КАФЕ ПАУЗА

Tag: пофалба

  • Зошто се срамиме од комплиментите?

    Зошто се срамиме од комплиментите?

    Комплиментите се „подароци од срце“, но има луѓе кои тешко примаат убави зборови и пофалби на своја сметка. Поточно, 70 проценти од луѓето ги поврзуваат комплиментите со срам и неудобност. Понекогаш тие толку се срамат што поцрвенуваат и се појавува вознемиреност.rnrnДали сте забележале колку често на еден комплимент се надоврзува друг комплимент? „Ми се допаѓа вашата јакна.“ „Благодарам, мене ми се допаѓаат вашите чевли.“ Во други случаи пак, има отфрлање на комплиментот – кога некој е пофален за неговата работа, па го намалува неговото достигнување презентирајќи го како „тимска работа“.rnrnrn

    Зошто се случува ова?

    rnКомплиментот предизвикува необичен пресврт во текот на социјалната интеракција. Сите ние, обично, не сме воспитни да кажуваме позитивни работи за себе и да се споредуваме со другите. Затоа ова може да го направи комплиментот непријатен.rnrnИсто така, има момент на социјална корист во скромноста како одговор на комплиментот. На многу начини, срамот е поприфатлив одговор на комплимент, а вознемиреноста што ја чувствувате може да биде предизвикана од вашето несвесно сознание дека баш така треба да се чувствувате.rnrnrn

    Не сте единствените

    rnВо некои случаи, постои и сознание дека лицето кое го дава комплиментот не е искрено, па така непријатноста е уште поголема.rnrnЈавните пофалби, исто така, ја зголемуваат непријатноста. Се покажало дека анксиозноста се јавува во ситуации во кои човекот добива позитивно внимание.rnrnКога некој ви дава комплимент, не ви укажува само на тоа дека сте направиле добра работа. На тој начин ви укажува и на тоа дека ве набљудувал. Дури и кога ја одобрува вашата работа, потсвесно вие можеби се навраќате на дел од процесот за кој посакувате да не бил забележан. А, можеби сте загрижени и за развојот на случувањата во иднина или стравувате дека вашите перформанси можеби не се достојни за комплимент. Ако имате тешкотија при добивањето комплименти, нека ви биде утеха тоа што на многумина исто така им е непријатно.rnrnПостојат методи што можете да ги примените за комплиментите да ви помогнат да го поправите расположението, а не да ви предизвикаат срам.rn

    Прифатете го комплиментот како да прифаќате подарок

    rnКога некој ви дава комплимент, тоа ви носи повратна информација за тоа како вашите активности влијаеле врз него. Тој не ве прашува дали вие се согласувате со тоа, туку само ве пофалува. Обидете се да го прифатите тоа како што прифаќате подарок и ако сте храбри можете дури и да прашате кои се специфичните причини за упатувањето на комплиментот.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за значењето на машките комплименти.

