КАФЕ ПАУЗА

Tag: потенцијал

  • Спортска психологија: 4 техники со кои спортистите го достигнуваат својот потенцијал

    Спортска психологија: 4 техники со кои спортистите го достигнуваат својот потенцијал

    За да постигнете успех во кој било спорт или атлетски натпревар, многу е важно да се фокусирате на вашиот ум исто колку што се фокусирате и на телото. Здравиот ум е оној кој води кон добро вежбање, подготовка и фокус за време на натпреварот. Токму затоа и спортската психологија зазема голем замав во последно време, помагајќи им на многу големи атлети да ги подобар своите вештини и да го достигнат својот потенцијал. Погледнете ги 4-те најчести техники кои им помагаат полесно да ги остварат своите цели…rnrnСпортска психологија: 4 техники со кои спортистите го достигнуваат својот потенцијалrn

    1. Поставување цели

    rnПоставувањето цели е првата голема техника која сите атлети ја користат со цел да се подобрат. Тие не вежбаат без план, туку со специфични цели кои ги водат кон остварувањето на соништата. Па, како да одредите соодветни цели, кои истовремено ќе бидат реални, но и доволно силни за да ве мотивираат да продолжите понатаму?rnrnСпецифичност – Колку се поспецифични целите, толку повеќе ќе знаете точно што треба да одработите.rnrnМерливост – Многу е важно вашите цели да можат да бидат измерени со цел да знаете дали имате напредок.rnrnПредизвик кој може да се достигне – Истражувањата ни покажуваат дека целите се најефикасни кога ни претставуваат предизвик, но истовремено и се доволно реални за да можат со тек на време да се достигнат.rnrnВременско ограничување – Ставете краен рок на вашите цели за да можете да бидете фокусирани и дисциплинирани.rnrnЗапишете ги – Многу е важно да ги запишете вашите цели со цел да можете да го следите напредокот. Тоа исто така може да ви биде и извор на мотивација во потешките моменти кога се двоумите во себе.rn

    2. Зборување со себе

    rnЗборувањето со себе е многу важна техника во спортската психологија. Според една неодамнешна студија, начинот на кој атлетите зборуваат со себе има драматичен ефект врз нивниот перформанс и став. Еве ги клучните откритија за како ова зборување може да им влијае на спортистите…rnrnИнструкции – Доколку си давате инструкции, вие многу полесно ќе можете да работите на подобрување на вашите вештини и техники. На тој начин станувате посвесни за своите слаби точки и можете поинтензивно да работите на нив.rnrnМотивација – Таа е потребна за задачите кои бараат сила и издржливост, висока самодоверба и подготовка за натпревар. Токму затоа и мотивациските говори од вашиот тренер имаат толку силно влијание врз вас. Но, доколку тоа самите го правите, мотивацијата се зголемува уште повеќе.rnrnНовости – Одредени студии покажале дека зборувањето со себе е подобро за новите задачи, отколку за оние кои веќе добро сте ги научиле. За новите задачи, со зборувањето вие полесно ќе ги учите, додека пак, ако веќе сте долго време во таа игра, тоа може само да го наруши вашиот перформанс.rn

    3. Ментално замислување

    rnОдредени студии во областа на невронауката покажале дека кога замислуваме како правиме одредени активности, ние ги активираме оние региони од мозокот кој се вклучуваат кога реално го правиме тоа. На овој начин ние ја визуализираме целта која сакаме да ја постигнеме и со тоа веќе сме еден чекор поблизу од кога било претходно. Но, доколку сакате најдобри резултати, следете ги следниве совети од психолозите:rnrnПрво лице еднина – Обидете се да замислите како вие сакате да се однесувате и точно што сакате да се случи така што ќе ја гледате ситуацијата низ вашите очи. Искусете го достигнувањето на оваа цел во мислите како во моментов навистина да ви се случува.rnrnБидете реални – Обидете се да ја замислите оваа ситуација што е можно пореално, вклучувајќи ги и најмалите детали, како облеката која ја носите или боите на теренот кој е околу вас.rnrnФокусирајте се на процесот, не на резултатите – Обидете се да го замислите целиот процес од почеток до крај. Не се обидувајте да прескокнете директно до финишот, туку поминете го целиот настан низ вашите мисли.rnrnВклучете повеќе сетила – Обидете се да го замислите ова искуство со повеќе сетила. Што можете да видите, чуете, почувствувате, вкусите, мириснете…? Колку повеќе сетила вклучите, толку појасно ќе го визуализирате и доживеете ова искуство.rn

