КАФЕ ПАУЗА

Tag: потенцијал

  • Како максимално да го искористите потенцијалот на вашиот мозок?

    Како максимално да го искористите потенцијалот на вашиот мозок?

    Со толку многу информации кои се натпреваруваат за нашето внимание овие денови, може да биде навистина тешко да се фокусираме и да останеме продуктивни. Но, овие стратегии можат да ви помогнат максимално да го искористите потенцијалот на вашиот мозок и неговите перформанси.rnrnКако максимално да го искористите потенцијалот на вашиот мозок?rnrnАко сакате да бидете фокусирани и продуктивни, тогаш преземете ја „контролата“ над вашиот мозок со овие ефективни техники кои можат да ви помогнат значително да ги подобрите неговите способности и перформанси.rn

    1. Медитација

    rnСамо 5-10 минути медитација дневно може да ги подобри перформансите на вашиот мозок поврзани со вниманието, самосвеста и меморијата. Освен тоа, медитацијата може да ви помогне да го подобрите фокусот, да носите подобри одлуки и полесно да се справувате со стресот.rn

    2. Вежбајте секојдневно

    rnРедовното вежбање го зајакнува мозочниот хормон кој, пак, ги зацврстува врските помеѓу мозочните клетки. Тој го зголемува и протокот на крв и кислород во мозокот. Затоа, обидете се секој ден да одвоите барем 30 минути за активности како пешачење, трчање или возење велосипед.rn

    3. Здрав сон

    rnДоволно сон, особено здравиот, квалитетен сон, му дава енергија на вашиот мозок. Здравиот сон ги зајакнува и вашата креативност и когнитивна функција. Обидете се да се придржувате до конзистентен распоред за спиење кој ќе вклучува 7-9 часа квалитетен сон во текот на ноќта.rn

    4. Додатоци

    rnДодатоците како омега-3 масни киселини, витамин Б12, витамин Д и магнезиум можат да помогнат во зајакнувањето на здравјето на мозокот.rn

    5. Намалете го стресот

    rnСтресот може да доведе до намалување на деловите од вашиот мозок со текот на времето преку оштетување на невроните и врските. Затоа, обидете се да го контролирате.rn

    6. Учете нови работи

    rnПреку тренингот на мозокот со активности како учење инструмент, јазик или вештина, решавање загатки или вежбање спорт може да се формираат нови нервни патишта и да се задржи когнитивната функција како што старееме.rnrnОткако прочитавте за овие техники, можеби ќе сакате да прочитате и како вежбањето влијае врз мозокот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Млада Месечина во Јарец на 2 јануари: Следува период на инспирација и нови можности!

    Млада Месечина во Јарец на 2 јануари: Следува период на инспирација и нови можности!

    Оваа млада Месечина ќе биде во знакот на амбициозниот Јарец и ќе ни донесе голема инспирација и мотивација, особено кога станува збор за исполнување на новогодишните желби. Овој период позитивно ќе се одрази врз нашата финансиска состојба, но и ќе биде идеален момент за да го испланираме развојот на нашата кариера. Влијанието на младата Месечина носи потенцијал и нови можности. Постојат големи шанси дека сè што ќе започнете на 2 јануари може да се развива во добра насока.rnrnМлада Месечина во Јарец на 2 јануари: Следува период на инспирација и нови можности!rnrnНа самиот почеток на 2022 година нè очекува наплив на моќна и силна енергија, не само поради новата година, туку и поради младата Месечина која ќе сјае на ноќното небо на 2 јануари.rnrnСекоја нова месечина во астрологијата означува нов почеток, но тоа не значи дека треба веднаш да се направат промени. Одете чекор по чекор и бидете трпеливи. Под влијанието на младата месечина ќе наидете на многу идеи кои набргу ќе ги претворите во реалност. Оваа енергија ќе донесе можности за развој за сите хороскопски знаци, при што кај некои ќе се рефлектира повеќе, а кај некои помалку. Важно е дека секој знак ќе добие шанса.rnrnМладата Месечина честопати нè повикува да размислиме за нашата моментална фаза од животот, но и да процениме што сакаме. Најдобар начин да го направите ова е да си дадете време и простор да се повлечете во себе и да ја прифатите осаменоста. Потпрете се на вашиот внатрешен глас, не плашете се да ги откажете плановите со друштвото ако повеќе сакате да бидете сами. Не занемарувајте ги вашите потреби – направете сè што е важно за позитивна трансформација, и однатре и однадвор.rnrnКако што светлината на Месечината ќе се повлекува за време на оваа фаза, така ќе се намалуваат и нашите енергетски нивоа. Затоа е важно да го искористите овој период за да најдете доволна мотивација што ќе ви помогне да ги остварите вашите цели. Фазата на младата Месечина е добар период да почнете да се грижите за себе и да ги наполните батериите. На 2 јануари обидете се да бидете пољубезни и попозитивни кон себе, а воедно и да ја заштитите вашата чувствителна енергија. Избегнувајте да поминувате време со луѓе кои се песимисти. Правете ги оние нешта што за вас преставуваат извор на среќа и нови можности.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе младата Месечина на 2 јануари, можеби ќе ве интересира да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за јануари 2022 година.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете едно од овие златни јајца за да откриете каква порака се крие во него

    Тест: Изберете едно од овие златни јајца за да откриете каква порака се крие во него