  • 5 комплименти кои момците неизмерно сакаат да ги слушаат

    5 комплименти кои момците неизмерно сакаат да ги слушаат

    Исто како и девојките, така и момците сакаат одвреме-навреме да добијат комплимент. Без разлика дали станува збор за нивниот физички изглед или пак, за одредени карактерни црти, понекогаш и на нив им е потребна мала мотивација за да продолжат добро да ги прават работите. Па, доколку сакате да ги расположите, тогаш без сомнение брзо ќе успеете со помош на следниве неколку комплименти…rnrn5 комплименти кои момците неизмерно сакаат да ги слушаатrnrn1. Изгледаш секси кога готвиш. Со самото тоа што му велите дека изгледа секси, вие го привлекувате неговото внимание. Но, кога ќе му кажете дека е секси додека извршува една од секојдневните обврски, вие веднаш ќе забележите дека тоа навистина му се допаѓа.rnrn2. Се чувствувам безбедно со тебе. Станува збор за инстинкт. Мажите сакаат да чувствуваат дека можат да се грижат за вас. Токму затоа и нивното его расте дупло кога знаат дека се чувствувате безбедно покрај нив.rnrn3. Ми се допаѓа колку си одлучен кога ќе намислиш нешто. Тоа е навистина атрактивно. Не ги фалете само неговите достигнувања, туку и карактерните црти кои довеле до нив. Вие сте девојката која се грижи за вистинскиот тој, не само за неговата тврда надворешна маска.rnrn4. Им кажав на моите пријателки дека сум многу среќна што имам толку неверојатен човек покрај мене. Не можете да направите грешка доколку го фалите кај вашите пријатели. Покажете им на другите зошто тој е толку посебен, бидејќи и момците сакаат да се чувствуваат специјално.rnrn5. Си вежбал? Момците не добиваат толку комплименти за физичкиот изглед како жените. Па, токму затоа и  кажете му дека посетата на теретаната навистина се исплати. На тој начин ќе го мотивирате и да вежба повеќе со цел да ве импресионира повеќе.

  • Зошто не добивате комплименти колку што заслужувате?

    Зошто не добивате комплименти колку што заслужувате?

    Сите сакаме да добиеме тон признанија секогаш кога постигнуваме некаков успех. Предизвикувањето восхит е еден од крајните резултати кои секој ги посакува кога ќе се нафати на каква било работа. Тоа го јакне нашето его и прави да се чувствуваме посигурни во себе.rnrnЗошто не добивате комплименти колку што заслужувате?rnrnНо, понекогаш покрај успехот, комплиментите изостануваат. Немојте да се лажете дека луѓето околу вас не гледаат што сте постигнале. Тие, едноставно, не можат да ве пофалат поради некоја од следните причини.rnrn

    И самите не сте добивале комплименти

    rnЛуѓето кои биле лишени од комплименти од страна на родителите додека растеле можат да останат скржави на убави зборови кога се возрасни. Тие избегнуваат да оддадат почит за нечиј туѓ успех затоа што тоа може да ги извади на површина нивните лоши спомени кога очекувале позитивна оценка на своето достигнување, но не го добиле.rnrn

    Ако се компетитивни

    rnБлагодарение на својата ниска самодоверба некои луѓе стануваат исклучително натпреварувачки настроени во животот. Постојано се во потрага во каква било победа која ќе им донесе потврдување. Од нив не треба да очекувате да ви признаат дека сте добри во нешто, затоа што така би го негирале својот победнички статус.rnrn

    Мислат дека успехот бил очекуван

    rnИма луѓе што сметаат дека некој минимум на успех е неопходен и очекуван, па затоа не мора да трошат зборови на комплименти. Тие ќе ве пофалат само при некој исклучителен резултат.rnrn

    Не сакаат да ве кренат во облаци

    rnИма и такви кои ќе се воздржат од пофалби наменети за вас само затоа што мислат дека тоа може да ве крене во облаци и да се однесувате вообразено со нив. И ова е последица на погрешен пристап на нивните родители.rnrn

    Сметаат дека не се должни да ви го признаат успехот

    rnМногумина кои како мали погрешно научиле дека привилегиите што ги добиваат се всушност нивни права, сметаат дека светот е должен да се поклонува на нивните „постигнувања“. Сепак, тоа не важи кога тие треба да пофалат некој. Тие нема да се заморуваат со вашиот успех.rnrnЗошто не добивате комплименти колку што заслужувате?rnrnЗатоа, не земајте си при срце кога некој нема да ви признае дека добро сте завршиле некоја работа. Тие бездруго го гледаат тоа, само не можат да го кажат отворено. Впрочем, нивното непризнавање повеќе зборува за нив отколку за вашата вредност. Ако вие сте задоволни со вашите постигнувања, тогаш комплиментите од другите и нема да ви бидат толку потребни.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 клучни особини на добрите родители

