КАФЕ ПАУЗА

Tag: Полска

  • Се топи во уста: Рецепт за колач со чоколадо и какао

    Се топи во уста: Рецепт за колач со чоколадо и какао

    Пјерник е едноставен, но сочен полски колач со чоколадна глазура. Можете да го декорирате со сечкани јаткасти плодови како што се бадеми, лешници или ореви, или да додадете сечкано суво овошје како кајсии, јаболка или сливи. По желба можете да го замрзнете колачот и во тој случај да го искористите во рок од три месеци.rnrnСе топи во уста: Рецепт за колач со чоколадо и какаоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 210 грама брашно
    • rn 011

    • ⅔ лажички прашок за пециво
    • rn 011

    • ½ лажичка сода бикарбона
    • rn 011

    • ⅕ лажички сол
    • rn 011

    • 1 лажичка мелен ѓумбир
    • rn 011

    • ½ лажичка цимет
    • rn 011

    • 2 лажички какао
    • rn 011

    • 90 кафеав шеќер
    • rn 011

    • 120 грама мед
    • rn 011

    • 100 грама путер
    • rn 011

    • 100 милилитри вода
    • rn 011

    • 2 големи јајца
    • rn

    rn

    За преливот:

    rn

      rn 011

    • 50 грама сечкано темно чоколадо
    • rn 011

    • 50 грама млечна чоколадо
    • rn 011

    • 1 и ½ лажичка путер
    • rn 011

    • 2 лажици сечкани ореви/сушено овошје
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во тенџере измешајте ги путерот, медот, шеќерот и водата. Полека загревајте додека путерот не почне да се топи, мешајќи одвреме-навреме, потоа тргнете го од оган и продолжете со мешање додека путерот целосно не се стопи. Оставете на страна да се излади.rnrn2. Подгответе ги сувите состојки: измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, зачини и какао.rnrn3. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 170 степени целзиусови и обложете го калапот со хартија за печење.rnrn4. Откако ќе се олади влажната смеса, измешајте ги јајцата. Постепено додадете ги и сувите состојки додека смесата не се соедини целосно.rnrn5. Истурете го тестото во калапот.rnrn6. Извадете го од рерна и оставете го во калапот 10 минути, а потоа тортата оставете го колачот да се излади.rnrn7. Растопете ги двете чоколади со 1,5 лажички путер, убаво измешајте и прелијте го колачот. Посипете со јаткасти плодови/сушено овошје. Почекајте чоколадото целосно да се стврдне пред да го послужите колачот. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за колачиња со мед.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Мистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“

    Мистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“

    Во близина на селото Нове Чарново во Полска се наоѓа мистериозна шума со околу четиристотини парчиња борови од еден до три метри височина. Тоа не би било чудно доколку дрвјата не беа искривени во форма на буквата Ј.rnrnМистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“rnrnМногумина се обиделе да го протолкуваат феноменот „Крива шума“, но никој не успеал да ги докаже своите теории.rnrnСтанува збор за дрвја засадени во триесеттите години на минатиот век, а се претпоставува дека шумарите ги искривиле стеблата десет години подоцна за да можат полесно да се користат во дрвната индустрија, особено за изградба на бродови.rnrnДруги сметаат дека младите дрвја се свиле под дебелата снежна покривка во текот на зимските месеци, додека љубителите на мистериозноста претпоставуваат дека обликот на боровите се должи на фактот дека низ оваа област поминале тенкови во Втората светска војна.rnrnСе разбира, секогаш постои група на луѓе кои веруваат дека искривените стебла се резултат на нешто натприродно. Иако не е познато што точно влијаело на изгледот на оваа шума, сепак нејзиниот шарм и магичност воодушевуваат многу патници.rnrnОткако прочитавте за оваа мистериозна шума, можеби ќе сакате да прочитате и за мистериозното место од најлошиот кошмар: Дали ова е најстрашната опседната куќа во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

    Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

    Многубројните легенди, богатата историја и стариот град го прават Краков еден од најпосетуваните градови на стариот континент. Во продолжение прочитајте дел од занимливостите за овој град што ги одбравме специјално за вас.rnrnДали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски градrnrn1. Краков е втор по големина град во Полска, сместен во јужниот дел на државата, на брегот на реката Висла.rnrn2. Денешниот град е основан во VII век. Основан е на местото на населба која датира од камената доба и во текот на историјата станал вториот најважен град во денешна Полска. Зачетоците на градот почнуваат како селска населба на ридот Вавел и за него е важно да се каже дека бил значаен трговски центар во словенска Европа.rnrn3. Главниот плоштад на Краков, „Рунек Гловни“ се наоѓа во центарот на стариот град. Со површина од речиси 4 хектари, тој е најголемиот средновековен плоштад во Европа.rnrn4. Според една легенда, во 13 век, за време на инвазијата на Татарите, дежурниот стражар пробал да ги алармира граѓаните за приближувањето на непријателот преку свирењето на труба. Иако градските порти биле навреме затворени, сепак, една татарска стрела успеала да го погоди стражарот во грлото пред да даде сигнал со трубата. Денес, во чест на стражарот, од повисоката кула на базиликата Света Марија се слуша карактеристичниот звук на труба кој одекнува четири пати, секојпат нагло прекинат – како метафора на незавршената мелодија на трубачот.rnrn5. Јагелонскиот универзитет е основан во 1364 година под името „Краковска академија“ и е вториот најстар универзитет во Централна Европа по Карловиот универзитет во Прага. На Јагелонскиот универзитет е отворена и првата катедра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија.rnrn6. Во Краков живеат 750.000 луѓе од кои 200.000 се студенти, што го прави еден од најголемите студентски градови во Европа.rnrn7. Познатата слика на Леонардо да Винчи, „Дамата со хермелин“ се чува во музејот Чарториски, еден од најстарите музеи во Полска.rnrn8. Легендата за змејот е веројатно најпознатата легенда поврзана со овој град. Според оваа легенда, за време на владеењето на кралот Кракус се појавил змеј кој се населил во една пештера под ридот Вавел. Змејот ги уништил околните села и се хранел со добиток, но и со девојки. Затоа кралот наредил да го убијат змејот, во замена нудејќи ја раката на својата ќерка на оној кој ќе успее во тоа. По многу неуспешни обиди на витезите, еден чевлар успеал во мисијата. Тој купил овца, ѝ ја натопил волната со сулфур и му ја принел на змејот како жртва. Ненаситниот змеј ја изел овцата, по што почувствувал голема жед. Се спуштил до брегот на реката Висла за да ја изгасне жедта и за кратко време експлодирал. Денес, во чест на оваа легенда, секоја година во Краков се одржува фестивал на змејот.rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Краков, ви препорачуваме да прочитате и за мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Вреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња

    Вреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња

    Еднаш многу одамна, во едно мало полско село наречено Залипие, некој нацртал цвеќе на таванот, со цел да ги покрие дамките предизвикани од шпоретот. Во тоа време вентилацијата била слаба, па дамки можеле да се забележат во повеќе куќи, па така и други луѓе почнале да ги покриваат со мали цвеќиња.rnrnВреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќињаrnrnБрзо потоа сѐ во градот било покриено со цвеќиња, од куќите и плевните, до мостовите и црквите, а секоја пролет почнувајќи од 1948 година во селото се одржувало натпревар за обоени куќи познат како „Malowana Chata“.rnrnВреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќињаrnrnОригиналната цел на овој натпревар била Полска психички да заздрави од злосторствата кои ги претрпела за време на Втората светска војна.rnrnВреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќињаrnrnДенес Залипие е далеку од тие мрачни времиња. Тој се наоѓа во југоисточниот дел на Полска, само 90 минути оддалечен од Краков и ова светло и разнобојно место е совршена локација за оние кои се во потрага по уникатно и забавно патување.rnrnВреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќињаrnrnВреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќињаrnrnПогледнете уште интересни фотографии од ова необично село, на наредната страница…rn