    4. Медитација

    rnПоследната техника која во последно време е многу популарна во спортската психологија е употребата на медитацијата. Таа е можеби и една од најмногу истражуваните области во психологијата, со резултати кои ни покажуваат дека го подобрува фокусот, го намалува стресот и анксиозноста, како и го подобрува вашето здравје и имунитет. Сите овие придобивки можат да бидат од клучно значење за атлетите.rnrnЗа да го зголемите вашиот успех, многу е важно да влезете „во зоната“ за време на вашиот натпревар. Ова често вклучува игнорирање на негативните мисли (двоумење, грижа, грешки) и надворешните дистракции (публика, навреди, медиуми). Целта на медитацијата е да се фокусирате на сензациите од вашето дишење додека ги игнорирате сите нешта кои би можеле да ви го одвлечат вниманието. Фокусот е клучот до успехот.

  • 15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е така

    15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е така

    Вашиот потенцијал ве прави да достигнувате големи нешта и да си ги остварувате вашите соништа. На моменти може да почувствуваме дека не го даваме најдоброто од себе, дека можеме повеќе, дека не го искористуваме целосно нашиот потенцијал. Но, сè додека се трудите и вложувате време и внимание работејќи го она што го сакате, вие сте на вистинскиот пат. Вистината е дека никој не може да биде присутен секаде и да успева на секое можно поле во животот, па не се обесхрабрувајте. Ова се 15 знаци кои ќе ви покажат дека го користите вашиот потенцијал иако во моментов мислите дека не е така.rnrn15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е такаrn

    1. Зрачите со позитивност

    rnВо најголем дел од времето имате насмевка на вашето лице. Не е сè совршено но вие знаете дека работите си доаѓаат на свое место и на крај коцките ќе се наредат. Кога размислувате за иднината ја гледате со позитива и очекувате убави работи. Кога имате проблем знаете да дојдете до решение, можеби не веднаш, но свесни сте дека за секој проблем има решение, дури и ако понекогаш треба да почекаме и да бидеме стрпливи.rn

    2. Се фокусирате на решенија и крајни резултати

    rnСвесни сте дека најголем дел од проблемите со кои животот нè тера да се справиме, се решаваат со верба во себеси и позитивен пристап на нештата. Немате навика долго да плачете поради тоа што ве снашло туку се фокусирате на тоа како да го поправите. Размислувате за последиците и свесни сте дека секој потег во животот носи различни последици за кои самите сте одговорни.rn

    3. Ги исполнувате вашите цели

    rnПоставувањето цели е многу корисно. Знаете кон што целите и каде се движите. Со помош на целите вие сте одговорни, фокусирани и мотивирани. Се радувате на секој, и најмал успех, бидејќи знаете дека малите чекори исто така ве водат кон големи нешта. Си поставувате многу цели и се фокусирате на исполнување на истите. Можеби не секогаш нештата ќе одат по планираното, но во најголем дел од случаите можете гордо да се пофалите дека со труд сте го добиле она што сте го сакале.rn

    4. Не ви пречи напорната работа

    rnНапротив, ѝ се радувате бидејќи знаете дека она што е навидум тешко, непознато и што ве плаши е токму она што треба да го направите. Свесни сте за тоа и го прифаќате фактот дека ќе има денови кога излегувате рано од дома а се враќате доцна, ќе има непроспиени ноќи и мамурни утра придружени со галонски количини на испиено кафе, но тоа е само дел од патот до успехот.rnrn15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е такаrn