    10 клучни особини на добрите родители

    Многу од проблемите со кои се соочуваме денес, се резултат на одредени пропусти во нашето воспитување, а тие пак настанале од проблемите во воспитувањето на нашите родители. Психологот Лион Селцер го воочил ова во неговата долгогодишна практика и издвоил 10 клучни особини кои треба да ги поседува секој родител, за да успее да го изведе детето на прав пат.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnВреме и внимание – Родителите се должни да го стават детето на прво место во животот. Со тоа што редовно ќе му го укажуваат потребното внимание, ќе му покажат дека тоа им е важно и дека е сакано.rnrnЕмпатија и разбирање – За да имаат среќно детство, а подоцна и среќни зрели години од животот, децата треба да се почувствуваат разбрани. Родителот треба постојано да се обидува да го разбере детето што тоа сака да му каже, дури и кога тоа има тешкотии со изразувањето на мислите и чувствата.rnrnПрифаќање – Добриот родител секогаш го прифаќа тоа што детето му го кажува, без разлика дали се сложува со тоа. Личноста на детето мора да биде почитувана. Родителот мора да прифати дека неговото дете има свои мисли, кои во неговиот детски свет имаат своја логика, иако од аспект на возрасен човек тоа може да изгледа поинаку.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnДоверба – На детето му е потребно да му биде укажана доверба да ги изврши задачите кои одговараат на неговата возраст. Кога родителот прекумерно се обидува да му угоди, така што тој за него ќе врши одредени задачи, детето ќе се почувствува неспособно и ќе има проблем со исполнување на задачите во зрелите години.rn

    Охрабрување – Кога детето ќе покаже знаци на страв од неуспех во одреденa задача која реално му е достижна, добриот родител ќе го охрабри детето да стигне до успехот.

    rn

    Признание и пофалба – Добриот родител секогаш ќе го пофали детето кога ќе успее во нешто и ќе му оддаде признание за искрените напори тогаш кога нема да успее.

    rnДопири и прегратки – Еден од најбинтите фактори за постигнување на топла емоционална клима во која детето ќе ја развива својата личност, е во квалитетниот физички контакт. Редовните прегратки му ја покажуваат љубовта и поддршката која му се нуди.rnrn10 клучни особини на добрите родителиrnrnПочит – Детето ќе се однесува и ќе размислува детски, затоа што тоа е соодветно на неговата зрелост и познавање на светот. Родителот не смее неговите чувства и мисли да не ги сфаќа сериозно, да ги исмејува или омаловажува. Тоа ќе нанесе тешки ненадоместливи последици.rnrnНасочување – Има многу родители кои грешат кога се обидуваат целосно да ги контролираат децата, со цел да им овозможат добра иднина. Така нанесуваат само штета. Тие треба да го насочуваат детето и да му го пренесат своето искуство во врска со она што тоа самото сака да го постигне.rnrnСлобода – Добриот родител овозможува физичка, ментална и емоционална слобода за своето дете. Мајката и таткото му овозможуваат да има сопствен простор и приватност и му дозволуваат слободно да си ги искаже мислите и чувствата. Детето не смее да се плаши од скратување на овие слободи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете личноста која сите ја почитуваат?

    Како да бидете личноста која сите ја почитуваат?

    Не постои човек на планетава Земја кого буквално цел свет го сака. Дури и најкултурните, најталентираните и најубавите холивудски ѕвезди има некој што не ги сака. Зошто тогаш да си ја заморувате главата со луѓе кои некогаш биле, некој мал незначаен дел од вашиот живот? Не им се допаѓате? Во ред. И во вашиот живот сигурно имате некој кој не ви се допаѓа, но најбитно од сè е да ве сакаат оние луѓе, кои и вие ги сакате. А доколку ги сакате, треба и да им го давате тоа на знаење, и тоа не еднаш годишно, туку постојано. Применувајте што е можно повеќе од следниве совети и ќе бидете на вистинскиот пат да бидете личноста која сите ја сакаат и почитуваат.rnrnКако да бидете личноста која сите ја почитуваат?rn

      rn011

    • Бидете вистински заинтересирани за животот на другите луѓе.
    • rn011

    • Бидете насмеани што е можно почесто.
    • rn011

    • Имајте на ум дека името на секој човек, му претставува најмилозвучниот збор во македонскиот јазик. Па, обраќајте им се на луѓето лично, со нивното име. Ќе им се допадне тоа.
    • rn011

    • Бидете добар слушател. Охрабрете ги другите луѓе да зборуваат за себеси.
    • rn011

    • Направете луѓето да се чувствуваат дека вредат и правете го тоа искрено и од душа.
    • rn011

    • Зборувајте во границите на интересите на личноста со која разговарате.
    • rn011

    • Единствениот начин да го извлечете најдоброто од некоја кавга, е да ја избегнете.
    • rn011

    • Покажете почит спрема ставовите и размислувањата на личноста со која разговарате. Никогаш не велете „грешка си“.
    • rn011

    • Ако сметате дека вие сте погрешиле, признајте го тоа веднаш, пред личноста да има време да ви се налути.
    • rn011

    • Бидете пријателски настроени.
    • rn011

    • Презентирајте ги вашите идеи на подраматичен начин, за да ги испровоцирате луѓето со задоволство да ги прифатат.
    • rn011

    • Не нервирајте се ако некој ваш пријател смета дека одличната идеја била негова.
    • rn011

    • Дозволете им на другите луѓе да зборуваат колку што им душа сака.
    • rn011

    • Обидете се искрено да ги погледнете работите низ „туѓи“ очи.
    • rn011

    • Бидете сочувствени со идеите и желбите на другите луѓе.
    • rn011

    • Мотивите секогаш треба да ви бидат чесни. Никој не почитува нефер играч.
    • rn011

    • Кога сакате на некој да му посочите дека прави грешка, правете го тоа индиректно.
    • rn011

    • Зборувајте за вашите сопствени грешки, пред да почнете да ја критикувате личноста која е пред вас.
    • rn011

    • Пофалете ги луѓето и покажете им искрена почит за она што го прават во нивните животи.
    • rn011

    • Поставувајте прашања наместо да давате директни наредби. Секој си знае најдобро како му е.
    • rn011

    • Дозволете им на луѓето да ја зачуваат сопствената репутација.
    • rn011

    • Дадете му значење и на најмалиот успех кој го постигнала личноста која стои пред вас.
    • rn011

    • Охрабрувајте ги луѓето. Убедете ги дека лесно ќе можат да ја поправат грешката која ја направиле.
    • rn011

    • Усреќете ги луѓето, дозволувајќи им да го направат она кое вие сте им сугерирале да го сторат.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Изнудете насмевка на туѓите лица

    Изнудете насмевка на туѓите лица

    Не чекајте да ви се насмевнат луѓето. Покажете им вие како се прави тоа. Направете со некој што случајно ќе го запознаете искрен муабет од срце, дајте му комплимент, не очекувајте дека ќе биде незгодно. Бидете вие, на вашиот уникатен убав начин и дајте му шанса да се поврзе со вас и да изнудите насмевка на неговото лице. Сетете се, и вашиот најдобар пријател, некогаш ви бил непознат. Курт Вонегут рекол:rn
    rn

