Аринера е полски производител на автомобили кој сè уште не го пуштил во продажба својот прв модел, но според она што може да се насети од нивниот прв концепт, тие ќе можат рамноправно да се носат со останатите супербрзи автомобили.

Дизајнот на Аринера се одликува со остри и динамични линии, карактеристични за секој суперспортист. Моторот со 650 коњски сили обезбедува максимална брзина од 340 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди. Импресионира и можноста при брзина од 300 км/ч Аринерата да биде запрена за помалку од седум секунди.



Сепак, она што овој модел го издвојува од останатите е термалната камера сместена под левото предно светло која е приспособена за ноќно гледање. Со нејзина помош, возачот на мал екран сместен веднаш под ветробранското стакло може да добие јасна слика за она што се случува пред него во ноќни услови.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Куќата Јодлова ја карактеризираат две главни спални соби, покриен базен, простор за живеење од 140 метри квадратни и 5-катна кула. Долниот кат на кулата воедно служи како гостински простор, додека најгорниот е студио кое е целосно застаклено, овозможувајќи прекрасна панорамска глетка на далечните планини Татри.
Куќата е производ од заедничката работа на лондонското архитектонско студио 










На овој ден, обичај е да се фрла вода врз непознати минувачи по улиците, а симболизира прочистување пред доаѓањето на пролетта.
Во минатото неженетите момци ги прскале со вода девојките и на тој начин ги искажувале своите интереси и чувства. Девојките пак, во знак на благодарност, подарувале бојадисано јајце. Кај други, обичајот бил поинаку толкуван. Ако девојката е испрскана значело дека ќе се омажи таа година.
Но, со текот на годините и обичаите се менувале. Добиле модерен начин на обележување. Па така, секоја година во Полска, момците се на улиците со шишиња и кофи со вода кои ги истураат врз девојките. За нив овој ден е вистински кошмар, но сепак одлично се забавуваат.
Покрај во Полска, овој ден се одбележува и во Украина и Чешка.
rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на 



























