Пролетта пристигна. Времето полека се затоплува, денот почнува да трае подолго, а во природата околу нас, сè поприсутна станува зелената боја. Па, да бидеме во тек со временската сезона. Оваа позадина е вистински одмор за очите. Направете пролетна кафе пауза со тазе сварено кафе, сервирано во убава шолја. На здравје!rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
На многумина денот им почнува со мирисот на штотуку приготвеното кафе. Оваа арома е незаменлива, моќна, волшебна. Ако кафето го искомбинирате и со нешто слатко, мммм… добитна комбинација за убав ден. Поставете ја оваа позадина на вашиот десктоп, која буквално „ќе легне“ на екранот. Ова се малецки слатки манчмелоу колачиња кои лебдат над густо кремасто кафе…rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×800) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
Се откажавте од чоколади, гирцки и секакви слатки, но калорични задоволства во име на летото што следува. Не би сакале да ве стрвиме, но оваа кафе позадина, може да ви послужи како замена за она што ви недостасува во исхраната. Поставувајќи ја оваа позадина на вашиот десктоп, ќе имате чувство дека во секој момент можете да шмркнете од преубавото кафе, да замезите од крупните лешници и на крајот да се засладите со две коцки чоколадо. Оваа кафе позадина, одлично му прилега на десктопот, но не преземаме одговорност за прекршени диети :).rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1519×1012) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
Има нешто во пената од кафе… нешто што моментно ни ги буди сетилата, не стрви за следната голтка, не прави задоволни кога ќе ја шмркнеме. Утринското кафе е најслатко затоа што е првото кое го вкусуваме. Па, ако првата работа која ја правите наутро е вклучување на вашиот компјутер, оваа позадина, ќе ви го надополни уживањето.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×1024) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
Совршена уметност во шолја полна со штотуку сварено кафе. Има ли подобар начин за започнување на денот? Оваа позадина е за луѓето кои ги сакаат едноставните нешта, кои умеат да уживаат во нив, кои умеат да го видат и доживеат очигледното на поинаков начин. Одличен сервис за кафе, пеперутка во филџан, сосема доволно пена и многу кафен простор за вашите икони.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
Кафето и весникот се секогаш добра комбинација за добро утро. Уште кога вака ќе ви почне неделата, си ги зголемувате шансите за пријатна и успешна работна недела. На здравје кафе!rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
Свежо приготвеното кафе има незаменлива арома која веднаш ни ги дразни ноздрите и ни ја засилува желбата за првиот шмрк. Кафето од оваа шолја изгледа како да ќе излезе од вашиот монитор и директно ќе се најде сервирано на вашето работно биро. Комбинацијата од свежи нијанси на бои, ќе воведат ведрина и расположение во просторијата во која работите. Одлична декстоп позадина за пријатна работна недела.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
Колку пати сте посакале да го пиете вашето кафе послатко од вообичаено за да си ја заблажите душичката? Оваа недела во вашата шолја за кафе се крие слатко изненадување.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
Ако пак, сте од оние кои секогаш го сакаат своето кафе црно и незасладено, ви препорачуваме да изберете позадина со јако инстант кафе или со густо турско кафе.
Ќе ја започнеме неделава артистички, релаксирачи, кул и секако, во духот на кафето. Овој цртеж прекрасно ќе легне на вашиот десктоп, но доколку практикувате да го одржувате среден и чист. Креација е на Foxguise.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2208×1667) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
По повод Денот на вљубените, Кафе пауза ви подарува едно утринско љубовно кафе со 2 шеќерчиња во форма на срце, едно за вас, едно за вашиот љубен. Се надеваме дека убаво ќе ве засладиме и оваа слатка љубов ќе ве држи дооооолго време.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1440×900) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn