалери, кои се сметаат за најдобри љубовници помеѓу спортистите, на фантазиите им нема крај.rn
1. Пилот
rnОва занимање е на врвот на најсекси машки професии, уште од првото полетување кон небесната височина до денес, а додатно ја зачини и Том Круз во филмот „Top Gun 2“. Без разлика дали станува збор за пилот на класичен или воен авион, фантазирањето за моќниот маж во елегантна униформа, кој самиот владее со огромното летало, нема крај.rnrn

-

Животот во еден минијатурен свет
Браќата близнаци Фредерик Браун и Герит Браун сакале да го вчудовидат и импресионираат светот, а сега може слободно да се каже дека тие дефинитивно си ја оствариле целта во целост. Тие ја изградиле најдолгата минијатурна железничка пруга во Европа.rnrn

rnrnЗа да го креираат ова чудо т.н „Miniatur Wunderland“, кое можете да го посетите во Хамбург, Германија, тие потрошиле 8 милиони евра, 700 кг вештачка трева, 4.000 тони челик и 558.000 часови напорна работа. Денес овој минијатурен свет на чудата се состои од седум тематски одвоени делови, сместени на површина од 1.000 метри квадратни: Шведска, Кнуфинген, Австрија, Харц, Хамбург, САД и Скандинавија.rnrn
rnrnВо овој свет, исто како и во реалниот, луѓето организираат концерти, слават празници, штрајкуваат, се случуваат сообраќајни незгоди, па дури и избувнуваат пожари, кога пожарникарите дотрчуваат за да го изгасат секое жарче во земјата-играчка. Возовите и автомобилите се движат како да се вистински. Се менуваат и годишните времиња. Бродови контролирани со радио, си пловат во водата, која е вистинска.rnrn
rnrnСекогаш нешто се случува, токму како што е во реалниот живот, а целиот овој свет е контролиран од 40 компјутери. Овој чудесен минијатурен свет е фантастичен пример за тоа како едно хоби се претворило во добар бизнис. Група ентузијасти работеле на оваа паралелна реалност уште од 2000 година, а денес сите имаме прилика да ги видиме резултатите од нивниот труд.rnrn












rnrnСе сеќавате на најголемиот минијатурен аеродром во светот? Тој е „масло“ на истиве браќа и претставува составен дел од „Miniatur Wunderland“.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.