    Во египетското хиероглифско писмо јајцето го симболизира потенцијалот како и мистеријата на животот. Токму тоа е и целта на овој тест – изберете едно од овие јајца за да добиете совети како да го искористите максимално вашиот потенцијал.rnrnТест: Изберете едно од овие златни јајца за да откриете каква порака се крие во негоrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Јајце бр. 1″ active=”false”]Вие сте личност со вроден шарм. Секогаш си поставувате јасни цели за себе и вообичаено знаете точно што треба да направите за да го добиете тоа што го посакувате. Комуникативна личност сте и секогаш сте искрени во односот со пријателите и вашите најблиски. Поставувајте си една по друга цел и ќе видите како можете да ги постигнете без проблеми![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Јајце бр. 2″ active=”false”]Вие сте искрена и директна личност и секогаш го споделувате она што искрено го мислите. Затоа луѓето кои ве опкружуваат ве сметаат за личност која секогаш постапува соодветно на ситуацијата. Тие се свесни дека никогаш нема да им наштетите и озборувате зад грб па затоа ве ценат и почитуваат. Оваа искреност не секогаш се смета за позитивна. Треба да научите понекогаш да играте тактички.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Јајце бр. 3″ active=”false”]Вие сте личност со големо срце и уште поголема чувствителност. Честопати, бидејќи се плашите од животот и предизвиците што ги носи, имате тенденција да се држите настрана. Тоа не е недостаток на храброст, туку страв да не бидете повредени вие или некој од вашите најблиски. Наш совет е да бидете посмели и да не се плашете да ги остварите вашите цели. Соочувањето со стравот од неуспех е првиот чекор во процесот на реализирање на вашите идеи и потреби.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Јајце бр. 4″ active=”false”]Вие сте воздржана личност по природа и имате тенденција да му пристапувате рационалистички на секој новитет што се појавува на хоризонтот. Ваквиот став придонесува за објективното анализирање на ситуацијата во моментот пред да направите избор. Смирена и внимателна личност сте, а ова се карактеристиките поради кои најмногу ве ценат луѓето што ве опкружуваат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест на личноста, ви препорачуваме да направите и друг тест каде е доволно да изберете ѕвезда за да откриете што ве очекува во 2022 година.rnrnИзвор: betterifyouknow.com

  • Кои 4 улоги кои треба да ги активирате во себе за да бидете целосно креативни?

    Кои 4 улоги кои треба да ги активирате во себе за да бидете целосно креативни?

    Дали сакате вашата креативност да ја подигнете на највисокото можно ниво? Не само да имате „луди“ идеи, туку и да ги реализирате и да создавате извонредни нешта?rnrnПостојат четири различни улоги во кои треба да се „влезе“ за вашиот креативен процес да биде што е можно поефективен. Секоја од нив бара да играте различни карактери, со различен начин на размислување и вештини.rnrnТие улоги се: истражувач, уметник, судија и воин.rnrnНаучете како полесно да ја ослободувате вашата креативност и како да ги совладате вештините што секој од овие карактери ги бара.rn

    1. Истражувачот

    rnrnrnИдеите не „паѓаат од ведро небо“. За да ги добиете, прво треба да ги соберете потребните материјали: факти, концепти, искуства, знаење, чувства – од тоа се составени идеите. За да го добиете сето тоа, потребно е постојано да бидете љубопитни и да истражувате.rnrnИстражувачот е секогаш во потрага по нови работи. Тој е релативно љубопитен и никогаш не се ограничува на одредена област. Имајте идеја како да ги поврзете точките. Но, прво и најважно, ви требаат многу точки кои треба да ги поврзете – потребно ви е „гориво“ за создавање нови идеи.rn

    Како да го развиете истражувачот во вас?

    rnБидете љубопитни и будни. Ѕиркајте во непознатите области. Бидете како дете така што ќе му обратите внимание на светот и ќе бидете приемчиви кон него. Повторно откријте ја забавата при дознавањето на нештата.rnrnПробувајте што повеќе начини. Не ограничувајте се на веќе испробаното и на познатото. Прочитајте поразлични книги и изгледајте поразлични филмови од оние што ви се допаѓаат. Исто така, дознајте ги и информациите што „никогаш не би ги користеле“. Барајте различни области на знаење.rnrnРазговарајте со многу различни луѓе. Запознајте се со многуте различни перспективи. Разговарајте со странци. Не ограничувајте се само на стручните совети.rn

    2. Уметникот

    rnrnrnУметникот има идеи. Тој ги зема „суровините“ од истражувачот и ги комбинира на нови начини.rnrnКога луѓето велат дека некој е креативен, тоа обично се однесува на нечија уметничка страна. Уметникот ги стекнува идеите претежно преку испробување на нови нешта. Тој ја користи својата фантазија преку преуредување, вртење на работите наопаку, мешање на нештата. Тој применува различни пристапи и наоѓа неочекувани врски меѓу нештата. Разигран е и не се грижи за тоа што луѓето очекуваат од него.rn

    Како да го развиете уметникот во вас?

    rnПоставете ги „мускулите“ на вашата идеја. Запишувајте ги новите идеи додека ви надоаѓаат, тоа го стимулира вашиот мозок да генерира сè повеќе идеи. Исто така, користете методи за намерно создавање идеи: направете список со 100 нешта кои можат да прераснат во конкретна идеја, задајте си задача секој ден да „произведувате“ одреден број идеи или пак пробајте ја техниката „SCAMPER“.rnrnИграјте! Сите знаеме дека најефективниот начин да создавате нови идеи е доколку притоа се забавувате. Никогаш не сфаќајте ги проблемите премногу сериозно. Забавувајте се и одржувајте го вашиот мозок свеж и подготвен.rnrnКористете ја вашата имагинација. Оставете ја практичноста настрана, дозволете ѝ на вашата имагинација да „беснее“ и да визуелизира нови можности. Не плашете се да прашате „А, што ако…?“ бидејќи така ќе се расплетат новите реалности.rn