    „Сакајте ги сите кои се наоколу за да бидат сакани.“

    rnЕве неколку идеи:rnrnИзнудете насмевка на туѓите лицаrnrn1. Смејте се почесто.rnrn2. Задржете ја вратата отворена за да помине оној зад/пред вас.rnrn3. Пуштете го купувачот во брзање пред вас во редот на касата.rnrn4. Заблагодарете се, на писмено.rnrn5. Донирајте ги вашите алишта кои не ви требаат повеќе.rnrn6. Дајте му комплимент на келнерот/келнерката, продавачот во маркетот или бутикот.rnrn7. Оставете позитивни пораки на лепливи ливчиња во книгите позајмени од библиотека.rnrn8. Помогнете му на постар човек за нешто.rnrn9. Изненадете некого со цвеќе.rnrn10. Бидете љубезен возач. Дозволете некогаш да се „протнат“ пред вас.rnrn11. Давајте крв.rnrn12. Купете украси за домот на вашите блиски соседи.rnrn13. Пратете писмо со благодарност до колегата или пријателот што ви помогнал.rnrn14. Поделете ја вашата ужина со некој што не понел ништо.rnrn15. Исконтактирајте со некој што знаете дека се чувствува осамено во последно време.rnrn16. Донесете колачи за колегите на работа без причина.rnrn17. Оставете му бакшиш на келнерот.rnrn18. Бидете дел од нешто во што верувате. Раширете го вашиот ентузијазам околу вас.rnrn19. Ослободете столче за некој друг, во автобусот, на клупата, на домашната забава…rnrn20. Мафнете му на детето што се вози во автомобилот до вас.rnrn21. Раширете некоја добра вест.rnrn22. Кажете нешто убаво што сте чуле, на некој друг.rnrn23. Трудете се да ги запомните правилно имињата на луѓето што ги запознавате.rnrn24. Секогаш кога ќе воспоставите контакт со очи, пружете и насмевка.rnrn25. Наполнете го печатачот со хартија, откако ќе завршите работа.rnrn26. Кога врне, поканете некој незаштитен минувач под вашиот чадор.rnrn27. Слушајте внимателно кога другите ви ги раскажуваат своите приказни.rnrn28. Охрабрете некој што има некаков животен сон.rnrn29. Прашајте некого што ретко го среќавате да ви раскаже за неговите успеси во последно време.rnrnrn30. Направете нешто малку плус, за да му помогнете многу на некој друг.rnrn31. Давајте без да очекувате нешто за возврат.rnrn32. Кажувајте „те молам“ и „благодарам“.rnrn33. Опростувајте.rnrn34. Верувајте во себеси со цело срце. Луѓето ќе го забележат тоа.rnrn35. Немојте постојано да бидете сериозни. Насмевнувајте се.rnrn36. Користете го секој контакт со луѓето за да направите нешто добро и за вас и за нив.rnrn37. Кажувајте ја вистината.rnrn38. Помогнете му на некој да стане независен.rnrn39. Давајте им простор на луѓето околу вас.rnrn40. Охрабрете некого што неодамна доживеал неуспех.rnrn41. Кажете им на луѓето кога ќе завршат некоја добра работа.rnrn42. Кажете виц.rnrn43. Расчистувајте си зад себе, по јадење, по користење на тоалетот, откако ќе станете од спиење…rnrn44. Помогнете му на возачот на автомобилот со дупната гума на автопатот.rnrn45. Научете некого некоја вештина која вие ја поседувате.rnrn46. Помогнете му на некој да стане активен. На пример, вашиот пријател сака да ослабе, но му треба вашиот поттик (друштво) за одење во теретана.rnrn47. Појдете во домашна посета со топол чај кај некој за кој сте разбрале дека е болен.rnrn48. Одбранете гласно некој на кого му е потребна поддршка. Засегнете се за туѓите потреби.rnrnrn49. Направете фотографија од љубовниот пар кој сам се обидува да го стори тоа.rnrnrn50. Бидете достапни и пристапни за луѓето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    За да можат да функционираат љубовните врски, пред сè е потребна меѓусебна љубов помеѓу партнерите. Но, понекогаш љубовта не е доволна, за да ги победи сите недоразбирања, расправии, повредени чувства и нарушена самодоверба. За да не дозволите вашата врска неславно да заврши, имајте на ум дека сите односи помеѓу луѓето треба непрестајно да се негуваат за да можат добро да се развиваат.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите rnrnСледуваат 10 интересни нешта кои можете да му ги приредите на вашиот партнер за да се чувствува љубено.rn