    5. Ги исполнувате вашите ветувања

    rnВашиот збор ви значи многу и го сфаќате сериозно, како и оние околу вас. Колку ги исполнувате вашите ветувања зборува многу за вас како личност. Дури и ако станува збор за ветување што сте го направиле кон вашиот помал брат, знаете дека треба да го исполните.rn

    6. Вие сте во постојан процес на учење

    rnНе се плашите да побарате помош и свесни сте дека животот е голема лекција. Секогаш сте отворени за нови познанства и знаења. Доколку чувствувате дека ви е потребно повеќе знаење на одредена тема, ќе се запишете на курс или пак ќе се информирате на кој било друг начин. Верувате дека секогаш и од секого може да научите нешто во животот.rn

    7. Отворени сте за промена

    rnВерувате дека нештата се случуваат со причина и дека некогаш мора да излезете од безбедната зона на комфорот и да ризикувате. Иако промените може да бидат страшни, во суштина се добри. Дури и да не излезе како посакуваното, знаете дека сте побогати за едно искуство повеќе.rn

    8. Добро се справувате со стрес

    rnИако не секогаш ви успева добро и разумно да се справите со стресот, знаете колку е важно како вие реагирате на стрес. Затоа се осврнувате кон нештата кои ве смируваат и знаете дека некогаш е подобро да ја преспиете вечерта и наутро да донесете одлука што ќе правите. Вашиот лек при стресни ситуации може да биде осврнувањето кон религијата, долгите прошетки, слушањето музика и сл.rn

    9. Се грижите за вашата исхрана

    rnЗнаете колку е важна здравата исхрана и физичката активност. Се грижите за себе за што телото ви возвраќа со енергија, баланс и добро здравје.rn

    10. Останувате во форма

    rnНе вежбате само за да го отстраните вишокот килограми. Вежбате за едноставно да останете во форма. Тоа е дел од вашиот здрав начин на живот и покажува колку сте истрајни, мотивирани и доследни до своите принципи.rn

    11. Посветувате внимание на физичкиот изглед

    rnЗнаете дека физичкиот изглед не е пресуден, но исто така знаете дека е важен. Сакате да зрачите со професионалност и токму поради тоа нема да направите утка при изборот на гардероба за интервју за работа.rn

    12. Негувате цврсти врски со блиските

    rnВрските со членовите на вашето семејство, пријателите или со вашиот партнер ви се важни и вложувате во нив. Знаете дека успешниот човек секогаш негува цврсти пријателства, здрави семејни односи и љубовни врски. Подарувањето љубов значи и добивање љубов, а ако човек не знае каде припаѓа лесно може да се изгуби.rn

    13. Едноставно, се забавувате

    rnИмате полн распоред. Не безделничите и точно знаете што ќе правите утре. Но, исто знаете и како да го организирате слободното време. Само работа и сериозност ќе ве направи здодевни личности кои заборавиле како да уживаат во животот, затоа знаете како да се опуштите и да го доживеете животот како голема забавна авантура.rnrn15 знаци дека го искористувате вашиот потенцијал иако мислите дека не е такаrn

    14. Благодарни сте и скромни

    rnИскрено сте благодарни за малите нешта со кои секојдневно сте благословени. Не се поставувате надмено и во принцип сте скромни и едноставни личности кои знаат да го ценат и вреднуваат животот.rn

    15. Имате животно мото

    rnИли, уште подобро, повеќе од едно. Секогаш се водите по некоја движечка сила која ве мотивира и инспирира. Не само мото, тоа може да биде и нечија животна приказна. Секогаш наоѓате зборови кои ви го поттикнуваат расположението и ве охрабруваат кога ќе се почувствувате несигурно.rnrnСигурно по читањето на овој текст сфативте колку вложувате во остварувањето на вашите цели во животот и оваа доза на самодоверба ви беше потребна. А, доколку мислите дека некои од горенаведените работи не ги применувате, сега е вистинско време да почнете.

  • Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе

    Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе

    „Успешните и неуспешните луѓе не се разликуваат многу во нивните способности. Тие се разликуваат во нивната желба да го достигнат својот потенцијал.“ – Џон Максвел, американски свештеник и автор

    rn

    Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (1920×1200)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година

    Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година

    Нова година, нови идеи, нови филмови. Според листата на филмови кои излегуваат во 2014-та година, веднаш може да се забележи дека преовладуваат неколку жанрови – научна фантастика, фантазија и акција. Компјутерската технологија и неверојатните ефекти направија експлозија на филмското платно во последниве неколку години, а со тоа се поместија границите и се сврте вниманието на гледачите кон овие специфични жанрови. Па, можеби ова е причината поради која нареднава година се запоставуваат класичните драми, комедии и акции. Но, сепак тоа не значи дека се намалува и самиот квалитет на идните филмови. Погледнете дел од филмовите кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година…rn

    1. Работата со лешникот (The nut job) – 17 јануари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Една верверичка е протерана од нејзиниот дом во паркот и е присилена да живее во големиот град. За среќа, таа го пронаоѓа единственото нешто кое може да ѝ помогне да ја преживее зимата – продавница за лешници.rnrnГласови: Вил Арнет, Катерин Хејгел, Брендан Фрејзерrn

    2. Ловци на богатство (The monuments men) – 7 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Група војници во Втората светска војна добиваат задача да спасат уметнички ремек-дела од нацистите кои сакале да ги уништат и да ги вратат на своите сопственици.rnrnГлавни улоги: Џорџ Клуни, Кејт Бланшет, Мет Дејмонrn

    3. Зимска приказна (Winter’s Tale) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Обичен крадец се заљубува во богата девојка која ќе почине во неговите раце. Но, тој дознава дека поседува дарба за реинкарнација и на тој начин ќе се обиде да ја спаси. Ова не е вистинска приказна, ова е приказна за вистинска љубов.rnrnГлавни улоги: Колин Фарел, Џесика Браун Финдлеј, Расел Кроуrn

    4. Бел (Belle) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Овој филм е инспириран од вистинската приказна за Дајдо Елизабет Бел, вонбрачната ќерка од мешана раса на кралскиот адмирал на морнарицата. Нејзиното потекло ѝ овозможило одредени привилегии, но бојата на кожата ја спречува целосно да учествува во настаните и токму поради тоа таа се плаши дека никогаш нема да пронајде љубов.rnrnГлавни улоги: Гугу Мбата-Ро, Метју Гуд, Емили Вотсонrn

    5. Академија за вампири (Vampire Academy) – 14 февруари 2014

    rnrnrnКратка содржина: Роуз Хатевеј е половина човек, половина вампир. Таа е заштитничка на Морои, мирни и смртни вампири кои живеат во светот на луѓето. Нејзината задача е да ја штити најдобрата пријателка која е кралски член на прастара раса и можна престолонаследничка.rnrnГлавни улоги: Зои Дуч, Луси Фрај, Данила Козловскиrnrn

  • 5 вистини за промените во животот

    5 вистини за промените во животот

    Самата помисла за некаква промена во нашите животи може да биде застрашувачка. Постојат личности кои лесно се носат со промените и кои не се плашат да излезат од сигурниот и веќе проверен пат, да преземат ризик и да направат промена. Но постојат и такви кои ретко кога се одлучуваат за какви било промени. Најчесто одлуката за преземање на ризикот кој го носи промената е многу тешка. Но еве неколку вистини за промените кои можеби ќе ви помогнат да донесете важна одлука која ќе ви го промени животот.rn

    5 вистини за промените во животот

    rnrn

    Промената е важна

    rnПромена му е потребна секому. Замислете да живеевте живот без избор, живот полн со монотонија. Секое утро да станувавте во исто време, да ја јадевте истата храна, да ги работевте истите работи без никаков исклучок. Колку би ви било здодевно и дали некогаш би успеале да напреднете на кое било поле во животот?rnrnВажно е да се запамети дека промената не е страшна, луѓето прават промени и самите луѓе се менуваат. Ако не се менувавме, тогаш немаше да растеме и созреваме, да еволуираме во позрели и поуспешни личности. Играта на сигурно честопати е во ред, но ако не преземете никаков ризик и никогаш не се одлучите за промена, како тогаш би напреднале во поискусната и поуспешна верзија од себе?rn

