КАФЕ ПАУЗА

Tag: понеделник

  • 8 работи што успешните жени ги прават секој понеделник

    8 работи што успешните жени ги прават секој понеделник

    Самата помисла дека треба да станеме од топол кревет и да се соочиме со цела нова недела жалејќи се како ни треба многу кафе и колку сме уморни за да функционираме, е сценарио со кое честопати се соочуваме, и вие и ние.rnrnИсто така, сите сме свесни дека е тешко да се дефинира што е успех, но самиот успех, во која било дефиниција, не е обична среќа, туку напорна работа за да се постигне одредена цел. Затоа, рутините од понеделник се клучни за расположението на остатокот од денот, но и на неделата.rnrnПодолу ви донесуваме список на навики за понеделник наутро создадени од успешни жени.rnrn8 работи што успешните жени ги прават секој понеделникrn

    1. Будење

    rnТие се будат рано за да се осигурат дека имаат доволно време да ги завршат сите свои задачи. Раното будење исто така гарантира дека тие не доцнат на кој било закажан настан и имаат доволно време да се грижат за своите лични работи пред да влезат во деловната рутина.rn

    2. Вежбање

    rnНие не велиме дека треба да одите во теретана наутро. Кратка прошетка исто така ќе помогне во активирање на вашето тело во понеделник наутро. Исто така, познато е дека вежбањето не само што позитивно влијае на телото физички, туку го одржува и остриот ум. Вежбањето ќе ве трогне и ќе ви помогне да бидете одлично расположени.rn

    3. Тие доаѓаат рано

    rnПоследното што ви треба во понеделник е сообраќаен метеж или доцнење на работа, а чувството на негативност може да ве надвладее многу полошо по викендот, поради што успешните дами се обидуваат да стигнат на работа само малку порано и да подготват сè.rn

    4. Прво проверете го вашиот мејл

    rnКога веќе сте пристигнале на работа, прво проверете ги вашите приоритети, односно дали имате мејл на кој треба да дадете итен одговор.rn

    5. Тие работат на своето расположение

    rnПозитивноста е клучот за да се преживее понеделникот, затоа што иако уште сте во релаксирачки викенд режим, поздравувањето колеги со насмевка ќе го подигне расположението на сите во вашиот тим и ќе направи да се чувствувате подобро кога ќе го оставите креветот рано наутро.rn

    6. Фокус

    rnУспешните дами во канцеларијата знаат што треба да направат од моментот кога ќе влезат, не мора да прашуваат никого на кои задачи да започнат да работат или да чекаат дозвола за тоа, тие веќе го подготвија својот список. Тие остануваат фокусирани на она што треба да се направи и можат да кажат не на оние работи што ќе ги извлечат од колосек.rn

    7. Продолжен викенд

    rnЗвучи контрадикторно, но ако имате нешто што го очекувате после работа, понеделникот може да го доживеете попозитивно. Планирајте рана вечера и дружете се со пријателите, направете нешто поразлично што ќе ви помогне да го подигнете расположението и да спречите да паднете под влијание на работната недела.rn

    8. Планирање

    rnУспешните жени исто така знаат колку е важно да запомнат дека понеделник го следи вторник и не забораваат дека им претстои цела недела, па затоа го планираат добро и имаат доволно време за сè.rnrnОвие 11 совети ќе ви заштедат време и нерви.

  • Не го мразите понеделникот, го мразите вашиот животен стил

    Не го мразите понеделникот, го мразите вашиот животен стил

    Понеделникот го означува крајот на викендот и почетокот на новата недела. Па, понеделник е знак дека забавата завршила и дека е време за обврски. За повеќето луѓе ова e почеток на работната недела и симболизира нешто несакано и немотивирачко.rnrnНе го мразите понеделник, го мразите вашиот животен стилrnrnПа, со текот на времето се прифатило верувањето дека понеделник е лош ден. Во главно, во понеделник луѓето изгледаат намуртено и незадоволно со нивните животи. Сите се во фаза во која само сакаат да кажат: „Мразам понеделници, мизерни се.“rn

    Дали навистина ги мразите понеделниците?

    rnПонеделниците можат да бидат навистина прекрасни денови. Само затоа што луѓето мислат дека се лоши, не значи дека и вие треба да зрачите со песимизам на почетокот на неделата. Па, постојат две причини зошто би ги мразеле понеделниците:rn

      rn 011

    • Сте станале дел од глобалното движење кое смета дека понеделниците се лоши.
    • rn 011

    • Не живеете живот што ќе ви овозможи да уживате во вашиот понеделник.
    • rn

    rn

    Како да ги направите понеделниците одлични?

    rnЗа да престанете да го гледате понеделникот како лош ден, потребно е да го промените начинот на размислување. Пред сè потребно е да создавате ваши ставови за животот и за луѓето околу вас.rn

    Сменете го мислењето за понеделникот

    rnДодека остатокот од светот е убеден дека понеделникот е лош ден, вие сте овде за да бидете различни. Секој човек е уникатен и има што да му понуди на светот. Немојте да се плашите да бидете различни. За да стигнете на врвот потребно е да ги победите сите останати. Вие не сте ништо друго освен она што вашиот мозок мисли дека сте. Кога ќе создадете позитивна слика за понеделник во вашата глава, тој ден ќе стане позитивен и полн со можности.rnrnУспешните луѓе настојуваат да го искористат секој ден за спогодби, нов бизнис или уживање во животот. Зошто да го исфрлите понеделникот од овде? Не е важно кој ден е, можете да започнете бизнис во понеделник, вторник, сабота или кој било друг ден.rnrnНемојте да ги користите деновите од неделата како изговор за вашите неуспеси. Секој ден ви е нова шанса да направите нешто и да станете подобра личност. Времето е навистина скапоцено, па искористете го паметно.rn

    Променете го животниот стил

    rnТреба да го изградите вашиот животен стил според желбата секој ден да го искористите до максимум. Поминете го времето со вашите сакани со постојана насмевка на лицето. Промената на животниот стил најчесто е поврзана со бизнис или здравје. Постојат два фактори кои нè охрабруваат да го промениме нашиот живот – нашето место на отпор и луѓето коишто нè опкружуваат. Не менувајте го животот поради работно место. Подобро е да го промените работното место според животот за кој сонувате. Кога го живеете секој ден како што сакате, тогаш не ви е грижа дали е понеделник или друг ден. За да го подобрите вашиот живот потребно е да направите некои трајни промени:rn

      rn 011

    • Можеби ќе треба да го промените работното место.
    • rn 011

    • Можеби ќе треба да ги промените луѓето кои ве опкружуваат.
    • rn 011

    • Можеби ќе треба да го смените начинот на спиење.
    • rn 011

    • Можеби ќе треба да се храните поздраво.
    • rn 011

    • Можеби ќе треба да почнете да вежбате.
    • rn

    rnВо главно, промената во животот не е возможна без жртви. Ќе треба да жртвувате некои стари навики, но ќе имате подобар живот и подобра иднина.rnrnНе е важно дали е понеделник, четврток или сабота, денес е вашиот ден за да заблескате. Денес е вистинското време да го покажете вашиот талент и вашата вредност. Немојте да се обидувате да ја докажувате вашата вредност на другите, најважно е да си ја покажете себеси. Мислењето на другите многу често не е реално. На крајот на денот, најважни сте вие и вашето задоволство од животот.rnrnПонеделникот може да ви стане омилениот ден од неделата. Прифатете ги новите навики и почнете да го живеете животот којшто го заслужувате. Престанете да го следите трендот на мразење понеделници и обидете се да станувате подобра личност секој ден.rnrnПогледнете и како се чувствуваат луѓето во понеделник, а како во петок.

  • Како понеделникот да ви стане омилен ден во неделата?

    Како понеделникот да ви стане омилен ден во неделата?

    За многумина најлошиот ден во неделата е токму понеделникот, а постојат многу причини за тоа. Враќањето на работа, почетокот на новата недела, нови работни обврски, потешки задачи и друго. Можеме да набројуваме до недоглед. Сепак, понеделникот воопшто не мора да биде грозен, а тоа зависи само од вас самите. Наместо вие самите да си создавате притисок и немир од рано наутро, започнете го понеделникот на што е можно помирен начин. Ако е потребно, станете малку порано од вообичаено за мирно да го испиете вашето прво утринско кафе, односно добро да се подготвите за новата работна недела и сите обврски кои ве очекуваат. rnrnrn

    1. Започнете полека и нежно

    rnИако многу луѓе советуваат дека најпрво треба да ги извршите најтешките задачи, ние го тврдиме спротивното. Со оглед на тоа дека понеделникот сам по себе е веќе доволно тежок, оставете ги најтешките задачи за понатаму во текот на неделата или барем за попладневните часови. Во понеделник наутро извршувајте ги позабавните, едноставни задачи кои исто така треба да се средат, а нема да ве преоптоварат.rnrn2-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_rn

    2. Пронајдете нешто на што ќе му се радувате

    rnЗа повеќе да се радувате во понеделник, направете нешто што ќе ве усреќи. На пример, ветете си дека подоцна ќе одите во шопинг, во некоја парфимерија или во текот на паузата за ручек ќе ја посетите вашата омилена слаткарница. На овој начин преживувањето на понеделникот ќе ви биде полесно.rnrn3-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_rn

    3. Променете ја вашата рутина

    rnЗа овој ден да биде помалку досаден, немојте да дозволите секогаш да ви биде ист. Постојано додавајте нешто ново или поразлично.rnrn4-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_rn

    4. Дозволете си нешто благо

    rnАко внимавате на исхраната или пак сте на диета, нека понеделникот ви биде ден за мамење. Купете чоколадо, некој убав колач или нешто друго што ви се допаѓа и изедете го веднаш штом почувствувате дека психички тонете.rnrn5-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_rn

    5. Искористете ја максимално неделата

    rnЗа понеделникот да биде добар, исто така е важно и на кој начин сте го поминале претходниот ден. Со други зборови, искористете ја неделата максимално. Уживајте, одморете се и релаксирајте се, направете си купка или поминете го денот во природа. Вечерта искористете ја за да се подготвите за новата работна недела – подгответе ја облеката за во понеделник, составете листа на задачи и слично.rnrn6-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_rn

    6. Бидете си самите на прво место

    rnПоследна, но не и помалку важна работа е дека самите треба да си бидете на прво место, и тоа не само во понеделник. Откако ќе си дојдете дома од работа, слободното време посветете си го само на себе. Направете си купка, изгледајте го вашиот омилен филм или одете на масажа.rnrn7-neka-ponedelnik-vi-stane-omileniot-den-vo-nedelata-www.kafepauza.mk_rnrnПронајдете занимливи активности и начини на кои ќе го поминувате вашето време низ текот на неделата, а кои не се однесуваат само на работата. Понекогаш допуштете си спа третман, посетете го вашиот фризер, одете со вашиот партнер во кино… Имате можност да избирате помеѓу безброј активности, само треба да издвоите време за работите кои ве исполнуваат и ве прават среќни, но и да бидете подобра личност.

  • Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?

    Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?

    Како што можете да видите од оваа слика, не станува збор за комплицирана загатка и постојат големи шанси дека ќе го погодите точниот одговор, дури и на среќа. Но, сепак поголемиот дел од луѓето ја избираат погрешната гумена бонбона. Прочитајте ја загатката во продолжение и откријте дали вие ќе бидете дел од малцинството што успеале да ја избегнат стапицата. Со среќа!rnrnЗамислете дека сте заробени во шума и дека единствениот начин да излезете е доколку ја изедете „безбедната“ гумена бонбона од трите понудени пред вас. Едната од нив го носи излезот од шумата, а другите две се отровни. Изгледа доста едноставно, зар не?rnrn(1) Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?rnrnЛичноста што ви ги поставила овие гумени бонбони пред вас ви вели да изберете една од нив. Да замислиме дека сте ја одбрале зелената.rnrn(2) Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?rnrnТаа потоа ви вели дека ќе тргне една од останатите две за која гарантира дека е отровна и ја поместува сината гумена бонбона!rnrn(3) Загатка за понеделничко расонување: Која гумена бонбона ќе ја одберете ако животот ви зависи од изборот?rnrnТоа е целата помош што ќе ја добиете. Дали ќе ја изедете зелената гумена бонбона или пак, ќе ја одберете црвената? Кој е вашиот избор? Имате само 10 секунди!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ја одбирам зелената гумена бонбона.” active=”false”]Погрешен избор! Поголемиот дел од луѓето веруваат дека имаат 50/50 шанса за успех бидејќи знаат дека едната гумена бонбона е отровна, а другата не, но задачата е малку покомплицирана одошто мислите. Всушност црвената има половина помалку шанси да биде отровна од зелената. Зошто? Кога ја одбравте зелената, имавте 1 од 3 шанси да е безбедна, а 2 од 3 шанси да е отровна. Но, кога сината се тргна од равенката, зелената остана со истите 1 од 3 шанси да биде безбедна, но научивме многу повеќе за црвената. Бидејќи сината гумена бонбона беше тргната, сега постојат 2 од 3 шанси дека црвената е безбедна. Тоа се два пати подобри шанси од зелената и логичниот избор![/toggle_item]rn[/toggle_box]rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ја одбирам црвената гумена бонбона.” active=”false”]Ви честитаме, успеавте да ја преживеете оваа загатка![/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • Не мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникот

    Не мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникот

    Недела е прекрасен ден кога можете да си дозволите да спиете до подоцна, да уживате во семејните собири и да бидете малку мрзливи. Но, кога доаѓа вечерта, вие морате да размислувате за утрешниот работен ден и да го поставите алармот за рано наутро. Но, зошто секогаш на понеделникот да гледате како на негативен ден? Напротив, постојат неколку причини кои ќе ви покажат зошто треба на некој начин да го сакате овој ден. Еве за кои станува збор.rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    1. Понеделникот означува нов почеток

    rnОставете ги во изминатата недела работите за кои жалите. Потрошивте премногу пари за време на викендот? Изедовте големо парче торта на забавата, иако сте на диета? Кажете им збогум на овие жалења и каења! Понеделникот е почеток на нова недела, па искористете го ова како предност.rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    2. Одлична можност за повторно да најдете мотивација

    rnСтанете, размрдајте се и правете ги оние работи кои ве мотивираат за да ја направите прекрасна и оваа недела!rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    3. Ова е одличен момент за да поставите нови цели

    rnЧекавте за да пробате нешто ново? Или да прекинете со некоја лоша навика? Понеделник е совршен ден за да почнете да ги остварувате своите цели!rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    4. Имате цела недела за да го остварите она што сте го замислиле

    rnНе дозволувајте работните обврски да ве онерасположат. Вие имате 5 прекрасни денови за да ги завршите, без разлика дали е тоа плаќањето на сметките, чистењето на домот или бањањето на вашето куче.rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    5. Одлична можност да започнете со вежбање

    rnЕдна од најдобрите работи што можете да ги направите за себе во почетокот на новата недела, е да бидете активни. Овозможете му го ова на вашето тело и ќе видите какви неверојатни работи тоа ќе може да направи за вас!rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    6. Кафето е повкусно во понеделник наутро

    rnВо понеделничките утра кафето има посебен вкус и посебна моќ!rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    7. Повторно се емитуваат омилените телевизиски емисии

    rnВикенд програмата на телевизиите е поразлична, па, понеделникот ви нуди повторно да ги следите вашите омилени телевизиски емисии и филмови.rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    8. Одличен ден да започнете да ги планирате случувањата за наредниот викенд

    rnАко не ви се остварија целосно плановите изминатиот викенд, почнете да правете планови за оној што доаѓа!rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    9. Идејата за мразење на понеделникот е само илузија

    rnПонеделник е само уште еден ден. Зошто да живеете мразејќи една седмина од животот? Променете го вашиот став!rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникотrn

    10. Ова е прекрасен ден за да бидете свои

    rnБидете среќни и благодарни што живеете во таков убав ден!rnrnНе мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникот

  • Понеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?

    Понеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?

    Понеделниците се напорни денови. Многумина ја доживуваат стресно промената од викендот кон работната недела. Од друга страна пак, петокот е ден кој секој едвај го чека. Во овие два дена расположението ви е на различно ниво, а во продолжение погледнете неколку ситуации кои покажуваат колку се разликуваат чувствата за време на понеделник и оние во текот на петокот.rnrnПонеделник: Работната недела само што почнува, а вие сѐ уште сте под влијание на изминатиот викенд и едвај успевате да се подготвите и да заминете на работа, каде што ве чекаат еден куп работи.rnrnПеток: Овој ден ви се чини како сѐ да е поинакво. Чувствувате како постепено ви се враќа енергијата, расположението ви е подобро, а и сте полни со надеж и планови за деновите кои следуваат.rnrnПонеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?rnrnПонеделник: Тешко ви е да се прилагодите на работното место. Тогаш ви требаат и неколку часа за да почнете да се фокусирате на работните обврски, а ве заплашува и секоја дополнително зададена задача.rnrnПеток: Вие сте целосно фокусирани на работата. Имате насмевка на вашето лице затоа што доаѓа викенд. Колку и да се заморите, знаете дека викендот ќе се наградите со дополнително уживање!rnrnПонеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?rnrnПонеделник: Нерасположението е ваш придружник во текот на целиот ден. Најчесто имате нагони за плачење, нервозни сте и постојано барате нешто да јадете.rnrnПеток: Вашиот поглед е насочен настрана од работата. Веќе испланиравте како ќе го искористите викендот, па едвај чекате да заврши работната смена.rnrnПонеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?rnrnПонеделник: Го мразите алармот во понеделник наутро. Ве плаши помислата дека треба да го напуштите удобниот кревет и да се подготвите за работа.rnrnПеток: Забавата може да започне! Денот кој го чекавте цела работна недела веќе е тука.rnrnПонеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?rnrnДа, петокот е веќе тука и вие може да се препуштите на уживање, подалеку од работните обврски!

  • 5 причини зошто понеделникот секогаш ќе биде најлошиот ден од неделата

    5 причини зошто понеделникот секогаш ќе биде најлошиот ден од неделата

    Не можете да го победите понеделникот. Без разлика дали сте на училиште, на факултет, работите или сте во пензија, понеделникот секогаш ќе биде понеделник. Погледнете ги следниве причини зошто целиот свет би требало да направи петиција за да се забрани постоењето на овој ден засекогаш со цел сите ние да имаме подобар живот…rnrn5 причини зошто понеделникот секогаш ќе биде најлошиот ден од неделатаrn

    1. Тој е првиот ден од неделата

    rnНајчесто, добро е да се биде прв. На пример, ако сте биле први кои сте ја загубиле вашата невиност или пак, сте биле први во трка, тоа е супер. Но, понеделникот е како да сте биле први кои ги фатиле како мамат на тест. Тоа е едно од оние први нешта кои никогаш не носат добро.rn

    2. Понеделникот ја уништува неделата

    rnПонеделникот е толку лош, што скоро целата недела ја поминувате под стрес колку тешко ќе ви биде наредниот ден. Најчесто ова грижење започнува околу 3 часот попладне и не завршува сè додека не заспиете.rn

    3. Ако сте имале одличен викенд, големи се шансите дека во понеделник сè уште ќе бидете под влијание на „дводневниот мамурлак“

    rnДводневниот мамурлак ги опфаќа и неделата и понеделникот, бидејќи сте испиле толку многу алкохол што на момент сте заборавиле дека постојат други денови освен сабота. Всушност, сте испиле толку многу што дури и не сакате повторно да помислите на пиење. Ова само дополнително влијае на тежината на понеделникот – денот кога правите проценка на вашиот живот и приоритети, откривајќи нови начини кои ќе ви помогнат да преживеете до следниот викенд.rn