    1. Пофалете го/ја пред вашите пријатели

    rnАко вашиот/та љубен/а неодамна постигнал/а некој успех на некое поле од животот, раскажете им на вашите пријатели за таа добра вест. Тоа ќе му/ѝ ја покрене самодовербата и ќе направи да ве сака уште повеќе.rn

    2. Оставете му/ѝ тајни пораки во знак на внимание

    rnСледниот пат кога вашата душичка ќе го напушти градот или ќе замине на работа/факултет, оставете ѝ љубовна порака во џебот од јакната или во книгата која што во моментот ја чита. Не заборавајте да оставите отпечатоци од вашите усни обоени со црвен кармин доколку сте женско или да прснете секси машки парфем ако сте машко.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    3. Заедно прославете ги неговите/нејзините успеси

    rnДоколку вашето злато конечно го добило покачувањето на платата кое го очекувало долго време или „фатило“ некоја „фриленс“ тезга или го положило најтешкиот испит во неговото студирање, приредете му некое пријатно специјално изненадување. Дури и ако сè што имате на ум е отворање шише шампањско по повод прославување на убавата вест, самиот чин дека го вреднувате успехот на вашиот партнер, нему ќе му причини огромно задоволство.rn

    4. Понудете му/ѝ ја вашата помош кога се чувствува под стрес

    rnСледниот пат кога вашиот партнер ќе се почувствува пренатрупан со многу обврски или со некакви лични грижи, понудете му масажа од половина час, перење на неговите алишта или вкусни јадења за цела недела кои ќе може да ги одржува во фрижидер. Ваквите едноставни постапки ќе му покажат на вашето најмило дека се грижите за него и истовремено ќе му помогне да ја тргне од мислите тежината која ја чувствува.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    5. Постојано полнете го неговото/нејзиното его

    rnДали вашиот партнер има некој посебен талент? Без разлика дали тој/таа има фантастична ориентација во простор, одличен вкус за облекување, убаво пее, одлично вози или секогаш победува во карти, секогаш дајте му/ѝ до знаење колку сметате дека е фантастичен/а. Без разлика дали тој негов/нејзин талент има или нема некое посуштинско значење во животот, секогаш кажувајте ги на глас тие работи кои ви се допаѓаат кај него/нејзе.rn

    6. Флертувај со него/нејзе на јавни места

    rnСе наоѓате на забава со вашиот/та партнер/ка? Обидете се да не го поминете целото време заедно еден до друг. Остварувајте контакт со очи од другиот крај на просторот и кога ќе се разминете, како да сте странци, тоа со сигурност ќе ги врати старите романтични чувства. Не заборавајте и да поднамигнувате, секако со стил и незабележително.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    7. Изненадете го/ја со специјално рандеву

    rnДали вашиот партнер спомнал дека многу сака да присуствува на некој концерт, настан или спортски натпревар? Запомнете го датумот и изненадете го со влезници. Планирање на нешто што е важно за другиот секогаш ја подобрува врската.rn

    8. Покажете интерес за неговото/нејзиното хоби

    rnДури и да не сте обожаватели на следење спорт или ТВ новели, обидете се да издржите и одвреме-навреме учествувајте во интересите на вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    9. Прашувајте за неговиот/нејзиниот тек на денот

    rnМожеби изгледа едноставно, но сепак ова може да биде многу важно. Доколку на партнерот не му оставите простор да каже за неговиот тек на денот, тој ќе се чувствува како да не ви е важно неговото време. Секогаш имајте на ум дека не треба да зборувате само за себе и вашите чувства.rn

    10. Прикачете ја вашата омилена музика на неговиот/нејзиниот плеер или изрежете цеде

    rnКога вашиот партнер треба да заминува на некое патување, изненадете го со плејлиста од вашите омилени песни. Секоја од нив ќе го потсетува на вас.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.