КАФЕ ПАУЗА

Tag: позадина

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #39

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #39

    Кафето е убаво во секое годишно време и во секој дел од денот. Некои го пијат само наутро, други во текот на целиот ден. Сепак, ќе се сложите дека утринското кафе е некако највкусно, а особено на лето. Оваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #39
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #38

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #38

    Кафето најдобро оди во друштво. Со љубениот, со пријателите, со колегите… Тоа нè поврзува и ни го прави времето поинтересно. Можеби најмногу сакате да го пиете сами, но одвреме-навреме не заборавајте да поканите некого на кафе. Позабавно е така!rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #38
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

    Кафе… уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво. Љубителите на кафето ќе ја сакаат оваа позадина на нивниот десктоп.rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #37
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

    Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно е никогаш да не заборавате да уживате во него. Ги имате состојките, направете си кафе по мерак.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #36
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1440×1080) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #35

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #35

    За многумина, кога ќе започне денот со кафе, некако наеднаш сè е во ред. Секако, може да се изнервираме, да се налутиме некому, некој да ни се налути нас… иако веројатно и многу пати ќе се насмееме на нечија шега, ќе се почувствуваме исполнето кога ќе завршиме некоја задача со успех, ќе ни пролетаат пеперутки во стомакот штом го/ја видиме оној/онаа што ни се допаѓа. За сè има шанса во текот на еден ден. Обидете се да не мислите на ништо додека ги шмркате првите голтки од утринското кафе. Ова време е само за вас.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #35
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×960) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #34

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #34

    Кафе, уметнички прошарано во пената, бисквит и понеделничкото утро може да започне. Делува релаксирачки, нели? Со оваа слика на вашиот десктоп, често ќе се потсетувате да се опуштите и да уживате додека го пиете вашето омилено утринско кафе.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #34
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1280) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #33

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #33

    Срцата ги исцртуваме во песокот за време на летните заљубувања, во средношколските тетратки додека мечтаеме за време на здодевните предавања, на роденденските честитки кои му ги упатуваме на нашиот сакан/а. Зошто да не исцртаме срце со зрна кафе?rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #33
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #32

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #32

    Кога се будите со желба за онаа магична миризба, кога со замижани очи уживате во првата голтка и уживањето трае сè до последната… Со него се будите, благодарение на него ја задржувате енергијата во текот на денот… очигледно, вие сте вистински љубители на кафето. Еве една кафе-позадина која претставува убаво освежување за вашиот десктоп, додека истовремено е знак на вашата љубов кон вашиот омилен пијалак. Ќе им се допадне и на сите кои ја сакаат љубовта и го сакаат кафето, како и на оние кои сакаат чист простор за многу икони. Важно е дека срцето е во средината.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #32
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1080) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ——————————————————————————————————————————————————————–

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #31

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #31

    Љубителите на кафето знаат како да уживаат во него во секое време. Но, се чини, за фотографите, кафето е инспирација во посебни моменти. На пример, моментот кога кафето е покрај весникот, кога пената е густо насобрана на врвот или неговата силна пареа кога е штотуку сварено. Што ќе се случи ако кафето рипне од шолјата и вие успеете да го замрзнете тој момент? Се случува неверојатна уметност. А кога ќе додадете и млеко, тоа е веќе совршена комбинација…rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #31
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    Потсетете се на фотографиите од најинтересните распрскувања на кафе.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #30

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #30

    Тазе подготвено кафе, сипано во вашата омилена голема шолја, која не сакате да ја користите со тацна… лаптопот пред вас и сурфате… работно или тотално релаксирачки, ова е вашата омилена поза. Еве една шик десктоп-позадина која ќе се вклопи во вашиот животен стил. Чиста, со многу простор за вашите икони на едната страна, а сепак, толку фраерска на другата. Девојки, оваа е за вас!rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #30
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn