КАФЕ ПАУЗА

Tag: понеделник

  • 10 цитати за кафето кои ќе ви помогнат полесно да го преживеете понеделников

    10 цитати за кафето кои ќе ви помогнат полесно да го преживеете понеделников

    За многумина кафето е инспирација, за многумина нема инспирација додека нема кафе, но зависни или не од утринската магична напивка, на сите ни е најтешко кога алармот ќе ни заѕвони во понеделник наутро. Овие 10 цитати го прават понеделникот малку поподнослив и полесен за издржување.rnrn

    Премногу понеделник, премалку кафе
    Премногу понеделник, премалку кафе
    rnrn rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Понеделничка кофеинска инспирација

    Понеделничка кофеинска инспирација

    Зарем има нешто подобро од шолја убаво кафе наутро? Нема голем многу работи кои ги поврзуваат луѓето како кафето. Овие фотографии не се убави за око само за љубителите на кафето, туку и за оние кои обожаваат убави фотографии. Уживајте во нив и доколку не сте пиеле кафе утрово, сега е вистинско време да си подготвите.Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација Понеделничка кофеинска инспирација
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Чувството кое сите го имаме секој понеделник

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник

    Првиот работен ден во животот на сите ни е возбудлив, но истовремено тој ни е и последниот ден без обврски. Стануваме посериозни, работата ни станува стабилна, имаме пари, ама со тек на време, почнуваме да пукаме од нервози, досадно ни е и се прашуваме која е воопшто смислата секој ден да го правиме истото, одново и одново.rnrnЧувството кое сите го имаме секој понеделникrnrnТоа мрачно чувство на сите неизбежно ни доаѓа секој понеделник. Еве како отприлика изгледа.rn

    Се будите во понеделник и си велите…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Сакам да се оженам со мојот кревет.
    rn

    Лудо сте се забавувале цел викенд…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Па може да сте малку емотивни.
    rn

    Се обидувате да се фокусирате, но…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Залудно
    rn

    И наеднаш сфаќате…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Не можам да го правам веќе ова.
    rn

    Животот ви е празен

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Мртов сум однатре.
    rn

    Одењето на работа ви изгледа…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Идиотско
    rn

    Сите околу вас се глупави

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Луѓево се особено глупави денес.
    Не можам да зборувам со никој веќе.
    rn

    Колегите ви го тестираат трпението

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Не можете да се контролирате.
    rn

    Но секако ви требаат парите

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Банкрооооооооооооооооооооот!
    rn

    Сепак, останувате смирени. Сфаќате дека…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Тоа не ве допира вас.
    rn

    Но, кога некој ќе ви нагази на нерв…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Се надевам дека ќе умрете госпоѓо!!!
    rn

    Тоа поминува и земате воздух велејќи си…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Си ја сакам работата. Си ја сакам работата. Си ја сакам работата.
    rn

    Во секој случај, над 30% од луѓето во земјава се невработени

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    А ти имаш шанса да го правиш ова по цел ден.
    rn

    И таман во моментот кога ќе помислите дека си ја сакате работата и сте среќни што ја имате…

    rn

    Доаѓа 5 саат: Си одиме домааааа!
    Доаѓа 5 саат: Си одиме домааааа!
    rn

    И штом дојде петок…

    rn

    Чувството кое сите го имаме секој понеделник
    Викенд е. Не ве познавам. Не постоите.
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Понеделничка работна демотивација

    Понеделничка работна демотивација

    Понеделникот е навистина тежок ден за сите, особено за оние кои се вработени, бидејќи после кусиот дводневен одмор наречен викенд, повторно треба да се вратат со полна пареа на работните обврски. Па, ајде ова тешко понеделничко утро да го направиме малку позабаво со оваа забавна илустрација.rnrn

    Понеделничка работна демотивација
    Мозокот е прекрасен орган
    rnrn
    Понеделничка работна демотивација
    Почнува да работи од моментот кога ќе се разбудите наутро
    rnrn
    Понеделничка работна демотивација
    И не престанува
    rnrn
    Понеделничка работна демотивација
    Додека не влезете во канцеларија
    rnrnПријатна работна недела! :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од понеделник…

    Од понеделник…

    Го спушташ пенкалото на последниот испит од сесијата, го предаваш листот и да те нема низ врата. Се осеќаш ко преродена личност. Излегуваш од факултет и ти се чини дека светот го гледаш сосема поинаку. Еј, луѓе, животот е убав! La vita è bella! Сабајлево ми се превртуваше стомакот, ама сеедно, видете сега, сонцето свети, славејчињата пеат, т.е. не баш, сè уште не дошла пролетта, ама сеедно, ти се причинува дека слушаш песна на славејчиња.rnrnПа се враќаш дома. Прво и основно, си ја враќаш собата во нормала. Од соба која изгледа како да припаѓа на помалку (или повеќе) налудничава личност, си ја претвораш во твојата стара, убава, удобна соба. Ги тргаш шолјите за кафе, во секоја од нив останале по неколку капки кафе и се здрвиле на дното. Мама има да вика. Нека вика. Тебе не ти е грижа, ти леташ, ти поминаа испитите. После ги тргаш сите листови, копии, скрипти кои ти стоеле на подот. Од некои навистина си учел, а други стоеле пред тебе колку да те тешат. Демек си ги отворил, тука се. Можеби во текот на ноќта некако магично, целото знаење ќе ти се всади во глава. Одиш наредниот ден на испит и сфаќаш дека методот ти бил погрешен, требало да прочиташ нешто.rnrnОд Понеделник...rnrnЕ добро, супер, да не драматизираме многу, не дека сме биле ослободени од некој логор, иако можеби по малку така се чувствуваш. И сега што? Ти останува нервозно да се логираш на секој половина час и да чекаш резултати. Некогаш па, потсвесно посакуваш да ги нема. Денот ти е убав, зошто да си дозволиш да ти го расипат? Зошто, ете на пример, баш денес да се разочараш? И така сè до наредната сесија…rnrnАма сè е тоа психа. Тоа ти е како, не учам сега, сè уште е рано, сè ќе заборавам до испитот. Па си ја вртиш познатата, од понеделник ќе почнам да учам, таман една недела пред испит. Па доаѓа понеделник, тебе ти текнува дека собата не ти е средена и дека всушност треба да си направиш шопинг листа, за да знаеш точно што треба да си купиш. Нели, да си имаш претстава до каде стоиш со работите, за после на мира да си учиш. Леле на какви сè глупости ти истекнува кога имаш важни обврски. А шопинг листите, е тие се чудо. Значи никогаш, ама баш никогаш не остануваш стриктно до напишаната листа. Сè нешто ќе ти истекне. Или па, ќе има попуст, специјална акција, па и тоа на што никогаш не си помислил, сега очајно ти треба како да животот ти зависи од него. Сеедно, си го купуваш, еднаш се живее….rnrnОсвен шопинг листа, си правиш и must do листа. Всушност, не разбирам, зошто некои луѓе се против must do? Ок, по малку е застарен методот, сега можеш да си напишеш планер или роковник во телефон, и го правиш тоа, само што се чувствуваш подобро кога истото ти е напишано на лист хартија. И так, залепено на огледало, и ај сега да те видам не забележи го! Неодамна, во книга во која авторот советува како навремено да си ги извршиме обврските, доживеав вистинско откровение (добро, не до толку, само сакам да преувеличувам). Патем, книгата се вика Getting Things Done: The Art of Stress – Free Productivity, во случај да сакате да си ја прочитате. Во ред се must do листите, навиката сама по себе не е лоша. Она што е погрешно е начинот на кој ги правиме. На пример, нема да напишеш само она што треба да го завршиш, туку ќе го напишеш и начинот на кој истото би било направено. Па така, наместо Проектот да ти биде готов до петок, со три извичници на крај, пишуваш: собери материјали, договори се за консултација со професорката, напиши драфт и сл. Супер, сега знаеме како правилно да ги составуваме. Ама пак има проблем, во многу случаеви пак се јавува она познатото ОД ПОНЕДЕЛНИК. Е веќе, аман! А во понеделник наутро, обично изгледаме вака:Од Понеделник...Понеделник е нешто како магичен ден. Ден кога сите обврски ќе бидат извршени. Нов почеток, нова работна седмица. Демек, оние кои многу често своите обврски ги одлагаат за понеделник, биле неодговорни, речиси никогаш не ги исполнувале… Како да не! Па јас не кажав точно на кој понеделник мислам!rnrnОд понеделник најчесто се започнува и диета, нешто како од понеделник има да се хранам здраво. Мижи да те мамам. Мојот прв, и до сега единствен обид за диета, (кој бил резултат на тинејџерски хормони), резултирал со јадење повеќе од половина кутија карамели. Видете, во средина имаа лешници, а јас сум само човек, обичен смртник кој не може да одолее на божественото, така што, give me a break.rnrnА вие која обврска си ја закажавте за „од утре“?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 интересни факти поврзани со денот понеделник

    9 интересни факти поврзани со денот понеделник

    Колку пати досега сте се пожалиле дека го мразите денот недела? А сте помислиле некогаш зошто постои толку голема омраза кон овој навидум релаксирачки ден од викендот, кога можете да се одморите и прошетате? Можеби зашто утредента е понеделник, а тоа значи дека нѐ чека уште цела нова работна недела. Прочитајте ги овие интересни факти произлезени од разни истражувања, за првиот ден од неделата.rn9 интересни факти поврзани со денот понеделник1. Повеќето од нас во понеделник, не се насмевнуваат дури до 11.16 часот претпладне.rn rnrn2. Најдобриот начин да го победите понеделничкото „сивило“ е со гледање телевизија или со имање секс. Во листата топ 5 работи со кои можете да го надминете тоа ужасно понеделничко чувство спаѓаат:  1) гледање ТВ; 2) водење љубов; 3) онлајн шопинг; 4) купување чоколадо или шминки и 5) планирање годишен одмор.rnrnrn3. 50% од вработените луѓе доцнат на работа во понеделник. Со глупаво оправдување дека автобусот ви избегал или имало гужва во центарот на градот, нема да се спасите од оставање лош впечаток кај вашиот шеф. Наместо да се правдате, кажете му го овој податок: истражувачите тврдат дека повеќето од луѓето го доживуваат толку суров и мрачен првиот ден од неделата, што дури 50% од вработените луѓе доцнат на своето работно место.rnrnrn4. Повеќето луѓе кукаат цели 12 минути дека е тек понеделник и седмицата тукушто започнала.rnrnrn5. Луѓето на возраст од 45 до 54 најтешко се справуваат со мачното чувство предизвикано од понеделничкото сивило, кое е придружено со цимолење во времетраење од минимум 12 минути.rnrnrn6. Вработените луѓе, во понеделниците се само 3,5 часа од работното време продуктивни во извршувањето на своите работни задачи.rnrnrn7. Во понеделник се случуваат најголем процент од самоубиствата. Канцеларијата за национална статистика на Англија, откри дека 16% од самоубиствата извршени од мажи и 17% од самоубиствата извршени од жени, се случиле во понеделник, споредбено со 13% во текот на викендите. Истражувачите велат дека ваквиот тренд не е исклучиво резултат на тоа што започнува нова работна недела, бидејќи тој бил забележан и кај пензионираните луѓе.rnrnrn8. Во понеделник се случуваат голем број срцеви удари. Британското медицинско списание „British Medical Journal“  објави дека во понеделниците се случуваат 20% повеќе срцеви удари, споредбено со останатите денови во неделата. Порастот на срцеви удари во овој ден, може да е резултат на стресот и покачениот крвен притисок предизвикани од враќањето на работното место, после викенд.rnrnrn9. Понеделник е најмалку врнежлив ден од неделата. Некои веруваат дека ова е резултат на тоа што се намалува загаденоста во текот на викендот, предизвикана од човечкиот фактор во текот на работните денови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #54

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #54

    Ако мразите понеделник наутро, барем уживајте во првата шолја кафе. Тоа ќе му даде тек на целиот ден и смисла на целата седмица што следува.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #54
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Започнете ја седмицата понеделнички

    Започнете ја седмицата понеделнички

    После еден мрзливо поминат викенд, со чипсот во рака, пружени на каучот пред телевизор, на повеќето од нас ни е депресивна мислата дека треба да почне уште една напорна работна седмица. Но, ако и дозволиме на понеделничката меланхолија да не обземе, постои опасност таа да ни ја уништи целата седмица. За да не се случи тоа, треба да излеземе од рутинското секојдневие и да ги прегрнуваме понеделниците исто онака како што ги прегрнуваме петоците. Прочитајте ги следниве 7 начини да ги победите понеделничките депресии. Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    1. Дотерајте се

    rnОдличен начин да ги победите негативните чувства, кои се обидуваат да ви ја исцицаат енергија на почетокот од седмицата, е да се погрижите за вашиот изглед. Облечете нешто во кое се чувствувате секси, средете си ја косата, ставете ја вашата омилена алка и прснете на себе од скапиот парфем кој го чувате за „посебни пригоди“. Со што и да решите да се почестите, гледајте тоа да биде нешто кое прави да изгледате и да се чувствувате волшебно. Маката која претходно ја чувствувате ќе исчезне за миг.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    2. Разгалете се

    rnПронајдете начин да направите понеделник да ви биде ден наменет за нешто специјално. На пример, подгответе си го вашиот омилен појадок пред да излезете од дома или купете си го на работа/факултет вашиот највкусен оброк. Нема потреба да чекате да дојде викенд за да го направите тоа, бидејќи тие два дена и без тоа ви причинуваат задоволство сами по себе.rn

    3. „Рокнете“ го радиото

    rnМузиката може значително да го подобри вашето расположение. Попуштете го звукот додека ја слушате вашата омилена радио станица и дозволете му вашето тело и ум да се препуштат на ритамот. Честопати занимливите вести и шегите кои ќе ги чуете од радио водителот, во себе кријат интересна тема за разговор или смешка која ќе можете да ја раскажувате за да ги разведрите вашите колеги и другари. Преку веселата комуникација со вашите колеги, ќе ги заборавите сите причини зошто претходно се чувствувавте мизерно.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    4. Филмска вечер

    rnЗошто треба гледањето филмови да биде резервирано само за во викендите? Ако сте филмски ентузијаст, викнете го вашиот партнер или некој другар/ка на пуканки и добро филмче. На овој начин, ќе ви се случува нешто интересно уште на почетокот од седмицата, поради што можеби ќе го засакате токму овој ден од седмицата.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    5. Прегледајте ја вашата имејл пошта во недела навечер

    rnИ покрај тоа што во недела навечер сакате уште малку да поуживате во преостанатите слободни часови, попаметно е да ја победите мрзата и да завршите неколку ситни обврски, кои доколку се насоберат можат многу да ви ја преоптоварат работната седмица. Така, доколку во вашето имејл сандаче сè уште ви стојат неотворени неколку мејлови на кои морате да одговорите, зошто да не ја тргнете таа мисла од глава?! Плус со таквата постапка, веќе сте завршиле пола од работата која ве очекува во понеделник, со што го правите овој ден помалку меланхоличен.rn

    6. Купете си нешто ново во понеделник

    rnКупувањето нешто што ви треба или ви се допаѓа доволно за да ве развесели понеделнички, е одличен начин да го победите меланхоличното расположение. Не мора да биде нешто скапо, туку нешто во кое ќе уживате додека го употребувате во овој депресивен ден, како на пример убаво пенкало, паричник, лабело…Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    7. Одете со пријател на ручек

    rnПред да заврши викендот, јавете се на некој пријател кој е исто толку очаен како вас зашто почнува нова работна недела и закажете за утредента ручек во ресторан. Ништо не може повеќе да го покрене расположението од добра храна и уште подобар муабет со вашиот другар/ка. Па, договорете средба и којзнае можеби понеделничкиот ручек ќе ви стане редовна пракса.

  • Mокриот понеделник во Полска

    Mокриот понеделник во Полска

    Автор: М. Давидовскаrn (поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnВелигден е најголемиот Христијански празник, но во секоја земја различно се празнува. „Мокар понеделник“ е името на вториот ден од Велигден во Полска, долгогодишна традиција зачувана до денес.Mокриот понеделник во ПолскаНа овој ден, обичај е да се фрла вода врз непознати минувачи по улиците, а симболизира прочистување пред доаѓањето на пролетта.Mокриот понеделник во ПолскаMокриот понеделник во ПолскаВо минатото неженетите момци ги прскале со вода девојките и на тој начин ги искажувале своите интереси и чувства. Девојките пак, во знак на благодарност, подарувале бојадисано јајце. Кај други, обичајот бил поинаку толкуван. Ако девојката е испрскана значело дека ќе се омажи таа година.Mокриот понеделник во ПолскаMокриот понеделник во ПолскаНо, со текот на годините и обичаите се менувале. Добиле модерен начин на обележување. Па така, секоја година во Полска, момците се на улиците со шишиња и кофи со вода кои ги истураат врз девојките. За нив овој ден е вистински кошмар, но сепак одлично се забавуваат.Mокриот понеделник во ПолскаMокриот понеделник во ПолскаПокрај во Полска, овој ден се одбележува и во Украина и Чешка.Mокриот понеделник во ПолскаMокриот понеделник во ПолскаrnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.