    3. Судијата

    rnrnrnСудијата прави сè за да „остане реален“. Неговата работа е да ги анализира лудите идеи на уметникот и да процени дали тие се практични во реалниот свет.rnrnСудијата ги доведува во прашање претпоставките; тој споредува и решава. Проверува колку се изводливи идеите. Без разлика колку уметникот ги сака, судијата бара противаргументи, ја проверува евиденцијата и донесува одлуки. Комбинирајќи го чувството во стомакот и аналитичките алатки, судијата мора да ги одобри само изводливите идеи.rnrnСудијата добива лоша репутација, но само заради тоа што луѓето обично го повикуваат премногу рано. „Убивањето“ на идеја со која уметникот уште не си поиграл е вистинска штета. Нејзиното уништување подоцна пак, честопати е неопходност.rn

    Како да го развиете судијата во вас?

    rnРазвијте критичко размислување. Проверете ги вашите претпоставки, експериментирајте со хипотези, анализирајте ги резултатите и извлекувајте заклучоци. Бидете господар при донесувањето одлуки.rnrnБидете свесни за „стапиците“ при размислувањето. Вашиот ум може да ве измами. Бидете секогаш свесни за вашата пристрасност. Постојат повеќе начини на кои вашето размислување може да тргне наопаку.rnrnБидете реалистични. Дали идејата ќе ви возврати на посакуваниот начин? Дали имате доволно ресурси да се случи тоа? Дали сте подготвени да вложите доволно напор да се случи тоа? Бидете практични и приземјени.rn

    4. Воинот

    rnrnrnШтом имате идеја подготвена да биде реализирана, сфатете дека светот ќе се постави на тој начин за да ви помогне да добиете нова. Непријателите може да бидат надворешни: конкуренцијата може да биде жестока или луѓето можеби едноставно да не ги разбираат вашите добри идеи. Пострашни од надворешните се непријателите во вас: размислете за вашиот отпор, изговорите и стравот од неуспех.rnrnЗадачата на воинот е да се вложи во тоа идеите да се случат. За тоа не ви треба само стратегија и план за акција, туку и време да се изборите за нив.rnrnТоа значи да останете продуктивни, да развиете флексибилност и храброст да ги надминете пречките и се разбира, да бидете во можност да ги „продадете“ вашите идеи за да го материјализирате трудот.rn

    Како да го развиете воинот во вас?

    rnНадминете го отпорот. Кога создавате нешто ново, отпорот неминовно постои. Треба да пронајдете начини за надминување на одлагањето и да останете продуктивни секојдневно.rnrnБидете храбри. За да направите работите да се случат, треба да се ослободите од сомнежот и да го победите стравот од неуспех.rnrnПробајте да ја продадете вашата идеја. Дали вие сте единствените кои мислат дека таа идеја може да успее? Можете ли да ги убедите и другите дека се работи за добра идеја? Доколку не наоѓате истомисленици помеѓу луѓето кои би можеле да инвестираат во вас, веројатно и да заживее, таа идеја нема да трае долго.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и 10-те трикови за зголемување на коефициентот на интелигенција, фокусот и креативноста.

  • 45 прашања што треба да си ги поставите за да го извлечете максимумот од себе

    45 прашања што треба да си ги поставите за да го извлечете максимумот од себе

    Дали мислите дека го користите целиот свој потенцијал? Дали го живеете животот со полни гради? Или пак не сте задоволни од начинот на кој живеете и сакате да промените нешто? Следниве 45 прашања ќе ви помогнат да откриете дали го живеете животот што отсекогаш сте го посакувале и како да го извлечете максимумот од себе…rnrn45 прашања што треба да си ги поставите за да го извлечете максимумот од себеrnrn1. Зошто ги консумирам медиумите што ги консумирам? (филмови, музика, вести, списанија и слично)rnrn2. Дали работите што ги сакам навистина ми се допаѓаат или пак општеството ме условило да ми се допаднат? Ако општеството е заслужно за тоа, кој ме научил на тоа? Дали тоа било нивна цел или агенда?rnrn3. Зошто го сакам тоа што го сакам? (Објаснете си го ова и оправдајте го со аргументи, без разлика дали станува збор за предмет или човек)rnrn4. Кои работи најмногу ме нервираат кај луѓето? (На пример, луѓе кои слепо ги следат трендовите, лажни обожаватели на бендови, девојки кои носат премногу шминка)rnrn5. Зошто го мразам она што го мразам? Кој ме научил да ги мразам овие работи или луѓе?rnrn6. Кои 5 негативни придавки би ги искористил/а за да се опишам себеси?rnrn7. Кои 5 позитивни придавки би ги искористил/а за да се опишам себеси?rnrn8. Дали мислам дека овие придавки се суштински карактеристики на мојата личност?rnrn9. Дали следам трендови? Зошто?rnrn10. Што мислам за луѓето кои следат трендови и за оние кои не следат?rnrn11. Дали се гледам себеси онака како што ме гледаат другите? Дали сум загрижен/а дека другите луѓе можеби имаат погрешно мислење за мене?rnrn12. Ако да, зошто ми е важно нивното мислење или одобрување? Дали можам некако да го сменам ваквиот начин на размислување?rnrn13. Кое е моето најрано сеќавање за мојот најголем страв?rnrn14. Од каде потекнува овој страв? Дали сум ја добил/а оваа особина од мајка ми, татко ми, пријатели или животна ситуација? Ако стравот потекнува од друг човек, како дошло тоа до него? Дали нивните избори од минатото можат да ми помогнат да дознам повеќе за мојата моментална состојба?rnrn15. Во што верувам од верски и религиозен аспект? (Во Господ, Исус, Алах, астрологија, во никого и слично)rnrn45 прашања што треба да си ги поставите за да го извлечете максимумот од себеrnrn16. Секако дека не сум се родил/а со таквите верувања. Од каде потекнуваат тие?rnrn17. Што кажуваат моите политички убедувања за мене како личност?rnrn18. Што кажуваат политичките убедувања на луѓето кои размислуваат поразлично од мене?rnrn19. Зошто ги искористив тие описи за да се опишам себеси и другите во претходните 2 прашања?rnrn20. Дали некогаш сум ги проектирал/а моите сопствени чувства или несигурности на други луѓе? (На пример, чувство на одбивност кон човек кој не ви направил ништо лошо)rnrn21. Ако размислам за сите луѓе со кои сум имал/а емоционални конфликти (родител, насилник, партнер), што имам заедничко со нив? Што ме прави поразличен/а од нив?rnrn22. Дали постои конкретен настан од мојот живот што ме има сменето драстично? Дали можам да наведам барем 3 такви настани? Како точно ме промениле овие настани?rnrn23. Што ми е најзначајно во животот и зошто го вреднувам тоа толку?rnrn24. Дали постои нешто во мојот живот кое сум го одложувал/а или сум одбегнувал/а да мислам на него?rnrn25. Ако се обидам да ги откријам најболните и најсрамните сеќавања што намерно сум ги закопал/а и заборавил/а, на што ќе се сетам? Зошто воопшто сум ги криел/а? Зошто продолжувам да ги потиснувам? Дали можам да престанам да ги потиснувам и да ги надминам или полесно ми е да ги чувам скриени во мојата глава?rnrn26. Кога ќе се сетам на нешто од минатото што ме изнервирало или вознемирило (некој проект, конфликт или однос), дали сум извлекол/ла некаква корист од целата ситуација? Како влијаеле крајните резултати на мојот сегашен живот?rnrn27. Што ме мотивираше да кликнам на оваа објава и да ја прочитам? Дали тоа се должеше на мојот инстинкт, досада, љубопитност, нарцизам или нешто друго?rnrn28. Дали потребата од тоа да бидам подобар/а, попаметен/а, попривлечен/а и поуспешен/а прави да се чувствувам лошо во врска со себе?rnrn29. Што ме тера да мислам дека не сум доволно добар/а? Дали станува збор за внатрешно чувство или идејата доаѓа од начинот на кој се однесуваат другите со мене?rnrn30. Дали обично реагирам импулсивно и потоа зажалувам поради моите постапки?rnrn45 прашања што треба да си ги поставите за да го извлечете максимумот од себеrnrn31. Кога ќе се сетам на злобните работи што сум ги направил/а или кажала на други луѓе (пријател, непријател, позната личност), без разлика дали сум се шегувал/а или навистина сум го мислел/а тоа, која била причината за моето однесување? Дали навистина сум имал/а намера да го направам или кажам тоа?rnrn32. Која е мојата прва реакција или мисла секогаш кога ќе се налутам и вознемирам?rnrn33. Кога сум лут/а или лошо расположен/а, на кого се истурам најчесто?rnrn34. Каква е мојата смисла за хумор? Кои работи или шеги ми се смешни? (Наведете најмалку 5 примера) Зошто ми се смешни овие 5 работи?rnrn35. Колку ми е важно да најдам партнер? Дали би бил/а исто толку среќен/а кога не би имал/а партнер? Зошто?rnrn36. Кога ќе се сетам на сите луѓе во кои некогаш сум се вљубил/а, ми биле симпатии или привлечни, кои се нивните заеднички физички и карактерни особини? Што ми кажале дека им се допаѓа и не им се допаѓа кај мене?rnrn37. Дали имало момент кога сум почувствувал/а дека нешто ме спречува да го покажам вистинското „јас“? Зошто сум се чувствувал/а така? Каква е ситуацијата сега?rnrn38. Што треба да направам за да добијам чувство дека можам да бидам она што навистина сум?rnrn39. Дали има луѓе во мојот живот кои постојано ме повредуваат и разочаруваат намерно? Зошто тие се сѐ уште дел од мојот живот? Што би се случило кога би ги отстранил/а од животот? Што добивам со тоа што ги чувам покрај себе?rnrn40. Кој е најголемиот злочин што сум си го направил/а самиот/самата на себе? Дали сум го поправил/а тоа на некој начин?rnrn41. Кој е најголемиот злочин што сум го сторил/а некому? Дали сум го поправил/а тоа на некој начин?rnrn42. Дали постапувам спротивно од мојата дефиниција за достоинство и добар човек?rnrn43. Дали ја запоставувам сопствената благосостојба иако знам дека правам нешто што е нездраво и лошо за мене? На кој начин го правам тоа?rnrn44. Кога луѓето би ме сакале онака како што се сакам себеси, дали би биле среќни?rnrn45. Како би се чувствувал/а кога обичните работници (хигиеничари, возачи во автобус, келнери, касиерки, работници на пат и слично) и припадниците од ниската општествена класа (бездомниците, зависниците, проститутките и слично) би се однесувале со мене онака како што јас се однесувам со нив?rnrnАко ги дадовите вашите одговори, погледнете ги и овие проникливи прашања кои имаат моќ да ве поттикнат на промена.