  • Мошна: Еден од најубавите дворци во светот

    Мошна: Еден од најубавите дворци во светот

    Дворецот Мошна е еден од најпознатите и најубавите дворци во Полска, a сместен e во близина на истоимениот град. Неговиот спој на неоготска, барокна и неоренесансна архитектура, огромната градина и 99-те кули, се заслужни за овој дворец да изгледа како од бајка.rnrn6.moshna-eden-od-najubavite-dvorci-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnДворецот датира од 17 век, и иако се пронајдени многу постари подруми за кои истражувачите тврдат дека им припаѓале на Темпларите, сепак нема конкретни докази кои можат да ги потврдат овие тврдења. Средниот дел од дворецот е делумно уништен од пожар во 1896 година, а во истата година е обновен во својот оригинален изглед. Во 1900 година дворецот добил и источно крило кое е изградено во неоготски стил, додека западното крило е изградено во неоренесанса.rnrnЦелиот дворец има точно 99 кули. Содржи 365 соби сместени на 7.000 метри квадратни.rnrnПосле Втората светска војна, дворецот немал постојан сопственик и бил дом на различни институции, а денес му припаѓа на Центарот за јавно здравство. Иако во него се лечат болни луѓе, посетата на туристи е дозволена. Дворецот исто така има и капела која се користи за концерти, а од 1998 година во него е сместена галерија во која редовно се прикажуваат изложби на разни уметници.rnrn

  • 10 најнови туристички атракции

    10 најнови туристички атракции

    Секаде се гради по нешто ново и затоа секаде има по некоја нова туристичка атракција која привлекува посетители кои сакаат да ја видат. Овие десетина од најновите се отворени неодамна или се очекува да бидат отворени во секој момент.rn

    1. Стаклениот под на Ајфеловата кула во Париз

    rnАјфеловата кула доби нов интересен детаљ. Сега покрај одличниот поглед околу неа, благодарение на новиот стаклен под на првиот кат ќе можете да погледнете како е и под неа.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    2. Гудс Лајн во Сиднеј

    rnОваа новоизградена пешачка патека во Сиднеј ги поврзува Дарлинг Харбор и Технолошкиот универзитет. Покрај неа ќе има и бројни кафулиња како и амфитеатар за настани на отворено.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    3. Фабриката за алкохол во Лејверстоук, Англија

    rnФабриката за алкохол Бомбај Сафир сместена во малото англиско село Лејверстоук неодамна доби стаклени куќи кои изгледаат како да се исфрлени од самата фабрика. Иако таа не е стара како другите на островот, се очекува новата архитектура во малото живописно село да добие посетители кои се љубители на алкохолот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    4. Музејот за човекови права во Винипег, Канада

    rnНовата модерна стаклена зграда ќе биде дом на изложби поврзани со холокаустот, етничкото чистење во Босна, животот на Нелсон Мандела и сите други настани поврзани со човекови права.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    5. Марктал, Ротердам

    rnРотердам е исполнет со модерна и кул архитектура. Најновото од неа е Марктал, зграда со 230 станови која е изградена во облик на потковица. Под неа има зелен пазар.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    6. Ролеркоустерот Бетмен во Сан Антонио, САД

    rnТој се очекува да стане ролеркоустерот кој секој трагач по адреналин ќе сака да го посети. Тоа ќе биде најдолгиот 4Д ролеркоустер во светот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    7. Конгресниот центар во Краков, Полска

    rnОние што ја посетиле Полска не се навикнати на вакви градби, но жителите на Краков се горди на нивниот нов модерен конгресен центар. Тој ќе биде првенствено наменет за концерти.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    8. Кулата Шангај