    Промената е добра

    rnВие самите може да одберете како ќе гледате на промените. Можеби како голем ризик или како нешто кое ви помага да ги осознаете сопствените можности и потенцијали. Ништо во животот не може строго да се карактеризира само како „добро“ и „лошо“, туку сè зависи од нашето лично искуство и од начинот на кој ние ги гледаме и доживуваме работите.rnrnНа пример, на промената на местото на живеење некој гледа како на многу негативна работа бидејќи ќе треба да ги напушти пријателите од соседството и веќе проверениот начин на живот. Но друг, тоа ќе го гледа како авантура, можност да ги прошири своите видици и познанства и да најде подобро место за живеење. Значи во сушина е истата работа интерпретирана на два различни начини. Затоа, ослободете се од негативностите и мислете на позитивните нешта кои ќе излезат како резултат од промената.rn

    Промената може да биде забавна

    rnДоколку сте личност која многу тешко се одлучува за каква било промена во својот живот, почнете со едноставни и лесни промени. Како на пример, преуредување на просторија во домот. Сами ќе забележите дека промената ви годи, дека сте искусиле нов начин на кој работите можат да се одвиваат и дека со таа промена сте ги направиле нештата подобри. Всушност имате поголем избор и не сте ограничени. Сè додека не научите на промената да гледате како на забавно нешто кое ви нуди многу варијанти за да се пронајдете себеси и своите желби, вие ќе продолжите да се плашите од промени.rn

    Промената е привремена

    rnПромената и тоа како може да изгледа како многу страшна работа. Но еве интересна вистина. Ние луѓето со тек на време просто се навикнуваме на работите. На пример, кога завршивте основно училиште и се запишавте во средно, нели тоа беше голема промена? Нели бевте исплашени за тоа како ќе се соочите со таа промена, но сепак се навикнавте на средношколскиот начин на живот?rnrnНие умееме да се прилагодиме кон ситуацијата со која сме опкружени, секој човек го може тоа и всушност постојано и го прави, некогаш и незабележливо. Важно е да запаметите дека она што ви изгледа сосема ново и страшно денес, за брзо време ќе ви биде веќе познато и влезено во рутина. Промената нема долго да ја доживувате како промена туку како начин на живот.rn

    Промената се преживува

    rnКолку и да ви звучи страшно, сте преживеале многу промени во минатото, а ќе преживеете многу и во иднина, како вие, така и секој човек. Можеби изгледа како тежок предизвик, но промената е возбудлива, гледајте на неа како што дете ја гледа својата нова играчка. За многу скоро ќе погледнете назад и ќе се прашувате зошто толку сте се плашеле од промената?rnrnВо природата ни е да сакаме повеќе од она што веќе го имаме, да свикнуваме на промени, да се унапредуваме и да учиме и доживуваме нови нешта. Доколку не ви се допаѓа вашата работа, доколку мислите дека можете многу повеќе со својот капацитет и знаења, тогаш зошто да се ограничувате себеси со стравот од промена? На стравот од промените гледајте како на вашите детски стравови од темнината. Нели сега ви звучи глупаво и смешно што кога имавте 10 години се плашевте од чудовишта во темнината?rnrnПромената е важна и неопходна. Некогаш ќе резултира одлично, некогаш не толку добро, но ако не преземете никаков ризик, не очекувајте дека некогаш ќе бидете повеќе од она што сте сега.

  • Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    Дали чувствувате дека можете да направите многу повеќе со својот живот? Мислите ли дека не го искористувате целосно вашиот потенцијал? Проблемот е во тоа што речиси никогаш не сме сигурни колкав е нашиот потенцијал. Првиот чекор кон искористување на сопствениот потенцијал е сфаќањето што нè спречува да го направиме тоа.

    rn

    Достигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успех

    rnrn

    Причини поради кои не си го искористувате доволно потенцијалот:

    rnСе потценувате себеси – Можеби имате некаква визија за себе, но во моменти на ниска самодоверба некој глас во вас ви кажува дека не сте доволно добри или дека мечтаете за нешто неостварливо. Дури може да почнете самите да барате изговори зошто не тргнувате кон посакуваната цел. Дали вашиот сон многу често ви звучи како смешна детска идеја и не се осмелувате да почнете да вложувате труд во неговото остварување?rnrnГо знаете вашиот потенцијал, но не знаете како да го достигнете – Можеби сте свесни дека имате потенцијал да направите неверојатни работи, но не знаете како да го достигнете. Ви се чини дека растојанието од точката каде моментално се наоѓате до самиот успех е едноставно преголемо и немате идеја како да го поминете. Тоа е како да гледате полн базен со вода и јасно ви е дека она што треба да го направите е да го испразните, но сè што имате на располагање е една малечка лажица. Можеби токму немањето ресурси ве спречува да тргнете нанапред?rnrnДостигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успехrnrnЈа насочувате целата ваша енергија во погрешни работи – Можеби знаете дека сте создадени за да работите нешто, но сте преокупирани со други обврски, така што не можете да посветите време за надградување на себеси во таа област. Или едноставно сте заглавиле во шаблонот на секојдневието и не можете да излезете од тој лавиринт и да ја насочите вашата енергија во правилна насока?rnrnДоколку се пронајдовте макар во една од трите наведени причини, продолжете со читање.rn

    Како да го достигнете вашиот потенцијал?

    rnСтивнете ги негативните гласови. Она што треба да ве поведе е жестоката желба за стигнување до посакуваната цел. Нема нешто што е невозможно. Наместо да барате изговори, дејствувајте водени од мислата дека сè што посакувате може да ви се оствари доколку имате желба и вложите доволно труд.rnrnПронајдете ја вашата страст. Издвојте период во кој ќе пробате многу работи во кои барем малку се пронаоѓате. Потоа издвојте ја онаа која најмногу ја буди вашата креативност и желба за успех. Онаа која ве претвора во енергична сила која има капацитет да постигне сè што ќе ѝ падне на памет.rnrnНавивајте самите за себе. Бидете свои навивачи наместо критичари. Не секогаш ќе го направите правилниот избор, но важно е да се задржи позитивната енергија и мотивацијата. За сè може да најдете негативни страни, но поддржувајте се наместо да се кудите. Ќе забележите како за брзо ќе почнете многу повеќе да верувате во себе.rnrnДостигнете го сопствениот потенцијал за да постигнете успехrnrnБидете свесни за своите позитивни страни. Како може да го достигнете својот потенцијал ако се плашите да признаете дека сте добри во нешто? Заборавете на скромноста. Кога гледате дека во одредено подрачје сте навистина добри, најдете начин тоа да го кажете на глас.rnrnБидете свесни за своите негативни страни. Секако, секој има слабости и предности. Бидете искрени кон самите себе. Ако постојано се залажувате дека сте добри во нешто за што навистина не сте, ќе продолжите да ја насочувате целата ваша енергија во подобрување на тоа поле наместо надградување и усовршување на она што ви е силна страна.rnrnИмајте генерален план. Ретко кога нашите планови ги следиме во секој чекор, но добро е да имате генерален план за да знаете кон каде се движите. Имајте на ум што треба да направите, кон каде треба да се придвижувате и што треба да вложите за понатамошен успех.rnrnКолку сте подготвени да жртвувате? Можеби за постигнување на вашата цел ќе треба да вложите непроспиени ноќи и многу труд. Дали сте подготвени да се жртвувате или ќе се откажете на пола пат?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративни цитати од Винстон Черчил

    Инспиративни цитати од Винстон Черчил

    Сер Винстон Ленард Спенсер – Черчил бил британски политичар, најпознат по своето владеење во Велика Британија за време на Втората светска војна. Се смета за еден од најголемите лидери на векот. Покрај политиката тој бил познат и како оратор, офицер во Британската армија, историчар, писател и артист. Черчил е единствениот претседател кој има добиено Нобелова награда во областа на литературата. Еве еден мал дел од неговата колекција на цитати која ќе ве замисли, но истовремено и ќе ве насмее.rnrnИнспиративни цитати од Винстон Черчилrn
    rn