    4. Не е важно колку ќе спиете во недела вечер, вие секогаш ќе бидете уморни во понеделник наутро

    rnСтудиите ни покажуваат дека не постои разлика помеѓу 5-часовниот и 10-часовниот сон во недела вечер. Умот и телото цела вечер се подготвуваат за почетокот на неделата, па токму затоа и без разлика колку време ќе спиете, вие без сомнение ќе бидете преморени во понеделник наутро.rn

    5. Секој понеделник нешто не е во ред со вас

    rnБез разлика дали е главоболка, болно грло или мрсулав нос, вие никогаш не можете да бидете 100% здрави во понеделник. Како боговите на календарот да пуштаат 24-часовна болест во атмосферата на почетокот од секоја недела, правејќи ги понеделниците многу повеќе неиздржливи отколку што навистина се…

  • 10 лекови за справување со тешкиот понеделник

    10 лекови за справување со тешкиот понеделник

    Дури и да ја обожавате својата работа, вие сигурно понекогаш не го сакате понеделникот. Токму затоа погледнете ја оваа листа која ќе ви помогне подобро да ја започнете новата недела и да внесете малку сјај во овој ден…rnrn10 лекови за справување со тешкиот понеделникrnrn1. Фокусирајте се на најважните 3 нешта. Одвојте ги големите нешта и веднаш завршете ги. На овој начин автоматски ќе се почувствувате подобро и ќе знаете дека ве очекува многу полесна недела пред вас.rnrn2. Пуштете ја вашата омилена музика. Секој има барем една песна која ја поседува моќта да го промени нивното расположение. Токму затоа најдете ја вашата и пуштете ја што погласно можете.rnrn3. Движете го вашето тело. Доволна ви е само 5-минутна брза прошетка за да го прочистите вашиот ум и да го започнете денот со многу енергија. Доколку имате можност и време, направете и неколку вежби за размрдување кои дополнително ќе ви ја зголемат енергијата.rnrn4. Научете нешто ново. Ова е најдобриот начин да се справите со досадата. Без разлика за што станува збор, макар и да се зборовите на некоја нова песна, научете нешто што ќе ве инспирира да бидете покреативни во текот на целата недела.rnrn5. Елиминирајте ги оние нешта кои ве спречуваат да се движите кон напред. Започнувајќи од пенкало кое тече, па сè до вашите лоши навики или непријатни мејлови, справете се веднаш со сите оние нешта кои ја исцрпуваат вашата енергија.rnrn6. Смејте се! Потсетете се колку сте среќни во моментов на вашиот живот. Бидете благодарни за она кое го имате и уживајте целосно во моментот. Насмевката е лек за секој вид потешкотии.rnrn7. Одвојте време да разубавите нечиј живот. Колку е тешко некому да му се насмеете или пак, да му кажете нешто убаво или од помош?rnrn8. Одложете нешто што е не е толку важно. Ова се нарекува креативно одложување. Кога вие ќе замените нешто што не е толку важно, со нешто поважно, вашата енергија и почит кон себе автоматски се зголемува.rnrn9. Совладајте непријатна задача. Дали знаете колку придобивки се кријат зад вашите незавршени задачи кои толку многу време ги игнорирате?rnrn10. Откријте што најдобро функционира за вас. Пронајдете ја онаа рутина која секогаш ќе биде успешна за вас и која ќе ви помогне најдобро да ја започнувате секоја нова недела.