    rnНовата кула во Шангај е втора по големина во светот, веднаш зад Бурџ Калифа во Дубаи. Висока е 610 метри и се надвиснува на реката Хуангпу. Се разбира, сместена е во модерниот деловен дистрикт во градот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    9. Велосипедската патека во Нунен, Холандија

    rnОваа велосипедска патека по цел ден црпи сончева енергија која навечер ја претвора во ѕвездено небо. Инспирирана е од сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент Ван Гог.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    10. Музејот на утрешнината во Рио де Жанеиро

    rnДизајнирана од легендарниот архитект Сантијаго Калатрава, бразилскиот музеј на утрешнината има облик на риба и со главата е свртен кон океанот. На неговата програма ќе има интерактивни изложби поврзани со климатските промени, растот на бројот на населението и за тоа како нашите денешни дејства влијаат на иднината.rnrn10 најнови туристички атракцииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Бело-црвен свет“ – Дорота Масловска

    Книга: „Бело-црвен свет“ – Дорота Масловска

    (1) Книга: „Бело - црвен свет“ - Дорота МасловскаАко имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, книгава не би требало да ја пропуштите

    rn

    Наша оценка: 9/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnrnДорота Масловска имала само 18 години кога ја напишала „Бело – црвен свет“. Романот, примен од критичарите и од публиката со широко раширени раце, свеж литературен бран во младешки, контроверзен стил, е сè уште своевиден феномен и сè уште нашироко се зборува за истиот. Масловска има доживотно членство во клубот на големите имиња, а со првите неколку страници ќе сфатите дека е целосно заслужено, дури и ако не го повтори успехот со ниту едно друго дело.rnrnВпрочем, не мора ниту да ви се допаѓа книгата, дури многу веројатно е дека темата и стилот на пишување ќе бидат тешко сварливи за некои, но не верувам дека постои читател кој би можел да го оспори талентот, имагинацијата и способноста за конструктивна критика на младата авторка. Особено ако земеме во предвид дека поголем дел од осумнаесетгодишниците не гледаат ни вести а камо ли да имаат волја и способност да напишат книга која во завиена форма и преку младешки глупирања всушност ќе му тресне во фаца некои сериозни муабети на општеството.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnГлавниот лик е Анджеј, или „Силниот“ ако баш сакате, бидејќи е главен во друштво, дрзок на јазик и остар во размилувањата, веројатно бидејќи поголем дел од времето е на спид и плус врти неколку женски во книгата. Го запознаваме во моментот кога неговата голема љубов Магда му пренесува преку нејзината другарка дека меѓу нив е готово. И Магда е на спид поголем дел од времето, плус се мафта со руски војници. Анджеј, нормално ја мрази поради тоа, но земено во предвид дека не прави нешто многу покорисно со неговиот живот а и можеби ќе може да ја легне пак во скоро време, спремен е да и прости и некоја таква грешка. Не дека е ова нешто многу трагично, горе – долу нивните животи не се разликуваат од животите на нивните врсници. Поголемиот дел од нив се невработени, без перспектива, огорчени и конфузни. Плус, се наоѓаат сред полско – руска војна под бело – црвено знаме.rnСцените и разговорите, горчливи во поголем дел од романот, се пренесени низ конфузни и набиени мисли на Анджеј кој дури и разговорите со другите му ги прераскажува на читателот, како да ги преработува прво и никогаш како да не ни дава „директно“ да ги слушнеме другите ликови (сигурно постои соодветен термин за ова, таму некаде во книгите по македонски јазик).rn
    rn