    „Никогаш, никогаш, никогаш не откажувајте се.“

    rn

    „Најдобрите нешта се едноставни и голем дел од нив можат да бидат изразени со еден збор: слобода, правда, чест, должност, милост, надеж…“

    rn

    „Храброст е она што е потребно за да станете и прозборите; храброст исто така е и она што ви треба за да седнете и слушате.“

    rn

    „Лагата ќе го помине целиот свет пред вистината да добие можност да си ги облече панталоните.“

    rn

    „Ние сме господари на некажаните зборови, но робови на оние кои ќе ни се испуштат.“

    rn

    „Песимистот гледа потешкотии во секоја нова можност, а оптимистот гледа нова можност во секоја потешкотија.“

    rn

    „Ставот е мало нешто кое прави голема разлика.“

    rn

    „Нека нашата предвремена загриженост премине во предвремено размислување и планирање.“

    rn

    „Постојан труд – не сила или интелигенција – е клучот за откривање на нашиот потенцијал.“

    rn

    „Има само една работа која е потешка од борење со сојузниците, тоа е да се борите без нив.“

    rnИнспиративни цитати од Винстон Черчилrn
    rn

    „Шегата е сериозна работа.“

    rn

    „Постојат 2 нешта кои се потешки од говор после вечера: да се качите на ѕид кој се навалува накај вас и да бакнете девојка која пробува да се тргне од вас.“

    rn

    „Вистината е непроменлива, злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај таа сепак е таму.“

    rn

    „Успех е одење од неуспех во неуспех без губење на ентузијазмот.“

    rn

    „Ако одите низ пеколот, продолжете да се движите.“

    rn

    „Сакам човек кој се потсмева додека се бори.“

    rn

    „Живееме според тоа што го добиваме, но го си го градиме животот според тоа што го даваме.“

    rn

    „Јадењето зборови никогаш не ми предизвикало лошо варење.“

    rn

    „Имате непријатели? Супер. Тоа значи дека некогаш сте се бореле за нешто во вашиот живот.“

    rn

    „Можеби сум пијан госпоѓо, но наредното утро ќе бидам трезен, а вие сè уште ќе бидете грда.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични животни цитати од најголемите умови

    Одлични животни цитати од најголемите умови

    Некои цитати можат да ни помогнат да погледнеме подлабоко во себе и подобро да се разбереме, да нѐ инспирираат да постигнеме поголемо лично исполнување и да нѐ насочат кон остварувањето на нашите цели. Понекогаш во животот потребно е малку да застанете и да се запрашате до кај сте, што сте направиле досега и што следува понатаму. Доколку не сте онаму каде што сте се замислувале, не обесхрабрувајте се – има доволно време пред вас за сѐ. Имагинацијата, вербата во себе и упорноста, се само неколку работи кои можат да ви помогнат многу во животот. Прочитајте ги овие 10 цитати од големите умови, кои ќе ве инспирираат, но истовремено и ќе ви дадат интересни практични совети.rn

    Ние знаеме што сме, но не и што можеме да бидеме.“ – Шекспир

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnШекспир, на прашањето што можеме да бидеме ни вели: „Можете да бидете сè“. Вие знаете кои сте моментално, но не секогаш знаете кои можете да бидете. Со доволно цврстина и решителност можете да постигнете сè што ќе си замислите. Размислувањето дека вашиот потенцијал нема граници, е одлична идеја според која може најдобро да се живее.rn

    „Не е вистина дека не успеав. Јас само пронајдов 10.000 нешта кои не функционираат.“ – Томас Едисон

    rnОвој инвентивен гениј ни овозможува да погледнеме на сосема различен начин на нашиот труд, кога изгледа како тој да не ни носи резултати. Упорноста во разочарувачките моменти, е клучот на успехот. Ако не го доживувате вашиот труд како залудно потрошен, туку само како нешто што „не профункционирало“ доволно добро во моментот, тоа може да ви помогне да продолжите напред, сѐ додека не најдете совршено решение на проблемот.rn

    Мозокот е поширок од небото.“ – Емили Дикинсон

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnОна што Емили пробува да ни го каже преку овој цитат е моќта на човечката имагинација. Во нашиот ум ние можеме да патуваме каде било на Земјата, па и подалеку, до самиот крај на универзумот. Нашиот мозок нема граници, поголемиот број од препреките низ животот си ги создаваме самите. Доколку успеете да се препуштите на вашата имагинација, побрзо ќе пристигнувате до решенијата на секојдневните проблеми.rn

    „Големите духови честопати можат да им се спротивстават на насилните, просечни умови.“ – Алберт Ајнштајн

    rnЧесто во нашиот живот сретнуваме луѓе кои пробуваат да нѐ исфрлат од нашиот пат и да го преземат нашето место со сила. Овој цитат од Ајнштајн нѐ потсетува да не се откажуваме при првата препрека на која ќе наидеме, без разлика колку невозможна ни изгледа за поминување. Доколку цврсто се придржувате до вашите верувања, ќе успеете да постигнете сѐ што сте си замислиле.rn

    Создадени сме така, да можеме да извлекуваме интензивно задоволство кога им се спротивставуваме на нештата, а многу мало од самите нешта такви какви што се.“ – Сигмунд Фројд

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnОвој цитат ни овозможува да погледнеме подлабоко во човечката желба за иновација. Монотонијата е досадна, а промените ни овозможуваат да се чувствуваме живи. Никогаш не плашете се да направите промена, бидејќи можеби токму тоа ви недостасува за да се чувствувате подобро.rn

    Не постанувајте ништожен бележник на факти, обидете се да ја откриете мистеријата зад нивното настанување.“ – Иван Павлов

    rnПсихологот Павлов кој е и добитник на Нобелова награда, навистина успеал да ја открие мистеријата на човечкото однесување и овој цитат го доловува токму тоа. Без разлика дали сте научник или не, гледањето длабоко под површината на работите, е одличен совет за животот. Дури и сфаќањето на секојдневните „мистерии“ кои се случуваат околу вас, може многу да ви помогне во одржувањето на кондицијата на вашиот мозок.rn

    Јас не сум обврзан да успеам, но сум обврзан да се издигнам до светлината која ја поседувам.“ – Абрахам Линколн

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnСите ние се стремиме да го постигнеме внатрешниот потенцијал кој го имаме, без разлика дали тоа ќе ни донесе позитивни резултати. „Светлината која ја поседуваме“ е нашата уникатна способност да станеме најдобри што можеме да бидеме. Секогаш верувајте во себе!rn

    Најголемото откритие во мојата генерација е дека луѓето можат да си ги променат нивните животи доколку го променат нивниот начин на размислување.“ – Вилијам Џејмс

    rnСите ние можеме целосно да си го промениме животот, доколку почнеме на различен начин да ги интерпретираме настаните кои ни се случуваат. Доволно е да внесете малку повеќе оптимизам во вашиот живот и веќе сте тргнати на подобар и посреќен пат.rn

    Многу учење не нѐ учи повеќе да разбираме.“ –  Хераклит

    rnОдлични животни цитати од најголемите умовиrnrnПостојат многу начини на сфаќање и разбирање на светот и идејата на Хераклит е дека способноста да поминуваме добро во училиште или на факултет, не е единствената мерка за висока интелигенција. Понекогаш треба да се погледне и надвор од она што го пишува во учебниците, за да може да се разбере целосноста на предметот.rn

    Мора да научиме да живееме заедно како браќа или да исчезнеме заедно како будали.“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор

    rnНадминувањето на вештачките граници кои создаваат поделби помеѓу слободно формираните групи, може да се случи доколку научиме да ги цениме разликите помеѓу луѓето со различна историја или перспектива. Мартин смета дека доколку поделбата се базира врз раса, пол, религија, години или други социјално дефинирани категории, тогаш воопшто не заслужуваме да живееме, бидејќи тоа само ќе нѐ кочи во животот. Потрудете се да ги елиминирате вашите предрасуди. Тие влијаат на мотивацијата и шансата за успех кај вас и кај луѓето околу вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.