  • 10 работи што си ги кажуваме секој понеделник после бурниот викенд

    10 работи што си ги кажуваме секој понеделник после бурниот викенд

    Понеделник е! Време е за нов старт! Ова си го кажувате додека се будите со подочници, ставате шминка за да ги сокриете, се трудите на секој можен начин да си го освежите здивот и ставате што е можно повеќе парфем или колонска вода. Но, длабоко во себе посакувате уште еден ден екстра за да се одморите од викендот. Не се лесни тие моменти и затоа си ги кажувате овие работи…rnrn10 работи што си ги кажуваме секој понеделник после бурниот викендrnrn1. Млад/а сум, сега ми е време да правам вакви работи. Еднаш се живее, не мора сите активности да ви се подредени на она што го бара работата или факултетот.rnrn2. Ова беше тешка недела, ми требаше малку да се издувам. Работата и испитите се криви што пиевте цел викенд како да ви беше последниот во животот.rnrn3. Страв ми е да видам колку пари ми останале во паричникот. Со оглед на тоа што не знаете колку точно сте испиле самите и уште колку сте честеле…rnrn4. Треба да имам што да им раскажувам на моите деца и внуци. Од каде приказни ако нема и вакви викенди?rnrn5. Другарите/другарките беа бетер. Можете да се тешите со ова со оглед на тоа што само нив ги гледавте како прават глупости, а не можевте да се видите самите себе.rnrn6. Се надевам дека имаше кој да ги однесе дома сите другари/другарки. Ако вие сте стигнале дома, а сте одговорна личност како и нив, сигурно сега и тие се на работа или на предавања.rnrn7. Барем не замарав никого… Или можеби замаравте?rnrn8. А каков би бил животот без забава? Замислете овој викенд да го поминевте дремејќи на Фејсбук…rnrn9. Следниот викенд ќе останам дома за добро да се изнаспијам. Пробајте да си го повторите ова кога ќе ви се јави некој да ве викне на нова забава.rnrn10. Чекај да видам што ќе има во дискотеките следниот викенд… И тогаш ќе видите дека некој диџеј или бенд ќе свири таму, а згора на сè и тој/таа што ви се допаѓа ќе биде таму. Има и други викенди за одморање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?

    Што треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?

    Некои луѓе ги сакаат понеделниците, за други пак се причина за депресија. Тоа што се враќате назад на вашето работно биро е всушност добро. Еве што сè мора да имате на ум на самиот почеток на новата работна недела.rnrnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    1. Уште од самиот старт на денот вие сте прекрасни, па не мора многу да се трудите.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    2. Најдобар начин да се справите со здодевни и напорни личности е да ги игнорирате. Не земајте си при срце сè што ќе кажат или направат.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    3. Слободно испробајте нов стил и бидете храбри во промените.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    4. Можеби многу порадо би останале да се излежувате во кревет, но и самите знаете дека новата работна недела е нова можност да се покажете, искористете ја!

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    5. Кога ви е тешко, само сетете се колку сте секси. 🙂

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    6. Не дозволувајте секој да се однесува со вас како што сака, имате граници кои другите треба да ги знаат.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    7. Кога денот е напорен радувајте се, тоа значи дека сте постигнале нешто добро.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    8. Физичката активност е секогаш најдоброто решение. Слободно исфрлете ја целата негативна енергија на играње и вежбање по крајот на работното време.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    9. Не плашете се од грешките и падовите, секому му се случуваат, дури и на Бијонсе.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    10. Умешност е да станете по падот исто како никогаш да не ви се случил.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    11. Слободно покажете што знаете, а што се однесува на оние кои имаат нешто лошо да кажат, не заборавајте дека зад добриот коњ прашина се крева.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    12. Кога некој ве нервира, слободно покажете му ја вратата.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    13. Самодовербата е половина пат до успехот.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    14. Тогаш кога ќе помислите да се откажете не заборавајте, сте издржале и полошо и сте поминале низ тоа како херои.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    15. Не плашете се да бидете свои и оригинални.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    16. Тогаш кога ќе ви се смачи од работа и обврски и тогаш кога ќе ве боли глава, само сетете се колку добро ќе ви дојде наредната плата…

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    17. Или дека истата вечер може да ги повикате другарките и лудо да се забавувате.

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rn

    18. Подготвени сте за новата работна недела?

    rnШто треба да запамтите на почетокот на новата работна недела?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.