КАФЕ ПАУЗА

Tag: позадина

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #19

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #19

    Време е да се подготвите за Денот на вљубените на секој можен начин. Веќе сите зборуваат за тоа по медиумите, продавниците се полнат со меки и плишани предмети со црвена боја, еуфоријата расте. Вие ќе го одбележите денот со стил, веруваме во тоа, а во меѓувреме, не заборавајте да се чувствувате љубовно. Напијте се по едно кафе со срце. Има и за вас, и за вашиот љубен.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #19
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1680×1050) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #18

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #18

    Уживате кога утрото ќе ви започне со весник и топло кафе, убаво засладено, декорирано, со многу пена на врвот… Две коцки шеќер, тазе кафе во зрна и омилениот печатен медиум на вашето биро –  тоа е сè што треба и ова вкусно сервирано кафе ќе ви го направи денот. Време е да ја смените позадината.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #18
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #17

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #17

    Традиционална десктоп позадина која не потсетува на мирисот и вкусот кои ги има кафето доколку се приготви веднаш откако е сомелено. Нема поинтензивен мирис на кафето од овој. Ако сте љубители на тазе кафе, чиј јак вкус го сакате разблажен со неколку капки млеко, овој избор би требало да му прилега на вашиот десктоп оваа недела.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #17
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #16

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #16

    Густо еспресо на едната страна, чиста кафена подлога за вашите икони на другата… Љубителите на кафето и на боите на кафето сигурно ќе уживаат во оваа десктоп-позадина. Ќе ви овозможи уредност и естетика на работната површина.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #16
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×680) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #15

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #15

    Празниците официјално завршија. Расчистете сè што остана нерасчистено од лани и направете си уредна околина за работа за оваа година. Оваа црно-бела позадина е одличен избор за поставување на десктопот на вашиот работен компјутер.rnrnИнспиративна и уметничка, на оваа позадина можете да ги поставувате иконите на креативен начин, притоа вашиот десктоп секогаш ќе делува уредно и стилски.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #15
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1152×864) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #14

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #14

    Изберете ја вашата омилена шолја за кафе. Не занемарувајте ја ниту бојата, ниту обликот. Наполнете ја со тазе сварено кафе, поставете нова позадина и ослободете се од непотребните икони од вашиот десктоп.rnrnЗавршете ја годината со чисти мисли и без задачи кои ви висат во воздух за во 2011. Просторот од левата страна на позадината е голем и чист. Потрудете се таков да остане што подолго и во следната година.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #14
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #13

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #13

    Крајно време е да ја поставите новогодишната елка, барем на вашиот десктоп во омилената шолја со кафе. Оваа десктоп-позадина ќе ве стави во празнично расположение и ќе ви го пренесува новогодишниот дух кој владее насекаде околу вас. Воедно, поставувањето на оваа позадина е дел од процесот на украсување по повод празниците кои следуваат.

    rn

    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2716×1810) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.Кафе-позадина за вашиот десктоп #13

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #12

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #12

    Денешната десктоп-позадина е специјално наменета за припадниците на посилниот пол, иако не е забрането да ја употребат и жени, секако доколку им се допаѓа изборот. Оваа слика на вашиот монитор ќе ви предизвикува возбуда и истовремено ќе ви дава енергија. Комбинација е од двете работи во кои најмногу уживате, прекрасното голо женско тело и кафето.rn

    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.Кафе-позадина за вашиот десктоп #12Доколку вашиот шеф не би го одобрил ова на работното место или пак вашата девојка би ви замерила доколку види туѓи женски гради на вашиот монитор дома, тогаш можеби треба да и се навратите на галеријата од останатите позадини со кафе-мотиви.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #11

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #11

    Естетска кафе-позадина за љубителите на убавото… Вашиот омилен пијалак секогаш го сакате убаво сервиран, разблажен со млеко и засладен со неколку чоколадни бонбони кои ги чувате за после последната голтка.rn

    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.Кафе-позадина за вашиот десктоп #11 Иако најмногу ви се допаѓа кафето приготвено на овој начин, бидете отворени да експериментирате со вкусовите. Деновиве пробајте и некој нов рецепт.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #10

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #10

    Чисто филтер кафе, елегантно послужено, придружено со есенско ливче… Сосема соодветно за сезонава и вистински избор за љубителите на филтер кафе, без додатоци.rn

    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.Кафе-позадина за вашиот десктоп #10Не сте љубители на филтер кафе? – Изберете некоја друга позадина со вашето омилено кафе.