  • Зошто треба да ја покажете вашата темна страна за да бидете среќни?

    Зошто треба да ја покажете вашата темна страна за да бидете среќни?

    Ако сакате да бидете успешни во животот, треба да се „соголите“. Тука не се работи за физичко соголување, туку за емоционално. Ќе можете да се поврзете со другите и со самите себеси само ако отворено ја покажете вашата ранливост. Тоа ќе може целосно да ви го промени животот како и сите ваши врски со луѓето. Но, за да го направите тоа, треба да се соочите со вашата темна страна, односно со вашата сенка.rnrnЗошто треба да ја покажете вашата темна страна за да бидете среќни?rn

    Што треба да знаете за вашата сенка?

    rnСенката е важен дел од вашата личност кој честопати е скриен од свеста. Таа е присутна, управува со вас и извлекува работи од вас за кои не сте ни биле свесни дека постојат. Сенката не е некое злобно суштество што живее во вашата душа, туку дел од вас. Ако го разберете овој дел од вашето секојдневно постоење кој има влијание на љубовниот живот, кариерата, финансиската состојба, здравјето и семејството, ќе забележите дека сенката има големо влијание на начинот на кој живеете.rnrnАко, пак, ја игнорирате вашата сенка, секогаш ќе чувствувате дека нешто ви недостасува. Но, понекогаш соочувањето со неа е многу страшно. Она што треба да го направите е да се спријателите со неа. Тоа е исто како да ја тргнете театарската завеса од вашата животна сцена и да откриете кој стои зад сето тоа што ви се случува, кој управува со вашите мисли, чувства, однесување, избори…rnrnСо тоа што ќе ја запознаете вашата сенка, ќе можете да ги ослободите вашите скриени моќи, инспирација и креативност.rn

    Зошто вашата сенка ви стои на патот?

    rnНа пример, многу луѓе знаат дека се талентирани, но нивните животни приказни не се одраз на потенцијалот што го поседуваат. Постојат луѓе кои можат да споделат многу љубов, но постојано се сами. Тоа се случува затоа што се плашат да се соочат со нивната сенка. Бидете искрени со себе! Немојте да се штитите од вашата „темна“ страна. На тој начин пропуштате многу работи. Размислете само колку енергија сте потрошиле поради тоа што сте одбивале да се соочите со вашата сенка. Сета таа енергија сте можеле да ја искористите за да напредувате во животот и да ги постигнете вашите цели.rnrnЗошто треба да ја покажете вашата темна страна за да бидете среќни?rn

    Како да ја „обелодените“ вашата сенка?

    rn1. Направете анализа на некои настани од вашето минато кои ви будат чувства на срам, вина или страв. Откако ќе ги споделите овие негативни искуства, нивната моќ ќе почне да се намалува. Ние обично го преувеличуваме влијанието на сеќавањата и стравовите кои не се повеќе значајни за нашиот секојдневен живот. Не смееме да им дозволиме да нѐ контролираат. Но, нема да можеме да продолжиме понатаму, сѐ додека не се соочиме со нив.rnrn2. Погледнете ги вашите недостатоци и лоши навики од поинаков аспект. Единствениот проблем со овие така наречени недостатоци е тоа што им се обрнува преголемо внимание. Ако не им придавате толкаво значење, лесно ќе можете да ги претворите во доблести. Оваа анализа ќе ви помогне да ги откриете вашите скриени стравови, верувања и ветувања што сте ги дале самите на себе. Кога ќе ги погледнете вашите мани од објективен агол, ќе научите да ги цените и да ги прифатите како дел од вас. Замислете си само колкава слобода ќе ви даде тоа!rnrn3. Направете листа или дневник за сите оние работи кои ви е тешко да ги откриете во врска со вашата личностrnrnАко чувате во себе некои лични приказни кои ви будат чувства на срам или вина, тие негативни емоции постојано ќе растат. Најдете начин да ги споделите овие чувства и ќе почувствувате таква слобода што ќе можете одново да ја изградите вашата историја и истовремено да ја креирате вашата иднина, почнувајќи од сега.rnrnТоа се подразбира под поимот „емоционално соголување“. Емоционалното соголување ќе ви ја даде слободата да напредувате и љубите со сиот ваш потенцијал што го поседувате.

  • 4 знаци дека имате потенцијал да станете успешни претприемачи

    4 знаци дека имате потенцијал да станете успешни претприемачи

    Тешко е да се започне бизнис. 80% од новите бизниси пропаѓаат во првите 18 месеци од основањето. Овие статистички податоци се многу загрижувачки за сите амбициозни претприемачи. Иако постојат голем број луѓе кои сакаат да започнат сопствен бизнис, многу мал процент од нив се осмелуваат да дадат отказ од нивната работа со сигурна плата и да ги следат своите соништа. Добрите претприемачи се упорни, трпеливи, вешти и способно. Но, потребно е и многу среќа за да се успее. Не може секој да заплови во водите на деловниот свет. Дознајте дали вие имате потенцијал да станете успешни претприемачи…rnrn4 знаци дека имате потенцијал да станете успешни претприемачиrn

    1. Претприемачите се упорни и посветени

    rnНа секој нов претприемач ќе му треба многу упорност, посветеност и амбиција за да ги претвори соништата во реалност. Започнувањето сопствен бизнис е тешко. За да бидете успешни претприемачи мора да бидете многу посветени и да потрошите многу време во работа и труд. Треба да соберете доволно сила за да ги совладате сите навидум несовладливи пречки што ќе ви се најдат на патот. Оваа посветеност ќе ви биде потребна за да ги преземете сите неопходни чекори што ќе ви помогнат да основате бизнис.rn

    2. Претприемачите се креативни

    rnУспешните претприемачи се многу креативни. Најпрво, треба да измислите услуга или производ кои дотогаш не постоеле, што значи дека треба да ги препознаете дупките на пазарот и да понудите нешто сосема ново, различно, оригинално и корисно за потрошувачите. Потоа, мора да откриете како да го претворите вашиот деловен сон во реалност и како да прејдете од зборови на дела. Тоа значи дека ќе мора да се прилагодувате на постојаните промени и да се соочувате со сите предизвици на креативен начин. На пример, ако банката не сака да ви даде кредит за да го започнете бизнисот, ќе мора да смислите алтернативна опција. Треба да бидете слободоумни, флексибилни, способни и креативни.rnrn4 знаци дека имате потенцијал да станете успешни претприемачиrn

    3. Претприемачите се образувани

    rnЗа да си обезбедите влез на пазарот, мора да бидете добро информирани. Треба да ги познавате сите ваши права и обврски за да понудите нешто вредно и корисно. Вашите потрошувачи треба да бидат сигурни дека знаете што правите. Претприемачите мора да бидат образувани и свесни за светот околу нив. Треба да бидете во чекор со сите најнови случувања што би можеле да влијаат на вашиот бизнис и да ги уверите вашите вработени и потрошувачи дека сте способни и самоуверени. Тоа значи дека мора да се информирате за вашата конкуренција, како и за почетоците на индустријата во која сакате да влезете. Ова знаење е од витална важност за вашиот успех.rn

    4. Претприемачите постојано преземаат ризици

    rnДобрите претприемачи никогаш не се плашат од ризици. Бизнисот нема да биде успешен доколку не вложите сѐ. Мора да бидете подготвени за можноста да изгубите многу пари. Треба да го прифатите тој динамичен начин на живот и распоред каде иднината секогаш е неизвесна. Не можете да знаете дали вашиот бизнис ќе биде дел од оние неуспешни 80% или пак дел од останатите 20%. Не можете да знаете дали ќе изградите стабилна кариера или ќе бидете невработени во наредните неколку месеци.rnrnОва се условите на кои сите успешни претприемачи се согласуваат. Ваквиот начин на живот не е за секого и не е воопшто лесен. Претприемачкиот дух е силен, храбар и самоуверен. Направете анализа на сопствените способности, волја и амбиции и запрашајте се дали имате потенцијал да се соочите со сите предизвици што ги поставува суровиот деловен свет.rnrnДоколку сѐ уште не сте сигурни дали сте способни да започнете сопствен бизнис, прочитајте кои се 5-те емоции што ги немаат успешните претприемачи.

  • Вистински предизвик: Поминете низ „пеколна недела“ за да го извлечете најдоброто од себе

    Вистински предизвик: Поминете низ „пеколна недела“ за да го извлечете најдоброто од себе

    Во Норвешка постои една интересна програма што се нарекува „Пеколна недела“ и им помага на војниците да го добијат потребниот тренинг за да бидат успешни во работата. Таа им овозможува вистински да го искусат животот, да го разберат значењето на малите нешта и комплетно да го променат погледот кон работите за само седум дена. Доколку и вие сакате да го извлечете максимумот од вашиот потенцијал, прочитајте како би требало да изгледаат вашите денови во текот на наредната недела…rnrnВистински предизвик: Поминете низ “пеколна недела“ за да го извлечете најдоброто од себеrn

    Основните правила на „Пеколната недела“

    rn1. Станувајте во 5 часот наутро и легнувајте си во 22 часот.rnrn2. Бидете концентрирани, посветени и добро расположени цела недела. Работете напорно.rnrn3. Држете се до планот.rnrn4. Бидете позитивни, одлучни, енергични и активни.rnrn5. Заборавете на телевизорот. За време на работното време не ги користете социјалните мрежи и не разговарајте на телефон со вашите пријатели.rnrn6. Додајте и физичка работа во вашиот секојдневен живот.rnrn7. Хранете се здраво цела недела, без брза храна и благо.rn

    Понеделник: Стекнување навики

    rn„Откажете се од лошите навики денес, а не утре“. Оваа позната изрека датира уште од времето на Конфучиј. И навистина, за да доживеете личен развој, треба да поработите на вашите навики. Така започнува првиот ден од Пеколната недела во кој треба да ги направите следниве три работи:rnrn1. Направете листа на сите ваши добри и лоши навики.rnrn2. Одредете кои навики би сакале да продолжите да ги негувате, а кои би сакале да ги отстраните.rnrn3. Размислете за особините што ги немате и што би требало да направите за да ги стекнете.rn

    Вторник: Став и концентрација

    rnЗадачата во вториот ден од неделата вклучува развивање на вашата концентрација и подобрување на вашиот став кон различни ситуации. Тоа може да има многу важно влијание на крајниот резултат што сакате да го постигнете.rn

      rn011

    • Став. Вашите чувства влијаат на крајниот резултат што сакате да го постигнете, така што потрошете малку време за да го стекнете вистинскиот став. За да дојдете до тоа, поставете си ги најважните прашања поврзани со она што го работите. На пример, доколку вашата работа е да продавате цвеќиња, запрашајте се колку добро ги познавате различните видови цвеќиња, како треба да си грижите за секое од нив и како да ја подобрите услугата за вашите клиенти.
    • rn011

    • Концетрација. Фокусирајте се само на една работа и заборавете на сѐ друго околу вас. На овој начин ќе можете максимално да вложите труд и да го подобрите квалитетот на работата за многу кратко време.
    • rn

    rn

    Среда: Планирање и цели

    rnСреда е ден за организирање на времето, планирање, поставување приоритети и цели. Не заборавајте дека секогаш имате доволно време, само што треба да го искористите ефикасно. Доброто планирање ќе ви овозможи да ја одредите важноста на бројните обврски што ги имате и според нив да ги поставите вашите приоритети.rn

      rn011

    • Направете план за денот, неделата и следниот месец врз основа на тоа што ви е навистина важно.
    • rn

    rnВистински предизвик: Поминете низ “пеколна недела“ за да го извлечете најдоброто од себеrn

    Четврток: Излезете од вашата зона на удобност

    rnЧетвртокот можеби ќе ви биде најтешкиот ден од Пеколната недела, но затоа, пак, ќе ви пружи бесценето животно искуство. Ова е денот кога ќе треба да се соочите со вашите најголеми стравови и да не спиете цела вечер.rn

      rn011

    • Само вие знаете кои се вашите најголеми стравови, што значи дека само вие знаете како треба да се справите со нив. Признајте дека сте вљубени, прифатете дека е време да поминете низ тешките разговори или пак да го надминете вашиот страв од височина. Но, ваша одговорност е како ќе ги направите сите овие работи.
    • rn011

    • Поминете го денот на необичен начин. Движете се само со трчање или цел ден возете велосипед. Можете да правите што сакате. Најважно е да се работи за нешто необично.
    • rn011

    • Освен тоа, ќе треба да се откажете од спиењето и да работите цела вечер. Треба внимателно да се подготвите за ова и да направите прецизен план на работите што треба да ги завршите.
    • rn

    rn

    Петок: Одмор и релаксација

    rnРаботата е важна, но и одморот е исто толку значаен. Петок е ден за релаксација на умот.rn

      rn011

    • Откако ќе ја поминете целата вечер без спиење, истуширајте се со топла вода и појадувајте нешто вкусно и здраво. Потоа одлучете што ќе правите.
    • rn011

    • Тоа нека биде нешто што отсекогаш сте сакале да го направите. Можеби станува збор за нешто поврзано со домот или пак сакате да отпатувате некаде. За што и да се работи, бидете одговорни.
    • rn

    rnВистински предизвик: Поминете низ “пеколна недела“ за да го извлечете најдоброто од себеrn

    Сабота: Бидете среќни

    rnСабота е ден кога вашата глава треба да биде исполнета само со позитивни мисли. Поминете го овој ден на тој начин што ќе создадете целосно позитивен дијалог во вашата глава. Оваа задача ќе ви покаже колкаво влијание има начинот на размислување на вашиот секојдневен живот.rn

      rn011

    • Најважно е да размислувате позитивно и да ги блокирате сите негативни мисли. Мислете на вашите позитивни особини, достигнувања и иден успех.
    • rn011

    • Обидете се да го контролирате вашиот внатрешен дијалог. Поставувајте си ги вистинските прашања и одбирајте ги вистинските зборови.
    • rn

    rn

    Недела: Награда

    rnОва е последниот, но и најважниот ден од Пеколната недела. Овој ден ќе треба да донесете важни одлуки, да размислите за вашите впечатоци и задоволството што сте го доживеале поради успешно завршената работа.rn

      rn011

    • Размислете за заклучоците што сте ги донеле во текот на неделата и запишете ги. Кои нови работи сте ги научиле? Што сте откриле? Со какви потешкотии сте се соочиле? Што ви е навистина важно?
    • rn011

    • Помислете на сите мали нешта од кои сте се откажале за време на Пеколната недела. Сега ќе ви значат многу повеќе. Ќе почнете да ги цените, забележувате, чувствувате и прифаќате сите животни убавини како никогаш дотогаш.
    • rn011

    • На крајот, наградете се со подарок. Одберете си каков подарок сакате. Го заслужувате.
    • rn

    rnОваа пеколна недела навистина може да го промени начинот на кој гледате на работите. Потребна ви е само челична волја и голема упорност. Подготвени сте да го прифатите предизвикот?rn

  • 15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не

    15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не

    Кога не се сакате себеси, поминувате толку многу време обидувајќи се да најдете важност и вредност на друг начин, што станувате слаби, несигурни и неспособни да им ја возвратите љубовта на луѓето кои го заслужуваат тоа. Сите сме ги имале тие моменти: кога сме ја изгубиле работата, кога ни се скршило срцето, кога сме повредиле некого. Животот е полн со ситуации кои нѐ тераат да заборавиме да се цениме и почитуваме себеси. Но, има една личност која ќе ве сака и покрај сѐ: вашата најдобра пријателка. Таа ќе остане покрај вас и во најтешките моменти и ќе го гледа вашиот потенцијал дури и кога вие ќе заборавите дека го имате. Ова се 15-те моменти кога таа ве потсетила да се сакате себеси.rnrn15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка неrnrn1. Кога сте ја изгубиле работата и кога ви помогнала да откриете каде всушност лежи вашата вистинска страст и интерес.rnrn2. Кога не сте биле во врска со момчето кое ви се допаѓало и кога таа ве потсетила дека не вреди да го трошите вашето драгоцено време на него.rnrn3. Кога сте испиле малку повеќе, а таа ве потсетила на 84-те личности од синоќа кои биле во полоша состојба од вашата.rnrn4. Кога сте го замениле тоа што го сакате за тоа што мислите дека е кул, а таа ве потсетила кои сте без да ве суди за тоа кои сте постанале.rnrn5. Кога сте аплицирале на факултетот од вашите соништа и не ве прифатиле, а таа ви докажала дека не е крај на светот.rnrn6. Кога сте запреле да го сакате вашето тело и да си ја давате самопочитта која ја заслужувате, а таа ви донела сладолед и ве потсетила дека сте една од најубавите девојки кои ги познава.rnrn7. Кога сте ставиле протези на 19 години и кога таа сепак продолжила да се фотографира со вас.rnrn8. Кога не сте успеале да влезете во популарниот круг на пријатели, а таа ве потсетила дека сте двојно подобри и поинтересни од сите личности од групата заедно.rnrn9. Кога сте страдале од најлошиот ПМС досега и кога ви донела 2 тона чоколадо и вино и ве слушала како ја колнете целата човечка раса.rnrn10. Кога сте направиле грешка и вината ве уништувала, а таа ве потсетила дека сте само човек и дека луѓето понекогаш грешат.rnrn11. Кога сѐ уште сте живееле дома дури и откако сте дипломирале, а таа ве потсетила на сите пари кои сте ги заштедиле на кирија и стресот кој никогаш не сте го почувствувале од делење простор со лоши цимери.rnrn12. Кога сте му се вратиле на момчето за кое сте знаеле дека не ве заслужува и таа ви дозволила да се жалите колку што ви е потребно, паралелно држејќи се до својот став дека тој за неа непотребно го троши воздухот.rnrn13. Кога сте дозволиле некој друг да ве дефинира кои сте и кога таа ви дала време одново да се откриете.rnrn14. Кога вашиот шеф направил да се чувствувате мали, а таа ве потсетила колку сте всушност силни.rnrn15. Кога се чувствувате сами и кога ќе се сетите дека тоа не е можно бидејќи имате најдобра пријателка како неа.

  • Зошто треба да го оставите момчето кое ветува?

    Зошто треба да го оставите момчето кое ветува?

    Се заљубуваме во нешто што ќе го видиме во него, а тоа обично е потенцијалот, кој тој никогаш нема да го развие. Ние гледаме дека може, сите гледаат дека тој има нешто во себе, но нему тоа му е доволно – добро му служи за да ги освојува жените, да стекнува пријателства, да биде симпатичен и мил…rnrn1-zoshto-treba-da-go-ostavite-momcheto-koe-vetuva-www.kafepauza.mk_rnrnТој потенцијал, тој талент, таа енергија, остануваат такви какви што се, необработени, недокажани, закржлавени – а тој е единствениот кој не го гледа тоа. На него му е добро, удобно. И тука е крајот на неговиот домет. Можеби тој има прекрасни соништа и многубројни идеи, но нема ниту малку волја и истрајност за да ги реализира.rnrnТој постојано бара нешто големо и сите оние кои се сомневаат во него еден ден ќе видат дека тој успеал во тоа. Но, еден по еден, деновите минуваат и момчето кое ветува и понатаму замислува дека ќе дојдат неговите пет минути и не забележува дека одамна не е момче.rnrnЕдно е сигурно – еден ден ќе сфатите дека вашето момче пука во празно и дека залудно го охрабрувате и верувате во неговиот потенцијал. Него не му е потребна вашата поддршка, бидејќи тоа е уште една комфорна зона, поради која не помислува да се тргне од неа.rnrnТоа не значи дека ќе постигнете многу ако го третирате како куче кое треба да се издресира и да се спрема за изложба, но сепак многу мажи почесто реагираат на дресура отколку на поддршка. Момчето кое ветува не верува во своите ветувања. Тој само си игра. rnrnТој најверојатно е многу привлечен, забавен и паметен, многу талентиран и тотално без фокус и идеја што да прави со својот живот. Ќе го препознаете по тоа што има пет резервни варијанти, а тоа значи дека во првата, која е негов приоритет во овој момент, не дал сè од себе. Иако тој никогаш нема да признае, тој се познава себеси. Знае дека мора да има пет варијанти за да се чувствува дека работи на нешто големо, а исто така знае дека ниту една од нив нема да успее и ќе го изгуби интересот веднаш после првиот неуспех и нема да стигне до петтата варијанта за можен успех.rnrn2-zoshto-treba-da-go-ostavite-momcheto-koe-vetuva-www.kafepauza.mk_rnrnТој е програмиран да успева само половично, да дава само себично (сè додека нему му создава задоволство) и да се оддалечува од вас сè повеќе, доколку започнувате да го запознавате сè подобро и често ја изразувате својата загриженост и го излагате своето разочарување во врска со неговиот потенцијал.rnrnМомчето кое ветува одвај добило некоја самосвест и веднаш штом започнало да се чувствува добро, нешто во него заклучило дека тој постигнал сè што му е потребно и треба да се држи само до тоа.rnrnТој ги залажува сите околу себе, но единствено успева да се залаже самиот себе.rnrnАко останете со момчето кое ветува некое време, година, две, три, совршено ќе забележите како се зголемува просторот помеѓу вас, затоа што вие одите нанапред, се менувате, учите, созревате, ги постигнувате своите цели и поставувате нови, додека тој останува таму каде што бил кога сте се сретнале. Вие не може да го вложите во него, она што тој самиот не го вложува во себе. Може да се обидете, а тогаш совршено ќе сфатите зошто не можете да му помогнете да го развие својот потенцијал!