    „Името ти е убаво, Магда, исто како и твоето лице. Твоите раце се убави, твоите прсти, нокти, нели можеме да останеме заедно? Ако сакаш, ќе те однесам одовде каде сакаш. Можеби дури и во болница, ако е неопходно. Ме прашуваш дали сум пиел, е па, сум пиел, ама не е ничија работа дали сум пиел или не. Ајде одиме, ајде само да влеземе во колата и да одиме, ќе те однесам секаде, дури иако десет илјади Руси сакаат да ни направат тестови за алкохол и дрога. Ми велиш да не те заебавам, да престанам…“

    rn(2) Книга: „Бело - црвен свет“ - Дорота МасловскаrnrnНекогаш не можев да одлучам дали навистина е дијалог или сè се случува во неговиот ум. И помеѓу сите „љубовни“ дискусии, драми и расправии кои единствено асоцираат на незрелост и преголема конзумација на дрога одеднаш се наоѓате сред монолог за некое општествено прашање. Сите прашања тргнуваат од политика, од војни, од слаба економија, од лошо образование, од нефункционални семејства и се враќаат пак таму, со ниту еден одговор, само некој краток горчлив бунт кој никој не го перцепира.rn
    rn

    „Не се согласувам многу со даноците, предлагам држава без даноци, каде што моите родители нема да се убиваат од работа за некои принцови што пушат и си имаат свои апартмани и телефонски броеви во време кога работите не се баш толку едноставни. Како и да е, како што реков, економската ситуација во земјава е категорично заебана…“

    rnКнигата е сплет на набиени случки, од трагични разговори до халуцинации од спид па до некои просветлувачки моменти кои кратко траат. Анджеј и сите попатни ликови се само одраз на уништена младина до срж, бунтовници со причина но без кауза. Трагично, но поголем дел од нив не знаат ниту на која страна треба да се свртат. Масловска, дури им се приклучува како еден од ликовите при крајот, генијален потег кој само додава на оригиналност. На моменти, чувството е како да сте вовлечени во „Requiem for a dream“ во генијалната режија на Дарен Аронофски, па се префрлате во сцени на „Trainspotting“ на Дени Бојл, а корицата неизбежно ме потсети на „Romper Stomper“ на Џефри Рајт… ако овие се наоѓаат на вашата листа на топ филмови, книгава не би требало да ја пропуштите. Всушност, ако имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, не би требало да ја пропуштите.rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 26 ноември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Шарено бистро на кофеинот во Полска

    Шарено бистро на кофеинот во Полска

    Бистрото „Кофеин“ во полскиот град Шчечин е толку шарено и разиграно што може лесно да внесе многу позитивна енергија кај гостите кои дошле овде да се стоплат со кафе во студените зимски денови. Однадвор не изгледа премногу интересно и забавно, но штом влезете внатре и ја доживеете веселата комбинација од живи бои и силно осветлување, впечатокот сосема се менува. „Кофеин“ има два ката поврзани со уникатни внатрешни скали, а секој од нив нуди различно нивно на интимност.rnrnДизајнот е дело на Ана Коболка и Олга Сјетничка, дизајнерки од Полска.rnrnШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во ПолскаШарено бистро на кофеинот во Полска
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Златна есен во Полска

    Златна есен во Полска

    Полјаците велат дека есента е најубавото годишно време во нивната земја. Според нив нема поубаво време да се посетат тамошните планини и паркови. Природата почнува да ја губи свежината уште на почетокот на септември, кога листопадните шуми добиваат жолти, црвени и бронзени нијанси. Таквиот изглед на околината е инспирација за многу фотографи чии дела одлично ја пренесуваат магијата на, како што Полјаците сакаат да велат, златната есен во Полска.rnrnЗлатна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полскаrnrn

  • 10 причини да гледате ЕУРО 2012

    10 причини да гледате ЕУРО 2012

    Иако знаете дека нема каде да побегнете од Европското првенство во фудбал, еве ви десет причини кои и без тоа нема да ви дадат да се одлепите од телевизорот.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    1. ЕУРО 2012 е празник

    rnСекое големо фудбалско натпреварување е празник затоа што фудбалот е религија за многумина. Однесувањето на многу навивачи зависи од правилата на фер плејот, па сè до перформансите на нивниот тим. Тие преферираат за фудбал да разговараат со свои „истомисленици“ и се спремни да тргнат во „света војна“ (со зборови) со противниците. Сепак, сега е време за празнување и за славење на добрите страни на своите миленици.rn
    rn

    2. Поле за културен натпревар меѓу народите

    rnЛуѓето веќе не заминуваат во војна за да ја докажуваат силата на својата нација, туку наоѓаат мирни начини за да ја постигнат таквата цел. Веројатно тоа е една од главните причини заради која толку многу луѓе еуфорично следат што ќе се случува на турнирот. На теренот Шпанците и Португалците играат технички дотерано, брзо и со многу страст, Германците никогаш не се даваат, Италијанците играат бавно, а Балканците во момент на инспирација можат против секого. Вистинска борба на различни менталитети.rn
    rn

    3. За инает на европските политичари

    rnИако беше поканет, францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека нема да оди на Европското првенство поради расизмот на стадионите во Полска и Украина. Навистина, во овие две земји и на стадионите низ цел свет се случуваат одвратни расистички испади на навивачите, но Оланд и некои други европски политичари се обидуваат преку овој настан да направат политички притисок врз двете земји. Гледајте ЕУРО 2012, барем за инает на овие политичари.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    4. Ќе има драма

    rnОние коишто редовно гледаат фудбал можат да ви набројат по неколку натпревари во кои за малку ќе доживееле инфаркт. Фудбалот нуди неверојатна драма, придружена со многу емоции, која кулминира кон крајот на натпреварот, а потоа останува само да се прераскажува.rn
    rn

    5. Навивачите

    rnВо отсуство на Африканците и Јужноамериканците можеби нема да биде толку шарено на трибините како што обично е на светските првенства, но Европа сè уште е микс на различни култури кој се рефлектира и на трибините. И на ова првенство ќе се нагледаме интересно „дотерани“ навивачи и интересни навивачки кореографии.rn
    rn

    6. Зозулица – украинската вувузела

    rnУкраинците имаат замена за африканската вувузела, онаа направа за дување со непријатен звук кој се слушаше за време на Светското првенство пред две години. Нивниот инструмент се вика зозулица, во минатото ја користеле повеќето словенски народи, а има далеку попријатен звук од вувузелата.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    7. Животните кои ќе ги прогнозираат победниците

    rnОктоподот Пол не е повеќе жив, но Полјаците и Украинците веќе имаат кандидати кои ќе го продолжат неговото дело. Слоницата Чита од Полска и едно прасе од Украина чие име не се открива се двете „видовити“ животни кои ќе се борат за светска слава користејќи ја својата „дарба“ да го предвидат победникот на секој натпревар. Се разбира, покрај нив се појавија уште еден куп животни кои „знаат“ кој ќе биде шампион, но само овие двајца имаат статус на „официјални прогнозери“.rn
    rn

    8. Мајсторите на играта

    rnТука ќе бидат собрани најдобрите фудбалери од цела Европа. Овие луѓе знаат да прават спектакуларни работи со топката кои предизвикуваат восхит дури и кај оние кои не се љубители на овој спорт.rn
    rn

    9. Фудбалерите за понежниот пол

    rnНа ЕУРО 2012 ќе се појават вкупно 368 фудбалери, па девојките кои не следат фудбал имаат голем избор да најдат некој кој им се допаѓа и редовно да навиваат за него.rn
    rn

    10. Убав повод за дружење

    rnГледањето фудбал во друштво веќе стана ритуал во светот и кај нас, па ако сакате да се видите со некого додека трае шампионатот, еве еден убав повод. Можете да одите во кое било кафуле или ресторан, или пак да набавите грицки и пијачки и да соберете друштво дома. Ако ги избегнете оние кои „знаат“ кој натпревар е наместен, ја имате најубавата причина да следите натпревар од најубавата игра на светот.10 причини да гледате ЕУРО 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.